Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГРЦИТЕ ПОЧНАА ДА ОМЕКНУВААТ ВО СВОИТЕ СТАВОВИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,633
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

[url=https://kanal5.com.mk/articles/351557/kamenos-sleden-chekor-vo-regionot-potpishuvanje-megjudrzhavni-bezbednosni-dogovori][/url]


Quote:Каменос: Следен чекор во регионот - потпишување меѓудржавни безбедносни договори

Алтернативен план со Скопје доколку пропадне преспанскиот договор понудил грчкиот министер Панос Каменос вчера во американскиот Стејт департмент и во Пентагон на одделните средби со помошникот државен секретар Вес Мичел.

[Image: 351557.jpg]

10 октомври 2018, 15:27
Алтернативен план со Скопје доколку пропадне преспанскиот договор понудил грчкиот министер Панос Каменос вчера во американскиот Стејт департмент и во Пентагон на одделните средби со помошникот државен секретар Вес Мичел и со секретарот за одбрана Џејмс Матис.
Преспанскиот договор но и безбедносната соработка биле во фокусот на средбите, на кои Каменос оценил дека следен чекор во регионот е потпишување на на меѓудржавни безбедно договори меѓу Грција, Бугарија, Албанија и Македонија, а подоцна и Србија.
Алтернативниот план што го понудил грчкиот министер за одбрана медиумите во Атина го протолкуваа како план „Б“  за Преспанскиот договор, кој е влезница за Нато.
Сепак, во соопштението на Стејт департментот никаде не се споменува предлогот на Каменос што може да се толкува дека неговата идеја не наишла на одобрување во Вашингтон.
Каменос како што пренесува „Ефимирида“, изразил уверување дека преспанскиот договор нема да биде ратификуван во Македонија, па неговиот алтернативен план, како што објаснил, ги содржи истите геополитички цели како преспанскиот договор, но без да се зафаќа прашањето за името кое би се решавало во иднина, односно како што појаснил Каменос, тоа би бил еден од начините да се спречи руската пенетрација на Балканот.
Мојата позиција ја знаете, мислам дека е целосно јасна. Но, се чини дека случувањата водат кон тоа. Сметам дека следната фаза ќе биде создавање меѓудржавни договори што ќе го реши проблемот со нестабилноста, одговори министерот за одбрана на Грција, изјави Каменос.
Предло0т на грчкиот министер и помал коалициски партнер во владата на Ципрас очигледно предизвика нервоза во атина.
Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во интервју за радиото „њуз247“ вели дека предлозите на Каменос  не биле доставени до владата и „во никој случај не можат да бидат алтернативен план за договорот од Преспа“.
Разногласието  во грчката влада го критикуваше и одговорниот за надворешна политика во опозициската нова демократија, Јоргос Кумуцакос.
-Полититичката и дипломатската шизофренија во однос на скопското прашање не само што продолжува туку сега се извезува на меѓународно ниво, рече Кумуцакос и го повика Каменос веднаш да се повлече од владата доколку навистина е против договорот од Преспа.





Ако биде отфрлен и планот за менување на Уставот и ако на изборите  победи убедливо ВМРО ДПМНЕ и го спороведе параграфот 26 од мислењето на Венецијанската комисија,  Грците ке прифатат и име Р. Македонија!!
(This post was last modified: 10-10-2018, 03:56 PM by ЈорданПетровски.)
10-10-2018, 03:54 PM
Reply