Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МАШИНИТ ЗА ПЕРЕЊЕ МОЗОК НА БАНДАТА НА ЗАЕВ РАБОТАТ ПОД ПОЛНА ПАРЕА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:КАТЕРИНА БЛАЖЕВСКА ЗАР НЕ Е НАПОРНО ЗА МЕРКЕЛ ВО 6 МЕСЕЦИ ДВАПАТИ ДА ЈА ПОСЕТИ МАКЕДОНИЈА


Јордан Петровски 01.08.2018
 
Quote:СПОР ЗА ИМЕТО

Високи гости ќе го поддржат македонскиот пат кон ЕУ и НАТО*
Расте бројката на најави од фунционери на ЕУ и НАТО, премиери и државници кои од крајот на август, а особено во септември се очекува да ја посетат Македонија.

Ангела Меркел во септември во Скопје?
 
[Image: 42745782_303.jpg]
(фото: македонскиот премиер Заев во разговор со Меркел за време на посетата на Берлин во февруари годинава)
Македонија не е сама во заложбите да ги забрза процесите кои водат кон нејзино полноправно членство во ЕУ и НАТО. Таа ќе добие и експертска, но и морална поддршка на тој пат, велат за ДВ дипломатски извори.
Прв сигнал за тоа е воената обука на 120 припадници на копнените сили на САД за Европа, која денеска треба да започне на воениот полигон Криволак, во рамки на билатералната соработка во одбраната меѓу Македонија и САД. Во наредните дваесет дена АРМ ќе обезбеди логистичка поддршка, помош и придружба и ќе врши набљудување на тренингот. Ова ќе биде првпат полигонот да се користи од страна на американски авијациски единици, откако неодамна беше сертифициран од страна на Седмата команда за обука на копнените сили на САД.






Македонија во НАТО

„Обуката го потврдува и растечкото партнерство помеѓу Армиите на Република Македонија и САД и ја нагласува зголемената способност на Македонија да придонесува кон НАТО-алијансата“, оценуваат претставници од Армијата на САД.
Повеќе: Брисел: Потврдена поканата за членство на Македонија во НАТО
Соработката е фокусирана врз неколку главни цели: поддршка на Македонија да стане членка на НАТО, поддршка за претстојните реформи, поголема операбилност на македонската војска, развој на регионална соработка, и подготовка на македонските војници за учество во мисии за поддршка на глобалната безбедност. Претставниците на американските армиски сили полигонот Криволак го оценија како „необработен скапоцен камен“, на кој му треба модернизација и инфраструктура и ветија натамошна поддршка за негово развивање на ниво на стандардите на НАТО.

Пријателите сакаат Македонија да успее

Во меѓувреме расте бројот на најави од политичари од ЕУ, но и надвор од неа, кои од крајот на август, а особено во септември се очекува да ја посетат Македонија.
„Сите пријатели на Македонија сакаат да успееме и државата да оди напред“, вели  Бојан Маричиќ, посебен советник на премиерот и главен технички преговарач со ЕУ.
„Република Македонија добива секојдневна поддршка од целата меѓународна заедница која ќе се засили во периодот што доаѓа. Очекуваме поддршка за двата клучни процеса кои ни следуваат. Од една страна тоа се реформите, подготовката на скринигот со ЕУ и почеток на преговорите во јуни 2019 година, од друга страна тоа е референдумот, кој на крајот од септември ќе одговори на прашањето дали граѓаните се за членство во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот со Грција. Во мисијата на исполнување на овие две крупни задачи Македонија ќе ја посетат политичари и дипломати од највисок ранг од институциите на ЕУ, НАТО и клучните држави членки на овие организации“, потврдува Маричиќ.

Повеќе: Заев во Скопје ги донесе пријателите на Македонија

Тој не сака да спомнува конкретни имиња, но од дипломатски извори дознаваме дека ќе има „вистинска врвулица од гости“. Според непотврдени информации, покрај (нај)високи функционери од ЕУ и НАТО, се очекува во земјата да допатува и германската канцеларка Ангела Меркел, како и премиерите на Шпанија и Канада.


Досега заради почит кон еден човек кој посебно сум ги ценел и ценам, сум ја поштедувал Катерина Блажевска од мои критики. Но мојот понатамошен молк ке значи само одборување за онаа што го прави Катерина Блажевска а е против интересите на Македонците!!
Текстот на Блажевска е текст е полн со манипулации!


Quote:Ангела Меркел во април доаѓа во Македонија
[Image: merkel-696x365.jpg]
 
Стојанка Митреска 08/02/2018 18:56
Нема потврда дали евентуалната посета на Меркел , освен со ит – самитот е поттикната и од потребата за олеснување на преговарачката мисија за името.
Германската канцеларка Ангела Меркел се очекува во април да дојде во Македонија, како гостинка на првиот Дигитален самит за земјите од западен Балкан чиј домаќин е токму нашата земја, дознаваме неофицијално.
На македонската покана, од кабинетот на Меркел, наводно како што дознаваме, потврдиле дека ќе има претставник од Германија на овој исклучително важен настан, а со оглед на тоа што вчера германската канцеларка по повеќе од четири месеци политичка криза успеа да постигне договор со Социјалдемократската партија на Мартин Шулц за состав на нова коалициска влада, не е исклучено на ит – самитот да присуствува токму Ангела Меркел, за која се вели дека  е вистински лидер во слободниот свет и жена политичарка која  трае подолго од цела генерација светски лидери.
Високи владини претставници деновиве брифираат дека кон крајот на преговорите за решавање на спорот со Грција се очекува да се вклучи и некој тешкаш од меѓународната заедница за да помогне во окончување на проблемот, но немаме потврда дали станува збор за Ангела Меркел и дали евентуалната нејзина посета на Македонија, освен со ит – Самитот е поттикната и од потребата за олеснување на преговарачката мисија за името.
Меркел, како што велат политичките аналитичари, е препознатлива по методичкиот и прагматичен пристап на решавањето на проблемите, отколку по говорничките флоскули и далекусежните политички визии, а нејзиниот коалициски партнер Шулц за неа вели дека е политичарка со „хируршка прецизност, но и студено пресметлива.
Првиот Дигитален Самит за западен Балкан ќе трае два дена, а ќе почне на 18 април, велат за Плусинфо од Министерството за информатичко општество и администрација. Ќе бидат опфатени неколку теми – Дигитални мрежи и услуги, поврзување и пристап, доверба и безбедност, дигитални вештини и дигитална економија и општество. Овие теми, како што претходно изјави Дамјан Манчевски, министерот за информатичко општество и администрација ги обединува дигитализацијата, четвртата индустриска револуција каде неизбежен дел се и лажните вести за што ќе биде организирана посебна работилница.
Се очекува македонскиот Самит да биде предвесник на нови можности и перспективи во дигиталниот свет, а во контекст на воспоставувањето единствен дигитален пазар кој пак е врвен приоритет на  ЕК за периодот 2015-2019.


Кој друг ке ја пренесе манипулацијата на Катерина Блажевска ако не „НЕПОТКУПЛИВИОТ“ ПС. Оваа колумна изразува мој личен став и не е дел од било каква платена политичка кампања Героски!! Слободен печат на Героски доби 10 милиони од државата – набавката на печатница прикажана како иновација 

 
Quote:Меркел и Трудо ќе дојдат во Македонија да го поддржат референдумот?
Напишано од
 Плусинфо
 -

01/08/2018

[Image: Zaev-Merkel-Trudo.jpg]


Quote:[img=1041x0]https://plusinfo.mk/wp-content/uploads/2018/08/Zaev-Merkel-Trudo.jpg[/img]
Расте бројката на најави од фунционери на ЕУ и НАТО, премиери и државници кои од крајот на август, а особено во септември се очекува да ја посетат Македонија, пишува Дојче Веле.
Според непотврдени информации, покрај (нај)високи функционери од ЕУ и НАТО, се очекува во земјата да допатува и германската канцеларка [b]Ангела Мерке[/b]л, како и премиерите на Шпанија ([b]Педро Санчез[/b]) и Канада ([b]Џастин Трудо[/b]).
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.


Затоа би ги запрашал Блажевска и Героски зар нема да биде многу Меркел само за неколку месеци двапати да доаѓа во Македонија!?

*жолтата боја е симбол на лагата!!!!
(This post was last modified: 01-08-2018, 11:46 PM by ЈорданПетровски.)
01-08-2018, 01:37 AM
Reply