Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИНИЦИЈАТИВА ЗА НОВ РЕФЕРЕНДУМ-„ДАЛИ СТЕ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,990
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Тодор Петров со иницијатива за референдум – „Дали сте за Северна Македонија“


28.12.2018
Претседателот на Светскиот македонски конгрес (СМК), Тодор Петров на денешната прес-конференција најави дека е поднесена иницијатива да се распише референдум со прашање ,,Дали сте за Северна Република Македонија”.


„Владата не ја почитува одлуката на референдумот од 30 септември. Поднесовме иницијатива за собирање потписи за распишување реерендум, дали сте за промена на името во Северна?Одлуката би била задолжителна, очекуваме Собранието да ја прифати иницијативата”, рече Петров.
„Одржан беше референдум во 91 година и не го почитуваа.Во 2018 година беше одржан консултативен референдум,2/3 не гласаа граѓаните, го бојкотираа. И оваа одлука Владата не ја почитуваше. Затоа ние на 20 декември со потпис на 130 граѓани и јас како овластен предлагач, поднесов иницијатива за собирање 150.000 потписи за распишување задолжителен референдум со единствено прашање – Дали сте за промена на името во Северна Република Македонија”, рече тој.
28-12-2018, 03:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,990
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Иницијативата за нов референдум за името оценета за уредна и од Законодавно-правна комисија


[Image: dzaferi_cvetanka_01-678x381.jpg]

14.01.2019
Иницијативата за собирање потписи за дополнителен референдум во врска со името чиј овластен поднесувач е лидерот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров денеска помина и во собраниската Законодавно-правна комисија.
Како уредна иницијативата ја оценија седум пратеници, ниту еден не беше „против“, а еден не гласаше.
Претходно, иницијативата како уредна ја оцени и матичната Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.
-Граѓанската иницијатива за собирање на потписи од најмалку 150 илјади избирачи за распишување дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Република Македонија, на 179 граѓани, доставена преку овластениот предлагач Тодор Петров е уредна, бидејќи е во согласност со членовите 66 и 70 од Законот за референдум, гласаше одлуката на Законодавно-правната комисија која ја прочита пратеничката Соња Мираковска од НСДП.
Таа претходно изнесе неколку забелешки во однос на начинот на кој е доставено барањето, меѓу кои и напомената дека со ова барање се прејудицира настан. Таа појасни дека на 9 јануари се поднесува барањето за дополнителен референдум за одлука која во Собранието е донесена на 11 јануари. Сепак, напомена дека барањето формално ги исполнува условите, односно најмалку 100 граѓани поднесуваат барање за собирање потписи за распишување референдум на ниво на целата територија на државата.
„Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија?“ е прашањето кое, како што појасни Петров на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, би било поставено на референдумот што би се одржал доколку се соберат потребните 150 илјади потписи.
Откако граѓанската иницијатива доби мислење за уредност од двете комисии, тие треба да поднесат извештај до претседателот на Собранието Талат Џафери, а тој потоа би требало преку премиерот да ја достави до ДИК.
Петров, како што претходно посочи, доколку се тече според процедурите, потписите би требало да се собираат од 15 февруари до 15 мај.
(This post was last modified: 14-01-2019, 10:25 PM by ЈорданПетровски.)
14-01-2019, 03:49 PM
Reply