Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОНЕЧНО ОТКРИВ ШТО ЗНАЧИ „М“ НА КРАЈОТ НА АЛСАТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,633
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Руски службеници низ Македонија агитираат за бојкот на референдумот?

[Image: original_9c1db2e60a49f12c4af1b0af953816e5.jpg]

14 септември 2018 / 18:54
Високи руски службенци се дојдени во Македонија непосредно пред референдумот. Алсат М од извори во безбедносните органи дознава дека неколку функционери од Русија веќе неколку дена се движат низ земјава. Иако нивните активности официјално не се познати, неофицијално се дознава дека нивната дејност може да биде ангажман против референдумот. Доверливи извори соопштуваат дека лицата им се познати за органите, но не споделуваат детали за тоа која е конкретно нивната активност: Средби со граѓани, со политички претставници, пропаганда или ширење дезинформации.
Ставот на Руската федерација во однос на референдумот за името се заостри пред неколку дена, кога дипломатското претставништво на социјалните мрежи ги критикуваше посетите на меѓународните претставници во Македонија и нивните повици за да се излезе на гласање. Домашните институции не ги коментираа овие ставови на Москва.
Молчи и Одделот за анализа и истражување при Управата за безбедност и контраразузнавање. Од МВР односно УБК не споделуваат детали околу анализите за руското влијание, можното интензивирање на руските активности и заканувачките индикации кон референдумот. Секторот за внатрешни работи кратко соопшти дека сè е под контрола.

МВР:
Quote:
Во рамките на законските надлежности, Министерството за внатрешни работи ги презема потребните мерки со цел референдумскиот процес да помине што подобро.“

Информациите ги демантираа и од дипломатското претставништво на Руската федерација во Македонија.

Амбасада на Русија во Скопје:
Quote:
Ги отфрламе сите шпекулации за намерно мешање на Русија во внатрешните работи на Македонија или било каква скриена политичка агенда. Амбасадата строго работи согласно Виенската конвенција за дипломатски односи и меѓународна пракса за меѓудржавни комуникации и главниот интерес на Руската федерација во Македонија е зачувувањето на суверенитетот, безбедноста и територијалниот интегритет. Немаме информации за вакви лица. Сакаме да потенцираме дека во Македонија ниедна партија, општествено-политичка организација, па ниту одредени лица немаат право да се повикуваат на името на Русија.“

Податоците што ги обезбедивме говорат за рекорден број на влегувања на руски и украински државјани во Македонија во текот на месец јули. Околу 5.400 Руси и 6.000 Украинци се влезени во Македонија без временска одредница. Иако поголемиот број од нив се претставиле како туристи, голем процент говори за лица кои се дојдени за политички, културни, верски активности, за учество на конгреси, обуки или семинари, како и за трговија и соработки од разни области. Во извештајот кој го обезбеди Алсат-М, Одделот за анализи и истражување при УБК дава вознемирувачки податоци. Во него се вели дека главно по 2016 година, организирани групи воглавно поранешни агенти на руската КГБ, извршувале политички и верски активности во Македонија, а не се запоставувала ниту пропагандата.
Оддел за анализи и истражување во УБК:
Quote:
Имајќи ја во предвид стратегијата на Русија за Балканот за воена неутралност над сите православни земји, посебен интерес изразиле државните политики во насока на зачленување во НАТО. Со цел придобивање на ‘симпатии’ кај македонската јавност, руските дипломати водат политика на ‘словенски корени’ каде без прекин се потенцираат традиционалните, историските и верските врски, како и заедничката култура на македонскиот и рускиот народ.“

Во извештајот се констатира функционирањето на руската агенција ФССБ во Македонија и неколку нејзини активности во Битола, Дебар и Скопје. ФССБ, според извештајот, има соработка и со нејзините сестрински организации во регионот, како Србија, Босна и Црна Гора. Загриженост поради руското влијание во Македонија изрази и американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис кој пред неколку дена по ставот на Руската амбасада, во интервју за меѓународни медиуми, истакна дека е загрижен поради можното влијание на Русија во референдумскиот процес и за време на процесот на гласање.
Адриан Керими



Вакава вест можат да смислат само оние кои се ментални комунисти МАОВИСТИ а такви кај Албанците имаше многу, посебно по прекинот на Албаско Руското пријателство!! Па ако се поведам по правилото које оди некако вака :  менталниот склоп на луѓето зависи во каков ситем е граден, тогаш за поголем дл од Албанците можам со сигурност да кажам дека се тврдокорни комунисти , разликата е само дали се Сталинисти, Ленинисти Марксисти или  Маовисти ама  едно е сигоруно сите се тврдокорни комунисти!!
За да бидам убаво разбран , како може луѓе кои не го говорат Македонскиот јазик, луѓе кои можеби непознават никого во Македонија, да агитираат, да убедуваат луѓе како да гласаат. Маовисти и останати комунисти ПОДРЖУВАЧИ на Заев ЛАЖОВОТ, смислете некоја поубедлива лага!!
(This post was last modified: 18-09-2018, 07:37 PM by ЈорданПетровски.)
18-09-2018, 07:34 PM
Reply