Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ОТА Е ДОКАЗ ДЕКА УДБА Е НАША СУДБА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,410
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1






Quote:Екс разузнавачот Зоран Ангеловски директор на ОТА

Екс разузнавачот Зоран Ангеловски е избран за директор на Оперативно техничката агенција која во иднина ќе го врши прислушувањето. Денеска неговиот избор беше едногласно усвоен на собраниската Комисија за избори и именување, по што следува гласање на пленарна седница во Собранието. Ангеловски е од Скопје, а дипломирал на Факултетот за безбедност и самозаштита. Тој порано бил вработен во Агенцијата за разузнавање, а потоа во Телеком. ОТА треба да почне со работа во ноември годинава. Додека власта убедува дека со отпочнувањето на работата на оваа техничка агенција нема да постои незаконско прислушување, експертската јавност критикува дека постојат основи и во иднина да се злоупотребува законот за следење комуникации.
К.Г.



Дали прифаќање на вакви предлози од страна на ВМРО ДПМНЕ не е јасен сигнал дека никогаш па ни тогаш нема да дојде до реформа на УБК!
(This post was last modified: 28-01-2019, 06:42 PM by ЈорданПетровски.)
05-09-2018, 02:44 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,410
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Вилијам Колби, поранешен шеф на ЦИА, на советување во Софија со представници на новите посткомунистички власти во бившите комунистички држави презентирал материјал на ЦИА за тоа кој е патот за да успее демократизирањето на државите од бившите комунистички држави.

Колби навел дека за да успее демократизацијата на комунистичките држави основен услов е во корен да се сосечат тајните полции во тие држави -ШТАЗИ, СДБ, СЕКЈУРИТАТЕА ... а тоа е единствено можно само ако припадниците на тие служби им се оневозможи полтичко или било какво друго влијание во општеството. Бидејки тие луѓе се најголемата реална опсност за реинтеграција на тие држави односно за реставрација на старите односи. 

Р. Македонија до ден денеска не се не обиде да ја спроведе овааа препорака во дело. сите луѓе од врвот на УДБА заедничко име  за СДБ, УБК, КОС од „осамостојувањето“ па до денскеа се во врвот на власта. Дел од нив се и во образовниот сиситем, медиумите ...
Новит предлог за директор е повторно човек кој според Колби не би требело во никој случај да се осмели да конкурира  а не пак да биде избран на функцијата директоре на ОТА!!


За да си ја расчистам дилемата пред себе дали со смената на Груевски  со Мицковски ке се промени и ставот на ДПМНЕ по прашање на спроведување во дело на препораката на Колби пред неколку месеци , поточно на 15 јуни преку Фан Страната на Партијата испратив „писмо“ кое беше обид да  добијам одгвор од председателот на ВМРО ДПМНЕ , Христијан Мицковски!!




[Image: 15_06.png]

Бидејки одговор немаше искористив еден статус на госпоѓата Каракамишева која е член на Венецијанската комисија а и советник на председателот Мицковски





[Image: 28_08_1.png]



Да се обидам преку госпоѓата Каракамишева да го актуелизирам моето прашање до господинот Мицковски


[Image: 28_08.png]

Но директен одговор до денеска не добив ниту од господинот мицковски, ниту од госпоѓата Каракамишева.
Нивното игнорирањ на моите „писма“ не било случаајно.  Одговорот стаса вчера но во друга форма, едногласно прифатениот предлог  бивш човек на СДБ, УБК односно УДБа да стане директотр на ОТА, форма која говори дека ниту ДПМНЕ не размислува за суштински реформи во Тајанта Идеолошка Полиција. суштиски реформи според препораките на ЦИА!!
05-09-2018, 01:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,410
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Цаца Николовска предложена за претседателка на Советот за граѓански надзор на ОТА


[Image: caca-fin.jpg]

28.01.2019
Собранието на Република Македонија во рамки на 81.седница пратениците ја почнаа расправата по Предлог-одлуката за избор на претседател и членови на Советот за граѓански надзор на ОТА. За претседател на Советот се предлага Маргарита Цаца-Николовска, а за членови Ице Илијевски, Гордан Калајџиев и Филип Стојановски.
Исто така, на денешната седница пратениците ги усвоија Предлог одлуката за начинот на вршење на интервју, оценување и рангирање на кандидатите за претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата поднесена од група пратеници и Предлог кодексот за изменување и дополнување на кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието, поднесен од претседателот на Собрание и група претници.
Претходно, Собранието при утврдување на дневниот ред донесе одлука Предлог-законот за дополнување на Законот за пратеници по скратена постапка да биде ставен на дневен ред, Предлог-законот за социјална заштита во прво читање да биде симнат од дневниот ред, а Предлог-законот за измени и дополнување на Законот поштенски услуги да биде ставен на дневниот ред и да биде донесен по скратена постапка…
Седницата ќе продолжи седницата во 15 часот по редовната пауза.
28-01-2019, 06:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,410
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4







Неделава Собранието на Република С****** Македонија го усвои предлогот за назначување на Граѓански совет за надзор на Оперативно техничката агенција (или по старото име Петта управа при СДБ). Советот, кој не го предложил, ниту избрал никој граѓанин, ќе биде сочинет од судијката Маргарита Цаца-Николовска, „невладинците“ Гордан Калајџиев и Филип Стојановски и професорот на факултетот за безбедност Ице Илијевски. Простото прашање е каков надзор ќе врши оваа екипа која речиси дваесет години по отварањето на досиеата на УБК/ДБК сѐ уште нема проговорено за масовните систематски злоупотреби на службите на државната безбедност од страна на тогашната власт? И каков надзор ќе може да се очекува од екипа чии што членови по секоја цена се бореа да спречат лустрација, па дури и се залагаат за правата на „оштетените“ лустрирани.
18-02-2019, 09:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,410
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5



18-02-2019, 09:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,410
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:УБК ќе излезе од МВР и ќе биде АНБ









20.01.2019
Контраразузнавањето ќе се разведе од МВР, а тајната служба задолжена за тоа, УБК ќе го смени името и ќе се вика Агенција за национално разузнавање. Со измените на законодавството, поголема улога добива и претседателот на владата. Тој според предлогот ќе го предлага директорот на новата УБК, а исто така ќе ја води и координацијата на националната разузнавачка заедница, во која ќе разменуваат информации сите три тајни служби, новата агенција, агенцијата за разузнавање и военото разузнавање. Од владата сметаат дека реформите се по европски терк и ќе спречат злоупотреби на службата која секогаш беше посочувана како креатор на македонските политички кризи.
Агентите на тајната служба ќе останат и без полициски овластувања бидејќи досега и тие можеа да истражуваат случаи, да легитимираат граѓани, да употребуваат пендреци. Најголем дел од познатите истраги изведени помеѓу 2010-та и 2015-тата всушност ги водеа припадници на УБК, а не на јавната полиција, но сега веќе ќе ја немаат таа можност. Од друга страна раководењето со контраразузнавањето, но и со целото разузнавање полека од Водно се сели на Илинденска преку новото тело за координација кое ќе го води премиерот.
Во Македонија постојат три тајни служби, УБК која во иднина ќе се прекрсти и ќе биде под владата, военото разузнавање кое е под одбрана и Агенцијата за разузнавање која е по претседателски ингеренции. А токму за тоа, министерството за правда отвори постапка за менување и на законот за агенција за разузнавање, наредните 9 месеци ќе се бара решение за надлежноста, раководењето и управувањето со таа агенција, без објаснување дали ќе се одземат ингернециите на претседателот на тоа поле.
Миомир Серафиновиќ



Quote:Македонија: Агенцијата за национална безбедност ќе ја замени УБК


[Image: uprava-za-besbednost-i-kontrarazuznavanje-300x237.png]
Се формира нова Агенција за национална безбедност, која ќе биде надвор од состав на МВР, а УБК веќе нема да постои. Вработените во оваа служба само ќе прибираат информации, но нема да имаат полициски овластувања. УБК излегува од составот на Министерството за внатрешни работи и како дел од реформите на безбедносно-разузнавачкиот систем ќе се формира Агенција за национална безбедност. Владата вчера го утврди текстот на предлог-законот за Агенцијата за национална безбедност, чија цел е надминување на недостатоците утврдени во извештаите од Европската комисија, која долго време бара реформа на безбедносните служби во земјава.
Професор Владимир Пивоваров, кој е и Национален координатор за гранично управување, вели дека со ваквите реформи Македонија ги следи европските, па и регионалните практики. Безбедносните служби треба да прибираат информации, да ги анализираат и да ги проследат до највисоките државни органи, а полициската работа, односно кривичното гонење ќе го прави Бирото за јавна безбедност, вели тој.
„Овластувањата коишто претходно ги имаа ваквите служби кои беа во состав на МВР, а впрочем ги имаа истите овластувања како Министерството, во нашава ситуација тие поминуваат во надлежност на Бирото за јавна безбедност. Значи БЈБ е институција која ќе поднесува кривични пријави. Нормално доколку ваквата Агенција има сознанија, ги доставува до нив за тие да ја ефектуираат до Обвинителството и натаму нормално да си трае кривично-процесната постапка како што предвидува законот. Ова се препораките и на Прибе, ова се забелешките и на Европската комисија“, вели Пивоваров.
Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска изјави дека владата разгледуваше три модели за реформа на УБК – останување на постојниот модел, одвојување на УБК од МВР и спојување на УБК и Агенцијата за разузнавање, но на крај го избра овој модел на издвојување од МВР.
„Ова е моделот којшто овозможува целосна деконцентрација на моќта во разузнавачките служби во земјава и истовремено оневозможува каква било нивна злоупотреба во иднина. Дополнително, со овој предлог-закон, луѓето коишто ќе бидат професионалци, коишто ќе работат во истата, нема да имаат полициски овластувања, односно тие само оперативно ќе собираат информации и понатаму ќе ги доставуваат до другите служби со кои ќе соработуваат“, вели Бошњаковски.
Тој посочува дека според предлогот, директорот на Агенцијата ќе го бира Владата на предлог на премиерот, а заменикот ќе го бира владата на предлог на избраниот директор. Пивоваров, пак, посочува дека лично поддржува спојување на УБК, Военото разузнавање и Агенцијата за разузнавање во едно тело, но оти ние сме мала држава и тоа носи ризик од концентрација на моќта. За да дојде до тоа прво треба да се демократизираме, да ја ограничиме можноста за злоупотреби и за политичко влијание врз ваквите служби, вели тој.
„Премостувањето на овој проблем е со формирањето на Координативното тело кое ќе ги координира разузнавачките служби, така што мислам дека тој моментум на можен судир на информации, тие ќе го решаваат така што секогаш ќе се има вистинската информација во право време“, вели Пивоваров.
Инаку, владата вчера го утврди и новиот текст на Предлог-законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во земјава, со кој се предвидува формирање посебно тело за координација на овие служби.
Претходно, како дел од реформите во безбедносните служби, владата во ноември минатата година ѝ го одзеде прислушувањето на УБК и за таа цел формираше нова Оперативно-техничка агенција (ОТА), која е задолжена за следењето на комуникациите. Оваа Агенција, кога ќе добие судска наредба, ќе може да ги вклучи системите за прислушување, но нема да може да ги користи прислушуваните материјали, кои ќе ги добива само тој што го обезбедил налогот.
Претседателот Ѓорге Иванов при крајот на минатата година повторно ја обвини УБК дека е главното жариште на политичките и безбедносните кризи во Македонија. УБК во изминатите години се најде во центарот на скандалот со нелегалното прислушување на илјадници луѓе во земјава.




Министерот на полиција има дискреционо право да вработува во ОТА и да не соопшти кој е вработен. Заев ке е надлежен за СЛУЖБИТЕ , Сталин и Тито можат да му позавидат на Заев!
21-02-2019, 01:42 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,410
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7



06-03-2019, 01:58 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,410
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Премиерот ќе има преголема моќ со новата тајна служба, реагираат експертите


[Image: koncentracija-na-mokj-.jpg]

18/03/2019 
Преголема акумулација и концентрација на моќ во рацете на премиерот, кој ќе претседава со Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, а ќе го предлага и директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), отсутноста на Претседателот на државата и на Собранието и на директорот на Бирото за јавна безбеднсот како членови во Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, внатрешната контрола и дилемата за потребата за прислушување во одредени случаи од страна на АНБ, се главните забелешки изнесени на денешната јавна расправа по Предлог-законот за АНБ и Предлог-законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во државата.
Во образложението на двата предлог-закони министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски реформата на безбендосно – разузнавачките служби е важна над се за восопоставување сигурен систме за заштита и почитување на човековите права, гарантирање на безбедноста и сигурноста на граѓаните и на државата. Идејата на реформата, потенцира тој, е законски да се регулираат методите што се користат во современите европски земји, со цел да постои транспарентност, надзор и контрола на нивната примена, како сериозни недостатоци кои, рече, ги имавме во функционирањето на безбедносните служби.
– Клучна цел е поставување основи за модерна, професионална и развиена служба. Вработените не смеат да бидат членови на политичка партија. Токму затоа битен сегмент е селекцијата на вработнеите кои ќе сакаат да работата во новата АНБ – рече Спасовски. Додаде оти не сите сега вработени во УБК, по сила на закон ќе преминат во новата АНБ. Според него, нема да бидат вработени мал број на луѓе кои не се однесувале професионално и ја злоупотребувале службата, а тоа се правело од паритски, лични, или од бизнис интереси во изминатиот период.
Според Фросина Ташевска Ременски во реформите на безбедносно-разузнавачката заедница во делот на селекцијата при вработувањата законитоста треба да биде на прво место, да се отстранат, сите можности за злоупотреба и субјективност. Укажа меѓу другото дека клучни се контролата и надзорот над работата на АНБ, кои во предлог-законот, подвлече, не се соодветно регулирани, а не се доуредени и одредбите за внатрешната контрола, финансирањето на Агенцијата, но и полиграфското тестирање  за вработените.
Се прави промена на вредностите, истакна професорот од Факултетот за безбедност Злате Димовски, кој говорејќи за предлог-законите, како недостаток посочи и тоа дека досега во теоријата нема постигнато консензус за прифатлива дефиниција што е национална безбедност. Во однос на Предлог-законот за АНБ посочи дека основна алатка за работа во агенцијата се тајната соработка и во таа насока побара соработниците и податоците што ги доставуваат да се забрани да се злоупотребуваат, затоа што, потсети тоа е веќе лустрација, а сето тоа и штети на соработничката мрежа која и е потрбна на Агенцијата.
И неговиот колега професорот Марјан Николовски укажа дека по примерот на отворањето на досиејата во минатото ќе се уништи соработничката мрежа, што треба законски да се регулира за да стане функционална. Потенцира дека многу е важна департизацијата и професионалноста, но од особена важност е и континуираната обука што по примерот на МОСАД – Израел и британската МИ6, треба да се одива во формирање центар за обука.
Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност побара да се повлечат или да се направат сериозни измени на двата предлог-закона и да се донесе закон за интегрална безбедност. Тој смета дека директорот на АНБ треба да го избира Собранието, а со Советот за Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница постои опасност, рече, да му се одземат дел од надлежностите на Претседателот на државата во однос на безбедносниот систем. Меѓу другото ја отвори дилемата зошто е потребно АНБ во одредеи случаи да има можност за прислушување , кога за таа цел веќе работи ОТА.
Деканот на Правниот факултет на Универзитеот во Тетово Кебир Абзиу го отвори прашањето за внатрешната контрола во АНБ. Логично е, според него, раководителот на внатрешната контрола во АБН, да не биде одговорен пред директорот на Агенцијата.
За Оливер Андонов професор на Воената академија двата предлог-закона покажуваат ретроградност. Предлага директорот на АБН и двајца негови заменици да бидат предложени надвор од Службите за безбедност, а еден од замениците да  раководи со внатрешната контрола.
Ване Цветанов, претседател на Здружението „Зелена лупа“ побара 10 години наназад да се испитаат политички монтирани процеси и вмешаноста на инспектори, кои ги надминале нивните надлежности.
18-03-2019, 05:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,410
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Реформи во безбедносните служби

Со или без решение за пензионирање, Сиљан Аврамовски е меѓу кандидатите за прв човек на новата Агенцијата за национална безбедност
Уште неформирана, власта за прв човек на новата агенција за национална безбедност го токми Сиљан Аврамовски, пензиониран истакнат разузнавач по македонските служби. Аврамовски, иако еден од условите за пензионирање на вработените во полицијата (40 години стаж) го исполнил уште пред 5 години, повторно е кандидат за една новоформирана државна институција како дел од реформите во безбедно-разузнавачките служби.

[Image: mkd-285576.jpg?itok=1l_B0Wa-]

19.04.2019
Лани во април поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), министер за внатрешни работи, заменик-директор во УБК, одговорен за соработка со тајните служби на пријателски земји во времето на Сашо Мијалков, Сиљан Аврамовски беше најсериозниот кандидат на Владата за прв директор на новата Оперативно техничката агенција (ОТА).
Деновиве, пред усвојувањето на законот за основање на новата агенција за национална безбедност, името на Аврамовски повторно е меѓу насериозните кандидати за оваа нова институција.  
Но, останува нејасно како Аврамовски останува и натаму активен во службите на Министерството за внатрешни работи, иако уште во 2014 година ги исполнил условите за пензионирање. Тогашната министерка за внатрешни работи потпишала две решенија за Сиљан Аврамовски – едно за пензионирање и уште едно за поништување на решението за пензионирање и продолжување на договорот за работа со МВР. Но, правните служби во МВР тогаш укажале дека второто решение на тогашната министерка било „неосновано, противправно и недозволено“.  
Формирањето на агенцијата за национална безбедност е еден од условите што Македонија треба да ги исполни пред почнување на пристапните преговори за членство во ЕУ. Оваа агенција ќе функционира како посебно и независно тело, надвор од МВР, но под ингеренции на Владата. Агенцијата за национална безбедност треба да ја замени сегашната УБК. За усвојување на законските решенија за агенцијата за национална безбедност неопходно ќе биде 2/3 мнозинство во Собранието. Според најавите оваа агенција ќе стартува со работа од 1 јуни.
Според биографијата на Сиљан Аврамовски, се работи за професионалец во службата, кој од дипломирањето на Факултетот за безбедност во Скопје целата своја кариера ја поминал во МВР, односно во УБК. Важи за експрет за антитероризам.
За него на Википедија пишува дека е близок до СДСМ.
Аврамовски во МВР работи од 1983 година, веднаш по дипломирањето на Факултетот за безбедност во Скопје. Бил инспектор во Карпош, главен инспектор во Втората управа за спротивставување на меѓународен и внатрешен тероризам во Службата за државна безбедност (СДБ), началник на Управата за контраразузнавање во ДБК, помошник-директор за оперативни работи на Управа за безбедност и контраразузнавање.
Од февруари 2003 до јуни 2004 година Аврамовски е директор на Управата за безабедност и контраразузнавање, а потоа (2 јуни 2004 – 17 декември 2004) и министер за внатрешни работи.
Од 2006 година до денес, и за време на владеењето на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, останува на висока позиција во УБК. Функцијата заменик-директор во УБК ја извршуваше и за време на директорувањето на Сашо Мијалков со службата.
Апсењето од страна на македонската полиција на германскиот државјанин со либанско потекло Калид ел Масри беше извршено (31 декември 2004 година) додека Аврамовски беше привремен директор на УБК. Ова апсење беше извршено по директна наредба на ЦИА, за што Македонија потоа, со пресуда на меѓународните судови, плати големо обештетување.
A.Д
20-04-2019, 03:02 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,410
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Еролд Муслиу – нов директор на Агенцијата за разузнавање



Во биографијата на новоназначениот директор на АР стои:

[Image: erold.musliu.jpg]
Еролд Муслиу е роден 1969 година во Кичево. Дипломирал криминалистика на Факултетот за безбедност во Скопје.
Од 1993-1998 година работи во МВР, во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање (денешна УБК) каде бил ангажиран на теренски активности од областа на контраразузнавањето како самостоен инспектор.
Со отпочнување со работа на Агенцијата за разунавање во 1998 година, Муслиу преминува во Агенцијата и работи на теренски активности од областа на разузнавање на меѓународниот тероризам како виш и главен инспектор.
Од 2000 до 2007 година, Муслиу работи во рамки на Дирекцијата за оперативни работи на АР, ангажиран на теренски активности како помошник на директорот на Дирекцијата.
Од 2007 до 2012 во рамки на АР, Муслиу раководи со Дирекцијата за разузнавање на меѓународниот тероризам и организиран криминал.
Во 2012 година е прераспореден на позицијата советник на директорот на АР за меѓународна оперативна соработка.
Од 2015 до денес, Муслиу работи како помошник на директорот на АР задолжен за координација на оперативните работи на Агенцијата.
За време на неговата работа во Агенцијата, Муслиу раководел со меѓународната оперативна соработка со партнерски служби во рамки на која активно учествувал и раководел со разузнавачки операции од регионален и меѓународен карактер.
11-06-2019, 11:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,410
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Виктор Димовски е нов директор на Агенцијата за национална безбедност

11/06/2019

[Image: viktor-dimovski.jpg]


Поранешниот прв разузнавач, Виктор Димовски е назначен за директор на Агенцијата за национална безбедност.
Димовски е доктор на политички науки и дипломат од кариера со повеќе од 20 години дипломатско искуство. Во изминатиот период бил амбасадор во Србија и Црна Гора, како и во Израел. Во периодот од 2007 до 2009 година Димовски беше директор на Агенцијата за разузнавање, со одлука на тогашниот претседател, Бранко Црвенковски.
11-06-2019, 11:55 PM
Reply