Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СЈО ОТВОРЕНА НОВА ИСТРАГА „ИМПЕРИЈА“
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ОТВОРЕНА НОВА ИСТРАГА „ИМПЕРИЈА“


[Image: image.png]


09.11.2018
Ја известуваме јавноста дека по спроведена опсежна предистражна постапка, во која се преземени десетина предмети кои се воделе пред надлежни обвинителства и врз кои воспоставена е надлежност на ова Јавно обвинителство, денес е отворена истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело. Во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост.
Во текот на денешниот ден од страна на ова Јавно обвинителство, во соработка со МВР, беа извршени 12 претреси и лишени се од слобода пет осомничени лица, кои во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка и за кои ќе бидат побарани мерки за обезбедување присуство.
Во скоро време се очекува и проширување на истрагата кон нови лица и за нови кривични дела, а во насока на обезбедување на имотно – правните барања од оштетените лица и обезбедување на предметите кои потекнуваат од кривичните дела ќе бидат побарани и мерки за привремено обезбедување на имот.
За мене оваа е само представа за наивните.
(This post was last modified: 09-11-2018, 02:53 PM by ЈорданПетровски.)
09-11-2018, 02:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:СЈО влегува во „империјата“ на Мијалков и Камчев[/url]

[Image: %D1%82%D0%B0%D1%80.jpg]

 9 ноември, 2018[url=https://makfax.com.mk/author/kristijanl/] Кристијан Ландов

СЈО по спроведена предистражна постапка отвори нова истрага под кодно име „Империја“  против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“.
„Оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело. Во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија, како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост“, стои во соопштението на СЈО.
„Во текот на денешниот ден од страна на ова Јавно обвинителство, во соработка со МВР, беа извршени 12 претреси и лишени се од слобода пет осомничени лица, кои во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка и за кои ќе бидат побарани мерки за обезбедување присуство. Во скоро време се очекува и проширување на истрагата кон нови лица и за нови кривични дела, а во насока на обезбедување на имотно-правните барања од оштетените лица и обезбедување на предметите кои потекнуваат од кривичните дела ќе бидат побарани и мерки за привремено обезбедување на имот“, додаваа
09-11-2018, 02:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Уапсените во истрагата „Империја“ на СЈО донесени пред суд


 9 ноември, 2018

[Image: 45713019_1156488444502717_2311853145929547776_n.png]


Уапсените во новата истрага отворена од страна на СЈО под кодното име „Империја“ почнаа да се изведуваат пред судот.
Од СЈО официјално не ги потврдуваат имињата на приведените, а според неофицијални информации, меѓу нив е бизнисменот Орце Камчев.



[Image: 45634166_192136194997456_645413062223016...00x600.jpg]




Новата истрага на СЈО е поврзана со перење пари, злоупотреба на службата и повластување на доверители. Меѓу уапсените е и Цветан Панделески, кој е бизнис-партнер на Камчев и татко на Дејан Панделески, кој е кумашин на поранешиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Новата истрага од страна на СЈО под кодното име „Империја“ е против Орце Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.





Оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело. Во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија, како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост“, стои во соопштението на СЈО.

Специјалното јавно обвинителство од 6 часот утринава вршеше претрес во „Орка холдинг“, компанијата на бизнисменот Орце Камчев.
09-11-2018, 02:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Камчев: Отворени сме за соработка со СЈО, моите компании вработуваат 3000 лица


 - 9 ноември, 2018
[Image: 20180916184701.jpg]


„Орка холдинг“, чиј сопственик е Орце Камчев, а за кого СЈО отвори истрага под кодното име „Империја“, извести дека тие се отворени за соработка со СЈО и со сите други институции.
„Би сакал да ја информирам јавноста дека како сопственик на повеќе компании во Македонија, кои вработуваат над 3000 лица, максимално сме отворени и транспарентни за секој инспекциски надзор. Компаниите во кои сум сопственик, под целосна одговорност,  изјавувам дека ги почитуваат позитивните законски прописи во Македонија и токму поради тоа верувам дека многу брзо ќе се отстрани секаков сомнеж околу нивното работење. Отворени сме за соработка со СЈО, како и со сите други државни институции во земјава, а пред сè во интерес на одржување на квалитетна бизнис-клима и економските проспиритет во земјава“, вели Орце Камчев.
09-11-2018, 03:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Камчев не е приведен

09/11/2018


[Image: kamcev.jpg]


Бизмисменот Орце Камчев не е еден од петмината приведени во новата истрага на СЈО „Империја“ против 13 лица.
Петмината приведени треба да бидат спроведени пред судија на претходна постапка, кој треба да одлучи по барања на СЈО. Во соопштението од обвинителството објавија дека за нив се бара мерки на обезбедување, но дали станува збор за притвор, одземање на пасоши или други мерки на претпазливост засега нема потврда оттаму.
09-11-2018, 03:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:СЈО бара притвор за Камчев и за уште четворица осомничени во „Империја“


[Image: kamcev-696x451.jpg]


09.11.2018
СЈО бара притвор за петмина осомничени во најновата истрага „Империја“, и тоа за Јордан Камчев, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Тодор Мирчевски и за Цветан Панделески, дознава „Фокус“ од сигурни извори.
Четворица од осомничените веќе се во Кривичниот суд, а секој момен во судот се очекува да биде донесен и Камчев, по што се очекува во текот на ноќта да им биде извршен распит од судија на претходна постапка кој ќе одлучи дали ќе ги испрати во притвор или ќе им одреди друга мерка на претпазливост.
Како што дознаваме, СЈО инсистира на притвор поради опасност од бегство и влијание на осомничените врз сведоци. Исто така во обзир го земале и фактот што дел од нив имаат двојни државјанства и голема имотна сотојба.
Од СЈО денес информираа дека е отворена истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.
Во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост, информираа од СЈО.


Quote:Камчев со возило спроведен на распит во Кривичниот суд




[Image: kamcev-sud-kola.jpg]



09.11.2018
Бизнисменот Орце Камчев пред неколку моменти со возило беше донесен во Кривичниот суд во Скопје. Возилото влезе директно во гаражите и тој не се појави во јавноста, известуваат репортерите на Алсат.





Претходно попладнево и дел од другите осомничени во случајот на СЈО, „Империја“, беа изведени на распит пред судија на претходна постапка.
Во текот на вечерва судијата треба да изврши распит по што ќе следува одлука дали ќе ги испрати во притвор или ќе им одреди мерка на претпазливост.
Во оваа истрага на Катица Јаневао сомничени се тринаесет лица, а освен Камчев, меѓу нив е и поранешниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков. Предистрагата на СЈО покажала дека има основи да ги гони за неколку дела – злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба, како и измама и перење пари од периодот 2002 до 2013.
09-11-2018, 07:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:30 дена притвор за Орце Камчев

 
[Image: download.jpg?itok=pHXFpq_t]
10.11.2018
Орце Камчев доби 30 дена притвор за случајот Империја на СЈО. Притвор има и за Ненад Јосифовиќ.
За останатите се уште се чекаат решенијата на судијата на претходна постапка.
Во моментов изјава дава обвинителката Катица Јанева.
10-11-2018, 02:36 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Триесет дена притвор за бизнисменот Орце Камчев

2 часа - 10 ноември, 2018
Од
Мери Јордановска

[Image: 45793329_617574082400969_8240760876185944064_n-1.jpg]

Триесет дена притвор за бизнисменот Орце Камчев, неговиот соработник Ненад Јосифовиќ, директорот на „Ексико“ Тодор Мирчевски, Цветан Панделески, директор на ЗК Пелагонија и за Зорица Арсовска, сметководител во фирмите на Камчев. Ова е одлуката на судијката по претходна постапка за случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), по речиси десетчасовен распит на петмината приведени од вкупно 13 осомничени.
Околу 2.30 часот утринава, дел од осомничените беа спроведени во Истражниот затвор во Шутка. Тие се сомничат за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари.
Претходно, обвинителката од СЈО Лиле Стефанова која го води случајот, заедно со Катица Јанева, пристигнаа во судот да ги подигнат решенијата за притвор за Камчев и Јосифовиќ, додека другите решенија сè уште се изготвуваа.


[Image: 45698621_470740740117303_100679342856811...00x389.jpg]

Осомничените за „Империја“ влегуваат во Истражниот затвор
Петмината осомничени кои беа приведени почнаа да пристигнуваат на распит во Кривичниот суд вчера околу 14 часот. Последен пристигна бизнисменот Орце Камчев, кој беше донесен со возило директно во гаражата на судот.
Претресот во просториите на Орка Холдинг почна вчера, околу 6 часот утрината со асистенција на Одделот за сузбивање организиран криминал и корупција.
„Империјата“ на СЈО ги отвори прашањата за сестринските фирми и оф-шор компании кои се поврзуваат со бизнисменот Орце Камчев, но од обвинителството не соопштија конкретно за што станува збор. Она што е познато во јавноста е дека станувало збор за еден од пообемните предмети кој долго време бил во предистражна постапка од повеќемина обвинители на СЈО.
Еден од сегментите на истрагата е и контроверзната оф-шор компанија од Лугано, Ексико, понатаму фирмата НВСП за која во аудиоснимките на СДСМ можеше да се слушне дека ексдиректорот на УБК Мијалков договорал милионски провизии со Израелците за набавка на опрема за прислушување, но она што е најголем заеднички именител за повеќето осомничени се фирмите Орка Холдинг, Жито Полог Тетово и земјоделскиот комбинат Пелагонија од Битола.
Пред да почне распитот во Кривичниот суд, двајца од осомничените, Камчев и Панделески се огласија со соопштенија во кои се вели дека нивните фирми вработуваат многу лица и дека нивната работа се базира на транспарентност и одговорност.
Од СЈО најавија дека во скоро време ќе ја прошират истрагата за нови лица и за нови кривични дела и ќе бараат замрзнување на имотот.


[Image: 45634166_192136194997456_645413062223016...00x600.jpg]

Цветан Панделески, директор на ЗК Пелагонија влегува на распит во Кривичниот суд
Во прилог „Макфакс“ прикажува кои се осомничените лица во случајот „Империја“:
Јордан (Орце) Камчев – директор на Орка Холдинг, Аџибадем Систина, Лајф кеар сентар, поранешен неизвршен член на Одбор на директори на Бетон Штип, неизвршен член на Одбор на директори на ЗК Пелагонија
Сашо Мијалков – поранешен директор на УБК
Ненад Јосифовиќ – близок соработник на Камчев, член на Надзорен одбор на Стопанска банка Битола
Цветан Панделески – директор на ЗК Пелагонија АД Битола, поранешен неизвршен член на Одбор на директори на Бетон – Штип, татко на Дејан Панделески, директор на Пелистерка
Ратка Куноска Камчева – мајка на Камчев и неизвршен член на Одбор на директори на Орка Ходинг
Кристина Камчева Стојческа – сестра на Камчев и неизвршен член на Одбор на директори на Жито Полог Тетово, Кара АД, Монт ДООЕЛ, Орка Фајнанс ДООЕЛ и О.К хотел ДООЕЛ Скопје
Зорица Арсовска – сметководител во фирмите на Камчев, неизвршен член на Одбор на директори на Жито Полог, неизвршен член на Одбор на директори на ЗК Пелагонија, неизвршен член на Одбор на директори на Орка Холдинг
Лилјана Гајдоска – правник во фирмите на Камчев, неизвршен член на Одбор на директори на ЗК Пелагонија
Владислав Стајковиќ – сопственик на НВСП, доскорешен директор на „Мобико“ и поранешен директор на „Финзи“
Тодор Мирчевски – директор на „Ексико“, поранешен неизвршен член на Одбор на директори на Бетон – Штип, неизвршен член на Одбор на директори на ЗК Пелагонија, неизвршен член на Одбор на директори на Жито Полог
Ванче Мијалчев – извршен директор на Бетон Штип
Јованче Тасковски – брокер и овластено лице во ДИС- Архивирај ДОО Скопје
Дејан Јанев
10-11-2018, 04:46 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:(РАС)ПАДОТ НА ЕДНА „ИМПЕРИЈА“

Љубиша Станковиќ   11.11.2018

[Image: .jpg]

Фирмите кои се дел од империјата на семејството Камчеви, односно на нивната холдинг комапнија се занимаваат и со здравство и со банкарство и со земјоделие и со медиуми и со угостителство и со кој знае уште што

Мора да убаво чувстото кога на 20-годишна возраст поседувате фирма која не само што го носи вашето име, туку е и голема и успешна? Веројатно ретки се оние кои знаат како е тоа да бидеш директор во фирма, иако уште „не си се испилил“. Е еден таков е сега притворениот Орце Камчев кој стана газда на „Орка спорт“, иако, реално бизнисот го водеа неговите родители.
Како одминуваа годините така растеше и бројот на фирми кои стануваа дел од сопственоста на семејството Камчеви за на крајот да станат холдинг комапнија која се занимава и со здравство и со банкарство и со земјоделие и со медиуми и со кој знае уште што?
Имеперијата на Камчеви се градеше со години, но последнава деценија таа имаше исклучително забрзан развој зад кој не секогаш стоеше капитал, туку моќ која произлегуваше од режимот кој владееше повеќе од една деценија.
Апсењето и притворањето на Орце Камчев за некои претставува изненадување, бидејќи тој за себе изгради мислење дека е недопирлив и дека никој ништо не му може.
Ваквото верување своја поткрепа има по случувањата од далечната 2005. година, кога Орце Камчев, поради закана со притвор за сторен економски криминал замина на најдолгиот годишен одмор во историјата на туризмот!
Иако за него имаше потерница, враќањето на Камчев во земјава беше договорена работа и тој, и покрај бегството, не мина ниту еден час во притвор!
Дали тогаш за Орце Камчев се завземал Тито Петковски, како близок пријател на семејството Камчеви, дали му помогнал неговиот „два пати-тест“ Трифун Костовски или, пак, Михајло Маневски ќе остане непознато, но тој во притвор не влезе, а и судската постапка која се водеше остана незабележана и секако со ослободителна пресуда.


[Image: InkedOrka-MPM_LI-300x224.jpg]


Од сето ова, на јавноста и остана само да се сеќава на вработените во „холдингот“ кои пред телевизиски камери беа вадени од картонски кутии во кои претходно биле криени!
Орце Камчев беше млад социјалдемократ, неговиот татко „тежок“ вмровец, а дедо му, од прво-втората жена најверојатно требаше да го обезбеди „третиот пат“ и со тоа да ја осигура имепријата на Камчеви?!
Печатење на маици за потребите на спротиставената политичка опција како да беше вовед во некои помирни води, но кога истата таа опција, пред 12 години, дојде на власт тој имаше ширум отворени врати.
Денеска ретко кој ќе сети дека Орце Камчев бил кандидат за пратеник од редовите на СДСМ и тоа со само 24 години. Од таа 1994. година не се памети ниту неговиот пораз од математичарот Данило Глигоровски, ниту палењето на џипот за кој Камчеви „дебело“ се обештетија.
За само една деценија „Орка холдинг“ ќе прерасне во фирма која ќе се занимава се се и сешто. Едноставно за се ги биваше луѓето. Дури и за „бапнување“?! Но, во таа деценија ретко кој гласно зборуваше за криминал и криминални купувања на удели и акции во успешни компании. Влезот на истражителите на Специјалното јавно обвинителство само не потсети дека Орце Камчев не е сопственик и акционер исклучиво во „КБ Аџибадем Систина“, „Систина Нефроплус“ или на ресторанот „Сушико“, туку и на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“од Битола и во битолските “Пелагонија Енерџи“ и во „Стопанска банка-Битола“, во тетовски „Жито Полог“, во млекарницата „Здравје Радово“, во „Бетон-Штип“, во хотелите „Мериот“ и „Ибис“, во „Монт“, во „Кара“ и во некогашната јапонска болникца „Токуда“, а која што сега се нарекува „Аџибадем Сити Клиник“.
Кога посака да го изрекламира купувањето на софиската болница Камчев со себе „влечеше“ и новинари од сите дневни весници кои ги издаваше „Медиа Принт Македонија“, а чиј што косопственик беше и шефот на империјата „Орка холгинг“!
Орце Камчев, сакаше за него да се пишува како најбогатиот Македонец, но тој ја разбра сериозноста на политичкиот момент и во декември 2016 година, на крајно конспиративен начин ја напушти „МПМ“. Објавата за напуштање на три деневни весници и еден неделник се случи во време на штрајк. Дали тој си го повлече својот удел во „МПМ“ од 1,33 милиони евра ќе треба да каже самиот Орце или неговиот „партнер“ Срѓан Керим кој, пак, еднаш веќе јавно лажеше за тоа.
Она што остана зад Камчев се уништени весници и неисплатени плати за околу 500 вработени. Велат дека шефот на империјата самиот иницирал стечај, само за да може да ја земе доходовната печатница на „МПМ“, но дали е тоа така ќе каже СЈО!
Како и да е трупањето на нови фирми и многу пари на сметките на „Орка холдинд“ изгледа дека заврши. Доаѓа нова ера во која освен што ќе наплата сметките ќе има и (рас)пад на империјата!
12-11-2018, 01:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Јордан Камчев бил приведен без судски налог, одбраната бара јавна седница и негово ослободување


12.11.2018 11:42:00

[Image: tn1_20181112_132313_orce2.jpg]



Јордан Камчев бил приведен од СЈО без судски налог и донесен и распрашан во судот во време додека СЈО се уште вршело претрес во неговите компании. Ова е еден од аргументите на неговата одбрана наведена во жалбата, во која укажуваат на повреди во процедурата, која истражната судијка иако била должна, не ги констатирала во решението, каде што задолжително се цени постапката на аппсење и времето на изведуцање пред судија на претходна постапка.

Сведок од судски извори дознава дека жалбата на решението за притвор била поднесена нешто по полноќ во саботата во судот, во рокот од 24 часа по определување на притворот, утрово било заведено и распоредено кај Кривичен совет кој треба да одлучува по истото.
Адвокатите бараат тоа да биде на јавна седница, за да ги образложат нивните аргументи.
Според судски извори, во жалбата се напаѓа решението на судијата на претходна постапка поради погрешно утврдена фактичка состојба и затоа се бара од Кривичниот совет да закаже седница на која ќе ги повика адвокатите кои ќе ги изнесат своите аргументи и пред тројца судии и бараат да се преиначи решението и да се пушти Камчев од притвор.


Quote:Адвокатите, според наводите во жалбата ја спореле надлежноста на СЈО и кај судијата на претходна постапка, која не дала образложение за тоа во решението. Според одбраната на Јордан Камчев, СЈО има мандат да поднесува обвиненија и да истражува за период од 2008-2015 па бараат од Кривичниот совет да образложи од кои докази ја влече својата надлежност од 2002-2013 период за кој обвинува, а без притоа да презентира „бомби“ како докази. .


Одбраната навела дека судијата на претходна постапка не можела да донесе решение за притвор на камчев без да ги има кај себе сите докази на кои СЈО ги заснова неговите сомневања и барања за притвор.
Во решението, судот навел само докази, но не и кои докази и кои кривични дела произлегуваат од тоа, бидејќи додека траел распитот на Камчев, кој почнал нешто по 19.30, а е донесен во 18 часот во судот, во просториите на Орка Холдинг претресот со одземање на документација завршил во 21 часот.


Quote:Од таму, ни СЈО, ни судот ни осомничените не знаеле какви докази се одземени. Не биле наведени ни кривичните дела во решението, а за основите за бегство не биле земени во вид имотната состојба во Македонија, Бугарија и Руската федерација каде што Камчев имал бизниси.


Адвокатите на Камчев навеле дека „осомничениот во ниту еден момент не бил лишен од слобода според одредбите на ЗКП, но соработувал и на претресот и во судот, а бил донесен со кола на полицијата“.

СЈО навело дека патувал 80 пати надвор од Македонија, и тоа било основ дека може да се даде во бегство, а занемарил дека има деловни бизниси со партнерот Аџибадем од Турција каде што одел на деловни состаноци. Адвокатите навеле и дека во групацијата на ОРКА работат и околу 3.000 вработени за кои се плаќале 14 милиони евра за плати придонеси и даноци, па од таму нема опасност за бегство.


Quote:Согласно ЗКП, само лице лишено од слобода може да биде изведено пред судија на претходна постапка. За камчев немало налог за апсење, ниту покана за распит, а судијата на претходна кој е должен да ја цени законитоста на приведувањето и да констатира дали на законит начин е лишено од слобода и изведено пред суд, воопшто не се изјаснил за тоа во решението, а навела само дека постои опасност од бегство и влијание на сведоци бидејќи на дел од планираните сведоци им бил работодавач.


Во новата истрага на СЈО во петокот беа притворени 5 лица, во случајот „Империја“. Распитот заврши во 1 часот по полноч во петокот, а во 2 часот јавната обвинителка од СЈО Катица Јанева дојде да ги подигне решенијата. Обвинител во предметот е Лиле Стефанова, која можеше да се чуе во ходникот „дека е моќна, моќта е кај неа“ и затоа бара притвор и за дела од 2002 година иако претресот не е завршен и не знае какви документи се одземени. Судија на претходна постапка е Весна Димишкова.
12-11-2018, 01:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:СЈО пронашло 1 милијарда евра поврзани со случајот „Империја“ на Мијалков и Камчев



Според нови имформации во случајот „Империја“ според кои СЈО пронашло огромни суми на пари во Кипарска банка. Криминалци заштитуваат криминалци Според информацијата која се појави во јавноста попладнево Заев се обидел да го спречи СЈО од понатамошна истрага со петиција до Врховниот суд да го блокира СЈО врз основа на тоа дека рокот му е истечен на случајот во 2017. Со други зборови СЈО можат да работат на случаи после 2017 година, но не и на случајот „Империја“ поради неговите огромни импликации. Како успеаа Мијалков и Камчев да сокријат милијарда евра во Кипар? МИНА открива дека има две фракции во СЈО, на една страна е Јанева а на другата се Ленче Ристевска и Фетаи. Поради огромните суми на пари кои беа откриени на Кипар и притисокот од страна на Заев да се закопа случајот, сега има фрикција во СЈО. Планот на Заев е прост. Целта е случајот да се одземе од СЈО и да се предаде на јавниот обвинител Јовевски, кој едноставно ќе ги игнорира сите откритија како што стори со проневерата со Референдумот и сите криминални активности поврзани со владата на СДС. АЖУРИРАЊЕ: Хари Костов и „Комерцијална банка“ се надлежни за префрлање на овие пари во Кипар. Овој случај е многу комплексен така што „Комерцијална банка“ и „Макпетрол“ се уценети од едно крило на СЈО да им овозмози на Заев и фамилијата да го превземе „Макпетрол“ на сила. Ова би се остварило доколку „Комерцијална банка“ ги активира хипотеките на кредитите на „Макпетрол“. Братот на Заев, Вице Заев подолго време имал во план да го превземе „Макпетрол“. Најпрво Мијалков и Камчев биле уценувани од адвокатот Филип Мадарски и Давид Стевенсон кои барале мито за перење пари и кражби во случајот „Империја“. Ова се поврзува со смената на правецот кај Мијалков и неговото регрутирање на членови на ДПНЕ да гласаат во Парламентот за промена на името. Мијалков работел во интерес на американската Амбасада со цел да ги заштити фондовите во кипарската банка. Сега малку за адвокатот на Заев. Доколку ви е познато името Медарски, не треба да ве чуди. Мајката на Филип Медарски, Елица, работи како јавен обвинител во Скопје. Неговата сопруга е судија во Суд Скопје 2. Таткото на жена му е секретар на судот, а сестра му Ана е главна за сите случаи против Македонија во Стразбург. Филип Медарски има голема контрола врз судовите во Македонија бидејќи целата фамилија му е вработена во нив или како судии или јавни обвинители.



Quote:SPO finds €1 Billion in Cypriot Bank tied to Mijalkov and Kamchev’s “Empire” case

Mark Abramoff

January 23, 2019
[Image: euros.jpg]
New information on the “Empire” case, according to which special investigators of the SPO office have found huge financial assets in Cypriot based accounts.
Criminals protecting criminals
According to information that appeared in the public domain this afternoon, after the discovery of the SPO, Zaev has scrambled to deprive the SPO from further investigating the case by petitioning the Supreme Court to block the SPO on the grounds that it started the “Empire” case outside of its legal window, which expired back in 2017. In other words, the SPO can work on all other cases that it started after 2017, but not on the “Empire” case due to its massive implications.
How did Mijalkov, Kamchev and company stashed away €1 Billion euros in Cyprus?
MINA finds there are two forces within the SPO, on one side is Janeva and on the other is Fetai and Lenche Ristovska. Due to the huge sums of money discovered in Cyprus, and the pressure from Zaev to bury their findings, there is now friction at the SPO.
Zaev’s plan is very simple. Take the case from the SPO and give it to public prosecutor Jovevski who will simply ignore the findings, just as he’s done with the Referendum fraud and all criminal activities tied with the SDS leadership.
Update: Hari Kostov and Komercijalna Banka were behind the wiring of these funds to Cyprus. This case is quite complex, with now Komercijalna Banka and Makpetrol being blackmailed by one wing at the SPO to give way to Zaev’s family’s hostile takeover of Macedonia’s largest oil company Makpetrol. This can be done if Komercijalna activates the leases on Makpetrol’s loans. Apparently, Zaev’s brother, Vice Zaev has had his eye on taking over Makpetrol for some time.

[Image: filip-Medarski-640x400.jpg]

Initially, Mijalkov and Kamchev were blackmailed by Zaev’s attorney Filip Medarski and US Embassy operative turned “SPO advisor” David Stephenson who sought millions of euros in bribes regarding the “Empire” money laundering and theft. This ties with Mijalkov going out of his way to recruit DPNE officials to vote in Parliament to rename the country. This was part of the blackmail. Mijalkov served the interests of the US Embassy in an effort to shield the bank accounts in Cyprus. 


[Image: DxoaAIqWwAA9V_x.jpg]


Now a word on Zaev’s attorney. If the name Medarski is familiar to you, it should be. Filip Medarski’s mother, Elica Medarski works as a prosecutor at the High Prosecution Office in Skopje. His wife is a judge at Skopje Court 2.  The father of Medarski’s wife, Riste Spasov is the Court’s Secretary. Filip Medarski’s sister, Ana, on the other hands is in charge of all suits against Macedonia in Strasbourg.
Filip Medarski has quite good control of Macedonian Courts, his entire extended family are judges and state prosecutors.
13-02-2019, 04:10 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote: Wrote:СО ПРИСЛУШУВАНИ РАЗГОВОРИ НА СОПРУГАТА АНА, ОЛИВЕРА ТРАЈКОВСКА И ВЛАТКО МИЈАЛКОВ И СО ПОМОШ НА КИПАРСКИ БАНКИ СЈО ЈА РАЗОТКРИ „ИМПЕРИЈА“ НА ОРЦЕ КАМЧЕВ

Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)
[Image: orce-ana-kamcev-89898934.jpg]
Основни индиции за СЈО да го преземе предметот од редовното Обвинителство и да отвори предистрага биле разговорите на Влатко Мијалков, брат на ексдиректорт на УБК Сашо Мијалков, сопругата на Орце Камчев Ана Камчева, новинарката Оливера Трајковска и ексминистерот за транспорт Миле Јанакиески, кои биле таргети за прислушување, а кои му беа предадени на ова Обвинителство; - Орце Камчев со сопругата Ана на прослава на 20 години „Дајнерс“ во септември 2014 година во тогаш штотуку отворениот МНТ (Фото: О. Теофиловски за Вест)

12.02.2019
Истрагата за „Империја“ против Орце Камчев, Сашо Мијалков, Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ и уште десет лица засега е веќе поткрепена со материјални докази, документи за офшор компаниите кои биле основачи на бројни фирми во Македонија преку кои се переле милионски суми пари, како и со изјави на сведоци, тврдат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Предистражни дејствија има за нови фирми кај што се јавуваат како крајни сопственици осомничените лица. Дел од нив се формирани по објавувањето на бомбите од тогашната опозиција.
Без оглед каков статус Собранието ќе изгласа за СЈО, предметот „Империја“ во 90 отсто ги прибави доказите, велат во ова обвинителство.
Основни индиции за СЈО да го преземе предметот од редовното Обвинителство и да отвори предистрага биле разговорите на Влатко Мијалков, брат на ексдиректорт на УБК Сашо Мијалков, сопругата на Орце Камчев Ана Камчева, новинарката Оливера Трајковска и ексминистерот за транспорт Миле Јанакиески, кои биле таргети за прислушување, а кои му беа предадени на ова Обвинителство.
СЈО на 9 ноември 2018 отвори истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска-Камчева, Христина Камчева-Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело. Во куќен притвор се Мијалков, Камчев, Панделески и Јосифовиќ.

[Image: viber-image-2019-02-11-23.50.51-400x321.jpg]
Паралелно со делот за перење пари, СЈО води истрага и за злоупотреба на службената положба и овластувањата за „Финзи“, кај што се јавува ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков. – Орце Камчев и Сашо Мијалков со сопругите на 15. роденден на „Систина“ во јуни 2016 година (Фото: Телеграф)


Истрагата на СЈО тргнала од сомнежите за криминал за плацот зад Рамстор. Таму наводно граделе холандски фирми. Како што се откривало клопчето, прислушуваните разгоовори ги довеле обвинителите на СЈО до почетоците на „Орка холдинг“. Така биле преземени истраги за пропаѓањето на „Орка-спорт“, „Орка-текстил“ и други во сопственост на сега покојниот Илија Камчев, таткото на Јордан Камчев. Овие фирми во 2002 биле однесени во стечај, а целиот имот пренесен на „Орка Холдинг“.
Кога во 2002 им влегува инспекција на УЈП, било алармирано: „Немој да ги затворате фирмите, имаат имот, многу ѝ должат на УЈП!“
Овие наводно пропаднати фирми на Камчев на УЈП должеле 5.9 милиони евра неплатен данок. УЈП пишува дописи до Владата, но Камчеви успеваат да се прифати План за реорганизација со тоа што 75 отсто од побарувањата ќе бидат намирени, но во стока, не во пари. На УЈП ѝ припаднале два милиона евра конци, стари патенти, копчиња и стари костими за капење и стара спортска опрема, а три милиони евра се вратиле кај неговите фирми, кои преку своја офшор компанија од Лугано, ги основал во Македонија, Хрватска, Србија и САД. Се вратиле во фирмите на Камчев, зашто со изигрување на законот се јавиле како доверители. Камчев фактички сам си должел и си го вратил наводниот долг, со што спасил три милиони евра.
Предметот во ОЈО за организиран криминал завршил со изјава за откажување од кривично гонење против Јордан Камчев поради немање докази, што не е засекогаш затворена истрага. Тој се извадил дека не ги носел одлуките сам, туку собранието на АД „Орка Холдинг“.
Во тоа време само осомничениот Ненад Јосифовиќ е во игра, а сѐ уште ги нема Орце Камчев, Сашо Мијалков и останатите. Јосифовиќ од записничар набргу станува управител на фирмите на Камчеви.

Делот од 2009 наваму е поновиот дел во истрагата. Таа се сконцентрира на сомнежот за перење пари преку 15 офшор компании. Таа е посложена од првиот дел, велат од СЈО. Таа истрага вклучува и посебни истражни мерки кои траеле неодамна, од крајот на јуни до октомври 2018.
Илија и Орце Камчев до 2009 година веќе имале отворено околу 15 офшор компании, од Белизе, Британски Девствени Острови, преку Лихтенштајн, Лугано и Кипар до Сејшелите. Тие како странски компании основале фирми главно во Скопје. На 8.04. 2010 година не со офшор компанија, туку со „Хоспитал менаџмент груп ЛЛЦ“, фирма отворена во САД, чиј сопственик е Орце Камчев, основана е „Аџибадем Систина Скопје“. На 15.12. истата година, и фирмата С&А Груп оф хоспиталс корп од Панама, која исто така е на Камчев, влегува како основач во „Аџибадем Систина Скопје“.
Офшор компанија од Панама добива право да работи на истите права на „Систина“. Офшор компанија на Камчев од Кипар го продава имотот на друга негова офшор компанија од Панама. „Орка холдинг“ го купува уделот од панамската, па ѝ го продава на „Систина“. Со тоа Камчев внесува и удел од „Хоспитал менаџмент“ од Кипар.

[Image: kamcev-olivera-328998328932-400x210.jpg]
Разговори на новинарката Оливера Трајковска, обезбедени со посебни истражни мерки за нејзиниот пријател Камчев , се меѓу основните индиции за СЈО да го преземе предметот од редовното обвинителство. – Орце Камчев и Оливера Трајковска на прослава на 15. годишнина на „Систина“ во јуни 2016 година (Фото: Телеграф)

На крајот на 2009, пристигнуваат првите пари од „Финзи ЛЛЦ“, основана во САД, чиј краен сопственик е Камчев. Тука се формира „Финзи Скопје“, па според податоците за СЈО од банките од Кипар, 650.000 евра легнуваат од мајката на ќерката „Финзи“ во Скопје. Нејзин сопственик е Владислав Стајковиќ. Се формира нова фирма „Си-Фи-Кар“ („Систина, Финзи, Кара“).
Во 2012, Орце Камчев ја затвора „Финзи“ во САД. После пак ја отвора „Финзи“ во САД. Прв управител на скопската е Небојша Стајковиќ од МВР, го наследува Коста Крпач. Крпач беше најден застрелан уште во април 2016, за време на предистражната постапка за незаконски присвоените 820.000 евра преку неговата фирма. Во времето кога бил застрелан, тој бил сведок на Специјалното обвинителство.

Паралелно со делот за перење пари, се води истрага и за злоупотреба на службената положба и овластувањата за „Финзи“, кај што се јавува ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков. Таму легнуваат и парите од провизијата од опремата за прислушување од Израел.
Се враќа наназад СЈО, во 2008, кога офшор компанија „Делта инвестмент“ од Белизе на Илија Камчев, ја формира „Ексико“. Кратко време му е дадена на Жарко Луковски, кој беше директор на Македонски телеком поставен од Владата на Груевски. Ќерката „Ексико“ купува дел од „Делта“, уделот пак го враќа назад. Компанијата од Америка „Калвус“, сопственост на Камчев, станува газда на „Ексико“. „Калвус“ е единствен испраќач на пари, на 1.611.000 евра кај Камчев на сметка. Со тие пари се купуваат имоти во Македонија. Во 2011, „Калвус“ завршува во сопственост на „Ексико“. Тогаш „Ексико“ купува имоти за казина.

[Image: kamcev-jana-kerim-8932893289-400x261.jpg]
Истрагата „Империја“ ја опфаќа и медиумската компанија МПМ, нејзиното носење во стечај со изигрување на доверителите на оваа компанија за милионски суми евра. – Орце Камчев, Јана Станисављева и Срѓан Керим беа косопственици на МПМ (Фото: Утрински весник)

СЈО истражува прилив и одлив на средства од фирми од странство, меѓу кои се и „Барнел кредит“ од САД и „Сирах Лимитид“ од Белизе кон „Орка спорт“ и „Орка холдинг“, како и од уште 6 фирми од Израел, Швајцарија, Бахами и Кипар, кон фирми на Камчев. „Сирах“ од Белизе, чиј управител е притворениот Ненад Јосифовиќ, внесува пари во 2012 на „Сирах инженеринг“ од Скопје. Со тие пари се купени 6 атрактивни плацеви во вредност од милион и пол евра: два на име на „Ексико“, 2 на „Кара“, 2 на име на „Сирах“. Орце Камчев го купува „Сирах“ за милион и пол евра, парите се враќаат во Белизе. Тоа се случува кога се објавуваат бомбите во 2015.
Без оглед дали плацевите се на Орце Камчев или на Никола Груевски, тие се од незаконски пари, велат од СЈО.
Сопственик на „Ексико“ денес е фирмата со швајцарски капитал „Т&МЈ Инвестмент“ од Лугано. Се испитуваат наодите дека краен сопственик е член на семејството на Сашо Мијалков. Дел од објектот во кој живее денеска осомничениот Мијалков е на „Ексико“, како и мебелот, ентериерот и покуќнината, укажуваат доказите на СЈО.

СЈО истражува и во „Графички центар“ и во најнеистражената зона, како што ја нарекува, АД ЗИК „Пелагонија“. Истражува дали купувачите на акции се реални купувачи, дали дел од акциите се на туѓи имиња. Сопственици на ЗИК „Пелагонија“ се притворените Орце Камчев и Цветан Панделески.
Кога Орце Камчев го купува „Бетон-Штип“, не го купува да го разработи, туку да испумпа пари преку него, се префрла СЈО на друг сегмент од истрагата, прикажувајќи како се испумпани 4 милиони евра преку оваа компанија со купување имот. Газдите ги тераат акционерите-сведоци на собрание да купат имот од 4 милони евра. Како што ги влечат парите, ги внесуваат во разни зделки.

Истрагата има и кривично дело измама, во случајот со обидот за преземање на „Фершпед“. Акционерката Кираца Трајковска сакала да земе кредит од Стопанска Банка Битола, за да ја раздолжи ќерка си кај Еуростандард банка. Орце Камчев и Цветан Панделески ѝ кажале да ги заложи акциите кај физичко лице од Кипар, кое ќе влезе во „Фершпед“, ќе му ги купи акциите на Штерјо Наков и ќе му ја преземе компанијата. Кираца во Стопанска банка Битола остава бланко ПП уплатници и добива пари со кои се раздолжува во Еуростандард. Сѐ уште ги има акциите. Кираца и Јованче Тасковски ги убедуваат вработените да ги продадат на купувач акциите по 6.000 евра за една, за да ја преземе новиот купувач компанијата од Наков.
Но, Наков оди кај Мијалков, бара помош, го викаат Камчев, им соопштува дека ако ги купат тие акциите, ќе ги плати четири пати поскапо, само да си ја спаси компанијата. Камчев и Мијалков ѝ прават на Кираца Трајковска фирма. Ги вложуваат нејзините акции во новата фирма. Управител е Ненад Јосифовиќ.

[Image: firmi-kamcev-8983899834-400x278.jpg]
Камчеви до 2009 година веќе имале отворено околу 15 офшор компании, од Белизе, Британски девствени острови, преку Лихтенштајн, Лугано и Кипар до Сејшелите. – Список на офшор компании вклучени во истрагата и каде се појавуваат како основачи (Фото: СДК.МК)

Оваа фирма ги пренесува акциите на друга фирма, ама Трајковска не забележала. Ѝ подметнале документи, го потпишала преносот, продажбата на нејзините акции, без да знае. На 23 декември 2013 ги продаваат на берза акциите на Трајковска, ги купува Наков за над 6 милиони евра, Трајковска останува без акции. (Во втората фирма што со подметнување ги зеле акциите од Трајковска, влегуваат „Орка“, „Ексико“ и „Тимох“). И оваа измама е тешка 4 милиони евра колку што морал да ги натплати Наков своите акции. Заедно со „Бетон-Штип“ и претходните незаконски трансакции, истрагата досега нашла измама и перење пари во „Империја“ во износ од околу 10 милиони евра.

Истрагата се шири и кон хотелот Мериот, односно во начинот на стекнување на имот на компанијата „Бествеј“, велат СЈО. Во нејзина сопственост е „Дивелоп“, а на „Дивелоп“ е хотелот Мериот во центарот на Скопје. „Бествеј“ е формирана по пуштањето на бомбите. Сопственост била на синот на Сашо Мијалков. За ова сѐ уште не е дадена наредба за истрага, велат во СЈО.
Во рамки на „Империја“ е и медиумската компанија МПМ, носењето во стечај со изигрување на доверителите на оваа компанија за милионски суми евра. Осомничени се Орце Камчев, Срѓан Керим и Јана Станисављева. Групата се распаѓа во 2017.
„Бествеј“ станува сè поимотен, со имот, атрактивни плацеви и друго, вели СЈО. „Ексико“ не е ничија, сите негираат каква било поврзаност. Дури немаше ни жалба за замрзнувањето на имотот, велат од ова обвинителство.
На 8 февруари, истрагата „Империја“ наполни три месеци, од денот откако е отворена.
С. К. ДЕЛЕВСКА
13-02-2019, 02:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:СЈО: Доколку Мијалков и Камчев не бидат казнети, нема правна држава


12.02.2019
Фирмите Ексико, Финзи, Бетон Штип и Фершпед се во центарот на истрагата „Империја“ на СЈО преку кои биле испрани над 10 милиони евра. За прв пат СЈО открива дека Камчев бил краен сопственик на офшор компаниите поврзани со случајот и дека истрагата не запира само на тие фирми.
Бизнисменот Орце Камчев е краен сопственик на фамозната офшор компанија Ексико, но и на компанијата Финзи, како и мозокот на целата операција зад случајот „Империја“, а поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков бил дел од шемата за перење пари, според сознанијата од истрагата која ја води СЈО.
Токму Ексико и Финзи се гонат од СЈО за перење на пари од странство во износ од околу 2 милиони и 300 илјади евра. Останатите 8 милиони евра кои биле испрани во Македонија, според истрагата, се поврзани со продажбата на фирмата Бетон Штип и продажбата на акции во Фершед. Во случајот осомничени се 11 лица, а врз дел од нив биле спроведувани и посебни истражни мерки од јуни до октомври, минатата година. Камчев, како што велат од СЈО, бил претпазлив во разговорите, за разлика од неговите соработници. Мијалков пак не бил следен и прислушуван.

Од Ексико испрани 1,6 милиони евра

Камчев, како што велат од СЈО, по смртта на неговиот татко Илија во 2009 година, ја започнува нова етапа во семејната бизнис империја со вклучувањето на офшор компании и тогаш започнува и неговото „злосторничко“ здружување со Мијалков.
Но, всушност прв сопственик на офшор компанијата „Делта Инвестмент“ од Белизе, која во 2001 година ја формира Ексико, според СЈО, е Илија Камчев. Сопственик на Ексико во тоа време е Жарко Луковски, кој е во кумски врски со Мијалков. Во речиси исто време за директор е поставен Небојша Стајковиќ, кој беше вработен во УБК во времето на претходната власт.
Неколку години подоцна фирмата Калвус од САД станува сопственик на Ексико, а директор на компанијата е Тодор Мирчевски, кој исто така е осомничен во случајот. Последен сопственик на Ексико е Т.М.Ј Инвестмент од Швајцарија, а според оперативните сознанија на СЈО, член на семејството на Мијалков е дел од сопственичката структура.
Преку кипарска банка и по налог на Калвус на контото на Ексико влегуваат нешто над еден милион и 600 илјади евра, кои како што наведуваат од СЈО, се користат за купување на имоти низ Македонија, а како пример посочуваат плац во Гевгелија на кој имало план за изградба на казино. Дел од парите завршуваат на сметката на Камчев. Имотот и сметките на Ексико по обелоденување на случајот се замрзнати, а од Т.М.Ј Инвестмент во меѓувреме немало никаква трансакција на пари.
[Image: 631FADA4-4F77-477C-8344-6FB1B304DE00_w650_r0_s.png]

Графика за „Империја“

Од Финзи испрани 650 илјади евра

Фирмата Финзи ЛЛЦ во чија сопственост е и македонската Финзи всушност е регистрирана на истата адреса во САД како и Калвус, а нејзин краен сопственик е ,исто така, Камчев, според доказите на СЈО. Управител пак, бил Владислав Стајковиќ, кој е еден од обвинетите во Империја и брат на Небојша Стајковиќ. Потоа на неговото место доаѓа сега покојниот Коста Крпач кој се самоуби.
Во неколку наврати на сметката на Финзи преку кипарските банки биле префрлени 650 илјади евра кои завршиле во Систина Кардиологија. Прв сопственик на Систина Кардиологија е токму Финзи, а фирмата подоцна е преименувана во Си-Фи Кар. Сега сопственик на Си Фи Кар е сестрата на Камчев, Кристина Камчева Стојческа која заедно со нејзината мајка исто така се на листата на осомничени во случајот.
Како сопственик на Си-Фи Кар (Систина, Финзи, Кара) се јавува швајцарска фирма АЦ Инвестмент која се наоѓа на истата адреса како и Т.М.Ј Инвестмент во Лугано, Швајцарија.
Финзи е дел и од обвинението на СЈО за случајот Трезор за набавка на израелска опрема за прислушување со што бил оштетен буџетот за околу 860 илјади евра. Меѓу обвинетите се Мијалков и Небојша Стајковиќ. Додека пак Владислав Стајковиќ се спомнуваше исто така во „бомбите“ за набавката на опремата преку фирмата НВСП.
Бетон Штип купен за незаконски профит

Продажбата на Бетон и акциите од Фершпед

Камчев, според доказите, го купил Бетон Штип не за да ја разработи компанијата, туку да извлече пари од неа. Преку продажба на имоти биле испрани 4 милиони евра. Поврзаноста на осомничениот Ванче Мијалчев во Империја е токму со Бетон Штип каде тој е член на Управниот одбор на компанијата.
„Кога тие купуваат компанија, целта не им е да ја работат туку да извлечат што можат од имотот на компанијата“, велат од СЈО.
Камчев и Мијалков се осомничени и за измама за акции на Фершпед.
Кираца Трајковска, која беше еден од мнозинските акционери во Фершпед поради долг во Еуростандард банка преку посредник побарала кредит од Стопанска банка АД Битола. Камчев, кој е дел од Управниот одбор на банката, наместо кредит, според СЈО, на Трајковска и било понудено преку физички лица да и бидат префрлени парите по што биле ослободени нејзините акции од Фершпед.
За да ги продаде нејзините акции и на други вработени кои имале акции со цел новиот странски инвеститор да ја преземе Фершед од Штерјо Наков бил ангажиран брокерот Јованче Тасковски. Но, за нејзината намера дознал Наков кој побарал помош од Мијалков со цел тој да ги купи акциите. Мијалков се договорил со Камчев да ја изиграат Трајковска и тоа да го наплатат, велат од СЈО.
Трајковска за продажба на акциите формира фирма со нејзината ќерка, а за управител бил назначен Ненад Јосифовиќ. Без нејзино знаење, како што велат од СЈО, Јосифовиќ ги продава акциите на физички и правни лица поврзани со Наков за 4 милиони евра повисока цена од реалната. Парите од зделката завршуваат во фирма чии сопственици се Ексико, Орка Холдинг и Тимох.
Еден од сопствениците на ЗКП Пелагонија е Тимох заедно со Ексико. Во одборот на ЗК Пелагонија освен Камчев и Мирчевски, се и Цветан Панделски и Јованче Тасковски, кои исто така се осомничени во случајот. Но, работата на Пелагонија, како што велат од СЈО, засега им е најмалку истражена.

Се истражуваат и други приливи од странство

Освен веќе обработените приливи на пари од странските сопственици на Ексико и Финзи во предистрага се уште осум офшор фирми поврзани со Камчев. Според СЈО, од тие офшор компании во Македонија на незаконски начин биле внесени дополнително речиси 4 милиони евра, а се изнеле околу 3 милиони евра.
Меѓу нив е и случајот со продажба на плацови на Водно кој се поврзуваше со поранешниот премиер Никола Груевски. Фирмата Сирах од Белизе преку кипарски банки пренела околу 1 милион и 300 илјади евра на фирмата ќерка во Македонија која има идентично име Сирах Инженеринг. Управител на фирмата е Ристо Новачевски, кој е кум на Груевски, а парите биле искористени за купување на плацевите на Водно. Камчев потоа преку Орка Холдинг ја купил компанијата и со тоа во негова сопственост станале и плацевите на Водно.
„Не знаеме дали плацевите се навистина на Камчев или пак на Груевски, но купени се со незаконски капитал кој е донесен од странство“, велат од СЈО.

Проширување на истрагата

СЈО поради основани сомненија преземало и истражни дејствија за стечајот на Медија Принт Македонија и Графички центар, како и начинот на кој со имот се стекнала Бест Веј Инвестмент, која е во сопственост на семејството на Мијалков.
Групата се распаѓа на крајот на 2017 година, а нејзините актери целосно се разединуваат во јуни, минатата година и како што велат од СЈО, сега сите се откажуваат од Ексико. Од СЈО изразуваат надеж дека ќе поднесат обвинение за истрагата. Под знак прашалник е надлежноста на СЈО за последните истраги по правното мислење на Врховниот суд за кое треба крајниот збор да го каже Собранието.
„Ако овие црни бизнисмени не бидат казнети, тогаш нема да имаме правна држава“, порачуваат од СЈО.
Основни индиции за предметот се добиени од прислушувани разговори меѓу братот на Сашо Мијалков, Влатко Мијалков, Ана Камчева, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и новинарката Оливера Трајковска.
13-02-2019, 02:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Текстови на Гериски и Ордански не би пренел , но сега правам исклучок  бидејки Героски и Ордансоски имаат „различно“ видување за „ИМПЕРИЈА“ за кои не верувам дека е реалност.



Quote:Не благодарам, свети СЈО да е, ние нема да судиме наместо судијата!




Јавното обзнанување на детаљи од истрага, на брифинг а не во судница, за случај кој е во судска постапка, претставува флагрантна повреда на принципот на презумција на невиноста. Весникот „Слободен печат“ и порталот Плусинфо се сериозни и кредибилни медиуми и јас немам намера да дозволам тие да бидат инволвирани во ваква манипулација.

Бранко Героски   12/02/2019


[Image: Branko-Geroski-696x478.jpg]
Неколку луѓе денеска ме прашаа зошто порталот Плусинфо не објави извештај од брифингот што бил одржан во Специјалното јавно обвинителство, на кој на новинарите им биле соопштени детаљи за истрагата за случајот „Империја“, во кој главни осомничаени се Орце Камчев и Сашо Мијалков. Со оглед дека таков извештај не објавува и утрешното печатено издание на „Слободен печат“ (веб-изданието јас не го уредувам и од неодамна и формално немам никакви овластувања во поглед на неговата уредувачка политика), би сакал на прашањата да одговорам и јавно.
Првата причина е банална. Истражувачката репортерска лабораторија Македонија соопшти дека имало брифинг во СЈО. Очигледно е дека биле поканети избрани медиуми и новинари. Плусинфо и „Слободен печат“ не се меѓу избраните. А ние на свадба не одиме непоканети. Но, сакам да нагласам дека во случајов е многу добро што не сме биле поканети, бидејќи таков извештај ние не би објавиле во никој случај. Ова нѐ води до втората, суштинска причина зошто медиумите со кои раководам „со предумисла“ одбија да ја објават таа приказна, иако, како и многу други, беа во можност да го пренесат она што било изнесено на овој брифинг (разбрав дека дури тоа и се очекувало и се „подразбирало“).
Пред сѐ, јас прв пат слушам јавно обвинителство да организира брифинг за новинари и да им соопштува детаљи за истрага, во текот на судската постапка. Ако го прочитате долгиот извештај од тој брифинг – патем речено, од брифинг не се известува, ама тоа денес во новинарските школи изгледа не се учи – ќе сфатите дека на избраните новинари, всушност, им било поделено комплетното „досие“ со кое располага истрагата. Целта на јавното обзнанување на тој материјал е јасна: потребно е да се изврши влијание врз јавноста и да се анимира таа да им пресуди на обвинетите, пред тоа да го стори судечкиот судија.
Тоа за нас е неприфатливо. Без оглед кој обвинува, кој е обвинет и кој суди!
Јавното обзнанување на детаљите од истрагата за случај кој е во судска постапка претставува флагрантна повреда на принципот на презумција на невиноста. Весникот „Слободен печат“ и порталот Плусинфо се сериозни и кредибилни медиуми и јас немам намера да дозволам тие да бидат инволвирани во еден ваков обид за компромитација на судската постапка, заради покривање на евентуалните слабости на истрагата (кои би се компензирале со малку медиумска врева), или од било кои други причини, сеедно. Не го оспорувам однесувањето на колегите новинари, никому не сум му се јавил да го прашам зошто објавил ваква приказна (таман работа!), само ја објаснувам својата уредничка одлука.
Свесен сум дека тоа повторно ќе предизвика лавина од инсинуации и клевети дека јас лично имам нешто против СЈО, но тврдењата од таков тип однапред ги отфрлам со индигнација. И не ме интересира кој и како ги толкува моите „мотиви“. Во моето разбирање на правото и на правдата, медиумите и новинарите не се овластени да изведуваат докази и да им судат на обвинетите – тоа е работа за двете страни во постапката и за судечкиот судија, работа која се врши во судница и никаде на друго место.
Задача на одговорните новинари е да бидат присутни на судските рочишта и непристрасно да известуваат. Плусинфо тоа го прави редовно. И денеска нашиот известувач беше во судница, на рочиштето „Таргет – Тврдина“, па напиша и објави коректен извештај од настанот. Така ќе биде и во иднина.






Quote:Случај „Империја“: Како е кубена кокошката Македонија?

Сашо Орданоски
 
13/02/2019

[Image: saso-ordanoski-696x316.png]
Деталите коишто деновиве ги објави СЈО за предметот „Империја“ говорат за неколку димензии суштествени за понатамошни анализи на феноменот на тнр. „Портокалов грабеж“ на Македонија…
Најнапред, оваа детална обвинителско-криминалистичка истрага од страна на СЈО, така како што е соопштена во јавноста, е, всушност, помалиот дел од приказната за тоа како финансиски е „испрана“ Македонија во последните две децении. Разоткривањето на шемата за обемните турај-претурај и внеси-изнеси операции, по дома и низ странство, за избегнување милионски суми на данок и за перење пари со кои, потоа, се правеле уште поголеми пари кои повторно се переле за да се избегне данок и да се употребат за нови перења на пари… и така до недоглед… значи, целата претставена шема веројатно не надминува ни 5-10 отсто од големината на сомнителните операции кои со години се „тркалале“ низ сметките и џебовите на вмешаните. На пример, само ако се чепне Бугарија како дестинација на големи средства од „императориве“ (или „империјалистиве“?), СЈО би можело да се забавува уште барем неколку години. Во „Империја“, за сега, осомничените се товарат за нелегално испрани десетина милиони евра – познаници на некои од нив ми велат дека овие веднаш би понудиле да вратат 50-100 милиони, ако тоа го „затвора“ проблемот за којшто се гонат!
Понатаму, во претставената шема на СЈО до сега најјасно се гледа симбиозата помеѓу тајната служба и сомневањата за валканиот бизнис, и тоа не само заради имињата на првоосомничените Мијалков и Камчев, туку и заради целата спирала на тие односи во кои се вклучени повеќемина со официјализиран или узурпиран пристап до сензитивни податоци во кои само една држава би можела да има дискретен увид. Оваа група на осомничени се веројатно кадровската срцевина која ја „ораше“ македонската бизнис и државна „буџетска“ сцена; на нив ако ја додадете и дил-ориентираната партиска екипа на Груевски (опфатени во десетина други обвиненија на СЈО), оние што ќе останат (со неколку видни исклучоци, сепак) се, повеќе или помалку, обични подизведувачи и „гребатори“ кои дрпнале по некое милионче, за сега да се плашат на секое ѕвонење на влезната врата каде што живеат. Тие се и главните „соговорници“ на СЈО, раскажуваат детали за тоа како со години е „кубена кокошката“, во надеж дека ќе си го спасат тоа милионче што „паднало од масата“ додека на неа се делеле многу поголеми милионски суми.
Сега станува сè појасно и тоа дека мастермајндот на „бизнис преродбата“ на претходната власт е г. Орце Камчев. Барем за општата јавност, Мијалков беше оној кој долго време е во центарот на сите озборувања за криминалите. Но, се чини дека тој, во еден кицошки стил, ги обезбедувал „мускулите“ и заштитата од прогон на опишаните (и неопишаните), наводни, криминали. Мозокот, сепак, бил Камчев.
Луѓето кои добро го познаваат – а такви има многу низ Скопје, бидејќи, кој од мака, кој од мерак, морале или сакале со него да преседат стотици кафеански пладневни и полноќни баханалии по кои овој бизнисмен беше познат во јавноста – велат дека Орце Камчев поседува извонредно високи дози на интелигенција, на бескрупулозност и на алчност кои кај него се во перфектно избалансиран микс за водење бизнис во држави каква што е Македонија. Има, велат, во таквиот негов несомнен талент и наследени гени по мајчинска и по татковска линија, но тој предаторски инстинкт за „намирисување“ деловна „крв“ е оригинална „заштитна марка“ на Јордан, викан Орце.
Би можел да биде опишан како скопска, евтина варијанта на незаборавниот лик на Гордон Геко (Мајкл Даглас) во оскаровскиот филм „Волстрит“, кој лаконски објаснува дека „алчноста е добра, бидејќи парите никогаш не спијат!“…
Другото кај оваа обвинета дружина е забегана декаденција со многу секс, дрога и алкохол, скапи автмобили и врзани јахти, за што би можеле да се напишат неколку тома рото-романчиња. А и самите актери во опишаните кривично-правни настани од страна на СЈО можеби ќе имаат доволно време за мемоаристичка продукција, со оглед на тоа што им се закануваат многу долги години затворски казни.
Сега станува и појасно зошто се толку големи и дрски напорите на разни Превари да му се ограничи работата на СЈО. Дојдено е ова Обвинителство до јадрото на една голема, долгогодишна, добро организирана криминална операција која среде бел ден, секојдневно, се одвивала во Македонија. Ако сега не се сопре, СЈО би можело да раскаже уште многу приказни за тоа како бевме ограбени, а во тие криминални наративи ќе се најдат разни „адвокати на Ѓаволот“ кои си ги омрсиле мустаќите. Трагите на СЈО, несомнено, водат и до нив.
13-02-2019, 02:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Клучните докази на СЈО за империјата на Камчев се обезбедени од неговите телефонски разговори со Оливера Трајковска

 
февруари 12, 2019
Истрагата за „Империја“ против Орце Камчев, Сашо Мијалков, Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ и уште десет лица е веќе поткрепена со материјални докази, документи за офшор компаниите кои биле основачи на бројни фирми во Македонија преку кои се переле милионски суми пари, како и со изјави на сведоци, тврдат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Основни индиции за СЈО да го преземе предметот од редовното Обвинителство и да отвори предистрага биле разговорите на Влатко Мијалков, брат на ексдиректорт на УБК Сашо Мијалков, сопругата на Орце Камчев,  Ана Камчева, новинарката Оливера Трајковска и ексминистерот за транспорт Миле Јанакиески, кои биле таргети за прислушување, а кои му беа предадени на ова Обвинителство.
СЈО на 9 ноември 2018 отвори истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска-Камчева, Христина Камчева-Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело. Во куќен притвор се Мијалков, Камчев, Панделески и Јосифовиќ.
[Image: kamcev-olivera-328998328932-400x210.jpg]

Разговори на новинарката Оливера Трајковска, обезбедени со посебни истражни мерки за нејзиниот пријател Камчев , се меѓу основните индиции за СЈО да го преземе предметот од редовното обвинителство. – Орце Камчев и Оливера Трајковска на прослава на 15. годишнина на „Систина“ во јуни 2016 година (Фото: Телеграф)
Од крајот на јуни до крајот на октомври 2018 година дел од осомничените од „Империја“ биле под посебни истражни мерки.
„Мијалков не беше под посебни истражни мерки, Камчев многу внимателно зборуваше по телефон, но не и останатите осомничени“, велат од СЈО.
Без разлика како ќе се одвива понатаму истрагата за „Империја“ со оглед на тоа што статусот и истрагите на СЈО сè уште се неизвесни, оттаму велат дека собрани се речиси 90 отсто од доказите за случајот да може да продолжи понатаму.
„Злосторничкото здружение“ се распаѓа кон крајот на 2017 и почетокот на 2018 година, кога осомничените почнуваат да земаат кредити за да се раздолжат, но тоа не значи дека тука завршуваат и нивните поединечни активности, пишува Макфакс.
17-02-2019, 02:27 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:Сочни офшор-детали протекоа од „Империја“


Автор: Владо Апостолов

Објавено на 06 март 2019

[Image: Katica-i-Jovo-2.jpg]

Надмудрувањата меѓу Врховен суд и СЈО резултираа со информации за „Империја“
Зад сувопарната правна терминологија и зад иницијалите испразнети од човечки лик, Врховниот суд, завчера, случајно или не, „нацрта“ дел од скицата на бизнис-мрежата што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ја истражува и со месеци љубоморно ја чува од јавноста под кодното име „Империја“.
Всушност, СЈО се обидело со чувствителни информации да го убеди судот дека осомничените треба да останат во домашен притвор. Врховен не го послушало обвинителството и ги објави „сочните детали“, како составен дел од решенијата со кои бизнисмените Јордан Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ ќе се бранат од слобода.
Иако имињата и компаниите се наведени само со иницијали, од објавените документи, за првпат се дознава дека, според СЈО, токму Ненад Јосифовиќ е вистинскиот газда на фирмата од Белизе, „Сирах лимитед“.


[Image: vkzh-15-19-pdf.png]


„Сирах лимитед“ е позната како компанијата што го поседува плацот на Водно од 11.000 квадрати, за кој СДСМ во 2015 година обвинуваше дека му припаѓа на експремиерот Никола Груевски. Социјалдемократите го темелеа овој сомнеж врз фактот дека неколку години како управител на скопската „Сирах“ беше Ристо Новачевски, кум од првиот брак на Груевски.
Денес, сопственик на огромната парцела е истата компанија, но под друго име, сега се вика „Лајф кеар сентар“, а нејзини газди се фирми на семејството Камчеви.
Егзотичното Белизе стана синоним за зделките на бизнис-групацијата блиска до ВМРО-ДПМНЕ, во чиј епицентар пулсираше другарството меѓу поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, и бизнисменот Јордан Камчев.
Во меѓувреме, се потрошија тони хартија и часови новинарски истражувања, кои секогаш упатуваа, но никогаш до крај не потврдија дека фирмите што доаѓаат од далечното Белизе и инвестираат во државава се поврзани со овој двоец, односно со нивните луѓе од доверба.
Потрагата по вистинските сопственици на овие офшор-фирми, како по правило, неуспешно завршуваше во Гуглмапс-фотографијата од трошна зграда што одвај се издига од правливата улица Мајлс нортен хајвеј во сиромашниот Белизе Сити, близу границата со Мексико.
Фирмите од Белизе и нивните непознати сопственици непречено инвестираа во државава, купуваа парцели, градеа хотели и згради, една цела спортска сала, влегуваа во сопствеништвото на големи корпорации, најдоа бизнис-интерес во медиумите, па дури и во малите хидроцентрали.
За една деценија добивме преплетена мрежа на офшор-фирми и интереси, која е речиси невозможно да се долови на цртеж, а уште потешко со едноставни зборови и бројки.

Полноќни дојави за претрес


Се очекува и Мијалков да излезе од домашен притвор | Фото: Роберт Атанасовски
Овие документи ни ги откриваат и информациите на СЈО дека осомничените во очи претресот сокриле можни докази и оти веќе влијаеле врз истрагата, а ги нотираат и стравовите на обвинителството дека Камчев, Панделески и Јосифовиќ ќе продолжат да го прават истото доколку се на слобода.
Како илустрација на тоа, во решенијата е раскажано што се случувало во петокот на 9 ноември 2018 година, во раните утрински часови, пред да бидат приведени Камчев, Панделески и Јосифовиќ.
Лицето со иницијали С.М., во 3 часот и 25 минути по полноќ му дојавило на Ненад Јосифовиќ дека ќе се врши претрес во неговиот и во домот на Камчев. Нејасно е, но сѐ упатува на тоа дека зад овие иницијали се крие името на поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков.
Откако Јосифовиќ бил предупреден, тој заминал во објектот на Орка холдинг и по отприлика еден час се вратил дома за да ги чека полицајците. Подоцна е утврдено дека ги сокрил предметите од домашниот сеф и мобилниот преку кој всушност му била утврдена полноќната рута. Според сознанијата на СЈО, слично постапил и Јордан Камчев, кој сокрил докази.
СЈО тврди дека, освен овие двајца, и Цветан Панделески влијаел врз истражните постапки.
„Во текот на предистрагата, обвинетиот веќе остварил влијание на дел од сведоците, посебно на тие што се јавуваат како фиктивни управители на правни лица под контрола на Групата, во која обвинетиот има улога на еден од организаторите, заедно со Ј.К., С.М. и Н.Ј.“, пренесено е во решението на Врховниот суд.
Специјалното обвинителство предупредува дека течат вештачења и се планираат нови, а преостануваат да се сослушаат уште 20 сведоци и оти тројцата што сега се ослободуваат би можеле да влијаат врз вештаците, сведоците и врз другите соучесници.


[Image: vkzh-15-19-pdf-1.png]

Документите што ги објави Врховниот суд откриваат и дека тимот на Катица Јанева се плаши осомничените да не избегаат или да не се сокријат. Тоа за нив не би требало да биде проблем, аргументира СЈО.
Камчев, на пример, имал фирми и недвижен имот во странство, вклучително и бугарско државјанство. Од многубројните иницијали по документите може да се заклучи дека овој бизнисмен има фирми во неколку соседни земји, како и во Руската Федерација, во градот Ростов на Дон, од каде што потекнува неговиот пријател и бизнисмен Сергеј Самсоненко.
„Основан е стравот дека обвинетиот може да се даде во бегство и да се крие, и со тоа да ја попречува кривичната постапка, особено што е добро ситуиран“, предупредува СЈО.
Без разлика на сето ова, Врховниот суд на чело со Јово Вангеловски одлучи да ги пушти на слобода осомничените Камчев, Јосифовиќ и Цветан Панделески, а се очекува исто да постапи и во случајот со Сашо Мијалков.
Неодамна БИРН пишуваше дека конкретна корист од контроверзното правно мислење на Врховниот суд најбргу ќе имаат токму осомничените во истрагата на СЈО, „Империја“.
Овој начелен став на судот, кој се толкуваше како политички чин на премолчена амнестија, ја доведува и во прашање целата истрага, бидејќи, според него, СЈО не е овластен тужител во овој случај.
Се очекува оваа пречка да се надмине со новиот Закон за СЈО, кој деновиве ќе пристигне во Собранието, меѓутоа според првичните анализи за оваа истрага тимот на Јанева нема да може да ги користи нелегално прислушуваните разговори како доказ.
06-03-2019, 07:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:Врховен го укина домашниот притвор на Камчев


[Image: kamev-2.jpg]

Фото/Текст извор: ©online / magazin.mk
Јордан Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ, бизнисмените кои беа осомничени во истрага на СЈО „Империја“, денеска излегуваат од куќен притвор, дознава Фокус.
Инаку Орце Камчев е првоосомничен во предметот  „Империја“, сопственик на „Орка холдинг“.


[Image: .jpg?resize=480%2C252&ssl=1]

Јордан (Орце) Камчев е претседател на одборот на директори на „Аџибадем Систина“ и извршен директор на фирмата „Орка Холдинг“ чиј сопственик е неговата мајка.

Врховниот суд ги прифати жалбите на осомничените, откако претходно донесе начелно правно мислење дека СЈО не е овластен тужител за предметите кои ги презеле од редовното обвинителство, по 18 месеци од добивање на „бомбите“.
Се очекува жалба до Врховниот суд да поднесе и осомничениот Сашо Мијалков, кој исто така е во куќен притвор.
Инаку СЈО го превзема случајот „Империја” за основано сомневање за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело во периодот од 2002 до 2013 година.
Околноста дека обвинетиот во текот на предистрагата пред да биде лишен од слобода по претходни добиени сознанија од Н.Ј. и С.М., дека во неговиот дом ќе се врши претрес, скрил предмети што биле во неговиот сеф, како мобилниот телефон, факт потврден и од сведокот З.М., што укажува дека доколку би бил пуштен да се брани од слобода, ќе ја попречува кривичната постапка преку влијание врз сведоци и соучесници“, се наведува во образложението на СЈО.


Quote:Според СЈО, лицата во „Империја“ се осомничени за злосторничко здружување, оштетување или повластување доверители, злоупотреба на службената положба и овластувањето, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Највисокиот суд одличил дека во дадениот рок од 18 месеци, во согласност со член 22 од Законот за СЈО, Обвинителството има само две алтернативи: да поведе обвинение или да нареди запирање на истражната постапка. Врховниот суд се очекува од куќен притвор да го пушти и ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков.
Со преземање истражни дејства и со примена на посебни истражни мерки, обезбедени се доволно докази, од кои, според СЈО, произлегло основано сомнение дека во периодот од 2002 до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица што биле или се во нивна сопственост.
06-03-2019, 07:26 PM
Reply