Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВЛАСТА КЕ ГО АПСИ ЈАНКО БАЧЕВ !?
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,633
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Заев преку заштитен сведок и лажна изјава за 27 април ќе го апси Бачев по референдумот
Sep 26 2018

Прес конференција, Единствена Македонија
Драган Угриновски член на Извршниот комитет на Единствена Македонија
Скопје, среда, 26 септември 2018

Почитувани,
Повод за денешната прес конференција е скандалозниот податок што го добивме за апсење на претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев после референдумот.
Сценариото за апсење на Бачев е во ко-организација на марионетската власт во Скопје и нејзините странски газди кои се познати во јавноста.
Веќе е измислен поводот, основот и технологијата како да се изведе ова монструозна операција за апсење на претседателот Бачев.
Апсењето на Бачев треба да биде за наводна негова инволвираност во настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија.
Во моментот, познато е дека Обвинителството за организиран криминал води постапки против 33 обвинети лица за собраниските настани од 27 април.
Истото ова обвинителство за организиран криминал, внимавајте добро, веќе извршило разговор со таканаречен заштитен сведок насловен како Ц1, а овој заштитен сведок, внимавајте добро, изјавил на записник во обвинителството дека претседателот Бачев бил вклучен во настаните од 27 април на начин што ги префрлувал уставобранителите кои сега се обвинети, на сигурно во Јужна Србија.
Една монструозна и нездрава конструкција, со цел, преку заштитен сведок да се измисли лажна инволвираност на претседателот Бачев.
Единствена Македонија дојде до Записникот за испитување на заштитниот сведок Ц1 од страна на Обвинителството за организиран криминал. Ова е тој записник.





Почитувани присутни,
Совршено ни се познати причините зошто ова го прави марионетската власт.
Ја повикуваме марионетската власт во Скопје да не си игра со огин, оти може да се изгори.
Можат да не следат, прислушкуваат, да ни се закануваат со апсења, но, нема да не дозволиме да ни го скршат духот оти ќе победиме во оваа битка референдумот да не успее.
Единствена Македонија како дел од Кризниот штаб против референдумот „Македонија-бојкотира„  кој веќе 20 дена води кампања на терен со македонскиот народ, ќе ја добие оваа битка заедно со народот оти ова е битка за опстанок на цел еден народ.
Истовремено, процесот кој од поодамна го започна Единствена Македонија за паѓање на оваа ненародна власт, веќе е тргнат, храбро, решително, во интерес на народот и ништо повеќе не може да го сопре.
Доаѓа новата легална власт на Единствена Македонија и никакви закани и апсења нема да не уплашат оти нашата борба е исправна.
Борба, во која сите ние сме спремни да живееме, работиме и ако треба да умреме за Македонија.
Ви благодарам,
Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 26 септември 2018
27-09-2018, 01:13 AM
Reply