Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ДАЛИ КРИМИНАЛНАТА ВРХУШКА НА ЕУ ПОСЛЕ АМИНУВАЊЕТО НА КРИМИНАЛНИТЕ ИМЕНУВАЊА НА ТАЉАТ, ЗАЕВ, КУПУВАЊЕТО НА ПРАТЕНИЦИТЕ ГИ БРИШЕ И КРИМИНАЛИТЕ НА ГРУЕВСКИ ЗА ДА БИДЕ ИЗГЛАСАНА СМЕНАТА НА ИМЕТО




[Image: ceec46ac75e6be7f73874fd5573b298d_L.jpg]
Мојата докуметација за добивање на азил



 Јордан Петровски 20.11.2018
Утринава унгарскиот весник од про-Орбанска провиненција Magyar Idők со текст под наслов „Gruevszki-ügy exkluzív – Íme a részletek“ обајви дека веќе било одобрено барањето на Груевски за азил во таа држава. Додека во моментот беше невозможно да се потврди или демантира веста, бидејќи таква информација Канцелариата за бегалци може да сподели само засегнатото лице, во случајот Груевски, и со Комесаријатот за бегалци на Обединетите нации, објавата подоцна на својот фејсбук профил ја потврди самиот Груевски (види подоле).

Еве што е проблематично, односно го доведува под сомнение добивањето на азилот! 
Според искуството кое го имав при барањето на азил и како постапи канадскиот Борд за бегалци -- што е практика во сите случаи на барање на азил во Канада согласно со Конвенцијата за бегалци на ООН од 1951 година -- Груевски во оваа рана фаза на процесот МОЖЕЛ да добие само статус на апликант, односно барател за азил. Овој статус се одобрува речиси по автоматизам доколку барателот воспостави кредибилен случај дека стравува од тенденциозен прогон во неговата татковина. После ова следи процедурата за добивање азил која де факто е судски процес. Првин барателот треба да пополни прашалник во кој ќе го објасни неговиот наратив, а потоа треба да ги обезбеди доказите за тоа што го тврди, и тие докази (документи) да ги преведе на службениот јазик на државата домаќин и да ги завери преводите од официјален судски преведувач. Процедурата трае во зависност од многу елементи, меѓу кои спаѓаат распоредот на советот за бегалци и подготовката на документацијата на барателот. Секако брзината на процесот и некои детали во самиот процес може да се разликуваат од држава до држава, но поентата на Конвенцијата за бегалци е да го универсализира овој процес, односно да ги минимализира разликите и на тој начин да ја претвори секоја држава потписничка безбедна земја за бегалци.
Во мојот случај целиот процес траеше околу пет години и имаше две осум-часовни сослушувања (односно рочишта) кои беа одвоени за шест месеци. Конечната одлука беше донесена шест месеци по последното рочиште. Во тоа време, многу бргу по моето барање за азил, Македонија од страна на Велика Британија беше прогласена за безбедна земја поради тоа што немало баратели на азил од политички причини од Македонија после 1991 година. На „судењето“ или „судењата“, Груевски морал да ги ДОКАЖЕ наводите кои ги дал во барањето за азил.
Во постапките за барање на азил барателот може да се застапува самиот, но ценејќи го фактот дека станува збор за поранешен премиер на држава, сметам дека Груевски морал да бара адвокат за што би му биде потребни барем неколку дена. Потоа сите документи кои ги понудил МОРАЛЕ да бидат ПРЕВЕДЕНИ од страна на судски преведувач на унгарски. Со документите кои ги понудил Груевски требало да се запознаат и да ги проучат неговиот адвокатот, судијата (во Канада официјалната титула е офицер на Бордот) и застапникот на унгарскиот народ чија улога е да ја утврди вистинитоста на изјавите и докуметите на Груевски. Поедноставно речено тоа е лице кое е противник на доделувањето на азил кое ги бара пропустите и недолседностите во случајот на Груевски. Истите овие лица требале да се запознаат со општествено-политичките состојби во Македонија, вклучително и со владеењето на правото.  Во мојот случај јас понудив околу 200 документи, моето досие и новинарски тесктови кои јас сум ги пишувал и текстови кои ги пишувале други за неуставните постаспки на СДБ. Мојот адвокат понатаму понуди неколку десетици извештаи од институции како ЦИА, Амнести интернешонал и Хјуман Рајтс Уач кои ја оцртуваа состојбата во Македонија од нивна перспектива. Владата на Канада и моите адвокати беа обезбедиле околу 1500 документи. Владата на Канада се занимавала со мене, а адвокатите со барање на случаеви како и каде Македонците добивале азили и причините за добивање на азили, како и случаи на луѓе од други држави кои барале азил во Канада од слични услови и слични побуди. За сето ова беа потребни стотици часови работа и повеќе од половина дузини средби со мојот адвокат со цел да се разјасни целиот случај. Според она што го знаеме целиот процес на Груевски траеше само неколку дена. Доколку земеме дека официјалните преведувачи преведуваат по 1-2 страници (од 500 зборови) на 8 часа, тогаш се поставува прашањето колку документи биле понудени пред Советот за бегалци.

Единствен вид на азил без процедурите кои ги наведов погоре можел да добие не следниот начин:

Quote: -Доколку некој не ги исполнува критериумите за меѓународна заштита, велат од ЕК, земјата членка сепак може да ја разгледа можноста да му додели на лицето некаков вид национален статус, доколку таа опција постои во земјата членка.


Односно вон рамките на Конвенцијата за бегалци на ООН од 1951 година.
Но заради самото тоа што се работи за бивш премиер на држава и со оглед на тоа дека се работи за лице против кое веќе има една правосилна пресуда, и поради тоа што против него се водат уште неколку судски процеси, не верував дека Унгарија ќе дозволи да не го спроведе процесот за азил според меѓународните стандарди. Тоа е впрочем големата работа која колку што оди во прилог на Груевски, толку оди и против него: Конвенцијата не предвидува заштита за криминалци. Тоа значи дека Груевски морал да ја докаже пристрасноста на судот кој му ја одредил пресудата, и на тој начин да докаже дека Македонија е впрочем недемократска држава во која не владее правото. Реалност во која тој самиот како премиер од десет години има свој удел, нешто што го комплицира неговиот случај, што повторно ме наведува да мислам дека неговиот случај -- доколку стануваше збор за автентичен случај, а не за далавера -- требаше да потрае подолго време. Можеби не пет години, но дефинитивно неколку месеци.
Бидејќи Унгарија е држава со долга цивилизирана европејска историја, и поради тоа што Орбан се обидува да се позиционира како заштитник на европејската цивилизација -- која се заснова на општествената доверба и владеењето на правото -- сметав дека Орбан нема да е подготвен да го фрли сето тоа во вода само за да заштити еден дискутабилен тип. Потоа тука е и опозицијата во Унгарија која сигурно ќе го употреби овој случај за да го нападне кредибилитетот на Орбан, но и да инсиситра на отворање на границите на државата за африканските и азијатските мигранти. На крај тука е самиот Груевски. Дали тој после сево ова ќе сака да му остане етикетата на кукавица за цел живот? Според неговото досегашно однесување за него ова не е многу битно.
 
Експресноста со која е одобрено барањето на Груевски за азил сугерира дека спротивно од тврдењата на официјална Будимпешта дека случајот на Груевски ќе нема политичка конотација, впрочем е целосно политизиран. Тука е и изјавата на министерот за надворешни работи на Унгарија,  Сијарто: Ниедна земја на ЕУ не го покрена прашањето за Груевски !! Прашањето е зошто. Груевски како мотив за неговото бегство и барање на азил ја нуди пресудата за Мерцедесот, пресуда која ниту еден суд во било која правна држава не би ја донел. Според Уставот и законите ако не му е одземен мандатот тој до завршување на мандатот не може да биде затворен затоа што казната со која е осуден е под 5 години. Според мене некој како намерно да сакаше да му изрече затворска казна за непостоечки криминал и да му даде шанса сите судења натаму да бидат под знак на сомневање за политичка позадина.

Речиси е невозможно процесот кој го опишав погоре -- прибирањето на документацијата, преведувањето на истата, нејзиното проучување од страна на соодветните лица и носењето на сериозна одлука во комплициран случај каде што самиот барател има удел во вината за состојбите од кои што бега -- да отпочне и да заврши во рок од неколку дена без сето тоа да не е извршено под директива на политичките власти на Унгарија. Во прилог на овој сомнеж оди и речиси идентичниот текст на статијата во Маѓар Идок и објавата на фејсбук профилот на Груевски. Сево ова сугерира еден голем театар во кој еднакво учестуваат македонските, унгарските, но и европските власти, каде ем божем владата на Заев гони криминал, ем Орбан глуми заштитник на наводен националист, ем криминалците повторно ја одбегнуваат нивната одговорност, а УДБа останува нечепната а повторно најоцрнети тука остануваат националистичките десничарски сили и ништо не се расчистува во Македонија а и натаму продолжува бришењето на Македонскиот народ од страна на Евромарксистите. Доколку ова е точно, тогаш црно и се пишува на европската цивилизација доколку нејзин бранител е човек кој засолнува криминалци.

За крај ќе прикачам неколку мои коментари кои сум ги дал на Фејсбук во изминатите неколку денови:


 
 
[Image: 4.png]


 
 
[Image: 1.jpg]
 
 
[Image: 3.png]
[Image: 2.png]


Quote:Nikola Gruevski
5 hrs ·
Денес Република Унгарија, земја членка на ЕУ и НАТО, одговори позитивно на моето претходно поднесено барање за добивање политички азил заради политички прогон во Република Македонија.
Во барањето за политички азил наведов дека истиот го барам заради политички прогон од новата влада предводен од партијата СДСМ.
Наведов дека владата сака да ми ја одземе слободата користејки недемократски чекори и методи и злоупотребувајки го обвинителскиот и судскиот систем во Македонија.
Објаснив како се започна, со почетокот на објавувањето на нелегално стекнатите аудио матерјали, назначувањето на специјален јавен обвинител кој стана партиска алатка на партијата СДСМ, исто како и судот, ги опишав сите неправди, нерегуларности, незаконско работење, дискриминација, конструирани судски процеси и пресуди, конкретните судски постапки против мене и тортурата која по формирањето на новата влада ја трпам јас но и голем број други мои соработници, давајки конкретни примери и конкретни докази и завршив со бројните закани по мојот живот со кои се соочуваав во последните денови пред да ја напуштам Република Македонија.
Посочив и приложив конкретни примери дека во Република Македонија непостојат услови за фер и законски судски процес, ниту пак начин во една ваква атмосфера на политичка хајка од страна на владата да го заштитам мојот живот од бројните закани кои ми беа упатени.
Во Македонија се соочив со судии кои за секое мое или на мојата одбрна барање, чекаат инструкции како да одлучат од владата или од специјалниот јавен обвинител, од кого и самите судии се плашат, и кого го гледаат како преставник на актуелната влада.
Посебно ги објаснив неколкуте фундаментални прекршувања на законите, меѓу кои, спротивно на закон користењето на нелегално стекнати аудио матерјали кои под надворешен притисок судот ги прогласи за легални, користењето на копии кои не се споредени со оргиналот како докази врз основа на кои се носат пресуди, користењето на вештаци кои спротивно на закон прават вештачења без лиценца за вештачење, флагрантното кршење на законот за приватност и игнорирањето од страна на судот на сето ова, работењето на македонските судови спротивно на праксата на судот во Стразбург, како што е примерот со отфрлањето на актите за прекин на постапка издадени од страна на Претседателот на Македонија во два конкретни случаи, и нивно прифаќање во земја членка на ЕУ, недавањето можност и доволно време за подготовка на одбраната преку свесно набивање на судења секој ден, понекогаш и по цели денови, издаденото мислење на Комисијата за заштита од дискриминација која наведе дека сум предмет на директна дискриминација од страна на судијата Добрила Кацарска и од страна на Основниот суд Скопје 1, објавувањето на пресудата за случајот ,,Тенк,, во смисла дека ќе бидам прогласен за виновен, од страна на актуелниот премиер околу 10 дена пред судијата да ја објави одлуката, и огромен број други факти и докази кои ги образложив и од кој се состави огромен записник од над 30 страни.
Судот и обвинителството се претворија во инструмент за политичка уцена и пресмета со политичките неистомисленици, како и покривање на неработењето на владата.
Последните одмазнички притвори на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, кои очигледно се притворени само за владата да ја ублажи критиката по моето заминување од земјата и барање политички азил заради политички прогон, со лажни, фабрикувани и непостоечки докази само ја потврдуваат атмосферата во која денес живее Република Македонија.
Денес во Република Македонија се живее во услови на репресија од страна на владата, дискриминација, прогон, политички апсења и целосна контрола на владата врз судскиот и обвинителниот систем, вадење и ставање во притвор или затвор според политичките прилики и потреби.
Наместо унапредување на судскиот систем, Македонија има уназадување. Судот и обвинителството се користат како политичка алатка на владата заради остварување на своите политички цели и уцени.
Јас одлучив да се спротиставам на сето ова, и со мојот чекор да го издигнам ова прашање на повисоко ниво.
Некој може да ме сака или да не ме сака, да се согласува или да не се согласува со мене, да смета дека водам добри или лоши политики, но неможе да го негира или да ги затвори очите пред она што се случува во Македонија во овој период а кое го опишувам.
Јас одлучив да не ја исполнам желбата на СДСМ, додека тие ја разграбуваат и распродаваат државата и националните интереси да седам затворен со политичка одлука и секојдневно да се борам за преживување во затворот, за каде добив сознание дека ми се подготвува ликвидација.
Одлучив да ја продолжам борбата за македонската кауза, за каузата на Република Македонија, на начин на кој единствено можам во моментот, на начин на кој многу други личности низ историјата кога имале можност го правеле. И како што кажав во претходната објава, јас никогаш нема да се одкажам од таа кауза.
Јас не избегав од правдата,туку користејки други меѓународно правно регулирани методи продолжувам да ја барам правдата и за мене и за сите други жртви на политичкиот прогон во Македонија.
Јас до последен момент, иако гледав колку неправедно ме обвинуваат и судат, иако беше видливо дека судиите уште пред да го почнат судењето и пред да ги погледнат доказите, ја знаеја пресудата, секојдневно, како никој досега се соочував со правдата, се до моментот кога актуелната влада не одлучи неправедно и со политичка одлука да ме стави во затвор а потоа и да ме ликвидира.
Јас јавно кажав дека сум подготвен да одам во затвор доколку Заев се одкаже од погубните политики за Македонија и малтретирањето други луѓе.
Но тој очигледно сака се. Сака и да ја реализира распродажбата на националните интереси, и да го реализира разграбувањето на државата, и да ги суди и осуди стотици мои соработници и мене да ме затвори и ликвидира.
Одлучив да се борам и да се спротиставам на овој кукавица кој безочно секојдневно го лаже и краде својот народ и ја злоупотребува државната функција на која дојде на нечесен начин.
Македонија не смее да остане земја каде владата владее со судскиот систем и каде има политички прогони секој ден. Огромен број луѓе се под политички прогон во Македонија. Тоа мора да запре.
Македонија треба да стане членка на НАТО и ЕУ, но несмее да се дозволи под превезот на оваа цел, актуелната недемократска власт да се пресметува со политичките неистомисленици и да им конструира судски случаи и затворски казни, со цел да може непречено да прави криминал, корупција и распродажба на државните и национални
(This post was last modified: 23-11-2018, 12:55 PM by ЈорданПетровски.)
21-11-2018, 01:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ЕК: Очекуваме Унгарија да се однесува согласно правилата за азил без политизирање


[Image: EK-Evropska-komisija.jpg]

Напишано од
МИА 21/11/2018
Европската Комисија вели дека засега не добиле потврда од Унгарија дека му е одобрен на азил на експремиерот Груевски.

– Се разбира запознаени сме со ситуацијата во врска со господинот Груевски, осуден за корупција во својата земја, стои во одговорот на ЕК до МИА.

Оттаму потсетуваат дека според европското и меѓународното законодавство, земјите членки индивидуално одлучуваат за барања за азил.

– Владеењето на правото е темелен принцип на ЕУ, за земјите членки како и за земјите кандидати, очекуваме од сите страни да се однесуваат согласно со релевантните правила без политизирање.

ЕК потсетува дека „после години назадување“, Македонија „прави добар прогрес во владеењето на правото како што оцени Советот за општи работи во заклучоците од јуни 2018“.
Претходно денеска, еврокомесарот Јоханес Хан побара од Виктор Орбан објаснувања доколку се потврди дека му е одобрен азил на Груевски. Тој смета дека е нелогично Унгарија да ја поддржува Македонија за ЕУ, а притоа да ја смета за небезбедна земја.
21-11-2018, 02:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:„Груевски е осуден за корупција во Македонија, не може да добие азил“, вели европратеникот Јавор


21.11.2018
Унгарскиот европратеник од Зелените, Бенедек Јавор, му испрати официјално писмо на еврокомесарот за миграција  и внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос, во кое бара од Европската Комисија да го каже ставот за доделениот азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски од страна на унгарската влада.
Во писмото тој вели дека унгарските власти одобриле азил за Груевски кој под “сомнителни околности“ пристигнал во унгарската престолнина со помош на унгарските власти и таму побарал политички азил.
Тој потсетува дека Груевски е осуден за корупција во Македонија и ги набројува основите врз кои лице може да побара азил во ЕУ согласно директивата на ЕУ 2011/95. Во членот 12 параграф 12 стои дека државјанин на трета земја не може да добие статус на бегалец доколку тој сторил “сериозен неполитички злостор“.
-Бидејќи корупцијата не е еден од овие злостори, кои се сметаат за политички, верувам дека унгарската влада не беше во позиција да одобри азил за Никола Груевски. Затоа, би сакал да ве замолам да ме информирате за позицијата на Европската Комисија за тоа дали одлуката на унгарската влада е во согласност со европското законодавство и доколку не е, која е намерата на Комисија во овој случај, му напиша Јавор на Аврамопулос.



Дали набавка на мерцесдесот , во која никој не зел провизија за себе е сериозен злостор??
21-11-2018, 04:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4








23-11-2018, 12:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5



26-11-2018, 11:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Пред да замине од Македонија, Груевски им пишал на Хан, Могерини, Мијатовиќ и Дол

[Image: nikola-gruevski-vmro.jpg]

04.12.2018
Пред да побара политички азил и да замине од Македонија екс премиерот им пишал писмо на челниците од Европската Унија. Во писмото, од кое копија беше испратена и до Алфа, Никола Груевски бара меѓународни судии да извршат проверка на масовниот политички прогон во државата. Поранешниот премиер писмото го испратил до еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, еврокомесарката за надворешна политика Федерика Могерини, комесарот за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ и претседателот на европската народна партија Жозеф Дол.
Груевски во писмото наведува дека затворската казна му е изречена за целосно бесмислен и фабрикуван предмет – Тенк, бара ЕУ или друга европска институција, да ангажираат неколку врвни докажани судии од некоја од напредните земји членки на ЕУ кои ќе ги проучат предметите, доказите и на обвинителството и на одбраната, а би извршиле разговор и со обвинетите.
„Да присуствуваат на неколку рочишта и на крајот да одговорат – Дали во нивните држави тие предмети, со такви докази, тие обвиненија, би поминале или би биле отфрлени од судот и зошто. Тоа мислење се разбира нема да ја смени одлуката на локалниот суд, но ќе одговори на прашањето поврзано со политичкиот прогон во Македонија“ – пишува Груевски
Во писмото Груевски има и друг предлог, доколку првиот за Хан, Могерини, Мијатовиќ и Дол е неприфатлив, тој бара Унијата да испрати мисија во Македонија.
„Која ќе ги утврди фактите, повторно составена од професионални и политички независни судии од кривичната област…Секоја изјава во правец дека не смее никој да се прогласи за виновен доколку не постојат цврсти законски прибавени докази би била од корист за судиите и јавноста во Република Македонија. Секој повик во правец на напуштање на практикување на правото во функција на водење политика би била значајна “- пишува Груевски.
Во продолжение во 10 точки тој објаснува дека за време на судските процеси се соочувале со огромен број прекршувања на законите. Аудио материјалите кои СЈО ги користело како доказ се незаконски прибавени, пишува тој. Судот одбил нивно вештачење по барање на одбраната, а од друга страна дозволил за СЈО да вештачат лица без лиценци. Груевски наведува дека Судот делумно изразува лојалност кон актуелната власт, а дел од судиите живеат во голем страв да не бидат казнети ако постапат спротивно на очекувањата на СЈО, посочува Груевски.
На писмото стои датум 16 октомври. Апелациониот суд на 5 ти месецот, ја објави одлуката дека е одбиена жалбата на Груевски за затворската казна од 2 години за случајот со владиниот мерцедес.
[Image: keti-1-1-520x532.png]
[Image: keti-2-520x513.png]
[Image: keti-3-520x552.png]
[Image: keti-4-520x552.png]
[Image: keti-5-520x622.png]
[Image: keti-6-520x422.png]
05-12-2018, 12:05 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Груевски уловен во ресторан во Будимпешта

12.12.2018
Ова е нова снимка од Никола Груевски во Будимпешта, унгарски новинар го сними бегалецот во ресторан. Откако тој излезе воопшто не застана на новинарските прашања и се качи во црн џип.
Вчера за првпат беше објавена фотографија на екс премиерот од Будимпешт, каде е во друштво на Александар Трајковски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази баба.
Денеска еден месец по неговото бегство тој беше снимен и со камера во Будимпешта.



12-12-2018, 06:48 PM
Reply