Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗАЕВ БАРА СПАС ЗА СЕБЕ ВО НУДЕЊЕ АМНЕСТИЈА ЗА 27,04
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,190
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Заев нуди амнестија за 27 април ако опозицијата гласа за уставните измени






16.10.2018
Премиерот Зоран Заев, на денешната собраниска седница за отворање на Уставот согласно Договорот од Преспа, на која е неизвесно дали ќе се постигне неопходното двотретинско мнозинство, побара политичките актери од двете спротивставени страни да си простат за крвавите настани во парламентот на 27 април.
-Ајде да си простиме, прв чекор нека биде 27 април. Тогаш, сите бевме можна мета од изманипулирани поединци, па сега е одлична прилика, застанувајќи заедно за иднината на Македонија и нашите деца, да ги простиме и да се помириме. Ајде десната страна во парламентот да и подаде рака на левата страна, ајде колеги од десната страна да подадеме рака на левата страна – рече Заев.
Тој побара пратениците, како што рече, да отворат демократски и креативен процес во парламентот за усвојување на уставни измени, при што изрази подготвеност да биде отворен за предлози и амандмани од опозицијата, доколку не се прoтиват на духот на Преспанскиот договор.
-Испраќам порака на помирување и простување за настаните на 27 април, да седнеме и да го направиме тоа. Знам дека тоа има цена и подготвен да ја платам политичката цена. Политичари доаѓаат и заминуваат, народот останува. Нема иднина за нашата земја ако прво овде во парламентот ние не ги простиме – порача Заев.
Воедно, тој ги повика сите пратеници да одлучат според сопствено убедување, но ги потсети дека изборот се однесува меѓу просперитетна и напредна државата или изолирана земја со неизвесна иднина.


Не се пазари Заев , тој се обидува да се спаси себеси и луѓето кои го организираа државниот Удар, Таљат, Мисовски, ...... односно пратеничките групи на СДСМ и ДУИ. Казните за државен удар се сериозни а посебно за државен удар кој имал за цел уништување на Македонија како држава. Докази има бајаги еве да наведам неко: тиранската платформа која ја прифати Заев, договорот со Грција, задолжувањето ....

ВМРО ДПМНЕ несмеа да прифати вакви понуди. Притворените за 27.04 ке излезат и така за некој ден , бидејки Заев и дружината ке паднат од власт а тогаш ке Уставобранителите ке излезат со гордо кренати глави како што доликува на луѓето кои ја бранеле Македонија!!



Quote:Cvetin Chilimanov
11 mins ·

Амнестиран лопов уплашен дека го пуштат низ вода нуди амнестија за луѓе на кои не им е ни до колената


Комуњарите во одбрана на Заев во стилот: тази дупка не е дупка. Не нудел Заев амнестија !!??

Quote:Емилија Лазаревска
1 hr ·

Подавањето рака не значи амнестија. Судовите ќе си ја тераат својата работа, според мое мислење. Помирување е нужно потребно. Не знам како мислите да живееме понатаму со оваа омраза и поделба, ако некој не понуди помирување. НЕ амнестија.И Босна после онаа крвава граѓанска војна полека се помирува, а судовите си тераат и си гонат воени злосторници. Апсолутно сум за помирување, простување, но не и заборавање. Секој што го прекршил законот и Уставот мора да одговара.


Quote:Katerina Kolozova
22 mins ·

Да видеме сега ВМРО за кој се грижи: за народот што го гласаше и беше заведен, за анонимниот и сиромашен народ, за наивните артисти или за Миле-ми-текна? Ајде да ве видиме сега "популисти" колку ви е до "популус"-от!
(This post was last modified: 15-10-2018, 02:50 PM by ЈорданПетровски.)
15-10-2018, 01:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,190
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Одговорот на понудата на Заев стаса од Уставобранителите



Quote:БОРИС ДАМОВСКИ: Правда, не амнестија!

[Image: 44053983_10211662049580747_4076408852826816512_n.jpg]

„Правда, не амнестија“, е кусиот коментар на Борис Дамовски, еден од обвинетите за настаните од 27 април, по изјавата на Зоран Заев со која понуди амнестија за случувањата во замена за гласање на пратеницте од ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени.
По месеци и месеци лажење на македонската јавност од страна на сите челници на СДСМ, и од нивните новинарски потрчковци, по месеци и месеци исполнети со соопштенија од централата дека ВМРО-ДПМНЕ не го интересира ништо друго освен амнестија за „криминалите и насилствата“ и по стотици јавни изјави од
СДСМ дека такво нешто нема да се случи зашто тие биле за правна држава, ете сега, нивнот лидер моли таа да биде прифатена.


[Image: amnestija-480x396.png]
 




Bravo Bravo Se_klanjam Se_klanjam
15-10-2018, 01:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,190
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Бедата на една партија и на нејниот председател !!





[Image: 27-04.jpg]
15-10-2018, 02:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,190
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Адеми: Подавањето рака за помирување не значи амнестија

[Image: edmond-ademi.jpg]
15/10/2018
Подавањето рака за помирување не значи амнестија. Помирувањето или опростувањето е човечка особина и големина, напиша на социјалните мрежи министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми откако премиерот Зоран Заев од собраниската говорница понуди помирување за 27 април.
„Подавањето рака за помирување не значи амнестија. Помирувањето или опростувањето е човечка особина и големина. Папата Јован Павле Втори, му прости на својот атентатор, но тоа не го амнестираше Ахмет Али Агџа од одслужување на затворската казна. Обидот за атентат беше во 1981 година, од затвор излезе 2010 година. Така е и сега“, напиша Адеми.
Говорејќи за „крвавиот четврток“, Заев рече дека „дојде време да им кажеме „стоп“ на поделбите, еве шанса да си простиме“.
Тој испрати порака за, како што рече, „да си простиме и да се помириме“, додавајќи дека е спремен да ја понесе политичката одговорност за пружената рака на простување на настаните од 27 април лани.


И владата почна да пее тази дупка не е дупка !!
15-10-2018, 02:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,190
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Обвинител за понудата за амнестија: Тоа што една будала ќе расипе…


[Image: Screenshot_20180731-193822-696x439.jpg]





– Денеска поднесов пет обвиненија. Сега чекам во кадар да ми влета политичар и да прогласи амнестија, напиша на социјалните мрежи јавниот обвинител од Охрид Војо Димоски откако премиерот Заев денеска понуди амнестија за 27 април и директно се вмеша во работата на судството и обвинителството.

“Она што ќе расипе една будала – сто паметни не го оправаат”, порачува обвинителот Димоски кој важи за строг и принципиелен претставник на правосудниот систем кој не дозволува политичко влијание во процесите што ги води во Охридското обвинителство.
15-10-2018, 03:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,190
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6



15-10-2018, 03:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,190
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:ИГОР ДУРЛОВСКИ ЗА АМНЕСТИЈАТА: „Подарена слобода на неправедно обвинетиот е претежок товар!“

[Image: Igor-Durlovski-int235-1-520x312.jpg]

15.10.2018
„Подарена слобода на неправедно обвинетиот, прифатена како милост од ,,горе”, ќе биде претежок товар врз плеќите на еден родител, пријател, Македонец, кој цел живот се бори токму за една ВИСТИНСКА…СЛОБОДА!“
Ова е првата реакција на оперскиот пеач Игор Дурловски по понудата на Заев во Собранието до ВМРО-ДПМНЕ за амнестија, во замена гласање за договопрот со Грција за северна МАкедонија.
Претходно, реагираше и Борис Дмовски кој побара правда, а не амнестија.
И двајцата се обвинети за тероризам за настаните од 27 април минатата година со конструирано обвинение кое не исполнува ниту еден од трите елементи на делото, но Обвинителството по нарачка на СДСМ и натаму го процесуира.


[Image: igor-480x150.png]
Bravo Bravo Bravo Bravo
(This post was last modified: 15-10-2018, 06:30 PM by ЈорданПетровски.)
15-10-2018, 06:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,190
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

[Image: image.png]


Bravo Bravo
15-10-2018, 06:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,190
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Заев не нуди амнестија, туку национално помирување


Објавено: 15-10-2018
[Image: Sobranie-komisija-za-ustavni-izmeni-Zora...resize.jpg] Премиерот Зоран Заев не нуди амнестија за настаните на 27 април, туку повикува на национално помирување меѓу пратениците, со цел постигнување на стратешките интереси на државата, тврди за „Независен весник“ висок владин функционер.
-Премиерот, во своето обраќање пред парламентот, повика на национално помирување меѓу пратениците, а не на амнестија. Целта е да се заштитат интересите на државата и да се овозможи остварување на стратешките приоритети на државата, како што се членството во НАТО и во ЕУ, вели висок владин функционер.
Заев се обрати пред малку на собраниската седница за пристапување кон промена на Уставот, каде што рече дека испраќа порака за помирување и простување за 27 април 2017 година. Рече дека за тоа е подготвен да плати политичка цена, што беше протолкувано како негова понуда за амнестија.

[Image: image.png]




Прашањето на Шишовски  нема никогаш да биде одговрено!! Шишовски му ги уби бранителите на Заев !
(This post was last modified: 16-10-2018, 02:41 AM by ЈорданПетровски.)
16-10-2018, 02:10 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,190
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Зар може да помине нешто вакво а да не се јави Најчевска комуњарскиот експерт за човекови права!!







[Image: image.jpg]
16-10-2018, 02:34 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,190
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Пировска: Изјавата на Заев е порака за амнестија


[Image: pirovska.jpg]
16/10/2018
Вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев јасно упатува на понуда за амнестија имајќи ги предвид околностите околу потребата од двотретинско мнозинство за гласање на уставните измени, вели Уранија Пировска, извршната директорка на Хелсиншки комитет.
-Јас не знам што значи тоа национално помирување во услови кога сите знаеме дека се решава прашање помеѓу пратениците кое ќе значи или одење на избори или гласање на уставните измени во Собрание. Не знам како поинаку можеме ние како јавност да ја толкуваме таа изјава освен како праќање на порака дека учесниците во настаните од 27 април во Собранието ќе бидат амнестирани – изјави Пировска во интервју за емисијата „360 степени“.
Според Пировска, амнестијата не е опција бидејќи осомничените треба да одговараат за своите дела.
-За мене тоа е неприфатливо и од аспект на тоа дека сепак живееме во правна држава каде има закони. Граѓаните долги години живееја во состојба на правна несигурност токму поради моментот на неказнивост кој ни се провлекува со години и особено кога станува збор за политичари. Да не заборавиме дека протестите на шарената револуција започнаа поради амнестија на луѓе кои беа осомничени за кривични дела. За мене ќе биде трагично и непростливо доколку се простат делата кои беа направени на 27 април – додава активистката за човекови права.

Quote:Клекна и Заев

Атанас Ванглеи
16.10.2018
Како клекна Заев пред иконата ќосиња од кои одвај спаси жива глава на рамена во оној крвав четврток од 27 април 2017 во истиот парламент? Клекна кога, без око да му трепне кажа, од парламентарна говорница, дека е готов да си ја плати својата политичка цена за „помирувањето“ со нив и, згора на тоа, ќе сторел сè што треба за нивното „помилување“, иако не кажа како, кога и зошто?
Дали тој гест на премиерот Заев ме вознемири? Искрено речено, не многу, не претерено, затоа што веќе навикнав на тој вид рисјански хуманизам. Иако ниту го разбирам, ниту лесно го голтам, а пак уште помалку – одобрувам кога ми го продава како – премиер на влада. А навикнав затоа што тој си го практикува тој адвентистичко-методистички, православен (не знам точно кој!) хуманизам со Мамас-налепница некако во редовен ритам, сè побрз и побрз.
Ако не ме вознемири, мошне ме вознемири, да не речам фрли во очај, онаа лавина од платени или доброволни „егзегети“ (толкувачи) на тоа „што сакал да каже писателот“ од Муртино кога ги лансирал зборовите „помирување“ и „помилување“ за бандитите од 27 април 2017. Зборот „бандит“ е на Заев. Со тој збор се послужи кога зборуваше на „Телма“ со чалма на глава за дивеењето во парламентот на бандитите на Чавкој кој бил и самиот – „бандит“.
Сите тие платени или доброволни егзегети сега бесрамно ни објаснуваат дека тоа што го рекол Заев поправо ни не го рекол; дека, ако веќе и го рекол, тој мислел нешто друго; дека дури и да не мислел, сите ние треба да мислиме како што треба, а треба да мислиме дека „помилувањето“ не е ниту може да биде некоја амнестија, некое збогум со власта на законот итн. итн.
Настрана што тие егзегети ни не помислуваат дека сите ние сепак имаме нешто сол во главата. Настрана што ниту чуле, а ниту пак разбрале дека да подучуваш некого „што сакал да каже писателот“ од Муртино кога не ти бара ама баш никаква подука, тоа е не само навреда, туку – дрска навреда!
Најмногу ме разочара што меѓу тие „егзегети“ има и луѓе кои ги ценам. Знам дека тоа го прават за грст сребреници од владата на Заев. Да, господа мои, дури и тоа го разбирам за грст сребреници ама не разбирам со кого, кога веќе ни со нив не може, ќе правиме ние некоја – правна држава?


Quote:Не во мое име!


Џабир Дерала 16.10.2018
Може да му се прости на оној што побарал прочка. Или да му се намали казната. Некој што не се чувствува виновен за своите злодела, не може да му се прости. Апсурдно е да се помислува дека постои простор за простување на екстремист, садист и клеро-фашист што тврди дека сторил херојско дело затоа што нападнал човек со цел да го убие ѕверски, со шипки, тупаници и клоци по главата, додека извикувал најстрашни клетви и највулгарни пцости во наплив на неискажлива омраза.

До тогаш, нема да им простам. Не може никој да им прости. Не во мое име!


Quote:А Заев да престане со политичко лигавење?


16/10/2018 Сашо Ордански
Станува по малку заморно, а и мачно, да се гледа напорот на Заев да обезбеди десетина опозициски пратеници за да ја спаси евроатлантската иднина на Македонија. Се плашам дека тој труд ќе стане и политички контрапродуктивен: им се постила пред нозе на една, во суштина, бандитска структура на обвинети, но сè уште неосудени криминалци за тешки и најтешки кривични дела од десетина поглавја на Кривичниот закон, дозволувајќи им тие од неговите ракави да си го избришат секретот од нивните носеви (знаете на што мислам, нели) и уште да му порачаат од партиски говорници и од домашни притвори дека не е доволно што им се натртил, туку би било добро и малце повеќе лубрикант да стави, за кога ќе му го… И така натаму.
Би било пристојно од Заев да престане да го понижува големото мнозинство граѓани во Македонија кои му дадоа изборна поддршка на неговата сегашна владејачка коалиција, но на кои правната држава им е поважна од љубеното НАТО. Да, тоа е ставот што може да се прочита во кое било истражување на јавното мислење во Македонија во последните неколку години во врска со угледот на локалниве институции: „Дајте правда!“, врескаат податоците за дветретинска поддршка на СЈО, рејтинг за кој, со комбинирани и акумулирани скорови, Заев, Мицкоски, Ахмети, Иванов и Груевски можат да сонуваат до крајот на своите политички кариери, иако на некои тие им се бројат во месеци.
Ја пропуштив последната миса во мојата локална црква – што е приватен концепт кој го негувам во последните педесетина години – што е можеби причината што не го разбирам „христијанското“ лигавење на Заев од собраниската говорница за подадени раце, простувања, помирувања, вртења на другиот образ и слични наивни понуди кои опасно заличуваат на изигрување на двата клучни принципa според кои уставно е дефиниран граѓанскиот концепт на модерната македонска држава: секуларизмот и нејзината правна поставеност во која никој не може да биде над законот.
Подобро би било Заев да се помири со реалноста дека не само што нема доволно собраниски гласови за продолжување на Договорот од Преспа, туку и дека навистина постои „политичка цена“ – како што вели самиот – што не вреди да се плати за таквото квазимодо мнозинство да се состави. Не, не се работи за цената на неговата персонална политичка кариера – таа е подеднакво безначајна како и онаа на Мицкоски, на пример – туку за цената на морално-политичкото здравје на нацијата: македонските анти-западни, криминогени и шовинистички сили треба да бидат демократски ПОРАЗЕНИ – и на избори, но и на улица, ако е неопходно! – а не да бидат КОРУПТИВНО КООПТИРАНИ во овој процес на интеграција во цивилизираниот свет. Тоа им го кажувавме в лице и кога беа на врвот на својата моќ, а не па сега!?
Таа цивилизациска магистрала води низ правната држава, а не по козјите патеки на гнилите дилови во македонското политичко подземје.
Затоа, велам, би било добро Заев да излезе од улогата на директор на здружението „Лекари без граници“ и да се врати во улогата на актуелен премиер на Македонија. Ако го нема потребното мнозинство во Собранието, жалиме, но батали, таа историска можност за евро-атлантски интеграции, не по негова вина, е пропуштена.
Но, следното најдобро нешто на понуда е функционална правна држава. И тоа не како можност, туку, сега веќе, како животна неопходност за една Македонија вон ЕУ и НАТО. Тоа може и по пат на предвремени избори, а и не мора. Имате мандат, одработете го, за да заслужите нов.


Заев пуштен низ вода. сососоидите се откажуваат од него!!
(This post was last modified: 16-10-2018, 01:53 PM by ЈорданПетровски.)
16-10-2018, 12:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,190
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Заевистите се откажуваат од Заев?


[Image: 1539718952_Zaev-696x402.jpg]

16.10.2018
Денешни наслови во ПЛУСИНФО од кои станува јасно дека Соросоидите го пуштиле Заев веке низ вода, пишува политичкиот дисидент Јордан Петровски.
Тој ги цитира Уранија Пировска од Хелсиншкиот Комитет, политологот Атанас Вангели, граѓанскиот активист Џабир Дерала и новинарот Сашо Ордановски по понудата за амнестија дадена од премиерот Заев во Собранието.
-Пировска: Изјавата на Заев е порака за амнестија
-Атанас Вангели: Клекна и Заев
-Џабир Дерала: Не во мое име!
-Сашо Орданоски:А Заев да престане со политичко лигавење?
Сите четворица важеа за силни поддржувачи на Заев и СДСМ.



МАКЕДОНИУМ.МК
16-10-2018, 09:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,190
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote: Мицкоски за ДВ: Наскоро ќе го слушнете мојот забранет говор!


Ако можеа Могерини и Столтенберг да се обратат во парламентот, не разбирам зошто не може да се обрати и лидерот на најголемата опозициска партија, прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Договорот од Преспа го смета за мртов.


[Image: 20549-naskoro-kje-go-slushnete-mojot-zab...k=6FjMEwKg]


Деновиве сите очекувања се свртени кон опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со надеж дека нејзините пратеници ќе покажат одговорност во парламентот и ќе дадат поддршка на уставните измени кои се обврска од Договорот од Преспа. Вчера  помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел,  ја изрази „разочараноста на САД од позициите на челниците на ВМРО-ДПМНЕ, како во однос на референдумот, така и во врска со чекорите во Собранието за промена на Уставот“.
„Ве поттикнуваме да создадете простор, во јавноста и приватно, за пратениците од Вашата коалиција да одлучат како ќе гласаат за уставните промени, ослободени од закани од насилство, одмазда, или друг облик на принуда“, порача Мичел во писмо до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Христијан Мицкоски во разговор за Дојче веле објаснува дека „во текот на денов“ ќе даде коментар/одговор на пораките од писмото. Но, има став за одбиеното барање да им се обрати на пратениците во парламентот.

ДВ: Што е она што досега не сте го соопштиле или не можете да го кажете на прес-конференција и со видео-обраќање, па ја побаравте и говорницата во парламентот?

- Бидете трпеливи, денес-утре ќе го слушнете забранетиот говор и сето она што сакам да и го соопштам на јавноста како моја порака.

ДВ: Зошто го дефинирате како „забранет говор“, кога Деловникот не предвидува можност за ваше обраќање во Собранието? 

- Јас знам дека во парламентот досега биле дозволени обраќања на многу личности кои не биле пратеници. Во изминатиот период се обрати Могерини, се обрати Столтенберг... Ако можеа странски претставници да се обратат, не разбирам зошто не може да се обрати и лидерот на најголемата опозициска партија? Во доцните деведесетти се обратија и студентите, и имаме многу други примери во минатото. A само еден ден претходно од премиерот чувме пораки за помирување, простување...

ДВ: Но, Заев не е домаќин во парламентот, не може тој да ве кани... 

- Како и да е, јавноста ќе ја слушне мојата порака многу брзо преку забранетиот говор. 

ДВ: Во контекст на помирувањето, вашиот потпретседател, Митко Јанчев, вчера порача дека е потребна амнестија на обвинетите за 27-ми април. Се согласувате ли со тој став?

-Ние јасно го кажавме партискиот став. Тоа што го кажал Јанчев е негов личен став.  Тоа истото го слушнавме и од премиерот. Таа понуда не е ни витешка, ни чесна.  Ние веруваме во правда и правдина и не признаваме никаква трговија со правото и правдината.  Обвинетите се невини жртви на политички прогон од страна на Зоран Заев и СДСМ. Заев во неговиот говор имаше можност ним и на нивните семејства јавно да им се извини за сѐ што претрпеа тие во изминатата година, но тој одлучи во негов манипулативен стил да условува, поддржете го Договорот со Грција и потоа ќе има амнестија. Срамота...

ДВ: Да се извини на оние кои влегле во парламенот со намера да убијат?

- Колку што знам веќе има осудени лица за тоа. Јас зборувам за пратеници, уметници, за обични граѓани, за невини жртви...

ДВ: Има ли шанса заедно со Заев да најдете заеднички јазик за Договорот од Преспа?

-  Има шанса да констатираме дека Договорот е мртов.  Секое натамошно силување на овој процес само ќе произведе дополнителни тензии и поларизации во општеството, а единствен виновник за тоа е Зоран Заев кој ветуваше нешто што не може да го исполни. Како пропадна предлогот 'Илинденска Македонија'? Ципрас рече дека нема 151 пратеник што ќе го прифати тој предлог т.е. дека нема мнозинство во грчкиот парламент. Зошто Заев не рече:  'Немам двотретинско мнозинство, и не го прифаќам предлогот Република Северна Македонија'!?

ДВ: Претставниците од земјите стратегиски пријатели на Македонија, вклучително и од врвот на Европската народна партија, предупредија дека ако пропадне Договорот од Преспа, вие како опозиција ќе ја сносите целата одговорност за тоа.  

 - Одговорноста е кај тие што го доведоа Договорот до неуспех. Не е опозицијата таа што ги водеше преговорите, не е опозицијата таа што го доведе Договорот до пропаст, не е опозицијата таа што го урна референдумскиот процес. Владата е таа што го режираше, спроведе и урниса процесот. Затоа, единствен кој треба да понесе одговорност е Зоран Заев. Влезе авантуристички, самобендисано, надмено, без да подготви амбиент, прифати нешто што на никого претходно не му паднало на памет да прифати, и огромното мнозинство граѓани во двете земји си го кажаа своето мислење. Во Македонија имаме катастрофален референдум, а во соседна Грција имаме над 70% од граѓаните кои не го прифаќаат Договорот. Криво засадено дрво, криво и ќе изрти.

ДВ: Меѓународната заедница не гледа вина кај Заев. Акламативно му честитаа за постигнатиот договор и нему, и на Ципрас.

-Јас го кажувам моето мислење. Тоа беше планот А на Зоран Заев.  Тоа не беше планот А на опозицијата.

ДВ: А кој е вашиот план А?

- Нема промена на Уставот со цел да се промени уставното име.

ДВ: Извори од вашата партија тврдат дека инкогнито сте биле во Белград на средба со српскиот претседател, Александар Вучиќ, веднаш по неговото враќање од Москва. Наводно, на таа средба требало да ви биде пренесена конкретна порака од Путин, но и честитки за односот на македонската опозиција кон референдумот...

- Хахаха... Категорично демантирам дека сум имал средба со г-динот Вучиќ. Јас навистина бев во еднодневна посета на Белград, но поводот беше од сосема приватен карактер. Патем, тој ден кога јас бев во Белград, господинот Вучиќ беше во посета на Казахстан, така што, со тоа уште еднаш ги демантирам ваквите спинови и шпекулации. Кога ќе имам средба со г-динот Вучиќ таа ќе биде официјална и транспарентна. Не сме ние шверцери па да се криеме, туку сме претседатели на две сестрински партии кои се среќавале и ќе се среќаваат и во иднина.

17 октомври, 2018 - 11:12

ДОЈЧЕ ВЕЛЕ



Ако опстои на овие изнесени ставови господинот Мицковски ја има мојата полна подршка!!
17-10-2018, 12:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,190
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Jani Bojadzi
4 hrs ·



[Image: 46523913_10215499147343461_1207844421106...e=5C648AD6]


Ќе се помирувале?! Нека им е со среќа! Јас со ,,Црвена Буржуазија,, не се помирувам! И ич не ми е гајле со кого тие мислат да се среќаваат по влади и собранија за да си ги пополнуваат споменарите! Ќе се помирувале сега? Оти не се помирувавте 1994 тата кога ги пљачкосувавте фабриките? Оти не се помирувавте 2004 тата кога ја поделивте земјата? Оти не се помиривте 2014 тата кога ја рушевте владата? Јас не се помирувам со лажлива банда која на секои десет години создава кризи од кои се храни и таа и нејзините деца и внуци! Сега ќе се мирите?! Оти не се помиривте 1949 тата кога ги грабавте дуќаните и алатите на дедовците ни? Оти не се помиривте 1954 тата кога ги запустувавте селата? Оти не се помирувавте 1964 тата кога од неукост, незнаење и неспособност да раководите со државата и стопанство создадовте сиромаштија која ја бркавте по Австралии и Германии на гурбети? Оти не се помиривте кога ги фамилизиравте факултетите, театрите, академиите? Сега ќе се помирувале? Прво да ги вратите фабриките и комбинатите! Дваесет и пет години ве гледаме како ги растурате затоа што не ве бива и не знаете да управувате и со нив! Да ги вратите па ќе видиме кому и дали ќе ги дадеме? Ќе се помириме кога ќе платите за солзите, туморите и раковите на 200.000 мажи и жени што ги оставивте на улица! Ќе се помириме кога ќе им ги измиете нозете и испиете водата на работниците и нивните деца што пораснаа со ``сто марки`` месечно! Ќе се помириме кога на селаните ќе им ја избришете потта од челото! Ќе се помириме кога ќе застанете заедно со нас во редот за леб, ред и работа! Ќе се помириме кога ќе излезете од универзитетите на кои ниту вие се стекнавте ниту пак на друг му предадовте некакво знаење и вештини! Ќе се помириме кога ќе ви се сиктердиса да пишувате, издавате, снимате и прикажувате за онолку време колку што ќе треба да ги вратиме вредностите на слободата, братството и еднаквоста кои ги презирате! Ќе се помириме кога еднаш засекогаш ќе утврдиме што е лево а што е десно? Каде е горе а каде е доле? Кај е напред а кај назад?! Ќе се помириме кога ќе знаете да определите што е возвишено а што ниско? Ќе се помириме кога од фасадите, од улиците и плоштадите ќе ја исчистите сета урина и сиот измет што триесет години го истурате лажно обвинувајќи ги другите за тоа! Ќе се помириме кога сосема наивно и сосема бескорисно ќе разбирате што е зло а што добро?! Ете тогаш ќе се помириме. Можеби?
25-11-2018, 12:18 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,190
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Заев: Постигнавме согласност – не се сите терористи од „27 април”



30.11.2018
Претседателот на Владата Зоран Заев по средбата со координативното тело за помирување и интеграција во Собранието изјави дека е постигната согласност за процесот на помирување и за изготвување законско решение. Покажавме политичка волја, рече Заев, дека сме подготвени за еден ваков чекор, посочувајќи дека мора да се направи дистинкција помеѓу оние кои учествувале во настаните од 27 април.


Quote:-Да оставиме сега на правните тимови кои под раководство на овие посебни групи ќе ги направат следните чекори. Ние денеска изразивме политичка волја. Со моето гостување на самата група јас ја потврдив мојата лична волја и волјата како премиер. – рече Заев и изрази убедување дека во натамошната постапка ќе се дознаат сите стручни аспекти на механизмите како да се направи помирување во државата, а истовремено како да се постават и другите апсекти на целите на интерпарламентарната група.


Премиерот кажа дека волја и желба постојат, но дека црвените линии не смеат да се поминуваат, што е многу важно за да не ни падне, како што рече, на памет да влијаеме врз правосудниот систем.
Потсети дека реформите и независноста на судството се многу важен императив во евроинтеграциските процеси за влез во НАТО и во ЕУ.
Не навлегувајќи во деталите од разговорите на средбата, Заев кажа дека треба да се разграничи што е насилство, а што не е насилство, што е тоа насилство, а што е физичко насилство, што е тоа реализација и осмислување и што е тоа некој да учествува во толпата, да биде заведен или понесен.


Quote:-Сите може да се согласиме дека терористичко загрозување на уставниот поредок не е нешто кое треба да ги опфати сите и не навлегувам подетално само кажувам како пример дека имаме потреба да направиме јасна динстикција и разграничување. Секако, пораката на помирување и подадена рака мора да постои, но и пораката на неповторување на вакви работи исто така мора да постои. – рече Заев.




Само суд во судска постапка може да утврди нечија невиност или вина и тоа со ПРАВОСИЛНА пресуда.
Оваа е експлицитно мешање на власта во судството, односно вршење притисок какви да бидат пресудите на дел од обвинетите!!
Дали во Р. Македонија има институции кои го штитат Уставот?? Се надевам дека во СДСМ има уште нормални луѓе кои нема да го дозволат ова дрско мешање на Заев во судството.
30-11-2018, 06:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,190
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:Независните пратеници сега се воздржани


[Image: Sobranie-sednica-za-ustavni-izmeni-SDSM-3-bg_resize.jpg]

 01-12-2018
 Осумтемина пратеници кои беа исклучени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе гласаат воздржано за нацрт-амандманите на Уставот за што расправата почна денеска во Собранието. Ова го соопшти пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, потсетувајќи го премиерот дека процесот на уставни измени е врзан со процесот на помирување и простување.
Тоа значи ретерирање во ставот на новата независна пратеничка група, чии членови на 19 октомври го овозможија двотретинското мнозинство за пристапување кон уствни измени, по што во нацрт-амандманите беа вградени и нивните забелешки. Можната промена на ставот беше најавена по притворањето на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.
По најавата дека независните пратеници нема да гласаат „за“ нацрт-амандманите, кои се утврдуваат со по 61 глас, свикана е вонредна седница на работната група за помирување на координативното тело.
На вчерашната седница на телото за помирување, на која присуствуваше и премиерот Зоран Заев, беше постигната начелна согласност за процесот на помирување и за изготвување законско решение за амнестија. По состанокот, премиерот Заев рече дека е покажана политичка волја и подготвеност за ваков чекор, но посочи дека дека мора да се направи дистинкција од насилство и учество во настаните од 27 април 2017 година.
01-12-2018, 04:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,190
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:Заев му простил на Мукоски, а очекува Законот за амнестија да испрати порака за помали казни и во судот

декември 14, 2018

[Image: 48319049_10217719159959711_8213531938875...96x464.jpg]
 
,,Веројатно самиот Закон(за амнестија) ќе испрати порака за помали казни дури и за тој(Мукоски), значи амнестија за сите што не учествувале во насилство и не биле организатори, нема да бидат тероризам со над 10 години затвор казни, веројатно ќе бидат помали самите почетни казни, но казни ќе има“-вели премиерот Заев одговарајќи на прашањето дали му простил на Крсто Мукоски што ги отвори вратите на 27 април.
Секој систем на казнување ја има целта да ја испрати пораката да не се повтори никогаш повеќе.
Заев вели дека е свесен дека Законот за амнестија е политичка одлука и дека свесно го отворил тој процес, заради помирување меѓу населението.
– ,,Тоа што зависи од мене го отворив и на пленум на тој 15 октомври зашто чувствувам, чувствувам дека закрвеноста меѓу брат и брат и поделеноста меѓу македонското ткиво мора да се отстрани. Можеме да коментираме се што сакаме, но некој има и одговорност и обврски. Очекувам и политички последици и тоа времето ќе го покаже. Но, ако ја постигнеме целта, ако се обединиме, верувам дека ќе успееме. Секако дека ја консултираме меѓународната заедница и ова е рамката во која можеме да одиме, мешање во правосудството никако“-вели   Заев.
Правиме дистинкцијата што значи злостортсво, манипулација, учество во толпа.
-,,Сега е моментот да постигнеме помирување во државата. Ако Заев бил првиот таргет, нека тргне простувањето од мене. Ако Парламентот бил кулминацијата на нашата поделеност, нека тргне од Парламентот, но конечната цел е да успееме. Мора да успееме да ги помириме граѓаните, да си подадат рака. Отидов и во суд како сведок во записникот нотирав дека сум простил. Но, јас не сум правниот систем во државата. Правосудството ќе ги носи своите одлуки“-изјави премиерот.
14-12-2018, 10:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,190
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:Текст на Законот за амнестија со кој пратениците ќе бидат на слобода

19.12.2018

Член 1

  • Со овој закон се ослободуваат од кривично гонење, се запираат поведените кривични постапки и целосно се ослободуваат од издржување на казната затвор ( во натамошниот текст: “амнестија”) лицата за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.
  • Со амнестија од став (1) на овој член се:
  • ослободуваат од кривично гонење според Кривичниот законик и друг закон на Република Македонија лицата за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело поврзано со собраниските настани од 27 април 2017 година,
  • запираат кривичните постапки за кривични дела според Кривичниот законик и друг закон на Република Македонија против лица осомничени и обвинети, а во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело до денот на влегување во сила на овој закон,
  • ослободуваат од извршување на казна условна осуда и се ослободуваат од издржување на казната затвор лицата кои сториле кривични дела според Кривичниот законик и друг закон на Република Македонија, а во врска со настаните од Собранието на Република Македонија од  27 април 2017 година, а кои на денот на влегувањето во сила на овој закон започнале со извршување на казната условна осуда или издржување на казната затвор во казнено-поправните установи во Република Македонија.
  • Одредбите од став (2) алинеи 1, 2 и 3 од овој член не се однесуваат за лица осомничени, обвинети, правосилно осудени како и лица кои издржуваат казна затвор за настаните поврзани и во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година за кои постои основано сомнение дека учествувале во подготвување или организирање на настаните во Собранието на Република Македонија или се правосилно осудени, а кои до  денот на влегување во сила на овој закон сториле кривично дело „Здружување заради непријателска дејност”од член 324 став 1 од Кривичниот законик, лица со прикриен идентитет кои употребиле физичка сила, лица кои сториле насилство, лица кои неовластено носеле оружје или распрскувачки материјали и лица кои постапиле спротивно на службените овластувања при вршење на кривичното дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста” од член 313 од Кривичниот законик, кривичното дело „Убиство” од  член 123 од Кривичниот законик, кривичното дело „Насилство” од член 386 од Кривичниот законик
( “Службен весник на Република Македонија” број 37/1996, 80/1999, 4/2002, 43/2003, 19/2004, 81/2005, 60/2006, 73/2006, 7/2008, 139/2008, 114/2009, 51/11, 135/11, 185/11, 142/12, 166/12, 55/13, 82/13, 14/14, 27/14, 28/14, 41/14, 115/14, 132/14, 160/14, 199/14, 196/15, 226/ 15 и 97/17).
  • Овој исклучок не се однесува на сторители на кривичното дело „Насилство” од член 386 од Кривичниот законик , како и сторители на кривичното дело „Здружување заради непријателска дејност” од член  324 од Кривичниот законик во врска со членовите  18, 19, 23 и 24 од Кривичниот законик.
  • Се определува бришење на осудата и се укинува правната последица на осудата заклучно со денот на влегувањето во сила на овој закон.
 

Член 2
  • Постапката за примена на овој закон за лицата против кои е во тек кривична постапка, се поведува по барање на осомниченото, обвинетото и осуденото лице.
  • Барањето од став (1) на овој член се поднесува во рок од 5 (пет) дена од денот на влегувањето во сила на овој закон, до првостепениот суд пред кој се води постапката, кој го носи решението во рок од 5 (пет) дена по приемот на барањето доколку се исполнети условите од овој закон, а по претходно прибавено мислење од надлежен јавен обвинител.
  • Постапката за примена на овој закон за лицата кои се правосилно осудени, а кои не отпочнале со издржување на казната затвор, по службена должност ја поведува надлежниот првостепен суд што ја донел пресудата, по барање на надлежниот јавен обвинител , по барање на осуденото лице , или лице кое во корист на обвинетиот може да изјави жалба.
  • Постапката за примена на овој закон за лицата кои се правосилно осудени и се на издржување на казната затвор, по службена должност ја поведува казнено- поправната установа во која осуденото лице ја издржува казната затвор.
  • Решението за амнестија според одредбите од овој закон го донесува судот што ја донел првостепената одлука, во рок од пет (5) дена од денот на приемот на барањето.
 
Член 3
  • Против решенијата од член 2 од овој закон жалба можат да поднесат лицата на кои се однесува амнестијата и лицата кои во нивна корист можат да изјават жалба во рок од три (3) дена.
  • По жалбата против решението на првостепениот суд одлучува напосредно повисокиот суд, во рок од три (3) дена.
 
Член 4
Доколку со овој закон не е поинаку определено, во постапката за спроведување на овој закон се применуваат одредбите од Законот за кривична постапка и Законот за извршување на санкциите.
Член 5
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во “ Службен весник на Република Македонија”
 
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ПРЕДЛОГ– ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА
ОБЈАСНУВАЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА ОДРЕДБИТЕ НА ПРЕДЛОГ НА ЗАКОНОТ
Со членот 1 се определуваат лицата кои се ослободуваат од кривично гонење, за кои се запираат поведените кривични постапки, ослободуваат од извршување на условна осуда, и ослободуваат од издржување на казна затвор за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година, во ставот (3) се определуваат лицата за кои одредбите од ст.2 алинеа 1,2 и 3 од овој член не се однесуваат , како што се лицата осомничени, обвинети, правосилно осудени како и лицата кои издржуваат казна затвор за настаните поврзани и во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27.04.2017 година за кои постои основано сомнение дека учествувале во подготвување или организирање на настаните во Собранието на Република Македонија или се правосилно осудени, а кои до  денот на влегување во сила на овој Закон сториле кривично дело Здружување заради непријателска дејност од чл. 324 ст.1 од Кривичниот законик, лица со прикриен идентитет кои употребиле физичка сила , лица кои сториле насилство, лица кои неовластено носеле оружје или распрскувачки материјали и лица кои постапиле спротивно на службените овластувања при вршење на кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста по чл. 313 од Кривичниот законик, убиство по чл.123, насилство по чл. 386 од Кривичниот законик, а со ставот (5) се определува бришење на осудата и укинување на правната последица на осудата заклучно со денот на влегување на сила на овој закон.
Со членот 2 се предвидува постапката за примена на овој закон од страна на судот, обвинителството и казнено-поправните установи.
Членот 3 предвидува поднесување на жалба по решенијата од членот 2.
Со членот 4 се предвидува дека доколку со овој закон не е поинаку определено, во постапката за спроведување на овој закон ќе се применуваат одредбите од Законот за кривична постапка и Законот за извршување на санкциите.
Членот 5 го уредува влегувањето во сила на законот.
 
МЕЃУСЕБНА ПОВРЗАНОСТ НА РЕШЕНИЈАТА СОДРЖАНИ ВО ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ОДРЕДБИ
Решенијата содржани во одредбите се меѓусебно поврзани  и чинат една правна целина.
 
III. ПОСЛЕДИЦИ ШТО ЌЕ ПРОИЗЛЕЗАТ ОД ПРЕДЛОЖЕНИТЕ РЕШЕНИЈА
Предлогот на законот ќе обезбеди амнестија за лицата за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.
 
20-12-2018, 07:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,190
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Јане Ченто: Одбивам амнестија госпоѓо Кацарска, пресудете вие а не политичките елити


20.12.2018
Лично јас сакам Вие, а не политичките елити да не судат, им се обрати обвинетиот за 27 април Јане Ченто на судијката Добрила Кацарска и на судечкиот совет, по паузата од денешното рочиште.
– Во завршна фаза сме, сите, цела јавност, а најмногу Вие сакате да се дознае вистината за 27 април и да има правда. Точно е дека влеговме во Собрание понесени од емоции, но поентата ми е дека секој треба да сноси одговорност за постапките и дека вие, исклучиво Вие, треба да не судите. Во заврши зборови имам многу што да кажам но ова го кажувам за да знаете дека имам целосна доверба во вас. Време е да покажеме дека сме правна држава и дека судската власт е независна во вистинска смисла на зборот. Јас нема да поднесам барање за амнестија останувам до крај, Вие пресудите, а не политичките елити да кажуваат дали сум виновен и за што сум виновен – порача Јане Ченто.
20-12-2018, 07:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,190
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:Рускоска: Не сум задоволна од законот што е донесен

20/12/2018

[Image: 42497029_295660174381586_740122157013742...96x522.jpg]


Како обвинител кој вложил многу труд, многу работа во предмет, но и како граѓанин на оваа држава не сум задоволна од Законот за амнестија, изјави Јавната обвинителка Вилма Рускоска по завршување на денешното рочиште за случувањата од 27 април минатата година во Собранието на Република Макеоднија.

– Преквалификација нема да има за тие обвинети што не се опфатени со амнестијата, затоа што не важи амнестијата за целото кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”. А, како ќе стигнуваат барањата за амнестија, така ќе се одлучува поединечно по истите, со тоа што навистина во Законот е предвидено дека одлуката ја носи судот по претходно прибавено мислење на јавниот обвинител и тоа е добро што е така затоа што е многу подобро отколку комисија да формираа во Собранието, па амнестијата да ја одредуваат тие за кого да важи, а за кого да не важи. Сепак, обвинителот најдобро го знае предметот, а и судот кога ќе се комплетира доказната постапка, изјави Рускоска.
Посочи дека, според нејзино мислење, Законот не е сосема точно, прецизно донесен, така што најави дека ќе има консултации со јавниот обвинител на Република Македонија и со колегите од ЈОРМ.
Прашана дали ќе бидат земени во предвид доказите од обвинетите, Рускоска рече дека сите докази, било предложени од обвинителството, било предложени од одбраната, ќе се земаат предвид при одлучувањето.
Нагласи дека клучен е судот за тоа кој ќе добие, а кој нема да добие амнестија.
– Обвинителството само дава свое мислење, рече Рускоска.
Прашана што ќе се случи, доколку одлучи никого да не амнестира, Рускоска, рече дека не може никого да не амнестира.
– Не можам да речам никого да не амнестирам, значи јас како обвинител морам да го почитувам Законот. Ако не го почитувам Законот и јас правам кривично дело, рече Рускоска.
Прашана дали може дел од обвинетите да се товарат за друго дело, што не е амнестирано со Законот, обвинителкта Рускоска рече дека и за тоа исто така ќе одлучи со Јавниот обвинител на РМ.
– Тој член став 1 се однесува на организаторите. Ако некој е организатор, тој одговара и за делата кои ги сториле тие што тој ги организирал, така што може евентуално некој да биде обвинет и за „здружување за непријателска дејност”, а сепак му останува и кривичното делот „терористичко загрозување на уставен поредок и безбедноста”, појасни Рускоска.
Во однос на нарачателите, појасни дека тие се споменати во Законот за амнестија во делот кој кажува кој нема да потпадне под Законот за амнестија, а тоа се организаторите и нарачателите.
– Тие не спаѓаат во лица кои можат да бидат амнестирани. Тоа е едно исто само се употребуваат различни термини. Јас го употребувам терминот „организатори”, вие „нарачатели”, Собранието употребува друг термин итн. Тие што според Закон мора да бидат амнестирани ќе бидат амнестирани, постапките ќе си продолжат за останатите кои нема да потпаднат под овој закон, изјави Рускоска.
20-12-2018, 07:35 PM
Reply