Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЛАГАТА СЕКОГАШ КРАТКО ТРАЕ , ТОА ЗАЕВ ВЕКЕ ТРЕБАШЕ ДА ГО НАУЧИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Заев им понудил влез во Владата-од ВМРО-ДПМНЕ инсистирале на амнестија
 

[Image: DSC_4884-777x437.jpg]


Премиерот Зоран Заев денеска обелодени дека и понудил на ВМРО-ДПМНЕ да влезе во Владата за заедно да го „одработат“ референдумот. Но, ВМРО-ДПМНЕ го одбила ваквиот предлог, но останала цврсто на барањето за амнестија.
– Дадов понуда до 2020 да бидам премиер, но подготвен сум да го споделам својот мандат со ВМРО-ДПМНЕ, да го одработиме рефенедурномот, но го одбија тоа. Им испратив покана да влезат во Владат додека не станеме полноправна членка на НАТО, до крајот на 2019, почетокот на 2020 година кога ќе почнат и преговорите со ЕУ. Но, готово е тоа сега, Го одбија предлогот. Беше речено дека само амнестија е интересот. Се бараше членот 353 и 165 од законот да се променат, истакна Заев во отвореното студиот на 1тв од Охрид.
Тој уште еднаш нагласи дека амнестија, директна или индиреткна, нема да има. Во текот на лидерските средби биле прифатени барањата на ВМРО-ДПМНЕ, законот за финансирање на политичките партии, законот за влада, а составот на ДИК бил договорен пред неколку месеци, а за да се постигне повеќе на опозцијата, рече, и понудил лепеза можности, кои значат одговорност на сите политички партии.
Заев на Мицкоски му понудил и, ако опозоцијата обезбеди 300.000 гласови против референдумот, може слободно да избере кога сака да има избори, но и тоа не било прифатено.

НОВАТВ


Quote:Мицкоски: Предлог за влез во Владата е спротивен на моите принципи


[Image: Hristijan-Mickoski-777x437.jpg]

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на својот фејсбук профил напиша статус во кој наведува дека се измислени неговите наводни барања за амнестија, а предлогот за влез во владата го опиша како непристоен и надвор од неговите морални принципи.


Quote:„Некој свесно заборава дека мандатот за влада, министерски места и функции ги дава единствено народот, а не поединци кои туркаат агенди за спас на своите кариери. Разните неформални понуди, кулоарски муабети, ноншалатни математички пресметки за учество во влада која треба да го донесе и реализира договорот со Грција го сметам за непристоен предлог и надвор од моите морални принципи. Суштината е дека учеството или неучеството во таква една влада нема да го направи договорот, кој некој друг го договараше и преговараше подобар или помалку штетен за Македонија и нејзините граѓани, но пак таквата понуда е сигурен доказ дека тие што стојат зад него се свесни дека тоа народот не го одобрува и претставува капитулантско дело за кое сега им е потребно алиби“, пишува Мицкоски на својот фејсбук профил.


Според него, непристојните предлози очигледно стануваат одлика на оваа генерација политичари која се провлекува од транзицијата, и нешто што е дел од нивниот карактер.
И кога веќе е очигледно дека тонат, и во тонењето продолжуваат да лажат, па измислуваат некакви барања за амнестии кои треба да го покријат очајот. Но, чукаат на погрешна врата, како што нагласив и претходно, компромиси со моите принципи нема да има. Влада чија главна задача се делење државни тендери на приватни фирми на луѓе од власта, каде криминалот метастазира, хедонизмот цвета, а корупцијата е заеднички именител, не може да биде влада која ќе донесе иднина, туку влада која ќе зацементира небиднина, наведува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

НОВАТВ
04-08-2018, 03:25 PM
Reply