Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА 27.04 Е ЛАКРДИЈА БЕЗ УТВРДУВАЊЕ НА МОТИВИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО СОБРАНИЕТО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,520
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Како Бетмен Велит (Богдан Илиевски) ги замисли обвинителството и судот


August 25, 2018
[Image: -Бетмен-и-Дурловски.jpg?resize=696%2C392]
Интересни тези и аргументи на првите рочишта од главната расправа на судењето за 27 април и упадот во Собранието на кои одбраната ги даваше своите воведни говори.
Трет ден по ред со силни аргументи, со најави за несоборливи докази, одбраната го напаѓа обвинениението на Основното јавно обвинителство кое во најголем дел од случаите според искусни адвокати и обвинители е бледо и се базира на паушални претпоставки.
Буквално секој обвинет со многу аргументи се спротиставуваше жестоко и темелно на слабите позиции на ОЈО во обвинение, кое што многумина во судско – адвокатската фела го нарекуваат „судски срам на векот“.
Меѓу подобро подготвените настапи во судот каде што тече процесот за настаните од 27 април беше тоа на Богдан Илиевски познат како Бетмен Велит кој се товари за повикување на насилство поради неговиот говор пред собранието на критичниот ден.
“Во воведниот говор за обвинението Обвинителството постави прашања кон нас организаторите кои се надевало дека ќе му бидат одговорени во текот на главната расправа. Штета што немав прилика да одговорам на никакво прашање од 27 април до денот на притворањето 27 ноември, меѓутоа во текот на постапката со цврсти убедливи докази ќе ве уверам дека ниту сме имале намера ниту сме презеле било какво дејство опишано со правната квалификација „Терористичко загрозување на уставниот поредок на Македонија“, изјави Илиевски на почетокот на својата одбрана.
“Ниту сум учествувал ниту би учествувал во било каков план или акт кој вклучува насилство бидејќи како човек не го прифаќам насилството и не верувам во насилството како начин за решавање на проблемите. Како легалист по убедување верувам единствено во правото и правните механизми како начин за регулирање на односите меѓу луѓето”, порача Илиевски во судницата и најави дека во судскиот процес ќе го докаже уште 3днаш општо познатиот факт дека
СЛОБОДАТА НА ГОВОР НЕ Е ТЕРОРИСТЧКИ АКТ туку Уставно начело и основно човекото и демократско право.
Според Илиевски но и според правните и демократските принципи истото важи и за слободата на политички став и размислување, исто како и слободата на јавно мирно собирање.
“На нашите мирни протести поставивме кодекс на однесување согласно нашите морални и етички убедувања, кодекс кој јавно го објавивме и го ширевме говорејќи за него на собирите. Баравме од учесниците на протестите да се придржуваат до нашите правила според кои говорот на омраза, било какво насилство и провокации, шовинизмот и други агресивни однесувања не се дел од Иницијативата за Заедничка Македонија.
Имаше разни провокатори со план за оцрнување на мирните протести, меѓутоа секогаш кога ќе дознаевме за такво нешто се спротиставувавме и ги осудувавме јавно”, изјави Илиевски на почетокот на својата одбрана додавајќи дека
од доказите кои се јавно достапни за сите на интернет, а можеа да се видат во директниот пренос и од илјадниците на улиците, веднаш штом дознале за избирањето на Талат Џафери за Претседател на Собранието, организаторите повикале на продолжување на мирните протести како и претходните 59 дена.
И тој и Борис Дамовски од говорница јавно да побарале предвремени парламентарни избори “што се гледа на целосните снимки кои не се манипулирани и на нив секој може да ја види целосната вистина, што не е случај со некои видео материјали пуштени по интернет во кои со минијатурни фрагменти и со зла намера се вадат вон контекст нашите протестни повици”, рече Илиевски во судот.
Пред судот Илиевски го цитираше францускиот филозоф Волтер.
„Не се согласувам со вашето мислење, меѓутоа до крај ќе го бранам вашето право да го искажете мислењето“. Во истиот дух, ја разбирам вашата должност и јас ќе го бранам правото на Јавното обвинителство да го каже своето мислење за немилите настани, иако воопшто не се согласувам со правната квалификација, бидејќи тие ја претпоставуваат, а јас ја знам вистината. Но до крај ќе се борам и за своето право за да ви докажам дека немам вина, а очекувам по изведувањето докази и обвинителството да ги добие одговорите на сите дилеми и прашања кои ги има, но и да го брани моето право, наместо правно да го гони”, рече Илиевски.
На крајот на својата воведна одбрана Илиевски изрази уверување дњка на крајот на судењето ќе се утврди дека не е виновен.
“Насилството секогаш сум го осудувал и го осудувам, верувам во демократските права и многупати јавно сум повикувал овој случај да добие правна разврска. Сам се пријавив во судот на 27-ми ноември. Убеден сум дека на крајот на постапката судот ќе биде убеден дека не сум виновен”, заклучи Богдан Илиевски во својата одбрана.
25-08-2018, 11:25 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,520
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Аплауз во судницата за Владо Јовановски за крвавиот четврток


[Image: -Јовановски.jpg?resize=660%2C437]





24/08/2018

„Снимив 50 претстави, филмови, реклами за да се јакне културата на Република Македонија“, рече актерот Владо Јовановски, обвинет за случувањата на време на крвавиот четврток во Собранието.
„Ова што ми се случува не дека не можам да го разберам, но одбивам да бидам хипнотизиран и да поверувам дека јас сум терорист. Жалам за повредените. Длабоко се извинувам. Не го љубам насилството. Зборот, освен тоа што има текст, има и контекст и поттекст и мисла, емоција, вибрација и фреквенција. Да сме живи и здрави и да живее Република Македонија. Ве љубам сите“, рече Јовановски, на што некои од обвинетите му аплаудираа.

„Со оглед на вашата професија, ја разбирам вашата речитост, но немојте со аплаузи. Сите сме патриоти. Предавници нема“, рече судијката Добрила Кацарска.


АКМИСОТ, компјутерскиот избор на тоа на кој судија ке му се падне предметот како да е закочен на името Кацарска!
25-08-2018, 11:29 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,520
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Без претходно судење за криминалот со изборот на Џафери, процесот за 27 април не е валиден

[Image: darko-janevski-2.png]

23.08.2018

Вчера започна фалсификат процесот против „терористите“ од 27 април. Кога веќе го наместија случајот кај Кацарска и кога ќе се види како се темпирани рочиштата, јасно е и како ќе заврши случајот и јасно е дека хунтава ќе прави спектакли, театри (при што оние т.н. глумци кои прв пат видоа некоја паричка од својата професија во време на „режимот“ на Грујо, ќе молчат како да се булки), а нејзините потрчковци по медиумите ќе пласираат наслови за т.н. „крвав четврток“ со цел и преку овој случај да ја заблудуваат јавноста околу референдумот.
Но, во случајот за 27 април има еден проблем кој правно ги поткопува намерите на хунтата. Не дека им е гајле за тој правен проблем, но наше е да го споменеме, а бргу, ова ќе си го добие и своето правно значење.
Имено, процесот започна без да се разреши моментот што му претходеше на влегувањето во Собранието – изборот на Талат Џафери. Иако на сите ни е јасно што се случи, правно гледано тоа е претходно прашање кое мора да се разреши за да може да почне, односно да продолжи процесот за 27 април. Дали изборот на Џафери беше сторен со криминал или не? Дали луѓето влегоа внатре како последица на тој криминал или не? Зашто една е ситуацијата ако тоа било криминал (што впрочем лесно се докажува), а сосема друга е ако мирните, наивни и добродушни пратеници од СДСМ и ДУИ, свикале легална седница и си избрале претседател на Собранието.
Зошто е тоа битно и зошто ова е претходно прашање (член 20 од ЗКП) кое мора да се разреши пред почетокот на поцесот за 27 април?  Еве, да обидам тоа пластинчо да го објаснам:
Да претпоставиме дека наместо криминален избор на претседател на Собранието, внатре се случува заложничка драма и Талат, Заев, ете неговиотн пиштолџија и некои други, киднапирале десетина луѓе. Тоа го разбираат демонстрантите надвор и влегуваат внатре. Се разбира, без дозвола, без пријавување на пријавница, туку така како што влегоа и на 27 април. Дали е тоа тероризам? Дали е тероризам ако спречиле или се обиделе да спречат загрозување на уставното право за слобода на движење на киднапираните? Која вредност за општеството е позначајна да се заштити – слободата и животите на киднапираните или редот во Собранието кој патем, веќе е нарушен со киднапирањето, освен ако некој не мисли дека таму тоа е дозволено.
Слично е и во конкретниот случај. Дали луѓето од „За заедничка Македонија“ влегоа внатре онака, зашто им беше досадно, па решија да ги прекинат пратениците во нивното доброчинителство кон народот, кралот и државата или влегоа за да спречат една група која со дејствијата се легитимираше како банда, на криминален начин да го наруши уставниот поредок на Република Македонија со криминалниот избор на претседател на Собранието?
Со оглед на елементите кои ги содржи делото тероризам (НАМЕРА за загрозување на безбедноста и поредокот, НАСИЛСТВО и третиот елемент, предизвикување СТРАВ) ова е од клучно значење за случајот. Имено, ако некој држи киднапирани лица внатре, а вие се обидете да го спречите во тоа, дали вршите казниво насилство врз него (оние што извршиле насилство) и дали сте направиле незаконски упад во објект и просторија во која не смеете туку-така да влегувате или преземате дејствија кои во крајна линија, сте и должни да ги преземете.
Ако Обвинителството на Јовевски има записници од седницата на која е избран Џафери, ако има валиден документ дека претходно овластено лице ја свикало седницата согласно Деловникот на Собранието на РМ, тогаш се што треба да направи е да ги приложи. Ако нема, тогаш и самото Обвинителство, односно надлежниот обвинител прави криминал со фактот што досега немаме процес за ова.
Но, во секој случај, без разрешување на ова претходно прашање, случајот против „терористите“ не е валиден. Толку господо комуњари, нема тука друга филозофија.
Инаку, ЗКП во вакви случаи предвидува стопирање на процесот за 27 април додека претходното прашање не се реши. Дури потоа, може да продолжи, ако има зошто. Ама тој дел од ЗКП не ви се чита, нели?
ДЕНЕШЕН. МК
27-08-2018, 01:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,520
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Втор тежок прекршок на судот во судењето за 27 април




August 27, 2018
[Image: .png?resize=696%2C465]

Освен прекршување на правниот институт Презумпција на невиност судот денеска со уште една груба грешка на судењето за 27 април.
Таа беше направена кога на еден од обвинетите Горан Ангелов судот не му дозволи да избере адвокат откако неговиот во петокот му ја откажа адвокатската услуга.
Судот во петокот на Ангелов му додели адвокат по службена должност а денеска го одби барањето да именува друг адвокат.
Од него се бараше да достави полномошно за неговиот иако Ангелов во сабота и недела беше во притвор каде што за време на викенд не се дозволени никакви посети и контакти дури и за доделување полномошно за застапување.
Технички тој не бил во можност да даде полномошно а судот го знае тоа многу добро.
И покрај тоа судот не го прекина рочиштето туку инсистираше судењето да продолжи со службено доделениот адвокат кој Ангелов не го прифаќа со што е направена груба грешка на судот.
Дополнителен срам за судот предизвика изјавата на службената адвокатка која одби да даде воведен говор за Ангелов закажан за денес затоа што дури во петок и бил доделен клиентот и немало доволно време за подготовка.
Непрекинувањето на рочиштето е груба повреда на правната процедура и може да доведе до повторување на целата постапка, што според упатени во судскиот систем им е совршено јасно и на судиите и на обвинителите.
Според нив ваквото однесување на судот може да значи дека тој е под силен притисок поради кој се прават сериозни грешки поврзани со правата на обвинетите а за кои подоцна може да биде повторена целата постапка.
Првата груба грешка на судот на штета на обвинетите за 27 април
27-08-2018, 04:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,520
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Манифест за вистината!

[Image: 20180827_054759.png]

Почитувани браќа и сестри, ние притворените и прогонуваните родољуби и патриоти веќе 10 месеци се наоѓаме во исклучително тешка ситуација. Нашите животи и нашите судбини се во рацете на други луѓе. Тоа е против Божјата волја, против принципите на ВМРО.
Нашата идеологија, а не интерес, не врати во времињата на нашите предци, а тоа се занданите. Но, тогаш комитите во туѓи ќелии. Овој пат во наши, македонски ќелии. Ние, комитите на ВМРО, комитите на модерна Македонија, заслужуваме борба и став на раководството на нашата партија. Нашите семејства, ние, нашите деца и граѓаните на Македонија ја бараат правдата и вистината.
Во името на нашата идеологија и во името на постулатите на ВМРО, бараме од вас, нашите водачи веднаш и неодложно да реагирате и застанете јавно и недвосмислено во наша поддршка за овој политички прогон.
Ова е последната капка крв на македонскиот патриотизам. На македонската самосвест. На корените на ВМРО. Ние лежиме и ќе лежиме за ВМРО и Македонија, но не прифаќаме да бидеме предадени и продадени од нашите браќа. Ние сме луѓе од крв и месо, не стока за политички пазар. Нас политиката не не’ интересира. Ние немаме политички амбиции за власт и функции. Ние сме борци, ние сме дел од народот на Македонија, горди Македонци, чија пот и жед за правда лута во судските ходници на политичкиот суд на власта.
Вие, нашите водачи, сте должни да ги браните интересите на Македонецот по секоја цена. Затоа сте избрани да не водите. Во спротивно, доколку се повторува историското предавство на македонските патриоти како во историското ВМРО, ние патриотите, во духот на Божјата правда, во името на нашите семејства, во името на историските заклетви, ве известуваме дека македонскиот народ ќе дознае дека Вие се грижите само за Вашите фотељи, Македонците го бранеа Уставот, а предавството го извршија немакедонците.
Рокот од патриотските сили до вас, нашите водачи е до 20 септември.
Политиката не стави во зандани, политиката мора да не извади. Вмровски и македонски е јавноста да ја знае вистината. Светот да ја дознае вистината. Вистината за слободна Македонија. Македонија која нема да е слободна, се додека последниот од нас е во зандани од актуелниот режим. Братски е заедно да славиме и заедно да жалиме. Водачите водат и во славје и во тага. И занданите се заеднички во името на постулатите на ВМРО. Последниот крик на Македонецот за правда е овој.
Бараме итно и безусловно да ни ги соопштите следниве работи:

1. Ставот на ВМРО за политичкиот прогон.
2. Конкретните активности на ВМРО во заштита на нашите права и борба за правда.
3. Безусловен политички притисок за прекин на политичкиот прогон.
4. Безусловно ослободување од притвор.
5. Бојкот на Собранието на Република Македонија.
6. Улична демократија за правда.

Во поглед на нашите барања братски и вмровски ве известуваме дека евентуалните политички пресуди за тероризам во сопствената држава ќе значат пресуда за престанок на последниот баталјон за Македонија и ВМРО.
Ние не се плашиме од судот на власта, се плашиме од предавството на ВМРО.
Да живее ВМРО, да живее Република Македонија!
27-08-2018, 09:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,520
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

[Image: 40159405_2055712141119114_49823040206190...e=5BF3AD16]
28-08-2018, 01:54 AM
Reply