Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
АЛЕКСАНДРОВ И ЧАУЛЕВ -МАКЕДОНЦИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

„Петар Чаулев е Македонец од Охрид“
Српските весници пред 100 години на секој начин го избегнувале поимот „Македонци“, и сите на југот кои се бореле против српското ропство, биле нарекувани „бугари“, „бугарски чети“ итн. Но, спроти посетата на тогашниот претседател на Бугарската влада - Александар Цанков на Белград, еден дописник на белградскиот весник „Политика“ не смее убиството на Чаулев вo 1924. да го поврзе со актуелната бугарска политика, па го претставува настанот како внатрешна пресметка во ВМРО.
Тука новинарот ќе мора суптилно да нагласи дека и убиецот и убиениот се Македонци, што сепак, е спротивно на тогашната политика на Белград и Софија кои негираат постоење на македонски народ. 3атоа е измислена и кованицата „македонствувачи“ (македонствујушчих), што е еднакво со бугарската измислица „македонисти“.
Така, во веста со наслов „Смртта на Чаулев“ објавена на 25 декември 1924, се вели: „Петар Чаулев е Македонец од Охрид, каде и денес има роднини. Поради силните врски со овој крај на нашата земја тој беше испратен да работи во Албанија и неговите чети цели две години навлегуваа во Охридско, но не можеа да се одржат. Покрај Тодор Александров и генерал (Александар) Протогеров, Чаулев беше трета централна личност во крвавата акција на ’македонствујушчих‘.“
Петар Чаулев бил убиен на 23 декември 1924. во Милано, а атентаторот Димитар Стефанов бил таму уште од 15 ноември.
Свесно или не, белградскиот дописник мора да ја потврди посебноста на македонската нација.
На самиот крај од написот дури и се нагласува дека „Македонскиот комитет во некоја македонска паланка го осудил Чауле на смрт“.
--------------------
[/url][Image: 44140288_2722293381129868_22279872952255...e=5C524AB0]
[url=https://www.facebook.com/macedoniaendless/photos/a.2399473340078542/2722293371129869/?type=3&eid=ARA_JzdJ-OWgvNoy-A-vEy-X1M7peY9SUVGtffmO4WRRGgb1uvvp_AspucDIt9xma-PE_K0VhaDb9StH&__xts__%5B0%5D=68.ARB8enlJXrN-5wTWcqZYmGYBglMDgA5gjq8Gqqlhq385OZ_OqNzWacBxKr3jO4uiwrfgDq2SP2bOWmNlQA_b3vZdHiggaICGgPnByTsuZ0yImN4dBRQqYcltLqb45YNJUAtgxxLKuuzOiCjRRpuHbBESj9IRAaYX7rsH9YOlZB_OAGCY2IrGr65lYA6haBQC9J8zJUCR2WBu3jOq2Icr893_xd80GrD86pLTtbCc_A&__tn__=EEHH-R]
16-10-2018, 12:34 AM
Reply