Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИНИЦИЈАТИВИ ЗА УСТАВНОСТА НА РЕФЕРЕНДУМОТ,ДАЛИ УСТАВНИОТ СУД КЕ ДОНЕСЕ ОДЛУКА??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:
Левица поднесе иницијатива за оценка на уставноста за одлуката за референдум


Левица ќе го бојкотира референдумот за името, но според нејзиниот претставник тие ќе побараат од ДИК да им биде овозможено да го набљудуваат изјаснувањето.
08/08/2018

[Image: levica1.jpg]

Политичката партија Левица денеска поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за распишување на референдум донесена од Собранието на Република Македонија. Одлуката, според паријата, по неколку точки не е во согласност со Уставот, Законот за референдум, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија.
Левица бара Уставниот суд целосно да ја поништи одлуката за референдум со ретроактивно правно дејство.
– Бидејќи во иницијативата се бара времена мерка, тоа значи дека иницираме итна постапка и очекуваме Уставниот суд веднаш по годишните одмори, а тоа значи пред референдумот да се произнесе. Во случај да не се произнесе можно е постфестум да ги поништи резултатите – рече Димитар Апасиев од Левица.
Апасиев вели дека одлуката на Собранието ги нема сите потребни седум елементи, меѓу кои образложение, а не е наведен ниту видот на референдумот. Референдумското прашање го нарече „прашање стапица“.
– Првата формална причина е тоа што одлуката ги нема сите седум задолжителни елементи што по Законот за референдум мора да ги има. Таа нема образложение и го нема целиот назив за актот по којшто се гласа, туку е даден само скратен назив на актот и исто така не е предвидено гласање на одделни гласачки ливчиња, онака како што тоа го бара законот – рече тој.
Левица, според него, ја побива оваа одлука бидејќи во неа исто така не е наведен видот на референдумот што е суштински елемент на одлуката.
– Не знаеме дали станува збор за претходен или за дополнителен референдум и не знаеме дали станува збор за факултативен или за задолжителен референдум. И оттука е невозможно да се оцени правната последица од успехот или неуспехот на референдумот што го повредува начелото на правна сигурност – рече Апасиев.
Третата причина поради која што Левица ја спори оваа одлука е референдумското прашање.
– Тоа е прашање стапица коешто е забрането и со нашиот закон и со европските стандарди односно и со Венецијанскиот кодекс на добри практики за референдуми – вели Апасиев.
Според него, вака поставеното собраниско прашање има осум можни одговори, а законот дава можност само за два.
Од материјално-правен аспект, Левица бара да се укине одлуката, поради тоа што консултативен референдум невозможно е да се распише за членство во сојуз или заедница со други држави, како што е случајот со ЕУ.
– Членот 120 предвидува облигаторен и задолжителен референдум – рече Апасиев, посочувајќи дека според нивното истражување Република Македонија воопшто нема донесено одлука за членство во ЕУ.
Исто така, Апасиев нагласува дека Договорот што се става на референдумско изјаснување не е ратификуван и оттука Собранието се довело само себе во правно нерешлива позиција. Собранието, според него, не може да распише претходен референдум затоа што Договорот веќе е склучен, а ниту може да распише дополнителен референдум затоа што нема закон кој би одел на референдумско изјаснување бидејќи претседателот одби да го потпише.
Левица ќе го бојкотира референдумот за името, но според нејзиниот претставник тие ќе побараат од ДИК да им биде овозможено да го набљудуваат изјаснувањето. Според Апасиев, вчера објавената анкета на МЦМС дека мнозинство граѓани ќе излеат на референдумот е лажна, а референдумот го поддржуваат само 14 отсто од граѓаните.
08-08-2018, 12:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2



08-08-2018, 11:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ПОДНЕСЕНА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВНИОТ СУД ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА РАСПИШУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНДУМ!

[Image: largea_photo_todor_petrov1390296082-630x3721.jpg]

31 јули 2018 година, Скопје, Македонија 

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) денес поднесе иницијатива до Уставниот суд на Македонија за поништување на Одлуката за распишување на референдум, што ја донесе Собранието на Македонија на седницата одржана на 30 јули 2018 година.
Во согласност со членот 50 став 1 од Уставот, СМК побара Уставниот суд да реши по иницијативата врз начелата на приоритет и итност, поради заштита на слободите и правата утврдени со Уставот.
СМК во иницијативата наведува дека Oдлуката за распишување на референдум од 30 јули 2018 година (“Службен весник на Република Македонија“ број 140/2018), не е во согласност со членот 8 став 1 алинеја 3, членот 51, членот 52, членот 75, членот 118, членот 119 и членот 120 од Уставот на Република Македонија и со членот 15 ставовите (3) и (4) од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните (“Службен весник на Република Македонија“ број 81/2005), како и со меѓународното право: Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права, Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, Универзалната Декларација за човекови права, Повелбата на фундаменталните права на Европската Унија и Виенската конвенција за договорното право потпишана на 23 март 1969 година во Виена.
СМК во иницијативата до Уставниот суд побара времена мерка до одлучување, поради штетните последици од спроведувањето на референдумот по Буџетот и јавните фондови односно даночните обврзници, слободите и правата на државјаните и внатрешниот правен поредок на државата Македонија!
Собранието со референдумот ги наведува избирачите да гласат по меѓународен договор кој не е склучен во согласност со Уставот на Република Македонија и не е дел од внатрешниот правен поредок на државата, а истовремено ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост и зависност спрема друга држава, односно Република Грција. Според член 308 од Кривичниот законик, “Граѓанин кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор од најмалку пет години“. Референдумското прашање создава правни последици што се основа за кривично дело и поради тоа ги доведува избирачите во заблуда да гласаат за “озаконување“ на меѓународен договор чие извршување пред да стапи во сила Законот за негова ратификација претставува кривично дело!
Одлуката на Уставниот суд на Македонија е тест за правната држава и правдата!
08-08-2018, 11:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Референдумското прашање е спротивно на европските стандарди утврдени од Венецијанската комисија



доц. д-р Димитар Апасиев
[Image: dimitar-apasiev200x250.jpg]

Понеделник, 13 Август 2018
Собраниската Одлука за распишување на референдумот за планираната и наметната промена на уставното име на Република Македонија не е во склад со конституционалниот концепт на народен, т.е. граѓански суверенитет и дозволува неприфатливо мешање во иманентно внатрешните работи на Републиката, оти во јавното право нема повнатрешно прашање од прашањето за уставот на една суверена држава.
Предмет на овој мој блог, кој е дел од стручниот летен серијал посветен на неотстранливите правни пречки со кои се соочува меѓународно октроираниот т.н. Преспански договор, ќе биде компаративна јуристичка аргументација на причините поради кои контроверзната и нецелосна Одлука за распишување на референдум бр. 08 – 4666/1 (Сл. весник на РМ – 140/18 од 30 јули 2018 за планираната промена на уставното име на Републиката, донесена од страна на Собранието на РМ, не може и не смее да произведе правно дејство и поради кои Уставниот суд на РМ треба да ја поништи, со своја конечна и мериторна одлука.
За почеток ќе се задржиме на научно објаснување и побивање на самото референдумско прашање и неговата конципираност и концепциска поставеност, додека пак во следните два блога ќе ги опфатиме формално-правните и материјално-правните недостатоци во структурата и содржината на оваа спорна собраниска одлука. Во чл. 1 од Одлуката, дословно е поставено следното референдумско прашање: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција? Во продолжение стручно ќе докажеме дека ваквата трослојна формулација не ги исполнува законски бараните правни предуслови за изрично изјаснување и тоа, главно, поради следново:
Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано
Во референдумското прашање веќе се крие посакуваниот одговор или барем подобниот начин како треба, т.е. како е „правилно“ да се одговори, и тоа исклучиво во пакет, односно „во тројка“!? Па така, доколку сте ЗА едно од трите понудени прашања, автоматски сте принудени да бидете ЗА и за останатите две, и покрај фактот што можеби тоа не е вашата вистинска волја. И обратно, ако сте ПРОТИВ било кое од трите прашања, автоматски произлегува дека сте против сите три – што, реaлно, не мора да значи! Колку за илустрација, ваквите неразбирливо поставени, извртени и сугерирачки прашања се забранети во нашето процесно право: „Не е дозволено да се поставуваат прашања во кои веќе е содржано како би требало да се одговори“! [чл. 229, ст.1 од Законот за парнична постапка (2005)]; а слична ваква појаснувачка и ограничувачка одредба содржи и чл. 208 од Законот за кривичната постапка (2010), кога го регулира судското испрашување на сведоците и на вештаците.
Дополнително, ваквите прашања се прохибирани и во чл. I, ст. 3, ал. 1, т. 3 и во чл. III, ст. 2 од Кодексот за добри референдумски практики (Code of Good Practice on Referendums – I, 3, 1, c & III, 2) на угледната Венецијанска комисија, како експертско тело на Советот на Европа, каде исто така е утврдена примарната практична обврска на јавните власти во земјите-членки на СЕ, меѓу кои е и нашата, при спроведување на референдумите да поставуваат кратки, јасни и недвосмислени референдумски прашања!
Најсличен случај со нашиов, кој ни доаѓа од споредбеното уставно право per analogiam, е т.н. Португалски случај. Имено, таму своевремено беше направен обид да се спроведе ваков комбиниран, сомнителен и амбивалентен референдум, кој ќе содржи три прашања во едно [„3 in 1“] – но, истиот беше експресно санкциониран од страна на португалскиот Уставен суд. Тамошното тросмислено прашање, поставено како и кај нас post festum, односно по склучувањето на меѓународниот договор за т.н. Европски устав, гласеше: Дали се согласувате со Поглавјето за основните права, со правилото за квалификувано гласање и со новата институционална рамка на Европската унија предвидена со Уставот на Европа? Во својата касаторна Одлука бр. 704/04 (17.XII.2004), Уставниот суд на Португалија правилно оцени дека, со поставувањето на три слеани, т.е. залепени прашања, се создава само привид на единство и не се исполнети условите за јасност на вака поставеното референдумско прашање, па предложениот референдум го прогласи за противуставен. Во правното образложение на цитиранава судска одлука е наведено дека прашањето поставено за електорално референдумско изјаснување мора да го задоволува критериумот на експлицитност и да биде конципирано на најдобриот и најсфатлив можен начин за граѓаните, кој го доловува контекстот на ситуацијата за која се гласа. Притоа, во своите сентенци, Судот умесно поентира и заклучува: „Прашањето што е предмет на референдумот мора да биде формулирано на објективен, јасен и прецизен начин и мора да дозволи одговор од типот на ДА или НЕ – без директни или индиректни, сугестии и без никакви други имплицирања во одговорот“!
Прашањето не го задоволува т.н. троен тест на единство
Овој европски тест е предвиден во споменатиот Венецијански Кодекс за добри референдумски практики (2007) и во неговиот објаснувачки Меморандум [Explanatory Memorandum]. Имено, според овој воедначен и стандардизиран референдумски тест, за исходот од прашањето да биде правовалиден тоа мора да има: (1) единство во формата – тоа значи дека поставеното прашање не смее да е проста текстуална комбинација на неповрзани, прејудицирани и нафрлани конкретни и апстрактни целини или, како во случајов, на извесен сегашен „договор“ и на неизвесно идно „членство“; (2) единство во содржината – мора да постои релевантна, емпириска и суштински битна „вродена врска“ [intrinsic link] помеѓу различните делови на прашањето, што во случајов изостанува, затоа што искуството и праксата нè учат дека не постојат заеднички „евро-атлантски“, туку одделни и сосем независни „европски“ и „атлантски“ интеграции; и (3) единство во хиерархијата – се бара да е предвидена иста правна процедура за имплементацијата на резултатите од референдумот, што во случајов не е испочитувано, затоа што за влезот во ЕУ и во НАТО се предвидени сосема одвоени правни режими, со различно поставени уставни процедури за влез и со различни парламентарни мнозинства при одлучувањето – во случајот со ЕУ се применува чл. 120 [„членство во сојуз или заедница“] и се бара двотретинско мнозинство; а во случајот со НАТО се применува чл. 121 од Уставот [„членство во меѓународна организација“] и се бара апсолутно мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Прашањето е лукаво, манипулативно и сугестивно
Во референдумското прашање погрешно и злонамерно се тргнува од неточната претпоставка дека народот признал нешто што не признал! Впрочем, тоа е многу слично како она прашање кое им го предаваме на студентите по право, кога ги учиме елементарни техники на вкрстено испрашување (cross-examination), а кое го поставил еден сведок до некој арогантен германски судија: „Дали Вие, господине судија, престанавте да ја тепате Вашата сопруга“? [како, божем, судијата претходно да признал дека си ја тепа жената]. Така и овде, на граѓаните им се импутира дека тие го признаваат постоењето на т.н. Преспански договор, иако тој de iure не постои, туку е само правна фикција (fictio iuris). Додатно, прашањето е неточно и тенденциозно, бидејќи воопшто не постои одлука за членство или, пак, покана за наше скорешно полноправно пристапување во ЕУ, туку тоа е иден, крајно неизвесен, степенест и ултимативно условен факт (condictiones turpes) кој се одвива фаза по фаза, а за кој не се знае со сигурност и надвор од разумно сомневање дали и, евентуално, кога точно временски би се случил.
Прашањето е палијативно, опскурно и капциозно
Ваквото аматерско и необмислено референдумско прашање спаѓа во озлогласената и недозволена група на т.н. прашања стапица (captio quaestio), токму поради ноторниот факт дека е невозможно да се одговори едноставно со ДА или со НЕ, односно само со ЗА или ПРОТИВ. Впрочем, при една доследна дедуктивна анализа, т.е. логичка операција на расчленување на сите можни комбинаторики при одговарањето, се доаѓа до несоборлива конклузија дека во случајов се можни дури осум различни одговори, а не само два – колку што дозволува чл. 15, ст. 4 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните (Сл. весник на РМ - 85/2005). На пример, доколку еден граѓанин е ЗА само за едно од понудените прашања, а за другите две е ПРОТИВ – тој нема можност да одговори по своја волја, туку само „во пакет“, што во крајна линија би довело до нереална и искривена слика за вистинското расположение на граѓаните.
[Image: tabela-eu-nato.jpg]
Табела 1: Шематски приказ на сите можни комбинации одговори


Да резимираме: собраниската Одлука за распишување на референдумот, која веќе е правно оспорена пред Уставниот суд на РМ од страна на повеќе иницијатори, е спротивна на смислата и супстратот на уставно постулираниот граѓански суверенитет и дозволува неприфатливо мешање во иманентно внатрешните работи на Републиката, оти во јавното право нема повнатрешно прашање од прашањето за уставот на една суверена држава. Дополнително, таа ја доведува Републиката во положба на потчинетост и зависност спрема странска држава, од чија волја не смее да зависи нашето именување во меѓународно-правниот промет, внесувајќи огромна доза правна несигурност и тврдоглаво противејќи се на инкорпорираниот и традиционално воспоставен принцип на уставност и законитост, во неговата формална и материјална смисла. А токму овој авторитативен правен стандард – како што веќе го има утврдено и самиот Уставен суд на РМ во една своја поранешна укинувачка одлука (case law) – принципиелно го обврзува законодавецот, како доносител на оваа противправна и неправична oдлука, „да конципира и да формулира прецизни, недвосмислени и јасни правни норми усогласени со Уставот и со останатите закони“ во нашиот домашен правен поредок. Тие мораат да бидат лаички, во склад со здравиот разум (common sense) и лесно разбирливи за поголемиот дел од населението, оти само таквите норми можат да претставуваат солидна основа за идно, коректно и предвидливо, постапување in concreto од страна на ДИК, судовите, другите надлежни државни органи и нивните јавни службеници.


РЕСПУБЛИКА
13-08-2018, 11:57 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:ЈАНЕВСКИ: Владата крши два закони за референдумот и Кодексот на Венецијанската комисија

[Image: Sednitsa-na-Vlada-14.jpg]

18.08.2018 Пишува Дарко Јаневски

Законот за референдум има само една одредба која се однесува на рекламирањето во врска со референдумот. Според член 12 од Законот „овластениот предлагач може да води јавна пропаганда на свој трошок“.

[Image: clen-12-480x83.png]

Иако од одредбата е јасно дека таа се однесува пред се на ситуацијаа кога овластен предлагач се 150.000 граѓани, таа се применува и во врска со актуелниот референдум каде како овластен предлагач се јавува Собранието на РМ. Значи според Законот, тоа може да води јавна пропаганда на трошок од Буџетот на Собранието, односно на трошок на сите нас.
Се разбира, тоа само по себе значи дека јавната пропаганда треба да биде избалансирана, како во однос на тие што се „ЗА“, така во однос на тие што се „ПРОТИВ“ и конечно, и во однос на тие што ќе го бојкотираат референдумот. Тоа значи дека Собранито има должност да им објасни на граѓаните, меѓу другото и дека ако не излезат на референдум, тоа не значи дека на истиот нема да биде донесена олука, како што лажат Заев и компанија.
Тоа е тоа што во врска со ова има да го каже Законот за референдум. Но, и Владата веќе потрошила стотина евра за реклама од Буџетот на РМ, а допрва најавува интензивирање на тоа што Законот за референдум го нарекува „јавна пропаганда“.
На сите ви е јасно дека Владата ќе потроши буџетски пари еднонасочно, односно ќе ве убедува да излезете на референдумот и да гласате „ЗА“. Јасно ви е дека ан тоа та нема право, но што да се прави кога ова прашање Законот за референдум не го регулирал? Односно дали ова прашање навистина не е регулирано?
Таквото прашање е излишно, бидејќи во себе содржи неточност. Имено, Законот за референдум не го регулирал ова прашање изречно, но не оставил празнина бидејќи во член 45 став 1 изречно вели:

„При спроведување на референдум на државно ниво, се применуваат одредбите од Законот за избор на пратеници во Собранието на РМ, доколку со овој закон поинаку не е определено“.
[Image: 45-480x142.png]

Бидејќи Законот за избор на пратеници е сменет со Изборниот законик (член 192 од Изборен законик, преодни и завршни одредби), тоа значи дека за се што не е регулирано со Законот за референдум, се применуваат одредбите од Изборниот законик (ако тоа не е така, тогаш референдумот не би можел да се спроведе бидејќи тука е регулираба и работата на ДИК, формирањето општински изборни комисии итн). А во него, прецизно стои дека „од денот на распишување на изборите (референдумот, н.з.) радиодифузерите и печатните медиуми не смеат да емитуваат реклами финансирани до Буџетот на РМ, од буџетите на општините и на градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење јавни овластувања“.
Член 75д ст. 4 Изборен законик


[Image: 75-480x88.png]

Оваа одредба пред се однесува на реклами кои се директно врзани со изборите односно рефендумот, но и на реклами кои немаат директна врска. На пример, реклама за некаква акција за посадување зеленило, платена од Буџетот на РМ, би се сметала за корумпирање на медуимите во изборниот процес  и слично.
Но, бидејќи одредбата изречно забранува емитување на реклами платени од Буџетот на РМ, таа јасно упатува на фактот дека Владата на РМ, општините и слично не смеат да трошат пари ниту на „објаснување на договорот “ со Грција (тие секако ќе го објаснуваат од свој агол), ниту пак на прашања поврзани со НАТО и ЕУ кои исто така се дел од референдумското прашање (со оглед на фактот што малку кој очекува од девастираниот Уставен суд да донесе правилна одлука во врска со ова).
Тао исто така значи дека телевизиите и печатените меидуми ен смеат да ги емитуваат односно печатат таквите нарачки. Остануваат интренет медиумите кои не се опфатени со овој законик, но и ова е доволно да спречи криминал кој Владата и медиумите имаат намера да го направат, се разбира, потпирајќи се на „кооперативноста“ на ДИК која нема намера ова да го спречи, иако правилата во врска со ова се во нејзина надлежност.
Тоа е едниот момент. Другиот е дека ДИК бега од фактот дека Владата веќе го корумпира референдумот со фактот што врши вработувања, масовно и секој ден и на скеој во оваа држава кому треба да му се исплати нешто, тоа ќе биде сторено пред референдумот, а ДИК со најавата дека ова не е регулирано во Законот за референдум и со шарлатанските толкувања во врска со ова, практично најави дека ќе молчи и ќе го дозволи корумпирањето ан рефендумот. Нивното обајснување дека ова не се избори, па оттука Владата не се натпреварува, само покажува со каква нестручност ќе се соочиме во овој натпревар на мислења „За“, „Против“ и „Бојкот„ на референдумското прашање.
Кодексот на практики на Венцијаснакат комисија з арефереднум во член 3д не етолку ригиден во однос на ова, па вели дека „за разлика од изборите не е неопходно да се забранат целосно активностите на властите за или против референдумското прашање. Но како и да е бвастите (централни и локални) не смеат никако да влијаат врз одлуката да се гласа преку еднострани кампањи. Користењето на јавните фондови за кампањски цели мора да биде забрането, се вели во
Кодексот на Венцијанската комисија


[Image: 39467710_421932581664227_223959188883741...80x383.png]


Тоа значи дека Владата може да им објаснува на граѓаните технички детали и тоа исклучиво на неутрален начин, но не смее да зазема страна во врска со референдумското прашање.


ДЕНЕШЕН
18-08-2018, 10:42 PM
Reply