Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МАКЕДОНИЈА БЛОКИРА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,775
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:
[Image: 44976675_10214069254539902_9171175320781...e=5C4A0A9C]



П Р О Г Л А С


#БОЈКОТИРАМ УСТАВНИ ПРОМЕНИ

Ние, граѓаните на Република Македонија,
Водени од мнозинската волја на народот изразена на двата референдума (задолжителниот од 1991 и консултативниот од 2018 година), се обединуваме против неуставниот и противзаконски т.н. Преспански договор!
Ги повикуваме сите здруженија, асоцијации, синдикати, институти, научни и високообразовни установи, неформални движења, интернет групации, политички партии, дијаспората, како и поединци, професори и други интелектуалци, уметници, спортисти, работници и др. – со сиот свој кредибилитет и јавен ангажман да се обединат сега, со една единствена цел: организирање континуиран и масовен ОТПОР кон посегнатите нелегитимни и нелегални уставни промени!
Нашата заедничка поддршка на овој Проглас не значи и наше идно заедничко политичко дејствување во борбата за власт на следните избори.
Сите општествени чинители коишто го подржуваат овој Проглас, без оглед на идеолошките, политичките, верските или етничките разлики, манифестираат почит кон владеењето на правото и загриженост за иднината на државата, потврдувајќи ја историската зрелост на нацијата, ставајќи го општиот пред личниот интерес заради остварување повисока цел – зачувување на суверенитетот на Републиката и на правото на самоопределување на народот.
Главната причина за ова движење е арогантниот однос на власта која игнорирајќи ја јасно изразената волја на граѓаните против неуставниот т.н. Преспански договор, манифестирана преку масовниот бојкот кој резултираше со неуспешен референдум, на кој 2/3 од избирачите не го одобрија истиот!
Затоа, во овој драматичен историски миг за нашата Република, заробена од корумпирана политичка клика што најдрско ја игнорира и народната волја и Уставот, БАРАМЕ:
- Итно и безусловно запирање на процесот на нелегалните уставни измени;
- Еднострано правно поништување на октроираниот и веќе отфрлен т.н. Преспански договор;
- Стриктно почитување на домашното и меѓународното јавно право;
- Трајна заштита на Името на државата, Македонија
- Распуштање на Собранието и распишување на вонредни парламентарни избори.
Изразуваме решителност дека, доколку не се прифатат горенаведените барања, ОТПОРОТ ќе продолжи и расте и несомнено ќе бидат употребени сите институционални и вонинституционални инструменти на ненасилен граѓански отпор.
#Бојкотирам
Скопје, Македонија,
29 октомври 2018
(This post was last modified: 05-11-2018, 12:43 PM by ЈорданПетровски.)
29-10-2018, 12:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,775
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

[Image: image.png]
30-10-2018, 12:14 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,775
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:„Македонија бојкотира“ преминува во „Македонија блокира“!


Кризен штаб на 84 организации ќе организира протести пред Собрание, домовите на „одметнатите пратеници“, блокада на патишта и гранични премини, најави „Единствена Македонија“. Од МВР велат дека ја гарантираат безбедноста

   
[Image: 45617409_303.jpg]

05.11.2018
Нацрт-амандманите на Уставот кои Владата минатата недела ги достави во Собранието, стануваат полигон за најави на нова „ќосевизација“ на македонското секојдневие. Партијата „Единствена Македонија“ која се изјаснува како приврзаник на идејата за стратегиско партнерство со Русија, соопшти дека вчера 84 организации - партии, невладини организации, граѓански иницијативи од земјата и дијаспората, потпишале Повелба за стратегиска соработка со која се предвидува формирање на Кризен штаб против промена на Уставот на Република Македонија, распуштање на Собранието и распишување на предвремени парламентарни избори.
„Кризниот штаб ќе организира сенародни протести пред Собранието на Република Македонија, пред домовите на одметнатите и уценети пратеници, блокада на патишта и гранични премини и други форми на отпор под чиј притисок Владата и Зоран Заев ќе бидат принудени да си заминат. Антимакедонските политики го допреа врвот. Или ќе дозволиме марионетската власт во Скопје да избрише сѐ што е македонско, или ќе победиме за да останеме свои на своето. До таму е дојдено, или тие или ние. Целта на сенародниот отпор е со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер“ - било истакнато на потпишувањето на Повелбата за стратиска соработка. Како што соопшти „Единствена Македонија“, Кризниот штаб против промена на Уставот, за распуштање на Собранието и распишување на избори ќе настапува под слоганот „Македонија блокира“.


[Image: 44270632_401.jpg]
На протестите во јуни „Единствена Македонија“ вееше руски знамиња


МВР ја гарантира безбедноста
Од МВР и денеска повторија дека ја гарантираат безбедноста на сите граѓани и на пратениците. Тие потенцираат дека според безбедносна проценка веќе се обезбедуваат домови на пратеници, но и дека гранични премини не може да се блокираат.
Неколку дена претходно, и организациите Македонски Обединети Сили (МОС) и „Тврдокорни“, најавија дека „следен проект за кој ќе преземат одговорност ќе биде развивање на национално „Движење за враќање на Македонија на Македонците“, чии носители ќе бидат родољубните организации со неизвалкана морална сила на делување и сите храбри слободумни луѓе, со координативно тело наречено Родољубен Совет и главна цел - враќање на македонскиот национален суверенитет. Оттаму најавуваат тоа ќе биде самостојно организирана форма на дејствување, затоа што сметаат дека „соодветно на радикалноста, решителноста, тврдокорноста можат да применат начела битни за успехот, а кои се изоставени во другите здружени сојузи“.


[Image: 19070350_401.jpg]


ВМРО ДПМНЕ најавува остра критика во собраниската расправа за уставните амандмани


Жестоки критики од ВМРО-ДПМНЕ
Дали ваквите најави ја заобиколуваат најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ? Прашањето произлегува од фотографија што ја објавија неколку портали, од наводна средба меѓу потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, и советникот на претседателот Ѓорге Иванов, Синиша Алексовски, чие име беше поврзано со присуството на акредитираниот офицер на БИА, Горан Живаљевиќ, на 27-ми април 2017 година во парламентот. Засега нема партиска потврда или демант за средбата, но од партијата веќе највија жестока критика на нацрт-амандманите. Како што изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за ТВ „Сител“, на денешната координација ќе се договара настапот на опозициските пратениците во дебатата за уставни измени.  Тој вели дека одлуките кои стигнуваат во Собрание ги добиваат сосема неочекувано. Како пример го посочи вметнувањето на Охридскиот договор во амандманите, нешто што претходно не било предвидено, а што автоматски повлекува и промена на стратегијата за тоа како треба да се делува во парламентот.
„Јас очекувам една жестока критика од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 'За подобра Македонија' на сето она кое што ќе биде предложено од страна на владејачкото мнозинство и од Владата во рамките на комисиската расправа, а потоа и во собраниската расправа. Да биде демаскирано и презентирано пред македонската јавност сето она кое што претходно го излажаа од страна на владејачкото мнозинство да види со какви политичари има работа по кој знае кој пат, кои што едно зборуваа претходно, а друго имплементираат на дело“, рече Мицкоски.

ДВ
05-11-2018, 12:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,775
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

[Image: Protest-960x480.jpg]
(This post was last modified: 05-11-2018, 02:20 PM by ЈорданПетровски.)
05-11-2018, 02:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,775
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

[Image: 1.png]
(This post was last modified: 06-11-2018, 02:46 AM by ЈорданПетровски.)
06-11-2018, 02:45 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,775
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6



08-11-2018, 02:55 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,775
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

ВИДЕО ОД СЛУЧУВАЊАТА ПРЕД КУЌАТА НА САШО ВАСИЛЕСКИ















(This post was last modified: 10-11-2018, 11:07 PM by ЈорданПетровски.)
10-11-2018, 10:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,775
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Накај куќата на Арнаудов за да му врачиме отворено писмо и да го поканиме да го менува уставното име на Македонија.





10-11-2018, 11:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,775
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:МВР подготвува пријави против Бачев и демонстрантите од синоќешниот протест во Охрид

11/11/2018
[Image: bacev-696x421.png]

Министерството за внатрешни работи постапува по вчерашниот протест во Охрид каде група демонстранти се собра пред куќите на пратениците Љубен Арнаудов и Сашо Василевски. Демонстрантите извикуваа говор на омраза, ги нарекуваа пратениците предавници, изроди и им се закануваа со висење на бесилка. Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, пак, вербално го нападна Василевски по што полицијата мораше да интервенира и да го тргне настрана.
Од МВР велат дека во соработка со Основното јавно обвинителство постапуваат по случувањата и се работи на собирање на докази. Откако ќе заврши постапката на прибирање докази, ќе се поднесат соодветни пријави, велат од таму.
Бачев веќе еднаш беше повикан во полиција на разговор поради закани кон пратениците. Тој ги предупреди пратениците дека нема да стигнат ниту до граница доколку гласаат за уставните измени.
11-11-2018, 10:29 PM
Reply