Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МАНИФЕСТ НА МОТИКАТА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

[Image: 12607131_10153471956314151_553031912_n-300x182.jpg]

Откако почна насилеито на Заев за смена на името прочитав многу фб статуси , мислења, колумни на луѓе и тоа читање уште еднаш ми ја потврди поговорката дека секое зло, носи добро овие денови се докажува и тоа многу силно. Луѓето полека се будат и се подготвуваат за борба, со тоталитарниот систем, секој со оружјето кое знае најдобро да го користи.



Quote:Минатиот пат завршив со мислата дека промената на името не е нашиот најголем мултиетнички македонски пораз, и само уште тоа објаснување ви го должам, драги мои. Тој пораз се состои (и му претходи како логична причина на поразот со името) во усвојувањето на животната филозофија на МРЗЛИВИОТ и НЕАВТОХТОН човек, оној што претпочита златно теле на кое ќе му се клања или, уште подобро, златно магаре (чиј измет ќе го јаде, макар биле тоа и златници), пред „златна“ мотика. Наједноставно кажано, во духот на нашето соцреалистичко време на слогани, нашиот пораз е во усвојувањето на филозофијата „НАТО ЌЕ НÈ БРАНИ, ЕУ ЌЕ НÈ ХРАНИ“. А што ќе правиме ние, освен што ќе се занимаваме со бистрење политика по собранија, плоштади, кафеани, колумни и социјални мрежи? Работи ли некој во оваа држава? Знам дека нема работни места, но додека не се отворат (а сите влади велеа – само што не стигнале странски инвеститори!) работи ли некој – барем врз себе? Зошто би било потребно најпрвин да влеземе во НАТО и ЕУ за да ја земе секој од нас својата мотика во рака?
Запустени селски дворови од мрзливост, зарасната пруга во грмушки, нечисти возови и автобуси, демолирани јавни тоалети, затнати одводи во случај на град и невреме, површно учење колку за шестка на факултетот, а сите одлични во средно, маргинализирани млади таленти, универзитетски професори со ѕидарска дневница, „професионални“ мајсторски поправки што „држат вода“ додека мајсторот не влегол во првото гранапче да си се чести пиво откако за замена на обичен вентил извадил професорска дневница… Зар за да ги исправиме тие нешта од нашиот менталитет ни е потребно НАТО? Потребен ли ни е кредит од Европската Унија за да купиме – мотика и метла? И сега кукање – „нè отепаа со името“. Па, ваков проблем со името може да му се случи само на народ што не се почитува себеси, зашто не го почитува трудот и не сака да се бори, зашто трудот е борба. Мрзливи сме, браќа. „Легни лебу да те еду“, велат кумановци за таа филозофија. „Дигни се веленце да легне момченце“. „Џабе седам, џабе не работам“. „Зошто да учам кога нема работа?“ (За себе, човеку!) „За таа плата ни кафе не пијам, камоли да работам“. И слични погубни животни „мудрости“.
Е токму таа наша индолентност нè доведе и до тоа да НЕМАМЕ ИЗБОР, па да мораме да го замениме името за леб, со што плативме превисока цена. Нашата најголема грешка е што за сите овие години, од осамостојувањето до денес, не замесивме НАШ ЛЕБ.


ЦЕЛАТА КОЛУМНА  НОВА МАКЕДОНИЈА
(This post was last modified: 04-08-2018, 12:29 AM by ЈорданПетровски.)
02-08-2018, 12:17 AM
Reply