Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПОЛЕМИКА ДАЛИ ЧАДИКОВСКИ Е ЛЕГИТМНО ИЗБРАН ЗА ПРЕДСЕДАТЕЛ НА ЗНМ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,990
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:СКАНДАЛ: Според Статутот на ЗНМ Младен Чадиковски не е избран за претседател!


[Image: cadikovski-znm-izbor-37kk4uqmbwt6pjju6iocn4.jpg]

15.12.2018
Невиден скандал се случи денеска на собранието за избор на претседател на Здружението на новинари на Македонија.
Главниот и одговорен уредник на телевизија 24 Младен Чадиковски е избран за претседател на ЗНМ спротивно на Статутот на ова здружение.
Според анализата на Економски Лидер, бројот на гласови за избор на Чадиковски не е доволен за тој да стане претседател.
Од вкупно 555 членови на Здружението денеска на собранието биле присутни само 175.
За Чадиковски гласале 86 новинари и медиумски работници, што е за девет повеќе од вториот кандидат новинарот Столе Наумов, кој добил 77 гласа.
Според член 34 од Статутот на ЗНМ, претседател се избира со мнозинство гласови од присутните на изборното собрание. Тоа значи дека за Чадиковски да биде избран, тебало да добие 87 гласови, односно тој за само еден глас не е избран за претседател.
[Image: analiza-glasanje.jpg]Член 34 од Статутот на ЗНМ
Ова значи дека Чадиковски не е легитимно избран за претседател на ЗНМ.
Во ситуации како денешната во која практично не е избран претседател, бидеjќи никој од кандидатите не успеа да освои мнозинство гласови од присутните на изборното собрание, Статутот предвидува организирање на втор круг на гласање, во кој се гласа за двајцата кандидати со најголем број гласови од првиот круг, а за избран се смета оној што ќе освои најголем број гласови во вторниот круг.
Според овој член од Статутот, ЗНМ треба да организира втор круг на гласање.
[Image: analizaaa.jpg]
 
Инаку Лидер прв објави дека власта планира да го стави Чадиковски за претседател на ЗНМ.
Уште на почетокот на овој месец објавивме дека, Чадиковски, кој беше дел од медиумската империја на Велија Рамковски, има поддршка од власта за да застане на чело на ЗНМ, со цел да ги протне политиките на премиерот Зоран Заев и на СДСМ, за да може да се воспостави контрола врз целиот медиумски сектор.
За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНМ постојано, жестоко реагираше на притисокот на власта врз медиумите. Во изминатите година и пол, додека СДСМ е на власт, ЗНМ како да е во коалиција со нив и воопшто не реагира ниту на притисоците, ниту на пресметката на власта со критички настроените новинари и медиуми.
Власта, досега, нема воспоставено контрола само врз телевизија Алфа, додека сите весници, и денвни и неделни, се провладини, па главната критика против владеењето на СДСМ доаѓа само од неколку интернет портали.
Статутот на ЗНМ може да го прочитате ТУКА.

ЛИДЕР


Quote:Чадиковски под сомнителни услови избран за нов претседател на ЗНМ

15.12.2018
Со девет гласови повеќе од новинарот Столе Наумов, за нов преседател на Здружението на новинари на Македонија е избран Младен Чадиковски. За него гласале 86 а за Наумов 77 новинари и медиумски работници.
Симтоматично е што од вкупно 555 членови на Здружението присуствуваа само 175 а на пет дена пред изборот, беше забрането обновувањето на членството за новинарите иако такво нешто не е предвидено во Статутот. Управниот Одбор гласал по телефон за ваквата одлука на што имаше реакции дека одлуката е нелегитимна.
Иако се бараше одоложување на изборното собрание, досегашниот преседател Насер Селмани тоа не го дозволи. Не можеа да гласаат ниту  членовите кои имаа платено членство за наредните две години ама не се регистриртале до 13 часот како што бараше Селмани.
За разлика од изборот на Чадиковски, Селмани во првиот мандат беше избран во демократска атмосфера со право на глас за сите кои ќе се пријават, и на денот на гласање добиваа и членски книшки за да можат да го заокружат кандидатот.

ТЕЛМА
(This post was last modified: 17-12-2018, 01:57 AM by ЈорданПетровски.)
17-12-2018, 01:25 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,990
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Naser Selmani
10 hrs ·

ЗНМ вчера оддржа годишно изборно собрание, каде беше избрано новото раководство на чело со колегата Младен Чадиковски.
Им честирам на сите моите колеги за изборот и им посакувам успех во работата. Собрание без ниту еден инцидент, каде колегите можеа слободно, демократски и достоинствено да ги изберат нивните претставници во Здружението, беше најдобар начин да ми се заблагодарат за моето раководење во изминатите осум годинни.
Сега гледам дела губитниците го спорат процесот.
Еве да објаснам од прилика како се однесуваше ова губитничка група на Собранието, блиска до владеачката партија СДСМ, потпомогната од директорите на некои национални приватни телевизии. Подолу ќе објаснам зошто велам така.
Знајејќи дека ја немаат поддршката од колегите поради нивната јасна намера да ја инструментализираат ЗНМ за политички и лични интереси, побараа одлагање на Собранието.
Нивниот предлог беше поддржан само од шест делегати од вкупно 175, колку што имаше на почеток на Собранието, кога се утврдуваше кворумот.
Вториот обид на оваа групација меѓу новинарите да се опструира Собранието беше во расправата за извештајот за работата на ЗНМ. Се обидоа да фрлат дамка врз мојата работа во изминатите осум години, но добија силен удар од колегите. За усвојување на извештајот гласаа над 120 делегати, ниеден против и петмина воздржано.
Гласањето течеше без ниту еден најмал инцидент. Комисијата ги објави резултатите, никој не приговараше, кандидатот што ги изгуби изборите му честиташе на победникот.
Дадовме пет минути можност на Младен Чадиковски да се обрати на колегите и пошто беше исцрпен дневниот ред и немаше ниту еден приговор од присутните делегати, го затворив Собранието.
Јас мислам дека победата на Младен и на остантите колеги од другите органи е чиста како солза, но ако има било каква дилема, Статутот предвидува решение.
Во член 58 стои дека толкувањето на статутот во текот на работата на Собранието се одговорни делегатите, а меѓу две Собранија толкувањето го врши Управниот одбор, чиј легитимитет никој не може да го спори.
На Собрание имаше присутни претставници на Европската делегација во Скопје, ОБСЕ, и разни амбасади затоа што знаевме дека одредени луѓе се заинтересирани да го опструираат Собранието. Дел од луѓето беа внатре до затварање на Собранието и ниедна жалопојка за наводно нелегитимен избор не може да помине.
И сега на некого му текнало, да реагира дека Собранието било нелегитимно. Тврдат дека кворумот бил 175 делегати, а гласале 169. Што има тука нејасно, од моментот кога се утврди кворумот до гласањето поминаа повеќе од два саати. Значи, во меѓувреме шест делегати од различни причини си заминале. Инаку нема логика некој да дојде во Сорбрание, а да не го користи правото на глас. Значи на Собрание за време на гласањето присутни биле 169 делегати. Младен доби 86, Столе 77, шест беа неважечки. Кој малку знае математика разбира дека Младен доби 50+1 глас од гласовите.
Е сега малку за бекграундот на целата приказна. Целата операција е водена од некои директори на националните телевизии, а новинарите што се вклучени во оваа валкана игра против ЗНМ и новинарството се само извршители.
Интересот на директорите на приватните национални телевизии е да ги оневозможат новинарите да имаат свој глас во јавноста. Овие неспособни луѓе, кои единаест години беа најсилните сојузници на режимот на Груевски, сега се обидуваат да се врзуват со новиот режи за да цицат уште пари од буџетот на државата. За да ги одржат овие коруптивни врски со новата власт ќе треба претходно да ја парализираат ЗНМ, во што не успеа.
Клучното, кој е интересот на оваа група времено ангижани во новинарството?! Да служат на газдите и на власта и да профитират лично. Ништо повеќе!
Овој пат нема да спомнам имиња. Еден бараше поддршка од СДСМ да стане претседател на ЗНМ, по смената на власта ја вработи жената во МЕПСО, а додека беше член на Управен одбор, по смената на власта на седниците на Управен ги застапуваше ставовите на оваа партија за различни прашања од медиумската сфера.
Овој кандидат за претседател на ЗНМ, кој ме критикуваше дека сум го поддржувал Младен, прв ми пристапи, да ме замиоли и да се спогодувал со мене за неговиот избор. Откако го одбив, почна да зборува дека не било добро јас да сум се машал во изборот на мојот наследник. Многу ми е драго што овој муабет човекот го правеше во присиство на уште двајца сведоци.
Не го одбив затоа што го мразам човекот, ниту дека имам нешто лично против него, го одбив затоа што сметав дека не е добро решение. На ЗНМ му треба претседател со став, а не претседател кој дневно ги менува ставовите.
Друг член на оваа групација стана член на ад хок телото за оценување на известувањето на медиумите за време на изборна кампања предложен од СДСМ.
Трет стана уредник во државна новинаска агенција по смената на власта, четврт е познат по скандалот Фабрика од времето на Бучковски, петти беше претседател на медиумскиот регулатор избран во време на владеење на СДСМ, шестии уредник во МРТ за време на СДСМ. Листата нема крај, ретко кој од таа група не е врзан директно или индиректно со партијата на власт.
На овие луѓе не им стало до новинарството и ЗНМ, туку слугувањето на интересите на моѓниците од политиката и бизнисот, од кои профитираат цел живот.
Не заборавјте дека новинари од оваа група во првите шест месеци од мојот мандат координирано и колективно дадоа оставка од Советот на честа. Првата година инструираа луѓе во Надзорен да шират приказна дека имало злоупотреба на средства во ЗНМ.
Осум години додека бев претседател на ЗНМ пропагандистите на Груевски ме обвинуваа за истите работи што сега ме обвинуваат пропагдандистите на СДСМ. Тие се како сиамски браќа.
На крај сакам да го кажам тоа што му го кажав на еден директор на национална телевизија, НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НАЧАЛНИЦИ ВО ЗНМ
17-12-2018, 01:26 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,990
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Зошто Младен Чадиковски е нелегитимен престедател на ЗНМ!

 Анализа на скандалозното Изборно Собрание


[Image: 359398.jpg]

16 декември 2018, 19:12
1. ЗНМ, на 13ти ноември, во 17.30 час., на седница на управен одбор, носи одлука дека 5ти декември е последен ден за зачленување на нови членови, што е спротивно на одредбите од статутот.
Седницата нема кворум, па дополнително телефонски е повикана членка на у.о., која нормално гласала „за“.
Спорно 1: зошто е направен исклучок за т.н. Електронско гласање, иако овде станува збор за аудио конференција? Лицето кое е повикано да гласа телефонски е новинарката Фиљана Кока од МТВ.
Спорно 2: зошто само еден член од у.о. На ЗНМ кој не бил присутен на седницата е повикан да гласа преку телефон, а не и останатите кои не биле присутни?
Заклучок 1: овие два спорни моменти се директно спротивни на статуто на ЗНМ, со што и одлуката донесена на оваа седница а се однесува на последниот ден/рок за зачленување е нелегитимна
2. 12ти декември беше последниот рок за пријавување на кандидати за претседател и останатите одбори. И Младен Чадиковски и Столе Наумов, формално правно тој ден ги поднесоа своите кандидатури. Чадиковски, покрај кандидатурата поднесе и програма, а Наумов најави дека програмата ќе ја претстави на самото изборно собрание, во сабота на 15ти декември
Спорно 3: кој го овластил Насер Селмани 10на дена претходно, да го претставува пред своите членови како негов личен и кандидат на ЗНМ за следен претседател? Истовремено убедувајќи ги тека тој е човекот кој „обединува“?
Спорно 4: кој му дал право на Насер Селмани и директорот на ЗНМ Драган Секуловски, со службено возило, да го промовираат Младен Чадиковски како кандидат за претседател на ЗНМ, иако, тој истиот Младен Чадиковски во тие моменти не поднел кандидатура?
Спорно 5: дали управниот одбор на ЗНМ и сите членови се прашани и дали сите дале дозвола да се користат ресурси на ЗНМ, за претставување на кандидат кој самиот управен одбор не го одобрил?
Заклучок 2: овие 3 спорни моменти со фаворизирањето на Младен Чадиковски,директно и недвосмислено го делегитимираат изборното собрание, при што постои можност покренување на постапка за дело – злоупотреба на службена позиција
3. На 11ти ноември, новинарот Венцо Донев заедно со кандидатот за претседател Столе Наумов, во присуство на директорот на ЗНМ, Драган Секуловски констатирале дека списоците се затворени, и дека 531 новинар има право на глас на утрешниото, саботното изборно собрание, кое се случи на 12ти декември
на 12ти декември , мистериозно и чудесно, конечниот список кој само неполни 12 часа претходно содржел  531 имиња на новинари, сега е зголемен и има 555 имиња на новинари
спорно 6: кој и како дозволил регистрирање на нови членови, иако на 13ти ноември, самиот Насер Селмани на нелегитимна сеница на у.о., донел одлука дека последен рок за зачленување е 5ти декември?
Заклучок 3: ова покажува дека некој во ЗНМ, случајно или намерно, направил промена на избирачкиот список, со што во целост го делегитимирал изборното собрание, но притоа некој направил и кривично дело. Останува да се види, кој?
4. На 12ти ноември, членот на верификационата комисија, Горан Трепноски, објавува дека се присутни 175 новинари со право на глас. Истите ревносно се запишани во списокот, и се информирани дека можат да гласат.
Членот 34 став 2 од Статутот на ЗНМ вели дека „претседателот на ЗНМ се избира со мнозинство гласови од присутните на изборното собрание“, а тоа значи:
За да некој од кандидатите победи треба да има мнозинство кое се пресметува со делење на бројот на присутни новинари, 175, со бројот 2, а резултатот се заокружува на најблиската поголема цифра, во овој случај 88
спорно 7: Зошто Насер Селмани и неговите поддржувачи се обидуваат целата македонска јавност да ја доведат во очигледна заблуда, и да ни претстават дека 86 е мнозинство од 175 ? Одговорот е едноставен ие јасен за медиумските работници.
Очигледно дека на Селмани и другарите од ЗНМ им е јасно кога ќе се смени ова раководство, но и нивните верни служби во ЗНМ, новиот претседател ќе мора да даде детален финансиски отчет, особено во делот на делењето на хонорари. Е тука ќе биде многу интересно !
Заклучок 4: Младен Чадиковски добива 86 гласови, а Столе Наумов 77. Ниту Чадиковски, ниту Наумов не се победници, и според статутот на ЗНМ, но и според здравата логика треба да се организира втор круг, или во најлош случај ново изборно собрание.
Втор круг не се организираше поради радоста на Селмани и Чадиковски од очигледната пирова победа, така да е неминовно ново Изборно Собрание на ЗНМ.
Стравот од соочување на колегите новинари, јавноста и особено странските донатори со вистината е проблематична за сегашниот тим на ЗНМ. Но, ние, новинарската фела,  сме трпеливи...



КАНАЛ5





Quote:Naser Selmani
7 hrs ·

Канал 5 лаже. На вестите тврдат дека јас не сум дозволил да се одложи Собранието.
Предлогот за одлагање беше ставен на гласање и доби само седум гласа.
Гебелс може вода да им носи! Класично извртување на фактите! За Грујо беа спремни да исклучат струја, за новата власт кој знае што се спремни да прават!
Ова се вика чиста пропаганда како од времето на Сјузот на комунисти! Срамота!
(This post was last modified: 17-12-2018, 01:34 AM by ЈорданПетровски.)
17-12-2018, 01:32 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,990
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4


[/url]

Quote:Branko Geroski
7 hrs · 

ОБВИНУВАЊАТА НА СЕЛМАНИ СЕ БЕЗОБРАЗНИ!

Неколку пати сум полемизирал со Насер (секогаш возвраќал со невообичаена жестина и непристојност), но неколку пати и сум го поддржал, дури и тогаш кога му беше најтешко. Мојот заклучок за него е следниов - ретко конфликтен, непристоен и безобразен човек. Веројатно тој е основната причина што сиве овие години ретко се дружев со ЗНМ и уште поретко се обидував нешто да предложам или да искоментирам, бидејќи Насер секогаш настапуваше од позиција на сила, со наводната безрезервна поддршка од новинарите, а особено од странците и од владата (на Груевски).
Разбирам да не е задоволен од начинот на кој се случи изборот на Младен Чадиковски (има тука проблем, јасно е тоа), сфаќам дека се соочил со противници, ама вака безочно сите да се напаѓаат, да се нарекуваат губитници блиски од СДСМ и да се оговараат (а божем не се именуваат), тоа се одлики на еден обичен интригант.
Затоа, си земам слобода на новиот претседател на ЗНМ, откако правно и неспорно ќе се легитимира како таков (кој и да биде), да му препорачам првата работа што ќе ја стори да биде веднаш да му се „заблагодари“ на Насер за „услугите“ и да го откачи од себе. Ако ги наследи неговите обврски и особено неговите манири, новиот претседател на ЗНМ ќе ги наследи и конфликтите и тогаш нема да му помогне ни поддршката од странците.
ПС. Коментирам слободно и неоптоварен од ништо, бидејќи ниту се мешав во изборот, ниту бев на Изборното собрание, а најмалку себеси сум се гледал во било каква ролја во ЗНМ. Вакво ЗНМ какво што ни остави Селмани е едно секташко друштво, кое не е спремно за мене, бидејќи не е спремно да се соочи со вистинските проблеми на новинарската заедница, а најмалку пак да се обиде со конкурентското здружение МАН да постигне договор за минимална заедничка платформа (нешто што јас прво би го сторил кога би бил на местото на Селмани порано, а сега на местото на Чадиковски, или утре можеби на местото на некој трет).





Quote:Naser Selmani
3 hrs ·

Геро ме оценувал како ретко конфликтен, непристоен и безобразен човек.
Ама заборавил да додаде само еден детал дека така се однесувам само со началници каков што е Геро.
Знаете зошто јас сум безобразен за Геро?
Зотоа што го потсетувам дека весникот каде тој е главен и одговрен уредник земал околу 200 илјади евра од Фондот за иновации за финансирање на микро, мали и средни претпријатија.
Ако деноцирање вакви недомакратски практики за субвенционирање медиуми е безобрзлук, тогаш се согласувам, безобразен сум!



[url=https://www.facebook.com/branko.geroski?__tn__=%2CdC-R-R&eid=ARARfZc-mX-_JiiR5CcykOO8CUzf_uTyl9WJ7Zl5R9Ds2YdvyVYujx9TVjiXRGWDKwzhT3MIQ0vfAc3a&hc_ref=ARSH86fu-nL8_C2pYQn_d7QIhVfvV17WV6ydC-ZnLLBxzFaOK8LjzZd0s_4M_Y5PUg8&fref=nf]

Quote:Branko Geroski
2 hrs · 


НЕ САМО ШТО НАСЕР СЕЛМАНИ ШТО Е КОНФЛИКТЕН И БЕЗОБРАЗЕН, ТУКУ Е И ГОЛЕМ ЛАЖГО!

Напишал Насер Селмани на Фејсбук:
"Геро ме оценувал како ретко конфликтен, непристоен и безобразен човек. Ама заборавил да додаде само еден детал дека така се однесувам само со началници каков што е Геро.
Знаете зошто јас сум безобразен за Геро? 
Зотоа што го потсетувам дека весникот каде тој е главен и одговрен уредник земал околу 200 илјади евра од Фондот за иновации за финансирање на микро, мали и средни претпријатија.
Ако деноцирање вакви недомакратски практики за субвенционирање медиуми е безобрзлук, тогаш се согласувам, безобразен сум!"
Да, да, Насер е безобразен и опасно лаже. А еве и доказ за тоа:
Точно е дека на издавачот на "Слободен печат" му беше доделен грант од Фондот за иновации, но Селмани знае - а крие! - дека "Слободен печат" уредно го врати грантот и не искористи ниту едно евро!
Ете, со оваа своја најнова клевета, овој човек уште еднаш го потврдува својот низок професионален и човечки морал.
Жал ми е што еден ваков лажго бранев и со пишан збор и со протест пред Владата, не сфаќајќи дека тој не ја заслужува солидарноста од своите колеги, кои безочно ги навредува, ги клевети, ги денунцира, ги оговара...Ко некоја тетка.
(This post was last modified: 17-12-2018, 01:53 AM by ЈорданПетровски.)
17-12-2018, 01:52 AM
Reply