Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
УДБА Е НАША СУДБА СЕ ДОДЕКА СЕ СРБОКОМУНИСТИ НА ВЛАСТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Јовевски: Телефоните во обвинителството се прислушувани од 2016 до сега


[Image: jovevski.png]

30.11.2018 / 13:30

Од 30 септември 2016 година до сега се прислушувани сите фиксни броеви од телефонските централи во Јавното обвинителство на Република Македонија и во два хард диска се снимани сите комуникации, соопшти на денешната средба со новинарите државниот јавен обвинтеил Љубомир Јовевски.
Тој рече дека се испитува дали некој имал пристап до податоците, дали се изнесени и дали некој од надвор можел да пристапи до нив.
Отворена е предистражна постапка што ја води ОЈО Скопје.
Со оглед тоа што ЈОРМ е во овие простории од 2013 година, ќе се утврдува дали податоците претходно се бришени.

ПРЕСИНГ




Нели министерот на народна милиција Оливер тврдеше дека нема прислушкување.

Зар и после оваа нема оставки??
30-11-2018, 03:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:OJO испитува зошто обвинителите биле снимани



Основното јавно обвинителство Скопје почна предистражна постапка по сознанија дека во периодот од 30.09.2016 година до денеска е снимана телефонската комуникација вршена преку фиксната телефонија во објектот на jавното обвинителство.


[Image: Ojo-1.jpg?resize=590%2C332&ssl=1]


30.11.2018
„Имено, по првичните сознанија, снимањето се вршело на двата хард-диска на телефонската централа сместена во просториите на Основното јавно обвинителство Скопје, Вишото јавно обвинителство Скопје и Јавното обвинителство на Република Македонија“, соопштија од ОЈО.
Оттаму додаваат дека ќе се утврдуваат сите аспекти од настанот, вклучувајќи проверка на тендерската документација за набавка на опремата, овластувањата за нејзино користење, како и дали, во колкав обем и за кои цели е вршена употреба на снимените податоци.
30-11-2018, 07:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Заев: Покрај телефоните во ЈОРМ, прислушкувани и оние во Основен суд Скопје 1

30/11/2018
Покрај прислушкувањето на сите фиксни броеви од телефонскaта централа во Јавото обвинителство на Република Македонија, таков ист систем бил поставен и во новата зграда на Основен суд Скопје 1, изјави вечерва премиерот Зоран Заев. Тој се надева дека истрагата ќе ги даде одговорите кој и зошто ги набавил, кој го користел, како и оти ќе има одговорност за тоа.
– Јас сум информиран во моментот кога министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е информиран за истрага, која е отпочната пролетта. Тоа точно ќе го каже јавниот обвинител кој ја водел истрагата. Се работи за систем поставен во централата за внатрешната комуникација во Јавното обвинителство. Знам дека истоветен систем е поставен и во новата зграда на Основен суд Скопје 1 и веројатно ќе кажат и каде се на друго место. Уште во далечната 2016 година, некаде тоа е користено, некаде не, истрагата ќе покаже кој тоа го користел, кој како го злоупотребил. Јас верувам дека веќе ги имаат сите наоди – рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање за последните објави на Јавното обвинителство дека кај нив се пронадени хард дискови со прислушкувани разговори.
Ова пак, како што рече премиерот, претставува само уште еден доказ колку била упропастена Република Македонија.
– Ова се сериозни работи и нема играчки со вакви работи. Се работи за приватноста на луѓето, во конкретниов случај се следела комуникацијата внатре во самата институција, како комуницирале обвинители, истражители и сите што работат. Сето ова претставува само уште една потврда колку е руинирана Македонија, колку е важно правниот систем да го вратиме во државата, колку е важна борбата против корупцијата и борбата против целокупниот криминалитет во Република Македонија. Јас ги охрабрувам институциите да продолжат со вака одважни храбри изјави, храбри истраги се додека не станеме нормална земја – рече Заев.
Според него, без владеење на правото, без понесување на одговорност не можеме да очекуваме никаква перспектива.
– Остануваме сериозни борци за правната држава во борбата против криминалот и сето она што се случува во РМ од периодот на режимот која се одолговлекува постојано досега. Никој не може да каже до каде стигнало „големото уво“ во аспирациите да се следи се и сешто во Македонија. Јас се надевам дека истражните органи ќе ги дадат сите одговори затоа што се должни тоа да го направат – посочи Заев.
Тој појасни дека кога новите опреми на институциите се монтирале за внатрешната комуникација која што постои се монтирале и вакви хард дискови за снимање. Некаде тие биле ставени во употреба, а некаде не.
– Јас тоа го знам уште од самиот период на промена на раководители на институции кои тоа го воочиле и веднаш го пријавиле. Истрагата е отворена од тогаш, еве веќе е обзнанета таа истрага, сите детали ќе може да ги дадат истражните органи – рече Заев.
Тој потенцира дека се знае кој биле раководители тогаш кога е направена набавката во ЈО и во Основен суд Скопје 1, и, истакна дека тие ќе понесат одговорност.
– Бегање од тоа нема заради тоа што ако покаже истрагата дека тоа е со нивно знаење, а тие се тие коишто ги набавиле, потпишале, исплатиле ваквите централи секој ќе си понесе одговорност. ВМРО-ДПМНЕ кое што дава изјава беше главниот поддржувач на ваквите начини на работење и владење во државата, а Мицкоски беше десната рака на Никола Груевски. Веројатно тоа е пренесено како некоја оставнина и наследство, но секако истрагата ќе ги покаже сите детали, рече Заев.
Тој рече дека е важно да се понесе одговорност, да се казни секој оној што се дрзнал и да помисли, а не пак да вгради вакви системи наследени со што се нарушува приватната комуникација на граѓаните, без разлика дали е приватна или службена комуникација.








Заев забрава само ена „ситна“ работа а тоа е дека од првиот ден на владеење на „Фамилијата“ заменик директор во УБК е Силјан Аврамовски , човекот кого Заев го именува за раководител на комисијата за реформи на УБК а кој беше и министер на МВР во владата на Бранко Црвенковски и еден од кадрите кои во СДБ/УБК, односно УДБа е од 1982 година. Зар некој нормален ке поверува дека Силјан незнаел за купувањето на опремата , зар Силјан незнаел зошто се користи опремата , односно дека се прислушкува ЈОРМ?
(This post was last modified: 01-12-2018, 03:41 PM by ЈорданПетровски.)
01-12-2018, 03:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Hristijan Mickoski
3 hrs ·
Клекнато и уценето обвинителство и судство. Пукања, убиства, криминалци на слобода, Македонија претворена во држава на криминалот, завиена со црнила, држава каде луѓето на власт уништуваат и сакаат да управуваат со нашите животи.
Ненормалното се продава за нормално, за да може секоја кражба, секоја извитопереност да им помине.
Вчера се соопшти скандалозна вест. Обвинителството и судството прислушкувани. Тоа значи дека таму некаде некој кој денес е власт прати порака, судиите и обвинителите ги имаат во рака, со снимани разговори, уценети, им требаат покорни на политичките наредби, додека правдата се заобиколува.
Вчера излегоа со информацијата за прислушкување на обвинителството и судството, а премиерот Заев истрча да префрли одговорност што само покажува дека си ја ишка мувата од капата и дека што би рекле нашите постари кабаетот е голем. Кои се фактите. Рекоа дека прислушкувањето започнало од септември 2016та година, а од 2 септември 2016та година министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски од СДСМ. (Еден период како технички, а потоа како полнозначен министер во владата на Заев) што значи дека ако имало прислушкување тоа е во целиот период додека овој човек е министер и во целиот мандат на оваа влада на Заев. Значи согласно засега достапните информации ова прислушкување се случувало во целиот период додека Заев е премиер, Спасовски министер, а Верушевски советник во Владата, истиот тој советник добро познат од аферата Големото Уво и бомбите на Заев. И клучното прашање е кој располага сега со разговорите на обвинителството и судството, кој ги држи уценети, кое обвинителство сега ќе ги истражува разговорите за да утврди кој диктира обвиненија и суди неправда (секако не смее тоа да биде политизираното СЈО), какви разговори има и дали поради тие разговори премиерот Заев предвреме ги погодуваше точните пресуди и висини на казни. Дали поради тие разговори одредени судии се исплашени, па судат во неразумно време, се кршат процедури, закони, правила, дали поради тие разговори одредени обвинители го амнестираат вистинскиот криминал?
Зоран Заев е година ипол премиер, тој ја контролира и централната и локалната власт, одговорноста е негова, но и мрежата во која самиот се заплетка е исто негова. Ова е црниот вотергејт на оваа власт.
#Црнила
01-12-2018, 03:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

За скандалот со снимањето во Обвинителството ќе има одговорност! Ќе се открие кој ја нарачал опремата, кој ја инсталирал и кој ја користел





02-12-2018, 02:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Двете нови маки на министерот – пишува Горан Момироски


December 2, 2018
[Image: 59c8ed8d45d2a027e83cd581.jpg?resize=626%2C353]


За првата најголема мака на министерот за полиција околу бегството на Груевски што е огромен срам за МВР, за владата и за РМ е кажано и излажано речиси се.
Денеска за неговите две нови маки кои можат директно да ни го загрозат патот до ЕУ дури и со уставни промени за името и ратификација на договорот со Грција.
Две прашања поврзани со новата афера прислушување на правосудни институции можат да предизвикаат сериозни тензии на релација Влада – ЕУ кога на ред ќе дојде правосудството, полицијата, безбедносните служби и генерално владеење на правото.
Двете прашања се поврзани со министерот Оливер Спасовски чии што изјави се збунувачки дури и за најголемите дипломатски поддржувачи на оваа влада.
Првото прашање е кои се изворите на МВР во обвинителството кои што на Спасовски му дале информација дека во ЈО има активна опрема за прислушување.
Според ниту еден закон или подзаконски правен акт МВР не смее да има свои формални, неформални или тајни извори во судско -обвинителските институции затоа што тоа би значело дека полицијата, обвинителите и судиите соработуваат и за други прашања кои што не се правно регулирани. Со самото тоа тие се противзаконски.
Ако Спасовски во паниката не лаже тој признава дека со тајни извори во ЈО директно се крши уставната поделба на власта на законодавна, извршна и судска.
Со својата изјава за случајот министерот Спасовски потврди дека во Македонија нема класична поделба меѓу извршната и судската власт и со тоа директно и дава алиби на било која земја членка да не прогласи за далечна на Критериумите од Копенхаген.
Опремата била инсталирана во 2013 година а информацијата во МВР ја добиле пролетта преку свои внатрешни извори, по што веднаш ги информирале Јавниот обвинител и претседателот на Основниот суд Скопје 1, изјави Спасовски кој сега ќе мора да ги открие изворите на МВР.
Било кој професионален обвинител или собраниска комисија ќе мора како прв чекор во истрага да утврди кои се изворите на МВР и дали тие на полицијата давале или се уште даваат неформални информации за состојбата во обвинителатвото или судовите.
Санкционирањето на тие што ја поставиле опремата се подразбира, како што се подразбира и тоа дека тие што имале надлежност да ги контролираат овие незаконски дела ќе мора да одговараат.
Вториот момент за кој Спасовски ќе мора да даде добар одговор е зошто иако скандалот во ЈО бил откриен пролетоска опремата функционирала до завчера како што изјави јавниот обвинител Јовевски.
Дури и да имало дозвола за тоа сите што биле жртви на прислушувањето кое продолжило уште 6 месеци откако било откриено сега можат да тужат и овде и во Стразбур и сигурно ќе добијат процес за прекршување на човекови права.
Во таков случај Македонија повторно ќе има проблем да докаже дека е демократска земја со функционален правен систем.
И тоа не само пред Унгарија која веќе не прогласи за земја каде не владее право и слобода туку и пред Франција, Холандија и неколку други кои што сигурен сум веќе размислуваат или подготвуваат нов “Нон пејпер” за македонскиот правно – политички хаос.
Ако некој се надева дека француската влада и претседателот Макрон кои се соочени со сериозни внатрешни предизвици ќе ни простат за хаосот со бегството на Груевски и со слушање на обвинители и судии многу се лаже.
Официјален Париз и Амстердам нема да ризикуваат, дури ни со сменето име на наша штета, да ни дадат преговори за членство во ЕУ ако имаат аргументи, со кои за жал, самите докажуваме дека сме нефункционална држава.
02-12-2018, 06:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Министерот Дураку купи телефонска централа која прислушкува фиксни повици


December 2, 2018

[Image: -1.jpg?resize=550%2C366]

Министерството за животна средина и просторно планирање склучило договор за набавка на телефонска централа која има можност за снимање и преслушување на комуникацијата.
Централата е вредна 1,7 милиони, тендерот за набавка го доби „Телеком“, а договорот бил склучен на 6 ноември, дознава „Телма“.
Потписници се министерот Садула Дураку и двајца претставници  на „Телеком“.
Во понудата на Телеком, која е наведена во документацијата, стои дека во телефонската централа која ќе биде доставена до министерството ќе биде инсталиран софтвер за снимање и преслушување на повиците.
Набавката се случува во време додека трае истрагата за прислушкувањето на фиксни телефони во Јавното обвинителство
02-12-2018, 07:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Панчевски: Изјавата на премиерот се граничи со лудост


03.12.2018 

[Image: sud-panchevski-960x576.png]

Изјавата на премиерот е несериозна и се граничи со лудост, вели за Пресинг Тв поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.
Овој став е одговор на индиректното вперување на прстот кон него од страна на премиерот Зоран Заев при обелоденувањето на сознанијата за прислушување на фиксната телефонија во обвинителството и во судот.


Quote:Набавката која се направила во Јавното обвинителство и во Основниот суд Скопје 1 знаеме кој ја раководел тогаш и тие ќе си понесат своја одговорност, бегање од тоа нема. Ако покаже истрагата дека тоа е со нивно знаење, а тие се тие што ги набавуваат, потпишуваат и исплаќаат ваквите централи, секој ќе си понесе одговорност“, рече Заев.






Панчевски, нормално, потврдува дека бил претседател на Судот во периодот од декември 2012 до декември 2016 година и додава дека во судот наследиле централа од 80-тите години, а што и како имало инсталирано на неа, како што вели, само еден Господ знае.


Quote:Набавката на нова централа, нормално бара параметри, што ќе можат да се користат со години нанапред. Кој и како ги одредувал тие параметри, јас не знам, зашто не сум ни стручен, ни имам познавања за тоа. Но, верувам дека истрагата може да утврди се, иако лично се сомневам дека воопшто ќе има таква истрага. Зашто, досега видовме и слушнавме многу приказни, што останаа без вистински одговори и резултати, како што беше примерот со АКМИС системот. Еве, нека се проверат и централите и на Владата, и на СЈО, и на ЈО. Претпоставувам дека нема да постои разлика во нивните параметри. Работата е во нешто друго. Целата нова приказна треба да има психолошки ефект и да послужи како спотер за замајување на јавноста и сите да не доведе до ниво на општа параноја. И не случајно. Зашто, сето ова, од една страна, е еден вид притисок за да се влијае врз работата на обвинителството и судството. А, од друга, пак, наводно прислушуваните и снимени разговори ќе треба да се користат по потреба, во некои нови идни предмети и процеси, со што само ќе се вртиме во тој параноичен круг. Да не заборавиме, незаконски прислушуваните разговори веќе се легализираа и таа пракса сега ќе треба да продолжи, по што ќе нема ни збор од владеење на правото и правдата, ни изјави Панчевски.
03-12-2018, 05:17 PM
Reply