Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КАКО КЕ СЕ ПРЕКРОЈАТ ГРАНИЦИТЕ ВО ТРИАГОЛНИКОТ СРБИЈА, КОСОВО, СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,654
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1







КАКО КЕ СЕ ПРЕКРОЈАТ ГРАНИЦИТЕ ВО ТРИАГОЛНИКОТ СРБИЈА, КОСОВО, СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Јордан Петровски 09.08.2018

Прифаќањето на враќање на Албанците од Македонија кои се бореле во редовите на ИСИС назад во државта во овие тензични моменти е нов антимакедонски потег на владата на Заев.


Quote:Македонија- прва европска земја што прифатила повратници од Сирија
Најтиражниот германски весник Билд пишува дека Македонија е првата земја која се согласила да прифати враќање на свои државјани кои се бореле на страна на Исламската држава во Сирија и Ирак.
[Image: 39402875_303.jpg]
Заробени борци на Исламската држава во Рака, Сирија


САД започнале со враќање на повеќе заробени борци на ткн. Исламска држава од северна Сирија во нивните матични земји, пишува денеска Билд. Први земји кои прифатиле враќање на нивни државјани се Македонија и Казахстан.
Се работи за стотици терористи кои им се предале на милициите на Курдите (ИПГ) по освојувањето на самопрогласениот главен град на Исламската држава, Рака во есента 2017 година. Курдската милиција со месеци бара од САД да се погрижат за враќање на заробениците во нивните матични држави затоа што тие се дополнителен товар за нејзините ресурси: ИПГ мора да се грижи за да ги прехрани, но и да ги обезбедува.

[Image: 38371208_401.jpg]
Борци на курдската милиција во ослободената Рака

Но, со исклучок на Русија и Индонезија, матичните држави досега го игнорираат проблемот со џихадистите повратници. Според информации на Билд, САД како водечка членка на анти-терористичката коалиција сега се обидуваат да извршат притисок врз сојузниците за забрзано преземање на џихадистите.
Во вторникот, САД ги префрлиле првите групи македонски и казахстански државјани од камповите на ИПГ во нивните матични земји. Во случајот на Македонија, пишува Билд, тоа е првата европска земја која прифатила враќање на нејзини државјани од северна Сирија.
Како што веќе пишувавме, во Македонија во вторникот беа вратени седум осомничени терористи кои учествувале во војните во Ирак и Сирија на страната на Исламската држава.
Исламската држава во меѓувреме контролира само уште еден мал дел од сириската територија во близина на границата со Ирак. Таму се водат жестоки битки со курдските борци. Според Билд, прашање е откако ќе заврши и таа битка што ќе се случува со големиот број заробени борци на Исламската држава.
Текстот е превземен од  Дојче Веле


Да се прифати враќањето на искусни борци во време кога од Косово и Србија веќе се слушаат воените труби е чин на велепредавство или чин на свесно подготвување Макеонците да бидат повторно поразени!!
За да не скокаат оние кои за ваквото однесување на власта на Заев и Ахмети ќе ги обвинат САД и ЕУ, еве две карти со предвидување на ЦИА за разврската на Косово!!


[Image: cia3.bmp]

Оваа е мапа со предвидувањата на ЦИА објавена пред десетина години и на неа се гледа дека општините , Прешево Медвеѓа и Бујановац се припоени кон Косово, што е веќе и дел на преговорите помеѓу Србија и Косово!


Quote:
Во гостување на албанскиот „Топ Ченл“, Тачи вели дека не комуницирал со властите во Тирана, но верува дека Албанија нема да биде против волјата на Прешево.

„Под никакви околности не може да се дозволи поделба на Косово или размена на територии, бидејќи тоа е стара идеја за Србија. Историско барање на Србија. Јас гледам можност во поправката на границата од околу 400 километри, Прешево, Бујановац и Медвеѓа да се приклучат  на Република Косово. Мислам дека ова барање е сосема легитимно, разумно, историско и волја на граѓаните. Идеите за поделба се идеи кои никој во Косово не може да ги спроведе во никој случај“ вели Тачи како што пренесува приштинска „Газета Експрес“.
Тој вели дека „на моето биро го имам институционализираното барање на Албанците од Прешевската долина за приклучување кон Косово… Граѓаните на Прешево ја искажаа својата волја на референдумот во 1992 година за приклучување кон Косово. Ова е легитимно историско право. Граѓаните во Косово силно ја прифаќаат оваа идеја“.
За оваа идеја Тачи се повикува на структурата на населението во Прешевската долина, кое е со албанско етничко потекло. 98 проценти се изјасниле дека сакаат припојување со Косово и волјата на народот треба да се почитува, вели Тачи.
 


Дали Тачи ќе се повика за некој ден и на референдумот за ИЛИРИДА спроведен во Р. Македонија во 1992 година?


[Image: cia5.bmp]



Еве ја картата на Македонија според тогашните предвидувања ЦИА. На оваа карта Р Македонија е во денешните граници! 
Но сега има нов момент, менувањето на името и бришењето на историските докази, како и преамбулата на Уставот, дека Македонците се староседелци на овие простори. Со договорот со Грција Македонците се некоја си творба од после 1945 година која паднала од небо!! Затоа сум убеден дека Албанците од Македонија ќе го искористат тој „дар“ од малоумниот Заев и антимакедонската булумента околу него!!
Да потсетам дека и Албанците спроведоа референдум 1992 година!!

Quote:Територијата на Република Илирида, ја опфаќа историската територија на Албанците, од Битола до Куманово. Главниот град на Илирида бил Скопје!
Идејата за референдум за создавање на „Република Илирида“ се провлекува уште од 1992-ра. И тогаш централна фигура беше Халили, според чии изјави, на „референдумот за политичка и територијална автономија на Албанците“, дури 99 проценти од Албанците во Македонија се изјасниле за самоопределување.

На секој човек му е јасно дека до менување и воспоставување на граници се доаѓа со војна или со референдум на еден од државотворните народи, на етникум кој ја поседува територијата  од „век и веков“, а нели Илирите се тука од век и веков. 
Прифаќањето на Албанците кои се бореле во редовите на ИСИС е сериозно зајакнување на воените структури на Албанците во Македонија. Многумина можеби ќе се испонасмеат на текстов но фактите и она што се слуша и од Србија не е баш во прилог на оние што ќе се смеат! 
За крај на текстов:

Има уште едно битна најава а која се премолчува во Македонија. Имено, председателот на Одборот на Бундестагот за односи со ЕУ Ginter Krihbaum на средбата со Српскиот председател Вучиќ го изјави следново:






Quote:Нерешените конфликти НЕ можеме да ги увеземе!! Кипар беше пример и ние тоа не сакаме да се повтори!!


Оваа изјава прејасно укажува дека Албанците ако не ги постигнат сега целите за правење на Голема Албанија и ако оценат дека военото решение не ќе е добро за нив, тоа ке го прават кога  Македонија и Србија ќе влезат во преговрите за членство во ЕУ!
Поради ова последново што го напишав, НЕСМЕЕ да се ПРФАТИ СМЕНА НА ИМЕТО, поточно договорот со Грција и НЕСМЕЕ да се прифати законот за албански јазик. 
Но тоа не значи дека војниците на ИСИС нема да се секојдневна закана за Македонија.
Толку ќе напишам јас, другото го оставам секој сам да си го заклучи од цитираните текстови и изјави! 
(This post was last modified: 11-08-2018, 04:23 PM by ЈорданПетровски.)
11-08-2018, 03:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,654
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:СУШТИНАТА НА ДОГОВОРИТЕ НА ЗАЕВ: ДАЛИ ВЛАСТА НАВИСТИНА САКА ДА ЈА ВНЕСЕ МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ И НАТО?

[Image: 0555bbe9368a05bff51437bdc1ff702e_XL.jpg]

Пишува Душан Петровски
16 август 2018 година
„Најголемата измама која Ѓаволот му ја приредил на Човекот била кога го убедил дека тој не постои.“
Владата на Зоран Заев, која во стил какрактеристичен за Комунистичката партија на Југославија од која потекнува, се довлечка до власта благодарение на диверзантските акции на полициско-политичкото подземје, за време на едната година и кусур од нејзиното оформување потпиша два значајни договори со две соседни држави. Првиот за „добрососедство“ со Република Бугарија; вториот за промена на името со Република Грција. И обата договори задираат во индентитетот и историјата на македонскиот народ – какви што ги знаеме – и во внатрешните работи на Република Македонија. Наводно, целта на овие договори е конечно да се разбие мртвата точка на евроатрланските интеграции на државата. Тука е и листата на уцени од Албанија, колоквијално позната како „Тиранска платформа“, која беше целосно прифатена од Заев како дел од поткусурувањата за неговото доаѓање на власт. Темелот на Тиранската платформа е барањето за официјализирање на албанскиот јазик. Овој услов паушално се однесува на статусот на албанскиот јазик во Република Македонија, но суштински е поврзан со релативниот статус на македонскиот и албанскиот етнос, при што вториот се издига над првиот. Забележливо отсутен во сето ова е нашиот северен сосед, со кој партијата на Заев има историски врски, а кој деновиве најави подготвеност за менување на државните гранци во регионот. А границите, според српската интелигенција, се одраз на соодносот на силите во регионот. Доколку сето ова се стави во контекст на изминатите век и половина, се јавува прашањето: Дали се искрени изјавите на премиерот Заев – кој во изминативе година и пол се покажува како патолошки лажго – дека целта на сите негови удоволувања на нашите соседи на сметка на националните интереси на Македонија и Македонците се само дел од поголема стратегија наменета да ја внесе Македонија во двете најсилни алијанси на светот, или пак нешто далеку позлобно се крие во овие акти, односно, дали овие договори се само наменети да ја отпочнат последната фаза на подготовките за обнова на великосрпската држава на сметка на Македонија?
Македонското прашање е едно од најстарите нерешени национални прашања во Европа, прашање кое е полно со енигми и непознаници. Ова што следи е анализа заснована на документација и записи кои потекнуваат од средината на деветнаесеттиот век до денес. Многу од работите што следат ме изненадија кога ги научив затоа што беа сосема спротивни на официјалната историја која ја учев на школо, но за нив добив потврда од изјавите и предавањата на врвните македонски историчари, како Иван Катарџиев и Блаже Ристески. За малку поопширна, но далеку од исцрпна дискусија на оваа тема, на читателот му препорачувам да го проучи мојот „Предговот од преведувачот“ – со сѐ фуснотите – на „Црна рука врз Европа“ од Анри Пози (1935 г.) достапен за бесплатно симнување на овој сајт.
Клучна причина за тоа што македонското прашање останува несоодветно решено е отсуството на единствена визија во однос на неговото решение помеѓу самите Македонци. За време на турското ропство историска Македонија, која се протегала од Солун до Љуботен и од Пустец до Пирин, била населена со разновидност на националности. За странските неутрални дописници кои пишувале на крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век, сите овие националности биле „Македонци“. Градовите биле претежно населени со Турци, Грци, Евери и Власи, додека руралните области биле претежно населени со предците на етносот кој денес се нарекува македонски, а кој тогаш бил обележуван како бугарски. Во северните предели имало по некое српско село, а до средината на осумнаесеттиот век во Македонија немало Албанци. Тие почнале да се населуваат во Македонија откако ја прифатиле мухамединската вера и станале граѓани од прв ред во Турското царство. Нивната нова вера дошла со привилегијата да пљачкаат, киднапираат и убиваат каури без страв од последици, како и да им ја запоседнуваат земјата, и од слободните христијани да прават зависни крепосници. Тоа е историјата на „автохтоноста“ на албанското население од оваа страна на масивот Пинд-Шара. Ова е можеби причината зошто Албанците во Албанија се претежно христијани, а оние надвор од историските граници на нивниот вековен дом, речиси исклучиво муслимани.
Ваквата етничка разноликост на Македонија, како и различните статуси кои ги уживале разните националности, совршено им одела од рака на турските власти. Градските населенија иако не ги уживале слободите и просперитетот на европските царства, сепак живееле далеку покомотен и побезбеден живот од селаните врз кои паѓал товарот на османлиското ропство. Населенијата на градовите биле сочинети воглавно од етничките малцинства, додека селаните, кои биле далеку најбројни, биле сочинети од оние кои историјата ги забележала како македонски Бугари. Овие последниве историски не биле политички организирани, и немале врски со светот подалеку од долината во која било сместено нивното село. Тие започнале да суштествуваат со поширокиот свет дури во втората половина на деветнаесеттиот век, пред сѐ благодарение на протестантските мисии и бугарските училишта. Ваквиот етнички состав и неговата распореденост влијаелe против формирањето на единствена и обединета сила која би можела да истапи кон решавањето на македонското прашање.
Дури и со формирањето на македонската револуционерна организација кон крајот на деветнаесеттиот век, чие што членство волгавно било сочинето од етносот кој современиците го забележале како македонски Бугари – претежно матуранти на бугарските гимназии, пак не се дошло до единствена идеја за решавање на македонското прашање. Од една страна, бидејќи Организацијата била речиси исклучиво „бугарска“, а другите етноси воглавно лојални на нивните матични држави коишто негувале експанзионистички идеи, македонското ослободително движење водело борба на два фронта, против турската власт, како и против малцинските народности. Впрочем, предавството, кое што популарната митологија за овој период го посочува како еден од главните фактори за неуспехот на ВМОРО да ја ослободи Македонија, не било својствено на македонскиот (бугарскиот) етнос. Напротив, кога Организацијата била предавана на турските власти, тоа речиси исклучиво било дело на грчките или на српските агенти кои биле на платниот список на државите кои тие ги застапувале. Како што забележал Х.Н. Брјалсфорд во 1906 година: 
Кога во прилог на овие предности, бугарофилските Македонци го оформија нивниот извонредно организиран револуционерен комитет во 1893 година, сервијанската (српската) кауза го доби својот смртоносен удар. Преку нагласувањето на нејзиниот антагонизам кон Бугарија, официјална Сервија сега усвои отворено туркофилска политика, а ништо не може да е пофатално за изгледите на која било христијанска народност во Турција. Македонското селанство ќе ја подари својата верност само кон пропагандата која му ветува некаков брз изглед за ослободување од отоманскиот јарем. Конечно, има огромна разлика помеѓу ривалските пропаганди, кадешто, додека Бугарите работат кон автомонијата на Македонија,Сервијаните и Грците целуваат само кон нејзиното анектирање кон своите земји. Како производ, нивните активности делуваат дека се наменети за профит на нивните држави, додека Бугарите несомнено креираат дух на локален македонски патриотизам. Сервијанското движење е чисто официјална агитација, насочувано и финансирано од Белград; додека, и покрај симпатиите на Софија, бугарскиот Револуционерен комитет е автентично македонска организација. (Нагласување мое, Д.П.) 
Од друга страна, во самото ослободително движење уште од неговите најрани денови се појавиле две спротивставени струи: едната автономистичка, другата федералистичка. Првата струја, од која подоцна ќе произлезе ВМРО на Тодор Александров и Ванчо Михајлов, а подоцна ќе биде наследена од ВМРО-СДРМА, влегувале личностите како Даме Груев, Иван Гавранов и Христо Матов. Нивна цел била оформување на автономна правна единица Македонија во рамките на Османлиското царство како преодна фаза за независна македонска држава. Втората струја, предводена од Јане Сандански и неговите Серчани, а која била идеолошкиот претходник на македонските комунисти, решението на македонското прашање го гледала во некаков сојуз на балкански држави на јужните Словени.
Во глобални рамки, решението на поопширното балканско прашање со кое се мачеле Големите сили (денес познати како „Меѓународната заедница“) се гледало преку две опции: источната и западната. Источната опција ја подразбира Софија како центар на словенскиот Балкан, западната Белград. Историски, источната опција изгубила со ретроспективната грешка на Бугарија да им се приклучи на Централните сили во Првата светска војна, како производ на што таа подоцна ефективно го изгубила својот суверенитет. Денес, европските големци кои сѐ уште се обидуваат да ги имитираат Римјаните и Карло Велики во формирањето на Велика Европа, решението на балканското прашање повторно го гледаат низ Белград во таканаречената опција Западен Балкан. Оттука Сојузот на комунисти на Македонија – како  традиционални противници на идејата за независна македонска држава – им е природен сојузник во остварувањето на нивната цел.
Да се навратиме на македонското прашање. Како што досегашниот тек на текстов укажува, Македонците до втората половина на минатиот век имале во голема мера поинаков идентитет од оној по Втората светска војна. Во груби црти, тие се чувствувале како Бугари – иако можеби не како дел од бугарската нација – биле приврзани за црквата и воглавно биле селани кои живееле од земјата. По Балканските војни и Првата светска војна владите на Грција и Србија превзеле кампањи за насилна асимилација на македонското (бугарското) население, кои придонеле до масовен егзил на половина милион Македонци во Бугарија, како и обнова на ВМРО и засилување на нејзните герилски и терористички дејности. Бидејќи населението во делот на Македонија анектиран од Србија воглавно ја одбило асимилаторската дејност и останало претежно со бугарска самосвест – поради што бугарскиот фашистички окупатор во 1941 г. бил пречекан и прифатен како свој – власта на нова Југославија по Втората светска војна пристапила кон македонското прашање со малку поинакво решение.
Со двојната цел, да го пацифизира македонското население, како и да ги примами егејските Македонци да ѝ се придружат на Југославија, Титовата власт излегла со решението за чист македонски етнос, независен од српскиот или бугарскиот. Како што е вообичаено за комунистичките режими и нивните културни револуции, на овој народ Тито му скроил нов јазик, нова историја и нов начин на живот – од побожните селани направил атеистички божемни индустриски работници масивно преселени во брзо изградени градови. За ваквата политика Ванчо Михајлов во „Македонија – Швајцарија на Балканот“ го дал следниов коментар: 
Српската антибугарска пропаганда тврди дека македонското население е српско; грчката пропаганда тврди дека е грчко, додека болшевичката пропаганда во најново време настојува да афирмира една невистина, дека божем во Македонија немало Бугари, туку некаква друга нација –„македонска“. Ваква нација историјата не познава; додека „Македонец“ во географска смисла се наречуваат и Гркот и Албанецот и Турчинот и Влавот. ... И под комунистичка ознака сосем јасно на виделина се појавува српско-грчката шовинистичка намера – ако може да се создаде некава си македонска нација; поради својата ништожност таа ќе виси во почетокот во воздух, а потоа ќе биде проголтана од Белград и Атина. За да може полесно да се изврши оваа етнографска операција, на ниту една друга месна народност нема да ѝ се прилепи името „Македонец“ како национално; тие ќе си останат Турци, Грци, Албанци, Власи. Тито ја поддржува тезата за постоењето на македонската нација за им се допаѓа сѐ повеќе и повеќе на Србите, меѓу коишто ја има најголемата своја опора. Секое дејство против бугарските национални права претставува негов залог како пред националистите така и пред шовинистички расположените српски комунисти.
Денес, седум децении и три генерации по почетокот на Титовиот проект за оформување на новите (југокомунистички) Македонци, речиси нема жив човек чија самосвест не е оформена воглавно во рамките на овој идентитет. Дури и црквата на која ѝ припаѓаат повеќето Македонци е прозивод на власта на СКЈ која до денешен ден не е признаена од другите Православни цркви.
Да се навратиме на Бугарија и на нејзиното ефективно губење на суверенитетот. Како што забележавме, Белиот терор, односно насилната асимилација која Србите ја спроведувале во Вардарска Македонија за време на третата и четвртата деценија на минатиот век, бил повод за возобновување на Внатрешната македонска револуционерна организација од страна на Тодор Александров. Свирепоста на Србите и нивното одбивање да му го удоволат правото на самоопределување на месното население ја предизвикало ВМРО да ги заостри своите методи на операција. Бидејќи ВМРО било удомено во Пиринска Македонија, а Македонците станале мошне влијателно лоби во Софија, раководството на Србија почнало да бара начин како да се справи со ВМРОвската напаст и целосно да ја скроти Бугарија, чијашто политичка, економска и офицерска класа била доминирана од Македонците.
Западната опција за решавањето на балканското прашање, нормално, си имала свои приврзаници во кралството Србија, кои Анри Пози ги забележал како пансрби, односно великосрби. Според овие идеолози, кои се претвориле во Црна рука, подоцна во Бела рука (а подоцна во ОЗНА и УДБА) и кои управувале со кралството Југославија (а денес управуваат со политичко-полициското подземје), српскиот етнос живее од Дунав до Солун и од Црното Море до Јадранот. Според нив, Бугарите, Словенците, Хрватите и Македонците се Срби со говорна мана кои си го заборавиле минатото. До извесна мера, овие мегаломанијаци биле во право, затоа што србофили кои се подготвени да придонесуваат кон великосрпскиот проект можат да се најдат во сите овие народи.
Tака во пролетта 1934 година, кога Бугарија била урнисана од репарациите кои ги исплаќала во име на воена штета поради поразот во Големата војна и во време кога речиси немала војска, Србија, Грција, Турција и Романија (сојузниците од Втората балканска војна) го склучиле првиот Балкански пакт (кој бил обновен во 1964 година). Овој Пакт содржел тајни протоколи кои ги обврзувале потписниците да поднесат ултиматум до Бугарија да ја разоружа ВМРО. Ултиматумот бил успешен и како производ се случил државниот удар кој на власт во Софија ја инсталирал југофилската фашистичка партија Звено. Разоружувањето на ВМРО значело и протерување на Ванчо Михајлов и други видни раководители на Организација од Бугарија и ефективно разбивање на моќта на македонското лоби во кралството. Поради ова ВМРО не било застапено во фашистичката армија, а и не учествувало во бугарската фашистичка окупациона администрација, што значи дека бугарската окупација на Македонија од Првата светска војна била суштински различна од оваа во Втората.
Сепак, наголем страв за Македонците во последните денови на Втората светска војна бил дека Македонија повторно ќе падне под српска власт. Овој кошмар станал реалност со одлуката за обнова на предвоените граници, а Вардарска Македонија, областа која е упориште на македонштината, останала под југословенска власт. А, Југославија како што забележал Пози, е само плашт за Велика Србија: 
Сѐ што е наречено Југославија е во суштина само Србија, зашто сите што дејствуваат, сите што командуваат, сите оние што можат да се вбројат во работите на државата се Срби. (...) Југословенството, повеќе од обид за сплотување на јужнословенските народи во една хармонична целина, всушност, е плашт низ кој се бришат несрпските етноси, нивните јазици и културни обележја. Несрбите немаат никакво влијание врз обликувањето на државниот живот.
Пози, опишувајќи го Пашиќ забележал дека, „Тој виде, како и другите белградски старешини на крајот на Војната, дека српските територијални придобивки значат извонреден личен профит, можност за измама и пљачка.“ Затоа, за да ја омекнат состојбата и на Македонците да им дадат привид за самоуправа, Титовата влада – односно великосрпската клика која управува со државната безбедност – ја  создала новата Македонска нација.
Како што рековме, обидот за промена на самосвеста на македонското население во кралска Југославија останал речиси целосно неуспешен. И покрај сите мерки (забрана на мајчиниот јазик, промена на имињата, бришење на натписи од споменици, сквернавење на гробишта и свети објекти, измачување, силување, тепање и ликвидации) Македонците продолжиле да се чувствуваат како Бугари, поради што ја добредошле бугарската окупациона армија во 1941 година. За разлика од стара Југославија, проектот за промена на самосвеста на Македонците успеал во Титова Југославија. Клучот за успехот на овој потфат треба да го бараме во политичката идеологија на нова Југославија: социјализмот/комунизмот. Во книгата „Рехабилитацијата на ‘Црна рука’“, Дејвид Макензи се повикува на колумна на Крста Цицвариќ во „Београдски дневник“ од 27 јануари 1920 година каде што Цицвариќ укажува дека:
Секое српско политичко движење требало да се гледа примарно низ призмата на неговата врска со југословенското национално единство. Републиканската агитација, бил убеден Цицвариќ, би се покажала како погубна бидејќи националното единство сѐ уште би останало неконсолидирано, а династијата на Караѓорѓевиќ би останала силно упориште на единството. Наместо тоа, монархијата требала да стане подемократска и социјалистичка, при што би осигурала мирен напредок, притоа правејќи ја републиканската дејност непотребна. (Макензи, стр. 40)
Значи Цицвариќ агитирал за социјализам како преодна фаза кон новиот великосрпски идентитет. Дали е само случајност тоа што во разврската на Втората светска војна припадниците на четничкото движење на Дража Михајловиќ и на квинслиншката администрација на Милан Недиќ ѝ се приклучиле на новоформираната комунистичка власт? Социјализмот историски се покажал како извонреден медуим за промена на националните идентитети. Од една страна, социјализамот е идентитет самиот во себе, бидејќи нуди шаблон за тоа како народот треба да живее. Тој си има својствен жаргон, „напреден“ начин на живот, што подразбира раскинување на врската со традиционализмот, односно, црквата, семејството и народните обичаи, индустријализирана економија, голема бирократија, непостоечка приватност и минимална или непосточека приватна сопственост. Сето ова го прави народот исклучително зависен од државата, како за неговите материјални нужди, така и за неговите духовни потреби. А, како што рекол претседателот Реган, „Државата која е доволно голема да ти даде сѐ што посакуваш, е доволно голема да ти одземе сѐ што имаш“. Отстранувајќи го народот од црквата, девалвирајќи ги односите во семејството и помеѓу соседите, и ставајќи ја културата под нејзина управа, државата се поставила како духовен предводник на народот. Отстранувајќи го народот од земјата, државата ја превзела целосната контрола врз и онака оскудниот дотур на храна, правејќи ја психолошката контрола врз населението дотолку полесна за неа, што ѝ овозможило ефективно да ја имплементира политиката на држење на народот на работ на гладот. Истовремено, државната работа и социјалната помош имаат исклучително погубен ефект врз човековата психа, особено во поглед на неговата креативност и неговиот непокор и боречки дух. Конечно, за разлика од илинденскиот период, како и периодот на кралска Југославија, кога лојалноста кон Организацијата и каузата била неприкосновена, комунистичкиот режим најпосле успеал да го разбие кругот на верноста во македонското движење, со тоа што меѓусебното кодошење станало новата норма. Ова би било невозможно доколку државата не станала апсолутен господар на економијата и општеството, каде луѓето биле ставани да бираат помеѓу изгладнување на своето семејство, општественото шиканирање и репресивните мерки, или дажбата, привилегиите и престижот кои ги нуди системот. Како последица, за време на Југокомунизмот предавството станало дел од македонскиот генетски код, што е суштинската причина зошто македонската држава не може да просперира и не може да опстои самостојно.
Но да се навратам на главната точка, односно договорите на Заев кои се наводно наменети Македонија да ја внесат во ЕУ и НАТО. Договорот со Бугарија е крајно сомнителен со оглед на тоа дека истиот предвидува ревизија на историјата на македонскиот народ – поточно, ревизија на историјата создадена по теркот на Сојузот на комунисти, односно партијата на Зоран Заев. Со исклучок на двете бугарски окупации, од првата српска окупација па сѐ до барем 2000 година (до кога имаме архивска документација) каков било обид за спонтано воспоставување на добрососедски односи со Бугарија или за ревизија на историјата бил казнуван со најригорзни мерки. Колкумина Македонци биле обработувани, шиканирани и репресирани од страна на службите на државната безбедност поради сомнението дека тие негуваат некакви симпатии кон „бугарштината“? Десетици, ако не и стотици илјади. Омразата кон Бугарија систематски е оформувана во Македонија уште од почетокот на српската окупација, и само се засилува од деценија до деценија. Истовремено, очигледната и предвидлива последица на договорот за добрососедство со Бугарија е зголемената одбивност кај Македонците кон источниот сосед, пред сѐ поради гестовите кои тие ги перцептираат како навреди и задирања во нациналниот идентитет – што е сосема нормално со оглед на историјата која тие ја учеле и низ која живееле. Тука се чини дека и Бугарите си штетат на својата кауза. Нив очигледно не им е јасно – или се преправаат дека не им е јасно – дека дури и оние кои зеле бугарски пасоши, како и оние кои ја проучуваат и прифаќаат вистинската историја, немаат симпатии кон бугарската држава и не гледаат иднина во некакво спојување на Македонија со Бугарија затоа што овие луѓе, особено вториве, се пред сѐ идеолошките наследници на Автономистите. Но, без разлика дали Бугарите се во право или не во однос на она што го говорат за историјата, Македонците се апсолутно неподготвени тоа да го слушнат и да го разберат бидејќи се коси си реалноста со која израснале. Доколку бугарската власт беше искрена во нејзиното пружање на раката на добрососедството кон Македонија, тогаш ќе одбереше пристап со многу повеќе такт. Доколку македонската страна беше искрена во стапувањето во овој договор, тогаш претходно ќе спроведеше образовна кампања во која ќе признаеше за лагите кои му биле сервирани на народот во изминатие седумдесет години. Да се присетиме дека погоре рековме дека Бугарија го изгубила својот суверенитет во 1934 година, а аферата „Бугарска амбасада“ од 1998 година сугерира дека ситуацијата е воглавно непроменета. Оттука станува очигледно дека договорот за добрососедство со Бугарија не беше наменет да ги затопли односите помеѓу Македонците и нашиот источен сосед, туку да ја воспали психата на Македонците дека се готви нешто што ќе им го одземе идентитетот со кој израснале.
Што се однесува до вториот договор, оној со Грција, наводно склучен со цел да ја внесе Македонија во НАТО и ЕУ, и тука нешто мириса. Имено, во октомври 1944 година Черчил и Сталин одржале средба во Москва со цел да ги поделат сферите на влијание во источна Европа. Грија ѝ припаднала 90% нa Англија 10% на СССР, Бугарија 80-20% за СССР, Романија 90-10% за СССР, Унгарија 80-20% за СССР. Југославија била еднакво поделена на 50-50%, односно останала во игра. Обете страни се обидувале да ја придобијат Југославија, Советите од време на време со закана за окупација, но најчесто со добри гестови, а Западот, првин Англија, а потоа Америка и Брисел, исклучиво со добри гестови и многу пари. Студирајќи ги достапните архивски извештаи на ЦИА за Југославија станува јасно дека таа во кое било време можела да стане членка на ЕУ и НАТО, доколку сакала, а во одредени времиња и без исполнување на некои поригорозни реформи. Југославија престанала да затвора политички затвореници уште во 1950-тите години, што за Западот е најважно во однос на перцепцијата за политички слободи во една држава. Архивските белешки сугерираат дека Западот бил релативно задоволен со либерализацијата на пазарот и печатот кон кои југословенската власт настапила по смртта на Тито. А, изгледа дека на Западот или не му пречи, или уште полошо, му одговара фунционирањето на југословенската полициска држава и нејзиното систематско осиромашување на народот. Доколку оваа шпекулативна претпоставка е исправна, тогаш тоа е така веројатно поради тоа што тие сметаат дека најважно за нивниот долгосежен проект е бришењето на автентичниот идентитет на народите и инсталација на друг, кој што му е туѓ на народот и кој што духовно го осиромашува човекот. Инаку речено, сѐ повеќе ми делува дека визиониерите на Велика Европа се обидуваат да го повторат југословенскиот проект на просторот на целиот континент.
Југославија под власта на СКЈ имала можност да влезе во ЕУ и НАТО но сепак одлучила да остане „неврзана“. За време нејзиниот распад, Западот првин се обиде да ја сочува Југославија, а откако не успеа, почна да им се додворува на посебните републики. Одредени западни земји предводени од Германија ѝ пружија рака на Македонија, но таа откако првин се обиде да го спречи распадот на Југославија (и по цена на скратен сојуз) ја одби понудата на Германците и реши да продолжи да мизерува со Србија. Западњаците продолжија да ја поддржуваат Македонија и нејзината владејачка структура – УДБА, и покрај парламентарните манипулации и изборни фалсификати во 1990тите, и сѐ уште не наоѓаат за сходно да ги осудат политичките прогони од тој период. Доколку сакаше, со малку шминка, Македонија можеше да влезе во ЕУ и НАТО. Видете ги поранешните комунистички држави како Романија и Бугарија кои и покрај тоа што сѐ уште се далеку од вистински правни држави, сепак влегоа во ЕУ и НАТО. Затоа Грците влегоа во играта со спорот за името, која суштински беше поттикната од Киро Глигоров, а со цел да се осигура парализата на процесот на евроатлатските интеграции, но најмногу со цел да се покрие фактот дека вистинскиот кочничар за влезот на Македонија во ЕУ и НАТО е никој друг, туку македонската владејачка клика. Поентата беше, и останува задржување на Република Македонија во сверата на Белград, како гаранција на зачувување на букурешките граници. Сѐ повеќе изгледа дека и на Западот повеќе му одговара решение со помал број на поголеми држави одошто поголем број на помали „банана“ републики.
Можеби најголемиот доказ дека Заев не работи искрено кон зајакнувањето на шансите на Македонија за евроатлантски интеграции дојде деновиве од анти-корупциското тело на ЕУ, ГРЕКО. Во својот извештај кој се однесува на превенција на корупцијата во однос на пратениците, судиите и обвинителите, комисијата, која упатила 19 препораки до Република Македонија, заклучила:
Севкупно, во оваа фаза од процесот, перформансите се очигледно разочарувачки, а земјата јасно треба да преземе поодлучна и фокусирана акција во однос на бројни препораки издадени пред четири и пол години.
Со оглед на горенаведеното, ГРЕКО заклучува дека сегашното многу ниско ниво на усогласеност со препораките е "глобално незадоволително".
Тоа што власта не е подготвена да ја направи ниту минималната шминка која е потребна да им се замачкаат очите на Западњаците дека тие постапуваат кон потребните реформи за конечен влез во нивните сојузи укажува на неискреноста на нејзините намери во склучувањето на договорите со Бугарија и Грција како мерка кон евроатлантските интеграции. Инаку речено, зошто Владата брза да ги склучи овие два договори – за кои прави фама дека се божем последната пречка за влез во ЕУ и НАТО – кога има далеку поважни реформи кои треба да се превземат за суштински да се разбие мртвата точка?
Од оваа моја временски и просторно далечна перспектива, сето ова – т.е. договорите со Бугарија и Грција и Тиранската платформа – ми личи на подготовка за влез во последната фаза на проектот наменет и формално да ја врати Вардарска Македонија под управата на Белград. За жал, и покрај божемните ВМРОвски влади кои своевремено беа на власт во Република Македонија, управителната структура на државата – полициско-политичкото подземје – постојано беше и останува во рацете на пансрбите. А тоа што во моментов на власт е, условно речено, интернационалистичката партија, само повеќе го забрзува процесот на дезинтеграција на македонската независност.
Дали поради тоа што Македонците не покажаа желба да направат вистинска држава, туку решија да останат во истиот модус како и пред распадот на Југославија, или пак поради личните амбиции на поединечни фигури во европската бирократија да се прослават како дипломати кои го решиле нерешливиот спор, се чини дека и Меѓународната заедница навива Македонија да ја врати во великосрпската прегратка – и соучествува во вршењето притисок врз Македонците со поддршката на нелегалниот договор Ципрас-Заев. Не верувам дека ќе отидат до крај, односно, не верувам дека ќе соучествуваат и во фалсификување на референдуските резултати. Мислам дека рефендумот ќе пропадне – затоа што договорот е наменет да пропадне – и резултатот ќе се почитува. Но, пораката на договорите кои ги склучи Заев ќе биде јасна: доколку сакате да го сочувате овој идентитет – којшто е суштински идентитетот изграден од југокомунистичката власт – мора да се вратите во Југославија.
За овој план да не се исполни Македонците ќе мора да се одречат од основните постулати на југокомунистичкиот идентитет, т.е. ќе мора да се откажат од својата зависност од државата и да станат независни индивидуи кои ќе градат независна држава; да си ја проучат историјата за да престанат да бидат манипулирани; и конечно, да се откажат од лагата и кодошењето, за да можат да изградат општество изградено на темелите на меѓусебна доверба и искрена соработка.
25-08-2018, 12:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,654
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Промена на балканските граници што Запад треба да ја прифати!?

[Image: GettyImages-918453964-1160x773.jpg?resize=1068%2C712]

24.08.2018
И покрај ризиците, размената на територија помеѓу Косово и Србија би можела да биде од корист за двете земји и за ЕУ.
Европа има интензивен и разбирлив страв од промена на националните граници. Но, разговорите за размена на територии меѓу Косово и Србија, кои веќе две децении се во суров конфликт, заслужуваат претпазлива поддршка, пишува Марко Прелец,  професор на Колеџот за јавна политика на Централноевропскиот универзитет, за Politico.eu .
Но, тензијата меѓу Србија и Косово е сериозна главоболка за континентот што треба да се надмине. Таа ја храни нестабилноста на југоисточниот дел на Европската унија и претставува сериозна пречка за интеграцијата на Западен Балкан во блокот.
Србија не ја признава косовската декларација за независност во 2008 година и официјално ја гледа територијата на Косово –со  претежно албанска пополација – како бунтовна провинција. Пет земји-членки на ЕУ, исто така, не го признаваат Косово. Повеќето од нив, како Шпанија, имаат свои сепаратистички стравови.
Русија и Кина го држат Косово надвор од ОН и во меѓународна изолација. Додека ќор-сокакот продолжува, ниту една од двете земји (Србија и Косово –н.з.) нема вистинска надеж за пристап во ЕУ.
Брисел јасно му стави до знаење на Белград дека треба да го реши спорот со Косово пред да стане членка на ЕУ.
Не постои решение за косовската загатка без договор кој двете страни би го поддржале, а размената на територија е клучна за таков договор.
Косово би ги тргувало северните општини (населени) со српско мнозинство за оние со албанско мнозинство во југозападниот дел на Србија. Србија ќе го признае Косово и ќе го зголеми своето противење на членството во ОН. Косово ќе се залага за заштита на средновековните српски манастири и нивното преостанато српско население, пишува Прелец.
Зошто Србија би прифатила ваков договор?
Бидејќи тоа претставува признание дека американските и европските политики не успеаја. Косово се распаѓа под меѓународен надзор, а Србија треба да ја признае неговата независност и територијалниот интегритет. Размената ѝ овозможува на Србија да каже: „Се обидевте да го направите ова без нас и тоа не функционираше“.
Од своја страна, Косово, пак, стекнува право на полноправна членка на меѓународната заедница и добива појасен пат кон членството во ЕУ. Косово веднаш може да се приклучи кон Советот на Европа, ставајќи ги своите луѓе под заштита на Европскиот суд за човекови права.
Но, зошто на ова има толку противење“.  Ангела Меркел минатата недела изјави: „Има обиди за граничните преговори и не можеме да го сториме тоа“. Карл Билд, кој беше инволвиран во проблемите на регионот веќе 30 години, за идејата рече дека е „рецепт за геополитичка нестабилност“.
Од друга страна, Волфганг Петрич, главниот преговарач на ЕУ за косовските мировни преговори, ја поддржува оваа идеја.
Главната забелешка е дека ако некаде се менуваат границите – тоа е закана за границите низ целиот регион.
Македонија има големо етничко албанско малцинство, кое доминира на територија сместена во предградието на главниот град Скопје – отцепување би значело ужасна војна.
Регионот со претежно српско население во Босна и Херцеговина рутински се заканува да се одвои. Сигурно размена на територии ќе го охрабри?
Пред осум години бев во Македонија и во Босна и Херцеговина за Меѓународната кризна група за да ја испитам токму оваа закана, пишува Прелец.
Јас и моите колеги од Албанија и од Србија заклучивме дека ризикот е реален, но може да се менаџира. Оттогаш, Македонија стана многу постабилна и има прогресивна, мултиетничка влада; Членството во НАТО е можно уште наредната година. Албанското население во земјата е прагматично и посакуваа да живее во држава со добри изгледи за европска интеграција и просперитет.
Друга работа е српската република Босна и Херцеговина. Неговото раководство и многу од нејзините луѓе навистина сакаат да се отцепат. Сепак, тие знаат дека е невозможно.

Многумина инстинктивно повлекуваат раце од промените во границите, тврдејќи дека тие ја одразуваат логиката на ужасното етничко чистење од 90-тите. Сепак, тоа беа премногу агресивни дела, но сега  ќе биде поинаку.
Косово и Србија зборуваат за заемно корисен договор со значителна поддршка меѓу луѓето кои ќе бидат директно погодени. Тоа ветува дека ќе донесе вистинска добра волја, што на крајот му недостасува во регионот., заклучува Марко Прелец.
25-08-2018, 12:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,654
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Македонија сериозно пропаѓа со месеци, вели бивш функционер на ЦИА!

August 24, 2018

[Image: -Маер.jpg?resize=696%2C405]

Стив Маер, поранешен заменик на шефот за Балкан на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) ги коментира сè почестите и погласни шпекулации за промена на границите во регионот, изнесувајќи непријатна констатација за Македонија.
Според негово мислење, новите граници најверојатно би се повлекле меѓу Србија и Косово, што би водело кон негово евентуално признавање, потоа во Македонија, а по принципот на домино-ефект на крајот и во Босна и Херцеговина.
„БиХ денеска е подалеку од тоа да биде единствена (унитарна – н.з.) држава отколку во кој било момент во минатото. Прашањето на Косово станува сè посериозно, а Македонија сериозно пропаѓа веќе со месеци. Во исто време ЕУ нема одговори на прашањата што го мачат Балканот“, го цитира Маер босанскиот портал „Вечерњи.ба“.


Quote:САД не исклучуваат корекцијата на границите меѓу Косово и Србија

August 24, 2018
[Image: Bolton.jpg?resize=696%2C391]

Советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џон Болтон, денеска во Киев рече дека Вашингтон нема да биде вклучен во идејата за територијална размена меѓу Косово и Србија.
Запрашан од Радио Слободна Европа што мисли за идејата за размена на територии меѓу Косово и Србија, тој рече:
„Прашањето за стабилноста на Балканот е многу важно за нас, бидејќи од распадот на Југославија има многу тензии и опасности, но има развој“, рече тој, мислејќи на спорот за името меѓу Македонија и Грција.
„Спорот меѓу Косово и Србија можеби е едно од најважните прашања, многу луѓе се обидоа да посредуваат. Овие напори не успеаја“, рече тој.
Болтон оцени дека има нови знаци дека и двете влади можеби имаат волја да преговараат за ова прашање во тишина.
„Нашата политика, американската политика е дека ако и двете страни можат да соработуваат едни со други за да постигнат договор, не исклучуваме територијални корекции. Тоа не зависи од нас“, рече Болтон, пренесува косовскас „Коха“.
„Ние нема да бидеме камен на сопнување и мислам дека никој во Европа нема да застане во средина ако двете страни постигнат задоволителен договор“, вели Болтон.
25-08-2018, 01:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,654
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Реакции во Србија на изјавата на Болтон: Големите сили првпат ги поддржaa српските интереси

[Image: bolton-1.jpg]

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин ја поздрави денеска изјавата на советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон дека САД се подготвени да го поддржат договорот за „територијални корекции“ меѓу Србија и Косово, доколку истиот биде постигнат.
Тој изјави дека САД со ова порачуваат оти договор без надворешно мешање е единственото одржливо решение.
– Секое наметнато решение порано или подоцна ќе предизвика судири, војни и поделби. Доколку ние се договориме, а меѓународната заедница го прифати тоа, тоа би било одржливо решение кое води кон стабилност на Балканот, истакна српскиот министер.
Вулин нагласи и дека ја поддржува идејата за разграничување, „бидејќи тоа е единствениот начин да се спречи создавање на Голема Албанија“, одбивајќи притоа да објасни што подразбира под поимот разграничување, несакајќи со тоа да открие за што ќе разговараат преговорачите вклучени во Бриселскиот дијалог.
Изјавата на Болтон ја коментираше и високиот функционер на владејачаката СНС Горан Весиќ, кој за ТВ Пинк изјави дека големите сили првпат ги поддржале интересите на Србија во пронаоѓање трајно решение за Косово, со што таа станала рамноправна во дијалогот со Приштина, додавајќи и дека „САД се клучни за решавањето на косовскиот проблем, а промената во американската политика ги отвара можностите за договор“.
Претседателката на Центарот за евроатлантски студии Јелена Милиќ изјави дека и за ЕУ и за САД е подобро да разговараат за мали корекции на административната линија меѓу Србија и Косово, што и на двете страни ќе им помогне на своите гласачи да им порачаат: „Не загубивме сè во преговорите“, а и двете страни ќе излезат како победници.
ТВН1 во анализата на изјавата на Болтон, го цитира поранешниот висок преставник на ЕУ за Косово Волфанг Петрич кој изјави дека сега е вистинскиот момент за носење на конечно решение за Косово и дека е потребно предлогот за ова решение да дојде од регионот, т.е од Белград и Приштина.
– Мислам дека е потребна мала корекција на границите, на сличен начин како што се решаваше проблемот меѓу Косово и Црна Гора. Значи, ова е една нова динамика и мораме да седнеме и да го разгледаме потенцијалното решение. Чувствувам дека сега е моментот да се дојде до решение и ова е историска можност. Иако решението не е идеално, треба добро да го разгледаме и да видиме како тоа ќе изгледа во пракса. Значи, тоа е решението за конфликтот кој трае предолго и се сомневам дека решението до кое ќе се дојде за пет години ќе биде подобро. Сега е вистинско време за тоа и во Србија и во Косово , истакна Петрич.
Аналитичарите во Србија проценуваат дека пораката на Болтон може да се толкува како желба на Доналд Трамп за постигнување на уште еден успех во надворешната политика, што, како што оценуваат, секако дека тоа може да биде решението за косовскиот проблем.
Џон Болтон вчера во Киев истакна дека „САД не можат да се мешаат во спорот меѓу Косово и Србија“, повторувајќи оти ако Белград и Приштина постигнат договор, со кој двете страни ќе бидат задоволни, тогаш ќе ја имаат и поддршка од Вашингтон.
Болтон укажа и дека е од големо значење воспоставувањето на стабилност на Балканот.
– Од распаѓањето на Југославија постојат повеќе долготрајни тензии и ризици. Но, неодамна е остварен и напредок, посочи Болтон, наведувајќи го договорот меѓу Скопје и Атина за името на Македонија.

25-08-2018, 02:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,654
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Црни сценарија за Македонија ако Косово и Србија разменат територии



August 27, 2018
[Image: mapa-ilirida-so-pola-makedonija.jpg?resize=696%2C244]

Македонија и Босна и Херцеговина ќе бидат следни за имплементирање на етнички базирани решенија на Балканот откако стана јасно дека меѓу Косово и Србија може да има размена на територии, тврди Агрон Бајрами првиот човек на најтиражниот и највлијателен весник во Косово Коха Ди Торе.
Според Бајрами кој цитира изјава на советникот за национална везбедност на претседател Трамп, Џон Болтон, децениските напори против етнички решенија на западот пропаѓаат.
Во изјавата Болтон од Киев порача дека САД нема да се противат на секое решение вклучително и размена на територии доколку тоа го договорат Белград и Приштина.
“Размената на територии меѓу Косово и Србија е на маса. Сега Могерини може да посредува во разговори за статусот на Северно Косово и Прешевската Долина. Децениските напори на западот против етнички базирани решенија се фрлени низ прозор. Сега следуваат Босна повторно, како и Македонија”, смета главниот и одговорен уредник на Коха Ди Торе.
27-08-2018, 12:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,654
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:За границите на Балканот и гаранциите на Балтикот


Ако Западот има донесено одлука за менување на границите, тоа и ќе се случи. Нервозата во регионот не е поради ендемската лабилност на границите на Балканот туку поради дискутабилната стабилност на гаранциите на Западот.
   
[Image: 19347012_303.jpg]
Ерупцијата на дебатата за промената на границите помеѓу Србија и Косово ја потврди одамна искажаната теза дека најголемата „опасност” за Балканот не е албанско-српскиот конфликт, туку српско-албанската соработка. Доволно е да се прочешлаат адресите на сите загрижени од дијалогот Приштина-Белград за да се разбере ефектот на ова тврдење. Впрочем, токму реакциите кои уследија по најавата за можни корекции на меѓу-државните граници послужија како потстетник за влијанието кое овие два народа го имаат врз земјите кои ги опкружуваат. Доколку првиот расплет преку конфликт може да биде контаминиран во рамките на две држави, ефектите на договорот за соработка би биле регионални и далекусежни токму поради новата динамика на регионалните меѓудржавни и внатрешнополитички односи.

Порив за кроења на границите
Пред сѐ, веста за промените во односите на северните соседи не е никаква новост, туку беше најавена пред неколку месеци од страна на Волфганг Петрич, кој по пролетната посета на Вашингтон најави „нова стратегија на Трамп за Балканот”. Второ, принципот на непроменливост на границите е веќе нарушен пред неколку месеци со демаркацијата помеѓу Црна Гора и Косово. Сосема друга работа е што Црна Гора не се бунеше при добивањето екстра доза земјиште, но сега со загриженост се прашува дали таа добивка може да ѝ се врати по глава. Трето, преговорите помеѓу Грција и Албанија се сеуште во тек, токму по прашањето на разграничувањето. Четврто, до пред неколку години во Македонија (поточно, кај Македонците) се наметнуваше дебата за федерализација на Македонија, дебата која повторно ќе добива на актуелност – но во друга одора. Петто и најбитно, да не се лажеме, поривот за кроења на границите не дојде со Трамп, туку постојано тлеше низ салонски ќошиња од Берлин и Париз, до Москва и Анкара, па ширум сите наши касаби. Затоа, колку и да е тоа популарно за смирување на нечистите совести, идејата за поделби е повеќе исполнување на тајните желби на Европејците, отколку новитет оттаде Атлантикот. Проблемот е во тоа што таа желба се исполнува – но не на начин како што си замислуваа и посакуваа оние кои премолчено гледаа на бугарските пасоши, религиски мотивираните „економски инвестиции”, патриотски пљачки под носот на француски мировници ... Не, ова не е американска приказна, туку американско жнеење на европски засаденото семе  на раздор.
  • [Image: 44275039_303.jpg]

    Србија и Косово: 15 погледи на „внатрешниот дијалог“
    Срспкиот „ѕид на плачот“
    Српските граѓани веќе навикнаа на тоа зградата на парламентот да се порабува со лица на загинати и грабнати луѓе во „Вториот косовски бој“. Овој жичен ѕид е отстрануван повеќепати, но тој повторно се појавува како обвинување на сметка на Западот и албанските герилци.

 
Повеќе на темата:
-Менувањето граници - реалност или пироманија?
-Промена на граници: Опасност од пожар на Балканот
-Балканот меѓу нов почеток и експлозија поради Косово
Впрочем, зарем никој не успева да ја согледа „случајноста” во која токму европските претседателства стануваат временски жаришта за расчистување на етнонационални интереси под превезот на ЕУ „вредности” и НАТО „стабилност”? Како што беше случајот со бугарското претседателство за склучување договори со Софија и со Атина. Наследено од тековното австриско претседателство во кое токму Виена предничи во протежирање на српско-косовскиот договор во име на ЕУ, драматизирање на наративот за одбрана на ЕУ од муслиманите, а всушност во интерес на нео-Австроунгарската империја, пост-модерно наречена Вишеградска Група. Интересно ќе биде – и за очекување е – да се види дали романското претседателство ќе успеесвоето шестмесечие да го искористи за разрешување на замрзнатиот кофликт Молдавија – Транснистрија и да ја реализира желбата за присоединување на Молдавија кон мајка Романија. Час потоа, Финска ја презема честа да биде ЕУ предводник на Балтикот. Со надеж дека аргументот за „мали козметички корекции на границите” нема да биде аплициран ширум балтичките држави. Како на пример во регионите Харју и Ида Виру во Естонија, Даугавпилс и Резекне во Латвија или пак Висагинас и Клаипеда во Литванија, инаку сите погранични региони и претежно населени со етнички Руси. Во Хрватска, следната на листата претседавачи со ЕУ, нема Руси, но затоа има Пирански Заливи и херцеговски гудури и нивни подземни шурувања со Република Српска. И на крај на второто десетлетие, следува германското претседателство, за кое само се знае дека ќе биде со седиште во Берлин, но се голема непознаница кој ќе биде претседавачот.

Пакет за рекомпонирање на Југоисточна Европа

Дилемата е веќе актуелна во светло на последниот разговор помеѓу Трамп и Меркел, на која според изјавите од нејзиниот кабинет, канцеларката ја нема целосно одбиено идејата за размена на територии помеѓу Србија и Косово. Но под услов да „тие потези не се одразат на други територии”. И сето тоа би било во ред, благонадежно дури за сите околу Косово и Србија, доколку не лебдееше сенката на пораз за Меркел лично. Која со самиот акт на барање гаранции од Вашингтон де факто ја делегитимира моќта и авторитетот на Германија пред САД да одлучува како во ЕУ, така и во Европа. Судејќи според поведенијата на актерите од регионот, таа порака е веќе прочитана и следствено аплицирана во безмалку колективно вртење кон Вашингтон. Со исклучок на Македонија, која Германија како нејзино последно – иако сосема расклатено – упориште во регионот. Следствено, сѐ што Меркел може да побара како гаранција е „потезите да не се одразат врз други територии” – за време на нејзиниот мандат. 
Се разбира, клучното прашање е дали развојот на состојбите помеѓу Косово и Србија ќе се одразат кај нас? Објективно гледано, причините за такви стравувања се засега минимални. Но читањето на субјективните аргументи на провладините стратези го наметнува впечатокот дека таа надеж се заснова на презервација на внатрешо-политичкиот статус-кво и гаранциите од страна на Меркел, Меј, Макрон итн. Инсистирањето на „козметички промени” во Македонија како навидум доволен изговор за избегнување на последиците од промената на границите е подеднакво наивно како и надежта на Волфганг Петрич дека трампите Митровица – Прешево се мали, невини, фини „козметички корекции”.
Дотолку повеќе што договорот Косово-Србија не е исклучок во вакум, туку е составен дел од истиот пакет на рекомпонирање на Југоисточна Европа во кој се и нашите договори со Грција и Бугарија, Албанија и Грција, како и последователните настани кои ќе се одвиваат ширум „огнената линија” исцртана од државниот секретар Џон Кери. Се разбира, таа стратегија некаде се фокусира на „разбивање народи” (Македонија), некаде граници (Косово), некаде со нови Дејтони (Босна), некаде со прегрупирање нации (Вишеградска група) ... На кратко, ние сме само нијанса, и тоа прилично бледа, во принципот на новиот Хелсиншки политичко-безбедносен договор, во кој Европа е повторно повеќе реципиент, отколку креатор на стратегии. 
  • [Image: 44261072_303.jpg]

    Договор за решавање на спорот за името
    Потпишување
    Договорот за решавање на спорот за името во Псарадес, на грчката страна од Преспанското Езеро, го потпишаа министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас. „Горди сме затоа што избравме решение што нѐ обединува“, оцени македонскиот премиер Заев. Неговиот грчки колега Ципрас рече: „Овде сме да ги залечиме раните што ги остави времето, да отвориме пат за мир, братство и пораст“.
 
Балканските граници и западните гаранции
Убедувањата дека овие нови моменти нема да се одразат врз нас се повеќе замислени желби, отколку издржани размислувања кои пропуштаат да ги земат предвид целосно изменетите параметри на носење одлуки во име на државата, народот, нацијата. Имено, првиот превид во анализрањето на игрите на релација Приштина-Белград се базира на прелесно заборавената или сокриена компонента дека овие „две страни во спор” се всушност една, т.е. српско-косовска клиентелистичка клика инсталирана и подредена кон Западот. На страна емотивните декори на нации, етникуми, држави, истории, виорења знамиња и извикување пароли, денешните раководства ширум регионот се само извршители на работи, шефови на испостави одбрани според принципот на послушност и покорност. Колку е подлабока понизноста пред наредбодавачите, толку се повисоки октавите на викање пред гласачите како насушна потреба за прикривање на сопствената автентична немоќ и на реверс дадена моќ.  
Но функционалноста на клиентелизмот е секогаш двонасочно условена и зависна од спремноста и моќта на наредбодавателот да ги нахрани сопствените клиенти и спречи нелојална конкуренција во нивно превземање. Прашањето затоа не е „што доколку” туку колку време треба да помине за да некој ги превземе не само сегашните клиентела-влади, туку и принципот на решавање спорови по рецептот на Западот, но спротивно од интересите на Западот? Ова не е прашање на замислена иднина, туку реалност базирана врз искуствата од регионот во односите кон Берлин и Вашингтон, Лондон и Париз, Москва и Анкара во не повеќе од последните 3-4 години. Да не зборуваме за превртливостите на домашната владеачка клиентела, нејзините предизборни мулти-култи пароли и пред-референдумски православија за „дрпање”  глас-два од „русофилите”.  
Немам сомнеж дека доколку Западот има донесенo одлука за менување на границите, тоа и ќе се случи. Без оглед на сите апели за нивно вразумување и убедувања дека таа „мала корекција” нема да заврши на Балканите, туку ќе се прошири се до Балтикот на север, Фергана долината на исток и Македонија на jугот. Таа намера секако и сигурно е изводлива, исто како што е сигурно долгорочно неодржлива. Токму поради хендикепот на Западот во давање убедливи гаранции кои тие самите – а не Русите или Кинезите – се неспособни и неволни да ги истуркаат до крај. Затоа, нервозата во регионот и пошироко не е поради ендемската лабилност на границите на Балканот туку поради дискутабилната стабилност на западните гаранции од САД и ЕУ.   

DW
30-08-2018, 11:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,654
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:DIO KOSOVA PRIPAST ĆE SRBIJI, DIO SRBIJE KOSOVU! Hoće li Vučić i Thaçi tako uništiti mir: 'Onda ide BiH, pa Makedonija, Crna Gora, Vojvodina...!'

[Image: vucicthaci-eu-external-acti.jpg]

Kosovski predsjednik Hashim Thaci, visoka predstavnica za vanjsku politiku i sigurnost Federica Mogherini i predsjednik Srbije Aleksandar Vučić

01.09.2018
Jesu li jesenje kiše, koje nam s prvim smirajem ljeta stižu, ublažile miris baruta koji se ovo ljeto širio iz balkanskog bureta ili naš čekaju nova neugodna iznenađenja? Naime, cijelo ljeto srbijanski politički vrh (a i kosovski je sramežljivo suflirao) uz pomoć medijskih kerbera pumpao je priču o “razmjeni teritorija i stanovništva” između Srbije i Kosova, kao “konačno rješenje” kosovskog čvora.
Naime, do kraja ove godine Bruxelles je dao rok da se odnosi Srbije i Kosova moraju riješiti kako bi jedna maligna kriza koja prijeti novim sukobima na Balkanu konačno bila apsolvirana. Beogradu je to važno kako bi mogao spokojno odrađivati europski pregovarački proces, a Prištini da ga napokon pokrene. Srbijanski predsjednik za nedjelju 9. rujna najavljuje “epohalni” govor Srbima u vezi sa “sudbinom Kosova”, a kako se situacija mijenja iz dana u dan, teško je predvidjeti što će poručiti, osim da nađe dovoljno patetičnih opravdanja kojima će zamaskirati ono što samo treba konstatirati - “gubitak” Kosova.
Doduše, priča o razmjeni teritorija pomalo je neočekivano izbila u prvi plan. U njoj je Vučić vidio slamku spasa, da se pokaže da je uspio Srbiji zadržati makar dio Kosova. Vučić je isticao da je “nešto više od ništa”, odnosno “da Srbija nešto mora dobiti”. I Dačić kaže da više nije u igri “cijelo Kosovo”. Naime, još u travnju za Vučića je svatko tko je za podjelu ili stav da Kosovo nije srpsko bio najveći veleizdajnik i da je to “kršenje ustava” (u njemu stoji da je Kosovo sastavni dio Srbije), da bi početkom kolovoza izjavio: “Ja sam za razgraničenje”. A upravo u tom vremenskom interregnumu, kada je paradigma kosovskog izdajstva doživjela ultimativni salto mortale, pojavila se i benevolentna izjava ruskog ambasadora Čepurina da Moskva nema ništa protiv podjele Kosova.

Pred Vučićem je velika dvojba - priznati gubitak Kosova, ali ne samo ostati na vlasti nego još k tome i predstaviti se kao povijesni spasilac srpstva. Onda su i neki u Bruxellesu dali nadu toj ideji, smatrajući da je ona izlaz iz začaranog kruga, ali i da “Srbija nešto mora dobiti” (na toj premisi u EU igra i Vučić). Kosovski političari nisu bili tako “odlučni”, iako je predsjednik Hashim Thaçi stidljivo spominjao “korekciju granice”, što je, kako nam je rekao urednik prištinskog dnevnika Koha Ditore, Agron Bajrami, bio samo “eufemizam za podjelu”.

[Image: ghgh.jpg]
 
Odlučno ‘Nein’ Angele Merkel

No, odmah je bilo jasno - podjela Kosova je Pandorina kutija novih najava graničnih sukoba, ne samo na Balkanu. Išlo se po onoj - pišem Kosovo, pamtim Republiku Srpsku i Krim, kao kulminaciju ideje da se trampi “srpski” sjever Kosova za “albansku” Preševsku dolinu na jugu Srbije. Zabunu u sve to unosila je Bijela kuća kao glavni kosovski pokrovitelj, ne videći u tome veći problem, pa je i glavni Trumpov čovjek John Bolton rekao kako “ne isključuje određena teritorijalna prilagođavanja” ako se dvije strane tako dogovore.
No, javili su se i bivši visoki predstavnici u BiH Paddy Ashdown, Carl Bildt i Christian Schwarz-Schilling, koji su poslali otvoreno pismo u kojem se protive trgovini teritorijem između Srbije i Kosova. Istaknuli su da ne mogu zamisliti destruktivniju politiku po opstanak i sudbinu Balkana nego kada je riječ o crtanju novih granica između Kosova i Srbije. Uskoro je najjača europska političarka, njemačka kancelarka Angela Merkel odlučila presjeći sve te razmjenjivačke priče pa je rekla rezolutno: “Nein”. Srećom i hrvatski premijer Plenković joj se pridružio. Napokon, vladajući kosovski političari službeno su dali izjavu kojom odustaju od bilo kakvih rasprava na temu podjele, a i Vučić je u svom govoru u Boru konstatirao kako je rješenje daleko te da prema njegovoj prognozi “Beograd neće dobiti ništa”.
- Ako nam ne daju ništa, što da radimo. Ako smijem prognozirati - tako će i biti - rekao je Vučić koji je, kako se čini, srbijanskoj javnosti odlučio “poraz Kosova” davati u manjim, prihvatljivim, ali bolnim porcijama, kao u onoj priči o vlasniku koji je psu rezao rep pomalo, ali u svemu tome sebe predstaviti kao onoga koji je patio, ali zla antisrpska međunarodna i ina zajednica je učinila upravo ono što se od nje kao takve i očekivalo. Doduše, njegovi politički suradnici poput Aleksandra Vulina, Ivice Dačića i Nebojše Stefanovića smatraju da bi podjela Kosova donijela stabilizaciju Balkana, no ne treba čuditi ako i oni nakon ove nove retorike, slijedeći Vučića, ne okrenu “ćurak” već po stoti put.
- Promjena granica je vreća bez dna, koja bi regiju vratila ponovno u 90-e - kaže Bajrami. On smatra da se i Bruxelles igra s vatrom jer to uopće nije “rješenje prema europskim vrijednostima”, a nakon Kosova, samo je pitanje što je sljedeće - BiH, odnosno Republika Srpska, a ni Federacija ne bi ostala nedirnuta, onda ide Makedonija, pa Sandžak, Crna Gora i, moguće, Vojvodina. Prema Bajramiju, Balkan ne smije biti talac Vučićeve borbe da opstane na vlasti.
- Promjena granica je vrlo opasna ideja jer sa sobom nosi etničko zaokruživanje i nacionalnu homogenizaciju. Ali ključno je pitanje bi li ta podjela bila samo uvod u novi krug balkanskih sukoba. Kada je riječ o BiH, to je najozbiljnija i najfragilnija točka u regiji i šire. Nitko ne može misliti da se može krenuti u etničko zaokruživanje na Balkanu, a da će BiH ostati mirna.


Problem Republike Srpske
Dodik više i ne krije svoje separatističke namjere. Srpska intelektualna elita na podjelu BiH ozbiljno računa i zagovara je, a sam Dodik je uspostavio direktan link s Moskvom i time uveo Putina kao arbitra za bosanske prilike te Beograd postavio za taoca svog odnosa s Putinom. Uz konfuznu i nejasnu politiku Trumpove administracije, mislim da regiji slijedi još dosta nestabilnosti - smatra profesor na Institutu za filozofiju i društvenu teoriju Univerziteta u Beogradu Milivoj Bešlin.
BiH je ključna zemlja zbog koje se ne bi smjela dopustiti podjela Kosova, jer tendencije “razmjene” bujaju već desetljećima, od raspada Jugoslavije, i teško da bi tako to prošlo mirno. Tu je, naravno, i pitanje Hrvata i “njihovih teritorija”, nekadašnje nesretne Herceg-Bosne i za sada fiktivnog “trećeg entiteta” u slučaju raspada BiH, što dodatno izaziva zebnju jer u tu priču nužno će biti uvučena i Hrvatska, kao članica EU-a i NATO-a. I konačno što bi bilo s Bošnjacima u BiH koji su ionako pod patronatom Turske. Zato treba pozdraviti da je premijer Plenković na nedavnom sastanku s kancelarkom Merkel, podržao ideju nepromjenjivosti granica. Valjda će se toga držati.
Ono što je Bešlinu najspornije u svemu jest činjenica da srpska politička i intelektualna elita i dalje vide rješavanje svih problema u regiji po nacionalnom ključu, dakle kao krak nacionalističke ideologije. - Drugi problem je što tzv. srpsko pitanje vide isključivo kao teritorijalno, kao pitanje granica. Takvo viđenje tzv. srpskog pitanja krajem 80-ih dovelo je do ratova 1990-ih. Granice se rijetko, gotovo nikada ne mijenjaju mirnim putem. Sila je tu uvijek potrebna i pokaže se kao ključni katalizator promjene granica - ističe Bešlin. Vučić očito ne može razmišljati po drugačijoj špranci od one koja je vladala u vrijeme njegova političkog formatiranja u ratnim 90-ima - razmjena teritorija i stanovništva. Ne čudi da je novu razmjenu stanovništva između Srba i Albanaca predložio baš njegov politički mentor Vojislav Šešelj. On bi Srbe iz kosovskih enklava mijenjao za Albance iz Preševske doline.
Bajrami smatra da je “prihvaćanjem” podjele Vučić kompromitirao i ideju Zajednice srpskih općina (ZSO) na sjeveru Kosova, na čemu je donedavno inzistirao. - Zapravo, pokazalo se da ZSO Vučić nije zamislio drugačije nego kao teritorije kojih se namjerava dokopati, a ne kao neke srpske autonomije ili slično - kaže Bajrami.


Zaštita od najezde
Nekadašnji vodeći kosovski političar Azem Vllasi veliki je protivnik “čačkanja granica” jer mogu donijeti samo tragediju i stradanja ljudi. - Aleksandar Vučić zna da Srbija mora normalizirati odnose s Kosovom želi li u EU. Zato traži da nešto dobije kako bi se srpskoj javnosti predstavio kao dobitnik. Drugo, on je u strahu od demografske situacije. Albanaca je sve više na Kosovu, a Srba sve manje. U Preševskoj dolini ista je situacija. Zato Vučić želi Srbiju ograditi sigurnijom državnom granicom od ‘albanske najezde’ - kaže on.
Tako je provučićevski Informer objavio tekst kojim se opravdava Vučićeva kosovska politika paničnim apokaliptičnim najavama da će do sredine stoljeća broj Srba i Albanaca biti podjednak. Albanci će rapidno rasti, a Srba drastično opasti.
Dakle, na stolu je prijedlog da se sjever Kosova, koji čini oko 11 posto teritorija Kosova s oko 65 tisuća stanovnika, uglavnom Srba (općine Sjeverna Mitrovica, Zvečan, Leposavić, Zubin Potok i Lešak, a podsjetimo da su ove tri zadnje općine priključene Kosovu 1953. godine, što je proveo Aleksandar Ranković, kako bi se podigao udjel Srba u tadašnjoj autonomnoj pokrajini) trampi za dio Preševske doline na jugu Srbije kod Vranja (Bujanovac, Preševo i dio općine Medveđa gdje živi oko 67 tisuća stanovnika, većinom Albanaca). Vllasi pak ističe da bi, osim toga, Kosovo tako zamišljenom podjelom bilo na gubitku.
Prema Vllasiju, geopolitički, strateški i životno sjeverni dio Kosova je za Albance puno važniji nego Preševska dolina. - Tamo su potencijali snažnog privrednog resursa Trepče, kao i najveća vodoakumulacija Gazivode, koja za Kosovo doslovno znači život. Ti resursi su i u vrijeme ustavne autonomije kompletno bili kosovski. Gradili smo ih mi, a Srbija tu ništa nema niti je investirala. Nisu za nas problem Srbi koji tamo žive niti to što oni vole Srbiju, a ne državu Kosovo. Njihov je interes da žive sigurno i normalno. A i kada bismo mi pristali na zamjenu sjevera s Preševskom dolinom, Srbija bi nam prepustila samo neka sela i zaseoke uz granicu s Kosovom, ali ne sav prostor gdje žive Albanci. Usto, tamo su autocesta i željeznička komunikacija koja Srbiju preko Makedonije povezuje s Egejskim morem i lukom u Solunu. A za ono što bi nam Srbija tamo prepustila, mi bismo mogli dati samo rubnu općinu Leposavić na samom sjeveru Kosova, što, opet, Srbija ne bi prihvatila - kaže Vllasi.


Erdogan u Novom Pazaru
U susjednoj Makedoniji naježe se od mogućnosti “zemljišne trampe” svojih susjeda Kosova i Srbije. Naime, teško da bi Makedonija ostala virgo intacta. Zapadni dio zemlje većinski je albanski. Za Makedoniju koja je sada pred rješenjem imena države u sporu s Grčkom otvaraju se vrata eurointegracija - skori prijam u NATO i početak pregovora s EU - što je garancija teritorijalne cjelovitosti države.
Iako Vučić sada vidi spas za sebe u dobitku dijela Kosova te nekom budućem proširenju na Republiku Srpsku, teško da ga ne bi sustigle “separatističke” želje u Sandžaku i posebno Vojvodini, gdje čak i među dijelom tamošnjih autohtonih Srba vlada “autonomaško raspoloženje”, pa i želja da se Srbija federalizira. Ne treba zaboraviti ni gotovo 300 tisuća Mađara, među kojima svako malo iznikne neka nova ideja dodatne “političko-kulturne autonomije”. Što se tiče Sandžaka, neki tamošnji muslimanski bošnjački politički lideri otvoreno osporavaju “vlast Beograda”, a nedavni doček turskog predsjednika Recepa Tayyipa Erdoğana u Novom Pazaru vjerojatno još uvijek Vučiću izaziva noćne more. U srbijanskom dijelu Sandžaka (Srbija tu regiju naziva Raška oblast) živi oko 150 tisuća Bošnjaka, naspram 85 tisuća Srba.
Usporedo s pričom o teritorijalnom razmjeni buknuo je i novi problem kada je Srbija proglasila da je položaj Srba u Crnoj Gori “gori od onog što je bio u NDH”, a Ivica Dačić rekao je da nema goreg primjera na svijetu u 21. stoljeću od položaja Srba u Crnoj Gori. U srbijanskim medijima čak se za Crnogorce počeo rabiti termin “milovci” prema Milu Đukanoviću. U Crnoj Gori ima oko 30 posto Srba, ali gotovo 45 posto ljudi kao materinski jezik smatra srpski. Oni ne žive kompaktno, a često je to više politička, a ne toliko etnička odrednica. Srpske stranke poručuju da bi dolaskom na vlast pokrenuli izlazak iz NATO-a te pitanje ponovnog ujedinjena sa Srbijom.
- Srpska politička i intelektualna elita se nikada suštinski nije pomirila s nezavisnošću Crne Gore. Svaki potez koji je Podgorica povukla, prateći vlastite državne interese, u Srbiji je dočekan uz užasne i agresivne napade iz samih vrhova vlasti i vlasti bliskih medija. Poanta je da se Srbija ne miri s nezavisnošću Crne Gore i konstantno pokušava i dalje iz Beograda upravljati Crnom Gorom. I kada to ne prođe, slijede frustracije, optužbe za izdaju, problematizira se položaj srpskog naroda. Riječ je o neugasloj teritorijalnoj i imperijalnoj ambiciji, bez ikakve sumnje - smatra Bešlin.

ЈУТАРЊИ ХР
02-09-2018, 03:30 PM
Reply