Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НАПАДОТ НЕ Е СЕКОГАШ НАЈДОБРА ОДБРАНА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,723
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Кога јагнињата (привремено) ќе стивнат

26/10/2018


[Image: saso-1-e1483197904127-696x522.jpg]


Кавгите, чистките и рекомпонирањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ – од пред некоја вечер, 100 отсто демократски реформирана и декриминализирана! – донесоа и слична „раздвиженост“ во светот на медумската пропагандна машинерија на некогаш моќната медиумска операција на оваа партија. Таа машинерија – памтите: Сител, Канал 5, Дневник, Вечер, Курир…? – со години беше „ударната тупаница“ на власта на Груевски употребувана за масовно „перење мозоци“ на македонското граѓанство. Се занимаваа и со систематска компромитација на политичките опоненти од светот на политиката, како и на сите оние непартиски и независни поединци и групи кои имаа храброст да им се спротивстават, кога власта под себе ги имаше (и без ограничувања ги употребуваше) сите органи за прогон и репресија под своја директна контрола.

„Десната рака“ на Груевски, убер-пропагандистот Мартин Протуѓер, беше задолжен за координација, инспирација и контрола на работењето на тој злокобен агитпроп, обилно финансиран со пари од државата.
Денеска тие „јагнешки бригади“, таа „сцена“ е прилично разнишана, обесхрабрена и без пропагандното влијание што некогаш го имаше. Сепак, можеби е интересно да се направи една кратка, „џебна“ анализа – макар и упростена, заради потребите од генерализација на „темата“ – на тоа кој и како сега „пазарно“ се снаоѓа во светот на актуелната вмровска пропаганда… Што велат моите извори во и околу ВМРО-ДПМНЕ?
Најнапред, односите со јавноста и понатаму се „десна рака“ на претседателот на партијата, Мицкоски, а нив главно ги водат партиските кадри Александар Николовски, Иво Котевски, Наум Стоилковски, но и со барем повремена „асистенција“ на Мартин Протуѓер. Има во тоа и по некој странски консултант, но тоа сега и овде не е најважно.
Под нивна контрола – веројатно во содејство со Владо Мисајловски – се командува и со секојдневната „црна“ ФБ-пропагандна операција, со неколку десетици партиски младинци распослани со профили-лажњаци, ботови, твитер-провокатори и сл.
Не се знае што разговарал Мицкоски пред десетина дена со Орбан во Будимпешта, но со оглед на поддршката што сегашниот лидер на опозицијата ја добива од „унгарските“ медиуми во Македонија – да не заборавиме, пред повеќе месеци, со наводен унгарски капитал, овде беа купени ТВ Алфа, како и порталите курир.мкрепублика.мклидер.мк… – се чини дека зад нивната сопственост сепак стои „партиски ентитет“ (ВМРО-ДПМНЕ?), а не евентуалниот „емигриран“ надвор, испран, па „имигриран“ назад во Македонија „приватизиран“ капитал на лице/лица од врвот на бившата власт. Со други зборови, можеби Мицкоски кај Орбан се појавил со „имотниот лист“ на тие медиуми, за да се воспостави функционално „владение“ врз тој ресурс?
Потоа, го имате „интелектуалното крило“ на таа медиумска поддршка (Горан Момировски, Димитар Чулев, Роберт Димитриевски, Драган Чешмаџиски…) сконцентрирани во експрес.мк. Истовремено, тоа е и пропагандната „цитадела“, мостот што го поврзува Мицкоски со кабинетот на антизападниот стратег во земјава, Ѓорге Иванов, пред сè со омнипотентниот (и омнисомнителниот) советник на Иванов, Синиша Алексоски, кој управува со своја пропагандна платформа (благодарејќи на ресурсите на Агенцијата за разузнавање и тн.).
На нив се надоврзува една мошне интересна колекција од овдешни и од луѓе од дијаспората (како Филип Јолевски, Цветин Чилиманов и тн.), инспирирани од Златко Ковач, сегашниот уредник на рускиот Спутник во Вашингтон (!), инаку некогаш „пропаганден специјалец“ на американскиот Пентагон (тоа е приказна за другпат, не помалку интересна, бидејќи човекот, меѓу другото, е од Велес…).
На нив се „врзани“ и еден-двајца „стивнати“ македонски амбасадори, луѓе од доверба на Иванов, кои под псевдоними работат за антизападната пропаганда во Македонија (додека се на платен список на македонската дипломатија).
Се разбира, не може да се избегне ни „кого-удрам-не-жалам“ екипата на комплетно одлепените Мирка, Миленко, Палчо и слични тотални лузери и разно-разни полициски „олуци“ распоредени по блогови и опскурни порталчиња како инфомакс.мк или нетпрес.мк
Како релативно независни, но цврсто вмровско определени портали се и некои на локални вмровски величини, како маркукуле.мк на прилепскиот пратеник Димитар Стевананџија.
Од оваа колекција, за сега, како да е излезен прес24.мк (на сителовите уредници Цаци и Сарма), кои се еден од ретките сигурни медиумски „прозорци“ за Сашо Мијалков во моментов. Ќе видиме до кога на Мијалков ќе му се исплати таа долгогодишна „инвестиција“…
Конечно, МРТВ е посебна приказна, но неа сите ја знаат.
Како што се гледа, со оваа медиумска „екскурзија“ – можеби некого пропуштив? – си ја зедов бељата на глава, бидејќи сега половина од спомнатите веројатно ќе ме растргнат по своите медиуми, пара-медиуми и со „специјалците“ на социјалните мрежи.
Ама, па, со оглед на милионите народни евра со кои со години ги „раневме“, како олеснителна околност, молам оваа колумна да биде сфатена како службен допис до нив од македонската јавност и сите полнолетни граѓани на Македонија, како нивни правосилни мнозински акционери. Значи, уживајте во слободата на пишаниот и изговорен збор во Македонија, само немојте да заборавите кој за каква слобода се залагаше додека ВМРО-ДПМНЕ апсолутистички владееше со државата.
Извор: Цивил медиа




Quote:Листата за отстрел на Сашо Ордановски – пишува Горан Момироски


October 27, 2018
[Image: -ордановски.jpg?resize=696%2C347]
Последниве 24 часа добив десетици пораки со прашање дали ќе му одговорам на Сашо Ордановски по неговиот текст во кој заедно со колегите од expres.mk ме ставa во групата на „интелектуалното крило“ на медиумската поддршка на ВМРО-ДПМНЕ .
Немав намера за одговор на човекот што не така одамна ја промаши иднината и суштината на напредокот на светот, но сепак по толку реакции бедруго е добро да се одговори за да не излезе дека молкот е одобрување на лажните тези на Органовски.
Но првата дилема во тој правец е како да му се одговори на новинарот, политички аналитичар, професор по новинарство на Штуловиот Универзитет , некогашен директор и уредник на МТВ во времето на Бранко Црвенковски.
Како да разговарате со човекот кој што предвиде дека интернетот ќе згасне како логична завршница на либералната демократија. Што да му кажете на човекот кој го обвини Пентагон дека прво го измислил интернетот за да владее со светот а потоа кога сфатил дека тоа не е можно истиот ќе го укинел.
Како да се одговори на човек чиј идол меѓу другите му е Бранко Тричковски , најтажната фигура во македонското новинарство и во целата ергела на Зоран Заев. Што да му се каже на човек кој го поромовираше лицето познато како Саше Аналитико и тоа во подоцните времиња од неговата „блескава кариера“.
Како да се одговори на човекот кој со војата визионерска големина го прогласи Груевски за човек на годината.
Како да се одговори на човек кој што пред седум – осум години на една вечера кај тогашната холандска амбасадорка или можеби во британската резиденција рече дека тој, Фрчкоски, Ѓунер Исмаил и другите перјаници на СДСМ треба да се заминат од јавната сцена за да дојдат нови луѓе затоа што се покажало дека тие немаат влијание во јавноста и не можат да го соборат Груевски.
Како да се одговори на човекот кој што пред неколку месеци обвини дека во државата има рекетарски банди кои што изнудуваат пари и призна дека тоа не е можно без поддршка од Заев и фамилијата и кој веднаш потоа заборави на своето обвинување.
За вакви луѓе нема соодветен одговор освен ако во прашање не е животот и смртта.
Во нормалниот свет каков што Македонија одамна не е, човек кој што предвидел крај на интернетот бездруго треба да се повлече од јавната сцена, да се дружи со Миленко и со тие што тврдат дека светот е рамна плоча а поведението на македонските политичари е директна последица на ХААРП.
Сепак, со оглед на безбедносниот аспект на неговото писание мора да се одговори.
Како искусен бивш „општествено политички работник“ кој беше и се уште е инволвиран во повеќе регионални и глобални проекти тој знае дека неговиот список на демек вмровски медиумски испостави е всушност „црна листа“ односно листа за отстрел.
Ордановски оваа листа ја објави само два дена откако во опозицијата се случи најсилниот потрес од Панорама. Откако стана јасно дека е прашање на ден е кога поразените во внатрепартиската битка во ВМРО-ДПМНЕ ќе се престројат и за жал ќе почнат да размислуваат за напад врз луѓе што ги сметаат за противници, пред се новианри.
Ордановски со својата листа само ги дава насоките на луѓето со дебели вратови кој се треба да биде „отстрелан“ ако за тоа се пружи прилика.
Искрено сакам да верувам дека во оваа ситуација тој не е свесно инволвиран туку победила неговата наивност и желба да се дотолчи Мицкоски. Иако тоа ќе биде слаба утеха ако некој од оваа листа денеска, утре или во наредниве денови биде жртва на било каков напад. Дури и ако навистина не сфатил што прави, совеста за жртвите од неговата листа за отстрел ќе оди на неговата сметка.
Покрај овој безбедносен аспект на списокот за отстрел на Ордановски, искрено разочаран сум што првенецот на СДСМ , не навлезе во подлабока анализа на своите нафрлени тези кои можат да го прелажат неинформираниот читател но не и тие што работат со логика и аргументи.
За почеток добро би било Ордановски да направи една специфична анализа за „цитаделата“ во која ме става мене и моите колеги од expres.mk за кои тврди дека сме некако поврзани со антизападни ставови и платформи на претседателот Иванов.
Би било добро, за него и за неговата релевантност пред се, да објасни во што се состои антизападната позиција на оваа „цитадела“. Да ги открие неговите аргументи, и нашите врски со антизападни центри, или било каква цврста аргументација за антизападно влијание и пропаганда. Да даде пред јавноста аргументи за мене и моите колеги од expres.mk но и за претседателот на државата со кого во очигледен недостаток на аргументи не става во ист контекст и корелација.
Доволни ќе бидат само два три аргументи зошто сме сите ние антизападни, не за наше добро туку пред се за негово, за да докаже дека интелектуално не останал да живее во времето кога предвидел крај на интернтетот.
Ќе биде интересно да се види што друго освен неприфаќање на Преспанскиот договор ќе се обиде да искористи како аргумент за нашите антизападни активности. А притоа е свесен дека ако го користи само овој факт тогаш за антизападни ќе мора да ги прогласи уште околу еден милион други Македонци, меѓу нив и луѓе кои тој ги почитува како на пример Владимир Милчин и Ферид Мухиќ кои што исто така сметаат дека договорот е штетен.
Ќе беше добро и пред се човечно Ордановски пред да ја објави својата листа на отстрел да ги провери фактите за двајцата луѓе што ги става во групацијата околу expres.mk, колегите Димитар Чулев и Роберт Димитриевски, инаку долгогодишни новинари на Нова Македонија и Утрински весник.
Тие двајца со помош на неколку други ентузијасти за разлика од него кој е добро контектиран со медиумски и други извори на пари, повеќе од 16 месеци прават портал од чист ентузијазам затоа што ја сакаат Македонија, го сакаат новинарството и не се согласуваат со тоа што се случува.
И затоа ја имаат мојата целосна поддршка иако и јас повеќе од два месеци немам емисија и веќе не сум уредник во телевизија Алфа која според Ордановски е под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.
Да прашаше било кого од невините колеги од Утрински Органовски ќе дознаеше дека Чулев и Димитриевски кои и во времето на „режимот“ кога останаа на улица, за разлика од Ордановски се тивките херои на Македонија.
Творат без никакви приходи, без дебели државни хонорари за филмски или документарни проекти, без свои емисии, и без здравствено осигурување по 35 годишна новинарска кариера (Чулев) и прават автентичен проект кој е голем проблем за власта, само затоа што е од срце и не е дел од ниту една сфера на партиски интерес.
На Ордановски му е јасно дека expres. mk не е дел од било каква вмровската групација ниту има антизападна агенда и за тоа има потврда од неговите западни извори. Но ниту нему ниту на владата чии ставови ги брани не им одговара што еден проект кој чини нула денари е апсолутен и морален и новинарски победник во битката против милионскиот владин тим од кој дел е токму тој и луѓе слични на него. Пред се затоа што Ордановски и останатите ги бранат неодбранивите тези на власта.
И за крај, да биде апсурдот поголем, Ордановски своите ламентации за наводните антизападните напори на дел од критичарите на власта ги брани преку интернет, направијата што според него ја измислил Пентагон за да владее со светот а која досега според него требаше да згасне. Како Пентагон да е среде Кремљ а не центар на безбедноста на западната цивилизација која тој наводно ја брани во битката со нас „антизападните копилиња“.
Фото: Принт Скрин видео на 1тв
П.С. И да не се лаже дека ова е „расчеречувањето“ кое што тој го најави во својот текст.
27-10-2018, 01:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,723
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Еве и видео снимка од прочуеното предскажување за пропаста на интернетот на Ордански, поточно од неговото поимање на слободата на говорот, мислата.  И неговиот страв што луѓето имаат можност да избегаат од контрилата на центрите на моќ!




(This post was last modified: 27-10-2018, 09:44 PM by ЈорданПетровски.)
27-10-2018, 09:43 PM
Reply