Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МАНИФЕСТ ЗА ЕВРОПСКА РЕПУБЛИКА, НОВА УТОПИЈА НА ЛЕВИЦАТА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Конечно поданиците на ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА го обзнанија својот план, план во кој влегува и Северна Македонија. Дали причината за обзнанување на планот е дека се сигурни во победата, оставрување на планот или пак се веке свесни за поразот



Quote:МАНИФЕСТ

Денес, во 14ч на 10 ноември 2018, 100 години по завршувањето на Првата светска војна, која што и` остави децениски загуби на европската цивилизација, не само што се повикуваме историски: туку ја преземаме нашата иднина во своите сопствени раце!
Време е да се врати ветувањето вградено во реалноста на Европа и да не потсети на основачките идеи кои стојат зад проектот за европски интеграции.
Потврдуваме дека секој присутен во овој момент во Европа, е граѓанин на Европската република. Потврдуваме и ја прифаќаме нашата одговорност за заедничко културно наследство на Универзалната декларација за човечките права, и се обврзуваме конечно да ја направиме реалност.
Свесни сме дека европското богатство е базирано на експлоатацијата на другите континенти  и потценувањето на другите култури низ вековите. Затоа, среќни сме да ја споделиме нашата територија со оние кои се изгонети од своите. Секој кој сака може да стане европјанин. Европската република е првиот чекор на патот кон глобалната демократија.

Европа како држава на нации пропадна.

Визијата за европските интеграции беше изиграна.

Без политичка поддршка, единствениот европски маркет и еврото лесно запаѓаат во  неолибералната агенда на искористување која трча наспроти целта на социјалната правда.

Моќта на европските институции затоа мора да биде исполнета за да стандардниот маркет и стандардната валута можат да се креираат во рамките на заедничката европска демократија.

Бидејќи Европа значи соединување на луѓето, не интегрирање на државите.


Сувереноста на државите тука е заменета со сувереноста на граѓаните. Европската република е основана врз база на принципите на универзалната политичка еднаквост растеретена од националност, општествена или етничка позадина. Конститутивните елементи на Европската република се европските граѓани и региони. Дојде време европската културна разноликост да се изрази во рамките на политичкото соединување.

Европскиот совет затоа е распуштен. 
Европскиот парламент сега има моќ да создаде закон. 
Ќе назначи  влада посветена на заедничките добра на сите европски граѓани.

Да живее Европската република!


Превод од англиски на македонски јазик – Иванка Апостолова Баскар



Manifesto


ДА СЕ ЗАПОЗНАЕТЕ  СО ТВОРЦИТЕ НА ПРОЕКТОТ ЕВРОПСКИ ЧАРДАК
(This post was last modified: 12-11-2018, 04:01 AM by ЈорданПетровски.)
12-11-2018, 03:35 AM
Reply