montehristoТи Јордане изгледа не можеш да го најдеш во твоите силни лексикони терминот Србокомунизам.
Или можеби лупаш?
Јас никогаш не „лупам“ зад секој збор кој сум го напишал стојат сериозни докази!!
Ке почнам првин од причината за смената на Шаторов:
Шаторов е сменет заради подршката за иселување на колонистите. На негово место доаѓаат „Крагуевачките ѓаци“ , Колишевски, Нацева, Мојсов ..... Колишевски е човек од посебна доверба на Ранковиќ бидејки Колишевски го организира спасувањето на Ранкович од затворот на Гестапо 1941 година.
!943 година е донесен Манифестот !!
Поларизацијата на силите во националноослободителното движење во Вардарскиот дел од Македонија отворено се манифестирала есента 1943година….
….се наметнало прашањето за крајна цел на националноослободителната војна :создавање на сепаратна или единствена МАКЕДОНСКА национална држава.
….прашање на единството на националноослободителната борба во трите дела на Македонија.
По тие клучни прашања и во Главниот штаб и во движењето во целина се поларизирале две политички струи :комунистичка, револуционерна-пројугосливенска, (србокомунистичка),раководена од Светозар Вукмановиќ –Темпо (кој во Македонија бил испратен со неограничени овластувања од југословенското политичко и воено раководство) и национално демократската, предводена од Методија Андонов –Ченто.
Првата (во која влегувале :Михајло Апостолски, командант на ГШ на НОВ и ПОМ , Цветко Узуновски, политички комесар, Страхил Гигов, Никола Минчев, Елисие Поповски и др.) дејствувала за доследно спроведување на политиката на КПЈ: сепаратно продолжување на национално-ослободителната војна во Вардарскиот дел од Македонија и согласно со АВНОЈ-ските решениа, создавање македонска држава-федерална единица во југословенската федерација.
Национанодемократската струја се застапувала за воспоставување единство на националноослободителната борба на целата територија на Македонија, во сите нејзини делови, под единствена команда на ГШ на македонската национална војска, за ослободување на земјата и создавање самостојна и независна македонска демократска држава.Согласно со тоа се застапувала за пренесување на борбените дејства на македонската војска и во другите делови на Македонија. Кон крајот на ноември и во почетокот на декември 1943година кога по силната непријателска офанзива, се наметнала потреба од повлекување на единиците од западниот регион на Вардарскиот дел од Македонија и кога Светозар Вукмановиќ наредил нивно префрлање во Србија, по острото спротивставување на Методија Андонов –Ченто, Главниот штаб донесол одлука за упатување во Егејскиот дел од Македонија.....
ОЗНА од која се створени КОС и УДБа е пополнета од луѓето на ЦРНА РУКА!! Се надева знаеш која и што е Црна Рука!!
Се надевам си слушнал за Пенезиќ-Крцун па еве да прочиташ малку зошто тито бил подржуван од Србите:
За да не должам многу , после 1991 година се дадени најсилните докази а србокомунизмот преку отворањето на линија на работана на Тајната Полиција : МАКЕДОНСКИ ЕКСТРЕМИЗАМ И ВРХОВИЗАМ!!
Македонски Врховизам значи решавање на Макеонското прашање во рамки на МАКЕДОНСКА држава.
Се надевам сега ќе разбереше што означува поимот србокомунист!!