Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НАТАША КОТЛАР
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Natasa Kotlar
42 mins ·

? „Оф, логика, о знаење на историјата, о големо умување“ на г-от Димитров и нему сличните!

Ние Македонците не сме нација со комплекси, напротив! Срам ни е нам, што ве слушаме, а и „учебникарите“ комисиски што бунцаат за историјата наша! Постои научна продукција од 73 години во РМ! Во оваа научна ризница, се истражува, проучува и се пишуваат огромен број на дела за историскиот развој на македонскиот народ, неговиот идентитет, јазик, фолклор итн. Но во сегашново време има „сили во воздухот“ кои очајно прават сè да ни го отткорнат коренот македонски, нашиот историски опстој и право на суверинитет. Генезата на македонскиот народ (како и на другите народи) има длабока верткала на вкрстување во историскиот контекст од антиката до современието. Намерно не велам дека линијата е директна! Таа поврзаност ја согледале и нашите преродбеници од 19 век. Така, учебникарот Димитар Василев Македонски од с.Емборе (денес во Егејскиот дел на Македонија), прв истакнал: „Македонците не се загубиле од лицето на земјата, како што си дозволуваат некои да велат, зашто, колку што знаеме ние, тие не згрешиле некогаш, па да зине земјата и да ги голтне“ (1871). Слично на него и ГРИГОР ПРЛИЧЕВ, оној истиот „Гр.С.Пърличев, убит от българи“, на прославата одржана по повод 1000-годишнината од смртта на св.Методиј (1885) во егзархиската гимназија во Солун, на убав македонски јазик што имало специфичен резонанс во таа свечена атмосфера, го рекол следново:„Учителите...[треба, б.н.] да ги учат вашите деца да станат добри граѓани и да си ја подигнат татковината, оваа убавица Македонија, оваа топла и благодатна Македонија, оваа плодовита Македонија, која ги подарила светите Кирил и Методија. Не сте ли уверени, господа, оти нашата Македонија денеска е најдолна од сите земји во светот? Не е ли голем срам за Македонците, кои едно време преку Александра Великого го покорија целиот свет, кои после преку светите Кирил и Методија покрстија милиони Словени и ги просветија, денеска ние да бидеме најдолни од сиот свет во просвештението...Мајка Македонија многу е ослабнета. Откако го породи великого Александра, откако ги породи светите Кирила и Методија, оттога мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнеможена, совршено примрена Мајка што родила великого сина надали ќе може да роди и другего?...“
Има уште многу, но за сега и ова е доволно за гореспоменатите (не)читачи! Книгите треба да ги читаме, заради стекнување на знаења и стекнување на црст став и однос!
[За комплексите од незнаење, за Александар Македонски, цар Самоил, Св Кирил и св.Методиј, Григор Прличев и др.]
02-12-2018, 11:37 PM
Reply