Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЛЕВИЦАТА Е ЗАМЕНА ЗА ШЕЕСЕТИОСМАШИТЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Последната вербална дијареа на Сороспиите (Против Фрчко и компанија)

[Image: 494334-apasiev-vo-shok-sho-be-rashkovski...vlada1.jpg]
Пишува: Димитар Апасиев (член на президиумот на Левица)
Објавено на: Антропол
Натофундаментализмот во Македонија, инициран и поттикнуван од една самонаречена елита на „социјалдемократите“ и слични сателити кои гравитираат „лево од центарот“, е моментно најголемиот современ непријател на Републиката! Сакајќи оваа штетна и фејкерска појава да ни ја прикажат како „спасоносна операција за државата“, овие интелектуални Сороспии се унижуваат до сопствено непрепознавањe и бесмисла, само и само да си ги одработат однапред штедро платените надници. Во овие карикатурални ликови ја гледаме сета нестварност на човекот и сета стварност на нечовекот.
Сите овие проамерички аргати кои се одмочуваат од само една насмевка на некој странски амбасадор – камуфлирани во разно разни професори, уредници, новинари, колумнисти и други „сатанисти“ (замаскирани во аурите на разно-разни Фрчковци, Најчевци, Геровци, Тричковци, Ордановци, Ружиновци, Кабрановци, Кокалановци, Ероловци, Гораневци, Денковци, Јаневци и други слични Борјаневци) – ја вознемируваат широката публика, како наводни „опинион-мејкери“, со божемни апокалиптични сценарија во случај на неуспешен референдум, не можејќи да сфатат дека баш тој неуспешен референдум е спасоносен за Републиката и првата почетна точка кон нашата посветла и просперитетна иднина, која зависи од нас самите. Доколку не успее референдумот, Македонија во перспектива ќе влезе во ЕУ со нејзиното уставно име и никако поинаку! НАТО приказната тука ќе биде завршена, бидејќи и онака Македонија не е земја со атлантска, туку со европска култура и историја. Впрочем, Тито тоа најдобро го знаеше, па затоа ги направи „Неврзаните“.
Ова гнасно пропагандно користољубие на горенаведениот соросписки хор, сиот нивен предреферендумски дилентантизам со кои одработуваат за сумите со кои се преплатени и за жиро-сметките за кои се опсесивно лукративно врзани – слободно можеме да го сместиме во категоријата на антинародна публицистика. Највисок степен на професионално и персонално унижување е кога ќе видиш „успешни луѓе“ кои до април тврделе едно, како од мај имаат дијаметрално спротивни ставови, за едно исто идентитетско прашање – фундаменталното прашање за самоопределување на народите! Тоа е свето и неприкосновено право за кое се воделе народно-ослободителни и антиколонијалистички војни насекаде низ светот, но за овие петоколонаши и квислинзи нема ништо свето, сè е бруто или нето.
Со истите овие шарени лаги и излитени фори за ЕУ и НАТО нè лажеа кога се распаѓаше Југославија; истите шарени лаги ги слушавме кога си ги продаваа државните фирми во криминалната приватизација; истите лажги со опашки ги имаше за време на граѓанската војна во 2001, истото ова го имаше за време на територијалната поделба 2004, истото го има и денес, додека си ги местат тендерите и си ги запослуваат швалерките!?
Триесет години реприза! Триесет години фабрикувани будалаштини, додека пола држава се исели во нормалниот цивилизиран свет, за нивните деца да работат „државно“. Вашите деца сега се далеку од корумпираните елити на комуњарите и вмроидите, но се далеку и од вас – токму заради ваквите профитерски непрокопсаници. Оваа црвенобуржујска клика, која уште од времето на Југославија е научена на привилегии, ќе стори се истите да ги зачува! Немојте во тоа да се сомневате.
Овие системски конвертити паразитираат во секој режим, умешно верглајќи ги своите научени стихотворенија. Тие не даваат ништо друго освен празни зборови, а сакаат другите да дадат сè. Затоа социјалдемократијата зборува „а-ла-Тарзан“ англиски, а народот си цепа вулгарен македонски. Ете, затоа ние не се разбираме. Овие патријарси на милитаризмот, кои не ни прават разлика помеѓу ЕУ и НАТО, го убедуваат осиромашениот и испокраден плебс, кон кого гледаат со одвратнотилук и висока доза на презир, дека е „набањат и недугав“, па затоа треба влечен за уши да излезе на претстојниот илегален референдум за самоукинување. Ох, каква детинеста наивност од страна на овој опортунистички џган.
Нивниот владин догматизам кон Јенките не може да се смисли без мантрање. Нема политички супстрат, ама има мантра! Мантри и само мантри: „НАТО ќе не брани, ЕУ ќе не храни“ – велат нивните мозочно заѕидани медиумски папагалчиња. Притоа, тие не ја гледаат општата изопаченост, алиенираност и декадентна расипаност на новопечените јавни функционери и директорчиња, кои нема ден, а да не направат скандал од национални размери. И тоа на наша сметка. Со наши пари!
Ова свесно фалсификување на реалноста го прават купени за ситна и не толку ситна кешарија. Без грам кредибилитет ги верглаат научените рефрени на семинарите, како вечити драскања на тастатурата и твитовите во виртуелниот свет во кој живеат. Овие шверцери на сопствените животи и апологети на силата наспроти Правото, кои за личен профит се спремни дури и да се самоукинат и испарат, ја создаваат нечовечната стварност во која битисуваме сите ние. Контаминираат, плашат, стигматизираат, етикетираат, навредуваат… И очекуваат да не им биде реципрочно возвратено.
Побеснети се затоа што операцијата „самоукинување“ не им оди со планираната динамика. Слободоумниот, разумен и обичен народ дава непредвидлив и неочекувано јак и стихиен отпор, олицетворено преку разноликоста на движењето #Бојкотирам! Тоа ги шашардисува нивните редови и ги прави здивени, со пени на устите. Тоа се таков калибар на луѓе, кои – да претпоставиме дека сме во НОБ за време на Втората светска војна – би ги презирале „парталавите и идеалистички настроени млади партизани“ и истите би ги предале на спастрените и цивилизирани окупаторски наци-војници. Тоа е таа структура на луѓе од која се срами секој чесен и воспитан човек.
И тие сега нам ни велат: „Вие сте ретроградни елементи“!? Ние кои го носиме пламенот на Револуцијата против Стариот режим на груевизмот, кои ги гаиме идеалите на непокорот и борбата за подобро утре, кои си ја ставивме главата в торба кога беше противправната претседателска аболиција на криминалците, кои сме спремни да изгинеме сите до еден за левичарската кауза во која веруваме, кои уште се влечеме по судниците на „реформираното судство“ – е токму ние нема да дозволиме да нè доведете во дефанзивна позиција! Достоинствено и неподмитливо одбиваме тоа да ви го допуштиме.
Тука сме да ве напаѓаме, а не да се браниме. Дојде времето нашиот свет да стане против вашиот! Овој пат до крај. Ако треба и преку нова есенска Црвена револуција, во случај да го лажирате народниот гнев кој тлее. Оти, сама се дига фуријата. И немојте да се сомневате во моќта на нашиот пркос! Бидете сигурни: ќе ја пресечеме секоја рака што ќе се осмели да го изманипулира народот.
Ете затоа #Бојкотирам. Оти пролупаната социјалдемократија веќе не е секси, другари! Берете памет и поздрав од Јакобинското крило.
23-08-2018, 10:21 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Димитар Апасиев: Македонија има најнедостапна и најскапа правда во Европа!




[Image: 39257299_345556192651183_2346028316667936768_n-1.jpg]





20.08.2018
Дојде време кога луѓе остануваат без правна заштита затоа што им е страв да утужат, бидејќи може да го изгубат не само спорот, туку и целиот свој имот или животна заштеда – затоа што имаме нереално високи судски трошоци, говори за ЈанакиЗнае Проф. д-р Димират Апасиев, кој се надоврзува дека политичката партија „Левица“, чиј член на президиум е, се залага за дефинитивен законски крај со работата на извршителите во Македонија, кои според многумина се покажаа како одвишок на системот и служат само за лично богатење на стотина луѓе, на сметка на „дерење“ на народот до гола кожа. Професорот по право, исто така истакнува дека, со нетрпение го чека толку најавуваното илегално објавување во Службен весник на РМ на Законот за јазици и на Законот за ратификација на Договорот со Грција, без потребниот потпишан указ од Претседателот на Републиката, за истите правно да ги собори.

ЈанакиЗнае: Со програмата на политичката партија Левица, за вонредните парламентарни избори во 2016 година, предлагавте радикални измени во правниот сектор: укинување на извршителите, намалување на адвокатската тарифа итн. Се залага ли Левица сè уште за укинување на извршителите?

Димитар Апасиев: Да, во сферата на правосудството Левица ја имаше убедливо најдобрата програма сообразена со потребите на мнозинството од осиромашениот и испокраден народ, во време на транзицијата. Колку за потсетување ние се залагаме за: реформа на уставното судство преку воведување на институтот „уставна тужба“ за правата заштитени со Европската конвенција за човекови права; jуридизација на правото, преку задолжителна примена на судската пракса на Европскиот суд за човекови права (Стразбур); воведување на правичноста како извор на правото при пресудуваањето од страна на судовите; воведување на најопремени и најсовремени правни библиотеки во судовите, со претплата до стручна литература од најеминентните бази на податоци и светски познати странски правни списанија и зборници; воведување на Централна база на судски пресуди од страна на Врховниот суд на РМ, со цел воедначување на судската пракса и создавање прегледно „прецедентно право“; укинување на второстепените управни комисии, кои делуваат како квази-судски инстанци, и пренесување на нивните надлежности на Управниот суд, кој треба да биде кадровски доекипиран и зајакнат, со цел носење на мериторни одлуки со што значително ќе се скратат управните постапки; воведување на специјализирани судови (кривични, прекршочни, имотни, работни, трговски и др.); укинување на трајниот мандат на судиите и воведување старосен цензус за избор на судии; дефинирање на флоскулата „истакнат правник“ со цел спречување на нејзина идна злоупотреба при изборот на членови на правосудните тела за избор на судии и обвинители итн.
Во однос на прашањето за извршителите, одговорот останува потврден. Ние сме доследни на тоа што го ветуваме, односно се залагаме за дефинитивен законски крај со работата на извршителите во МК, кои се покажаа како одвишок на системот и служат само за лично богатење на стотина луѓе, на сметка на „дерење“ на народот до гола кожа.

ЈанакиЗнае: Што со спороста на судското извршување, што беше и една од главните причини за воведување на извршителите во 2005 година? Како би го решиле тој проблем?

Димитар Апасиев: Преку законски измени и преку радикални системски реформи кон подобро. Кога станува збор за Правдата, македонските граѓани мора да сфатат дека благите реформи не се доволни, туку тие се само вакцина за болното судство. Затоа мора да се обезбедат реални и опипливи услови за полесен пристап до правдата и право на добар судија. Оти каква корист имаме ние од судиите, кога тие можат да бидат принудени да се сложат со неправичните барања на властодршците и нивните пајташи.
Прво, кај нас мора да се изврши кодификација на граѓанското материјално право преку носење на Граѓански законик; понатаму, при секоја законска измена мора да се носат официјални пречистени текстови на законите кои се менуваат или дополнуваат, за да се зајакне правната сигурност на луѓето. Поразително е сознанието дека сиромашната Македонија има најнедостапна и најскапа правда во Европа! Преку авансираното плаќање на судските такси и трошоци за вештачење, оневозможено е елементарното право на пристап до суд. Тоа е алармантна ситуација. Луѓе остануваат без правна заштита затоа што им е страв да утужат, бидејќи може да го изгубат не само спорот, туку и целиот свој имот или животна заштеда – затоа што имаме нереално високи парнични трошоци. Затоа, ние се залагаме за законско фиксирање на парничните трошоци (судски, адвокатски, нотарски, извршителски и др.) на максимум 1/4 од главницата на спорот!
Ние сме и единствената партија која нуди укинување на приватните извршителски канцеларии и воведување на државни судии-извршители, кои ќе работат за плата, со цел да се спречи легализираниот грабеж на граѓаните во постапката на присилно извршување. Нашиот систем е еден од најсуровите извршни системи во Европа! За сметка на ефикасноста, ја жтртвувавме социјалната правда и правичноста, што е недозволиво. Планираме наместо да прогласуваме технолошки вишок на судии – бидејќи реално, според европскиот просек, на два милиони жители треба да имаме максимум 400 судии, а ние имаме околу 650 – па, наместо да ги бркаме од работа, би ги преименувале во специјализирани судии- извршители. Така, бројот на судии извршители би бил дваипол пати поголем од сегашниот број  на извршители, со што би се решил проблемот на бавноста во наплатата. Дополнително, би се вовеле и разумни максимални законски рокови за судење во сите судски постапки, па и во извршната – со предвидени санкции во случај на неиполнување на нормата која еден судија може реално да ја оствари. Така што, постојат илјадници механизми и проверени добри практики, само потребна е политичка волја за промени. А таа, очигледно, изостанува.

ЈанакиЗнае: Свесни ли сте дека само Управниот одбор на Адвокатската комора на РМ има надлежност врз адвокатската тарифа? Познат ли ви е овој факт, со оглед на тоа дека ветувате државна интервенција во овој дел?

Димитар Апасиев: Да. И ние таа надлежност планираме законски да им ја одземеме. А, притоа, наполно сме свесни дека под итно е потребно драстично намалување на постоечките тарифи за награди и надоместоци на адвокатите, нотарите и извршителите. За почеток, треба централно одредување на тарифата од страна на државата, сообразно со животниот стандард на граѓаните. Не може еден адвокатски поднесок да чини колку месечна плата на фабрички работник! Тоа е неодржливо во една социјална држава и штетно за темелите на една нормална општествената заедница.
Од друга страна, треба да се врати она што го имавме до 90-те години, односно во бивша Југославија, како што е во цела Европа и Америка, а тоа е професорите по право да можат да имаат свои адвокатски канцеларии, како и секаде во светот. Оваа одредба кај нас е укината под притисок на адвокатското лоби, кое беше уплашено дека професорите ќе им ја земат работата на адвокатите. Оваа одредба е толку глупава, како да му забраните на хирург, кој е професор на Медицински факултет, да врши операции во сала, само затоа што станал професор!? Затоа, во блиска иднина, докторатот по право мора да се изедначи со правосудниот испит, со цел воведување на стручна конкуренција при давањето квалитетна адвокатска правна помош, која ќе биде подостапна за нашите сограѓани.

ЈанакиЗнае: Во овој дел, како да ги изоставувате нотарите, намерно или не!? Кои се плановите на Левица за нотарите?

Димитар Апасиев: Не. Не ги забораваме, туку за нив имаме предвидено „специјални изненадувања“. Се шегувам… Прво, мора да се регулира нивната тарифа и истата драстично да се намали. Потоа, да се изменат неколку закони кои бараат задолжително нотарско заверување на приватните исправи, на пример, полномошна, договори, фактури и слично, затоа што тоа не е неопходно и потребно секаде. Следно, нивната фела треба да се отвори за влез на нов кадар, слично како и адвокатите, бидејќи вака е дувло на корупција. Впрочем, неофицијално, меѓу колегите веќе се знае и сумата на митото која треба да се исплати за да бидете назначен за нотар, најчесто преку една политичка партија која е вечита власт во Македонија, односно коалиционен партнер и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. И, конечно, треба да се воведе надворешна државна контрола во случај на дисциплински престапи од страна на нотарите, во случаите на нестручно и несовесно работење со странките, особено сега кога тие стануваат легални повереници на судот. Тие не смеат да бидат заштитените мечки во нашиот правен систем. Впрочем, од Македонија се селат само лекари и професори. Никој досега не чул да се исели некој нотар или извршител, што само по себе говори дека тие имаат нереално високи приходи, слично колку и големите компании, акционерските друштва или банките – небаре не живеат заедно со нас, туку во некој паралелен универзум на богатите и најскапо платени професии.

ЈанакиЗнае: Во неколку наврати повторувате дека каматите на комерцијалните банки во Македонија се лихварски и се поголеми од време турско. Како би реагирале доколку утре сте извршна власт?

Димитар Апасиев: Радикално! Не постои револуција во светот која не ги запалила должничките книги. Впрочем, во Македонија, околу 85% од вработените во јавниот сектор, кои се кредитоспособни, живеат во должничко ропство на банките – со потрошувачки или станбени кредити задолжени за 30 години однапред. Другите, вработени во приватен сектор, немаат ни елементарен пристап до кредитните линии, затоа што од старт се инсолвентни. Тоа е нездраво за општеството и здравата социјална клима, затоа што ги прави луѓето перманентно стресни и загрижени за својата секојдневна егзистенција. Оттука, мора радикални резови во овој сегмент на лихво-банкарската мафија.
Републиката мора да изнајде механизам за намалување на вишокот на ликвидност во банкарскиот систем. Мора законски да се укинат измислените банкарски провизии кои ни ги наплаќаат за сè и сешто и со кои крупно нè крадат „на ситно“: за платен промет; за водење трансакциски сметки на граѓаните; за наплата на административни такси; за електронско банкарство; при обична проверка на сметка или вадење пари од банкомати на различни банки; измислени „членарини“ за користење кредитни или дебитни картички итн. Колку за потсетување, судовите во соседна Србија веќе почнаа да носат пресуди во корист на клиентите кои плаќале непостоечки административни трошоци за одобрување на кредити, бидејќи истите со право се третираат како стекнување без основ. Прашање на време е кога и македонските судови ќе почнат да носат вакви правосилни и извршни пресуди против банките, бидејќи исти вакви одредби содржи и нашиот Закон за облигациони односи (2001) – па, еве, јавно ги охрабрувам граѓаните масовно да ги тужат комерцијалните банки за правно неосновано збогатување преку нивниот грб и мака.
И конечно, мора да се намалат затезните казнени камати и тие да градираат согласно богатството, приходите и платежната способност на граѓанинот.  Мора да се утврди максимално ниво на реалните каматни стапки кои банките можат да ги наплаќаат (т.е. каматните стапки коригирани за инфлацијата), и тоа на редовна квартална основа. Во Римското и во Византиското право, на пример, највисоките каматни стапки биле од 4% до 6%, а денес тие – заедно со сите скриени трошоци – достигнуваат вртоглави двоцифрени бројки. Колку за илустрација, за еден семеен станбен кредит од 50.000 евра, вие треба да вратите дупло повеќе, односно над 100.000 ЕУР!? Ова не е нормално и мора да престане!

ЈанакиЗнае: До Основното јавно обвинителство – Скопје поднесовте кривична пријава против премиерот, за наводно ставање на Република Македонија во положба на потчинетост од друга држава (Р. Грција). Се произнесе ли ОЈО Скопје по Вашата пријава?

Димитар Апасиев: Да, поднесовме за премиерот, а во план сме да поднесеме и за министерот за надворешни – каде што има поголем основ за одговорност, а и повеќе докази, особено по потпишувањето на капитулантскиот т.н. Преспански договор.
Во однос на пријавата против премиерот, основниот јавен обвинител Зорица Павловиќ истата експресно побрза да ја отфрли како „жежок костен“, со свое првостепено решение, без детално и темелно да го испита случајот и пристапувајќи му со очигледна несериозност, паушалност и површност. По ваквото тенденциозно и аматерско постапување, кое како да се води од однапред донесена и прејудицирана политичка одлука за отфрлање на кривичната пријава, без никаква желба подлабоко и посуштински да се навлезе во натамошно нејзино испитување, ние поднесовме жалба до Вишото јавно обвинителство во Скопје. Но, очекувано, тамошната обвинителка Мимоза Илиќ ја отфрли оваа наша жалба, без правно засновано и сосем контрадикторно образложение на второстепеното решение. Ова е само уште еден доказ за опстојувањето на заробената држава, како и потврда дека на македонското правосудство му треба радикално реформирање, од корен.
Но, сакаме да ја потсетиме јавноста дека ова сериозно кривично дело застарува за 20 години, па можеби во иднина, некој понезависен и поодважен републички јавен обвинител ќе го отвори и испита овој флагрантен случај кој спаѓа во групата на политички криминалитет од највисок вид.
ЈанакиЗнае: И како партија Левица, и како поединец, т.е. професор по право, сте прилично активни со претставки до Уставниот суд на РМ. Кои законски решенија најчесто ги таргетирате за покренување на успешните иницијативи до Уставен?
Димитар Апасиев: Со гордост можам да кажам дека Левица, во овие нецели три години постоење, го создаде еден од најдобрите, ако не и најдобар партиски Правен сектор во РМ. Претежно, наша идеолошка цел се трудовоправните и социјални закони, кои ги напаѓаме кога власта неосновано се обидува да им скрати одредени права на вработените или на невработените, со цел да им удоволи на бизнисмените и крупните капиталисти кои ја финансирале нејзината предизборна кампања.
Но, во последно време таргетираме и прашања од поширок јавен интерес, како на пример собраниската Одлука за распишување на референдумот, кои цениме дека се противуставни и противзаконити и дека на тој начин ќе постигнеме поголем ефект и поголемо добро за народот, кој најчесто е неук во правните теми за кои се бара поспецифично и постручно знаење. Во блиска иднина планираме да поднесеме и предлог за решавање на судир на надлежности, во врска со узурпирањето на претседателската екслузивна надлежност од страна на министерот за надворешни работи при склучување на октроираниот т.н. Преспански договор. А, искрено, со душа го чекаме и реализирањето на толку најавуваното илегално објавување во Службен весник на РМ на Законот за јазици и на Законот за ратификација на Договорот со Грција, без потребниот потпишан указ од Претседателот на Републиката, за истите правно да ги собориме.

Кратка биографија за соговорникот
Димитар Апасиев е доктор на правни науки. Тој е долгогодишен активист на Движењето за социјална правда „Ленка“. Работи како доцент на Правниот факултет при Државниот универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Катедра за граѓанско право. Предава Римско право, Судскa реторика и Филозофија на правото.
Има учествувано на преку стотина домашни и меѓународни симпозиуми, научни расправи, стручни собири, конференции, летни и зимски школи и јавни дебати од различни области на правото – во земјата и странство.
Учествувал во неколку научно- истражувачки проекти и има објавено десет книги и монографии, во коавторство со видни наши професори и академици; како и над 50 статии, односно, научни и стручни трудови, поглавја, прикази на книги, истражувачки студии и есеи.
Член е на повеќе работни тела, комисии, мрежи, стручни платформи и бази на податоци, со креирани акаунти и професионални open access профили. Бил консултант и правен советник на неколку правосудни државни органи, синдикални организации, граѓански здруженија, неформални активистички иницијативи и општествени движења.
 

ЈАНАКИЗНАЕ
23-08-2018, 03:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Димитар Апасиев(2): Некои прашања не заслужуваат одговор

[Image: 39257299_345556192651183_2346028316667936768_n-1.jpg]

Интервју / 27 Август
Дајте им права на работниците, затоа што се работници, а не затоа што се Албанци или Македонци. Оти сиромашниот Албанец од Дебар и сиромашниот Македонец од Виница живеат подеднакво лошо, додека богаташите од двата етникума уживаат во своите луксузни удопства и привилегии, недопирливи за правото и законот, без оглед дали се Македонци или Албанци, ова е класната борба за која се залага политичката партија „Левица“. Затоа, соживот е можен само меѓу освестени граѓани и без потпалување на меѓуетничка омраза, шовинизам и нетрпеливост, истакнува Проф. д-р Димитар Апасиев во вториот дел од интервјуто за ЈанакиЗнае. Во врска со актуелните судења за настаните во Собранието на РМ од 27ми Април 2017, каде се добива впечаток дека се гонат само извршителите, а не и нарачателите, професорот по право го дели мислењето, сметајќи, дека истите се гонат по погрешен член од Кривичниот законик!? Наместо, по чл. 313 – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, тие треба да се гонат по чл. 305 од КЗ – за делото кое неумесно е крстено како Велепредавство.

ЈанакиЗнае: Бевте и сте гласен противник на Законот за јазиците. Проблемот е идеолошки, прескокнатата процедура, или нешто сосема трето?

Димитар Апасиев: Проблемот е измешан и наметнат. Принципиелно, како професор по право, ми смета неправичност и „курчење“ на функционери од позиција на сила и моќ! Тоа е недозволиво во демократска држава, каква што по Устав сме се обврзале да градиме. Уставотворецот одредил само пет области каде и кога може да се употребува јазикот на малцинствата. А не десет пати повеќе, т.е. 50, како што предвидува овој непромислен закон за двојазичност, кој беше буквално прошверцуван во собраниската зграда. Оттука, доносителот на спорниот закон не може да се смета за слободен – на мошне дрзок, силеџиски, арбитрарен и самоволен начин – да дорегулира иманентно уставни прашања по свое наоѓање, секогаш кога за тоа нема да најде изречна забрана во Уставот! Оти, во крајна линија, Уставот не е список на забрани и дозволи, туку супериорен и највисок државно-правен акт (lex fundamentalis), кој содржи генерички норми со кои се уредуваат општествените односи на точно определен, а не на некој друг поинаков и имагинарен начин. И тоа мора примарно и примерно да се почитува токму од носителите на власта, во спротивно стануваме тиранија.
А, пак, официјалниот јазик е техничко прашање за разбирање, а не прашање на асимилирање. Тоа беше затворено и ставено ad acta со претходниот закон. Ако овој новонаметнат парализирачки закон, кој е плод на национализмот на ДУИ, влезе во сила, на големо го отвара патот за федерализација и идна сецесија, и неповратно го поткопува унитарниот карактер на Републиката. А тоа е спротивно на Уставот, како своевиден оштествен договор, и токму затоа реагиравме. Впрочем, како прогресивни млади луѓе и левичари, ние се залагаме прашањата да се решаваат на класна, а не на етничка основа! Дајте им права на работниците, затоа што се работници, а не затоа што се Албанци или Македонци. Оти сиромашниот Албанец од Дебар и сиромашниот Македонец од Виница живеат подеднакво лошо, додека богаташите од двата етникума уживаат во своите луксузни удопства и привилегии, недопирливи за правото и законот, без оглед дали се Македонци или Албанци. Затоа, соживот е можен само меѓу освестени граѓани и без потпалување на меѓуетничка омраза, шовинизам и нетрпеливост.

ЈанакиЗнае: Неодамна Уставниот суд на РМ утврди повреда на граѓанските права на активистите на Левица лишени од слобода минатото лето, поради антимилитаристички протест. Дали покренавте и кривични постапки против овластените службени лица на МВР?

Димитар Апасиев: За оние колеги кои ја следат уставно-судската пракса, ова е мошне пријатно изненадување. Нашата цел, заедно со адвокатката Павлина Зефиќ која брилијантно ги застапуваше двајцата наши противправно уапсени членови, беше да стигнеме до Стразбур, во случај на вообичаеното ноншалантно однесување на македонскиот Уставен суд. Но, уставните судии – на наше пријатно изненадување – веројатно ја сфатија сериозноста на ситуацијата, па невообичаено во вакви случаи досега, закажаа јавна расправа и пресудија во наша корист. Тие утврдија дека полицијата ги пречекорила своите овластувања и извршила политичка дискриминација врз членовите на Левица, оневозможувајќи им притоа да ја искористат уставно загарантираната слобода на јавно изразување – со тоа што им ставиле лисици на рацете и им го тргнале антимилитаристичкиот и антинато транспарент на кој пишуваше: „Против војните за профит“!
Од она што го дознавме на расправата во Судот, изненадува дека петтемина полицајци (Зоран Јовевски, Ивица Петрушевски, Ведат Сељман, Јованчо Јаневски и Зоран Манчев) воопшто не се санкционирани, дури ни дисциплински, а камоли пак кривично казнети – и покрај тоа што Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР утврдил нивна дисциплинска повреда и предметот го предал на ОЈО за понатамошно процесуирање. Ова само говори за нужноста од воведување надворешна контрола врз работата на МВР, бидејќи очигледно е дека полицајците се штитат меѓусебно, секогаш на штета на цивилите и обичните граѓани.

JанакиЗнае: Дали го делите впечатокот дека се гонат само извршителите, а не и нарачателите, за настаните во Собранието на РМ од 27ми Април 2017?

Димитар Апасиев: Да. Тоа е очигледно. Но, спорно за мене како правник, е тоа што учесниците во ланските немили настани од 27 април, кога толпата, потпомогната одвнатре, влезе во Собранието и тепаше пратеници, е тоа што истите се гонат по погрешен член од Кривичниот законик!? Наместо, по чл. 313 – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, тие треба да се гонат по чл. 305 од КЗ – за делото кое неумесно е крстено како Велепредавство. Впрочем, споредете го само описот на битието на делото и ќе сфатите дека тие намерно се водат како обвинети за потешко дело, за кое е запретена двојно поголема минимална казна (најмалку десет, наместо пет години затвор) – сè со цел да може да се манипулира со одредувањето на мерката притвор. Во егземпларниот законски опис на делото тероризам стои дека треба да е предизвикано со „експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие кое предизвикува страв или несигурност“, за што во конретниов случај не може да стане збор! Напротив, нивното казниво дејствие сосем соодветствува на описот даден во чл. 305 од КЗ, односно дека ќе се казни оној кој „со употреба на сила или сериозна закана ќе се обиде да ги собори највисоките државни органи“, како што впрочем е Собранието на РМ. Во случајов не станува збор за некакво си апстрактно насилство, туку на конкретно насилство насочено спрема пратениците – со што е исполнето битието на ова, а не на делото за кое се теретат. Но, останува да видиме дали можеби обвинителството ќе го преиначи обвинението, во натамошниот тек на постапката.

ЈанакиЗнае: Како ја оценувате тригодишната работа на СЈО, од кое обвинителство, како советник за граѓанско-правни прашања, бевте дел во минатото?

Димитар Апасиев: Кога ќе ме прашаат за СЈО, секогаш ми иде споредбата со плабејскиот трибун од Римското право, кој Римјаните, поточно плебејците го побарале заради зулумите кои секојдневно им ги правеле патрициите. Мислам дека неговата појава беше историска нужност, после обелоденувањето на „бомбите“ за корупциските мега-скандали на претходната владејачка гарнитура. Со текот на времето, ценам дека тоа треба да се инкорпорира во постоечката обвинителска структура и да го замени нефункционалното посебно оделение за гонење на организиран криминал и корупција на ниво на цела држава.
Во поглед на неговата работа, имаше период на комплетна опструкција од инсталираните судии во Кривичниот суд. Тој период мислам дека полека е надминат. Но, морам да предупредам, заради зачувување на професионализмот и непристрасноста во работењето, особено после промената на власта, не смее да се навлезе ниту во другата спротивност – а тоа е судскиот патернализам во постапувањето по неговите предмети. Со други зборови, од „грдото пајче“ во системот, кое никој го нејќе, не смее СЈО да стане „Заспаната убавица“ која сите ја сакаат. Имено, новите предметни судии не смеат да претераат во додворувањето на новите властодршци, изрекувајќи незаслужени драконски казни или повредувајќи го правото на одбрана и „еднаквост на оружјата“ кое го има секој жив човек, туку мораат да обезбедат транспарентни и фер судења и доследно да ја следат праксата на Европскиот суд за човекови права. Судиите, кои и понатаму се бираат од партиските тефтерчиња, но сега на СДСМ и ДУИ, мора да разберат дека било кој обвинител е само странка во постапката и ништо повеќе од тоа, оти во спротивно – ако покрај обвинителот, на врат го имате и судијата, навистина ќе ви треба Господ за да ве одбрани.

ЈанакиЗнае: Ни претстои референдум закажан на 30 септември 2018. Дали, според Вас, референдумскот прашање е манипулативно?

Димитар Апасиев: ДА и, следствено на тоа, е законски забрането! Вака формулираното прашање не го задоволува Европскиот т.н. троен тест на единство, предвиден во Венецијанскиот Кодекс за добри референдумски практики [2007]. Според овој тест, за исходот од прашањето да биде правно валидно тоа мора да има: (1) единство во формата – да не е текстуална комбинација на неповрзани и нафрлани конкретни и апстрактни целини, односно, како во случајов, на извесен „договор“ и неизвесно „членство“; (2) единство во содржината – мора да има релевантна и суштински битна „вродена врска“ помеѓу различните делови на прашањето, што во случајов изостанува, затоа што искуството и праксата нè учат дека не постојат „евро-атлантски“, туку одделни и сосем независни „европски“ и „атлантски“ интеграции; и (3) единство во хиерархијата – да е предвидена иста правна процедура за имплементацијата на резултатите од референдумот, што во случајов не е испочитувано затоа што за влегувањето во ЕУ и во НАТО предвидени се сосема одвоени правни режими, со различно поставени уставни процедури за влез – во случајот со ЕУ се применува чл. 120 [„членство во сојуз или заедница“], а во случајот со НАТО се применува чл. 121 од Уставот [„членство во меѓународна организација“].
Oд споредбеното уставно право, најсличен „кејс“ со нашиов е т.н. Португалски случај. Таму, во 2004 година, беше направен обид да се спроведе ваков комбиниран, сомнителен и амбивалентен референдум, кој ќе содржи три прашања во едно – но, истиот беше експресно санкциониран од страна на португалскиот Уставен суд. Во својата касаторна одлука Уставниот суд на Португалија правилно оценува дека, со поставувањето на три залепени прашања, се создава само привид на единство и не се исполнети условите за јасност на вака поставеното референдумско прашање, па предложениот референдум го прогласи за противуставен. Во образложението на касаторната одлука е наведено, дека прашањето поставено за електорално референдумско изјаснување мора да го задоволува критериумот на експлицитност и да биде конципирано на најдобриот и најсфатлив можен начин за граѓаните, кој го доловува контекстот на ситуацијата за која се гласа.

ЈанакиЗнае: Како индивидуа, но и како партија, ќе гласате: ЗА, ПРОТИВ или, пак, ќе го бојкотирате референдумот?

Димитар Апасиев: Најпрво, се надеваме дека Уставниот суд на РМ дотогаш ќе ја поништи Одуката за распишување и референдум воопшто нема да има! Но, доколку има – секој нормален човек, кој има барем еден милиграм памет и вродено човечко достоинство, нема да излезе да гласа за сопствено самоукинување и ќе го бојкотира овој обесчестувачки референдум. Впрочем, правото на негласање е гарантирано со чл. 7, ст.3 од Законот за референдум (2005), којшто е донесен токму од страна на СДСМ: „Никој не може да биде повикан на одговорност за гласање, односно негласање на референдум“!
Како што е веќе познато во јавноста, Левица од самиот почеток е предводник на кампањата за бојкот и апелира до сите граѓани, без оглед на нивната етничка, класна или идеолошка припадност и провиниенција, да не потпаѓаат под лажгите со опашки кои им ги сервираат корумпираните политичари, за некаква си светла иднина ако се обезимениме, туку тој неделен ден воопшто да не излегуваат да гласаат. Нека одат на пикник, на прошетка со своите деца, на планинарење, нека гледаат телевизија, нека слушаат музика и сл. Само нека не излегуваат на наместеното гласање! Значи повторувам, не да излезат и во знак на револт да гласаат ‘против’, оти на тој начин ќе придонесат во остварување на потребниот минимален цензус, туку воопшто да не излегуваат на гласање. Бидејќи, навистина, некои прашања не заслужуваат одговор.
Во поглед, пак, на резултатите од извесниот неуспешен референдум, повторно би се повикал на Кодексот за добри референдумски практики (2007) на Венецијанската комисија при Советот на Европа – кој, во точката 51 од неговиот објаснувачки Меморандум, дословно вели: „Цензус за излезност значи дека, во најдобар интерес на оние кои се против предлогот, е да апстинираат/бојкотираат, наместо да гласаат против! Нивното негласање го зголемува процентот на неизлезност, а со тоа и шансите дека потребниот цензус за успешност и валидност на референдумот нема да биде достигнат. На пример, ако 48% од гласачкото тело е ЗА предлогот, 5% е ПРОТИВ него, а остатокот од 47% од електоратот планира воопшто да не гласа, тогаш петте проценти на противниците на предлогот треба само, на денот на референдумот, да не се појават на гласачкото место [т.е. да си седат дома], за така [интелигентно, елегантно и легално] да го наметнат своето гледиште над оние кои се ‘за’“.

ЈанакиЗнае: За крај, кажете ни, дали Левица и Вие лично би поддржале поширок граѓански фронт за декриминализација/легализација на канабисот во Република Македонија?

Димитар Апасиев: Да, секако! Впрочем, Левица беше меѓу ретките партии кои во својата предизборна програма храбро и одважно предвидуваше целосна декриминализација на канабисот, првенствено за хумани и медицински цели, како и укинување на глобите за користењето на марихуаната за рекреативна лична употреба на полнолетни лица. Оваа прохибиција и стигматизација на конопот, која е традиционална и најлековита билка на нашите ниви, конечно мора да престане. Но, од друга страна, не смееме да дозволиме од нејзината легализација да профитира т.н. фармацевтска мафија т.е. само мал број веледрогерии и велепоседници, блиски до власта и министрите, туку бенефитот мора да е во полза на народот и на ситните земјоделци.

ЈАНАКИЗНАЕ
27-08-2018, 01:35 PM
Reply