Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
АМНЕСТИЈА И ПОЛИТИЧКА РЕА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,633
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Амнестија и политичка реапишува Горан Момироски



October 13, 2018
[Image: 1.jpeg?resize=696%2C341]
Не даваме амнестија, ќе има војна и нема друга алтернатива се трите мантри што владеачките структури ги засилија особено по референдумот за кој дури и премиерот Заев, откако ДИК го прогласи за неуспешен, призна дека пропаднал.
Како човек што признава дека не ги познава најдобро внатрешните политички и партиски логики и кој речиси целата кариера ја поминал во ткн дипломатско новинарство и пред се сум ги следел меѓународните аспекти на македонската политика, сум целосно збунет.
Веднаш по поразот на референдумот власта ја интензивираше реториката за амбис за Македонија ако пропадне Преспанскиот договор. Во играта се вклучија дури и умерени луѓе кои свесно почнаа да манипулираат со војна, поделба на државата и крв до колена само за да го поддржат премиерот и договорот со Грција.
Текстот потпишан во Нивици стана се или ништо за Македонија. Ивица на Нијагарините водопади, почеток на бездната или влез на пеколот. И дотука се е јасно. Власта има задача да го спроведе откако други им го напишаа и тоа е колку толку легитимно гледано од нивна страна.
Во исто време само два дена по референдумот откако се освестија од дебаклот, владините Пи – Арџии на сите нивоа започнаа да го користат терминот Амнестија.
И покрај тоа што нивниот најдобар политички другар Ахмети само неколку дена предходно во емисија на телевизија им кажа дека опозицијата не барала амнестија, Заев и другарите започнаа овој збор да го користат дури и при објаснувањето зошто економскиот раст е катастрофален а ММФ не стави на опашката на балканските и европски економски трендови.
И тука доаѓа главното прашање.
Ако договорот со Грција нема алтернатива, ако неговата пропаст освен историја за СДСМ ќе значи и крај на Македонија, ако е врвен приоритет дури поважен и од референдумот во 1991 година, ако без него нема да постоиме како нација и држава, зошто тогаш амнестијата има исто значење како и договорот.
Елементарната логика вели дека ако договорот е Conditio sine qua non односно Услов без кој не може да опстои македонската држава тогаш што е проблем да се даде амнестија. Особено ако покрај наводната национална и државна се има предвид и другата партиско политичка логика која што кажува дека Заев со амнестија ќе стане победник.
И пред да ме обвините дека лобирам за амнестија, еве ги фактите од најлогичното сценарио ако само амнестијата е проблем за решавање на монументалното прашање за името и светлата иднина на Македонија како Северна.
СДСМ тврди дека ако ВМРО – ДПМНЕ добие амнестија ќе гласа за уставните амандмани.
Тоа значи дека со давање амнестија за високите екс и сегашни претставници на опозицијата Заев го решава историското прашање, ја стабилизира Македонија, ги елиминира сите безбедносни предизвици, го засилува територијалниот интегритет и суверенитет на земјата и станува дел од европската цивилизација. (Синки досега бевме дел од цивилизацијата на Инките).
Но чекајте малку, големиот лидер што со едната нога е влезен во историјата и на тој пат му пречи само ВМРО , сепак не дава амнестија.
Нему сега главен приоритет, поважен дури и од најважното историски прашање му се затворот на Груевски, Мијалков, Јанакиевски и десетина други луѓе.
Чудно, да не речам манијакално, опсесивно компулсивно. Изборот на Заев меѓу „Бетонирана Македонија“ и десетина луѓе во бетонски ќелии се сведува на втората опција.
Особено ако се знае дека со ваквиот чекор Заев ќе му нанесе непоравлива штета на ВМРО – ДПМНЕ и на Мицкоски кои ако прифатат амнестија и обезбедат гласови за двотретинско мнозинство за промена на уставот, ќе останат запишани во историјата како лидер и партија кои што за да спасат неколку луѓе и својата партиска структура го продале името на Македонија за век и векова.
Дали ја сум недоветен и не сфаќам навистина политика или некој овде пак лаже, смрди од лажење. Секој нормален и објективен сфаќа дека ако Заев има ваква шанса со една амнестија да се спаси и себе си и Македонија а притоа да го уништи политичкиот ривал веднаш ќе го стори тоа.
Заев сега практично меѓу Македонија во ЕУ и НАТО, уништување на ВМРО – ДПМНЕ и одбивање амнестија го одбра само третото и тоа откако Груевски јасно порача дека нема намера да направи компромис и индиректно најави дека ќе гние во затвор ако е тој предуслов за промена на уставот и Преспанскиот договор.
Навикнат на луѓе кои што не размислуваат додека им зборува за трето полугодие и рајска иднина премиерот почнал да мисли дека сите ние пиеме од скапата нафта и не забележуваме дека зад наместенато насмеано лице лежи тежок страв, нелагодност, немир и пекол кој еден ден нема да можат да го скријат ни најдобрите Пи Ар мајстори на светот.
П.С. Кога минатата година во јуни на емисија на сега затворената ТВ Нова (чиј газда го гони СЈО) реков дека не би сакал да бидаам во кожата на Заев затоа што мора да испорача задачи за кои не е кадарен, многумина осилени од свежата октроирина власт на СДСМ ме правеа недоветен порачувајќи ми дека не можам да ја видам целата слика во која премиерот е прикажан како мал бог.
Дел од тие луѓе што тогаш ме правеа недоветен сега признаваат дека насловот на филмот „Боговите паѓаат на теме“ не е случајно избран а јас сум имал точна претстава што ќе се случува. Од мене за малициозноста се амнестирани. За поддршката на самоубиствената политика допрва ќе расправаме.



Bravo Bravo Bravo Bravo Bravo
14-10-2018, 01:01 AM
Reply