Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
И НАТО ГО ПРАТИ КАТИЉ ФЕРМАНОТ-НИКОЈ НЕ ВЕРУВА ВЕКЕ НА ЛАЖОВОТ ЗАЕВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,410
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:НАТО ги испорача условите за членство на Македонија


[Image: 455px-Location_NATO_2017_blue.svg.png]
Дали НАТО ке е НАТО без САД ??

20 август 2018
Владата на Македонија ги прими упатствата на НАТО кои треба да се исполнат во временски период од 18 месеци, како што беше наведено на Самитот на Алијансата што се одржа на 11 и 12 јули. Македонија мора да исполни голем број политички, економски, безбедносни и судски услови, а успесите на земјата мора да бидат крунисани до крајот на април 2020 година.
Во документот испратен до институциите што Алсат М го обезбеди од свои извори, за сите министерства има многу задачи, но нивната координација ќе биде направена од страна на Координативен совет на владино и министерско ниво, кој се очекува да помине на седница на извршната власт следниве денови. Во документот испратен од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, меѓу политичките услови што земјата мора да ги исполни е наведено:
Продолжување на владеењето на правото и реформите во судството, вклучувајќи го зајакнувањето на независноста на судството и преземање активни чекори за зајакнување на одговорноста за корупција и организиран криминал, вклучително и на високо ниво.
Да се зголемуваат напорите за изградба на функционално мултиетничко општество засновано на целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор.
Целосно спроведување на сите пропишани внатрешни процедури во однос на договорот за решавање на прашањето за името, што е услов за успешно завршување на процесот на пристапување.
Да се обезбеди поголема отчетност и соодветен надзор над разузнавачките и безбедносните служби. Имплементацијата на препораките од меѓународните партнери и законите донесени од декември 2017 година во оваа област.
Покрај политичките прашања, документот, исто така, нагласува бројни услови во областа на одбраната и војската. Меѓудругото, се нагласува потребата за следново:
Да се осигура дека нема уставни или законски ограничувања кои би можеле да ги попречат колективните одбранбени операции, да се проверат внатрешните процедури за испраќање на вооружени сили во странство.
Да се осигура дека сите стратешки насоки за развој, трансформација и функционирање на националниот систем на одбрана и способностите се во согласност со идното членство во НАТО.
Да се започне со спроведување на плановите за реструктуирање и модернизација на вооружените сили со цел постигнување на планираните воени капацитети и развивање на поспособни, расположливи и одржливи сили способни да придонесат на мисиите на Алијансата.
Одржување на нивото на расходи за одбраната што е доволно за поддршка за преструктуирање и модернизација на вооружените сили, што ќе овозможи ефективен придонес кон Алијансата, итн.
Во рамките на реформите предложени од НАТО, земјата мора да исполни низа услови во областа на безбедноста, правните работи и ресурси кои вклучуваат тендерски процедури, како и обезбедување на буџет за заедничко финансирање на програмите на Алијансата. Разговорите меѓу Македонија и НАТО се очекува да започнат следниот месец, додека како што е наведено во документот, врз основа на досегашното искуство, може да траат до април 2020 година, кога се очекува финализација преку ратификација од страна на земјите членки и официјално Скопје.
Семра Мусаи

АЛСАТ


Мои коментари на фб во групата на форумов КОЛЕ:


Quote:Кога пишував дека и НАТО за да ја прими Северна Македонија ке ги бара условите кои ги постави ЕУ. Многумина од подржаувачите на лажовот Заев велеа дека јас сум манипулант, терам некој инает ама еве го обзанија и катиљ ферманот кој го прати НАТО до лажовот Заев.
Ги издвоив само овие две барања, барања кои Заев ке ги исполни НИКОГАШ ПА НИ ТОГАШ!
-Продолжување на владеењето на правото и реформите во судството, вклучувајќи го зајакнувањето на независноста на судството и преземање активни чекори за зајакнување на одговорноста за корупција и организиран криминал, вклучително и на високо ниво.
-Да се обезбеди поголема отчетност и соодветен надзор над разузнавачките и безбедносните служби. Имплементацијата на препораките од меѓународните партнери и законите донесени од декември 2017 година во оваа област.

пс. денеска откако јго објавив текстот: СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ ВО КОЈ ДОКУМЕНТ Е ЗАПИШАНА-ГАРАНТИРАНА ВАШАТА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ КАКО МАКЕДОНЦИ, главните пропагнадисти на Заев лажовот ги нема во групава. Да видам дали некој од нив ке искоментира нешто за катиљ ферманот на НАТО!!




Quote:Уште малку од катиљ ферманот на НАТО:
....... како и обезбедување на буџет за заедничко финансирање на програмите на Алијансата.
Тоа ке биде 4% од БДП!!
4% се услов САД да остане во НАТО.
Тие 4% преведено во СЕВЕРНОМАКЕДОНСКИ пари ке биде околу 350 милиони евра.
Некој да им објасни на Северномакедонците дека за да ги обезбеди овие пари владата на Северна Македонија , ке мора северномакедонците да работат повеке а да земаат помалку . Владата на Северна Македонија ке мора да ги качи даноците. Значи нема НАТО КЕ НЕ БРАНИ без пари!
21-08-2018, 11:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,410
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Македонија следната недела го потпишува Протоколот за влез во НАТО



јануари 28, 2019

[Image: 0B55985C-3C8D-4897-A2CF-54C996023227_w1023_r1_s.jpg]

Архивска фотографија - Премиерот на Македонија Зоран Заев го пречека генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг
Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг побарал од амбасадорите на земјите членки со таканаречената „ тивка процедура“ да го усвојат анексот на протоколот за „пристапување на Северна Македонија“ .
Македонија ќе го потпише пристапниот Протокол за влез во НАТО наредната недела, дознава Радио Слободна Европа од извори во Брисел.
Како што дознаваме од наши извори, генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг побарал од амбасадорите на земјите членки со таканаречената „ тивка процедура“ да го усвојат анексот на протоколот за „пристапување на Северна Македонија“ . Се работи за процедура која истекува денеска во 17 и 30 и подразбира доколку до тој рок ниту една земја членка не поднесе приговор, тогаш ќе се смета дека текстот е усвоен
Церемонијата ќе се одржи во седиштето на Алијансата, а пристапниот Протокол ќе го потпишат амбасадорите на 29 земји членки на НАТО. Не се знае кој ќе ја преставува Македонија на церемонијата на потпишувањето.
По процедура, потпишаниот Протокол преминува на ратификација во престолнините на НАТО земјите. Според досегашната пракса, националните процедури за ратификација траат од 12 до 14 месеци. А рокот до кога НАТО очекува да се прошири и да брои 30 земји членки е пролетта 2020.
Овој процес уследи откако стапи на сила Спогодбата од Преспа со кој се става крај на повеќедеценискиот спор за името меѓу Македонија и Грција.
Грција во 2008 ја блокираше поканата за членство на Македонија во НАТО, поради нерешениот спор за името. По десетгодишен застој, во јули минатата година НАТО ја покани Македонија да се приклучи на Алијансата, но откако ќе го спроведе преспанскиот Договор. Земјата ќе влезе во Алијансата како република Северна Македонија.
29-01-2019, 03:10 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,410
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Кога ќе биде потпишан пристапниот протокол за НАТО - интервју со Хартман


Автор: Александар Димитриевски | пред 4 дена |

Откако во Скопје и во Атина заврши ратификацијата на Договорот од Преспа, а шефот на дипломатијата Никола Димитров го извести генералниот секретар на НАТО дека земјава е подготвена да ги прифати и почитува обврските од членството во НАТО, следниот чекор е потпишување на пристапниот протокол за Република Северна Македонија. Кога ќе се случи тоа, можни ли се одложувања поради внатрешните процедури во некои земји-членки и кои се реформите што треба да ги заврши земјава пред формализирање на членството, се прашањата на кои одговара шефицата на досието за Македонија во НАТО, Тања Хартман.
Кога ќе биде потпишан пристапниот протокол со идната Република Северна Македонија?
Ние во следните денови ќе го идентификуваме датумот за потпишување на пристапниот протокол. Прво, има неколку административни процедури што мора да ги завршиме и штом тоа е готов,о ќе можеме да одредиме датум за состанок на Северноатлантскиот совет на кој ќе се случи потпишување на пристапниот протокол.

Некои земји-членки имаат комплицирани внатрешни процедури, кога станува збор за давање согласност на нивните постојани претставници во НАТО да потпишат пристапен протокол. Дали ова може да влијае на целата процедура?

Секој од 29-те сојузници има своја посебна домашна процедура за добивање дозвола за потпишување на пристапниот протокол. Но, не би ја нарекла таа процедура комплицирана или комплексна. Таа е, едноставно, вообичаен дел од демократскиот процес. Јас очекувам дека за неколку недели ќе бидеме подготвени за потпишување на пристапниот протокол, но не гледам некакви екстремни одложувања во врска со тоа.

Дали Република Северна Македонија ќе седне на масата на НАТО веќе на следниот состанок на министрите за одбрана?

Штом го потпишеме пристапниот протокол идната Северна Македонија ќе ни се придружи на масата, заедно со другите земји-членки, на сите состаноци на НАТО. Ако пристапниот протокол се потпише пред состанокот на министрите за одбрана, ако тоа е случај, тогаш апсолутно министерот за одбрана ќе биде присутен на состанокот на министрите за одбрана во средината на февруари. Би сакала да ја искористам оваа прилика да го повторам она што во петокот веќе го изјави генералниот секретар кога ја поздрави ратификацијата на договорот од Преспа во Атина, кога кажа дека се радува што ќе ја пречека идната Северна Македонија во нашето семејство.

Во која временска рамка очекувате да заврши целиот процес на ратификација на пристапниот протокол?

Ратификацијата на пристапниот протокол варираше во неколкуте кругови на прием на нови членки што ги имаме зад нас. Можам да го посочам примерот на Црна Гора, кога тој процес траеше 12 месеци и очекувам дека грубо, тоа ќе биде истото потребно време кое може да го очекуваме и во овој случај. Се надевам дека до пролетта 2020 година ќе бидеме во можност да ве дочекаме како  полноправна членка на нашиот сојуз.

Кои се следните чекори во реформите што се бараат? На пример, дали очекувате да заврши процедурата на проверка во разузнавачките служби?

Реформскиот процес е навистина многу важен дел од целиот пристапен процес. Тој реформски процес се случува не само за време на пристапот туку и потоа. Тоа е долгорочен тековен процес на интеграција и реформи, со цел да се стане полноправна членка и потполно способен сојузник. Има неколку поглавја на кои сојузниците укажаа дека би сакале да видат напредок во реформите. Разузнавачкиот и безбедносниот сектор се едни од нив. Но, тоа не се единствените. Сојузниците, исто така, сакаат да видат напредок и во владеењето на правото, независноста на судството и одбранбените способности. Вооружените сили на вашата земја веќе се веродостојно способни и сме се бореле покрај нив и сме служеле со нив во Авганистан. Очекуваме да работиме со нив за уште повеќе да ги зајакнеме нивните одбранбени способности.
01-02-2019, 10:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,410
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Македонија го потпиша пристапниот протокол за НАТО, започнува ратификацијата


February 6, 2019
[Image: -и-НАТО.jpg?fit=300%2C200&ssl=1]
Амбасадорите на 29 земји членки на Северно-атлантската алијанса денеска во седиштето на организацијата го потпишаа Протоколот за членството на Македонија во НАТО.
За генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, „ова е историски момент за земјата и дека премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас покажаа голема храброст со постигнувањето на Договорот од Преспа, со што придонесоа и за стабилноста и безбедноста на регионот.
“Тоа беше тежок пат, исполнет со компромиси. Долго време ве чекавме да ни се приклучите во семејството. Учествувате во мисиите на НАТО и ги исполнивте реформите потребни за да станете 30-та членка на НАТО. По потпишувањето следува процесот на ратификација и не се сомневаме дека ќе биде ратификуван во сите држави членки, изјави Столтенберг.
Ова е почеток на ратификацискиот процес, изјави Столтенберг изразувајќи надеж дека тој ќе продолжи и дека ќе може земјата да биде поканета за полноправна членка на НАТО. “Очекуваме да ги продолжите реформите потребни и за членството во ЕУ, со која делиме заеднички вредности. Од денеска вашите претставници ќе се придружат на оваа маса и ќе бидат поканети на НАТО состаноците”, изјави Столтенберг.
На церемонијата во седиштето на Алијансата, во Брисел, присуствуваше министерот занадвoрешни работи Никола Димитров, кој утринава директно допатува во Брисел од Вашингтон.
“Ова беше долг пат. Со ова го исполнуваме ветувањето од првиот парламентарен состав, ова е резултат на целокупната работа на многу генерации и обврска на нашатагенерација. Ова не беше ни приближно предвидливо, туку се случи поради лидерството на премиерот Зоран Заев и Алексис Ципрас кои го поплочија патот кон оваа цел и помирување и докажаа дека  и невозможното е можно. Исто така признание и до премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов за охрабрувањето со потпишувањето на Спогодата за пријателство за да се движшиме во овој правец”, рече министерот за надворешни работи Димитров во воведниот говор.
Тој објасни дека за Македонија, НАТО е „преминување на линијата на безбедност и сигурност и тоа е семејство на држави за безбедност, стабилност, вредности од Вашингтонскиот договор и семејство кое тежнее да го направи светот помирен и подобро место за живеење.
“Ова патување не направи позрели и со скорешните настани со нашите соседи покажавме дека можеме да ја преземеме нашата одговорност да се соочиме со проблемот и да го решиме. Од денеска мојата земја станува навистина силна. Патувањето не е завршено, но одиме натаму со 29 сојузници и пријатели”, изјави Димитров и им се  заблагодари на сите амбасадори на земјите членки кои денеска ставија потпис на Протоколот
06-02-2019, 02:14 PM
Reply