Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
РАЗДРУЖУВАЊЕТО ЗАПАОЧНА-ЛЕТАЊЕТО ОРЛИ НЕ Е ПРОБЛЕМ, ПРОБЛЕМ Е СТОИЛОВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,408
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:МТВ 2 го бојкотира Стоилов: За нив е само – „играчот со број 5“!


[Image: bojkotiran-stoilov.jpg]


12.01.2019 
Во моментите на голема радост поради одличниот старт на репрезентацијата на Македонија на Мундијалот во Германија и Данска, доаѓа информација која во нормални држави би се квалификувала за рубриката „верувале или не“ дека новинар од албанскиот сервис на Македонската радио и телевизија (МРТ) се дрзнал во преносот на МТВ 2 да го бојкотира нашиот најдобар играч во убедливиот триумф над Јапонија, пивотот Стојанче Стоилов.
Станува збор за уредникот на спортската редакција на албански јазик во МТВ, Мустафа Адеми, кој коментирајќи ги случувањата од Минхен во ниту еден момент не го изговорил името на капитенот на Вардар туку кога тој бил во центарот на вниманието за него го користел терминот „играчот со број пет“. Според медиумите кои излегуваат на албански јазик, причина за ваквиот скандалозен однос на човек кој е платен од државни пари е реакцијата на Стоилов на неодамнешниот избор на „Спортист на годината“ од страна на Агенцијата за млади и спорт, кога реши предвреме да си замине поради нејзиниот двојазичен каркатер.
Ова е е првпат во историјата на македонското новинарство, а најверојатно и во светски ракми, некој коментатор да го игнорира односно бојкотира играчот на репрезентацијата од државата во која живее. Без разлика на неговото лично мислење односно неговиот став поврзан со Стоилов, користењето на работното место во телевизија со предзнак национална, е повеќе од катастрофално и скандалозно.
Сега останува да се види дали ќе има реакција од челниците на МРТ, односно дали тие ќе го санкционираат ваквото политиканство и изразување на лични ставови директно во етер на фрекфенцијата на телевизијата на која најмалку би требало да се дозволени вакви авантуристички потфати кои му штетат на реномето на сите вработени во неа.



Quote:„Зарем мислевте дека нема да одговориме на провокацијата на Стоилов?!“

[Image: 70634-zarem-mislevte-deka-nema-da-odgovo...k=kF3LjbDt]


13 јануари 2019
Уредникот на спортската редакција на албански јазик во Македонската телевизија (МТВ), Мустафа Адеми, кој преку ноќ стана „ѕвезда“ со бојкотот кон Стојанче Стоилов кого во преносот од мечот Македонија-Јапонија го нарекуваше како „играч со бројот пет“, засега нема да се соочи со казна, а во меѓувреме добива поддршка и од главниот и одговорен уредник на МТВ2, Мигена Горенца.
Во денешниот разговор, лидерката на албанската редакција во националниот сервис прво не сакаше да го коментира завчерашниот скандал поврзан со новинар на кого хиеархиски му е претпоставена, но потоа децидно потенцира дека Адеми ја има нејзината поддршка.

Quote:„Ако мислевте дека нема да има реакција од албанските спортски новинари на потегот на Стоилов, кој реши да напушти официјална манифестација зашто не му се допаѓало да го слуша албанскиот јазик од бината, тогаш многу грешите. Лично мислам дека не треба да има поделби на наши и ваши, но како главен и одговорен уредник на МТВ2 стојам позади мојот новинар. Акцијата носи реакција, кратко и јасно кажано“, ни изјави меѓу другото Горенца.

Фактот што денеска е недела е причината поради која челниците на албанската редакција на МТВ решиле со овој проблем да се справат дури утре, за кога рано наутро е закажан редакциски колегиум. Тоа значи дека новинар кој се дрзна да искажува лични ставови директно во етер на телевизија која го носи префиксот национална и која се финансира од државниот буџет, би можел и денеска да биде во улога на коментатор на мечот против Бахреин (14 часот).
А, тоа воедно е и уште една шанса да го бојкотира ракометарот на државата во која живее, нешто на што веќе ни се смее цел Балкан.
13-01-2019, 03:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,408
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

[Image: image.png]






[Image: image.png]
(This post was last modified: 13-01-2019, 03:16 PM by ЈорданПетровски.)
13-01-2019, 03:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,408
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Борко со знакот за “Обединета Македонија” на македонската химна




[Image: Screenshot_20190113-143245_Samsung-Inter...C405&ssl=1]

January 13, 2019
Популарниот “Министер за одбрана”, голманот на ракометната репрезентација Борко Ристовски за време на исполнувањето на националната химна пред денешниот меч со Бахреин кажа што мисли за промената на името во Северна Македонија.
Додека ракометарите во досега ретко емотивна состојба ги пееја стиховите од “Денес над Македонија се раѓа” Борко на своето срце со рацето го направи симболот на “Обединета Македонија”.



Bravo Bravo Bravo
13-01-2019, 04:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,408
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Министерот Манчевски ги нападна ракометарите, молчи за МТВ2


January 13, 2019
[Image: -Манчевски.jpg?resize=696%2C487&ssl=1]

Министерот за јавна администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски денеска ги нападна Стојанче Стоилов и Борко Ристовски за нивните изјави и гестови со кои јасно кажаа дека се противат на менувањето на името на државата во Северна Македонија.
Иако Манчевски преку пораката сака да прикаже дека се противи на делби тој самиот прави поделби меѓу ракометарите и меѓу граѓаните што ги поддржуваат или напаѓаат.
“Политиката надвор од спортот. Поздрав до репрезентативците – политичари. Доста делби”, напиша Манчевски на Твитер.
Министерот во чија надлежност е и МТВ2 која емитува на албански јазик и која го нападна Столе Стоилов во директен пренос, не кажува ништо за навредите и бојкотот на спортската редакција на МТВ2 кон Стоилов.
На неговата порака Манчевски доби низа одговори.

“Ве боли секој гол на Столе и Кире, и секоја одбрана на Борко. Алергични сте на сакање на својата репрезентација. Нејзините победи се ваши порази. Убаво си кажавте – не ви лежи да сте патриотска партија. Предавничка сте”, се вели во една од пораките.
Останатите пораки кои што не се соодветни за објавување прочитајте ги во твитот:
13-01-2019, 09:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,408
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Ова е коментаторот кој употребуваше термин играчот број 5




[Image: 1.jpg]
13-01-2019, 10:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,408
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Ракометарите од соблекувална упатија порака до оние што плукаат по Стојанче и Борко  преку песна!!






Ракометарите од соблекувална: Има само една вистина има една МАКЕДОНИЈА!

После рутинската победа на Македонија над Бахреин, втор меч од Светското Првенство во Ракомет, со одличен резултат од 28 наспроти 23, Македонија се искачи на првото место на табелата во групата Б. Нашите ракометари славеа убадлива победа, па Борко Ристовски сними одлично видео од соблекувалната со кое ги поздрави Македонските граѓани. Одлична атмосвера и време за малку радост.
13-01-2019, 10:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,408
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:ГРУБИ СО НОВА ПРОВОКАЦИЈА: Во живо го леташе орелот, Столе го нарече играчот со бро 5!

[Image: Screenshot_79-696x403.png]

16.01.2019
Пратеникот од редовите на ДУИ со нова провокација овој пат во живо од студиото на Телевизија 24. Епилогот од жестоката дебата која тој ја имаше со водителот, беше летањето на албанскиот орел и навредата кон македонскит ракометар Стојанче Стоилов  кого го нарече играчот со број 5!


Претходно кога се објави Законот за двојазичност во службен весник тој и порача на опозицијата која  целиот период се противи на истиот, ВМРО-ДПМНЕ да го преведе на албански и таква табла да постави пред своето седиште. За својот лидер Груби имаше само пофалби, а на прашањето колку струи има во ДУИ одговори дека имало трофазна струја олицетворена во Али Ахмети.
17-01-2019, 12:02 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,408
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Касами: Албанското прашање во Македонија сè уште не е затворено


27.01.2019
Претседателот на Движењето Беса во Македонија, Билал Касами, зборуваше во „Ора Њус“ за преговорите со премиерот Зоран Заев, за гласање на уставните измени.
Албанскиот политичар од Македонија рече дека албанското прашање во Македонија сè уште не е затворено, и нема да се затвори сѐ додека Албанците не рамноправни со Македонците. Касами вели дека ова е прифатено и од самиот премиер Заев.
Прашање: Ги преплавивте порталите поради преговорите со премиерот Зоран Заев. Што се обидовте да преговарате во овој договор за да гласате за уставните измени и дали вашата стратегија беше успешна?


Quote:Билал Касами: Тоа не беше битка на Движењето Беса, тоа беше битка за албанското прашање во Македонија. Албанското прашање во Македонија и понатаму останува отворено и покрај фактот што некои албански партии во владата за да ги бранат своите позиции го прогласија албанското прашање за затворено. Ова се обидоа да го кажат и од Вашингтон, но ние успеавме да постигнеме договор со владата за ова прашање да остане отворено и понатаму се решава. Високи претставници на Демократската унија за интеграција во Владата на Зоран Заев веднаш по нашата посета на Стејт департментот, каде што ја изразивме нашата загриженост дека албанското прашање во Македонија не треба да се затвори бидејќи Албанците не се рамноправни со Македонците. Албанците овде се третираат како малцинство, иако се најважниот дел македонската држава, после Македонците ние сме мнозинство во Македонија и како такви ги бараме нашите права да бидеме третирани како уставотворен народ и народ кој е основач на оваа држава. Значи, изјавија дека со половичното решение на прашањето за албанскиот јазик албанското прашање повеќе не постои. Се додека албанскиот јазик не влезе во Уставот, како еднаков на македонскиот јазик, се додека Албанците не се споменуваат во Уставот на Македонија како рамноправни граѓани и како државотворен народ на Македонија, албанското прашање ќе продолжи да биде отворено. Ова го прифати и премиерот Зоран Заев во документот потпишан со Движењето Беса.
27-01-2019, 02:21 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,435
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#9

Шкипетарите не се проблем, го нема Шумарот во ова шумиче да заведе ред.
Глувците оро водат, а северџаните не самоукинаа, се декларираа кои се и што се и застанаа на погрешната страна на историјата. СДССМ од Комуњарска интересна група се престорија во Нато-Фашистичка Интересна Група.
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
14-02-2019, 08:25 AM
Reply