Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НАЦРТ-АМАНДМАНИТЕ ПРЕД УСТАВЕН СУД
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,775
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Нацрт-амандманите се неуставни и го уриваат уставниот поредок





Д-р Јана Лозаноска денес поднесе Иницијатива до Уставниот суд на Република Македонија за оценување на уставноста на нацрт-амандманите усвоени од Владата на седницата на 2 ноември годинава.
Во изјава за ПресингТВ, Лозаноска вели дека „нацрт-амандманите се неуставни и го уриваат целиот уставен поредок и Уставот на Република Македонија“.
Лозаноска во Иницијатива од Уставниот суд бара да ја преиспита уставноста на нацрт-амандманите XXXIII, XXXV и XXXVI на Уставот на РМ.
„Дали е возможно согласно Уставот, по предлог на Влада овие нацрт-амандамни, a посебно амандманот XXXV да се изгласаат, во Собрание со 2/3 мнозинство, без притоа да не се поништи во Преамбулата на Уставот преку преименувањето во “Република Северна Македонија”, задолжителниот референдум од 1991 (Сл. Весник на РМ, бр. 37/1991), каде што експлицитно граѓаните се изјасниле за конституитрање на “Република Македонија како суверена и самостојна и како граѓанска и демократска држава”. Задолжителниот референдум од 1991 е интегрален дел на Преамбулата на Уставот, односно врз негова основа е прогласен Уставот на Република Македонија од страна на Собранието на Република Македонија (Сл. Весник на РМ, бр.52/1991 – Одлука за прогласување на Уставот, Број, 08-4642/1, 17 Ноември, 1991 година). Во таа насока, барам од Уставниот суд да застане на страната на одбрана на Уставот и ги прогласи овие нацрт-амандмани за неуставни“, прашува Лозаноска.
Таа дополнително бара Уставниот суд да се изјасни за уставноста на членот 1 од Конечната спогодба меѓу Македонија и Грција, за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните, со членот 118 од Уставот на Република Македонија.
 



Уставниот суд или ке се прогласи за ненадлежњн  или нема да ја разгледа иницијативата на Д-р Јана Лозаноска!
05-11-2018, 02:55 PM
Reply