Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПРОТЕКОА СТЕНОГРАМТЕ ОД РАЗГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Според стенограмите кои ги објави Катимерини власта во Македонија брзала со процесот да се смени името (прв дел)

[Image: katimerini_stenogram-547x381.jpg]
Вести, Македонија, Политика – Под наслов „Доверливите стенограми од лидерите на ПЈРМ“, грчкиот весник „Катимерини“ денес објавува дијалози од лидерските средби во Македонија одржани на 27 јануари и на 19 мај годинава, пред потпишувањето на договорот со Грција.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во неколку различни текстови, посветени на двете лидерски средби, „Катимерини“ детално ги пренесува ставовите на Иванов, Заев, Димитров, Мицковски, Османи, Џафери.

На првата лидерска средба одржана на крајот на јануари годинава, според објавените дијалози од „Катимерини“, премиерот Заев на почетокот на состанокот вели дека е потребно решение, но не по секоја цена и дека „владата и опозицијата се согласуваат дека за било кое решение, потребен е референдум“, но и дека треба сите партии и претседателот да ја обединат мудроста за ефективно решение.

Шефот на македонската дипломатија на присутните им доставил примероци од документите на Нимиц на англиски и на македонски јазик и ги информира за средбите со медијаторот во Брисел и Њујорк и коментира дека рамката на Нимиц остава простор за маневри и не е предлог што треба да се отфрли или прифати.

– Грците бараат името да биде еден збор (Севернамакедонија) или да се пишува со цртичка (Северна- Македонија). Не им се допадна членот 5 од нацртот за преведување на името. Сакаат името да биде исто на сите јазици, како и на македонски. Сакаат голем спектар на употреба. Споменаа иредентизам, информира Димитров во однос на средбата во Њујорк и во продолжение на присутните им ја опишува ситуацијата во Грција дека Каменос според последните истражувања на јавното мислење се наоѓа на три отсто рејтинг, а Ципрас дека размислува да оди на избори доколку финансиската програма што завршува во август е успешна.

Каква ќе биде Грција по изборите, прашал Димитров?

-На власт ќе биде Кирјакос Мицотакис кој студираше на запад. Треба да побрзаме. Додека се караме, за Грците работите стануваат полесни, објаснува Димитров и потенцира дека е важен ставот што ќе го заземе македонската страна во преговорите и доколку не постои решение, затоа што не треба во очите на другите да изгледаат неконструктивни.

Зоран Заев, според она што го објавува грчкиот весник, на присутните им говори за околностите и за тоа дека со текот на времето тие стануваат понеповолни за Македонија и вели дека „ако не најдеме сега решение ќе изгубиме 10 години“. Детално информира за средбата со Ципрас во Давос, вели дека состанокот го договорила Могерини, целата била да се испрати позитивна порака до граѓаните на Македонија и Грција за да се создаде добра атмосфера.

– Предусловите се поволни, бидејќи во Грција на власт е левица. Ципрас се согласи со временскиот рок на Нимиц, но не се согласи со пишување на името на латиница. Предложи „Република Северна Македонија“ или „Горна Македонија“ според прототипите на Црна Гора или Белорусија, објаснува Заев.

Во друг дел од состанокот, премиерот вели дека Ципрас го прашал дали е решен да стигне до крај, на што Заев одговорил дека „моментот е позитивен , но не по секоја цена“ и додава дека грчкиот премиер сака решение. Со ист став дека Ципрас сака решение е и претседателот Иванов, кој вели дека „процесот е премногу сложен“.

– Ципрас е попозитивен од Папандреу. Сака решение. Не положи заклетва пред црквата, послободен е. Мерките за градење доверба вродија плод. Но, со поставување временски период со преамбициозни цели сме во опасност да предизвикаме големо разочарување, вели Иванов.

Османи, според објавеното во „Катимерини“ смета дека нема да постои друга шанса освен сега во 2018, следната може да е за 10 години.

– Или сега или никогаш. Треба да одбереме една или две точки од предлогот на Нимиц од кои нема да отстапиме, вели Османи.

Во продолжение разговорот се води околу преговарачот Васко Наумовски, во однос на неговото отсуство од состанокот и дали тој требало да биде присутен или не, но и дали треба или не тој да ги води преговорите или министерот за надворешни работи.

На состанокот, според „Катимерини“ разговараат и околу тоа дали ќе успеат да постигнат консензус и заеднички став.
02-10-2018, 08:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Според стенограмите кои ги објави Катимерини власта во Македонија брзала со процесот да се смени името (втор дел) 


[Image: katimerini_stenogram_01.jpg]

– На втората лидерска средба на 19 мај, според објавеното во „Катимерини“, Република Илинденска Македонија е предлогот што е на маса, а разговорите се околу средбите на премиерите Заев и Ципрас во Софија и на шефот на македонската дипломатија со неговиот грчки колега и медијаторот Нимиц во Сунио, јави дописничката на МИА од Атина.

Лидерската средба во мај, според „Катимерини“, започнала со Димитров, кој објаснил што се случувало во Сунио на средбата со Коѕијас и Нимиц. Тогаш, Грција направила значајна отстапка, бидејќи грчката влада била подготвена да признае македонски јазик, а државјанството да биде македонско/граѓанин на Република Илинденска Македонија.

-Во однос на идентитетот се договоривме уште од првиот круг преговори. Процесот заглави во следните рунди (три) во спектарот на употреба (ерга омес), вели Димитров

Тој објаснува дека во Сунио имале тешки преговори и две полувремиња. Првото било многу тешко, а бил присутен и Нимиц. Во второто останале сами, тој и Коѕијас и се обидувале како партнери да најдат креативно решение.

-Таму доаѓа предлогот за Република Илинденска Македонија со превод на сите јазици и државјанство македонско. Коѕијас рече дека тоа им е доволно, тоа е доволно разграничување меѓу нивната и нашата Македонија, вели Димитров

На истата средба било најдено решение и за употребата на кратенките МК и МКД.

Во продолжение на лидерската, според „Катимерини“, Димитров на присутните им објаснил дека треба да се направат уставни измени со преоден период за документите и додал дека ако не се постигне сега решение, на власт одново ќе дојде Нова демократија, а таму преовладуваат цврстите позиции околу групата на Самарас, што значи дека можностите за компромис и изнаоѓање решение значително ќе се ограничат.

Димитров, предупредил и дека постојат сили кои работат против изнаоѓање решение. Премиерот пак, на присутните на лидерската, според она што го објавува грчкиот весник, говори за средбите со Ципрас во Софија (16 и 17 мај).

И тој ги споменува дека и во двете земји, но повеќе во Грција, постои вмешаност на источни земји, на кои не им е во интерес да се најде решение.

Во однос на средбата со грчкиот премиер, Заев коментира дека Ципрас сака и е решен да се реши проблемот.

Според Заев, Ципрас рекол дека решението е праведно, бидејќи содржи сложено име, јасно разграничување меѓу грчката Македонија и Република Македонија и е за општа употреба (ерга омнес)

-На Ципрас му е јасно дека за нас е многу тешко да го смениме нашето уставно име. Ако не постојат уставни измени, нема да може да формира парламентарно мнозинство, а тоа нема да дојде од гласови на Каменос, туку од Река. Тоа би довело до избори. Од Нова демократија не очекува никаква поддршка бидејќи на северот од земјата води битка за гласови со Каменос, рекол Заев.

Премиерот споменува дека во Брисел имал средба со европратеничката и портпаролката на Нова демократија, Мариа Спираки, која му пренела поздрав од Мицотакис и рекла дека многу е важно како ќе се однесуваат гласачите во грчката Македонија, а се ќе зависи од Каменос.

На состанокот, Иванов го поставил прашањето зошто владата го крие договорот од претседателот.

Во дијалог меѓу Заев и Мицковски, лидерот на ВМРО вели дека нема никаква слика за процесот на преговори, бидејќи не се дел од преговорите и дека треба да започне дискусија во внатрешноста на партијата, бидејќи ВМРО не е хор, на што Заев му одговорил дека и тие не се хор и дека и тој ќе започне внатре-партиска дискусија.

Премиерот, на крај, според „Катимерини“, соопштува дека договорот ќе се потпише со Ципрас во Преспа.

Во посебен текст, под наслов „Интензивна загриженост во однос на одржувањето референдум“, „Катимерини“, ја пренесува дискусијата меѓу Ѓорге Иванов, Зоран Заев, Никола Димитров, Христијан Мицковски, Радмила Шекеринска, Бујар Османи, Александар Николовски, Артан Груби, Александар Николовски и Борис Јосифовски.

Присутните разговараат околу тоа кога би се одржал референдумот, Мицковски вели дека ако биде на есен, нема да ни дозволат да станеме членки на НАТО, Димитров одговара дека веднаш по ратификацијата ќе пратат писмо до НАТО во кое ќе бараат да ни се прати покана, а веројатно ова се однесува на Грција. Заев додава дека Ципрас му ветил дека ќе разговара со Макрон за датум за преговори.

Разговорот во продолжение се води околу тоа кога би се одржал референдумот, а Мицковски прашува дали прашањето е „се согласувате со промена на Уставот, да се смени името во Република Илинденска Македонија?“

Османи вели дека постои загриженост околу референдумот и споменува кои се опасностите од негово одржување.

-Може да се создаде притисок од публицитетот и да стане прашање во секојдневната политика. Ова може да го стави во опасност процесот. Второ, референдумите во последно време се цел на операции на трети фактори, вели Османи.

Мицковски му одговарил дека ставот на ДУИ од почеток бил против референдум, но дека го почитува тоа.

-Јас и ВМРО, но и владата се поставивме за референдум, вели Мицковски.
02-10-2018, 11:10 PM
Reply