Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
И МИЈАЛКОВ ВО ШУТКА!!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Мијалков e приведен вечерва во „Мериот“ и однесен во Шутка


[Image: mijalkov-saso.jpg]

20/11/2018
Поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков полицијата вечерва го спровела со лисици од скопскиот хотел „Мериот“, од каде што го однела во истражниот затвор во Шутка, потврдуваат извори од Кривичниот суд.
На Мијалков му е одреден притвор од 30 дена, на барање на СЈО, за случајот „Таргет – Тврдина“, велат од Специјалното обвинителство за Плусинфо.
По Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, Мијалков е третиот приведен функционер од поранешната власт откако екс премиерот Никола Груевски побегна и доби азил во Унгарија.



Razmisluva Razmisluva Razmisluva Razmisluva
20-11-2018, 10:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Апостолски: Незаконска е одлуката за притвор на Мијалков, ќе ја обжалиме

20/11/2018

[Image: saso_mijalkov-696x365.jpg]

Незаконска е одлуката за притворот на Мијалков, ќе ја обжалиме, изјави во дневникот на Канал 5, Антонио Апостолски, адвокат на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој вечерва беше привден во хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје и со лисици спроведен во затворот во Шутка.
Апостолски образложи дека пред да биде приведен Мијалков не бил сослушан, ниту пак му било приложено образложение за вечерашното приведување, поради што тој најави дека ќе ја обжали одлуката за 30 дневен притвор, на барање на СЈО, а за предметот „Таргет – Тврдина“.




20-11-2018, 11:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Мијалков поседувал 11 милиони евра на две сметки



[Image: .png]


21.11.2018
Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков кој беше приведен вчера во центарот на Скопје поседувал 11 милиони евра на две сметки кои биле на име на друго правно и физичко лице, но имало сознанија дека се всушност негови. Ова е дел од решението за притворот што му беше определен на Мијалков, а се темели на допи од Управата за финансиско разузнавање.
Специјалното јавно обвинителство имало и оперативни информации дека Мијалков ќе избега односно дека презема дејствија и активности кои укажуваат на сериозна опасност од бегство.
Притворот кој му е определен на поранешниот шеф на УБК е поради опасноста од бегство, а неговиот адвокат Антонио Апостолски рече дека ќе поднесе жалба на решението бидејќи судот не го сослушал обвинетиот.
Специјалното јавно обвинителство вчера побара, а судот му одреди притвор на поранешниот шеф на тајната полиција кој веднаш беше спроведен во затворот во Шутка. Притворот е побаран за еден од клучните предмети на СЈО, „Таргет - тврдина“ односно за масовното прислушување.
21-11-2018, 11:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Мијалков: Квадратурата на моќта и падот


Неговиот татко доби улица во Скопје, а тој затворска ќелија. Човекот на кој само небото му беше граница, кариерата ја привршува во простор „два на два“, каде првото интроспекциско прашање би било: вредеше ли сето ова?
   
[Image: 18271391_303.jpg]
Роднини и партнери - Сашо Мијалков и Никола Груевски


Катерина Блажевска 22.11.2018
Цела деценија само небото му беше граница. Моќта почна да ја гради врз сентиментот дека е син на првиот министер за внатрешни работи во независна Македонија, Јордан Мијалков. Ја зацврсти како прв братучед на деценискиот премиер Никола Груевски и ја зацементира како децениски директор на тајната полиција. Откако СЈО го товари со неколку обвиненија и нова истрага, и откако за првпат заврши во притвор, како да се потврди неговата омилената изрека - „каменот од блиску доаѓа“. Персонификација на „каменот“ денес може да се смета и самиот тој (со свој камен по своја глава), како свој „камен“ може да го смета и бегството на Груевски, но, пред се, оној „камен“ кој денес испливува од разни сметки и бизниси со кои го тенчеле државното конто на Македонија.
Почетоците на Мијалков не навестуваа дека еден ден тој ќе стане синоним за неограничена моќ. Роден е пред 53 години во Скопје, на „15 септември“, денот кој ВМРО-ДПМНЕ подоцна го претвори во синоним за неисполнетите предизборни ветувања на Црвенковски од 2002 година - дека ќе вработи по еден член од секое семејство. Тој своето прво вработување го реализираше неколку години претходно. Со диплома од Економскиот факултет во Прага, со тамошна магистратура во областа на бизнис администрација (1994) и со диплома од Економскиот факултет на УКИМ (1998), кариерата ја започна - во безбедносните структури! Од 1998 до 2000 година беше помошник-министер за одбрана и безбедносно разузнавање во Министерството за одбрана, од 2000 до 2001 година советник на министерот за одбрана, а до 2003 година државен советник за безбедносни прашања во Владата. Функцијата директор на Управата за безбедност и контраразузнавање ја извршуваше од 29.08.2006 година се до 12. 05. 2015 година, кога си поднесе оставка по „малата војна“ во кумановско „Диво насеље“.
Многумина тогаш сметаа дека сопругот на познатата македонска балерина, Александра Мијалкова, тој ден ја спуштил завесата на неговата сцена. Сепак -не! И потоа остана моќен играч во партијата, во бизнис круговите поврзани со него, во креирање на тактиките за релативизирање и одбрана од опозициските „бомби“, клучен во изборот на Христијан Мицкоски за партиски наследник на неговиот братучед и ред други внатреапартиски „дребулии“.


[Image: 18447351_401.jpg]
Сашо Мијалков на погреб на загинат полицаец во „малата војна“ во Куманово, 2015. година


Луѓе за следење
Неговиот збор зад јавната сцена дрмаше и во партијата и во државата цели десет години, наспроти апсурдот дека единственото интервју кое го беше дал во неговата кариера е можеби она од ноември 2013 година за „Дневник“. Во него, на новинарската забелешка дека безбедносните служби претходно биле како „швајцарско сирење“, тој ја пофали соопствена улога во надминувањето на таквата состојба.
„Тоа што го затекнавме во 2006 година беше во најмала рака срам и вџашувачко. Никаков систем на кариера, застарена организациска поставеност, централизираност и оддалеченост од граѓаните. Како некој намерно да сакал да ги девалвира службите, а преку нив да ја влоши и позицијата на земјава. На ниво на цело МВР имаше помалку 500 компјутери, а се уште се возеа автомобили 'застава 101' и 'голф2'. Целосно го обновивме возниот парк, набавивме 4 хеликоптери, реновиравме полициски станици, го имплементиравме проектот 'Безбеден град', воведовме 24-часовен видео надзор на сите гранични премини, го инсталиравме ТЕТРА - системот, инвестиравме милион евра во крим-технички лаборатории и реализиравме уште многу проекти и реформи во системот. Разликата е повеќе од очигледна“, изјави тогаш Мијалков.

  • [Image: 18443278_302.jpg]

    Македонија: Две години од Диво насеље
    Како по војна
    Ден по крвавите судири во кумановската населба Диво насеље, жителите најдоа разурнати домови. Многу објекти беа оштетени, а првично, речиси илјада граѓани беа привремено евакуирани. Животот денес, две години по крвавите настани, е вратен во нормала.
 
Кумановските настани го вратија вкусот на „швајцарското сирење“, истрагата за настаните од 27-ми април откри дека ТЕТРА-системот воопшто не работел, а идиличната слика за состојбите во МВР уште две години претходно лично ја демантираше министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Во една од „бомбите“ таа се пожали дека полицајците немаат униформи, дека спијат на ќебиња со ознака „ЈНА“, а заедно со Мијалков се согласија и дека „немаат кадри ни за леталата, ни за хеликоптите, ни за техниката“.
„Види Горде, од УБК одат многу луѓе у пензија, оперативата ни е многу опадната, а работата т.е обемот на работа многу зголемен... Ние мораме да направиме оператива, што значи, мене едно 100 души за УБК ќе ми требаат само за оператива, да знаеш... Од следење ни отидоа луѓе, од репродукција ни отидоа луѓе, значи неопходни ни се луѓе, не можеме да работиме...“, се жалеше Мијалков.
Но, се покажа дека „кадрите за следење и репродукција“ навистина биле неопходни. Мега-операцијата во која над 20.000 граѓани биле назаконски прислушкувани, откри врз какви методи Мијалков и неговиот братучед ја градале нивната моќ, како се спроведувало преземање бизниси, уценување, политички монтирани процеси, пресметки со политичките опоненти, сето тоа зачинето со наводен патриотски имиџ „сѐ за народот, сѐ за Македонија!“.


[Image: 18271388_401.jpg]
Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и Мијалков


Кој беше повлијателен?
Генерално, Мијалков беше сметан за личност со големо влијание врз помладиот братучед Никола. За таа улога говори и дописот што го откри Викиликс испратен до Вашингтон од американскиот амбасадор во Скопје, Филип Рикер, во август 2009 година. Само една година откако во 2008 влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, му се пожалил на Рикер: „Премиерот Груевски е многу млад и неговата младост се одразува врз одлучувањето“.
Рикер во дописот додал: „Ахмети е загрижен дека Мијалков има контакти и желба да ги провоцира тврдите албански елементи во Македонија да создаваат проблеми, кои Мијалков може да ги искористи за да оправда поширока акција против албанската етничка заедница“.
За влијанието на Мијалков врз Груевски се ширеа многу митови. Во озборувачките верзии за тоа „кој кому врзал шлаканица“, најчесто Мијалков беше претставуван како посилниот. Но, извори блиски до двајцата, тврдеа дека меѓу нив не само што има цврста врска од роднинска природа, туку тие постојано се договараат и координираат. Па дури и да оставаат јавен впечаток дека не се согласуваат, тоа сигурно е дел од нивен договор, со точно утврдена цел. И додека Мијалков го следеше имиџ на мангуп, љубител на луксузни автомобили, на патувања до егзотични дестинации и бонвивански начин на живот, човек поради кој се затвораа кафеани за да може да се забавува во целосна дискреција, Груевски градеше имиџ на работник 24/7. Она што протече меѓу овие два „профила“, беа голем број индиции за создавање богато бизнис портфолио. Мијалков стана синоним за успешни фирми во повеќе оф-шор дестинации, затскриени зад разни имиња од новата вмровска олигархија, но и во Чешка, каде неговите први бизниси од 1995 година наводно доживуваат невидена експанзија. Истрагата допрва треба да утврди дали една цела резиденцијална населба во Прага со околу 300 луксузни објекти и „сончево“ име, е дел од неговото богатство затскриено зад туѓи имиња и компании.


Бизнис почетоците“ се сврзани со избор на вистински партнер, парнерот кој гарантира успех!!

1992 /3 година, фирмата на тогашниот управник на Македонската царина, Станоевски, упати 3 камиони со „доматно пире“ на купубвач во Чешка , но децата, како деца при товарење направиле „грешка“ па наместо доматно пире товареле цигари а заборавиле да ги исправат документите и таму останало дека во камионите има доматно пире.
И една несреќа никогаш не оди сама , некој Чешки цариник побарал да се отворат камионите и ја открил „грешката“. ЈУГ-ТУРИСТ , превозникот остана без три камкони тие беа запленети во Чешка сосе товарот. Ама на испраќачот и на приемачот, во Македониа влакно од главата не им недостасуваше. Колку камиони со „погрешно“ товарена стока заминале за Чешка никој не истражи!!

пс. Фрчко и Богоевски говореа и за кинење на кривични пријави за насилсво, трговија со дрога. Значи партнерот е битен во бизнисот ама за вистинскиот партнерот на Бате Саше не е препорачливо да се говори!!
23-11-2018, 12:24 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:КОД: Поранешен заменик министер и тројца пратеници биле со Мијалков кога „алфите“ го апселе







Речиси скриениот Лаунџ бар во Мериот очигледно бил за блиски луѓе на Мијалков. Иако имало и не препознатливи лица сепак вечерта тој бил во друштво на најмалку тројца пратеници. Крсто Муковски,  Сашо Василевски и Нола Исмаиловска Старова– се пратениците кои очевидците кои присуствувале на апсењето ги виделе. И тие биле изненадени од упадот на алфите и апсењето.
Не е тајна дека токму Мијалков важеше за човек кој посредуваче мешу Заев односно владата и осумтенмината кои гласаа за уставните амандмани. Муковски и Василевски излегоа од куќниот притвор за да влезат во парламентот и да кренат рака за уставните амандмани.
Сега би биле и на листата амнестирани за крвавиот четврток доколку се исполнат најавите на Заев. Што правеле со Мијалков таа ноќ во Мериот не коментираат. И тие заедно со Мијалков се исклучени од ВМРО ДПМНЕ по налог на Мицковски. Но Мицковски со тоа не ја исклучи врската на Мијалков со партијата.  Токму на ноќта на апсењето  во Лаунџ барот е и Билјана  Бришковска.
Каков состанок имале никој не открива но поради тоа што се таму со Мијалков се постави во јавноста прашањето како тоа ќе влијае на понатамошното гласање за уставните амандмани кај пратениците кои тој ги договорараше да гласаат „за“. Се завршило мирно и без инциденти а до денеска ниту СЈо ниту судот ниту полицијата не е објаснија  како и кога планирал Мијалков да избега   како што е наведено во барањето за негов притвор од страна на СЈО.
Приведувањето е изведено и брзо и ефикасно, а факторот изненадување спречил одолжување на драмата. Мијалков е уапсен вечерта на 20-ти ноември. Дента бил во суд каде имаше рочиште за Тортура, случај во кој и Мијалков е обвинет.
Со кого бил екс директорот на УБК во хотелот каде бил уапсен, кој му го толкувал решението за притвор, со кого се поврзани парите откриени во Монако. Тимот на КОД истражуваше како се одвивало апсењето на Груевски, до каде е потрагата по одговорните за бегството на Груевски и како се одвива помирувањето.
(This post was last modified: 25-11-2018, 08:03 PM by ЈорданПетровски.)
25-11-2018, 08:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6



27-11-2018, 02:08 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Мијалков доби 30-дневен притвор и за предметот „Империја“

02.12.2018
Поранешен директор на УБК Сашо Мијалков од судија од претходна постапка доби уште една мерка притвор од времетраење од 30 дена. – Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, судија на претходна постапка од Основен суд Скопје 1-Скопје, го прифати предлогот на Обвинителството и на С.М. му одреди 30-дневен притвор за предметот познат на јавноста како „Империја“, потврдија за МИА од Основниот суд. Мијалков веќе се наоѓа во притвор во затворот „Шутка“, откако судот на 20 ноември му одреди притвор од 30 дена на барање на СЈО за предметот „Таргет – Тврдина“. Истрагата „Империја“ е против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело. Во притвор веќе се Јордан Камчев, Цветан Панделевски, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Тодор Мирчевски.
02-12-2018, 03:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:СЈО ПОБАРАЛО УКИНУВАЊЕ НА ПРИТВОРОТ ЗА „ТАРГЕТ-ТВРДИНА“, НО И ПРИТВОР ЗА МИЈАЛКОВ ЗА „ИМПЕРИЈА

[Image: mijalkov.jpg]

Љубиша Станковиќ 02.12.2018
Специјалното јавно обвинителство вчера попладне до скопскиот кривичен суд излегло со два предлога: Со првиот предлог обвинителството побарало укинување на мерката притвор за Сашо Мијалков за предметот наречен „Таргет-Тврдина“, а со вториот предлог да му се изрече притвор, но за случајот „Империја“.
Првото барање на СЈО е прифатено, односно уважен и тој е укинат. Жалба, по оваа одлука не го одлага извршувањето, а вториот предлог, со кој се прифаќа изрекување мерка притвор за „Империја“ се однесува на кривични дела од член 394 и 273 став 5 , односно за пријавување на кривични дела и за дополение на доказна постапка, а притворот се однесува на член 165 точка 1 и точка 2 односно на постоење на опасност од бегство и за влијание врз сведоци.
Кривичната истрага за предметот „Империја“ формално беше отворена пред дне седмици кога јавно беа соопштени имињата на осомничените: Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска-Камчева, Христина Камчева-Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски. Споменатите, според СЈО, се сомничат дека сториле кривични дела: злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.
Петмина од нив, односно Орце Камчев, Цветан Панделевски, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Тодор Мирчевски, но од СЈО најавија дека листата на осомничени, како и износите на злоупотребени или испрани пари, ќе се зголемува. Засега во „игра“ се нешто преку 10 милиони евра испрани пари и затоа СЈО побара и доби блокада на сметки и забрана за оттуѓување на фирмите. „Орка холдинг“, „Систина“, Земјоделски комбинат „Пелагонија“, „Ексико“ и уште неколку други.
02-12-2018, 06:49 PM
Reply