Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗА ЗЛОСТОРИТЕ НА УЧК ВРЗ МАКЕДНЦИ ВО ВОЈНАТА 2001 ВЛАСТА ЗАБРАНУВА ДА СЕ ГОВОРИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:УЧК со закани за режисерот на “Ругање на Христа”


September 4, 2018
[Image: Screenshot_20180904-031137_Facebook.jpg?...=696%2C468]
Режисерот на филмот Ругање на Христа Јани Бојаџи објави дека добил закани од страна на УЧК за своето авторско дело.
Во обраќање до јавноста Бојаџи вели дека соопштението на Министерството за култура е вовед во фашизам и цензура.
“Министерството за култура со ова соопштение повикува на насилство и терор врз мене како уметник и насилство и терор врз филмот ,,Ругање со христос,, како уметност!
Ова ,,комунике,, напишано во Недела на 2 ри Септември е вовед во фашизам во Македонија. Министерството за култура ме обвинува замислете за ,,идеолошка малверзација,,!
Со такви обвинувања за ,,идеолошка застранетост,, во 1936 година Хитлер го започнал прогонот врз модерната уметност во Германија, Сталин големите чистики, а во 1949 година со таа реченица луѓе биле праќани на Голи Оток!
Ова е Макартизам од најдолен вид! Македонското министерството за култура без око да му трепне јавно објавува дека ќе ,,воведе контрола врз цитирам: темите, идеите и пораките што ги испраќаат овие филмови,,! Ова е директно и недвосмислено ограничување на правото на слободен говор и тоа за уметничко дело кое дури и не е покажано јавно во целост.
Залудно ќе редам фрази затоа што знам дека немате ни срам ни перде, ниту сте пораснати во умот и снагата за да се носите со ситуацијата во која што сте. Не ви е гајле. Ви ја разбирам силата.
Зад министерот и неговиот став очигледно е дека стои неговата партија, премиерот, владата и ,,меѓународната заедница,, кои прават се во мојата земја да завладеат европски вредности и стандради! Среќна европска слобода на уметноста!
Патем, тврдам дека во филмот не се навредени никакви чувства на никој народ затоа што на филм карактерите не се колективни-народи, туку индивидуалци со нивните ставови и постапки!
Ја повикувам и подржувам Агенцијата за филм како независно тело да застане во одбрана на својата независност од политика и да се стави во заштита на филмот, филмаџиите и нивната творечка слобода!
Барам медиумите да застанат во одбрана на нашиот филм ,,Ругањето со Христос,, и правото на слободно изразување на идеи, мисли и ставови.
Ова работа така започна и кај ,,илјадагодишниот рајх,,: прво со уметниците на крајот со Евреите!
И, немојте да пишувате во инбокс закани, па после да ги бришете! Не ви се плашам воопшто! Прашајте се што ве интересира, ќе ви одговрам.
На крајот, цивилизирано е да купите билет, да отидете во кино и да не се согласувате со ништо со тоа што ќе го видите на платното. И се разбира доколку мислите така, јавно да дебатирате за се, без да ми се заканувате со разни УЧК искуства и принципи!
Среќна слобода! Ви посакувам да владеете толку долго колку што ќе биде доволно еден цел живот да се срамите од ова!”, напиша режисерот Бојаџи за заканите добиени за својот филм кој беше прикажан на фестивалот во Монтреал.
05-09-2018, 02:11 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Заев со критики за филмот „Ругање со Христа“


[Image: Zoran-Zaev_123.jpg]




4 септември 2018
Неколку дена по скандалот со филмот “Ругање со Христа”, финансиран од Агенцијата за филм, премиерот Зоран Заев излезе со тешки обвинувања, велејќи дека буџетските пари се трошени за политички цели од оваа Агенција, која беше инструмент на минатата власт за поттикнување меѓуетничка омраза. Тој рече дека Агенцијата и управниот одбор се политизирани, но гарантираше дека овие активности ќе завршат, давајќи им конкретна задача на Министерството за култура и на новата раководна структура во агенцијата да ги запрат таквите активности.
Бехиџудин Шехапи кој во тоа време беше државен секретар во Министерството за култура вели дека не бил информиран за оваа злоупотреба, тврдејќи дека филмот тајно прошол низ филтрите за селектирање. На својот фејсбук профил тој објави статус во кој пишува:
“Лично, прв пат слушам за овој филм, каде што се навредуваат Албанците и вредностите на ОНА. Но, се знае како функционираше тој систем, Тоа беше време кога многу проекти беа криени од Албанците, особено кога ги работеа независни субјекти како што е Агенцијата за филм. Таму немавме пристап и не знаевме како таа функционира. Јас, лично, го осудувам овој филмски проект и итно барам оние што го произведоа и дозволија овој проект да сносат одговорност. Што се однесува до филмот, тој не смее јавно да се емитува“, рече Шехапи.
Првично, филмот не беше поддржан од рецензентите, но останува нејасен начинот како го поминал филтерот за да се реализира. Навредите во филмот, исто така, ги осуди актерот и продуценто Рефет Абази, кој вели дека и актерите, треба да бидат одговорни, особено за таков финансиран проект од државниот буџет.
Филмот “Ругање со Христа” беше пречекан со силни реакции во јавноста, а министерот за култура, Асаф Адеми, го ангажираше инспекторат за култура да ја разгледа работата на агенцијата и начинот на кој бил одобрен филмот. Од државата за филмот се исплатени околу 300.000 евра.
Вјолца Алити


алсатм



Вредностите на ОНА според Шехапи се  врзанит за столб ЦИВИЛИ  Македонци , познат како случај БРИОНИ!
Вредностите на ОНА споредШехапи  се „кинадпираните“  цивили , подлост од сите Македонски власти и после 17 години тие убиени луѓе да се нарекуваат киндапирани!
Вредностите на ОНа според Шехапи се и изживувањата врз работниците, ЦИВИЛИ на Маврово.
(This post was last modified: 05-09-2018, 03:30 AM by ЈорданПетровски.)
05-09-2018, 02:19 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Бојаџи: Министерството за култура повикува на насилство и терор врз мене и врз филмот


[Image: -e1536048857504.jpg]

Режисерот на филмот „Ругање на Христа“ Јани Бојаџи објави дека добил закани од страна на УЧК за своето авторско дело.
Во обраќање до јавноста Бојаџи вели дека соопштението на Министерството за култура е вовед во фашизам и цензура.
Соопштението на Бојаџи го објавуваме во целост:

Quote:„Министерството за култура со ова соопштение повикува на насилство и терор врз мене како уметник и насилство и терор врз филмот ,,Ругање со Христос“ како уметност!
Ова „комунике“ напишано во Недела на 2 ри Септември е вовед во фашизам во Македонија. Министерството за култура ме обвинува замислете за „идеолошка малверзација“!
Со такви обвинувања за ,,идеолошка застранетост,, во 1936 година Хитлер го започнал прогонот врз модерната уметност во Германија, Сталин големите чистики, а во 1949 година со таа реченица луѓе биле праќани на Голи Оток!
Ова е Макартизам од најдолен вид! Македонското министерството за култура без око да му трепне јавно објавува дека ќе ,,воведе контрола врз цитирам: темите, идеите и пораките што ги испраќаат овие филмови,,! Ова е директно и недвосмислено ограничување на правото на слободен говор и тоа за уметничко дело кое дури и не е покажано јавно во целост.
Залудно ќе редам фрази затоа што знам дека немате ни срам ни перде, ниту сте пораснати во умот и снагата за да се носите со ситуацијата во која што сте. Не ви е гајле. Ви ја разбирам силата.
Зад министерот и неговиот став очигледно е дека стои неговата партија, премиерот, владата и ,,меѓународната заедница,, кои прават се во мојата земја да завладеат европски вредности и стандради! Среќна европска слобода на уметноста!
Патем, тврдам дека во филмот не се навредени никакви чувства на никој народ затоа што на филм карактерите не се колективни-народи, туку индивидуалци со нивните ставови и постапки!
Ја повикувам и подржувам Агенцијата за филм како независно тело да застане во одбрана на својата независност од политика и да се стави во заштита на филмот, филмаџиите и нивната творечка слобода!
Барам медиумите да застанат во одбрана на нашиот филм ,,Ругањето со Христос,, и правото на слободно изразување на идеи, мисли и ставови.
Ова работа така започна и кај ,,илјадагодишниот рајх,,: прво со уметниците на крајот со Евреите!
И, немојте да пишувате во инбокс закани, па после да ги бришете! Не ви се плашам воопшто! Прашајте се што ве интересира, ќе ви одговрам.
На крајот, цивилизирано е да купите билет, да отидете во кино и да не се согласувате со ништо со тоа што ќе го видите на платното. И се разбира доколку мислите така, јавно да дебатирате за се, без да ми се заканувате со разни УЧК искуства и принципи!
Среќна слобода! Ви посакувам да владеете толку долго колку што ќе биде доволно еден цел живот да се срамите од ова!”, – напиша режисерот Бојаџи за заканите добиени за својот филм кој беше прикажан на фестивалот во Монтреал.
05-09-2018, 02:21 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4



06-09-2018, 01:52 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

[Image: 41092124_10157667756753222_8336639110466...e=5C215DB3]


Quote:Marjan Dzin


Пред да го направам плакатот, два пати го гледав филмот Ругањето Христово. Во ниту еден момент не ни помислив дека сцените во бачилото ќе предизвикаат такви жестоки реакции... Цензурата за уметноста нема место во земја со европски аспирации! — with Jani Bojadzi.
06-09-2018, 11:47 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Jani Bojadzi
3 September at 07:31 ·

Министерството за култура со ова соопштение повикува на насилство и терор врз мене како уметник и насилство
и терор врз филмот ,,Ругање со христос,, како уметност! Ова ,,комунике,, напишано во Недела на 2 ри Септември е вовед во фашизам во Македонија. Министерството за култура ме обвинува замислете за ,,идеолошка малверзација,,! Со такви обвинувања за ,,идеолошка застранетост,, во 1936 година Хитлер го започнал прогонот врз модерната уметност во Германија, Сталин големите чистики, а во 1949 година со таа реченица луѓе биле праќани на Голи Оток! Ова е Макартизам од најдолен вид! Македонското министерството за култура без око да му трепне јавно објавува дека ќе ,,воведе контрола врз цитирам: темите, идеите и пораките што ги испраќаат овие филмови,,! Ова е директно и недвосмислено ограничување на правото на слободен говор и тоа за уметничко дело кое дури и не е покажано јавно во целост.
Залудно ќе редам фрази затоа што знам дека немате ни срам ни перде, ниту сте пораснати во умот и снагата за да се носите со ситуацијата во која што сте. Не ви е гајле. Ви ја разбирам силата. Зад министерот и неговиот став очигледно е дека стои неговата партија, премиерот, владата и ,,меѓународната заедница,, кои прават се во мојата земја да завладеат европски вредности и стандради! Среќна европска слобода на уметноста!
Патем, тврдам дека во филмот не се навредени никакви чувства на никој народ затоа што на филм карактерите не се колективни-народи, туку индивидуалци со нивните ставови и постапки!
Ја повикувам и подржувам Агеницјата за филм како независно тело да застане во одбрана на својата независност од политика и да се стави во заштита на филмот, филмаџиите и нивната творечка слобода!
Барам медиумите да застанат во одбрана на нашиот филм ,,Ругањето со Христос,, и правото на слободно изразување на идеи, мисли и ставови.
Ова работа така започна и кај ,,илјадагодишниот рајх,,: прво со уметниците на крајот со евреите!
И, немојте да пишувате во инбокс закани, па после да ги бришете! Не ви се плашам воопшто! Прашајте се што ве интересира, ќе ви одговрам. На крајот, цивилизирано е да купите билет, да отидете во кино и да не се согласувате со ништо со тоа што ќе го видите на платното. И се разбира доколку мислите така, јавно да дебатирате за се, без да ми се заканувате со разни УЧК искуства и принципи!
Среќна слобода! Ви посакувам да владеете толку долго колку што ќе биде доволно еден цел живот да се срамите од ова!

[Image: safe_image.php?d=AQB7oNRoWHPYHLTg&w=540&...ZiBOTkBpDi]

libertas.mk
За Министерството за култура „Ругање со Христос“ е контроверзен и навредлив филм без уметничка вредност
06-09-2018, 11:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Дарко Митревски му за’ржа на Јани Бојаџи: Правиш грешка со “Ругање на Христос”
September 8, 2018


[Image: -митревски.jpg?resize=696%2C462]

Режисерот на Трето Полувреме и Балкан Кан, Дарко Митревски му се обраќа на колегата Јани Бојаџи чиј филм “Ругање со Христос” е цензуриран од Министерството за култура и премиерот Заев.
Митревски бара Бојаџи да се откаже од идејата да го повлече филмот од меѓународните фестивали на кои бил примен.
Во писмото до Бојаџи, Митревски му дава силна поддршка.
“Почитуван колега, Не знам кој од нас двајца е попаметен или пак поталентиран… Но знам кој е потепано куче.
И откако ќе ти го упатам мојот почесен лавеж во знак на поддршка и тивко цвилење во знак на сочуство заради сето ова што ти се случува, ќе си дадам за право (ко и секоја џукела што би си дала за право, без да праша за дозвола) да ти зар’жам заради она што во интервјуто со Горан Момировски најави дека ќе го направиш.
Знам кои ти се размислувањата и без да те распрашувам – бидејќи сум ги имал и самиот, речиси истите или многу слични на твоите. И не е исклучено дека таа битка ќе ја истераш, не е исклучено ни дека ќе победиш во неа…
И тоа ќе биде најпировата победа меѓу низата порази со кои е украсена историјата на македонската кинематографија. Знам, знам дека ти го крева адреналинот неправдата. Ми го крева и мене додека слушам како се обидуваш да го рационализираш дебилизмот на твоите џелати.
Знам и дека ти дава храброст поддршката која ја добиваш од обичните луѓе, познаници, пријатели и незнајни симпатизери. Но тие тапшања по рамо еден ден ќе секнат, а добар дел од нив нема ни да се сеќаваат за што те тапшале. Знам и дека си загрижен за иднината на професијата и жеден да го слушнеш гласот на колегите.
Подобро веднаш заборави на тоа. Таму професија нема, а отаму ти немаш ни колеги. Имаш само луѓе кои претходно ти љубомореле, до завчера ти се сителе, а откако доби награда во Монтреал – веројатно и отворено те мразат завалени во “Чамо”, “Наџак” или некоја слична биртија. И знам дека сметаш дека е битно да извојуваш макар морална победа и да ја задоволиш правдата.
Дебело грешиш. Во земја лишена од морал и правда, тоа е како да мочаш наспроти ветерот. Верувај ми, ти имаш само една обврска: иднината на твојот талент и твојот филм. И отаму единствено нешто што мораш веднаш (ама веднаш!) да го направиш е да се јавиш на сите тие адреси на кои претходно си го откажал учеството на твојот филм, да се посипаш со пепел по глава, да кажеш дека емотивно си одреагирал соочен со државна цензура, да објасниш дека си сфатил дека твоето појавување на нивните фестивали им го должиш ним и на нивната публика, па ако треба – а зошто па да не? – да ја побараш и нивната помош во интернационализирањето на твојот проблем. Кога сево ова ќе помине (а ќе помине ко и се друго што поминало), тебе ќе ти остане еден цел тефтер полн со контакти со странски колеги (вистински колеги, не ко овие безрбетниците од Друштвото на филмските безработници), продуценти, актери, истомисленици…
Доколку вакви кадри си снимил со само 290,000 евра – утре со нивна помош ќе имаш дупли пари од странство, ќе подсобереш некое ситно ин-кајнд учество од твоја страна – и Македонија повеќе нема ни да ти треба. Барем не како финансиер, уште помалку како цензор. Доколку сепак мислиш дека премиерата во кино “Милениум” е поважна од светските сцени на кои те бараат, а долгот кон сопствениот народ е побитен од долгот кон сопствениот ум – и доколку ранетото его ти е посилно од здравиот дух во тебе…
Е тогаш де…от Заев, за жал, е целосно во право: тебе навистина треба да ти се забрани да снимаш филмови! Ама белким ќе ме послушаш и до тоа нема да дојде. Верувај ми, ним најдобро ќе им се одмаздиш така што ќе бидеш вон дофатот на нивната моќ. И почни да работиш на тоа ТРИ, ЗА ПОЗОР ЧЕТИРИ… СЕГА! Секое добро, од срце!
09-09-2018, 10:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Бела книга, подарок за премиерот, министерот за култура, за советникот Висар Вишка и пратеникот Мухамед Зекири

[Image: Voislav-Zafirovski.jpg]
Објавено во: Колумни 18 Септември, 2018

 
Има ли нешто пострашно од замолчувањето на слободоумните, од криењето и ставањето на вистината под тепих, од криењето и извртувањето на фактите, од паушални изјави дадени од тепка на на видено, наводно за мир, спокојство и соживот во земјата?! 

Нема, нема ништо пострашно од тоа, особено кога тоа се чини во уметноста, како што се случува со филмот Ругање со Христос, на Јани Бојаџи, но и со самиот Бојаџи, кој поминува низ политичка хајка, морална, човечка и професионална дискредитација до инструментализиран институционален прогон и закани по неговиот физички интегритет...среќна нова 1933!

Министерот за култура кој е тотален анонимус изведен од политичката кујна на ДУИ, манифестираше апсолутна ригидност и не разбирање на слободата на културната креативност, и што е уште пострашно, гледајќи го трајлерот од филмот, се идентификувал себе си и сите албанци во Република Македонија со џганот од 2001 година кои направија многу ѕверства врз не албанското, но и врз албанското население кое во голем број не ги поддржуваше. 
За ѕверствата на УЧК, ако ја заборавиле, ако ја немаат видено и прочитано, имам примерок од "Белата книга", која доколку изразат желба, можам да им подарам по еден примерок за да видат што правеа тие со кои се идентификуваат, како министерот, така и неговиот советник Вишка, кој е сликан во министерскиот кабинет седнат до министерот со рацете вкрстени во форма на христијански симбол - двоглав орел. Во таа книга во колор се илустрирани ѕверствата, вкупниот учинок и начинот на кој го доживуваат соживотот припадниците на УЧК.

Но не се само тие за критика, за критика и презир е и премиерот Заев, кој во 2001 година очигледно бил зафатен со некои други работи, и врз основа на поплаките од министерот за култура и неговите другарчиња од ДУИ кои седат во удобните пратенички фотељи, а се препознале во трајлерот, јавно излезе, без да го гледал филмот, истиот го анатемиса и во име на коалицијата даде ишарет за отворен професионален, но и човечки линч на еден уметник, кој со своето творештво ја плени филмската фела на фестивалот во Канада, претставувајќи ја Република Македонија и освојувајќи престижно признание.
Сигурно тоа беше сигнал и до сета буљумента од културни професионалци и агит-проп дејци од типот на Тозија, да се оградат, да замолчат и да исчезнат во молкот околу овој парадоксален настан. Велам парадоксален затоа што филмот тука наиде на ѕид и цензура, а во Канада помина како ниту еден друг македонски филм до сега, освојувајќи награда за иновативност во филмското творештво.

Наместо Јани Бојаџи, целиот актерски тим и соработниците на филмскиот проект да добијат заслужени почести во Република Македонија, тие се анатемисани, се соочуваат со гнасни закани и притисоци од поединци, но и од некои институции кои застанале во времето на ИБ...или можеби историјата ни се повторува. 

На сето згора, некои чудни ликови од културата и медиумите се дрзнуваат да предлагаат носење на закон со кој ќе се дефинира кои теми ќе може, а кои не ќе може да се екранизираат, па ќе мора од сега натаму сето творештвото да се сведе на розова екранизација по мерка на велеумните газоглавци кои седат во удобните фотељи кои патем кажано, ние, граѓаните ги плаќаме. 

Веројатно во Министерството за култура некои минливи ликови така го разбираат соживотот, некои тивко, полека да попуштаат за сметка на агресивната глупост, па на малолетен талент му одобрија од НАШИТЕ СРЕДСТВА да пее песни и да снима спотови за УЧК. Зошто тие исти ликови не реагираа на тоа, дали сметаат дека на тој начин вистински не ги повредуваат чувствата на сите оние што не се дел од тие што ја подржуваа терористичката УЧК, или сметаат дека на тој начин се гради соживот?! 

Се прашувам дали нема да следи закон во Република Македонија (ако стигнат, ако не, во Северна Република Македонија) со кој ќе се дефинира за што и кога сурогат описните граѓани ќе може да размислуваат или можеби воопшто ќе им се забрани можноста воопшто слободно да се размислува, бидејќи има таму некои што ќе размислуваат и одлучуваат во име на сите нас, обични смртници?!

Срамно, надвор од здрав памет...а фелата исплашена и молчи, но нека, ѓаволот кога тогаш и нив ќе ги стигне, но се плашам дека тогаш никој нема да остане за да каже нешто и за нив.
Воислав Зафировски
20-09-2018, 12:44 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

[Image: image.png]



Bravo Bravo Bravo
21-09-2018, 12:35 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Jani Bojadzi
3 hrs ·

Почитувани, две недели пред премиерата ви ја подаруваме песната ,,Расеани,, на Горан Трајкоски, насловна тема од филмот ,,Ругање со Христос,,. Уживајте во музичкото совршенство на мајсторот кој овојпат ги спои македонската чалгија и грчкото ребетико. Ви го споделуваме и овој ангелски допир од Византија, времето кога пеевме заедно и во еден глас. Бесплатено симнете го видеото и музиката.

Two weeks before the premiere, we give you the song "Raseani" by Goran Trajkoski, the official soundtrack from "Mocking of Christ". Enjoy the musical perfection of the fusion of the Macedonian Chalgia and the Greek Rebetico, as well as in the angelic touch of Byzantium, the time when we sang together as one voice. Download free the music video and mp3.



22-09-2018, 09:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Jani Bojadzi
1 hr ·

[Image: 43088998_10215124854186366_5555991168942...e=5C1ED382]

Драги мои! Неделава раководството на МКЦ по налог на шефот на Владата кој изјави дека лично тој наредил, прават се за да се спречи одржувањето на фестивалот ,,КинеНова,, а со тоа да го спречат и одржувањето македонската премиера на нашиот филм ,,Ругање со Христос,,! Откако деновиве им ги осуетивме и демистифициравме сите игри и подли намери, последното кое што им остана како оружје за постигнување договор со фестивалот е тие да ги продаваат билетите за премиерата на филмот, а на организаторот да му доделат, замислете: 10, и словом ,,десет,, покани за премиера на домашен филм! Тоа значи дека јас како автор, сите актери и други творци треба да си купиме билети за да присуствуваме на премиерата на сопствениот филм! Ова е без преседан во историјата на македонската кинематографија. Такво нешто не се случило никогаш! Сето тоа го прават со цел да ги понижат авторите во сопствената земја и пред сопственото творештво! Ваков фашизам од најодвратен вид немало ни во нацистичка Германија! Дури ни Хитлер не ги понижувал неподобните и неприфатливи автори на ,,илјадагодишниот рајх,, на ваков начин! Ова е ,,антисемитизам,, со кој на организаторите на фестивалот им се одзема правото на работа, на заработка и на живот! Ова е грабеж по примерот на грабежот вршен врз Евреите од страна на национал-социјалистите во предвоена Германија! Ова е културен холкауст! Ова е веќе истребување! Тие сакаат да не нема! Нема веќе дијалог. Денес рекоа – ,,земете или оставете,,! Тие дефинитивно мислат дека се силата, а ние уплашените кои треба да се подмочат пред нив! По трет пат ви кажувам: не ви се плашиме!Си имате работа со партизански деца чии предци еднаш ве победиле! И на нашите дедовци им збореле дека сте сила, пред која трепери светот! И дека не можат против вас! Можеме, и ќе ве победиме! Но Пасаран! Фестивалот ќе се одржи и премиера ќе има!
Почитувани,
Членови на екипата, соработници, драги гости на кои Ви понудивме покани за да бидете заедно со нас, од мое и од име на организаторите на КинеНова се повикувам утре и задутре најдоцна до 18.00 часот да ги подигнеме своите билети со тоа што ќе им ги платиме на билетарницата на Кино Милениум во ГТЦ. СМРТ НА ФАШИЗМОТ – СЛОБОДА НА УМЕТНОСТА!



Quote:Branislav Nakov

Се ми се чини дека играта е “Билетите се продадени” и премиера пред празна сала Јани. Со “овие” се може да очекуваме.
03-10-2018, 09:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Полиција врши претрес во домот на режисерот Јани Бојаџи


05.10.2018
Утринава полицијата упаднала во домот на режисерот Јани Бојаџи во Струмица, неофицијално дознава Економски Лидер од извори блиски до него.
Како што дознаваме семејната куќа на Јани Бојаџи утринава била посетена од полициски сили, кои вршат претрес и го бараат него. Бојаџи живее во Скопје, но откако неговиот татко го известил за упадот, се упатил кон Струмица и во моментов патува за да види за што се работи.
Повеќе детали за случајот ќе објавиме во текот на денот.
Инаку власта изминатиот период на секаков начин се обидува да го цензурира негвиот филм „Ругање со Христос” затоа што во него се прикажани сцени од војната во 2001 година, во кои УЧК брутално ги малтретира Мавровските работници и уште неколку други злосторства на оваа паравоена формација.

Пред два дена Бојаџи на Фејсбук објави за притисокот од власта и обидите за цензура преку забрана на кино салите да го прикажуваат филмот.

Инаку вечерва во кино Милениум, треба да се одржи премиерата на овој филм, во рамките на фстивалот „КинеНова“

Quote:Драги мои! Неделава раководството на МКЦ по налог на шефот на Владата кој изјави дека лично тој наредил, прават се за да се спречи одржувањето на фестивалот ,,КинеНова,, а со тоа да го спречат и одржувањето македонската премиера на нашиот филм ,,Ругање со Христос,,! Откако деновиве им ги осуетивме и демистифициравме сите игри и подли намери, последното кое што им остана како оружје за постигнување договор со фестивалот е тие да ги продаваат билетите за премиерата на филмот, а на организаторот да му доделат, замислете: 10, и словом ,,десет,, покани за премиера на домашен филм! Тоа значи дека јас како автор, сите актери и други творци треба да си купиме билети за да присуствуваме на премиерата на сопствениот филм! Ова е без преседан во историјата на македонската кинематографија. Такво нешто не се случило никогаш! Сето тоа го прават со цел да ги понижат авторите во сопствената земја и пред сопственото творештво! Ваков фашизам од најодвратен вид немало ни во нацистичка Германија! Дури ни Хитлер не ги понижувал неподобните и неприфатливи автори на ,,илјадагодишниот рајх,, на ваков начин! Ова е ,,антисемитизам,, со кој на организаторите на фестивалот им се одзема правото на работа, на заработка и на живот! Ова е грабеж по примерот на грабежот вршен врз Евреите од страна на национал-социјалистите во предвоена Германија! Ова е културен холкауст! Ова е веќе истребување! Тие сакаат да не нема! Нема веќе дијалог. Денес рекоа – ,,земете или оставете,,! Тие дефинитивно мислат дека се силата, а ние уплашените кои треба да се подмочат пред нив! По трет пат ви кажувам: не ви се плашиме!Си имате работа со партизански деца чии предци еднаш ве победиле! И на нашите дедовци им збореле дека сте сила, пред која трепери светот! И дека не можат против вас! Можеме, и ќе ве победиме! Но Пасаран! Фестивалот ќе се одржи и премиера ќе има!
Почитувани,
Членови на екипата, соработници, драги гости на кои Ви понудивме покани за да бидете заедно со нас, од мое и од име на организаторите на КинеНова се повикувам утре и задутре најдоцна до 18.00 часот да ги подигнеме своите билети со тоа што ќе им ги платиме на билетарницата на Кино Милениум во ГТЦ. СМРТ НА ФАШИЗМОТ – СЛОБОДА НА УМЕТНОСТА!
05-10-2018, 11:30 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Уапсен таткото на режисерот на „Ругање со Христос“, Јани Бојаџи


October 5, 2018
[Image: Screenshot_20180904-031137_Facebook.jpg?...=696%2C468]

Утринава во Струмица е уапсен таткото на режисерот на филмот „Ругање со Христос“, Јани Бојаџи, чиј филм беше осуден како говор на омраза од страна на министерот за култура и премиерот Заев, кој најави дека ќе ја блокира поддршката за промоција на филмот.
Таткото на Бојаџи има 75 години.
Вчера Бојаџи обвини дека Владата врши силен притисок врз филмот, кој вечерва ја има македонската премиера.
„Почитувани, да, утринава во домот на моите родители во Струмица е извршен претрес и по неколку часа мојот татко Андони (75) е донесен во Скопје и приведен во полициската станица во Гази Баба. До овој момент со него не разговарал полициски инспектор, обвинител или судија! Ви благодарам за подршката на сите вас кои денес од раните утрински часови бевте со мене и со моето семејство. Да сте живи и здрави. Се гледаме за помалку од час во Кино ‘Милениум’. Татко ми со мислите ќе биде со сите нас“, објави пред малку Бојаџи.
Филмот на Бојаџи освои награда на филмскиот фестивал во Монтреал, по што во Скопје од Министерството за култура беше оценето дека во сцените за 2001 година бил направен говор на омраза против Албанците и членовите на УЧК, кои биле прикажани како терористи.
Веднаш потоа Бојаџи доби закани по животот од членови на УЧК.



Срамно е што прави Заев за да им се додвори на ДУИ!!
05-10-2018, 08:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Премиерата на “Ругање со Христос” ја чува полиција


October 5, 2018
[Image: Screenshot_20181005-213515_Facebook.jpg?...=696%2C582]

Јас сум во кино Милениум. Се прашуваме дали сме можеби први и последни гледачи на овој филм. Надвор стои полиција. Жални денови, напиша професорката Билјана Ванковска на почетокот на македонската премиера на филмот Ругање со Христос на Јани Бојаџи.
Филмот се прикажува под засилено полициско обезбедување поради заканите што режисерот Бојаџи ги доби од наводни членови на УЧК и оценката на министерот за култура дека филмот е антиалбански.
Денеска наутро во Струмица е уапсен таткото на режисерот Бојаџи, 75 годишниот Андони.
05-10-2018, 09:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:МВР со огласи: 75 годишниот татко на Бојаџи приведен за шверцување артефакти?!



По целодневниот молк за упадот во домот на режисерот Јани Бојаџи во Струмица, дури доцна вечерва се огласи портпаролот на МВР Тони Ангеловски. Тој во изјава за провладиниот портал СДК, вели дека упадот во домот на Јани Бојаџи се случил затоа што неговиот 75 годишен татко шверцувал артефакти!


Quote:-Лицето А. Б. е лишено од слобода во склоп на акцијата на одделот за сузбивање на организиран криминал за сузбивање на криминална група во повеќе градови во државата, при што се привремено одземени голем број на артефакти, а лишени од слобода се 13 лица. Утре на прес-конференција ке ги соопштиме сите детали, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.


Чудно, но апсењето на старецот доаѓа на ист ден со премиерата на филмот на неговиот филм „Ругањето на Христос“, кој беше осуден од владата и за кој министерството за култура организираше хајка за цензура во која им се забранува на кино салите да го пркажуваат.
Филмот на Бојаџи е осуден само по гледањето на неговиот трајлер, кој според властите ги нарушувал меѓуетничките односи во Македонија, поради тоа што во него се прикажуваат дел од злосторствата на УЧК во војната во 2001.
МВР во текот на целиот ден крие за пртетресот кој утринава го спровеле во домот на режисерот Јани Бојаџи во Струмица.
Веднаш по објавувањето на информацијата, која Економски Лидер ја објави во 11:25 претпладнево, нашата редакција се јави за потврда кај портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
Ангеловски ни рече дека е на состанок и не замоли да му пратиме меил, што беше сторено од новинарот на Лидер, но до овој момент (20:45) нема никаков одговор на нашите прашања.
Непосредно по нашата објава во дел од провладините медиуми се појавија статии во кои се тврдеше дека за нив Бојаџи демантирал оти бил извршен претрес, но во статиите тој ги демантираше.
Вечерва, режисерот ја потврди нашата информација на неговиот фејсбук профил. Така што, на крај се виде кој шири лажни вести, дали Лидер или медиумите кои пишуваа дека ние лажеме.

Quote:Почитувани, да, утринава во домот на моите родители во Струмица е извршен претрес и после неколку часа мојот татко Андони (75) е донесен во Скопје и приведен во полициската станица во Гази Баба. До овој момент со него не разговарал полициски инспектор, обвинител или судија! Ви благодарам на подршката на сите вас кои денес од раните утрински часови бевте со мене и моето семејство.Да сте живи и здрави. Се гледаме за помалку од час во Кино Милениум.Татко ми со мислите ќе биде со сите нас! – напиша Бојаџи на Фејсбук.


Таткото на Бојаџи, како што дознаваме, сеуште е приведен и чека некој да го интервјура и не знае зошто е повикан, со него никој не обавил разговор.
Во овој момент во Кино Милениум се одржува премиера на филмот на Бојаџи, но, во јавноста се шири фама дека по крајот на премиерата во 22:30, режимот има намера да го уапси.
05-10-2018, 09:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:БОЈАЏИ ПО ПРЕМИЕРАТА: Сите македонски кина кои прво прифатија, сега одбиваат да го прикажат филмот „Ругање со Христос“

[Image: ruganje-so-hristos.jpg]
Сценаристот и режисер Јани Бојаџи, по синоќешната македонска премиера на неговиот дебитантски филм „Ругање со Христос“ на отворањето на 3. Меѓународен фестивал на дебитантски филм „Киненова“, ја повика Владата да го остави филмот да заработува и да се прикажува низ Македонија.
Бојаџи, на денешната прес-конференција во МКЦ, рече дека вчерашниот настан за него била совршената можност за тој и филмот да се разделат и филмот да си тргне по неговиот, а тој по својот пат.
– Веќе јас не сум важен и на филмот му посакувам добра среќа и да се сретнеме сите некаде пак. Важно беше да се случи таа премиера за да се отвори таа порта и паднат сите маски. Тука јас завршуваме, еве го филмот. Ако отвора општествени дискусии, мене ќе ми биде драго да се разговара, рече Бојаџи.
Крајната идеја на филмот, продолжи тој, е да се гледа во кино, но дека само Штип прифатил во понеделник да се направи премиера.
– Сите други центри за култура во Македонија кои поседуваат технички можности прво прифатија, а потоа одбија да го прикажуваат со образложение дека немаат ниту еден единствен слободен термин до крајот на годината и да им се јавам после Божик следната година, рече Бојаџи.
Нагласи дека филмот е финансиран од државата и центрите за култура се на државата, односно дека директорите на кино салоните ги именува Владата, но сега тие не му дозволуваат да се прикажува и заработува.
– Филмот ќе си има фестивалски живот, но бидејќи е нискобуџетен филм со 280 илјади евра, кои се уште не се сите исплатени и имаме инспекции, а една апликација на посериозен фестивал чини 100 долари, целата моја идеја беше да дојдам до премиера, да го прикажувам и заработувам и половина од нив да потрошам на апликации, рече Бојаџи.
Филмот освои награда на фестивалот во Монтреал, каде што беше светската премиера. Но, истиот е на удар на властите во Македонија, кои вршат притисок за маргинализирање и цензура оти не им одговара на дневно-политичките состојби и потреби.
06-10-2018, 01:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

[Image: 43342759_10213136729468458_6322237579638...e=5C55AAAA]


Забега Заев !! Тера турбо накај завршница Чаушеску!!
06-10-2018, 10:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:Основниот суд Скопје 2, ќе го разгледа барањето на Државниот правобранител и Министерството за култура за забрана на филмот “Ругање со Христа”



6 октомври 2018 / 21:16
Алсат дознава дека државниот правобранител пред неколку дена, на барање на Министерството за култура, побарал од Основниот суд Скопје 2 привремена забрана за емитување на филмот „Ругање со Христа“ на програмата на феситвалот „Киненова Скопје“. Во барањето се наведува дека содржината на филмот е навредлива, пред се на етничка основа, ќе поттикне верска омраза, поделби во општеството и може да наштети на соживотот во земјата.

ДРЖАВЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ДО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 2:


Quote:Со оглед на содржината на објавениот трејлер и дополнителното разгледување на сценариото на овој филм, Министерството за култура тврди дека филмот има потценувачка содржина, пред се на национална основа, и ќе поттикне верска омраза, и поделба во Република Македонија .Филмот не го промовира соживот на заедниците во земјата, а јавното објавување може да поттикне и меѓуетничка омраза, што е спротивно на јавниот интерес на граѓаните. Одлуката за привремена забрана треба да важи 30 дена по завршувањето на филмскиот фестивал. “


Во барањето до судот, кој има рок од 8 дена да се произнесе, е нотирано дека при увидот во документацијата на Агенцијата за филм било откриено дека имало неправилности во објавувањето на конкурсот за финансирање на филмските проекти. Понатаму, како што дознава Алсат, се вели дека Агенцијата го прекршила Правилникот за евалуација на критериумите за финансирање на филмски проекти од национален карактер во филмската дејност, и принципот дека филмските продукции во рамките на овој проект треба да промовираат соживот меѓу етничките заедници. Како што неофицијално дознава “Алсат М”, Основниот суд Скопје 2 закажал расправа за случајот идниот вторник, а предметот и е предадена на судијката Сузана Дончевска. Државното правобранителство, исто така, го информирало и Јавното обвинителство.

ДРЖАВЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ, ДО ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ, ЉУБОМИР ЈОВЕСКИ:


Quote:Министерството за култура поднесе барање до правобранителството за да се предложи привремена мерка за Здружението “Арт Синема” – забрана за јавно емитување на филмот “Ругање со Христа” во режија на Јани Бојаџи и во продукција на Орион Продакшн заедно со примероци на Службениот весник и извештај од разгледувањето/ревизијата во Агенцијата за филм. Ви го доставуваме барањето со документите за ваше натамошно постапување”.


Во случај на потврдување на неправилностите во постапката одговорните може да се соочат со тужби, или враќање на средствата добиени за снимање на филмот кој содржи сцени во кои припадници на ОНА вршат насилства и силувања.

Фатлуме Дервиши
07-10-2018, 03:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Jani Bojadzi
4 hrs ·

Ете, стасавме и до тука! Утре во 11.00 часот во Основен суд 2 во Скопје, на предлог на државниот Правобранител а на барање на Министерството за култура ќе се одржи рочиште на кое се бара забрана за прикажување на играниот филм ,,Ругање со Христос,,!
Драги мои фашисти!
Ова мене ми е работа. Јас од филм живеам. Немам друга професија. Со ова вие мене ми ја забранувате работата!
О, неразумници!
Вие мене ми го забранувате правото да работам, да заработам и да живеам! Вие мене ми го одземате правото на живот! Ова продолжува веќе два месеци! Јас сум уметник. Работник. Пролетер. Не поседувам средства за работа. Не поседувам недвижности. Ако не работам не можам да си платам ќирија, струја, вода, данок. Акоа не работам не можам да си го прехранам семејството!
О, несреќници, вие мене ме убивате! Ова е истребување! Вие мене утре ме судите на глад и на смрт! Се молам за вашиот разум и за благост во вашето срце кога ќе ме судите! Се молам за вас и теперам од страв оти не знам до кога јас ќе бидам разумен и благ со вас, о мои обвинители и судии!
Вие утре ми судите мене, ама ќе си пресудите себе си. Оти ќе останете запаметени по тоа дека судите за нешто што не сте го виделе, а тоа е пострашно и ако лажно да сведочите!
Драги мои фашисти,
Јас знам дека по природата на тоа што сте – тирани и безумници, ќе го направите она што веќе сте го направиле во минатото! Таква си е нотропијата на фашизмот – ќе го излеете бесот и немоќта на улица и на невините, и ќе завршите под урнатините ! Но, ете, по не знам кој пат ви кажувам: не ви се плашам! Јас сум партизанско дете и немам друг избор освен да востанам, да се борам со вас и да ве победам. Знам. Така е тоа со слободата – треба да си ја заслужиш!
СМРТ НА ФАШИЗМОТ – СЛОБОДА НА НАРОДОТ!

[Image: 43411785_10215171697157411_4679661138676...e=5C633B62]
(This post was last modified: 08-10-2018, 10:09 PM by ЈорданПетровски.)
08-10-2018, 10:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:Заев ги носи Бејли и Жбогар во нов пораз, утре ќе и се суди на ЕУ – пишува Горан Момироски


October 8, 2018
[Image: -бејли.jpg?resize=696%2C295]


Откако со лажни анкети и лажни анализи ги одведе во тежок политички и дипломатски пораз на референдумот, претставниците на ЕУ и САД во земјава се соочуваат со нов срам, повторно по заслуга на нивното протеже, привремено македонски премиер кој сака да забрани филм во 21 век.
Откако ја доведе земјава во ситуација да објаснува на цел свет дека не сме против НАТО и ЕУ сега ќе мораме да објаснуваме и дека не сме за цензура, за политички прогон на уметници, уметнички дела и филмови а амбасадорите ги доведе во ситуација да се срамат од туѓиот срам.
Утре е најновиот тест за ЕУ, САД и НАТО во Македонија. Западните сојузници на Македонија утре можат да го доживеат својот втор тежок пораз за 10 дена на овие простори.
И тоа во пријателска земја каде над 80 проценти од граѓаните ЕУ, НАТО и САД ги сметаат за единствена алтернатива за подобра иднина.
Грешката за поразите е делумно и кај нив самите. Жбогар, Бејли, Столтенберг и другите мораа да знаат со кого си имаат работа.
Како и сите други во дипломатијата и политиката од позиција на сила и закани ја туркааа својата агенда и тука никој не може да им забележи за нивниот патриотизам во интерес на нивните земји, сосема е логично тие да работат за своите држави.
Но во општото лудило во земјава за кое што придонесоа и тие самите, не пресметаа дека “Македончињата” имаат превисока точка на топење, дека има линија преку која нема да минат и дека нема до бескрај да толерираат неправда што им се нанесува од нивните вазали.
Вториот тежок пораз за краток период им се заканува утре предпладне во 11 часот во центарот на Скопје. Во скопскиот суд каде како во книгата “Јазовец пред суд” на Петар Кочиќ, ќе му се суди на уметничко дело.
Ќе му се суди на директор на фестивалот КинеНова, затоа што замислете, се дрзнал да прикаже филм. Ќе се суди на уметност, фикција, чувства, светоглед, вербален деликт.
Да биде трагедијата поголема за Жбогар, Бејли, Столтенберг, на уметничкото дело му судат политичари кои што се меѓу виновниците за пропаст на референдумот и со тоа се де факто противници на политиките на ЕУ и САД кои што ги претставуваат амбасадорите.
Тие мораат да знаат дека прогонот го почна и не го запира партија која што по налог на една регионална сила (а не е Русија) го бојкотираше референдумот. И тоа го знаат сите. Ако не знаат странците нека се јават во Атина каде случајот е веќе документиран и прашање на денови е кога ќе биде објавен.
Како што е прашање на ден кога ќе биде откриено дека партијата зад прогонот на филмот не сака да влеземе во ЕУ и НАТО а филмот го користи да се прикаже како најголем бранител на една етничка заедница.
Ако Заев и неговите пријатели од запад не сфатиле дека филмот е само алатка за докажување на национализам пред избори во кои партијата прогонувач штити исклучиво лични, национални и верски ставови, тоа не ги заштитува од одговорност.
За Заев веќе нема шанси, но Бејли и Жбогар се уште имаат шанса колку толку, достоинствено да заминат од Македонија.
Но само ако веднаш денеска го осудат судењето на уметничкото дело “Ругање со Христос” на Јани Бојаџи. И ако утре бидат меѓу првите што ќе протестираат против политичкиот и уметнички погром на филмското дело.
Слободата на изразување и говорот, на различно размислување, на нецензура на уметнички дела е темелот на западните неолиберални демократии кон кои се стремиме, затоа што подобри нема.
Молкот на Жбогар и Бејли ќе доведе до симболичен пораз на ЕУ и НАТО кои што ако одберат да молчат за кршење на темелните вредности кои што ги декларираат, ќе се претвори и нивен личен пораз, како дипломати, интелектуалци, како љубители и мецени на културни настани кои што често се финансирани со пари од нивните даночни обврзници.
На Жбогар му е најтешко, ако реши да молчи а знае дека институцијата која што ја претставува го финансира фестивалот КинеНова каде беше прикажан филмот. Ако утре се суди на проект поддржан од ЕУ практично утре ќе и се суди и на ЕУ и на нејзините вредности.
Словенецот утре ќе мора да бира меѓу темелните вредности на ЕУ за целосна слобода, еманципација на уметноста и уметниците, ситните партиски манипулации на луѓе што застанаале во времето на Никола Коперник. И неговата совест како слободна личност.
Ако е во прашање политичка битка од глобални размери за која ние немаме информации теоретски може да се има делумно разбирање за отсуството на емоции кај амбасадорите за емоциите на луѓето кои на пример, се плашат за својот идентитет.
Но овде во случајот со филмот на Јани Бојаџи се работи за мала локална тема, во сликата ги нема ни Русија ни Кина.
Овде се работи за малиот човек уметник и неговото право да го прикаже светот од неговата младост, фрустрација, реалност или фикција.
Ниту еден филм во историјата не се допаднал на целата публика. Ниту еден режисер не бил награден на сите фестивали. Ниту една уметност не била разбрана и сакана од сите луѓе. И во тоа е убавината и вредноста на уметноста. Да провоцира, да доведе до дебата, да предизвика јавни аргументи.
Конкретно, да не беше филмот на Бојаџи најголем дел од Македонците немаше да знаат дека покрај борците на УЧК кои се бореа за некаква идеологија и човечки права, за Албанците херои се и тие што киднапираа цивили или убиваа недолжни луѓе со врзување на експлозив на нивните тела како во Челопек.
Филмот на Бојаџи го ослободи духот од ламбата и сега наместо со негова помош да ги разбиеме митовите и предрасудите некој се обидува со запалена свеќа да го врати во веќе скршената ламба од која тече газија.
Криењето на стереотипите под тепих ќе создаде лажна Македонија и паралелни етнички микроуниверзуми против кои, од страна гледано, се бори и Бојаџи.
Јани Бојаџи не е најгенијален режисер на светот, сигурен сум дека ни филмот Ругање со Христос не е на ниво на “Граѓанинот Кејн (не го гледав за жал).
Но Бојаџи не смее да биде жртва на политички и етнички реваншизам само затоа што проговорил за некоја контроверзна тема во својот филм.
Ако веќе не е предоцна за овој апел.
Апсењето на неговиот 75 годишен татко на денот кога се случи премиерата на филмот во петокот, и тоа по 15 месечна истрага, покажува дека работите избегаа од контрола и во уметноста и слободата на изразување и во демократијата како концепт.
Одговорноста за тоа ја има пред се премиерот Заев но и луѓето што некритички му даваат поддршка за хаосот.
Жбогар и Бејли се меѓу директно одговорните а сите заедно сме меѓу жртвите на хаосот што како “Маглата” на Џон Карпентер полека влегува во нашите домови додека мртвите тела од 2001 година го освојуваат мирот во малиот град.
08-10-2018, 10:48 PM
Reply