Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СО ЦЕНЗУРА ПРОТИВ ВИСТИНАТА ЗА ДОГОВОРТ СО ГРЦИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,520
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Милан Кундера во врвот на про-македонската интелектуална алијанса

Професори од Харвард, Принстон, Лондон, Болоња, Загреб, Австралија и други места, како и писатели, поети, уметници, уредници, издавачи и други интелектуалци го ставија својот потпис на „Отворено писмо’ со аргументи против бизарниот преспански договор по кој треба да се викаме онака како што Грција прифатила да се викаме (ако се смилуваат доволен број грчки пратеници), а атрибутот "македонски" ќе биде ќе биде избришан од сите службени документи и од јавна употреба под закана од орвелијански санкции.  


[Image: 239624-milan-kundera-vo-vrvot-na-pro-mak...ijansa.jpg]

ОТВОРЕНО ПИСМО

Како научници и автори сакаме да се осврнеме на прашањето на извртувањето на суштината на Преспанскиот „договор“ во некои кругови, како и портретирањето на сите негови опоненти како националисти и екстремисти.
Договорот не им служи на интересите ниту на Македонија, ниту на Грција. Тој не е заснован на респект за меѓународното право, човековите права и демократските принципи.
Договор којшто се обидува да дефинира политички, историски и културни граници помеѓу „античка Македонија“ и (она што треба да биде) Северна Македонија е бизарен потфат несоодветен за 21 век. Конструкцијата на идентитетите не е работа за која било влада. Македонија е подложена на арбитрарен меѓународен инженеринг против волјата на нејзиниот народ. Поради слабата политичка поддршка, високо поларизирана атмосфера само ги продлабочува внатрешните поделби. Овој асиметричен „договор“ нема да ги намали регионалните тензии, бидејќи само послабата (македонската) страна е принудена на компромис, за да ја натера (Северна) Македонија во НАТО - организација која е самата во идентитетска криза.
Договорот претставува негација на уставниот суверенитет на Република Македонија, со тоа што последниот збор им е даден на пратениците на странска држава (Грција). Новото име е наменето да се употребува не само во меѓународните односи, туку и во внатрешниот правен поредок. Атрибутот „македонски“ ќе биде избришан од сите службени документи и од јавна употреба под закана од орвелијански санкции. За изучувањето на историјата ќе одлучуваат владини тела, а не научните работници.
Меѓународниот мисменаџмент продолжува. Поддржувајќи ги мерките за градење доверба, разрешување на конфликтите и помирувањето, ние застануваме на тврдењето дека Преспанскиот договор не ветува одржлив мир. Членството во НАТО нема да доведе во социјален и економски прогрес или безбедност за малата македонска држава; иронично, но токму Грција е најдобриот доказ за тоа што произведуваат меѓународните диктати на европската периферија.

ПОТПИСНИЦИ:
  1. Билјана Ванковска, Универзитет Св. Кирил и Методиј
  2. James Pettifer, Oxford University
  3. Венко Андоновски, Универзитет Св. Кирил и Методиј
  4. Milan Kundera, writer, Paris
  5. Richard Falk, Princeton University
  6. Žarko Puhovski, University of Zagreb
  7. Lidija R. Basta Fleiner, University of Fribourg
  8. Darko Mitrevski, film director, Los Angeles
  9. Georges Banu, President of the Prize of Europe for the Theatre, Paris
  10. Jan Oberg, director of Transnational Foundation for Peace and Future Research, Lund
  11. Gorazd Rosoklija, Columbia University
  12. Josette Baer Hill, University of Zurich
  13. Гордана Силјановска-Давкова, Универзитет Св. Кирил и Методиј
  14. Jean Pavleski, Sorbonne University, founder of Éditions Economica, Paris
  15. Nada Boskovska, University of Zurich
  16. Јован Донев, амбасадор
  17. Stefano Bianchini, University of Bologna
  18. Vladimir Unkovski-Korica, University of Glasgow
  19. Pepe Escobar, Geopolitical Analyst at Asia Times
  20. Radmila Nakarada, University of Belgrade
  21. Igor Janev, University of Belgrade
  22. Жидас Даскаловски, Универзитет Климент Охридски
  23. Nikola Popov, McMaster University, Ontario
  24. Erol Tufan, poet, Turkey
  25. Bernd Fischer, Indiana University, Fort Wayne
  26. Митко Маџунков, МАНУ
  27. Мите Стефоски, директор на Струшките вечери на поезијата
  28. Johan Galtung, founder of Transcend University
  29. Витомир Митевски, МАНУ
  30. Jean-Patrick Connerade, University of London, former President of EuroScience 
  31. Borislav Pavlovski, University of Zagreb
  32. Slavko Bogdanov, Columbia University
  33. Francis D. Raška, Anglo-American University, Prague
  34. Леонид Грчев, МАНУ
  35. Михајло Поповски, Универзитет Св. Кирил и Методиј
  36. Miranda Vickers, Independent Scholar, UK
  37. Александар Димовски, МАНУ
  38. Jean Pierre Simeon, poet, editor of Gallimard, Paris
  39. Бранко Ставрев, театарски режисер
  40. Emilia Waters, CATS College Cambridge
  41. Јордан Плевнеш, писател и амбасадор
  42. Живко Попов, МАНУ
  43. Марија Ристеска, Центар за истражување и креирање политики
  44. Катица Ќулафкова, МАНУ
  45. Димитар Апасиев, Универзитет Гоце Делчев
  46. Daniel Weiss, University of Zürich
  47. Victor Bivell, Publisher, Pollitecon Publications, Sydney
  48. Marko Pavlovski, writer, University of Zagreb
  49. Елка Јачева-Улчар, Универзитет Св. Кирил и Методиј
  50. Dragan Duško Vukotić, media specialist, Podgorica
  51. Јани Бојаџи, филмски и театарски режисер
  52. Славе Ѓорѓо Димоски, поранешен претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата
  53. Тодор Чепреганов, Универзитет Гоце Делчев
  54. Bob Churcher, ex International Crisis Group Country Director, Kosovo
  55. Богдан Богданов, Универзитет Св. Кирил и Методиј
  56. Блаже Миневски, писател
  57. Солза Грчева, професор
  58. Marjan Popov, Delft University of Technology
  59. Aleksandar Shulevski, University of Amsterdam
  60. George G. Durtanosky, Latvian Christian Academy, Riga
  61. Виктор Ѓамовски, Универзитет Св. Кирил и Методиј
  62. Антоанела Петковска, Универзитет Св. Кирил и Методиј
  63. Irena Pavlova de Odorico, poetess, Italy
  64. Раде Силјан, писател и издавач
  65. Sašo Kalajdžievski, University of Manitoba
  66. Aldo Kliman, poet and president of the Macedonian Cultural Forum in Croatia
  67. Милојка Калкашлиева, судија на Врховскиот суд на Република Македонија (пенз.)
  68. Paul Filev, Literary Translator, Melbourne
  69. Ringa Raudola, Department of Innovation and Governance, Tallinn University
  70. Јовица Тасевски-Етернијан, поет
  71. Марина Мијаковска, писателка
  72. Кирил Барбареев, Универзитет Гоце Делчев
  73. Блаже Ристески, МАНУ
  74. Zlatko Dizdarević, former ambassador, Bosnia and Herzegovina
  75. Danilo Gligoroski, Norwegian University of Science and Technology
  76. Сашо Поповски, академски сликар
31-08-2018, 01:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,520
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Гардијан одби да објави писмо – одговор на македонски и светски интелектуалци за договорот со Грција (ФОТО)
August 31, 2018
[Image: Screenshot_20180831-103052_Samsung-Inter...=696%2C672]
Еден од најстарите и највлијателни британски весници го прекрши правилото за објавување на ставови на најмалку две страни и одби да објави писмо потпишано од македонски и странски интелектуалци.
Писмото е одговор на дописот објавен во Гардијан на 20 јули, потпишано од 45 професори и интелектуалци во кои се лобира за прифаќање на Преспанскиот договор.
Во него противниците на договорот со Грција беа означени како националисти и расисти.
Британскиот весник познат по залагањето за заштита на човекови права и слобода на израз во случајот со Македонија немал еднаков однос и кон критичките гласови за договорот (75) и одбил да го објави писмото.
Текстот бил испратен до уште неколку западни медиуми, но никој не сакал да го објави.
Во писмото потпишано од врвни македонски и меѓународни интелектуалци меѓу другото се вели.
,,Договорот (од Преспа) го негира уставниот суверенитет на Македонија а финалниот збор е даден на пратеници на странска земја (Грција).
Новото име ќе се употребува не само во меѓународните односи туку и за внатрешниот правен поредок.
Атеибутот Македонски ќе биде избришан од сите официјални документи а неговата јавна употреба ќе биде под закана од орвелијански санкции.
За изучувањето на историјата нема да решаваат академските туку владини тела.
Англиската верзија на одбиеното писмо на Балканинсајдер.ком
Целата листа на потписници на писмото што Гардијан одбива да го објави.



Quote:Letter to the Editor: Academics Take Issue With Prespa Agreement


on August 29, 2018 in Macedonia
To The Editor
As scholars and authors we wish to take issue with the distortion of the Prespa ‘agreement’ in some quarters, and portrayal of opponents as nationalist and extremists.
The agreement does not serve the needs of Macedonia or Greece. It shows no respect for international law, human rights and democratic principles.
An agreement trying to define political, historical and cultural boundaries between “classical Macedonia” and (would be) North Macedonia is a bizarre undertaking in the 21st century. The construction of identities is not for governments. Macedonia is subjected to arbitrary international engineering against the will of the people. With little public support a highly polarized atmosphere deepens internal divisions. The asymmetric ‘deal’ will not lessen regional tensions as only the weaker (Macedonian) side was forced to compromise, to force (North) Macedonia into NATO – itself in an identity crisis.
The deal denies constitutional sovereignty of Macedonia, with final say given to the MPs of a foreign country (Greece). The new name is intended for not only international relations but also internal legal order. The attribute Macedonian is to be erased from all official documents and public use under threat of Orwellian sanctions. History teaching is going to be decided by governmental bodies rather than by scholars.
International mismanagement continues. While supporting confidence building, conflict resolution, and reconciliation, we argue that the Prespa Agreement is not an accord that promises sustainable peace. NATO membership is unlikely to bring social and economic progress or security to the small Macedonian state; ironically, Greece offers the best proof of what international dictates do on the European periphery.

[Image: Screenshot_20180831-102733_Samsung-Inter...640%2C1020]
[Image: Screenshot_20180831-102805_Samsung-Inter...640%2C1021]
[Image: Screenshot_20180831-102821_Samsung-Inter...640%2C1015]
[Image: Screenshot_20180831-102841_Samsung-Inter...640%2C1017]
[Image: Screenshot_20180831-102856_Samsung-Inter...=640%2C769]


Писмото што Гардијан го објави на 20 јули

Quote:Професори од САД и Европа: Противниците на Преспанскиот договор се националисти и расисти!
July 21, 2018

[Image: -во-„Гардијан“.jpg?resize=641%2C514]
Повеќе од 40 познати личности од САД и од Европа се потписници на отворено писмо на поддршка за договорот за името меѓу Македонија и Грција, објавено во денешниот број на британскиот весник „Гардијан“.
„Договорот ги уважува достоинството на двата народа и нивното право на самоопределување и ја демонстрира волјата на двете држави за мирен соживот“, се вели во писмото потпишано од професори и од научници од универзитети во Лондон, Баркли, Болоња, Њујорк, Варшава, Кембриџ, како и од членови на Европски парламент, кои зборуваат за „класична грчка Македонија“.
„Тој договор јасно ги разграничува политичките, историските и културните граници меѓу класичната грчка Македонија и денешна, веќе Северна Македонија“, додаваат потпишаните интелектуалци од двата континента, напомнувајќи дека „и во двете земји постојат екстремисти и радикални елементи, кои се против Договорот“.
„Во овие критични времиња, кога Европа е исправена пред десниот национализам и расизам  и пред опасноста од ревизионистички пројави на Балканот и во Европа, кои ги делат луѓето на ‘предавници’ и на ‘патриоти’, денес е потребно да бидат поддржани повеќе од кога било оние кои го прифаќаат ризикот за помирување. Ние го поддржуваме овој чесен договор и ги повикуваме сите страни да го исполнат својот дел од него“, стои во писмото објавено во „Гардијан“.
(This post was last modified: 01-09-2018, 10:58 PM by ЈорданПетровски.)
31-08-2018, 01:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,520
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Лагите на Ванковска во отвореното писмо


Објавено: 04-09-2018, 15:56
[Image: lustriran-gjorgji-spasov-poraneshen-mini...208347.jpg] Ѓорѓи Спасов
Во отворено писмо објавено во „Нова Македонија“  Билјана Ванковска навела дузина научници и автори што се потпишале врз големи лаги во врска со договорот помеѓу Македонија и Грција.
Не е јасно дали тие долупотпишаните навистина ја прочитале и ја разбрале содржината на тоа кусо писание, кое личи на некаков „апел за спас на Македонија“ или е нешто друго во прашање.

Прва лага: Велат - договорот се обидува да дефинира политички, историски и културни граници помеѓу античка Македонија и она што треба да биде „Северна Македонија“. Конструкцијата на идентитетите на е работа на владите.
Тие очигледно сметаат дека не постојат граници - политички, историски и културни - меѓу античка Македонија и денешната Република Македонија и дека можеби затоа Груевски со право 11 години си правеше политичка конструкција на современиот македонски национален идентитет облекувајќи го во античко руво. А токму таа владина политичка конструкција на македонскиот национален идентитет доведе до стравувања на Грција од можни територијални претензии, но и од присвојување, па и монополизирање на античката историја од страна на Република Македонија. Тој обид од претходната власт за конструирање на вештачки идентитет на нацијата доведе до изложување на потсмев на Република Македонија во научната и меѓународната јавност и до заострување на односите помеѓу Македонија и Грција. Доведе до преименувањата на улиците и јавните објекти за да се нагласи античкиот карактер на современата македонска нација, до изградба на монументални споменици, до снимање на низа документарни филмови со цел политички да се инструментализира историјата во која Македонците ги победиле Грците и до фолклорни изливи: „Не сме Срби, Бугари ни Грци - туку сме деца на Александар, царот македонски“ и навивачки химни од типот „Рацете горе - наше ќе биде и Солунското Поле“.
Таа политика на претходната власт во Македонија ја наложи потребата во договорот јасно да се разграничи на што се однесува зборот Македонци и придавката македонски, кога ние ги употребуваме и ќе ги употребуваме и она кога го употребуваат Грците. Тоа не е конструирање нови идентитети од страна на една влада, туку нужни појаснувања за да се избегнат недоразбирањата и да се живее во мир и со заемно почитување.


Втора лага: Се тврди дека Македонија е подложена на арбитрарен меѓународен инженеринг против волјата на нејзиниот народ. Принудена е на компромис за да ја натера Македонија во НАТО.
Оваа глупост може да ја каже Ванковска, која НАТО го смета за злосторничко здружување на кое не треба да му се приклучува Македонија. Но чудно е за сите други потпишани досега на тоа писмо да се согласат со тврдењето дека Македонија е принудена на компромис со цел да биде натерана да стане членка на НАТО. Членството во НАТО е слободен избор на сите политички партии во Македонија од нејзината независност до денес. Тоа го имаат запишано сите парламентарни партии во своите програми како стратегиска цел на Македонија. И за тоа се донесени многубројни резолуции од сите состави на Собранието на Македонија. Оттука, тврдењето дека некој ја принудува Македонија да стане членка на НАТО не се разликува од конспиративните теории според кои „некои мрачни сили и странски служби со жолти комбиња работата против интересите на Македонија“.
Од друга страна, да се тврди дека под притисок на меѓународни сили Македонија потпишала договор со Грција и дека тој ќе стапи во сили против волјата на македонскиот народ е исто голема лага. Договорот го потпишаа легално избраните влади на Македонија и на Грција. Македонското Собрание го ратификуваше. Сега е во тек подготовка на референдум на кој секој граѓанин, и македонскиот народ во целина, има можност да каже дали го прифаќа тој договор. А ако мнозинството се изјасни за поддршка на договорот, тогаш Собранието, почитувајќи ја волјата на граѓаните и на македонскиот народ, ќе пристапи кон промена на уставот. Ако е ова процес против волјата на македонскиот народ, тој народ има можност да го отфрли договорот на референдум и не му се потребни Ванковска и слични да му објаснуваат дека ова е дел од меѓународен заговор против неговата волја.


Лага број три. Во писанието се тврди: „Договорот е негација на уставниот суверенитет на Република Македонија. Со тоа што последниот збор им е даден на пратениците на странска држава (Грција)“.
Уставот на Македонија може да биде сменет само од страна на Собранието на Македонија, со двотретинско мнозинство и тоа според јасно утврдена процедура. Ова им е јасно и на најнеписмените. Оттука, ако не сакаме да го менуваме уставот или немаме политичка волја или интерес за тоа, никој друг не може да не принуди на такво нешто. Треба само да кажеме - не сме заинтересирани за членство во ЕУ и во НАТО. Не сме заинтересирани да биде сменета привремената референца поранешна југословенска република Македонија, под која сме примени како членка на ОН и не треба ништо да менуваме. Грција може и да не е заинтересирана да се реши овој проблем. Таа разговараше и се обликува предлог со посредство на Обединетите нации за тоа како да излеземе од кризата во меѓусебните односи. Лага е дека таа го има последниот збор. За сè се прашуваме ние и носиме одлука за тоа во која насока сакаме да се развива нашата земја.


Лага број четири. Ова е најголемата и најбесрамната лага. Во писанието се тврди дека атрибутот македонски ќе биде избришан од сите службени документи и од јавна употреба под закана на орвелски санкции.
Во текстот на јавно објавениот договор, за кој веќе се води јавна дебата, јасно стои дека јазикот е „македонски“, националоста „македонска“, а двете страни ќе имаат право да ја употребуваат придавката „македонски“ за означување на она што го сметаат за македонско во етничка, културна, историска смисла или како трговска марка. На нашите патни исправи ќе стои државјанство, националност, македонско.
Клучното противење на договорот од страна на грчката опозиција е токму во тоа што го тврди Киријакос Мицотакис дека со договорот им го дадовме јазикот да биде македонски и националноста македонска.
Во отвореното писмо, потпишано од над 70 домашни и странски научници и автори, секако има и други глупости и небулози како: „НАТО е во идентитетска криза“, дека договорот не гарантира траен мир и слично. Неговите автори веројатно ќе имаат можност да го запознаат НАТО лично со неговата идентитетска криза и да му објаснат дека тоа е „арбитрарен конструкт“ на некои влади од земјите што ја формирале таа организација и дека без тие лично да го подржат договорот ќе нема траен мир во Македонија.
Чуди што зад еден ваков полуписмен апел се нашле и имињата и на луѓе од други земји чии имиња се за почитување. Не е чудно што него го потпишале Солза Грчева, Димитар Апасиев и други, кои во последно време потпишуваат сè што е против власта во Македонија. Но ме чуди противењето на договорот да биде подржано со ваков куп лаги и од личности како Венко Андоновски, Дарко Митревски, Гордана Силјановска, Митко Маџунков, Јордан Плевнеш, Јован Донев, Катица Ќулавкова, Раде Силјан, па и Блаже Ристевски. Имав повисоко мислење за нив и сметав доколку нивното име врз еден ваков текст не е ставено без нивно знаење, дека знаат добро да читаат што потпишале. Очекувам секако писмото да го потпишат и научници како д-р Јанко Бачев, д-р Драган Павловиќ - Латас, д-р Никола Груевски и многу други корифеи на македонската академија и наука. И се надевам дека Милан Кундера ќе разбере во какво друштво го ставиле.
 

НЕЗАВИСЕН ВЕСНИК



За да разбудам некои наивни луѓе кои сеуште му веруват на Заев лажовот, ке понудам  две и сведочења за Ѓорѓи Спасов еден од големите подржувачи на смена на името за влез на Северна Македонија во НАТО



Есад Рахиќ до Ѓорѓи Спасов:

-Кој е пиротехничарот од краткиот документарец 'Спонтано палење на Американската амбасада'?

Од колумна во ДНЕВНИК

- Македонските “експозитури на Милошевиќ” (Ѓорѓи Спасов), политички и медиумски, и одат од рака на посочената амбиција, со демонстрациите на поддршка на Милошевиќ, со нападот на Американската амбасада, со анти-НАТО митинзите, со медиумските критики на интервенцијата на НАТО во СР Југославија, а со изрази на солидарност со државата на Милошевиќ, со денунцирање на новата власт како коалиција што работи против националните интереси, со емитување толкваи дози српска субкултура, што тоа ја одржува Македонија во состојба на српска културна колонија, како мек облик на нејзина проголтаност, при која е можно, на пример, естрадна ѕвезда - српски државјанин, на концерт пред Скопје да се заканува на министер на Македонската влада, а тоа една “независна” “македонска” телевизија да го популаризира повеќе пати. “

 Дали навистина Спасов е поборник на НАТО, дали Заев навистина менувањето на името , бришењето на Македонскиот идентитет, бришењето на Македонците како народ го прави за зачленување во НАТО и ЕУ или пак целта е сосема инаква.
Според тоа кој се го подржува Заев  а таму во тој круг нема ниту еден искрен демократ а тоа значи дека нема ниту еден прозападно орјентиран човек, приказната за члество во НАТО и ЕУ е само лага како што беше лагата на Глигоров дека привременото име ке трае само два месеци.
05-09-2018, 01:47 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,520
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Јани Бојаџи: Висар Вишка, советник за култура на Министерот Адеми, објави дека ми пратиле инспекција во продукцијата!



[Image: 41817532_10214998586029741_1817422575307...e=5C380357]

Завчера на фејзбук Висар Вишка, инаку советник за култура на Министерот Адеми, објави дека ми пратиле инспекција во продукцијата! Онака како што најавив во интервјуто на Алфа. Ме разочаравте. Дури и УДБА била по креативна. Вака испадна, ептен предвидливо! До час. Иако министерството за култура нема апсолутно никакви ингиренции над мене и моето работење, сепак тие се добродојдени кај нас. Нашата продукција според изјавата од пред неколку месеци на директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија е пример за добра практика и домаќинско работење, па инспекторите кои, сега е сосема јасно дека ги пратил советникот Висар Вишка, ќе можат да увидат што и како се работи, и тоа знаење да го пренесат и на другите! Но, прашањето е, прво: каква работа има советникот за култура на министерот Адеми по фејзбуци да објавува за тоа во која приватна фирма каква инспекција има!? И, второто и пострашното. Советникот за култура Висар Вишка на иститот тој фејзбук најави Пријава на Јавното Обвинителство против мене за предизвикување меѓунационална нетрпеливост. Маските паднаа! Актерот од МНТ Висар Вишка е културно-уметничкиот доктор Менгеле кој со вкрстување на законски дозволени идеи и проекти, во Македонија ќе произведе вистинита и чиста ариевска уметност која ќе ги изразува особеностите на заедничкото живеење во државата Европска Македонија! Каков национал-социјализам! Значи, според објавеното на Фејзбук, ако Висар Вишка знае на 13 ти Септември дека на 17 ти истиот месец во приватна фирма ќе има инспекција, логично е да се претпостави дека тој знае и за пријавата на Јавното Обвинителство која постои а ние не знаме, а за која тој уште завчера најави дека ќе се случи! Значи ли тоа дека актерот Висар Вишка од позиција на советник, седи во кабинетот на Министерот за култура, составува комисии, праќа инспектори и пишува пријави, кои Јавното Обвинителство само формално подоцна ќе ги потпише и објави во свое име?! Прашувам, овој пат за себе, со време да си го спремам торбичето. Господо, бољшевистички камаради уметничари: можете да праќате инспекции, да се заканувате и поднесувате пријави пред сите ваши обични и необични Јавни Обвинителства, да ме заплашувате дека следната недела ќе ме уапсите, па дури и тоа дека ќе ме убиете! Ич, ама ич не ви се плашам! Еднаш ви кажав, сега да ви прекажам: премногу тврд орев сум за вашите катни заби! Јас сум партизанско дете. Немам право заради моите предци да попуштам и потклекнам пред тиранска сила и неправда. Против фашизам јас се борам! СМРТ НА ФАШИЗМОТ! СЛОБОДА НА УМЕТНОСТА!

Фејсбук статус на Jani Bojadzi



Јани во Македонија нема фашизам!1 На власт се комунисти Титовисти-СДССМ и комунисти Марксисти Ленинисти -ДУИ
15-09-2018, 09:45 PM
Reply