Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВМРО ДПМНЕ ГО НАПУШТИ СОБРАНИЕТО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,408
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти уставната комисија


[Image: Ustavna-komisija-vo-Sobranie-na-RM-960x540.jpg]
18.12.2018
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија Kомисијата за уставно правни прашања на чиј дневен ред се амандманите кои ги поднесе Владата.

Пратеникот Антонио Милошоски изјави дека нивната пратеничка група нема намера да даде легитимитет на измените на уставот: „Ова е фарса, досега се обидувавме да ја разобличиме, но овој процес не заслужува легитимитет, изјави Милошоски по што пратениците ја напуштија комисијата.
(This post was last modified: 18-12-2018, 07:27 PM by ЈорданПетровски.)
18-12-2018, 06:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,408
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ВМРО-ДПМНЕ го напушти Собранието, уставните измени нелегитимни



December 18, 2018
[Image: -без-ВМРО.jpg?resize=696%2C442]


Пратениците на опозицијата пред малку ја напуштија седницата на Собранието.
Според ВМРО-ДПМНЕ тие веќе нема да учествуваат во процесот на носење на уставните измени.
Во процесот не се водело сметка за интересите на граѓаните искажани на референдумот.
За опозицијата целиот процес е нелегитимен затоа што се водел зад затворени врати и тој е против интересите на Македонија.
“Врз основа на одлука на Извршиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и на заеднички заклучок на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ одлучивме да не учествуваме во понатамошните фази на процесот кој што е повеќе фарса, отколку право, а тоа е процесот за измени на Уставот”, изјави Антонио Милошоски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Собранието на Република Македонија.
“Бидејќи видовме дека власта и самиот референдум го направи фарса и не ја почитува волјата на мнозинството граѓани кои што направија референдумот да биде неуспешен и да нема одлука. Сами видовте дека дебатата за таканарачените амандмани се сведува на потпишување на амандманите кои што веќе однапред биле договорени од страна на министерот Никола Димитров и неговиот колега во Атина, а исто така уште поголема беше фарсата наречена јавна дебата во која што владините министри дебатираат со провладините експерти за тоа колку се во право за се”, изјави Милошоски кој додава
„Сметавме за едно вакво сензитивно решение како што е Уставот на Република Македонија, посебно кога истиот ваков како што е во согласност со волјата на народото изразена на Референдум ние како пратеници избрани од народот не чуствуваме потреба да даваме легитимитет на оваа фараса наречена измени на Уставот на Република Македонија. Оние како тесниот владин круг кои што превземале пред некого обврска без разлика на народната волја да го сменат Уставот нека продолжат тоа да го прават, но треба да бидат свесни дека ваквите постапки се незаконити, дека се спротивни на Уставот и дека немаат легитимитет од опозицијата во Република Македонија“.
18-12-2018, 06:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,408
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ВМРО-ДПМНЕ ГО НАПУШТИ СОБРАНИЕТО: Нема да учествуваме во фарсата наречена измени на Уставот

[Image: Milososki-pres-Sobranie-696x371.jpg]


18.12.2018
Врз основа на одлука на Извршиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и на заеднички заклучок на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ одлучивме да не учествуваме во понатамошните фази на процесот кој што е повеќе фарса, отколку право, а тоа е процесот за измени на Уставот, истакна Антонијо Милошоски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Собранието на Република Македонија.
-Бидејќи видовме дека власта и самиот референдум го направи фарса и не ја почитува волјата на мнозинството граѓани кои што направија референдумот да биде неуспешен и да нема одлука. Сами видовте дека дебатата за таканарачените амандмани се сведува на потпишување на амандманите кои што веќе однапред биле договорени од страна на министерот Никола Димитров и неговиот колега во Атина, а исто така уште поголема беше фарсата наречена јавна дебата во која што владините министри дебатираат со провладините експерти за тоа колку се во право за се, изјави Милошоски и додаде:
„Сметавме за едно вакво сензитивно решение како што е Уставот на Република Македонија, посебно кога истиот ваков како што е во согласност со волјата на народото изразена на Референдум ние како пратеници избрани од народот не чуствуваме потреба да даваме легитимитет на оваа фараса наречена измени на Уставот на Република Македонија. Оние како тесниот владин круг кои што превземале пред некого обврска без разлика на народната волја да го сменат Уставот нека продолжат тоа да го прават, но треба да бидат свесни дека ваквите постапки се незаконити, дека се спротивни на Уставот и дека немаат легитимитет од опозицијата во Република Македонија“.
Претходно, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти уставната комисија: „Ова е фарса, досега се обидувавме да ја разобличиме, но овој процес не заслужува легитимитет“, изјави Милошоски по што пратениците ја напуштија комисијата. (Прочитајте ТУКА)
18-12-2018, 07:26 PM
Reply