Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МАКЕДОНИЈА БОЈКОТИРА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Триесетина организации предводени од Бачев, почнаа кампања за бојкот на референдумот

Објавено пред
1 ден - 5 август, 2018
Од
Галена Николовска-Ризвановиќ

[Image: 38495650_2124092967831801_5764921021287104512_n.jpg]

Христијанско братство, Македониум, Аманет 1903, Трета партија на Македонците, Тврдокорните, ВМРО-ДПМНЕ-Демократска фракција и други партии и невладини организации, на чело со Јанко Бачев од „Единствена Македонија“, почнаа кампања под слоганот „Македонија бојкотира“.
Вкупно 28 организации потпишаа Меморандум за соработка и формираа т.н Кризен штаб кој ќе ја води кампањата.
[img=0x0]https://adserver.mk/revive-adserver/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=100&loc=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fmakedonija%2F%25d1%2582%25d1%2580%25d0%25b8%25d0%25b5%25d1%2581%25d0%25b5%25d1%2582-%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b3%25d0%25b0%25d0%25bd%25d0%25b8%25d0%25b7%25d0%25b0%25d1%2586%25d0%25b8%25d0%25b8-%25d0%25bf%25d0%25be%25d1%2587%25d0%25bd%25d0%25b0%25d0%25b0-%25d0%25ba%25d0%25b0%25d0%25bc%25d0%25bf%25d0%25b0%25d1%259a%25d0%25b0-%25d0%25b7%2F&referer=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2F&cb=0dded0c17c[/img]

„Ние сме собрани да недозволиме да не избришат од светската мапа на нации. Тоа нема да го дозволиме. Оваа битка е поголема од предавничката авантура на власта. Со бојкотот ја спречуваме промената на името. Заев е во очај , посебно се забележа на НАТО журките. На Илинден им сметаше МТВ, и лажат дека бојкотот значело прифаќање на Договорот со Грција. Оваа битка ќе ја добиеме со бојкот. Ќе им остане предавството. Новата власт која доаѓа ќе расчисти со предавниците, рече Бачев.





Претставниците на организациите најавија дека ќе одат од врата на врата да ги убедат луѓето да не излегуваат на референдумот на 30 септември.
06-08-2018, 02:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Собир за “спас“ на името, но одново вината кон Албанците





Се собираат за името, a ги навредуваат Албанците. Потпишаа меморандум за бојкот на референдумот., по што започна натпревар кој да стигне до . Првиот, Јанко Бачев, еден од организаторите, зборуваше за како што рече – погрешните чекори од политичките гарнитури, иако од неговата десна страна стоеше човек од структурите на ВМРО-ДПМНЕ. Тука беше и екс-директорот на Државниот архив, Филип Петровски, кој често го менува политичкото друштво, кој рече дека од врата до врата ќе го убедува македонскиот народ да не излезе на референдум. Зборуваше и Страшко Олумчев од организација наречена Македонскиот Национален Совет “Македониум“, раководена од иселеници. Прво ги навредуваше колегите кои ќе се спротивстави на референдумот.
Потоа се сврте кон навреди на Албанците.
Иако од неговиот профил на Фејсбук се гледа дека ги следи политички случувања во Македонија, се чини дека и тој е жртва на лажни вести, пред некое време објавени на порталот “Република“.
 По изјавата продолжи Олумчев упати закани, со зборовите – ќе се  видиме и на други настани.
Сето ова за Јанко Бачев, лидер на про-руската Единствена Македонија,  е нормално. Како што рече, таквите изјави се вообичаени за политичкиот амбиент во земјава.
Повеќето обраќања на денешниот собир беа политички, со барање оставка од Премиерот. Ознаките на блузите што ги носеа повеќемина од присутните јасно ја покажуваат определбата на членовите на овие организации.
Репортер: Фуркан Салиу


Ако водачите на „МАКЕДОНИЈА БОЈКОТИРА“ укажат на вистинскиот виновник за проблемот на името и смена на името скоро никој нема да биде дел од оваа група.
Проценката во моментов им е погрешна што виновникот го посочуваат кај Албанците , ке било подобро да молчеле!!
06-08-2018, 03:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Бојкотирам со контракампања на владината #ФактиЗаДоговорот

August 8, 2018

[Image: -5.jpg?resize=589%2C581]


Македонските корисници на социјалните мрежи под хаштагот #Бојкотирам се спротивставија на владината информативна кампања #ФактиЗаДоговорот со контракампања.
Користејќи го дизајнот од акцијата на Владата за информирање на граѓаните, се испраќаат спротивни пораки од тие што на своите профили на социјалните мрежи веќе неколку дена ги пласираат премиерот Зоран Заев и министрите.
Двата спротивставени табора уште отсега ги кршат копјата пред референдумот за договорот Заев-Ципрас закажан за 30 септември, иако официјалната кампања треба да почне 20 дена пред плебисцитот.


[Image: .jpg?resize=300%2C297][Image: -1.jpg?resize=300%2C300]
[Image: -2.jpg?resize=300%2C300] [Image: -3.jpg?resize=300%2C300]
[Image: -4.jpg?resize=300%2C300][Image: -6.jpg?resize=300%2C300]
[Image: -7.jpg?resize=300%2C300][Image: -8.jpg?resize=300%2C300]
 
                                               
08-08-2018, 06:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Твит-твит ја порази тик-так



9.08.18  
Би можело да се каже дека (иако навидум тематски различна) кампањата #Бојкот на референдумот е изнудено и општествено диктирано продолжение на државно заробената „Шарена револуција”

[Image: 19347019_3021.jpg]

Двегодишнината од крајот на кампањата на објавување „бомби” за ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, инаку претенциозно насловена како „Вистината за Македонија” е временски доволно пристојна дистанца за оценување на нејзините ефекти и последици врз земјата и општеството. Во некои други земји, таквата дистанца би била доволна за низа научни трудови, книги, дури и некое филмче. За разлика од кај нас каде сѐ што остана како потсетник на бурната пролет 2016 се жаргонските бисери на сниманите вмровци и интегристи, јутјуб снимки кои „ќе се најдат” за уценувачки потсетувања на заборавните актери, обесмислената надеж во СЈО и од-време-на-време некое нарачано потсетување дека низ подземјето сѐуште кружат снимки. Кои чекаат да се објават „ако затреба”.
Но кои се ефектите, кои се страничните последици од нивното објавување по политичката сцена, реперкусиите врз внатрешните односи и динамики? Притоа, не ми е зборот за конкретните актери и нивните судбини, туку за страничните социолошки последици како афтершок влијанија врз сите нас, и како индивидуи и како општество.

Корупцијата и поддршката
Неодамна наидов на интересна студија за „Ефектите на објавување корупција врз изборните резултати” подготвена од група еминентни истражувачи при Националното биро за економски истражувања од Кембриџ, САД. Истражување инаку засновано врз искуствата од Мексико и кампањата на објавување корупциски скандали недела дена пред изборите во 2009 година. Според истражувањето, „разоткривањето на здивеената корупција води кон пад на подршката на владејачката партија, но исто така и кон опаѓање на излезноста на гласачите за опозицијата. Pазоткривањето на корупцијата ја ослабнува идентификацијата со корумпираната владејачка партија и го зголемува бројот на гласачи кои не се поистоветуваат со политичките партии”. Следствено, во одредени околности информациите за корупцијата „резултираaт во деангажирање на гласачите од изборниот процес”. Истражувањето води кон заклучок дека „објавувањето информации за корупцијата е неопходно, но не и доволно за поправање на квалитетот на владеењето, бидејќи гласачите наместо со зајакнат ангажман, можат да реагираат со повлекување” од политичкиот процес.
Сличностите помеѓу ефектите наведени во истражувањето и искуствата на домашната политичка сцена се премногу слични за да бидат пренебрегнати. Дотолку повеќе што нудат увид во изненадувачки израмнетиот резултат на изборите 2016 како и на наводите од последната анкета за рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои можат да се преведат и во споредбата помеѓу ДУИ и албанските опозиции. При што се наметнува заедничкиот именител дека разоткривањето на корупцијата може да ја намали популарноста на корумпираната владејачка партија, но тоа не подразбира зајакнување на ривалите. Дотолку повеќе ако ривалите демонстрираат селективност во разоткривање на корупцијата и/или се самите опфатени во корупција како реликт од минатото или поведение од сегашноста.
Последиците на таквата селективност ни се веќе ем познати ем елаборирани. И деновиве демонстрирани во живо на политичката сцена преку сѐопштата поплава на корупциски скандали поврзани со СДСМ (и, интригантно интересно, помалку ДУИ). Но она на што помалку се обрнува внимание е масовноста на кампањата за „Бојкот на референдумот” која веќе ја има побиено и во ќош ставено длабоко компромитираната „Шарена Револуција”. Дури би можело да се каже дека (иако навидум тематски различна) кампањата #Бојкот е изнудено и општествено диктирано продолжение на државно заробената „Шарена”. Дотолку повеќе што тврдото одбивање на поврзување со ВМРО-ДПМНЕ и екс-СДСМ отпадоците со квази-про-руска провиниенција потполно се поклопува со наодите од истражувањето на Кембриџ за дистанцата на гласачите од етаблирано-корумпираните партии. И затоа, може да се дебатира дали популарноста на анти-движењата кај нас се само со опортунистички краткотраен ефект, или пак превирање како зачеток на нови пред-институционални политички групирања.

Референдумот како бајрак
Фактот што движечката сила на кампањата #Бојкот се базира на хоризонтална поставеност базирана врз анонимност и индивидуалност оди во прилог на тезата дека нивната порака е посилна и побитна како идеја водилка (за привлекување) и доволна за дистанца од имањето на лик водач (како фактор на полемика). Но тоа не е најбитната разлика во споредбата помеѓу нивната стихијност и лидерското ќор-подаништво на „шарените”. Иако со право следбениците на #Бојкот можат да се наречат како националистички задоени (поради темата на Договорот со Грција), таквата квалификација ни приближно не ја доловува длабочинската динамика базирана врз нео-урбан конзервативизам и идентитетски традиционализам кој е во пораст. Притоа, прашањето на Референдумот е само бајракот на нивната борба, додека пак вистинскиот жар на антагонизам е директно поврзан со банализацијата на борбата против корупција од страна на СДСМ и „шарените”.
Да не беше Договорот, ќе се најдеше друг обединувачки мотив за збивање на редовите од страна на овие нови струења на конзервативизмот кои сопствената морална оска не ја гледаат во слушање и читање на порнографски воздишки на актерите од бомбите или еротските елаборации на Фатиме Лукас. Туку од созреаната свест дека „слабостите се човечки” но буџетските пари се даночно граѓански. За разлика од дебело платената „шарена” имитација на либерализам, конзервативизмот на апартиските следбеници на #Бојкот е предвесник на длабокото свртување на општеството кон и во прилог на традиционалните, препознатливи и лесно мерливи квалификации на морал и неморал искажан низ парите и отчетноста.

Неразбрана поука
Лесно и прелесно е на твит-бојкотерите да им залепиме по уши чат-пат етикети, ги поплукаме и прогласиме за националисти (што повеќето и се). Но таквите политикантски напади нема ни да ја дефинираат, камо ли елиминираат, нивната појава како изнуден коректив на шизофрената состојба во која се наоѓаме, предизвикана од половичните „Вистини за ВМРО” на СДСМ и „Вистини за СДСМ” на ВМРО. Уште понаивно е да се очекува дека кататонијата на СДСМ, ВМРО, ДУИ треба само да продолжи доволно долго за да се заборават нивните злосторства против Македонија и граѓаните. Таквите, не луди, туку невоспитано глупави надежи на коруптократите од тие партии очигледно ја немаат разбрано поуката од американската „чајанка” и европските евро-скептици, причината за нивната појава и еволуцијата која сега ја следиме, за да догодина во мај ја констатираме како свршен чин.
Ерго, #Бојкот не е финале, туку зачеток на нова политичка култура со конзервативен фон, предизвикан и инспириран од дрскоста на системските партии. Може да не ни се допаѓа, оправдано. Може да предизвикува симпатии, осветољубиво. Но, едно е сигурно – дали позитивни или негативни, мислењата и вреднувањата на корумпираните веќе никого не интересирааат и уште помалку потресуваат. Сумирано, неселективната дрскост на твит-твит ја збриша и уништи лажната моралност на тик-так.
Квази-либералниот дискурс на Шарената револуција потклекна при првиот налет на профитирање од „борбата против режимот” и со тоа ја игуби кохезивната енергија за градење нов политички амбиент во земјата базиран врз социјална рамнотежа. Иако засега доминиран од претежно етно-македонски мотив за сочувување на името и идентитетот, новиот конзервативен бран може да го надополни токму она што шарените така евтино и лесно го напуштија – сензибилизирање на општеството за фискална одговорност без пардон и изговор. Владата на Заев ќе може да биде пресреќна доколку овој бран на незадоволство заврши и имплодира со Референдумот – без обзир каков ќе биде неговиот резултат. Но сѐ додека неговиот кабинет ја храни јавноста со катадневни скандали на кражба и неодговорност, енергијата на гнев допрва ќе добива на сила ширум земјата. Заев е на одличен пат да ја повтори грешката на претходниците кои не сакаа да разберат дека горењето на фитилот е претходница на експлозијата.
09-08-2018, 09:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5



17-08-2018, 02:58 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:


Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ со свои средства ќе води кампања против договорот со Грција



Чекор по чекор ВМРО-ДПМНЕ им го соопштува својот став за  референдумот за името, на македонските граѓани. 


[Image: 346043.jpg]

25 август 2018
Денеска партискиот лидер Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил напиша дека партијата со свои, а не со владини пари ќе учествува во кампањата за референдумот.


Quote:-Наоѓајќи потпора во народот, кој е столбот и вистинскиот извор на власт и легитимитет во оваа земја, пред се одејќи од врата на врата, од дом во дом, во маалата, градовите, селата, ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во кампањата и ќе биде против овој договор, и во моментот кога ќе го дефинираме конечниот став во однос на самиот чин на гласање, учество референдумот, истиот ќе биде соопштен на граѓаните. Доколку постои можност делот од средствата кои се потврдени за ВМРО-ДПМНЕ да се донира за да изгради или догради нов објект во состав на гимназијата “Кирил Пејчиновиќ” во Тетово, напиша,  Мицкоски на својата фејсбук страница.


СДСМ  преку партиско соопштение го повикаа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да го соопшти партискиот став за референдумот. Според нив Мицкоски е лицемерен бидејќи со уцени преку изборот на ДИК бил донесен законот за финансирање на партиите со буџетски пари. 
ВМРО-ДПМНЕ со години трошеше десетици милиони евра пари на граѓаните за рекламни кампањи, пропаганда и манипулација на јавноста. Денес кога треба да се покаже одговорност пред иднината и пред граѓаните, Мицкоски се однесува лицемерно и неодговорно.
Мицкоски да не се грижи, Владата предводена од СДСМ работи одговорно и во интерес на граѓаните и има обезбедено средства за реконструкција и изградба на нови училишта, меѓу кои е и гимназијата Кирил Пејчиновиќ во Тетово, стои во партиското соопштение на СДСМ.
Во меѓувреме собраниски извори од мнозинството информираат дека ќе формираат Коалиција на пратенички групи кои ќе бидат “ЗА” референдумот.
Парламентарната група на ДУИ го информира собранискиот спикер дека активно ќе учествува со “ЗА” со сите свои пратеници во кампањата што Собранието треба да ја води како овластен предлагач на Референдумот што треба да се одржи на 30 септември.
И опозициската БЕСА ќе води кампања за успешен референдум, но од таму најавуваат дека ќе имаат свои барање кога ќе дојдат на ред уставните промени. И владејачката БЕСА ќе води позитивна кампања.
 Утре на Централно собрание Алијансата за Албанците ќе го градат ставот за учеството во референдумот.
Се работи за заразно заболување кое се пренесува со близок контакт и кое според епидемиолозите е исклучително ретко со еден до два случаи годишно и уште поретко со ваква тешка форма на сепса со смртни последици.




26-08-2018, 02:35 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:БОЈКОТИРАЊЕ Е ДОЗВОЛЕНО, НО ОРГАНИЗИРАЊЕ БОЈКОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ Е КАЗНИВО СО ЗАКОН, ПРЕДУПРЕДУВА АКАДЕМИК КАМБОВСКИ

[Image: vlado-kambovski-1.jpg]

Секој може јавно да го каже своето мислење дали е „за“ или „против“ поставеното референдумско прашање, или е за бојкот на референдумот, но никако не смее да ги организира граѓаните да не излезат да гласаат, зашто спречува спроведување законска одлука, вели академик Владо Камбовски (Фото: СДК.МК)


27.08.2018
Никој не смее да ги организира граѓаните да не се спроведе референдумот на 30 септември, зашто тоа ќе се смета за кривично дело организирање на отпор за извршување на донесена законска одлука, вели академик Владо Камбовски. Тој вели дека одлуката за референдумското изјаснување за членство во НАТО и ЕУ со признавање на Договорот со Грција ја донесе Собранието, таа е законита, што значи мора да се спроведе.
Според академик Камбовски, секој може јавно да го каже своето мислење дали е „за“ или „против“ поставеното референдумско прашање или е за бојкот на референдумот, но никако не смее да ги организира граѓаните да не излезат да гласаат. Секој граѓанин, политичар, движење, партија, носител на јавна функција, секој индивидуалец во овој процес треба да биде внимателен, препорачува Камбовски.
„Никој не смее да ги организира граѓаните да не се изјаснат. Политичките партии треба да се тргнат од таа работа. Не е ни етички ни морално да агитирате, да делите материјали, да одржувате собири или протести со цел да ги убедувате граѓаните да го бојкотираат изјаснувањето „за“ или „против“ референдумското прашање. Референдумското прашање е изгласано и референдумот е закажан со одлука на Собранието. Таа одлука е законита. Тоа е како судот да донел одлука (пресуда), а некој да ги организира граѓаните таа законска одлука да не се спроведе“, споредува Камбовски.
Претседателот на Собранието Талат Џафери на 24 август ги известил пратениците дека до денеска треба да се изјаснат дали се „за“, „против“ или за „бојкот“ на референдумот, за потоа пропорционално на пратеничките групи или на пратениците од сите три опции Собранието да им го плати комерцијалното претставување на кампањите во медиумите. Владата ќе му префрли 1,3 милиони евра на Собранието за каппања за референдумот. Засега само пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски го известил спикерот Џафери дека се определува за бојкот на референдумот и побара пари за кампања.
Кривичниот законик е прецизен и во членот 387: „Организирање на отпор“, стои:
„(1) Тој што ќе организира други на отпор или на непослушност спрема законити одлуки или мерки на државен орган, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
(2) Ако поради делото од став 1 дошло до неспроведување или до значително отежнување на спроведувањето на законита одлука или мерка на државен орган или делото го стори како водач на група, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години“.
Според Кривичниот законик, за организирање отпор кон законита одлука може да се добие затворска казна и до три години, но членот е уште поригиден ако дошло до проблеми или тешкотии за спроведувањето на таа одлука, па пропишува казна и до 5 години затвор за евентуална таква последица.
С. К. ДЕЛЕВСКА




Quote:САМО ЛАЖГОВЦИТЕ ШТО САКААТ ДА ЈА РАСПАДНАТ ДРЖАВАТА НАМЕРНО НЕ ПРАВАТ РАЗЛИКА МЕЃУ ПРАВО НА БОЈКОТ И ОРГАНИЗАЦИЈА НА БОЈКОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ, РЕАГИРА АКАДЕМИК КАМБОВСКИ

[Image: Kambovski1-1.jpg]
Правото на бојкот е загарантирано, но никаде не е загарантирано правото на партии или групи луѓе да ги организираат, регрутираат, потплатуваат, застрашуваат, попречуваат или манипулираат со граѓаните со кампања на омраза и ширење страв заради бојкотирање на референдумот, распишан со легална и легитимна одлука на Собранието на Република Македонија, вели академик Владо Камбовски (Фото: СДК.МК)

Академик Владо Камбовски, кој вчера укажа на правото на секој граѓанин да го бојкотира референдумот, но не и да ги организира и спречува граѓаните да се изјаснат на референдум, предизвика бурна поддршка, но и негативни реакции, напади и лични навреди. Тој вчера во изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК укажа на членот 387 од Кривичниот законик кој забранува организирање на граѓаните да се попречи спроведување на законита одлука, каква што е одлуката на Собранието за референдум на 30 септември, за членство во ЕУ и НАТО со признавање на Договорот со Грција.

28.08.2018
Вчера на изјавата на Камбовски, на Фејсбук реагираше пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој прв меѓу пратениците се изјасни пред Собранието дека ќе го бојкотира референдумот и побара државни  пари за медиумска поддршка на неговата кампања. Тој вели дека за Камбовски е спорно што „народот ќе бојкотира и ќе се организира“, а „погазен е Уставот, референдумот е незаконски, Македонија е ставена во потчинета положба, а Владата дека прави кривично дело со тоа што троши народни пари за кампања за референдумот“. Тој го нарече Камбовски „слугата Јернеј“ на многу властодршци.
Професорката Билјана Ванковска на Фејсбук напиша дека укажувањето на Камбовски на член 387 кој пропишува и затворска казна до 5 години за спречување на законита одлука донесена од државен орган, е облик на притисок и заплашување на граѓаните.
Камбовски одговара на реакциите, обвинувајќи дека вчерашната хајка против него е „оркестрирана од тенок слој во општеството, кој свесно лаже“, воден од план како што вели, „за распад на државата“.

„За разлика од огромен број читатели, на кои им е сосема јасна содржината на мојата изјава во врска со бојкотот на референдумот, доаѓа фуриозна реакција на одреден тенок слој на ‘јавачи на Апокалипсата’,  протагонисти на планот за распад на државата како единствен спас за нивните водачи и за одредени од нив, од соочувањето со казнената правда, којашто воопшто не ме изненадува. Особено кога доаѓа од некојси пратеник и (за голема жал за оваа држава!) поранешен министер за надворешни работи, кој си го присвоил правото дури и клучната фигура на нашата епоха, Блаже Конески, да го прекрсти во ‘џуџето од Небрегово’, а камоли мене да ме крсти со бесрамни дисквалификации. Разочаруваат по малку таквите ад хоминем напади од професори-колеги, кои би требало да се срамат од нив зашто ја демонстрираат нивната неукост: требало, имено, да знаат дека не само во правото, туку и воопшто во секоја сфера на човечки односи таквите ‘аргументи’ се најслаби и не може да поддржат никаква сериозна теза. Но тешко може да се очекува нешто друго од таквите ‘уставобранители’, меѓу кои влегуваат и поттикнувачи на обидот за државен удар изведен со терористичкиот напад врз Собранието на Република Македонија“, вели Камбовски.
Тој вели дека начинот на хорски диригираната реакција на неговата изјава е симптоматичен, дури и опасен.
„Извртувајќи ја изјавата, да му се стави во уста на тој што ја дал нешто што не кажал, значи да се рекомпонира во лага, а потоа од таквата лажна основа да се изведуваат бескрајно апсурдни импутирани ставови. Тоа е, за жал, најпримитивното рамниште на кое е спуштен нашиот јавен дискурс за вакви значајни, да не речам судбоносни теми за нашето општество и неговата иднина, како што е Договорот од Преспа и референдумот кој треба да го изрази мислењето на граѓаните околу неговата поддршка како инструмент кој ги отвора патиштата за безалтернативните евро-атлантски интеграции на Република Македонија“, вели Камбовски.

Тој пак повторува: „Уставно загарантираната слобода на граѓанинот да не гласа или да гласа и за што да гласа на референдум никој не може да ја ограничи со каква и да е забранувачка, најмалку кривично-правна забрана. Загарантирана е, се разбира и слободата секој јавно и без страв од секаква закана да го соопшти својот став во врска со референдумот – дали ќе се воздржи од гласање или ќе гласа и како ќе гласа. Загарантирана е и слободата да се даваат објаснувања и изнесуваат аргументи и повици за излегување или неизлегување на гласање, или за гласање ‘за’ или ‘против’. Но никаде не е загарантирано правото на партии или групи луѓе да ги организираат, регрутираат, потплатуваат, застрашуваат, попречуваат или манипулираат со граѓаните со кампања на омраза и ширење страв заради бојкотирање на референдумот, распишан со легална и легитимна одлука на Собранието на Република Македонија. Организираниот притисок врз граѓаните за бојкот на гласањето е противправен, затоа што не е во прилог на инвидидуалната слобода и право на поединецот да гласа и е против референдумот како значајна демократска вредност на македонското општество што се стреми да се приклучи во европскиот цивилизациски круг“.
Камбовски  вели дека е убеден оти огромното мнозинство граѓани не подлегнуваат на манипулациите на оваа „група десперадоси“, како што ги нарекува.
„Убеден сум дека граѓаните го препознаваат значењето на Договорот од Преспа и дека слободно и по своја сопствена совест ќе гласаат на претстојниот референдум, водејќи се при својата одлука како ќе гласаат, не од поттикнувањето на организаторите на бојкотот, туку од претпоставениот интерес на своите деца“, вели академик  Камбовски.
Пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ДПА, Алијансата на Албанците, Беса, како и двајца независни пратеници или 71 пратеник се изјаснија дека се „за“ на референдумското прашање и го информирале претседателот на Собранието Талат Џафери дека нивните пратеници ќе земат активно учество во јавната кампања за референдумот за името. Освен Милошоски кој се изјасни за бојкот, ВМРО-ДПМНЕ уште нема доставено известување, а според најавите тоа ќе го стори в среда.
Владата одвои 1,3 милиони евра за Собранието за кампања за референдумот, но од Парламентот денеска потенцираа дека пратениците нема да добиваат пари, туку Собранието ќе закупи медиумски простор и истиот, според изјаснувањето, ќе биде пропорционално поделен.

Во членот 387 од Кривичниот закон стои: 
„(1) Тој што ќе организира други на отпор или на непослушност спрема законити одлуки или мерки на државен орган, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
(2) Ако поради делото од став 1 дошло до неспроведување или до значително отежнување на спроведувањето на законита одлука или мерка на државен орган или делото го стори како водач на група, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години“.

Според Кривичниот законик, за организирање отпор кон законита одлука може да се добие затворска казна и до три години, но членот е уште поригиден ако дошло до проблеми или тешкотии за спроведувањето на таа одлука, па пропишува казна и до 5 години затвор за евентуална таква последица.
С. К. ДЕЛЕВСКА



Камбовски појаснува кои дела се казниви ако ги прават оние што повикуват на бојкот :

-протагонисти на планот за распад на државата
-потплатуваат, застрашуваат, попречуваат или манипулираа

-[b] со кампања на омраза и ширење страв заради 
[/b]




Зар оваа не се казниви дела и за оние кои ке пропагираат да се галса ЗА на референдумот!

Ги побркал лончињата „академикот“ или пак стравот од предстој во Идризово е причината.
(This post was last modified: 29-08-2018, 12:08 AM by ЈорданПетровски.)
28-08-2018, 11:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Биљана Ванковска фб мислење

Колегата-професор, целосно ставен во кампања која е организирана, па и незаконски платена со државни средства, и тоа исклучиво во насока на успех на референдумот, користи подеднакво навредувачки јазик и етикети за сите кои неговата, во најмала рака, чудна порака ја доживеаа како облик на (суптилно?) застрашување. Чудно е што истиот мој стар професор не виде организиран бојкот во 2004 година, кога владата беше таа која организирано вршеше притисоци за да пропадне референдумот и граѓаните да не излезат на гласање. Таа користеше државни пари за рекламни билборди и пораки во медиумите, премиерот Костов јавно упати порака дека е подобро да си седиме дома и да гледаме шпански серии (тогаш не беа стасале турските серии). Не' етикетираа зошто покренавме референдумско изјаснување за веќе донесен закон со кој се нацртаа етнички општински граници, бевме истите „Јавачи на апокалипсата“, луѓе кои не ѝ мислат добро на земјата, антизападни елементи итн. Е сега нештата се сменија! Веројатно и самата Шарена револуција, нејзиното хоризонтално организирање и начин да дјествување сега влијаеше на појава на исто такво хоризонтално движење без лидер и јасна структура да поттикне масовна реакција во врска со референдумот. Насилство или спречување на активностите на референдумот нема, освен оние кои се доволени со закон - три претставки пред Уставниот суд чекаат на одговор. Професорот Камбовски не гледа зло, не слуша за злото, не говори за злото - сторено со флагрантно кршење на уставот и законите на оваа земја од почетокот, потпишувањето на Преспанскиот договор, до одлуката за распишување референдум. Во стравот се големи очите, па гледа опасност референдумот да пропадне, а со тоа и неговата и позицијата на МАНУ во однос на промената на името и Уставот на Република Македонија.

Ако сум јас на страна на апокалипсата, на која страна е Камбовски? За кого бие камбаната? Како негов бивш студент и од него и од другите научив што е устав и закон, изгледа премногу добро - зошто тешко се снаоѓам со луѓе кои ме убедуваат дека црното е бело и дека политиката има предност пред правото.
29-08-2018, 01:35 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9



30-08-2018, 11:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote: Мојата обврска да апстинирам


септември 20, 2018
Немам сомнеж дека Референдумот „ќе успее“ и дека „ќе нѐ биде”. Начинот на кој ќе се постигне тој „успех“ и нашето „биднување“ е мојот финален аргумент зошто сум обврзан да апстинирам.
 
[Image: 19347024_303.jpg]


„There are no geographical solutions to an emotional problem“ – Tony Soprano

Зошто не сум „за“: Првата причина е интуитивна реакција на отворената манипулација на протнување на Договорот „на мала врата“ преку експлоатација на поддршката на граѓаните за ЕУ и НАТО. Втората причина е што и покрај сите уверувања дека доволно е да се прочита Договорот за да се потврди дека идентитетските прашања се неоспорени, остануваат редица недоречености засновани на претходните искуства. Сметам дека е доволно да потсетам дека и Рамковниот Договор беше релативно јасен во неговата пишана форма. За потоа и оние кои навреме го имаат прочитано и оние кои и ден денеска го немаат видено да се уверат во практичните и тегобни последици на пишаните гаранции и кариеристичките експлоатации на потписниците.
Затоа, со оглед на каскадните изјави давани од оваа влада (слично на претходната), треба да се укаже дека најслабата алка во Договорот не се недоречените параграфи и членови, туку лабилноста на ставовите на потписниците. Надополнето со тоа и молкот на нашите институции кон дискутабилните изјави од соседството со кои се негираат ставовите на нашите водства и се фрла сенка врз Договорот, но уште повеќе и врз идните ефекти кои можат да произлезат во долгиот и магловит процес на интегрирање. Како што впрочем и се покажа низ последниот пример, невообичаено тврдиот и категорично негативен де факто одговор на партијархот Вартоломеј на писмото упатено до него од премиерот Заев.
Гестот на Вартоломеј (кој можел барем да се стрпи до 1 октомври) задира во следниот суштински недостаток на Договорот – немањето гаранции. Имено, имам целосно разбирање – често и симпатии – за тоа што Договорот наидува на широка поддршка кај Власите, Турците, Ромите, Србите (со задршка за молчеливите стотина илјади носители на бугарски пасош), но сепак тоа се должи на еден непобитен факт – дека Договорот е речиси ексклузивно дискутабилен за – и вперен контра – двете мнозински етничко идентитетски заедници, Албанците и Македонците и нивните истории и идентитети. Правото за определба на останатите заедници е неспорно, исто како што мора да биде неспорна и грижата на двете заедници како реципиенти, но и присилени гарантори на одлуки доверени од страна на елити со сомнителен демократски изборен и инаков бекграунд, или пак криење зад грст системски Албанци или етно-Омароси.
Толку за внатрешните гаранции, кои се дури и полесно разбирливи од оние надворешните, предизвикани од драматичните и во тек геостратешки престројувања. Имено, заладувањето на односите на Турција и САД, како и традиционалните топло-студени релации помеѓу Турција и ЕУ ја дефинира новата стратешка битност на нашиот јужниот сосед. Притоа, САД повеќе зависи од Атина отколку што Грција зависи од Вашингтон. Што неминовно ја подвлекува дилемата дали навистина Договорот е решение за спорот, или пак предигра за нови дополнувања во текот на претпристапните преговори, за кои никој од сегашната или идната влада не може да гарантира дека таквата можност е исклучена. Проблемот е во тоа што токму по ова прашање се детектира дихотомијата на Договорот – поради клиентелизмот наш насушен, САД, ЕУ, НАТО, Германија можат да гарантираат за нашите идни ставови. Но САД, ЕУ, НАТО и Германија не можат да гарантираат за идните грчки ставови – дури и ако сакаат. Драмата со пишман-принципите за непроменливост на границите како камен-темелник на европската безбедност која се одвива северно од нас, е само потсетник за вербата во мртвите пишани слова на денешната политика.
Затоа и не можам да ја разберам хистеричната алармантност која се шири од круговите на СДСМ и ДУИ, како и од западните дипломатии поврзано со ургентната потреба од членство во НАТО за спас од Русија, од Албанците, од Македонците и.т.н. Дека е смислена пропагандна хистерија на кревање тензии – тоа е барем сосема јасно. На таа и таквата хистерија мора да се одговори со колку љубопитно, толку и логично прашање: доколку опасноста од Русија и/или од соседството (со кои, нели, сега сме во братски односи) е  речиси на врата и прашање на часови, денови, недели, зошто побогу се инсистира за гласање денес, за спас-членството да го чекаме дури до 2020 година?! По секоја логика на нештата, доколку на НАТО им е битно нашето членство како одбрана од Русија, тоа ќе се ефектуираше на месец-два по успешниот Референдум.
Притоа, колку за потсетување, некои од нас уште пролетва бараа итно и неодложно членство на Македонија во НАТО, токму поради загрижувачки пораки од Москва. Паниката за опасноста и лежерноста на Западот кон членството, и покрај „иминентната опасност од Русија“, наведува кон заклучок дека западните партнери се свесни дека ангажманот на Русија ќе следи по Референдумот (каков и да е резултатот) и во предизборието. Во таа мала епизода се крие и загриженоста на Западот и стравот дека Референдумот наместо во изјаснување за Договорот ќе се претвори во Референдум за детектирање на ерозијата на популарноста на западните понуди, токму поради неефективноста и амнестичноста во справување со криминалот и корупцијата на нивните домашни елити. И повторно, можеби сега станува појасно зошто, некои од нас предупредуваа да не се поврзува Договорот или Референдумот со членството во ЕУ и НАТО, како претпазливост од прелевање на негативниот набој од спорот со името кон актерите на интегративните процеси.
По таа линија на логиката, стравот на домашните и надворешните поддржувачи е дека Спутњик и Русија Тудеј на 1 октомври наутро би можеле да ги насловат своите извештаи со „Македонија кажа ‘не’ на Ѐападот”. Но тоа сепак не е вистинската причина за нервозата која се шири не толку од самата СДСМ, колку од клиентела-трабантите низ медиумите и Академијата, ужаснати од можноста да ја изгубат толку долго посакуваната и профитабилна тезга на нови бранители на името. Слабиот одзив на јавноста кон скапите кампањи „за“ лошо се одразуваат на рејтингот на домашните НВО и медиуми, кои допрва треба да ги оправдаат своите кредибилитети пред домашните и странски спонзори.

Зошто не сум „
против”: Бидејќи со оглед на наметнатото владино сиже за поврзување на излезноста со успешноста, гласањето против не е ништо повеќе од – споредбено кажано – наметнат избор помеѓу Верушевски и Мијалков. Со наметнувањето на квалификативот „консултативен референдум“, самиот Заев, СДСМ и меѓународната заедница ја компромитираа и контаминираа смислата на гласање „против“ и ја легитимираа „бојкот“-опцијата како реална алернатива на „за“.

Зошто не „
бојкотирам“: Колку и да е привлечна таа хаштаг-полуга, во добар дел истата е оптоварена од црно-белоста на определбата помеѓу СДСМ-ДУИ денес и ВМРО-ДУИ вчера како проектирани со-нас-или-против-нас страни во спорот. Тоа е внатрешната политичка причина. Надворешната причина е што ефективно и практично, тезата бојкотирам е одамна преземена и аплицирана од страна на меѓународната заедница која со години бојкотира секое, сечие и секакво прашање во кое се подвлекува нивната улога и соучество во криминализацијата на општеството. Одбивност на отчетност не само поради опортуните политички моменти или сопствен интерес, туку и како негација на принципот на владеењето на правото, а не на послушн(ичк)ата власт/влада.

Зошто не „
игнорирам“: Настрана арогантниот призвук на надменост, најлесната од сите опции е таа да најдеш уточиште во „не ме интересира политика“. Дотолку повеќе што игнориањето на нешто што ќе има реперкусии по тебе и твоите со години и децении ред, не е израз на кулерска натполитичност, туку на ординарна глупавост.

Зошто ќе апстинирам: Моите најбитни мотиви за апстиненција не се ниту идентитетот на Македонците, јазикот на Албанците и нашите и онака одамна пластелинизирани фолк-истории. Или барем не во директна, туку индиректна позиција. Клучниот мотив за апстиненција е одбивањето да се земе учество во уште една рунда на хипер-политички акробации за прикривање на ендемската (и веќе неизлечива) заболеност на општеството и државата со криминал и корупција како најголем и најтежок предизвик за граѓаните и гласачите. Одбивањето да се даде легитимитет на суштински корумпирана и сомнително демократски валоризирана влада (денес и вчера) е малиот индивидуален акт на директно одбивање на амнестија на криминалот (во име на интеграциите) и индиректно оградување од следните акти и чекори за идентитетски манипулации.
Кои со оглед на севкупната поставеност во регионот, неминовно ќе уследат, паралелно со следните безброј „историски моменти“ во процесот на интеграции, низ кои домашната олигархија на криминал ќе се интегрира и пречистува низ европските побратимски коридори. Севкупниот концепт на наше приклучување кон ЕУ и НАТО веќе е бесмислено копирање на романско-албанско-бугарскиот модел на интегрирање поради географијата, а не поради социологијата. Наивно е да се очекува дека со таков пристап ќе се излечиме од она од што сѐ уште боледуваат наведените држави и нивни општества.
Нашата навикнатост, помиреност, па дури и здодеаност од бавење со дрн-дрн криминал и корупција теми е не само пресуда кон нашето граѓанско достоинство, туку и потсетник дека не страдаме од корупција поради идентитетот, туку дека идентитетите ни се расклатени поради корупцијата. И плачот и смеењето, и останувањето и бегањето, и вербата и клетвата во оваа држава не се продукт на географиите, туку резултат на емоциите предизвикани од корупцијата и криминалот, т.е. од привилегијата за неказнено профит-практицирање или проклетството од бивање неказнено експлоатиран.
За крај, и покрај сето погоре наведено, немам сомнеж дека Референдумот „ќе успее“ и дека нас „ќе нѐ биде”. Начинот на кој ќе се постигне тој „успех“ и нашето „биднување“ е мојот финален аргумент зошто сум обврзан да апстинирам.
Колумна на Арсим Зеколи
21-09-2018, 01:13 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:РЕФЕРЕНДУМСКИ ШОК КОРИДОР!


пишува Гордана Силјановска  September 27, 2018

[Image: Siljanovska.jpg?resize=696%2C440]

Една недела отсуствував од „Европска“ Македонија! Бев во Стразбург, а потем во Белград, на летна школа за ЕУ, на која воведничари беа професори и докторанди од Франција, Германија, Србија, Косово и Македонија, чии тези се фокусирани на ЕУ. Моето излагање беше насловено : „Западниот Балкан пред портите на ЕУ: каде е клучот“?? Уживав во страсниот дијалог, во критичката духовна храна, во дебатата..
За миг, заборавив на референдумското реално шоу кај нас.
Се вратив. Иако се плашев од лошите духови од телевизиската кутија, посегнав по неа . Ме пречека една од епизодите од сапунската серија: „Како да се протурка и замаскира промената на државното име “, што секојдневно се емитува речиси два месеци.
Главен јунак е премиерот, важни улоги имаат министри и пратеници, лидери на невладини организации, новинари, ангажирани реал- професори.. политички аналитичари.. Во епизодата што одеше, премиерот, повикуваше и ветуваше почитување на гласот на граѓанинот на „историскиот“ референдум. Се запрашав: може ли референдум што по Уставот и законот е задолжителен, а се третира како консултативен, да биде историски?
На друг канал, на прашање за карактерот на рефрендумот, премиерот објасни дека референдумот е „консултативен“, па надлежните органи го имаат последниот збор…. Следеше „ мисловна бравура “ за начинот на оценка на (не)успешноста на референдумот, небаре условите не се утврдени во Уставот и законот, па треба да имровизираме како во џез.
Серијата вклучува и дебати, а дебатери се министри, пратеници, новинари, интелектуалци.. …
Се нижат стотина реклами и спотови, сите од ист нарачател: Собранието, иако е тоа непознато искуство во компартивната рефрендумска кампања. Познати лица од културниот, забавниот, спортскиот, образовниот.. живот, ЈАВНО ГЛАСААТ „за“ , небаре сме ги завршиле преговорите со ЕУ, или сме добиле покана за НАТО и се чека на нашиот збор. Се изјаснуваат во името на децата и внуците, заборавајќи дека името што го наследиле од претците, треба да им го остават на потомците !
Кон владино-невладината коалиција „За Европска“ Македонија, итаат дузина актери, како „ засегната страна“ под „(ПРО)ЕВРОПСКИОТ“ чадор!! Дури и некои пратеници од првиот парламентарен состав се огласија како подржувачи на „историската“ одлука , иако гласаа за Декларацијата за самостојна и независна Македонија, како и за самостојна и независна Македонија во 1991 год.
Владата, пратениците од власта и нивните обожаватели го окупираа медиумски простор 24 часа. Неуморно се борат за „ЕВРОПСКА “ ВИСТИНА, зборувајќи за ЕУ, иако е далеку од нас барем 15 години, ама, не изустувајќи ни збор за името. Најангажираните и највредните новинари ќе добијат БЕНЕФИЦИРАН стаж за невидената посветност на високата цел и за волшебничките комуникациски способности и византиски вештини во менаџирањето на референдумот, вежбани во Шарената револуција, парламентарните и локални избори.
Следат вести и не ми се верува: формирана е Комисија на Јавното обвинителство што ќе ги следи евентуалните нерегуларности на референдумот! Како не се сетија да го овластат Специјалното обвинителство! Веројатно знаете дека според Изборниот законик, Управниот суд на Република Македонија е надлежен за заштита на правата од изборниот процес, а по аналогија би требало и за референдумскиот, ама, во трката под меѓународно-грчкиот диктат, во брзината, заборавиле дека во Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување од 2005 год, останала надлежноста на Врховниот суд за повредите во референдумскиот процес!!!
Надлежните, од негрижа и непрофесионалност не смениле надлежноста, а можеби, повеќе сакале да одлучува Врховниот суд, наместо Управниот!!
Ја чув изјавата на портпаролот на Владата која како „засегната страна“, во улога на „чувар на државната вистина“, ќе ги следи и ќе реагира на лажните вести на социјалните мрежи ??? Па, нели Државната изборна комисија законски ја овластија да ги следи социјалните медиуми, иако секаде е тоа надлежност на телата за аудио-визуелни услуги? Каде е правниот основ за новото овластување на „Супер“ Владата ?
.. Го видов и спотот во кој се (зло) употребуваат некогашни изјави на функционери на опозицијата или носители на високи јавни функции за нужноста од ЕУ и НАТО интеграцијата, без да се каже дека ни на крај на умот не им било да го жртвуваат, или трампаат уставното име за отстранување на грчкото вето! Негативната кампања е знак на немоќ, а манипулацијата – на политичката недозреаност. Најлошо е кога зад вакви спотови стои Собранието, зошто тоа во државите на ЕУ, но и пошироко , било и ќе биде дом на сите пратеници, а не само на оние од власта, како во (НЕ) Европска и (НЕ) демократска Македонија, односно во „Северна Македонија“!!
Доживеав видео ШОК!! Како во латинско-американска држава, Премиерот, небаре ВОДАЧ на „ЧЕТВРТИОТ ИЛИНДЕН“, „наследник “ на Питу Гули, или Никола Карев, во улога на привремен „претседател на државата“, пред споменикот на Мечкин камен, опкружен со гардистите, не повикува на референдум !! Веројатно сценариово било за „ИЛИНДЕНСКА МАКЕДОНИЈА“, ама … може и за Северна Македонија!!

Го изгасив телевизорот….. и го повикав Свети Павле!!
28-09-2018, 08:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12






[Image: e4baf6be-6746-4f5f-ad5b-358b0198f9de.png]


Quote:
Адеми: Снимањето е пријавено кај властите во Австралија, снимачите се идентификувани и ќе одговараат

Напишано од
Плусинфо
-
29/09/2018 11:30

[Image: edmond-ademi.jpg]

Откако од утрово на Фејсбук страницата „Предавници Traitors“ бојкотирачите се пофалија како ги снимаат, фотографираат и навредуваат граѓаните кои во дијаспората излегоа да гласаат на референдумот, конкретно во Мелбурн, Австралија, се огласија и македонските власти.
Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, вели дека снимањето е пријавено кај властите во Австралија, снимачите се идентификувани и ќе ги сносат законските последици.
„Чинот на снимање на гласачите пред конзулатот во Мелбурн од страна на неколку индивидуалци е спротивно на сите закони и вредности на демократијата. Им честитам на тие граѓани кои водејќи се од националните и стратешките интереси на државата денес се одважија и го искористија своето загарантирано право на глас. Нивниот глас ќе се вреже во темелите на европска Македонија, како и гласот на сите други кои денес ќе гласаат. Истовремено, инстутуциите на Република Македонија, се во контакт со Австралиските власти. Случајот е пријавен, снимачите се идентификувани и ќе ги сносат сите законски последници согласно Австралиското законодавство. Ги охрабрувам сите кои денес ќе гласаат во дипломатско-конзуларните претставнишвта без никаков страв да го искористат своето граѓанско право на глас“, се огласи Адеми.
29-09-2018, 11:32 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13







Резултати од Мелбурн!!
29-09-2018, 12:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14



29-09-2018, 11:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Dejan Dexso Lutovski
3 hrs ·

Почна сезоната на алтернативни толкувања. Мнозинството биле ЗА, тие требало да одлучат, ниедна партија не добила толку гласови досега на Парламентарни избори и така натаму. Ова беше референдум, а таму постојат други правила за излезноста и за тоа што значи успешен референдум. Ако веќе нели толку сакаат да се фалат со почитување на правила.
Ќе се согласам дека избирачкиот список е нереален и напумпан. Над 1 800 000 избирачи се премногу. Но, ако тргнеме од некоја реална проценка во отсуство на попис, во Македонија живеат околу 1 550 000 луѓе со право на глас. На парламентарните избори во декември 2016 година беа евидентирани 1 530 000 избирачи кои живеат во земјата. На тие избори гласаа приближно 1 200 000 гласачи. Сметам дека во иднина треба повторно да има два посебни избирачки списоци, како што имаше на изборите 2016 година, за да имаме подобар увид во излезноста и реалните прилики.
Но и оваа математика не оди во прилог на кампот ЗА. Од 1 550 000 избирачи во земјата, на гласање излегоа околу 660 000 луѓе. Тоа значи дека околу 900 000 луѓе со право на глас кои живеат во земјата и не се отселени, одбија да дадат легитимитет и да излезат на референдум. Повторувам 900 000 луѓе во земјата! Оваа група од 900 000 луѓе бојкотира од различни причини (некои се традиционално незаинтересирани, на некои им е многу битно името, некои од сосема трети причини). Како и да е, дури и во најповолно сценарио, дури и со прочистен избирачки список ЦЕНЗУС НЕМА и излезноста е околу 43%. Крај на претставата.

п.с.
Уделот на ВМРО-ДПМНЕ веќе не е 450.000 гласа. ВМРО моментално се сомневам дека располага со повеќе од 350.000 гласа. На локални имаа околу 320.000 на советничките листи во цела земја.
п.п.с
Кој губи има право да се лути. И да плачи. На цел глас [Image: 1f609.png?_nc_eui2=AeHqsX2RZTpX3v6GYbRtU...K6QaT6cE7Q]
01-10-2018, 02:38 PM
Reply