Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЈОРДАН ПЕТРОВСКИ ВС БИЛ НИКОЛОВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

[Image: campaign_705_m.gif]

07-07-2010




Многу убав патриотски повик!!!!?????? Да се прекинат преговорите ..... Го напишале млади, образувани луѓе. Луѓе родени и израснати тука во Канада. Луѓе кои требa се дел од тој систем. Луѓе кои треба да го покажат вистинскиот начин по кој прекинот ке биде легитимен. Прекин од кој Македонија ке поентира, ке добие нескриени симпатии и подршка од оние најбитните. Прифатен од САД, Канада... Ниедна влада тука нема да подржи неаргументиран прекин на преговорите. Аргументитре кои ги наведуваат на плакатов се добро познати и тие не вродија со плод. За овој свет тука САД, Канада , Австралија е уште поригидна тие се невалидни/небитни.

27-08-2010


[Image: qoy2kl.jpg]



На фотографијата се дел од луѓето кој ја сочинуваат ГРУПАЦИЈАТА на ВЕТЕРАНИ ДИСИДЕНТИ. Џорџ Атанасовски не и припаѓа на ГРУПАЦИЈАТА


ПРЕКИНОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО-РОБЕРТ ФРОСТ И СЛУЖБАТА
(This post was last modified: 23-01-2019, 10:55 PM by ЈорданПетровски.)
28-10-2018, 05:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Дали САД некогаш би прифатиле да го сменат своето име? Зошто тогаш тоа се бара од Македонија?

Нормално е да се види дека нема решение кога од една земја се бара да си го смени името и се бара таа да не постои само за да се задоволат расистичките апетити на друга земја. Ова не ја оправдува позицијата на САД. Дали ова е начинот на кој САД се гледаат себеси како земја што „ја шири демократијата и човековите права“ во целиот свет?


06 Јули 2012
„Привилегијата“ за смена на името беше условот за Македонија да стане членка на НАТО. На мајскиот самит на НАТО Македонија не беше дури и на дневен ред.
Болно е тоа што Македонија нема да биде поканета за членство во НАТО сѐ додека не го реши т.н. „спор за името“ со Грција. Во 2008 година сите земји-членки на НАТО сакаа да упатат покана за членство за Македонија. Но на Грција ѝ беше дозволено да го користи своето право на вето и да го спречи тоа. За да биде тоа и „официјално“, беше цитирана точката 26 од Декларацијата од Самитот во Чикаго:
„Го повторуваме договорот од Самитот во 2008 година во Букурешт, како што тоа го направивме и на наредните самити, да се упати поканата за поранешната југословенска Република Македонија да се приклучи на Алијансата веднаш штом ќе се најде заемно прифатливо решение за прашањето за името во рамките на ОН, и силно ги поддржуваме напорите за таа цел.“
Уште полошо е тоа што Македонија продолжува да преговара за своето име и идентитет за да продолжи „играта со големите момци“. Истовремено, и НАТО и Европската Унија ѝ овозможуваат на Грција да ги држи остатокот од НАТО и земјите-членки на ЕУ како заложници. Македонија срамежливо моли за влез во ЕУ, но, со Грција како долгогодишен член на Унијата, тоа нема да се случи.
Зошто Македонија толку очајно бара да се приклучи кон овие две организации од чие членство очигледно нема корист?
Не само што НАТО и ЕУ ѝ го дадоа правото на Грција да диктира кој ќе стане член на овие организации врз основа на сопствената расистичка и ксенофобична политика, но уште полошо е тоа што ЕУ се обидува да ја санира ситуацијата во Грција откако таа очигледно со години лажела за својата економска ситуација, која предизвика хаос на глобалните пазари.
ЕУ исто така ѝ овозможува на Грција да ги нарушува правата на малцинствата и да ги игнорира пресудите на Европскиот суд за човекови права без страв од какви било последици. Сето ова се случува додека Грција се прогласува и се слави како „лулка на демократијата“.
Примерот со Златна зора, неонацистичката грчка партија со 21 пратеничко место во грчкиот парламент, како да е еден вид докажување за тоа „колку далеку можам да одам“.
Очајното барање на Македонија да влезе во НАТО и во ЕУ може само да се опише како патетично. Македонија е една од најсериозните држави што според бројот на војниците придонесуваат во мисиите на НАТО, иако таа не е членка. Македонската влада пред неколку години одлучи да ги жртвува сопствените граѓани како дел од тактиката за приблужување кон полноправното членство во една организација што која нема храброст да ѝ се спротивстави на Грција. Колку е тажно тоа што НАТО не може да ѝ се спротивстави на својата најслаба членка.
По Самитот на НАТО во Чикаго, македонскиот премиер Никола Груевски изрази гадење поради недобивањето покана за членство, ги критикуваше западноевропските земји и на крајот ја обвини и Грција. Има смисла, но заборави да ја вклучи и Македонија во овој хаос. Со преговорите за сопственото име, Македонија на светот му покажува дека е подготвена на промени.
Решението е едноставно. Македонија треба да ги прекине преговорите за името и никогаш повеќе да не влезе во таков процес.
Грција тврди дека името Републија Македонија создава „забуна“ со провинцијата Македонија, која беше анектирана по поделбата на целата територија на Македонија во 1913 година. Сепак, поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис во 1995 година призна дека Грција го иницираше бесмислениот спор за името само за да продолжи да го негира постоењето на својот голем проблем со домородното македонско малцинство.

[Image: ime-makedonija-e1341566666829.gif]


Иронично, Грција сега тврди дека „Македонија е грчка“, но тоа не беше случај сѐ до 1988 година, кога Грција сфати дека независноста на Република Македонија е неминовна, па таа ја преименува „северна Грција“ во „Македонија“. Пред ова, грчката политика се сведуваше на тоа дека Македонија не постои.
И покрај интензивната грчка пропаганда, повеќе од 130 земји ја признаа Македонија под нејзиното уставно име, вклучувајќи ги тука и четирите од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН. Ова го покренува и прашањето зошто земјите што веќе ја признаа Македонија бараат компромис со Грција и промена на името.
Одговорот е затоа што Македонија продолжува да преговара за сопственото име.
Ако Македонија тоа го прави само од дипломатски причини, како што некои политичари сугерираат, очигледно е дека е тоа огромен неуспех. Покажувајќи флексибилност во обидот да се најде „решение“, Македонија ги фрустрира и Соединетите Американски Држави и другите западни земји, бидејќи овој спор трае веќе 21 година, без шанси за крај. Се разбира, нормално е да се види дека нема решение кога од една земја се бара да си го смени името и и се бара таа да не постои само за да се задоволат расистичките апетити на друга земја. Ова не ја оправдува позицијата на САД, која исто така бара една земја да го промени своето име. Дали е ова начинот на кој САД се гледаат себеси како земја што „ја шири демократијата и човековите права“ во целиот свет?
Во кампањата „Нашето име е Македонија“ се поставува прашањето „Дали која било друга земја преговара за своето име?“ За да стане јасно колку е смешен овој спор за името, поставуваме уште едно прашање: „Дали американската сојузна држава Џорџија ќе побара од Република Грузија да си го смени името?“ (Американците Грузија ја нарекуваат Џорџија, н.з.)
Ако ова прашање не беше сериозно, сево ова ќе беше навистина смешно.
Бил Николов, претседател на Македонското меѓународното движење за човекови права

МКД
23-01-2019, 10:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Бил Николов: Доволно е Канада да ги прогласи преговорите за името за бесмислени


06.10.2015
Доволно е само една западна држава со здрав разум да ги оквалификува преговорите за името меѓу Македонија и Грција како бесмислени и како напад врз основните човекови права и правото на една земја на самоопределување. Со тоа всушност ќе заврши спорот измислен од Грција, како последица на нивната бесрамна ксенофобија, вели Бил Николов, претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права.

Во продолжение го пренесуваме интегрално текстот на Бил Николов.

„Која ќе биде државата која ќе го направи тоа? Овој спор е истовремено голем товар и за меѓународните организации за човекови права. Амнести Интернешнал и Хјуман рајтс воч, имавте над 20 години, што уште чекате?

Да се осврнеме на тековната канадска предизборна кампања. На македонските Канаѓани, како и на многу други етнички групи, во замена за гласови и обезбедување неброени саати волонтерска работа за помош на локалните кандидати, од страна на политичките партии им се ветуваат работи кои што сигурно нема да бидат реализирани откако кампањата ќе биде завршена. Па, ајде во оваа кампања да се обидеме со нешто различно. Реализација однапред. Политичките партии би покажале дека нив всушност може да им се верува, па така тие ќе придобијат многу посветени поддржувачи.

Да го проанализираме малку бесмислениот спор со името меѓу Македонија и Грција. Канада во 2007 година му се приклучи на мнозинството на светот со признавањето на Република Македонија да го користи своето вистинско име, и, со тоа ги обезбеди гласовите на македонските Канаѓани. Стивен Харпер добро го памети величенствениот дочек кој што му беше приреден од македонските Канаѓани во 2009 година во Торонто. Тоа беше доволна причина многумина да им останат лојални на конзервативците. Сепак, тие не го направија следниот логичен чекор, да ги осудат бесмислените преговори за името. И не само што пасивноста на Конзервативната партија по ова прашање ги загржува македонските Канаѓани, туку нивното отворено залагање да ги придобијат гласовите на Канаѓаните со грчко потекло, целата ситуација ја прави уште полоша. На пример, пред Костас Менегакис да стане пратеник од Конзервативната партија, тој организирал митинзи против Конзервативната партија и анти-македонски митинзи по повод признавањето на Република Македонија. Г-дин Менегакис тврдеше дека грчките Канаѓани никогаш нема да гласаат за Конзервативната партија. Очигледно, конзервативците го видоа тоа како повод за да му се додворат, па тој е сега се кандидира за втор мандат како конзервативец. Иако Либералната партија до крајност ги бранеше ставовите на грчко-канадската заедница, го осудија своевремено признавањето на Македонија и му дозволија на пратеникот Џим Каријанис во неколку прилики јавно да манифестира расистички пароли против канадските Македонци. Г-дин Каргијанис беше дури и фатен на видео како држи некакво предавање на кое што го оправдува бомбардирањето на македонските цивили од страна на Грција за време на грчката граѓанска војна. Можеби нивниот став е променет на подобро во меѓувреме, или па станал уште полош. Па, либерали, што е точно од ова? НДП и Партијата на зелените и натаму не се изјаснуваат во врска со ова прашање. Не баш многу смела надворешно-политичка стратегија.

Грција го отвори прашањето за името со цел да го блокира признавањето на новата независна држава Република Македонија во 1991 година и да може да продолжи со негирање на постоењето и со прогон на големото македонско малцинство. Притоа се тврдеше дека Македонија се обидува да узурпира едно „историско грчко" име, иако до 1988 година, политиката на Грција, поткрепена и со многу документи, беше дека Македонија никогаш не постоела. По анексирањето на половина од територијата на Република Македонија во 1913 година настојуваа да се искорени нејзиното постоење, а таквата политика продолжува и денес. Според првиот посредник на ОН во спорот за името, Робин О'Нил, „Македонија не смее и нема да го смени името, со цел да се смири Грција. Ако Македонија подлегне на притисоците и го смени своето име, таквиот потег само ќе им даде повеќе сила и мотив на Грците за да ја постигнат нивната крајна цел - Македонија да исчезне од мапите". Тоа е, всушност, Грција е всушност таа која што се обидува да го узурпира името на Македонија.

Со оглед на сето ова, имам легитимно право да се запрашам, зошто Македонија е во преговори за сопственото име. Накратко одговорот би бил дека се плаши од гневот на САД кои се заканија дека доколку Македонија се повлече од преговорите за името, тие ќе ја повлечат економската и воена помош, притоа тврдејќи и дека би еруптирала граѓанска војна со албанското малцинство во Македонија. Прилично иронично, со оглед на фактот дека САД ја признаа Македонија во 2004 година. Многу ниско и лицемерно од надворешната политика на САД.

Ова е моментот каде што Канада и сите четири големи политички партии треба да реагираат. Тие можат да му покажат на остатокот од светот дека се’ уште се залагаме за традиционални канадски вредности и за човекови права. Канада има шанса да стави крај на оваа бесмислена дебата, и тоа треба да го направи.

Бил Николов, претседател
Македонско меѓународно движење за човекови права.

ТОЧКА
23-01-2019, 10:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote: Обликувај ги, освои ги, искорени ги – Културниот геноцид на Македонците!



13 јули, 2018
Доколку некој ви каже дека име и идентитет на една цела етничка група е сменета за да се смири угнетувачот, би предизвикало ли тоа вознемиреност кај вас? И доколку би ви дале вакво објаснување „но пазете, се работи за дипломатски спор“, дали вашиот одговор би бил: „Епа ОК тогаш. Проблемот нека го решат со негирање на сопственото постоење.“?

Тоа е всушност она што се случува со Македонија и Македонците. Се ребрендиравме себеси како „Северни Македонци“, а нашата земја како „Северна Македонија“, со што термините „Македонци“ и „Македонија“ му ги отстапивме на нашиот најголем угнетувач, Грција, па уште во западните медиуми секојдневно читаме за таа наша „победа“. Нашето име и идентитет се дадоа токму на државата чија главна цел на нивната надворешна политика е нашето искоренување.

Ако забележавте, истакнав „најголем угнетувач“. Да не заборавиме притоа на нашите помалку познати угнетувачи, Бугарија, Албанија и Србија, коишто ја присвојуваа Македонија, па како може Македонија истовремено да биде грчка, бугарска, албанска и српска? А што ќе кажете за ова: Македонија е македонска.

Но имајте на ум, овој проблем помеѓу Република Македонија и Грција не е обичен проблем креиран од Грција и овозможен од Западот. Целата територија на Македонија (Република Македонија е само еден дел од неа) во 1913-та година беше поделена помеѓу Србија (Југославија), Бугарија, Грција, а подоцна и Албанија. Со растурањето на Југославија во 1991 година, Македонија се стекна со независност. Погледнете ја оваа мапа, заедно со мојот коментар за тоа како – по 500 години турска окупација, цела Македонија, вклучувајќи го и делот од Македонија што беше присвоен од Грција, се’ уште има села и градови со македонски имиња. По припојувањето на Егејска Македонија, грчката влада ги смени сите македонски имиња во грчки. Ако Македојнија навистина „отсекогаш била грчка“ (тврдење кое од страна на Грците ЗАПОЧНА дури во 1988 година), тогаш и имињата веќе ќе беа грчки. Здравиот разум треба да преовладее во однос на расистичката пропаганда.

И никогаш не заборавајте, без разлика во која земја ќе се наоѓаат Македонија и Македонците, Македонија беше, е и секогаш ќе биде МАКЕДОНСКА.

И кога ќе се осмелиме да го браниме нашето постоење, не’ обележуваат како „националисти“. Јас дури бев и претставен како националист во една неодамнешна телевизиска панел дебата на TRT World. Леле мајко. Тоа е македонска фраза којашто изразува згрозено изненадување. Но дали ќе морам да ја опишам неа сега како „северно-македонска“? Па, доколку нешто звучи глупо, тоа и е глупо...

Добро, како стигнавме до ова? Како што повеќепати имам истакнато, романтизирањето на Грција од страна на Западот доведува до колапс на целата моја етничка група. Како што можете и самите да видите, на Грција и’ успеа својата политика на културен геноцид против Македонците да ја формулира како „дипломатски спор“, а светот слепо го прифати тоа.

Обликувајте ја дебатата и со тоа најверојатно ќе извојувате победа. Освен, се разбира, доколку светот ве мрази. Доналд Трамп, дали вие следите што се случува? На пример, доколку Трамп тврди дека САД имаат „огромен трговски дефицит“ со Канада и доколку Канада го прифати тоа и понуди отстапки, Трамп е тој што ќе освои ‘твитна’ победа. Меѓутоа, канадската министерка за надворешни работи, Кристија Фриленд, ја пресретна последната лага на Трамп и со гордост ја објави одбраната на националните интереси на Канада, со воведување одмазнички тарифи за САД.

Здрав разум, нели? Па зошто тогаш светот дозволи еден компулсивен лажливец како Грција да го обликува културниот геноцид како „спор меѓу соседите“? Наречето го со вистинското име и преземете мерки да го спречите.

Следново прашање може да му биде поставено на секој лидер или политичар што некогаш сум го сретнал, но ова е токму за вас, министерке Фриленд: Во моите разговори со вас и со вашите советници за надворешна политика, ви го поставив прашањето погоре. Ве прашав, зошто Западот не и’ дозволува на Македонија да се брани на ист начин како што вие ја браните Канада? Одговор од вас? Не добив. Знаете, македонските Канаѓани нема да ја заборават вашата одвратна неактивност за време на изборите. И не, не велам „северномакедонските Канаѓани“.

Грците се во една многу поволна позиција, бидејќи светот необјасниво ги сака, па можат да ги спинуваат аргументите онака како што нив им одговара. Грција, на Западот омилениот расист, лажеше за се’ поврзано со нивната економија., за нивните вештачки врски со античката историја, за нејзината „културна чистота“ (којашто доведе до масовни кршења на човековите права против Македонците и другите нивни малцинства), повторниот избор на 21 пратеник од нивната неонацистичка партија, масовната маркентишка кампања дека се’ што е за јадење е нивно и Западот, буквално, го проголта сето тоа.

Нивната маркентишка кампања беше насочена (освен за финансиската помош од ЕУ) за да го убеди светот дека Македонија и’ припаѓа на Грција. Оваа кампања започна во 1988 година. Доколку пред 1988 година му речевте на некој Грк дека Александар Велики бил Македонец, ќе ви било одговорено со „Не! Такво нешто немало и Македонија не постоела. Александар Велики бил Грк.“ А по 1988 година следува ова: „Да! Тој бил Македонец, а тоа значи дека бил Грк.“ Па потоа почнаа да тврдат дека „Македонија има четириилјадна грчка историја“. Математиките не важат овде.

Тука повторно ќе се навратам на грчкото обликување на дебатата. Тие се навраќаат во античката историја (кога не ни постоела идејата за „Грција“, а за Македонија секако дека постоела), но зарем некој мора да се враќа 2.000 години назад за да реши некаков вештачки спор? Грција не признава дека од Западот е создадена таква романтизирана „историја“, од причина што не сака да признае дека претходно го негираше постоењето на Македонија, дека немаше проблем со името на Република Македонија кога беше дел од Југославија и дека нивниот поранешен премиер Константин Мицотакис призна дека Грција во 1995 година го создала „спорот со името“ со цел да го негира постоењето (вршејќи притоа културен геноцид) на големото македонско малцинство во Грција.

Актуелниот грчки премиер, Алексис Ципрас, дури и го прослави незаконскиот „договор“ за промена на името на Македонија како победа во поглед на вечното негирање на постоењето на Македонците во Грција. Кој може да слави културен геноцид? Тоа го прави најголемиот европски кршач на човекови права. Што ме потсетувана наонааизјаваод Трамп дека неговите поддржувачи треба да му останат лојални дури и кога тој би пукал во некого на улица. Па добро, Западу, што уште Грција треба да направи за да ја изгуби вашата поддршка?

Не заборавајте, иако Македонија во 1913 година беше поделена меѓу Србија, Бугарија, Грција, а подоцна и Албанија, терминот македонски има само едно значење, а тоа е поврзаноста со Етничките Македонци.

Грција го призна овој факт во 20-тите години од минатиот век, кога презеде мерки, спонзорирани од Обединетите Нации, за да обезбеди образование за Македонците, кога Македонците ги внесе во пописот како етничка група, за потоа да се врати на своите фашистички корени и да се откаже од тие работи. Меѓутоа, исто како и интернетот, историските записи се вечни. Кршењето на човековите права и пропагандата се лесно воочливи, но, за среќа на Грците, Западот повторно избира соучесништво, наместо пристојност.

Кога Македонците почнале да пристигнуваат во Северна Америка, кон крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век (бегајќи од прогонство, без да очекуваат дека по еден век ќе им се случува истото од нивните нови домаќини), во пристанишните документи се регистрирани нивните имиња, земјата од којашто доаѓаат (тука стои Турција, затоа што Македонија беше под Отоманска окупација) и, пазете ова, за националност стои МАКЕДОНСКА и покрај тоа што биле под странска окупација. Погледнете овде еден од многуте примери.



[Image: 1.png]


Како што можете да видите, ние отсекогаш сме биле Македонци, без разлика кој поседува одреден дел од Македонија, кој ја зазема и кој владее со Македонија. Ако ова не беше вистината, ние можевме евентуално да станеме и Кинези, ако тие одлучиле да не’ нападнат. Така да, вие западни владетели, не можете туку-така да ги наградите нашите угнетувачи. Не можете да наградите незаконско културно присвојување. Или, може и вака да се каже, не можете на една етничка група да и’ дадете различен идентитет.

Ставете се себеси на наше место. Што би правеле доколку вашиот идентитет биде одземен од вас, а светот не само што тоа го гледа, туку и учествува во тој процес.

Помислете на вашите претци и нивните борби. И помислете на моите исто така. Кога јас бев нападнат за моето постоење, го наведов ова на TRT World: Мојот прадедо во 1903 година бил роден како Македонец, под турска окупација. Тој останал Македонец и под грчка окупација. Тој останал Македонец и кога се преселил во Канада. Вие не можете да го смените она што е во вашата крв.


Погледнете ја оваа фотографија. Нашето име е Македонија. Вие го знаете тоа. Па помогнете ни да го одбраниме.




[Image: image.png]


Бил Николов, претседател

Македонско Меѓународно Движење за Човекови Права

ММДЧП
23-01-2019, 10:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Зошто не ја заштитите мојата етничка група од омраза?


26.10.2018
Целиот мој живот сум го осудувал расизмот. Од кога помнам за себе бев активист за човекови права. Се згрозувам кога некого дискриминираат врз основа на неговото етничко потекло. Во исто време, низ текот на целиот мој живот, и јас самиот бев дискриминирам поради мојата етничка припадност. Сега, ја барам вашата помош. Ќе ми помогнете ли? Не, веројатно нема. Скроо да сум сигурен дека нема да ми помогнете. Но, За тоа малку подоцна.

Причината поради која што го пишувам овој текст е следната: поради тоа што има вести од кои ми се блуе Поради коментатори кои од една страна зборуваат за човекови права, осудуваат една страна – пред се Републиканската партија – затоа што поттикнува расизам и омраза. И знаете што? Во ПРАВО се за тоа. Но, притоа одбиваат да се погледнат себеси во огледало. Поради тоа ми е мака. Познатата аналогија за „стаклената куќа“ чии жители не би требало да фрлаат камења кон други е применлива тука. Но, да се вратиме на поентата. Не можете да осудувате расизам доколку и самите сте расисти. Немате право на тоа.

Мојата етничка група е на работ на пропаст поради луѓе кои осудуваат ДРУГИ за расизам. Демократите кои, нели, се „добрите момци“, пред многу години почнаа со план за преименување и редефинирање на мојата етничка група, на мојата држава, јазик и историја, се со цел да ги исполнат желбите на нашите поробувачи. Републиканците продолжија со оваа расистичка политика. Работите сега дојдоа до точка на вриење, и со секој ден што изминува, мојата етничка група се губи и исчезнува...

Дали би ви било важно да знаете која е мојата етничка припадност и пред да решите дека би сториле нешто да го спречите нејзиното исчезнување? За жал, важно ви е. Но, ако вие ми кажете дека на вас ви е потребна помош, јас ќе ви помогнам. Тоа го прават вистинските борци за човекови права.

Поради Соединетите Американски Држави и нивната расистичка надворешна политика, дојдовме до создавањето на еден документ во кој, на 19 страници, се редефинира кој сум јас и ми се кажува што сум јас. На најголемиот поробувач на мојата етничка група, со овој документ, им се предава мојата етничка група (притоа се игнорираат повеќе други поробувачи, кои исто така го бараат нашето име – каде е тука „еднаквоста“?) и се наведуваат конкретни случаи за тоа кога и како јас можам да се определувам себеси. На нашите поробувачи им се дава целосна контрола и можност да ја казнат мојата држава и мојата етничка група за „злоупотреба“ на зборови за кои мора да бараме дозвола од нив дали смееме да ги користиме. Дали ова ви изгледа дека е нормално?

За жал, стана норамално САД да се прават сосем спротивно од тоа што го зборуваат.Демократијата, човековите права и владеењето на правото, како и волјата на народот, станаа само празни фрази. Во реалноста, САД ја усоврши уметноста на уценување, поткупување, закани и притисоци, се со цел да го исполни замисленото. Конкретен пример – Џес Бејли, американскиот амбасадор во мојата земја, неодамна присуствуваше на седница на Собранието на која жени пратенички се држеа во приватни канцеларии, против нивната волја, додека не попуштија под притисоците и не се согласија да извршат предавство и да се откажат од нашето име. Кои беа последиците за тие што го одбија? Затвор за нивните најблиски членови на семејствата. А наградата за тие што послушаа? Стотици илјади евра. И потоа САД обвинуваат други држави за мешање во странски политички прашања. Нападот изгледа навистина е најдобрата одбрана..

Најтажното во сето ова, освен што културолошкиот геноцид врз мојата етничка група се врши поради потребите на американската надворешна политика, е во тоа што многумина од коментаторите кои ги спомнав погоре навистина веруваат во лагите кои ги шират наоколу. Тие се толку навикнати на комплексот на супериорност на Америка што веруваат дека американските вредности треба да се шират низ светот. Често пати ги слушаме овие коментатори како се расправаат меѓу себе, и велат „треба да си ја завршиш домашната работа“. Апсолутно се согласувам со ова. Ве молам , првин научете што се тоа американски вредности, а потоа дефинитивно ќе сакате да ги зачувате само за себе.

Всушност, втората најтажна работа во овој случај е што никој нема да ни дојде на помош, барем не со сериозна поддршка. Сакате да ме демантирате во ова? Ќе ни помогнете, и покрај тоа што не сме некоја голема и позната држава? Се сомневам. Но, јас и понатаму ќе ви помагам на вас. Бидејќи јас навистина верувам во вредностите кои ги промовирам.

Значи, да бидеме на чисто – јас сум Македонец. Моето семејство се бореше против бугарското, грчкото, српското и албанското ропство од 1913 година, кога Македонија беше распарчена и мојата земја растргната на четири страни и предадена на нашите нови поробители. Претходно, моето семејство 500 години се бореше против турското ропство. И против други, уште постари окупации. Нашето име, етничката припадност, јазикот и историјата, опстојуваа. Зошто тогаш САД им помага на еден од нашите поробувачи? „Победникот“ во оваа антимакедонска лотарија е Грција. Но, не грижете се, бидејќи САД ќе им помогнат и на Албанија и Бугарија во нивните разни видови на дискриминација против Македонците.

Република Македонија, која е независна од 1991 година, набргу ќе го загуби својот суверентиет, своето име и идентитет, поради американската надворешна политика. Името и идентитетот на сите делови на Македонија ќе исчезнат заедно со Републиката. Запрашајте се, што би сториле ако вакво нешто се случи на вашата етничка група.

Нашето име е Македонија. Човечкото достоинство бара да го браниме. Ве чекам да ни дојдете на помош, иако не се надевам премногу.

Бил Николов
Претседател на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права


ММДЧП
23-01-2019, 10:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Николов до Фриленд: Кажете зошто Канада поддржува уништување на Македонија

 

[Image: -фриленд.jpg?resize=696%2C489&ssl=1]




05.09.2018
Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада Бил Николов, јавно ја прашува канадската министерка за надворешни работи Фриленд, зошто Канада го поддржува уништувањето на Македонија.
Бил Николов бара Фриленд јавно да каже што бил нејзиниот одговор кога на неа и на нејзините политички советници им кажал дека Канада не поддржува диктатори кои сакаат да уништат цели етнички групи но тоа не е случај и со Македонија.
Во продолжение интегралното јавно обраќање на Николов кој е прв човек на една од најактивните и највлијателни македонски организации во дијаспората.

Канада го поддржува уништувањето на Македонија – Министерка за надворешни работи Фриленд, кажете ни зошто

Бил Николов
Лидерот на една нова македонска политичка партија ми праќаше пораки на сред ноќ пред некое време, за да ми пренесе информации за операцијата на двете нозе на нејзината портпаролка за скршениците кои ги здобила од страна на специјалната полиција таа вечер. Нејзиното злосторство? Тоа што присуствувала на мирен протест против промената на македонското име и идентитет. Специјалната полиција ја повикал „Премиерот“ поставен од САД, Зоран Заев, кој прави сѐ за брутално да го задуши секое противење.
Овие брутални тактики предводени од САД се поддржани од нашата канадска влада.
И покрај моите повици кон неа и нејзините политички советници да ги одбранат основните човекови права и самоопределување, канадската Министерка за надворешни работи, Кристиа Фриленд, избра да му честита на Заев за обидите за насилно менување на името на Македонија со цел да му се удоволи на најголемиот потчинител на Македонија, Грција.
Новото име би било „Северна Македонија“, а Македонците насекаде, не само во Република Македонија, би се нарекувале „Северно-Македонци“, кои зборуваат „Северно-Македонски“. Договорот со кој би се сменило името на Македонија, а кој е поддржан од Западот, дури предвидува нова дефиниција на тоа што е „македонски“, како и промена на историјата и препишување на учебниците. Терминот „македонски“ веќе не би им припаѓал на Македонците. Замислете ова да им се случи на Ерменците, Украинците или на други етнички групи.
Кристиа, дали знаете кого и што поддржувате?
Ќе објаснам. Заев лажирал избори со поддршка на САД, затворал Македонци кои се осмелиле да му се спротивстават (вклучително и шест опозициски пратеници – со што го олеснил нелегалното донесување на нови закони), го прекршил македонскиот устав и закони, прескокнал собраниски правила за да протурка антимакедонски политики, наредил отпуштање (од работни места во јавниот и приватниот сектор) на луѓе што ги сметал за противници, затварал медиуми кои се критички настроени кон него, блокирал пристап до социјални мрежи на медиуми кои не го поддржуваат, и наредувал владино заплашување и истраги против лица кои се против неговите политики – вклучително и оние кои контактираат со мене и организацијата која ја предводам – Македонското меѓународно движење за човекови права.
За Заев и неговите американски, канадски и поддржувачи од ЕУ, позицијата на мојата организација дека треба да се почитуваат меѓународното право, конвенциите за заштита на човековите права и пристојноста се пречка на патот кон остварувањето на нивната цел. Веројатно се прашувате што би можела да биде таа цел. Тоа е менувањето на името, идентитетот, народноста, јазикот и историјата на Македонија за да се постигне грчката цел – бришење на нашето постоење – само за Грција да се воздржи од користењето на своето право на вето за Македонија да стигне до членство во ЕУ и НАТО.
Ова ли е Канада што ја знаете?
Македонија беше поделена во 1913 помеѓу Србија (Југославија), Бугарија, Грција и, подоцна, Албанија, и сите тие земји веднаш почнаа со кампања за бришење на секоја трага од Македонија. Република Македонија ја прогласи својата независност во 1991 по падот на Југославија, но Македонците кои се наоѓаат надвор од нејзините граници се сѐ уште на милост и немилост на нивните потчинители. Така што, овој „проблем со името“, за кој Грција признава дека е вештачки, ги засега Македонците низ цела Македонија и низ светот, а не само во Република Македонија. Ние сме сведоци на современ културен геноцид, на кој, несфатливо, му помага и Западот.
На Кристиа Фриленд и на нејзините политички советници им кажав дека мојата Канада не поддржува диктатори кои сакаат да уништат цели етнички групи. Кристиа, кажете им на сите Канаѓани кој е Вашиот одговор.
Им дадов на опозициските партии шанса да застанат зад традиционалните канадски вредности, да ја разоткријат Либералната Партија затоа што очигледно и дрско ги прекршува, и да го одбранат правото на постоење на цела една етничка група, но без резултат.
Нивните изговори? Прво, нивното гледиште за културниот геноцид на Македонците е дека се работи за „дипломатски проблем меѓу соседи“. Паднале право во стапицата на Грција.
Второ, тврдат дека тоа што „лидерот“ на Македонија ја спроведува оваа политика значи дека истата е легитимна. Да беше така, никој немаше да ја осудува забраната за Муслимани на Доналд Трамп, неговата поддршка на Неонацистите, ниту пак неговите постојани расистички коментари. Да беше така, Канада никогаш немаше да помогне да се смени поранешниот украински претседател Јанукович заради неговите проруски политики.
Сепак, битно е да се напомене дека Премиерот не е шеф на државата, туку тоа е Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, но Западот згодно го игнорира овој факт зашто Претседателот се противи на политиките на Заев.
Кристиа, Ве прашав, да бевте со македонско, наместо со украинско етничко потекло, каква ќе беше канадската политика?
Партии на опозицијата, зошто не се спротиставувате на антиканадските постапки на канадската Влада?
Јас бев Македонец долго пред да го донесат на власт антимакедонецот Заев. Македонци беа и моите предци кои се преселија во Канада за да избегнат прогон, никогаш не мислејќи дека и јас ќе бидам изложен на прогон по многу децении, од страна на земјата која тврди дека е глобален лидер во одбраната на човековите права. Како што им кажав на сите канадски политички партии – мојата Канада ги брани човековите права на сите етнички групи, а не само на оние кои се популарни.
Бил Николов, претседател
Македонско Меѓународно Движење за Човекови Права

ЕКСПРЕС
23-01-2019, 11:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Canada Supports Macedonia’s Demise – Foreign Minister Freeland, Tell us Why


[Image: 2.jpg]


17.01.2019 Bill Nicholov
The leader of a new Macedonian political party was texting me in the middle of the night recently, giving me updates on her spokeswoman’s surgery to repair two broken legs, suffered at the hands of riot police earlier that night. Her crime? Attending a peaceful protest against changing Macedonia’s name and identity. The riot police were ordered in by US-installed “Prime Minister” Zoran Zaev who is doing everything in his power to brutally silence any dissent.
And these brutal US-led tactics are being supported by our Canadian government.Despite my appeals to her and her policy advisors to defend basic human rights and self-determination, Canadian FM Chrystia Freeland has chosen to applaud Zaev’s attempts at forcibly changing Macedonia’s name in order to appease its biggest oppressor, Greece.
The new name would be “North Macedonia” and Macedonians everywhere, not just in the Republic of Macedonia, would be known as “Northern Macedonians” who speak “Northern Macedonian”. The agreement supported by the West that would change Macedonia’s name even mandates what the new definition of “Macedonian” would be and that history be changed, and textbooks rewritten. The term “Macedonian” would suddenly not belong to Macedonians any more. Imagine this happening to Armenians, Ukrainians or any other ethnic group.
Chrystia, do you know who and what you’re supporting?
I’ll elaborate. Zaev has fixed elections with US support, imprisoned Macedonians who dare disagree with him (including six opposition MPs – thus making it easier to illegally impose new laws), held female opposition MPs in parliamentary chambers against their will until they succumbed to his demands, violated the Macedonian constitution, broken the law, circumvented parliamentary rules to force through anti-Macedonian policies, ordered the firing (from public and private sector jobs) of perceived opponents, shut down media that is critical of him, blocked social media access for media outlets that don’t support him, and ordered government intimidation and investigation of those who are against his policies – including those, specifically, who are in contact with me and the organization that I run –  Macedonian Human Rights Movement International.
For Zaev and his American, Canadian and EU backers, my organization’s stance that international law, human rights conventions and decency be respected stands in their way of achieving their goal – to change Macedonia’s name, identity, ethnicity, language and history to appease Greece’s goal of eradicating our existence – all so Greece refrains from using its veto power so Macedonia can get NATO and EU membership.
Is this the Canada that you know?
Macedonia was divided in 1913 among Serbia (Yugoslavia), Bulgaria, Greece and later, Albania and each country immediately began campaigns aimed at eradicating any trace of Macedonia. The Republic of Macedonia declared its independence in 1991 after the fall of Yugoslavia, but Macedonians who find themselves outside its territory are still at the mercy of their oppressors. So, this “name dispute”, admitted by Greece to be artificial, affects Macedonians throughout all of Macedonia and the world, not just the Republic of Macedonia. We are witnessing modern-day cultural genocide – and it is inexplicably being aided by the West.
I told Chrystia Freeland and her policy advisors that my Canada does not support dictators intent on destroying an entire ethnic group. Chrystia, tell all Canadians what your response is.
I’ve handed the opposition parties a chance to stand up for traditional Canadian values, expose the Liberal Party for blatantly violating them, and to defend the very existence of an entire ethnic group – all to no avail.
Their excuses? One, they view the cultural genocide of Macedonians as a “diplomatic dispute between neighbours”. Well, they have fallen right into Greece’s trap.
Second, they claim that because the “leader” of Macedonia is executing this policy that it somehow makes it legitimate. If this were the case, nobody would’ve denounced Donald Trump’s Muslim ban, his support of neo-Nazis, or any of his continuous racist comments. If this were the case, Canada never would’ve helped to oust former Ukrainian President Yanukovych because of his pro-Russian policies.
However, it’s important to note that it is not the Prime Minister, but the President of Macedonia, Gjorgi Ivanov, who is the head of state, but the West conveniently ignores this fact because he is opposed to Zaev’s policies.
Chrystia, I’ve asked you, if you were of Macedonian, instead of Ukrainian ethnic background, what would Canada’s policy be?
Opposition parties, why aren’t you denouncing the Canadian government’s anti-Canadian actions?
I was Macedonian way before anti-Macedonian Zaev was brought into power. As were my ancestors who moved to Canada to escape persecution, never expecting that I would be subject to it decades later by the very country that claims to be a global leader in defending human rights. As I’ve told all Canadian political parties – my Canada defends human rights for all ethnic groups – not just the high-profile.
 
 
Bill Nicholov is the president at the Macedonian Human Rights Movement International
Image courtesy of Macedonian Human Rights Movement International


iAffairsCanada
23-01-2019, 11:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Хенсл: Ако Заев стори нешто илегално ќе го гониме како Груевски


[Image: State_Department.jpg?resize=696%2C406&ssl=1]

22.01.2019
Поранешната службеничка одговорна за Македонија во американскиот Стејт Департмент Елен Хенсл со порака за американското однесување кон премиерот Заев.
“Доколку Заев направи нешто нелегално ќе го гониме како што тоа го сторивме со Никола Груевски”, му рекла Хенсел на претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права Бил Николов кој ја пренесува изјавата.
Според Николов, Хенсл која е поранешна службеничка одговорна за Македонија во американскиот Стејт Департмент признава:
1. Дека САД вршеле надворешно мешање
2. “Ако” Заев стори нешто нелегално? Местење избори поддржано од САД, кршење на законите, уцени…



[Image: 3.png]
(This post was last modified: 23-01-2019, 11:37 PM by ЈорданПетровски.)
23-01-2019, 11:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Одговорот на писанијата на Бил Николов:






Гласот на слободна Македонија Епизода 11: Кривиот правец на официјалната дијаспора


Published on Jan 24, 2019
Кога во Македонија се критикува нашата дијаспора, тоа обично се прави со карикатурата, „Дадов 10 долари, и уште десет ке дадам ако треба!“ Меѓутоа, ситните донации се впрочем како во Америка се собираат пари за секоја кауза. Проблемот на нашата дијаспора не е тоа што издвојува премногу малку пари за македонската кауза, бидејќи реалноста е дека македонските иселеници издвојуваат значителен дел од своите приходи за таа намена. Проблемот е во тоа што овие луѓе кои живеат и работат во фунцкионални демократии каде што владее правото и сите се еднакви пред законите, не работат ништо во однос на пренесување на тоа искуство во родниот крај, ниту пак во насока на промовирање на фактот дека македонскиот патриотизам е секогаш на мета на службите на државната безбедност во Македонија. Напротив, претставниците на официјалната дијаспора, од кои повеќето се родени на Западот, за жал, се однесуваат како да израснале во најзаостанатите краеви на Македонија и како да биле образувани во најдоктринарните факултети на Црвените универзитети. Класичен пример е господинот Бил Николов од Македонското меѓународно движење за човекови права, кој деновиве засилено истапува со марксистички речник во напад против претседателот на САД Доналд Трамп, како и против националистичкото движење глобално, во наводна одбрана на македонскиот национален идентитет. Во државата каде што живее, Канада, г. Николов неблагодарно го напаѓа поранешниот премиер Стивен Харпер кој во 2007 година ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име, а им се додворува на самоназначените лидери на „пост-национална“ Канада, Либералите на Џастин Трудо. Со застапници како Бил Николов, на македонската кауза не ѝ требаат непријатели. Релевантни линкови:

-



-



-



Музика: „Туѓината пуста да остане“ - Бадев, Илиева, Сариевски
24-01-2019, 04:29 PM
Reply