Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ КЕ ПОМИНЕ СМЕНАТА НА УСТАВОТ ВО ПАРЛАМЕНТОТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Еве го предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија


October 8, 2018
[Image: 35EA0F69-F6F9-41DA-A434-F6A8D5102752.jpeg]

Еве го предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија

Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки и дополнување на Уставот на Република Македонија е достапен на веб-страницата на Владата и до него се пристапува со овој линк.
Додавање на придавката Севрена во името на Република Македонија, измени во Переамбулата на Уставот, односно при наведување на државно-правните традиции ќе се внесе повикување на првото заседание на АСНОМ со конститутивни одлуки, т.е.  одделно ќе се именуваат сите одлуки на АСНОМ, поцврста гаранција за границата -трајност на границите и суверенитетот и грижа за Македонците и дијаспората во странство, без мешање во суверените права на други држави, се четирите предложени суштински промени во Уставот.
За сите предложени точки, во документот постои и детално објаснување за причината за предложените измени на Уставот.



Лага 1
Quote:ВЛАДАТА ПРОДОЛЖУВА ДА ГИ КРИЕ НОЗЕТЕ: Заевци и натаму лажат за промените во Преамбулата
/ 08.10.2018

[Image: Zaev-i-Cipras-vo-Sofija.jpg]

Владата продолжува да крие што се обврзала да промени во Преамбулата на Уставот на РМ. Еве што содржи втората точка од „ПРЕДЛОГОТ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
СО НАСОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ доставен од Владата до Собранието на РМ.
Како што можете да забележите, во него нема ништо освен најбедно замајување на јавноста со тоа дека ќе се внеле конкретни документи од АСНОМ во Преамбулата, небаре Грција не блокираше затоа што тие документи не се набројани во Преамбулата.
„2. ИЗМЕНИ ВО ПРЕАМБУЛАТА НА УСТАВОТ
Заради усогласување на текстот на Преамбулата со Договорот со Грција, во Преамбулата ќе бидат извршени соодветни измени. Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија при наведувањето на државно-правните традиции, ќе се именуваат конкретни документи на АСНОМ, односно ќе се внесе повикување на Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ, со неговите конститутивни одлуки.“
[Image: odluka-480x240.png]



Лага 2
Quote:Значи се менува и името на Уставот. Уставот веке не е Устав нс Република Македонија туку е устава на Република СЕВЕРНА Македонија. Тоа е најголемата лага која денска ја подметна потпаролот на владата. Е сега на сите треба да им биде јасно како ке изгледа Уставот после промените.


Лага 3
Quote:Natasa Kotlar
32 mins ·

[Image: 1f914.png]?На денешниот предлог на Владата за промена на името во Северна Македонија, ќе потсетам само на еден дел од МАНИФЕСТОТ на АСНОМ: „Тргвајќи од вековните идеали на македонскиот народ, првото македонско Народно Собрание го прокламира пред цел свет своето праведно и неостапно сакање ЗА ОБЕДИНЕНИЕ НА ЦЕЛИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД на принципите на правото за самоопределуване. Со това ќе се тури крај на робството на македонскиот народ во сите негови делови и ќе се создадат условија за искрена солидарност и мир между балканските народи...“
(This post was last modified: 08-10-2018, 10:17 PM by ЈорданПетровски.)
08-10-2018, 09:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2






Човеков е тешко болен.




(This post was last modified: 09-10-2018, 03:36 PM by ЈорданПетровски.)
09-10-2018, 03:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Вељановски: Немате двотретинско мнозинство

10/10/2018 13:15

[Image: trajko-veljanovski.jpg]


Поранешниот претседател на Собранието, а сега пратеник Трајко Вељановски на Kомисијата за уставни прашања порача дека власта нема двотретинско мнозинство за измени на Уставот.
Тој во свото обраќање ги критикуваше претходните потези на власта, односно дека опозицијата била исклучена од целиот процес.
Вељановски порача дека иако се водела жестока пропаганда, македонскиот народ на референдумот ја победил пропагандата на власта.
10-10-2018, 12:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4



13-10-2018, 01:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Торпедирање на преспанскиот договор


October 17, 2018
[Image: .јпег.jpg?resize=696%2C403]

Oпозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, ја напушти дебатата за уставните измени во Парламентот, а со тоа ги торпедираше напорите на Зоран Заев за Преспанскиот договор, коментираат попладнево медиуми во јужното соседство..
Заев не го обезбеди потребниот број на 80 пратеници а опозицијата останува стабилна во своите позиции.
ВМРО издаде соопштение во кое се наведува дека европратениците ја напуштија дебатата и гласаа против уставните измени, пренесува „Иефимирида“ која констатира дека „ваквиот развој, ненамерно, ја отвора вратата за предвремени избори“.
Пратениците ги повикаа своите колеги од владеачкото мнозинство да го сторат истото и да побараат избори.
Пред денешната оставката на министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, ВМРО во соопштение го нарече Преспанскиот договор “политички мртов” и го повика Зоран Заев да го прифати својот пораз и да го прекине договорот со Атина.
ВМРО се повлече од гласањето еден ден по интервенцијата на САД и писмото на американскиот државен секретар Весе Мичел до лидерот на партијата.
„Христијан Мицкоски му се заблагодари за поддршката за влез во НАТО и во ЕУ, но тој подвлече дека ова ќе се направи со гордост и достоинство“, пренесува „Катимерини“.




Bravo Bravo Bravo Bravo Bravo Bravo
17-10-2018, 07:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од колицијата денеска на заедничка координација одлучија да се откажат од јаловата дебата која што се води во Собранието


[Image: 19574-zaev-i-vladata-namesto-da-frlaat-m...k=KGMwGSLK]

Соопштение до јавноста

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од колицијата „За подобра Македонија“ денеска на заедничка координација одлучија да се откажат од јаловата дебата која што се води во Собранието на Република Македонија.
Пратеничката група заклучува дека е кажано се и дека нема потреба од натамошна дебата во однос на предложените уставни измени и Договорот од Преспа кој што беше отфрлен од народот на Референдум. Истовремено пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ апелираат и до пратениците од владејачкото мнозинство и тие да се откажат од настапите и да се пристапи кон гласање по предлогот на Владата на Република Македонија за уставни измени.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја изразија својата увереност дека предложените измени и амандманите на Уставот нема да минат во Собранието на Република Македонија и со тој свој став го запозна раководството на ВМРО-ДПМНЕ, при што едногласно ја потврдија својата позиција дека ќе гласаат против уставните измени.
 
  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
17 октомври, 2018 - 15:42
17-10-2018, 08:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Пратениците на СДСМ се откажаа од дискусија, се очекува гласање

19/10/2018

[Image: sobranie-vnatre-696x343.jpg]

Пратениците од редовите на СДСМ се откажаа од дискусиите, јавува репортерот на ТВ21.
15 пратеници кои беа пријавени за збор, според информациите од Собрание се повлечени и продолжнието на седницата за уставни промени се очекува да продлжи со директно гласање.
За сега се уште не се знае дали обезбедено 2/3 мнозинство кое е потребно за уставни промени.
Екипи на ТВ 21 се на терн и ги следиме случувањата од минута во минута.
19-10-2018, 12:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Милошоски: Ајде Талат, почни ја седницата! Немате 80 пратеници!






19.10.2018
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Антонијо Милошоски на прес конференција во собранието јавно го повика претседателот на законодавниот дом да го стави на дневен ред гласањето за уставни измени.


Quote:-Поминаа 19 дена откако граѓаните на референдум се изјаснија дека не прифаќаат проена на уставното име. 19 дена, власта го одолговлекува гласањето за да се врши притисок врз пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија. Го повикувам господинот Талат Џафери да не одолговлекува и да ја стави точката на гласање, затоа што пратениците ја почитуваат вољата на народот и нема да потклекнат на притисоците. Власта нема 2/3 мнозинство. – рече Милошоски.
19-10-2018, 03:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Aleksandar Pandulovski
13 mins ·

За СДС и заканите и поткупите кои се нудат кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ
Сите бар малку подобро информирани знаат дека СДС им нуди на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ 2,5 милиони евра поткуп или закана дека ќе идат во затвор ако не гласаат.
СДС не е сменето никогаш на ист начин функционира 27 години, сега само зошто сите рефлектори се свртени во Собранието, се гледа и со голо око нивното функционирање како и поддршката за овој државен удар што го прават со амин на Западни амбасадори и дипломати.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се под жестоки закани, уцени и притисоци некои и завршиле на Кардиолигија. Треба да издржат до крај на притисоците па макар и по цена некои да идат во затвор.
Ако го направат тоа на следни парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе има преку 480 000 гласови, и најмлаку 60 пратеници.
А со ова што го прави СДС само овие денови има многу кривични дела за кој се лежи по најмалку 10 години затвор.
СЈО е рекетарска служба која служи за вршење притисок кон пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да сменат име. СЈО не служи за гонење криминал. Секој што верува поинаку слободно ќе кажа, дека е многу е глуп човек.
Вакво реално шоу на закани нудење мито го нема во ниедна западна држава. Може го има во афрички држави.
Кога неправдата станува закон, отпорот е должност!
Без разлика дали некого му се допаѓа или не му се допаѓа, претениците на ВМРО-ДПМНЕ во овој момент се последната одбрана да не се изгласа промена на името и ред други работи.
Се надевам искрено дека пратениците од опозицијата ќе одолеат на заканите и милонските суми поткуп што им се нудат за да гласаат промена на име.
А исто се надевам дека добар дел од Македонците сфатија дека Западните амбасади не придопнесуваат кон градење правна држава во Македонија туку напротив придонесуваат за уривање на секој закон и устав што постои во Македонија.





Quote:Пратеникот Крсто Мукоски пренесен на кардиологија

October 19, 2018
[Image: Krsto-Mukoski.jpg?resize=620%2C330]

Пратеникот Крсто Мукоски попладнево е пренесен на кардиологија откако му се слошило во Собранието.
Мукоски е еден од пратениците на кој се врши најголем притисок затоа што за настаните од 27 април му се заканува казна од најмалку 10 години затвор.
Мукоски беше пуштен од притвор од страна на судот со цел да може да учествува на седницата за уставни измени.
Според извори во скопска Кардиологија неговата состојба е стабилна.



Мора да издржат.  После падот на Владата на Заев, пратенициве и другите кои се во притвор ке ги наплатат сите трауми!!
19-10-2018, 06:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10







Пратениците мора да издржат.
А и МОРА да се воведе смртна казна во Македонија. Оваа што го прави Заев и неговите мора да биде казнето за главниот со смртна казна.
За пратениците , сакам да им дам моја подршка да издржат, часовите на владата на Заев се изброени.
После падот на Владата на Заев, пратенициве и другите кои се во притвор ке ги наплатат сите трауми!!
(This post was last modified: 19-10-2018, 06:43 PM by ЈорданПетровски.)
19-10-2018, 06:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ апелира до надлежните, особено до ЈО да ги испитаат наводите за притисоци и уцени врз пратеници



[Image: 19405-sdsm-rasipnichki-upravuva-so-parit...k=wQVk5vDc]


Соопштение до јавноста

Согласно Член 68 став 4 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, седницата на Собранието трае од 11 до 18 часот освен ако со писмо Претседателот на Собранието не одлучи поинаку. До овој момент, 18:30, немаме никакво известување и се смета дека денешната седница е завршена.
Пратеничката група апелира до надлежните институции, особено до ЈО, да ги испитаат наводите изнесени во повеќе медиуми во текот на денот дека врз неколку пратеници во Собранието е вршен притисок и дека преку уцени, закани или понуди за поткуп се влијае врз нивната одлука за гласањето во однос на Уставните измени.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата потенцира дека никој во Собранието, ниту надвор не смее да врши притисоци врз пратениците.
 
 
  Со почит,  
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
19 октомври, 2018 - 18:55

Соопштенија
Newsletter
19-10-2018, 06:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12






Заев скоро цел ден е во собранието, што бара тој во законодавниот дом цел ден ?? Заминал после 20 часот!
19-10-2018, 07:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Со 80 гласови ЗА пратениците го изгласаа предлогот за уставни измени согласно Договорот со Грција


[Image: 44402536_2181861915402088_2916807931045347328_n.jpg]


19.10.2018

Две третини од пратениците во македонскиот законодавен дом, односно 80 пратеници, вклучувајќи и гласови на пратеници од опозициската ВМРО ДПМНЕ, Собранието на Република Македонија го прифати предлогот на Владата за почнување постапка за уставни измени, согласно обврските преземени од Договорот со Грција потпишан пред неколку месеци во Преспа.
Постапката за измена на Уставот би одела во три фази. Во првата, Собранието, со двотретинско мнозинство треба да донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот, што се случи денеска на 19.10.2018 година.
Во втората треба да се утврдат нацрт-амандманите и за тоа е неопходно просто мнозинство или 61 глас. Третата и последна фаза е усвојување на амандманите за што е потребно двотретинско мнозинство или поддршка од најмалку 80 пратеници.
Првата фаза која почна  со доставувањето на Предлогот за уставни измени од Владата до Собранието може да трае најмногу 20 работни дена, односно 10 дена за дебата во собраниската Комисија за уставни прашања и уште 10 дена на пленарна седница на Собранието. Со денешното гласање оваа фаза е завршена.
По ова почнува подготовка и утврдување на нацрт-амандманите. Собранискиот Деловник предвидува од моментот на доставување на нацрт-амандманите во Собранието до одржување на пленарната седница за нивно усвојување, да поминат најмалку 30 дена.
Претресот за секој нацрт-амандман поединечно може да трае најмногу по три дена и во Комисијата и на пленарната седница, но може да биде завршено и побрзо од максималните рокови.
Собранието со најмалку 61 глас треба да ги утврди нацрт-амандманите, по што тие одат на јавна расправа, чие времетраење го утврдува Парламентот.
По оваа меѓуфаза, Владата треба да ги изготви предлог-амандманите и да ги достави до Собранието. Од моментот на доставување на предлог-амандманите во Собранието до одржувањето на пленарната седница за нивно усвојување мора да поминат најмалку 30 дена.
Предлог амандманите треба да бидат разгледани од  Законодавно-правната и Комисијата за уставни прашања, а на крај и на пленарна седница.
Конечната одлука за усвојување на амандманите се носи со двотретинско мнозинство или најмалку 80 гласа. За амандманот на Преамбулата на Уставот освен двотретинско, е потребно и Бадентерово мнозинство.
(This post was last modified: 19-10-2018, 09:41 PM by ЈорданПетровски.)
19-10-2018, 09:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Фарсата помина. Во Европа ќе се оди со гласовите на "пучистите и терористи" Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски и Сашо Василевски.


[Image: mkd-395139.jpg?itok=xWvjEG2Q]

19.10.2018
Пратениците првично гласаа електронски, а потоа по предлог на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев се прејде на поединечно гласање. Дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за уставни промени.
Владанка Авировиќ, Нора Исмаиловска-Старова, Крсте Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Зекир Рамчиловиќ, Елизабета Канческа-Милевска... се имињата од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ што гласаа за уставните измени.
По две одложувања на веќе закажаното продолжение на 61-та собраниска седница, вечерва во 22 и 20 часот конечно почна продолжението на седницата.
Денеска пратениците цел ден беа во зградата на Собранието и се чекаше почетокот на седницата. Но владејачкото мнозинство очигледно го немаше обезбедено потребното 2/3 мнозинство, па цел ден се чекаше, се разговараше, се убедуваше, а некои велат и се пазареше и уценуваше. ВМРО-ДПМНЕ уште во 15 часот побара да се премине на гласање, но претседателот на Собранието тоа не го правеше. Пратеникот Иван Стоиљковиќ оваа состојба во законодавниот дом ја прокоментира: Собранието е како сточен пазар.
Цел ден се шпекулираше дека биле обезбедени 77-78 пратеници и дека недостигале уште два гласа „за“.
Вечерва генералниот секретар на опозицијата Игор Јанушев изјави дека на нивни пратеници им се нуделе „милиони евра за да гласаат против волјата на граѓаните на Македонија“. ВМРО-ДПМНЕ го повика и јавното обвинителство за да ги испита овие случаи на „вршење отворен притисок на пратеници“.
На ова СДСМ одговори дека сѐ е лага и дека за ваквите клевети ќе следува судски процес.
19-10-2018, 10:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Пратеници на  ВМРО ДПМНЕ, кои гласаа за : Елизабета Канческа Милевска, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Нола Исмајлоска Старова, Емилија Александрова, Зеќир Рамќиловиќ, Владанка Авировиќ.


[Image: 44364548_2024437187603292_53050539680517...e=5C3E0052]


[Image: 44491708_10213218360149174_5508454230391...e=5C471C68]
19-10-2018, 11:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16



19-10-2018, 11:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:Разумни барања на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за влез во НАТО и во ЕУ

Да се пристапи во наредната, но не и конечна фаза, на дискусија по уставните амандмани, само под следните услови од чие исполнување ќе зависат и нашите идни ставови и нашата конечна поддршка за Уставните измени, наведоа пратениците.

[Image: sobranie1.jpg]


20/10/2018 12:18
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои синоќа гласаа за почеток на измените на Уставот и пратеници од оваа партија кои сакаа да гласаат за измените, но не го сторија тоа на вчерашната седница на Собранието, доставија писмени предлози со кои го условуваат своето однесување во натамошниот процес на уставни измени.
Го објавуваме оргиналниот текст на нивните предлози:
„Тргнувајќи од неопходноста, стремежот и правото, македонскиот народ да си го зачува сопствениот идентитет, јазик и култура и затварањето на македонското прашање еднаш засекогаш во корист на македонскиот народ со што ќе се стави крај на сите соништа за големи држави, кои имаат за цел да го загрозат територијалниот интегритет и суверенитет на македонската држава и македонскиот народ;
Потенцирајќи ја неопходноста од градење на граѓанско општество и еднаквост на македонскиот народ и сите останати народи кои живеат во Република Македонија, доследна примена на Охридскиот рамковен договор и грижа и уважување на правата на сите заедници во нашата татковина;
Реализирајќи ја обврската за надминување на состојбата на длабока поделеност во општеството, особено длабоката поделеност на македонското национално ткиво;
Водејќи се од обврската на македонското национално единство и победувајќи ги засекогаш концептите на ваша и наша Македонија, поделбите на предавници и патриоти кои доведоа до тоа брат на брат да тргне, да се растураат семејства, судбини, и да се побели македонското национално ткиво до тој степен како да станува збор за два различни и спротиставени народи, до степен брат брата да мрази и напаѓа и македонецот да крене рака на македонецот; Живеејќи со верба Македонија да стане економски просперитетна и напредна европска демократија на слободни и рамноправни граѓани, ослободени од било каква дискриминација;
Имајќи во предвид дека е неостварливо очекувањето Република Македонија да стане полноправна членка на НАТО и ЕУ без решавање на спорот со Република Грција, а особено фактот што Република Грција нема да дозволи влез на Република Македонија во НАТО и ЕУ под уставното име, како и фактот што сите изјави на релевантните меѓународни преставници се во правец на тоа дека членството на Република Македонија во овие организации е можно само со целосна имплементација на договорот од Преспа;
Поаѓајќи од фактот што позициите на Република Македонија во преговорите за проблемот што Република Грција го има со уставното име на Република Македонија се неповратно загубени и не може да се очекува во иднина Република Македонија да се стекне со подобри позиции ниту да издејствува подобар договор од веќе потпишаниот договор од Преспа;
Ние, група пратеници со верба во Македонија и нејзината иднина, целосно свесни за историскиот момент и одговорност пред минатите, сегашните и идните генерации

ПРЕДЛАГАМЕ:
Да се пристапи во наредната, но не и конечна фаза, на дискусија по уставните амандмани, само под следните услови од чие исполнување ќе зависат и нашите идни ставови и нашата конечна поддршка за Уставните измени:

1. Прифаќање на амандман на Уставот со кој ќе се гарантира македонскиот идентитет

2. Прифаќање на одредба на Уставот со која ќе се гарантира дека доколку Република Грција не го ратификува договорот и повторно ги попречува евро-атлантските интеграции на Република Македонија, ќе има безусловно поништување на сите прифатени уставни амандмани кои произлегуваат од имплементацијата на договорот од Преспа

3. Постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи го процесот што води кон полноправно членство на РМ во ЕУ

4. Прифаќање на иницијативата на Претседателот на Владата на Република Македонија г. Зоран Заев искажана на 61-та седница на Собранието на Република Македонија на 15 октомври 2018 година, за простување во врска со настаните на 27 април 2017 год. во Собранието на Република Македонија и сеопфатно национално помирување, со формирање на собраниско тело составено од шефовите на пратеничките групи, тројца пратеници и Претседателот на Собранието на Република Македонија кои ќе изготват и предложат до Собранието план за национално помирување, во рок од 30 дена“.
20-10-2018, 12:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:Една фотографија – 100 години затвор


October 20, 2018
[Image: Screenshot_20181020-110125_Facebook.jpg?...=696%2C397]

Позната изрека “Една фотографија илјада зборови” во актуелниот македонски момент добива нова форма: “Една фотографија стотина години затвор”.
Фотографијава од вчерашната седница на Собранието на која беше донесена одлука за менување на уставот и за ново име на државата најдобро покажува зошто се случи тоа што се случи.
Изразот на лицето на екс министерката за култура Бети Канчевска Милевска најдобро ја објаснува целата ситуација во која влогот беше долгогодишна робија или срам за генерации.


[Image: Screenshot_20181020-110141_Facebook.jpg?...=640%2C390]


Пет од осумте пратеници на опозицијата (Или нивни блиски риднини) кои гласаа за промена на уставот се соочуваат со затворски казни од стотина години ако не бидат амнестирани откако гласаа за новото име Северна Македонија.
Ако се пресметаат сите останати пратеници (и нивни соработници) кои гласаа против уставни промени кои ги гони СЈО и ОЈО вкупната бројка на затвор може да достигне 1000 години.
20-10-2018, 12:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Кога се гледа бурлеската во живо

За ако некој некогаш случајно ме праша каде сум бил кога една држава се заебавала со својата суштина, да му одговорам дека во живо, таа бурлеска всушност е чиста трагедија.

[Image: 244467-taka-bilo-pishano.jpg?itok=Wo-wgw6O]
Драган Милосављевиќ
20.10.2018
Така било пишано. Бев сведок кога ги вадеа на клоци и шутки пратениците на СДСМ од пленарната сала и успеав да стигнам пред вратата во оној спектакуларен момент кога Бранко Црвенковски во настап на лична храброст прв рипна преку металните огради, а десет специјалци го држеа не знаејќи дали смеат да удрат на човек кој бил претседател на државата, додека се обидува да продре на сила во Собранието.
Бев случајно внатре и кога бодигарди од ДУИ го тепаа колегата Дулови, а обезбедувањето на Скупштината молчеше и се правеше недоветно.
Исто и кога Мендух Тачи со уште двајца двометраши од ДПА фатија за врат министер од ДУИ во ходникот и го шамараа како мало дете.
Се нацртав таму и на 27 арил за да го видам ин виво она што сите го гледаа на телевизија, пропаста на една држава во мешавина од комплетна незаконитост, ругање со уставот и најодвратно насилство.
Така било пишано, се најдов во таа стара масонска зграда и синоќа, за да видам со свои очи како патот кон НАТО и ЕУ го отвораат луѓе извадени од притвор за да гласаат! Бившата министерка, неимарка на бесмислата немаше капка крв во образите, а оној што љуби да отвора врати кога не треба изгледаше како исфрлен од сликите на Хиеронимус Бош, со израз на ужас и очај на лицето додека изговараше За, како да стои пред вратите на Страшниот суд.
Така било пишано, видов и ќе си ги носам тие сцени со мене засекогаш, за ако некој некогаш случајно ме праша каде сум бил кога една држава се заебавала со својата суштина, да му одговорам дека во живо, таа бурлеска всушност е чиста трагедија.
20-10-2018, 03:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:Што e тоа што до последен момент ги премислуваше опозициските пратеници да гласаат „за“ уставните измени?

Вчерашната собраниска седница за пристапување кон уставни измени за промена на името најпрво беше закажана за во 12 часот, одложена за во 15 часот, па во 21 часот, за да на крајот почна некаде после 22 часот. Десет часа претседателот на Собранието Талат Џафери не ги викаше пратениците во собраниската сала да влезат и да гласаат. Се чекаа гаранциите дека владеачкото мнозинство обезбедило 80 гласа. Кои беа гаранциите?


[Image: mkd-395209.jpg?itok=OJWzP3ex]


Има многу шпекулации. Имаше и квалификација дека Собранието е претворено во сточен пазар. Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ синоќа изјави дека се работи за понуди кои одат и до еден милион евра за притиснато копче „за“ уставните измени.


[Image: mkd-395214.jpg?itok=sB9QPdM5]


Но, еве некои официјални информации за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои партијата наскоро ќе ги исклучи затоа што, како што рече Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, тргнаа против волјата на граѓаните. „Се говори дека било ветувано ослободување од обвиненијата за кои денес е повеќе од јасно дека се дел од прогон кој има политичка намена, да ги уцени пратениците за да гласаат за овој договор. Велат дека биле и понудени пари, и дека наместо Собранието да биде храм на демократијата имавме киднапирана институција од ордите на Зоран Заев и неговите луѓе. За овој нивен чекор, на оние 8 пратеници од опозицијата, без оглед на фактот што и добар дел од нив се опфатени од случаите на политички прогони, тука мислам пред се на СЈО и 27 април, и што над глава им висат сериозни обвиненија кои можеби ќе ги чинат слобода, можеби некој ќе изрази разбирање, но јас како човек не можам да ги оправдам, ниту пак можам да ја разберам нивната постапка“, рече Мицкоски.


[Image: mkd-395215.jpg?itok=cKjCnZbd]


Непосредно по повикот на премиерот Зоран Заев судот во последните четири дена одлучува да го укине куќниот притвор на тројцата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, обвинети во случајот за собраниските случувања на 27 април минатата година. Судот рече дека понудената гаранција, во имот и пари, била доволна гаранција дека тие нема да избегаат. Сите тројца, Крсте Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски вчера гласаа за промена на името на Република Македонија.


[Image: mkd-395212.jpg?itok=O7B_lsKd]


За пратеникот Крсто Мукоски уште се истражува можната злоупотреба на службената должност со фирмата „Атриум“ од Вевчани, во сопственост на неговиот брат за договорот за варосување на помошни простории во „Телеком арената“ за 10 евра од квадрат.


[Image: mkd-395211.jpg?itok=eCQrYqby]

За пратеничката Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија се знае дека нејзиниот син е еден од осудените во случајот со Сеад Кочан. Василие Авировиќ е осуден на три години затвор за незаконското добивање на тендер на ЕЛЕМ во случајот „Труст“ на СЈО. Судот наложи и на Сеад Кочан и на Василие Авировиќ да им биде конфискувана и имотната корист од тендерот или околу 17 милиони евра. На ред е Апелацискиот суд во Скопје да реши по нивните жалби.


Пратеничката Емилија Александрова, само 10 дена пред вчерашното гласање изјави дека е против промена на името. Официјално, на конференција за медиумите.
„Никаде во вашата програма (се обраќа на СДСМ-н.з.) немате дека ќе го менувате името и Уставот и немате мандат да го менувате уставното име на Репубика Македонија. Тука не се работи за чувства, ова е законодавен дом каде што работиме според Устав и закони, ја урнисавте правната држава, сакате да го урнисате и Уставот“, рече на 10 октомври Александрова додавајќи дека овој референдум е неуспешен и затоа не треба да се бара од пратениците да гласаат за промена на името и да не манипулираат со граѓаните.
Девет дена подоцна, Александрова гласаше сосема спротивно на оваа нејзина изјава.


[Image: mkd-395213.jpg?itok=pNdTYKKy]

И поранешната министерка за култура, актуелна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ Елизабета Канческа-Милевска, вчера гласаше спротивно на партискиот став. И Милевска има одреден багаж од времето кога била министерка, што сигурно не ѝ дава мирен сон. Во случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство првообвинета е Елизабета Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, од проектот „Скопје 2014“. Канческа-Милевска е осомничена во случајот „Тендери“ бидејќи без почитување на Законот за јавни набавки и без спроведување на јавно наддавање склучила договор со изведувач за дополнителни градежни активности на Музејот на ВМРО. Тендерот бил во корист на градежната фирма АД „Бетон-Штип“, а со овој договор бил оштетен државниот буџет во износ од 1 милион вера.
Овие пратеници, рече Мицкоски по синоќешното гласање, ја разочараа партијата и татковината, и со тоа ќе треба да живеат.


МКД.МК
(This post was last modified: 20-10-2018, 03:39 PM by ЈорданПетровски.)
20-10-2018, 03:38 PM
Reply