Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Столе Стоилов: Се чувствувам засрамено и понижено
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,206
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Столе Стоилов напушти церемонија на АМС поради двојазичност



December 26, 2018
[Image: -Стоилов.jpg?resize=683%2C455&ssl=1]


Ракометниот репрезентативец и минатогодишен добитник на наградата за „Најдобар спортист на Македонија“, Стојанче Стоилов, вечерва во знак на револт демонстративно го напуштил изборот организиран од Агенцијата за млади и спорт, реагирајќи на „двојазичноста“ за време на настанот.
Наградите на АМС ги добија спортистите Емил Павлов и Сара Ристовска, Кире Лазаров и ракометните селекции на Македонија, но настанот ќе биде запаметен по реакцијата на Стоилов, кој си заминал откако за прв пат во историјата на манифестацијата дел од добитниците говореле на албански јазик.
Годинава добитниците за училишен и за средношколски спорт се училишта од Чаир и од Тетово, при што тетовскиот добитник на признанието на присутните им се обратил на албански.
Реагирајќи дека во Македонија службен јазик е македонскиот Стоилов демонстративно го напуштил настанот.
„Се чувствувам засрамено и понижено“ – се пожалил искусниот ракометар во вибер-групата на репрезентативците, кои се сместени во хотелот во кој се одржуваше манифестацијата”, пренесува порталот Екипа во својот извештај од инцидентот.
27-12-2018, 12:55 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,206
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:СПОРТСКИ СКАНДАЛ: Столе Стоилов се одзва по скандалот – Се чувствувам засрамено и понижено!



26/12/2018

[Image: stole-stoilov-2.jpg]

Капитенот на РК Вардар, пикерот Стојанче Стоилов станал и си заминал кога слушнал дека добитниците на наградите од училишта од Тетово и Чаир ѝ се обраќаат на публиката на албански јазик.
Првите две награди за училишен и за средношколски спорт заминале кај училишта од Чаир и од Тетово, при што тетовскиот добитник на признанието на присутните им се обратил на албански.
Стоилов станал и си заминал- демонстративно ја напуштил манифестација која за првпат е двојазична.
-Се чувствувам засрамено и понижено, се пожалил искусниот ракометар во вибер-групата на репрезентативците кои се сместени во хотелот во кој се одржа манифестацијата.
Стоилов беше избран за „Најдобар спортист на Македонија за 2017 година“ на истава манифестација, што ја организира Агенцијата за млади и спорт.
Годинава признанието им припадна на Емил Павлов и Сара Ристовска



Секоја чест за Стоилов!
27-12-2018, 12:57 AM
Reply