Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
БОРБА ПРОТИВ ОКУПАТОРОТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,408
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Оваа држава во која 1/3 од граѓаните наметнува окупација врз останатите 2/3 е неодржлива. Тоа му е јасно на секој вмешан во оркестрацијата на оваа специјална војна. Она на што се надеваат е дека ќе можат после превратот да се жалат на „укинување веќе стекнати права“, кои сосила и нелегално ги вградиле во сегашнава, франкенштајн држава.
Вистинските патриоти денес во Македонија треба да престанат да кукаат и колнат, и да помогнат државава да пропадне што побрзо.
Еве неколку практични совети за борба против оваа окупаторска држава, без да ве доведуваат во опасност од судир со нејзиниот репресивен апарат:

1. ГЛАСАЈТЕ СО НОВЧАНИКОТ СЕКОЈ ДЕН

Нека не ве лажат дека купување во странски маркети како Веро е некако одлевање на пари од Македонија и треба да се бојкотира. За секој производ што ќе го купите во Веро, Веро зема најмал процент од парите платени за него - поголем дел одат кај производителот и кај државата. Ако за шампон платите 100 денари, 18 денари автоматски одат во државата, 20-тина денари во Веро (од кои профит за Веро се најверојатно 15 денари, останатите се трошок за маркетите и вработените), а околу 60 денари одат кај производителот на шампонот. А 70% од производите во Веро се од домашно потекло.
Затоа избегнувајте специфични производи произведени од фирми блиски или барем тангенцијално поврзани со Северџаните. Купувате Вива сокови (кои се комплетно ѓубре, но евтино)? Им давате директно пари на Северџаните. Налевате бензин на бензиските пумпи на Макпетрол? Им давате директно пари на Северџаните.

2. НЕ ТРОШЕТЕ ВРЕМЕ НА РАСПРАВИЈА СО СЕВЕРЏАНИ

Шансите се големи дека во кругот во кој се движите има доста луѓе кои отворено се пењават за Северџанистан, и луѓе кои или молчешкум тоа го одобруваат, или ставаат лајкови и поддршка на Северџанските просеравања.
Не им се лутете. Не се тие криви што немаат храброст и кичма, така се родени. Избегнувајте ги нивните приватни бизниси, и избегнувајте го нивното друштво. Тие им ги трилкаат мадињата на Северџаните затоа што чувстуваат дека во Северџаните е моментално „силата“ во државата. Моментот кога општественото расположение ќе се сврти против Северџаните, сите тие ќе се прават како отсекогаш да биле од ваша страна.
Оставете ги. Не мораат воловите да се способни за дебатирање политика за да бидат корисни за орање. Ќе се погрижиме никој од нив да не се добери до општествена функција откако ќе си ја вратиме државата, но слободно можат да влечкаат рала наоколу.
Ова е посебно проблем ако работите во администрација, образование или медицина (државно).

3. ИЗБЕГНУВАЈТЕ ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОК ВО СЕКОЈА ПРИЛИКА

Никој нормален бизнисмен во Македонија нема да плаќа прогресивен данок. Има милион начини тоа да се избегне (некои и комплетно легални) и тоа ќе се случи. Буџетските приходи оваа година ќе се намалат, можеби и драстично.
Има даноци што можете и даноци што не можете да ги избегнете. Вратете се на кеш економија наместо со картичка и пазарете колку што можете повеќе на места каде може да поминете без фискална. И ова доаѓа од голем поборник на плаќање со платежни картички заради лагодноста на трансакцијата. Локалните пиљари и маркетчиња ви се добро место за тоа.
Разговарајте со вашиот работодавец (ако е приватник) за креативни начини на кој може да ви исплати плата. Постојат многу легални начини да се заобиколат огромните придонеси - ако земате 20 илјади плата, плаќате околу 10 илјади во придонеси. Има начини тие пари да завршат во вашиот џеб наместо во државата.
Комуњарите кои ми го манијачат профилов ќе ги исмејуваат ваквите начини на борба, но верувајте дека нивата „сила“ и „самоувереност“ доаѓа од фактот што државата има вишок пари (што го генерираа одличните политики на Грујо и „режимот“ на ВМРОбовите) да им потфрла и да ги уценува со нив. Моментот кога приходите ќе паднат на пред-ВМРО нивоа, ќе нема доволно да се платат плати на административците.
И ќе видите тогаш колку брзо ќе ја променат песната комуњарчињата.

(прв дел)



Фб статус на Petar Kotevski
13-01-2019, 12:43 PM
Reply