Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГОВОР НА ПРЕДСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ВО ООН
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:




ЃОРГЕ ИВАНОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
2 hrs ·

„На 30 септември нема да излезам да гласам. Верувам дека и вие, моите сограѓани ќе донесете мудра одлука“ - обраќање на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на 73. сесија на Генералната дебата во Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.


Секоја чест за Председателот Иванов. Ваков говор, вака есплицитно кашана вистина за кршењето на правата на Македонците досега не е слушнато од говорницата на ОН.
Се надевам дека овој говор пррвин ке ги разбуди оние во Р. Македонија кои се подготвуват да гласаат ЗА во недела и ке им помогне да ја согледаат вистината и да го БОЈКОТИРААТ референдумот!
Се надевам дека ке ги разбуди и големите сили во светот дека МОРА да застанат ма страната на Македонија!!


Со овој говор , поточно со вистините факти кои ги изнесе во него Председателот Иванов ги соголи докрај предавничките улоги на Заев, Димитров, Пендаровски и Шекеринска, Мора да се БОЈКОТИРА гласањето во недела и така да се натера Заев да поднесе оставка а потоа се знае судење за велепредавство на бандата Заевистичка!
27-09-2018, 05:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Жерновски и Коѕиас излегле во исто време од говорот на Иванов


September 27, 2018
[Image: -коѕиас-e1531096115142.jpg?resize=371%2C267]

Случајно или не грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас и заменик министер за надворешни работи Андреј Жерновски во исто време ја напуштиле пленарната сала на Генералното Собрание на Обединетите Нации додека траеше говорот на македонскиот претседстел Ѓорге Иванов.
Жерновски и Коѕиас ја напуштија салата токму во моментот кога Иванов рече дека Грција ги повредува човековите права на Македонците.
Жерновски на фејсбук напиша дека не сакал да му даде легитимитет на Иванов а Коѕиас се уште нема реакција за напуштањето на говорот на македонскиот претседател што е прекршување на дипломатските начела за добрососедство и Виенската конвенција.
Ни Жерновски ни Коѕиас не откриваат дали можеби двајцата се координирале да ја напуштат салата во ист момент или се работи за случајност.


Слугата Жерновски мора да трча по газдата Коѕијас!!
27-09-2018, 05:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Интегрален текст од обрќањето во Обединети Нации на Претседателот Ѓорѓе Иванов – Mудро, храбро и родољубиво…



Почитувана госпоѓа Претседател со Генералното собрание на Обединетите нации,
Почитуван Генерален секретар на Обеднетите нации,
Ценети екселенции,
Дами и господа,

Годинава одбележуваме 100 години од крајот на Првата светска војна. Лигата на народите требаше да го чува мирот по Првата светска војна. Но не успеа. Обединетите нации се родија од пепелта на Втората светска воја и се изградија врз свет уништен од фашизмот, нацизмот, расизмот и колонијализмот. Усвојувајќи ја Повелбата на Обединетите нации една храбра генерација лидери им дадоа надеж на обесправените, угнетените, негираните дека можаат да го остварат правото на самоопределување.
Пред 70 години, Универзалната декларација за човековите права стана уште еден зрак на надеж за човештвото. Оваа надеж стана дофатлива преку работата на Обединетите нации и нејзините бројни програми. Преку мировните мисии, контролата на оружје, договори за неширење на нуклеарно оружје и борбата против тероризмот, меѓународниот организиран криминал ние градиме побезбеден свет. Целите за одржлив развој ни помагаат на глобално ниво да ја фокусираме нашата енергија на намалување на сиромаштијата, искоренување на болестите, зголемување на достапноста на образованието, питката вода, хигиената, и создавање можности за младите. Со Парискиот договор се бориме против климатските промени и се обидуваме да изградиме заедници и општества отпорни на ризици од катастрофи. Како последица, милиони луѓе денес живеат подобри животи отколку пред една деценија. Сите овие достигнувања ќе беа незамисливи ако не ги обединевме нашите напори преку Обединетите нации.

Дами и господа,

Како Претседател на Република Македонија, со право можам да истакнам дека Македонскиот народ учествуваше во создавањето на поредокот по Втората светска војна. Бевме на вистинската страна на историјата, бидејќи уште во 1941 започнавме да се бориме против злото на фашизмот и нацизмот.
Македонската држава учествуваше во создавањето на Обединетите нации. Во 1945-та, Федеративна Демократска Југославија беше еден од основачите на Обединетите нации. Како конститутивна република со право на самоопределување до право на отцепување, Македонија беше со-основач на Обединетите нации.
Како држава во состав на таа федерација, учествувавме во донесувањето на Универзалната декларација за човековите права, во меѓународните пактови за граѓански и политички, за економски, социјални и културни права со кои се гарантира човековото достоинство, правото на самоопределување, правото на суверена еднаквост на државите.
На 8 Септември 1991 година, користејќи го сувереното право на самоопределување до отцепување, на мирен начин ја напуштивме федерацијата што се распаѓаше и прогласивме суверена и независна Република Македонија.
И токму во тоа се состои големата неправда. Нам не ни беше дозволено да ги уживаме придобивките на организацијата и документите во чие создавање учествувавме. Нам ни беше оспорено сувереното право да се именуваме како што сакаме, небаре обична административна област во Грција (што го носи истото име) има поголемо право во меѓународните односи од една суверена држава како што е Република Македонија.
На 8 април 1993-та, пред 25 години, Република Македонија стана членка на Обединетите нации. Но, во оваа заедница на правно еднаквите, Република Македонија беше примена како помалку од еднаква, со дерогиран правен персоналитет и со повредено право на самоопределување.
Денес, 25 години подоцна, процесот на разговори во Обединетите нации треба да заврши со донесувањето на Конечната спогодба од Преспа за која некои тврдат дека треба да стави крај на спорот за името со Грција и да го отвори патот за членство на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.
Спогодбата започнува со една возвишена преамбула на чии формулации би и позавиделе и авторите на Универзалната декларација. Иронично, Спогодбата од Преспа ги крши истите оние универзални принципи и норми на кои се повикува во нејзината Преамбула, вклучително и правото на човечко достоинство. Од сите прекршени права, би сакал да обрнеме внимание само на едно – а тоа е правото на самоопределување.
Правото на самоопределување значи дека само нацијата има право на одлучување за својата судбина, дека никој не е овластен насилно да интервенира во нејзиниот живот, да ги руши нејзините школи и други институции, да спроведува насилство над нејзините обичаи и навики, да го сотира нејзиниот јазик или да ѝ ги забранува нејзините права. Правото на самоопределување значи дека нацијата може да го уреди својот живот во согласност со сопствената волја. Таа има право автономно да го уредува својот живот. Има право на целосна сецесија (отцепување). Нациите се суверени и сите се еднакви.
Од правото на самоопределување извира и правото на народот да го одбере своето име и името на државата што ја создал. Правото на избор на име е нераздвоен дел од правото на самоопределување. Само почитувајќи го правото на самоопределување, Обединетите нации се релевантни за сите народи. Како народ, името Македонци го носиме со векови, а како држава 74 години, уште пред воопшто да постојат Обединетите нации. Нашата приврзаност кон тоа име ја потврдивме и кога пред 27 години го искористивме правото на самоопределување и прогласивме независна и суверена Република Македонија.
Сепак, Грција со Конечната спогодба од Преспа ни наметнува ново име и бара истото да се применува erga omnes – и за меѓународна и за домашна употрба. Предвидено е да го промениме Уставот, при што Грција би била конечниот авторитет што ќе ги одобрува уставните измени. Преку оваа спогодба Грција ќе добие постојан надзор за тоа како ние ќе се именуваме себе си, но и како вие, државите-членки на Обединетите нации ќе ни се обраќате нам. Грција се овластува да ги преименува нашите институции, да ја цензурира содржината на учебниците на нашите деца, да го спречува правото на граѓаните да го изразуваат својот македонски идентитет. Се регулира именувањето на нашиот Македонски јазик. Еден многу важен дел од нашиот начин на живот ќе зависи од волјата на Грција. Тоа е цензура на светот и автоцензура на колективната свест на македонскиот народ. Тоа е насилство врз нашата историска меморија. Во архивите на Обединетите нации постојат илјадници страници документи и сведоштва за тоа што Грчката држава им правела на Македонците во Грција. Сега, со Преспанската спогодба Грчката држава сака да им го направи истото и на Македонците во Република Македонија. Целта е употребата на името Македонци да ја ограничи на најмалиот можен простор – а тоа е просторот меѓу нашите две уши, држејќи ја притоа нашата уста затворена. Тоа е флагрантно кршење на правото на самоопределување.
Но, оваа Конечна спогодба од Преспа е само горчлив плод на едно одамна затруено стебло. Таа е штетен компромис направен врз основа на Времената спогодба од 1995 година. Во време кога бевме меѓународно изолирани, Времената спогодба постигната под покровителство на Обединетите нации требаше да биде гаранција дека Грција нема да го блокира нашето интегрирање во меѓународните организации. Но, и тука има сериозен проблем. Никој не може да пренесе на друг повеќе права отколку што самиот ги има. А сепак, со Член 5 од Времената спогодба од 1995 година и процесот воден во Обединетите нации на Грција и се дозволи да преговара со Република Македонија околу нејзиното име. Тоа е кршење на правото на самоопределување.
Но, и Времената спогодба не е стебло без корен. Таа произлегува од Резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на Обединетите нации од 1993 година. Иако забележува дека Република Македонија ги исполнува критериумите за членство во ОН содржани во Член 4 од Повелбата, Советот за безбедност сепак констатира дека се појавила разлика во врска со името на државата и го условува членството на Република Македонија со привремена референца и со обврска да разговара за разликата околу името. Таа формулација не е ништо друго освен еуфемизам за кршење на правото на самоопределување.
И така, доаѓаме до коренот на проблемот.
При приемот на Република Македонија во Обединетите нации е прекршено правото на самоопределување. Времената и Преспанската спогодба се донесени за да се оправда тоа кршење. Мора да знаете дека текстот на таа Преспанска спогодба е изготвен без мое знаење и без моја согласност како Претседател на Република Македонија. Спогодбата повредува одредба од внатрешното право од фундаментално значење.
Кажано со други зборови, јазолот што започна да се заплеткува со Резолуциите 817 и 845 и со Времената спогодба, сега, со Преспанскиот договор стана јамка за бесење. Од Република Македонија сега се бара да изврши правно и историско самоубиство, за да може правното укинувањето на македонскиот народ да се протолкува како негова сопствена волја. Се прашувам што зборува ова за глобалното лидерство и споделената одговорност на Обединетите нации?

Дами и господа,

Грција инсистира наметнатото име, а со тоа и кршењето на правото на самоопределување да има дејство erga omnes. Но, фактите го кажуваат следново. Меѓународниот суд на правдата во пресудата донесена на 30 јуни 1995 година се има произнесено дека правото на самоопределување има дејство erga omnes. Оваа многу важна одлука не била земена предвид при изготвувањето на Времената спогодба три месеци подоцна.
Се вели дека македонскиот е единствен случај во Обединетите нации. Но, во архивите на Обединетите нации е евидентиран речиси идентичен случај во кој една земја-членка и го оспорува правото на членство на друга земја-кандидат поради нејзиното име. Велам речиси, бидејќи барањето на таа земја-членка да се блокира приемот на другата земја било игнорирано од Обединетите нации. Сето тоа се случува после нашиот преседан.
Прашувам: зошто сево ова не важи во случајот со Република Македонија? Зарем не се сите држави суверено еднакви? Дали Обединетите нации се порелевантни за едни, а помалку релевантни за други народи?
Гледаме како одново непринципиелноста на Атина победува над мирољубивоста на Мелос, дека посилните го прават она што можат, а послабите она што мораат. Со Преспанскиот договор одново сме ставени пред свршен чин, во кој ни се вели – помали сте, послаби сте, и затоа мора да го прифатите ултиматумот на Атина. Наместо наградени, ние сме казнети поради нашата мирољубивост. Се заборава дека Обединетите нации беа создадени од визионери кои сакаа поредок во кој и најмалите и најслабите народи да бидат заштитени. Бидејќи почитувањето на правата на малите народи и држави е барометар за исполнување на меѓународната повелба на човековите права.
Аристотел тврдеше дека оној што не е дел од полисот е или ѕвер или бог. Она што бил поединецот за античкиот полис, тоа, на некој начин, е државата за современиот космополис. Грција се однесува како да не ја обврзуваат правилата на меѓународниот поредок. Со ваков однос, се прашувам во која категорија Аристотел би ја класифицирал лулката на демократијата денес.
Ако Обединетите нации не се способни да му дадат сила на праведниот закон, тогаш ќе ја озаконат неправедната сила. А меѓународниот поредок не може да се чува со кршење на меѓународното право.
Долго време не убедуваа дека нема друг начин освен овој. Но, по плодовите го познавме стеблото. Преку Преспанската спогодба увидовме дека сме биле доведувани во заблуда да бараме решение што ќе значи еродирање на правото на самоопределување.
Како да го одмотаме овој замрсен јазол, оваа јамка што ни ја ставаат околу вратот? Одмотувањето треба да започне онаму каде што се започна – со кршењето на правото на самоопределување.
Виенската конвенција за договорно право многу јасно укажува дека секој договор што е спротивен на ius cogens нормите е ништовен. Според Член 1, став 2 и Член 55 од Повелбата на Обединетите нации, една од тие ius cogens норми е правото на самоопределување. Член 5 од Времената спогодба од 1995 година одредува преговори за правото на самоопределување, што ја прави спротивна на оваа ius cogens норма. Тоа, дами и господа, значи дека е ништовна целата Времена спогодба од 1995 година, а со самото тоа, ништовна е и Преспанската спогодба што произлегува од неа.
Никој нема право да ја доведува во прашање одлуката на народот да го одбере своето име и името на државата што ја создал. Бидејќи, таа одлука произлегува од правото на самоопределување воспоставено како апсолутно право на сите народи.
Само правото на самоопределување, а не неговото кршење, може да има дејство erga omnes.

Почитувани присутни,

Додека зборувам тука, во мојата држава Република Македонија се одбројуваат последните часови пред референдумот на кој моите сограѓани се повикани да се произнесат за Преспанската спогодба.
Во изминативе неколку недели Република Македонија ја посетија повеќе високи странски претставници. Знам дека многумина од нив искрено сакаат да и помогнат на Република Македонија да стане дел од Европската Унија и НАТО. И од срце им благодарам за нивните добри намери. Но, се плашам дека и тие биле доведени во заблуда. Нивната порака е дека ако референдумот не успее и ако Преспанската спогодба не се прифати, тогаш не треба да се надеваме на членство во НАТО и во Европската Унија. А јас ги прашувам – ако ни ја земете надежта, што ќе ни остане? Помогнете ни со тоа што ќе го деблокирате процесот за членство на Република Македонија во НАТО и во Европската Унија без да го кршите правото на самоопределување.
Многумина од нив ги убедуваат македонските граѓани да ја прифатат грчката спогодба. Нив ги прашувам, дали тие би прифатиле да го дерогираат право на самоопределување на нивните сопствени народи и држави? Дали тие би прифатиле мешање во нивните внатрешни работи, нарушување на сувереноста и политичката независност? Зошто тогаш од нас се бара да прифатиме нешто што никој во светот не би го прифатил?
Не не убедувајте да јадеме од овој отровен плод. Крајно време е отровното стебло, сосе неговиот отровен плод, да бидат отстранети.
Затоа, во овие последни часови пред референдумскиот молк, сакам да упатам и порака до моите сограѓани во Република Македонија.
Гласањето на референдум е ваше право, а не обврска. Во согласност со Член 7, став 3 од Законот за референдум, „никој не може да биде повикан на одговорност за гласање, односно негласање на референдум.“ Секој граѓанин има право да одлучи како ќе постапува во однос на овој референдум, да излезе и да гласа, или, пак да не излезе и да бојкотира.
Како што референдумот на 8 Септември 1991 доведе до сувереност и независност, така овој референдум на 30 септември може да доведе во состојба на потчитеност и зависност спрема друга држава.
Ако овој референдум биде успешен во согласност со законот, тогаш не само што се менува името на постојната држава, туку се создава нова, полусуверена држава, со ново име и нов внатрешно-правен и меѓународно-правен идентитет. Ќе бидеме држава само по име, но не и по суштина, бидејќи друг ќе ни го регулира начинот на живот.
Но, доколку овој референдум не е успешен, тогаш се отвора нова можност. Можност да разговараме и да ги разгледаме новите опции за решавање на прашањето во согласност со меѓународното право, преку почитување на нашето фундаментално право на самоопределување. Да го обновиме националниот консензус што го постигнавме на почетокот на независноста.
Не е потребна храброст за да се капитулира. Храброста е потребна за да се истрае во остварувањето на правото на самоопределување и зачувување на суверенитетот и независноста на државата. Храброста е потребна за да се каже вистината.
Овој 30 септември е одлучувачки за нашата иднина. Но, истовремено, во нашата традиција, со векови наназад на 30 септември се празнува верата, надежта и љубовта, кои произлегуваат од мудроста.
Не губете ја вербата во себе, бидејќи од вас зависи иднината на Република Македонија. Не губете ја надежта и патриотската љубов кон Република Македонија, бидејќи само како суверена и независна држава таа ќе биде заштитник на вашата слобода и вашето човечко достоинство. Јас како граѓанин веќе ја донесов мојата одлука. На 30 септември нема да излезам да гласам. Верувам дека и вие, моите сограѓани ќе донесете мудра одлука.
Истовремено, ви се обраќам вам, претставниците на државите-членки на Обединетите нации. Овој ирационален спор има штетни последици по Република Македонија и нејзините граѓани. Поради грчките блокади, нам ни се одзеде правото на просперитет. Сето тоа, за жал, се одразува на одржливоста на македонското мултиетничко, мултирелигиско и мултијазично општество. Општество кое изминативе 27 годинин активно придонесува за мирот, стабилноста и безбедноста во регионот и Европа.
Позицијата на официјална Атина не само што е спротивна на меѓународното право и на одлуката на македонските граѓани, таа е спротивна и на волјата на речиси 140 држави-членки на Обединетите нации кои на Република Македонија и го признаваат фундаменталното право на самоопределување и и се обраќаат под нејзиното уставно име.
Како Претседател на Република Македонија ги повикувам сите држави кои веќе ја признале Република Македонија и воспоставиле дипломатски односи под нејзиното уставно име да не ги менуваат своите одлуки. Покажете ја својата сувереност со тоа што ќе останете доследни на сопствените принципиелни одлуки што сте ги донеле без притисоци. Помогнете ни со тоа што ќе бидете чувари на нашето право на самоопределување, чувајќи го со тоа и вашето право на самоопределување.
Современата историја покажа дека Балканот е родното место на преседаните. Ако со нас се прават штетни преседани со кои се ограничува нашата сувереност и политичката независност, тогаш прашање на време е кога ќе бидат применети и во некои од вашите држави.
Што зборува сево ова за релевантноста на Обединетите нации за сите народи, за лидерството и споделената одговорност?
Отсекогаш сум се залагал и суштински сум придонесувал за градење на вистинско и трајно партнерство меѓу Република Македонија и Грција и пријателство и доверба меѓу македонското и грчкото општество. Но, ако единствениот начин да се задоволат ирационалните барања на грчката страна е со наметнати мерки кон македонската страна, она што добиваме се односи без доверба. Овој договор не ги приближува, туку ги оддалечува македонскиот и грчкиот народ.
Грчкото и македонското општество треба да научат како заеднички да живеат и покрај нивните најдлабоки разлики. За да имаме вистински, траен и одржлив договор, потребен ни е дијалог наместо монолог, аргументирано убедување, наместо присилно наметнување, взаемно почитување, наместо негирање.
Само поддржувајќи таков фер пристап, Обединетите нации ќе бидат релевантни во нашиот случај, и ќе покажат лидерство и споделена одговорност. Бидејќи, Обединетите нации ќе бидат релевантни само ако ги почитуваат сопствените принципи.

Драги пријатели,

Можеби, додека уште зборувам, веќе се пишуваат изјави во кои ќе се осуди овој мој говор. Најчесто, првата реакција на вистината е омразата. Вистината ги разобличува лагите, ги открива неисполнетите ветувања, ја разоткрива нечистата совест. А има многу нечиста совест во однос на македонскиот случај. Но, вистината ослободува и овозможува да се признае вината, да се поправат грешките, да се исцелат раните од прекршувањето на нашето фундаментално право на самоопределување и правото на човечко достоинство.
А едноставната вистина е дека ние сме Македонци и нашата држава е Република Македонија. И почитувајќи ја таа едноставна вистина за нашиот идентитет, вие го почитувате нашето човечко достоинство кое е дел од темелот на слободата, правдата и мирот во светот.
Ви благодарам.

СВЕСТ.МК
(This post was last modified: 27-09-2018, 09:37 PM by ЈорданПетровски.)
27-09-2018, 09:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:ИВАНОВ: КОЈА БИЛА САМУИЛОВАТА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ ‒ ЕРМЕНЕЦ, МАКЕДОНЕЦ-БРСЈАК ИЛИ БУГАРИН?


[Image: gjorgji-ivanov.jpg?fit=1200%2C800&ssl=1]

25.10.2018
Претседателот на Р. Македонија, Ѓорге Иванов, имаше свое обраќање на отворањето на првата Национална конференција за византологија и медиевистика на тема „Самуиловата држава – 1000 години потоа (1018-2018)“.

„Чест ми е да ве поздравам на првата Национална конференција за византологија и медиевистика. Летово, додека престојував во вилата „Билјана” во Охрид, кај мене дојдоа професорите Филиповски и Цветановски и ме поканија да бидам покровител на оваа конференција. Додека разговаравме за Самуил, пред очи ни беше Охрид и Самуиловата тврдина. Иако, нè делат 1000 години од падот на Самуиловата држава, сепак, актуелните случувања во Република Македонија упатуваат дека имаме ненаучени лекции кои одново ни се повторуваат.

Кога веќе ја имам можноста да ја отворам оваа научна конференција, дозволете ми да се произнесам и за темата. Како универзитетски професор кој речиси две децении предава политички теории и политичка филозофија, предмет на интерес ми беа и политичките теории и институции на Источното Римско Царство. Тоа ќе биде дел од фокусот на моето обраќање.

Кога во 867 година Ерменецот Василиј со преврат станал византиски император, нему му биле потребни сите можни аргументи за да ѝ даде легитимитет на својата власт. Еден од тие аргументи бил фактот дека тој се родил во византиската тема Македонија, која опфаќала само еден мал дел од поширокиот историски и географски регион Македонија. Тоа било повод неговата династија да се нарече македонска. Надоврзувајќи се на овој наратив, Константин VII Порфирогенит изградил перцепција за наводна генеолошка врска на неговиот дедо Василиј I со античката македонска династија за да го зајакне легитимитетот. Тоа денес некои го нарекуваат антиквизација.

На византиската македонска династија, секако, ѝ одел во прилог фактот дека во тоа време не постоел друг државен субјект што би се повикувал на славната македонска традиција. Но, набргу нештата се смениле.

Словенските светители и просветители Кирил и Методиј и нивните ученици Св. Климент и Наум Охридски создале услови за културно, образовно, духовно, а со тоа и социоекономско издигнување на словенските народи, и конкретно, народот на Македонија. Семето што го посеале изртило и пуштило корен од кој никнала една фиданка. Во 969 година, користејќи ја презафатеноста на Византија на Истокот, комитопулите Давид, Мојсеј, Арон и Самуил кренале востание против разнишаната бугарска власт. Во 976 година, односно пет години по укинувањето на Првото бугарско царство од страна на Византија, Самуиловата држава се воспоставила како нова геополитичка реалност на Балканот.

Острогорски вели дека и според составот и според карактерот, Самуил создал ново царство. Политичкото, духовното и културното јадро на таа држава било во југозападниот дел од Македонија. Таму се наоѓале и првата и втората престолнина – Преспа и Охрид.

Како „воинствен човек кој никогаш не знаел да мирува”, Самуил ја искористил Граѓанската војна во Византија и за релативно кратко време ја создал најголемата словенска држава на Балканот, која излегувала на три мориња, а на север била ограничена со Дунав и Сава. Како голем воен стратег, Самуил инвестирал во одбраната на јадрото на државата преку низа утврдувања. Притоа, освоените бугарски територии биле пред сè во функција на заштита на територијата на Македонија.

Оваа нова државна творба имала и свој специфичен државен интерес –контрола на стратешкиот коридор Виа Егнација од Солун до Драч.
Самуил воспоставил и нов црковен центар во Преспа. Со цел да го зацврсти легитимитетот на народната црква во Македонија, Самуил ги пренел моштите на еден од учесниците на Првиот вселенски собор ‒ Св. Ахил Лариски. Подоцна, духовниот центар го пренел во Охрид каде била жива глаголичката традиција која не фатила корен во Бугарија.

Самуиловата држава и суштински се разликувала од Византиското и Бугарското Царство и поради толерантниот однос кон богомилската ерес. Во тоа, на некој начин, ги гледаме контурите на она што денес го нарекуваме македонски модел на соживот и почитување на различноста.

Ова се неспорните факти. Постојат многу отворени прашања за кои сè уште се води дебата. Дали Самуил бил крунисан за цар или крал? Која била Самуиловата етничка припадност ‒ Ерменец, Македонец-Брсјак или Бугарин? И покрај овие дилеми, едно е сигурно. А тоа е дека лојалноста на населението кон владетелот не зависи толку од неговиот етнички идентитет колку од неговата способност да ги задоволи социоекономските и културните потреби и интереси на населението. Народот на Македонија го прифатил Самуил како свој владетел. Не само што нема докази за незадоволство на народот од владеењето на Самуил, туку, до последните битки, тој и неговите наследници можеле да мобилизираат голема војска.

Сите овие факти упатуваат на заклучокот дека државата на Самуил суштински се разликувала од Бугарското Царство. А сепак, денес, 1000 години подоцна, науката сè уште дебатира за бугарскиот карактер на Самуиловата држава. Како се случи тоа?

Прво, византиските автори го користат терминот Македонија само за деловите од Македонија кои се под византиска власт. Тие прават внимателно терминолошко разграничување меѓу Самуиловата држава и византиската тема Македонија за да го монополизираат името Македонија само за своите потреби. Пример за таква монополизација имаме и денес. Современата грчка држава инсистира името Македонија да се употребува само за административната област што се наоѓа во нејзините граници. Бирократите во некои меѓународни организации го бришат името Република Македонија и придавката македонски со еднаква ревност како што тоа го правеле византиските хроничари пред 1000 години.

Второ, официјалната византиска историографија одбива да ја признае и да ѝ даде легитимитет на Самуиловата држава. За разлика од Првото Бугарско Царство кое било признато од Цариград, а бугарскиот цар бил сметан за духовен син на византискиот император, Самуил и неговата држава не биле признати. Јован Скилица, востанието на комитопулите го нарекува одметништво, а Самуил го нарекува тиранин. Во такви услови на непризнавање и изолација, Самуил се свртел кон Рим. Дали примил круна од папата или не е прашање на дебата, но факт е дека големата византиска офанзива од 1001 година се случува по крунисувањето на Самуил. Со сличен предизвик се соочивме и ние. Првите обиди на независна Република Македонија да биде меѓународно признаена резултираа со агресивна грчка дипломатска офанзива која кулминираше со нелегално економско ембарго и долгогодишна блокада на нашите интеграции.
Трето, Џонатан Шепард ја забележува разликата меѓу декларираните и вистинските цели на Василиј. Иако освојувањето на Самуиловата држава била негова јавно декларирана цел, сепак, неговата вистинска цел била обезбедување внатрешна кохезија на Империјата и контрола врз војската и амбициозните генерали. Сè додека Василиј успешно се борел со Самуил, неговата власт не се доведува во прашање. Анексијата на Самуиловата држава во 1018 година го лишила Василиј од натамошен изговор за контрола врз војската. Дали нешто слично гледаме и денес, кога прашањето за името на Република Македонија се користи како средство за мобилизација на избирачите од страна на грчките политички елити пред секои избори?

Четврто и последно, авторите ги пренесуваат сфаќањата од епохите во кои пишуваат на епохите кои ги проучуваат и за кои пишуваат. Според Стивенсон, Василиј II го добил епитетот „бугароубиец”, 150 години по смртта, за да се оправдаат византиските походи против Второто Бугарско Царство. Епитетот на Василиј II станал еден од клучните аргументи за бугарскиот карактер на Самуиловата држава и нејзиниот народ.

Не би сакал да бидам погрешно разбран. Не се обидувам да ги поистоветам Самуиловата држава и Република Македонија, ниту Византиското Царство и современата грчка држава. Овие паралели ги спомнувам само затоа што ја потврдуваат Хегеловата констатација дека ако нешто научивме од историјата, тоа е дека ништо не научивме од историјата. Сме можеле да донесеме многу помудри одлуки ако внимателно ја читавме историјата, особено онаа за Самуил.
Што значи сево ова за нас денес?

Бидејќи сме во Охрид, како метафора ќе употребам една практика поврзана со патронот на градот. Св. Климент бил познат по тоа што, меѓу другото, го научил народот да ги калеми овошките. Затоа и денес охридските цреши ги нарекуваме климентици. Но, освен калемење на овошки, постои и калемење на теории, истории и светогледи.

На стеблото на Самуиловата држава е накалемена туѓа гранка. Таа туѓа гранка се официјалните византиски перцепции за карактерот на Самуиловата држава. Од тогаш стеблото наместо сопствени дава туѓи плодови. И затоа многу хроничари и историчари со децении и векови се хранеле од плодовите на калемот, мислејќи дека тоа се плодови на изворното стебло.

Нештата почнале дополнително да се комплицираат по Француската револуција кога на Балканот продреле идеите за националната држава.
Додека на Западот се развил вестфалскиот модел на суверена држава одвоена од црквата, на Истокот опстанал предвестфалскиот модел на симфонија. По пропаста на Византија и освојувањето на Османлиите, митрата на патријархот станува супститут за царската круна. Патријархот станал лидер на милетот, односно милет-баши, одговорен пред Султанот за мирот и поредокот меѓу верниците.

Со пропаѓањето на Османлиската Империја, нетериторијалните милети станаа територијални девлети, диецезите на помесните балкански цркви станаа граници на новите балкански држави. Религиските идентитети станаа национални идентитети. Во лушпата на предмодерниот милет-систем почнале да растат модерните нации држави.

Заведени од вирусот на империјализмот, балканските елити ги развија проектите за големите држави на Балканот. Но, за да го колонизираат просторот, тие прво мораа да го колонизираат времето. Предмодерните сложени процеси почнаа да ги поедноставуваат и толкуваат со модерни категории. Настаните од дамнешното минато почнаа да ги перципираат низ матрицата на модерниот национализам. Или, како што вели Чеслав Милош, „колку подоцна некаде се појавил национализмот, толку поревносно се стремел да се надоврзе на времињата од приказните”. Затоа, Стојан Прибичевиќ со право ќе констатира дека „националистичките и културните предрасуди доведуваат до тоа во голем број словенски и несловенски натписи за Македонија да провејуваат лажни факти, сомнителни теории и погрешни претпоставки.”

Точно е дека победниците ја пишуваат историјата. Но, исто така, точно е дека поразените ги создаваат легендите кои, иако, не секогаш се држат до фактите, сепак ја пренесуваат смислата на настаните. За разлика од модерниот човек воспитан во духот на рационализмот и картезијанскиот скептицизам, фокусот на предмодерниот човек не се толку фактите, колку смислата. Затоа се вели дека знаењата се минливи, но мудроста е вечна. А таа мудрост се стекнува со искуството на бројни генерации.

Самуил бил поразен, неговата држава била анектирана, подоцнежните востанија биле задушени. Но, во колективната меморија на народот останал споменот за тој краток блесок во долгата македонска ноќ. Кога во последната деценија на 11 век архиепископот Теофилакт пристигнал во Охрид, охриѓани за негов инает го пречекале со победнички песни со кои ја славеле пропаднатата Самуилова држава.

Можеби токму затоа, во 1944 година, отворајќи го Првото заседание на АСНОМ, илинденецот Панко Брашнаров со преполна душа ќе рече дека со тој чин се измива „од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропаста на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава”.

Таа АСНОМ-ска Македонија е фиданка што изникна од коренот од кој изникнала и Самуиловата држава. И како фиданка, таа го даде вистинскиот плод, оној долго заборавен и потиснуван од туѓите, калемени гранки на пропагандите и идеологиите. Тој плод, меѓу другото, е и независна и суверена Република Македонија во која вие, историчарите, имате целосна академска слобода да истражувате и пишувате. Таа слобода ви овозможува без ронка страв и со критичко око да ги преиспитувате догмите врежани во камен кои со децении беа третирани како општопознати факти од страна на некои ваши колеги од соседството.

Но, денес, за жал, се прават обиди и на таа фиданка да ѝ се накалеми туѓа гранка. А таа туѓа гранка е Договорот од Преспа. Во член 8, точка 5 е предвидено формирање на „Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања”. Иако тој комитет би требал да го разгледува објективното научно толкување на историските настани, сепак, симптоматично е што тоа треба да го прави под надзор на министерствата за надворешни работи на двете држави.

Авторите на текстот на Договорот од Преспа, кои и да се тие, покажуваат или елементарно непознавање на балканската историја или загрижувачка индиферентност кон сложените процеси на градење балкански идентитети. Искрено, не знам која од овие две алтернативи е полоша. Но, тие одат и чекор понатаму со тоа што негираат многу универзални вредности. Го негираат пред сè правото на самоопределување кое значи дека само нацијата има право на одлучување за својата судбина, дека никој не е овластен насилно да интервенира во нејзиниот живот, да ги руши нејзините школи и други институции, да спроведува насилство над нејзините обичаи и навики, да го сотира нејзиниот јазик или да ѝ ги забранува нејзините права. Го негираат и правото на слобода на мисла, совест и религија, но и правото на слобода на мислење и изразување гарантирани со Универзалната декларација за човекови права.

Со Договорот од Преспа, вашата академска и образовна дејност ќе ја надгледуваат политичари, дипломати и бирократи кои ревносно ќе ги цензурираат учебниците што вие ги пишувате или од кои вие предавате.

Една од причините за пропаста на Самуиловата држава беше превртливоста на нејзините елити, кои за титули, инсигнии, стипендии и престиж ја менувале страната. Нешто слично гледаме и денес.

И во такви услови, за жал, секогаш ќе се најде некој кој ќе прифати да напише политички коректна историја во која ќе се наметнуваат претстави скроени по волјата на нашиот јужен сосед. И тие плодови на тој нов калем ќе им се даваат на нашите деца во училиштата и на нашите студенти на факултетите.

Големиот дијагностичар на современото грчко општество Никос Димоу вели дека Грците имаат потреба да се митологизираат себеси а ги демитологизираат другите. Договорот од Преспа има за цел од нас да направи фуснота во нечија туѓа верзија на историјата, и со тоа да го затвори поглавјето за самоопределувањето на Македонскиот народ и неговата суверена и независна Република Македонија.

Искуството покажа дека речиси сите проблеми на Балканот настануваат тогаш кога политичарите се занимаваат со историја, а историчарите со политика. Некој ќе каже, Претседателе, па и овој ваш говор е посветен на историјата. Но, јас не зборувам за историјата. Јас зборувам за принципите и вредностите што се доведени во прашање поради политизацијата на историјата, и за тоа зборувам со неоспорливи историски факти. Моја должност како Претседател на Република Македонија е да ги штитам придобивките за кои се бореле и се избориле нашите предци. А тие придобивки нужно ја вклучуваат и вистината за нашето минато, како основа за нашата сегашност и иднина.

Зборувам не само како Претседател, туку и како ваш универзитетски колега. Да не дозволиме некој да ја исполитизира историската наука. Да не дозволиме некој да создава политички коректна историја. Да не дозволиме некој да ни ја ограничува академската слобода и да не цензурира.

Цензурата е дете на стравот и мајка на незнаењето. Бидејќи стравот од вистината раѓа незнаење. Тоа не е ништо друго освен страв од деконструкција на модерни национални митови создавани на наша сметка.

Пред еден милениум Самуиловата држава се соочувала со слични предизвици како и современата македонска држава – Република Македонија. Тие предизвици се негирање, непризнавање, обиди за блокада, изолација, погрешно именување. Од нас зависи дали ќе ја зачуваме академската слобода, или на идните генерации во наследство ќе им оставиме цензурирана и фалсификувана историја.“



Quote:Дарко Ѓорѓиев
54 mins ·

Како и многумина, во ова време сите читаме сублимирани текстови, извадоци или пак само наслови. Па и дури е тешко да се најде интегриран текст од нечива изјава.
Овојпат направив еден од искључоците, начекувајќи го интегрираниот текст на Иванов во Охрид. Во ова време на манупулации и спинови, ретки се луѓето со овака средена и продлабочена мисла, Иванов се повеќе ме изненадува и ја брише сликата која ја насадија шарените платеници, а за која и сам делумно придонесе.
За овој текст го има појот поклон.
26-10-2018, 12:42 PM
Reply