Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ ГРУЕВСКИ КЕ БИДЕ ЕКСТРАДИРАН ?
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:
Европската конвенција и Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, правен основ за екстрадиција на Груевски


Напишано од МИА  19/11/2018 

[Image: ministerstvo-za-pravda-696x365.jpg]
Министерството за правда забрзано работи на комплетирање на потребната документација за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, но не посочуваат кога точно ќе биде завршена и испратена во Будимпешта. Велат дека поради сензитивноста на материјалите, засега не можат да дадат повеќе информации.
Од Министерството нагласуваат дека има правен основ Македонија да побара екстрадиција од Унгарија за Груевски, а тоа е Европската конвенција за екстрадиција и Законот за меѓународна соработка во кривичната материја.
Груевски, по бегството кое уследи откако требаше да се јави на издржувањето на двегодишната затворска казна за набавката на владиниот „луксузен мерцедес“, побара политички азил во Унгарија. Во македонското Министерство за внатрешни работи беа отворени две истраги. Со нив треба да се утврди како избегал Груевски и дали некој од полицијата му помогнал, по што се очекува МВР да излезе со детали.
Досега, македонското МВР и Обвинителството не излегоа со официјални информации за бегството и движењето на Груевски и за тоа каде се пропустите во целиот случај.
Она што досега се знае за рутата по која се движел Груевски, а за што потврда стигна од албанската полиција, е дека тој бил на албанска територија и од таму преку преминот Хан Хоти се упатил кон Црна Гора. Портпаролот на албанската полиција за АТФ изјави дека Груевски во Абанија несомнено влегол пеш, бидејќи неговиот влез не е регистриран на ниту еден граничен премин меѓу Македонија и Албанија. Од Албанија влегол во Црна Гора од каде, според српските и црногорските медиуми, кои се повикуваат на дипломатски извори, влегол во Србија преку граничниот премин Добраково, а оттаму заминал за Унгарија.
Дел од домашните медиуми вчера ја пренесоа и информацијата на бугарски „Фокус“ дека Груевски ја напуштил Унгарија и заминал за Турција или Русија. Но, од македонското МВР велат дека според официјалните информации што ги имаат, Груевски и натаму е во Унгарија каде што чека политички азил.
Со стапувањето во сила на Законот за меѓународна соработка во кривичната материја во декември 2013 година како новина е воведена скратена постапка за екстрадиција, која му дава можност на бараното лице да се согласи да биде предадено на правосудните органи на сопствената земја, без при тоа да биде спроведена формална постапка за екстрадиција. Во оваа постапка роковите за преземање се многу кратки и рокот го одредува државата во која лицето е притворено.
Од досегашната пракса рокот за преземање при скратена постапка се движи од еден до два месеца, но има и случаи кога може скратената постапка да биде реализирана и во рок пократок од 30 дена.



Јас сум убеден дека нема да биде екстрадиран. Груевски побарал азил врз база на ДОНЕСЕНЕ ПРЕСУДА а која е се само не пресуда за криминал.
(This post was last modified: 19-11-2018, 11:21 AM by ЈорданПетровски.)
19-11-2018, 11:20 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Генијалецот Заев и неговите експертутки имаат уште една идеа како да се обезбеди екстрадикција на Груевски од Унгарија. Налудничава е до безумие ама еве ке ја пренесам.







Властите на Унгарија го соопштија онаа на што се обврзани а тое е дека Груевски е во Унгарија и дека од Унгарија побарал азил во амбасадата во Тирана.
Заев по се ке има некој сериозен проблем ако не го смени името, бидејки заговара ваков налудничав потег!!
Одобрувањето на азил на Груевски во земја членка на ЕУ ке биде доказ за некои членки на ЕУ дека Македонија не е демократска држава и дека од реформите кои ги бара ЕУ и НАТО нема ни Р а тоа ке значи недавање согласност ниту за влез во НАТО ниту согласност за почеток на преговорите за влез во ЕУ!
19-11-2018, 12:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Унгарската Влада ја исклучува можноста за екстрадиција на Груевски

МИА 21/11/2018 

[Image: gruevski.jpg]

Унгарската Влада ја исклучува можноста за екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Македонија, изјави денеска унгарскиот министер за правда Ласло Трочани.
– Груевски откако доби азил во Унгарија не може да биде испорачан во земја во која e цел на прогон – кажа Трочани во интервју за унгарската телевизија „Ехо“
Унгарската служба за имиграција и бегалци вчера му одобри политички азил на Груевски, по кого Македонија распиша меѓународна потерница заради издржување на двегодишната затворска казна.
Македонското Министерство за правда вчера до унгарските власти го достави и барањето за екстрадиција на Никола Груевски од Унгарија.
21-11-2018, 01:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Бошњаковски: Наводите за азил се лажни, Груевски ќе биде екстрадиран во Македонија


November 21, 2018

[Image: images_mile.bosnakovski.vlada.24info.jpg]

Бошњаковски: Наводите за азил се лажни, Груевски ќе биде екстрадиран во Македонија

Груевски ќе се врати во Република Македонија и тука ќе ја отслужи казната. Наводите во барањето за азил се целосно лажни и очекуваме дека унгарските власти ќе ја отповикаат одлуката за азил и дека Груевски ќе биде екстрадиран, изјави портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.
На прес-конференција рече дека постапката за  екстрадиција е почната, документацијата е пратена во Владата на Унгарија и дека таа е одделна од постапката за азил, односно двете постапки воопшто не се во корелација.
-Унгарија е земја членка на Европската Унија и на НАТО која досега во сите постапки на екстрадиција кои постоеле помеѓу Република Македонија и Република Унгарија во ниту еден момент не било укажано дека постојат одредени неправилности во судските процеси во Република Македонија, како што е во овој случај со Никола Груевски. Кристално јасно е дека наводите во барањето азил се лажни, барањето за екстрадиција е испратено. Груевски не го бараме само за да ја одлежи казната во Република Македонија, пресудата од две години затвор, туку тој се бара и за повеќе други истраги и судски процеси кои се во тек. Тоа значи дека барањето за екстрадиција е целосно, темелно и овозможува дефинитивно негово враќање во Република Македонија, рече Бошњаковски.
На прашањето каде се пропустите и  кој е одговорен за бегството на Груевски од кое поминаа десет дена, а нема информации, владиниот портпарол одговори дека се водат две постапки во МВР и кога сите информации ќе бидат утврдени, детални и темелни, ќе бидат презентирани во јавност.




Азилот нема да биде одземен. Пресудата за мерцедесот е доказ дека судството работело по желба на власта па затоа и мечка да родите вие од СДСМ неможете да го побиете азилот.
21-11-2018, 08:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Државниот секретар за јавна дипломатија му ги објасни на Хан причините зошто Груевски добил азил


21.11.2018
Комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан на „Твитер“ денеска побара објаснување од унгарската Влада за доделување на политичкиот азил на Никола Груевски.
На неговото „барање“ му одговори државниот секретар за јавна дипломатија, Золтан Ковач кој му напиша да почне да го чита неговиот извештај од март 2018 година за Македонија во кој што тој навел „ризик од политичко влијание на судството“.


[Image: 5286670477693139076.jpg]


Ковач на Хан му го издвои делот од извештајот за Македонија од 2018 година каде се наведува дека потребни се понатамошни напори за да се сменат последиците од минатиот период и да се гарантира целосна независност на судството во пракса.
Тој наведува и дека се уште останува ризикот од политичко мешање во судството.

[Image: 3137431175209013713.jpg]
21-11-2018, 08:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Реагираше и европарламентарецот Милан Звер од Словенија, кој го упати Јоханес Хан одговорноста да ја бара кај Зоран Заев и неговата влада, како и да започне со истрага во Македонија на основа на констатираните повреди на човековите права во азилот издаден од Унгарија за Никола Груевски, во кој е забележана суштинска повреда на човековите права и нарушување на независноста на судството.


[Image: zver.jpg]


Звер ја повика Европската Комисија да спроведе истрага, а како што пишува, изненаден што веќе ЕК не започнала истрага за нарушување на независноста на судството во корист на политичкиот прогон против Груевски. Факт кој е констатиран и во азилот издаден во Унгарија.
21-11-2018, 11:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Европарламентарците утре ќе побараат екстрадиција на Груевски во Македонија

27/11/2018
Во пресрет на дебатата и гласањето за резолуцијата на Европскиот Парламент за Македонија, се очекува дека амандманот во којшто се бара екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски од Унгарија, ќе биде поддржан од мнозинството европратеници.
Заменик-министерот за надворешни работи на Македонија, Андреј Жерновски, во пресрет на ова гласање, овие два дена остварува бројни средби со европратеници од сите политички групи во Европскиот Парламент. Тој за МИА вели дека очекува поддршка за амандманот на социјалдемократите на гласањето в четврток.
– Остварив средби со сите политички групи, и имам впечаток дека ке биде поддржан амандманот на Социјалдемократите, а зошто не и оној на Зелените. Она што е важно е што чувствуваат потреба да влезе делот околу бегањето на поранешниот премиер во извештајот – истакнува Жерновски.
Минатата недела амандмани поднесоа социјалдемократите и зелените, но амандманот на зелените е „поостар” кон Владата на Виктор Орбан.
Поддршка за амандманот на социјалдемократите очекува и европратеникот од оваа група Кнут Флекенштајн, кој за МИА вели дека утре ќе добие поддршка вклучително и од „големи делови од Европската Народна Партија, секако без унгарските европратеници”.
– Станува збор за градење на владеење на правото, ова не е мала грешка. Тој исчезна во земја членка на ЕУ. Тоа е спротивно на владеењето на правото, не го толерираме тоа во земји кандидати и сигурно нема да толерираме земји членки да го саботираат владеењето на правото – вели Флекенштајн.
Европратеникот е уверен дека прашањето за азилот на Груевски во Унгарија нема да остане само на извештајот на Европскиот Парламент и порачува оваа институција наскоро да отвори поширока дебата на таа тема.
– Најдоцна во јануари ќе го отвориме прашањето, но не знам во која форма, во најмала рака во резолуција – изјави Флекенштајн.
Азилот и барањата за екстрадиција на Груевски засега не предизвикаа бурни реакции во Брисел, посебно во Европската Комисија и кај земјите членки, но Жерновски тврди дека ова прашање нема да се одрази врз македонските евроатлантски аспирации.
– Имам впечаток дека се доста внимателни бидејќи станува збор за земја членка на ЕУ и со самото тоа зборуваме за ЕУ во целост. Ми остави впечаток тоа што тврдат дека случувањата околу Груевски нема да се одразат на нашите апсирации, напротив Македонија останува позитивен пример – вели Жерновски, кој утрово оствари средби и со соработниците на високата претставничка за надворешни работи, Федерика Могерини.
Тој се сретнал со европратениците Елмар Брок од ЕПП, Ханс Ван Бален од Либералите, Рајнхард Бутикофер од Зелените и Тони Пицуула од Социјалдемократите. Жерновски утре ќе се сретне и со европратеникот од Сириза, Димитриос Пападимулис, како и со известувачот за Македонија, Иво Вајгл, а имал средба и во НАТО Алијансата, соопштуваат од неговиот кабинет.
За резолуцијата за Македонија ќе се дебатира утре вечер на мини пленарна седница на Европарламентот, а ќе се гласа утредента.



Уште едно замајување на северномаќедонците!!
27-11-2018, 09:36 PM
Reply