Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПРОСЛАВА НА ИЛИНДЕН-МЕЧКИН КАМЕН И ПЕЛИНЦЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1









02-08-2018, 02:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2










Најголем срам за еден политичар е на најголемиот национален празник луѓето да те свиркаат, нарекуваат предавник и да те гаѓаат со што им падне при рака, притоа да бегаш и притрчуваш што можеш побрзо за да не бидеш и претепан.
Ова не е митинг или прес-конференција кај што сите вас ќе ве слушаат, ова е гласот на народот, вие сте на нивен терен и ви кажаа што мислат за вашите погубни предавнички одлуки.
Додека од друга страна е човек кој е избран од пола милион луѓе и се држи цврсто до националните интереси и го слуша гласот на народот.
Зарем имаме потреба од референдум после ова?
(This post was last modified: 02-08-2018, 05:57 PM by ЈорданПетровски.)
02-08-2018, 05:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Вулгарности и говор на омраза на Илинден – МВР и ОЈО најавија постапки

[Image: delegacii-ilinden-777x437.jpg]


Одбележувањето на 115 години од Илинденското востание кое традиционално е на мечкин камен, годинава го одбележа скандал што го предизвикаа навивачки групи, кои пееја вулгарни и навредливи песни, дофрлаа недолични зборови и пцовки кон владината делегација која пристигна заедно со високиот претставник на Стејт Департментот Метју Палмерс, и која потоа беше нападната од претставници на тнр. Патриотски здруженија и граѓани со пластични чаши и шишиња.
На ист начин беа дочекани и претставниците од Собранието, дипломатскиот кор и на некои други политички партии. Додека делегациите полагаа цвеќе на споменикот, навивачките групи скандирааат пароли со говор на омраза и вулгарности.
Но за разлика од тоа, присутните со аплауз го дочекаа претседатаелот Ѓорге Иванов, кој во своето обраќање жестоко ја нападна актуелната власт и во најголем дел говореше за Договорот со Грција- дека не го прифаќа, затоа што е штетен, а нема да го поколебаат обидите за притисок врз него.
-Лага е дека со овој грчки договор се јакне македонскиот идентитет. Напротив, со овој грчки договор правно се укинува македонскиот народ. Многупати се обидувале да ни накалемат туѓ идентиет, но сепак не успеале. Сега сакаат да го убедат македонскиот народ да изврши правно и историско самоубиство, рече Иванов.
Во говорот тој се повикуваше на изјави на револуционери и на поранешните претседатели Борис Трајковски и Киро Глигоров, за кого рече дека од една претходна власт бил заобиколуван за Тајванскиот договор, исто како што по 20 години оваа влада го заобиколува него за договорот со Грција.


– Ако Тајванскиот договор беше резултат на среброљубие, Грчкиот договор е резултат на славољубие. Заслепени од рефлекторите на некои наши политичари како личната слава да им е помила од достоинството и судбината на целиот народ. Ако со Тајванскиот договор се направи обид да се редефинира позицијата на Република Македонија на меѓународен план , со грчкиот договор се редефинира самата држава, рече Иванов.

– Ќе му порачам на Иванов да си ги прочита повторно и Рацин и Прличев и сите кои денес ги цитираше. Никој како него не ширел меѓунационална и меѓуверска омраза, рече министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, коментирајќи го говорот на Иванов.  Од општина Крушево, пак реагираа дека сите кои сеат омраза се срам за Илинденците и го сквернават големиот празник.

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека презема мерки и активности за расчистување на денешниот инцидент на прославата на Илинден во Крушево, кога поединци кои беа присутни на прославата фрлаа со предмети кон присутните делегации.
Се преземаат мерки за идентификација на сторителите и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Министерството за внатрешни работи во содејство со Јавното обвинителство презема мерки и за расчистување на случаите со ширење на говор на омраза на денешната манифестација во Крушево.
Од Кабинетот на Иванов попладнево преку писмено соопштение изразија жалење за тоа што владината делагација била исвриркана, истакнувајќи дека тоа не било предизвикао од пораките на Иванов, бидејќи тој  никогаш не поддржувал инциденти и говор на омраза.
-Жалиме што денеска владината делегацијата беше исвиркана на одбележувањето на празникот Илинден на Мечкин Камен во Крушево, но сметаме дека тоа на ниту еден начин не беше предизвикано од пораките упатени од претседателот Иванов, се вели во соопштението.
Од Кабинетот на Иванов истакнуваат дека „Владата на Република Македонија треба самата да се запраша зошто македонскиот народ на тој начин реагира кон владините претставници и да превземе одговорност зошто народот е поделен и шири говор на омраза кон државните институции и неистомислениците“, се вели во соопштението.




Quote:Реакција од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија на изјавата на г. Костадин Костадинов, пратеник на СДСМ:


[Image: PRM_grb-617x381.jpg]
Најостро ги отфрламе тврдењата во изјавата на г. Костадин Костадинов, пратеник на СДСМ, за кои сметаме дека се големи лаги и манипулација, со цел дефокусирање на јавноста. Јасно и очекувано е дека политичката партија СДСМ преку вакви манипулации се обидува да изврши притисок врз претседателот Иванов, поради неговите политики и цврсти ставови во одбрана на достоинството на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, а во врска со неприфаќањето на штетниот грчки договор. Реакцијата на македонскиот народ на вчерашниот ден точно покажа какво е неговото размислување кон погубната политика што ја води оваа власт за Република Македонија. Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ. Претседателот Иванов никогаш не поттикнал меѓуверска и меѓунационална омраза. Напротив, заедништвото и сплотеноста коишто со децении се градени, сега се доведуваат во опасност, токму поради штетните политики и одлуки на оваа власт. За тоа дали претседателот Иванов е достоен за функцијата што ја извршува, не се прашуваат политичките партии, туку граѓаните кои го избрале и кои го покажаа својот став на чествувањето на Илинден. Претседателот Иванов, како и секогаш, така и во иднина ќе се води исклучиво од државниот интерес и интересот на граѓаните на Република Македонија.

president.mk
04-08-2018, 01:17 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Став на вицепремиерот Анѓушев за вчерашните немили настани во Крушево




[Image: koco-angjusev-678x381.jpg]

Став на вицепремиерот Анѓушев за вчерашните немили настани во Крушево Власт, Политика Во врска со вчерашните немили случувања за време на одбележувањето на националниот празник „2-ри август – Илинден“ во Крушево, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, како предводник на владината делегација на свеченоста, изразува жалење што Ѓорге Иванов, од позицијата на претседател на Република Македонија, не покажа доблест и не собра храброст да го препознае историскиот момент, кој што значи поддршка на чекорите на Владата со кои се реализира историската заложба на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија за изградба на стабилна, сигурна и просперитетна иднина. Тој, со своето обраќање, поттикна нетрпеливост и омраза, кое нешто предизвика непримерно и неприродно агресивно однесување на една мала група на заведени луѓе, кои беа злоупотребени и изманипулирани од обраќањето на Иванов, пришто вербално и физички ги нападнаа делегациите на Владата и Собранието на Република Македонија. Исто така непримерно е што сето ова се случуваше пред очите на претставници од меѓународната заедница, кои беа присутни на чествувањето на Илинден. Страшно е тоа што Иванов не покажа доблест и храброст, ниту ден подоцна, да ги осуди националистичките и навредливи скандирања, ако се има во предвиде дека и во неговиот Кабинет се вработeни лица од други националности, а тој би требало да е претседател на сите граѓани. Се прашувам како ли се чувствуваат луѓето што работат во неговиот Кабинет? Граѓаните знаат дека пред нив е подобра и посветла иднина. Граѓаните ги препознаваат политиките кои Владата ги спроведува и ја поддржуваат во напорите за побрза евро-атлантска интеграција. Граѓаните, а не Иванов, ќе одлучат на референдумот за членство на Република Македонија во НАТО, тие ќе бидат клучниот елемент за започнувањето на преговорите на нашата земја за членство во Европска Унија. Граѓаните сакаат стабилност, сакаат инвестиции, нови работни места и повисоки плати, а не лажен патриотизам и меѓународна изолација, која ја нуди Иванов. Спроведуваме реформи за да ја изградиме Македонија како современа европска држава, да ја донесеме ЕУ тука и да ги задржиме младите и едуцирани кадри, својот живот да го градат во татковината, а не во некоја од западните развиени земји. Сите субјекти во Република Македонија, институции, граѓански организации и самите граѓани треба да бидеме сплотени во овие процеси, кои се во правец на реализацијата на вековните заложби за слобода, правда и еднаквост. Напорите на Владата за економски раст, стабилна клима за нови инвестиции, нови подобро платени работни места, се вистинскиот патриотски чин. Одржлива и развиена економија, повисок животен стандард, тоа се нашите цели и без членство во НАТО и ЕУ, овие цели се тешко достижни. Четвртиот Илинден е денот кога ќе влеземе во НАТО и во Европската Унија. Сите заедно, да продолжиме со реализација на чекорите за просперитетна Република Македонија, рамноправна со сите други демократски држава. Кабинет на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев
04-08-2018, 01:23 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Сто пати повторена лага не станува секогаш вистина.  На Мечкин Камен немало ширење на омраза!  Ама ако споменш амнестија можеби ке помине ! Lazgo


Quote:Случај Мечкин Камен: Зад ширењето омраза се крие желбата за амнестија
 

[Image: ilinden-777x437.jpg]

Група од педесетина лица, кои и претходно и се познати на полицијата, а дел од нив учествувале и во нападот во Собранието од 27 април минатата година, е поврзана со инцидентот во Крушево за време на прославата на Илинден изјави вчера во интервју за 1 ТВ премиерот Зоран Заев.


Quote:– Однапред знавме дека е можно да се случи такво нешто и порано имало такви дофрлувања од ваквите радикални структури на Мечкин Камен и од МВР беа преземени сите неопходни дејства. Полицијата беше соодветно распоредена и во делот на униформите и во цивилните лица. Ако се одеше понатаму можеше да биде претенциозно и да се остави погрешен впечакот. Нема пропусти од страна на полицијата, рече Заев.


Министерството за внатрешни работи соопшти дека изреагирало соодветно и на ниво на задачата. Имало сознанија дека се можни групирања и тенденциозни дејствувања на одредени групи со намера нарушување на јавниот ред и мир. За тоа бил информиран и премиерот Зоран Заев, кој за време на одбележувањето на Илинден и во Пелинце и во Благоевград беше придружуван од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Некои од нив извикуваа навредливи зборови кон припадниците на албанската етничка заедница и фрлаа со предмети кон владината делегација и странските дипломати.
Заев истакна дека некој ги мотовирал тие поединци да се однесуваат така и додаде дека тоа се истите квазипатриотски здруженија и навивачки групи. Некои, според него, биле и во Собранието на 27 април. Тоа е мала група, оцени Заев, од 50-на лица, исфрустрирани и мотивирани од некого да праќаат некакви пораки, но не се приврзаници на големите политички партии, зашто во последно време го плукаат и ВМРО-ДПМНЕ, а и физички се насилни. Сепак, смета Заев, овие луѓе имаат одредена цел.


Quote:Заев нагласи и дека зад ваквите обиди за ширење говор на омраза се крие желбата за амнестија и бегање од одговорност за одредени поединци.


– Свесен сум дека децениската неодговорност што повеќе не се толерира, продуцира вакви напливи кај поединци. Институциите будно следат и работат и ќе постапуваат без разлика на кого се однесува, рече Заев.
Премиерот и претседателот имале средба два дена пред Илинден. На состанокот се разговарало за регионални и многу важни државни прашања, важни за безбедноста, иднината, актуелните моменти. Но, Иванов тогаш зборувал едно, а на Мечкин Камен друго.
– Со Иванов имавме пријатен состанок, поразговаравме за очекувањата на Мечкин Камен. За жал, се случија мотивации од самиот говор на претседателот, лица, веројатно под дејство на алкохол, да шират омраза, рече Заев.
На говорот на Иванов на Мечкин камен, во кој тој изјави дека не го поддржува Договорот со Грција, реагираше и Европската комисија.  Брисел порача дека очекува од сите страни да бидат конструктивни.
– Очекуваме од сите политички сили да играат конструктивна улога преку поддржување на заедничката стратешка цел на европската интеграција и да ја обезбедат имплементацијата на Договорот, изјавија за МИА од Европската комисија.
Брисел бара граѓаните да учествуваат во референдумот и да ги искористат своите граѓански права, зашто „ова е важен момент за одлучување на иднината на земјата“, велат од ЕК за МИА. Во врска со инцидентите во Крушево, ЕК ги повика граѓаните мирно да ги искажуваат своите ставови.
На одбележувањето на Илинден, членови на навивачки групи, здруженија и организации кои се претставуваат како патриотски, ги навредуваа Албанците со скандирања и песни и фрлаа со пластични шишиња и други предмети по петтемина министри од официјалната делегација на Владата.
За разлика од претставниците на извршната власт и странските дипломати, претседателот Иванов беше пречекан со овации и се ракуваше со дел од присутните кои го скандираа неговото име.
Владата ги осуди повиците за омраза и насилство, нагласувајќи дека се во судир со интересите на граѓаните и ги повика надлежните институции да ги истражат овие појави и да преземат соодветни мерки.
МВР вчера соопшти дека ангажирало 180 припадници на униформираната полиција, 70 полициски службеници во цивилна облека, 120 припадници на Одделот за специјални полициски операции и 10 полициски службеници од Одделот за заштита на одредени личности и објекти. Дополнително, за обезбедување на внатрешниот параметар на патеката по која се движеа делегациите биле ангажирани и припадници на Посебните единици на полицијата, од кои 30 во цивилна облека, а 10 во полициска униформа.
Министерството потврди дека во текот на движењето на владината делегација имало обиди за приближување на одредени групи и нарушување на безбедниот периметар на движење, кои заради реакцијата на припадниците на полициските сили беа оневозможени. Во два наврата кон делегацијата биле фрлени и пластични шишиња, но биле одбиени од припадниците на МВР. За време на движењето, кон делегацијата биле упатени и вербални напади, како и зборови со говор на омраза.
Полицијата идентификувала некои од учесниците во инцидентот. Тие се повикани на разговор во полициски станици, а откако ќе заврши истрагата случајот ќе биде предаден до надлежното обвинителство.


Quote:Министерството за одбрана, пак, информира дека формира Комисија со цел покренување постапка против професионалниот војник Мартин Богоевски, кој е препознаен на видео снимка од инцидентот на Мечкин Камен.


– Со цел да се добие увид во ситуацијата и во заднината на случувањата, професионалниот војник Богоевски денеска е повикан на разговор и на распит во Воената полиција. Во текот на распитот војникот Богоевски, иако на видео-снимките се гледа како стои во првиот ред, негирал дека учествувал во инцидентот во кој беа нападнати вербално и со фрлање предмети високи официјални гости од странство, како и владината делегација која дојде на Мечкин Камен со цел да зеде учество во прославата на Илинден, соопшти МО.
(This post was last modified: 04-08-2018, 04:15 PM by ЈорданПетровски.)
04-08-2018, 04:14 PM
Reply