Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЕДИНСТЕВЕН ОДГОВОР НА НЕУСТАВЕН РЕФЕРЕНДУМ Е БОЈКОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Владиката Агатангел се впушта во политички игри – еве што му порачува на Мицкоски




[Image: vladika-agatangel.png]
29.07.2018

И по поминати 125 години од основањето на ВМРО, македонскиот народ сè уште е емотивно поврзан со идеите, залагањата и дејствувањето на првенците на оваа семакедонска организација. ВМРО е цврстиот темел и основниот носечки столб на целокупната национална борба за македонската правда и вистина. Од лоното на ВМРО, во тешкиот и трагичен XX-ти век, во континуитет произлегувале илјадници знајни и незнајни херои, кои со многу љубов и посветеност ја жртвувале својата младост и свесно се откажувале од лагодноста и привидниот спокој на животот, имајќи го пред себе вечниот идеал на Македонците, а тој е да имаме сопствена, суверена и независна држава, каде во мир и слобода, непречено ќе растеме во добродетелите и ќе го унапредуваме, градиме и збогатуваме својот македонски иденититет, својот фолклор и самобитност, својата христијанска вера и својата национална култура.
Трновит бил патот и големи биле страдањата на овие наши великани – народни борци за слобода, кои во ниту еден момент од својот краток живот не паднале со духот, не се предале, ниту се посомневале во остварувањето на оваа света и праведна цел. За жал, најголемите македонски синови не доживеаја да го видат Македонецот достоинствен и неугнетуван, ниту пак да го почувствуваат вкусот на слатката слобода.
Дури во 1991 година, под водството на наследниците на историското ВМРО, на само еден мал дел од древната и света македонската земја, конечно се створија услови за да биде формирана независна македонска држава. Иако, на секому од нас ентузијазмот и вербата во подобро утре му беше на највисоко ниво, сепак бевме свесни дека Македонија не престанала да има јавни и тајни непријатели, кои ќе направат сè што е во нивна моќ за да ја покријат штотуку појавената светлина, да ја ускратат радоста и да го насадат мракот во душата на просветениот македонски народ.
Речиси 30 години сме сведоци на оваа нечестива и уникатна операција, која катадневно со своите пипци се вовлекува и одвнатре го нагризува македонското општество. Но, како и да е, и покрај сите налети на лицемерните и духовно сиромашните белосветски профитери, македонскиот народ го имаше адутот на единството, од каде ја црпеше својата надеж, својот опстој и својата непопустливост. Токму заради тоа, во последните неколку години, со сите сили и со сите средства беше удрено врз цврстата градба на единството. Ова беше нивниот последен обид, нивниот последен топовски плутон врз кревкото ткиво на мирниот и правдољубив македонски народ. Сосема им беше јасно дека разединувањето е нивниот спас, а стравот, нерешителноста и слабодушноста на македонскиот човек беше нивната опскурна цел. Затоа, сесрдно се потрудија македонскиот народ да го потопат во мракот на неинформираноста, хранејќи го секојдневно со ниска и грда пропаганда и ветувајќи му на подарок нејасна, но светла иднина, каде во изобилие ќе истекува незаслужено и незаработено богатство.
За жал, многумина се фатија во оваа стапица и станаа силни поборници и гласноговорници на оваа магловитост позади која се крие висока карпа која се заканува да го потопи бродот на чија палуба е искачен целиот македонски народ, целата негова историја и сета негова неизживеана иднина. Мораме да признаеме дека сите сме помалку виновни што дозволивме духовни сиромаси и луѓе со леснопоткуплив и плиток ментален склоп, да ни бидат првенци во јавниот и политички живот на нашето општество.
Одговорноста е сечија, ова е ноторен факт. Но, факт е и тоа дека и покрај сите притисоци, закани и уцени. самосвеста и нагонот за преживување на македонскиот народ е на високо и завидно ниво.
Единственото нешто кое во моментов му фали на народот е чесно и искрено водство, кое ќе ги спои и сублимира народните повици, а потоа правилно ќе ги здружи, насочи и генерира во моќна и незаобиколна сила и енергија која ќе го крепи и во иднина ќе му биде пулсот во крвотокот на Македонецот.
Вие, г. Мицковски, ја имате таа шанса и таа историска одговорност, да бидете водачот на народот, кој без патетично калкулирање и политизирање, ќе застанете во првите редови на македонскиот национален непокор. Македонскиот народ во моментов нема многу опции на располагање. Нему му преостанува единствено можноста самиот да се организира и да го спречи обидот за негово целосно уништување.
Ова е клучниот историски момент за ВМРО – ДПМНЕ и за Вас како нејзин претседател, да покажете дека сте вистински наследници на историското ВМРО. Ова не значи дека Ве наведувам да земете пушка во рака и да појдете в планина. Тоа никако не е целта на моето обраќање кон Вас. Секој кој барем малку трезвено размислува, знае дека на ваквата сила која се има надвиснато над нашите глави со сила не можеме да ѝ се спротивставиме.
Во моментов е потребна смиреност, интелигентност и решителност. Посилниот може да ни ја одземе слободата, но никако не може да ни го одземе достоинството. Послабиот победува доколку правилно го користи умот и предадено ја живее добродетелта. Добриот Бог отсекогаш ги штител онеправданите и угнетените. Ова, ние Македонците најдобро го знаеме. Векови на страшни погроми и геноциди сме поминале, но нашите предци, бивајќи под Божја закрила, ниту се асимилирале, ниту, пак, исчезнале од историската сцена. Напротив, без никаква помош и туторство се организирале и ја повеле борбата за национална и црковна слобода на македонскиот народ.
Бидете и Вие на правата страна и отворено пред целиот свет и пред сета македонска јавност повикајте на бојкот на наместениот референдум кој во блиска иднина ни се спрема за да ја оддува Македонија и македонскиот народ. Само на тој начин ќе покажете дека Вашите корени се насадени на принципите на славното ВМРО. Секогаш имајте предвид дека ВМРО не е затворено во некаква зграда и накитено со статути и програми. ВМРО е душата на македонскиот народ, односно искрата која го потпалува народниот стремеж за сесрдна борба против неправдата.
И како што на 23 октомври 1893 година само шестмина интелектуалци го посеаја семето од кое подоцна ќе никне и ќе разграни плодоносното дрво на слободата, така ќе се случи и денес, доколку заради разни интереси и слабодушност, бива напуштен и предаден македонскиот народ од своите првенци. И јас како Македонец, но и целиот чесен македонски народ, никогаш нема да се помири или да прифати промена на древното име на нашата татковина, ниту промена на нашиот идентитет. А, доколку, преку разни местенки и присилувања тоа и навистина се случи, тогаш нашиот пркос во наследство ќе го пренесеме и на идните генерации кои ќе чекаат вистинска прилика да си го повратат загубеното.
Искрено се надевам дека ќе бидете на вистинската страна г. Мицковски и нема да дозволите да бидете запаметен како првиот водач на ВМРО кој потклекнал и во соработка со мрачните сили на овој свет ги погазил националните интереси на македонскиот народ. Од мене и од сиот верен македонски православен народ во Повардарската епархија ја имате целата поддршка да оддолеете на притисокот на силните од овој свет.
Вечна нека ни е Македонија и македонскиот Богољубив народ во неа.
Со почит и Божји благослов,
Пишува: г. Агатангел – МИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ
(This post was last modified: 30-07-2018, 02:35 PM by ЈорданПетровски.)
30-07-2018, 03:49 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Иницијативата за распишување референдум веќе потпишана од СДСМ, ДУИ и БЕСА, се чека на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ



[Image: d0b8d0bdd0b8d186d0b8d198d0b0d182d0b8d0b2...80d0b5.jpg]

Пратенциите од владејачкото  мнозинство најавија дека претпладнево ќе ја достават иницијативата за распишување на референдумот за името до претседателот  на Собранието, Талат Џафери.
Според информациите од пратеничката гурпа на СДСМ, нивните пратеници веќе ги собрале потписите за иницијативата за распишување референдум ,а на неа се потпишани и пратеници од ДУИ и од БЕСА.

[Image: vendim1-670x893.jpg]
[img=670x0]https://www.libertas.mk/wp-content/uploads/2018/07/vendim1-670x893.jpg[/img]
Се чека да заврши координацијата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по што и ним ќе им биде понудена иницијативата. После оваа средба се очекува и официјално да биде соопштен ставот на опозициската партија во врска со референдумот и референдумското прашање.
Во Предлог-одлуката што ќе биде доставена до претседателот на Собранието е содржан датумот – 30 септември за одржување на референдумот и е содржано референдумското прашање кое, според информациите од СДСМ, е исто онакво какво што го предложи премиерот Заев и: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?
Во Собранието во 10 часот започна средбата на претсетадателот на Собранието со координаторите на пратеничките групи со исклучок на ВМРО-ДПМНЕ. Од оваа средба се очекува да произлезе информацијата во колку часот би можела да биде закажана седницата за распишување на референдумот. А за нешто подоцна, претпладнево е најавена и координација на пратеничката група на СДСМ, на која, како што посочија одредени пратеници, би можело да се очекува и присисуство  на премиерот Зоран Заев.
Во Собранието веќе свечени изјави дадоа членовите на ДИК кои денеска ќе ги преземат своите функции. Тие треба да го организираат претстојниот есенски референдум за името.



[Image: 38019156_1970169536337527_79718978390117...e=5BD00E3C]
(This post was last modified: 30-07-2018, 10:25 AM by ЈорданПетровски.)
30-07-2018, 10:23 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ГОСПОДА ПРАТЕНИЦИ (избраници од народот) уште едно потсетување


Поднесената Одлука за рапишување референдум заснована на член 73 став 1 од Уставот не е доволна основа за распишување на референдум на државно ниво.
Прво: Секој пратеник мора да го има во предвид Член 51 став 2 од Уставот на РМ - ,,Секој е должен да ги почитува Уставот и законите".
Второ: Член 23 ,,Референдум на државно ниво задолжително се распишува за усвојување на одлука на Собранието за менување на границата на Република Македонија и НА ОДЛУКА ЗА СТАПУВАЊЕ ИЛИ ИСТАПУВАЊЕ ОД СОЈУЗ ИЛИ ЗАЕДНИЦА СО ДРУГИ ДРЖАВИ".
Трето: Член 27 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување не може да го суституира членот 23 од Законот.
Членот 27 гласи: ,,За претходно консултирање на граѓаните за прашања од пошироко значење за Република Македонија може да се распише референдум на државно ниво за консултирање на граѓаните (референдум за консултирање)".
Четврто: Член 29 од Законот за еферендум и други облици на непосредно изјаснување вели:
Став 1: ,,Одлуката за менување на границата на Република Македонија и одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави се усвоени на референдум ако на референдумот за нив гласало мнозинството од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список".
Став 2: Олуката од ставот (1) на овој член усвоена на референдум е задолжителна.
СЕ Е ЈАСНО КАКО ДЕН. НЕМОЈ ДА СЕ ГЛУПИРАТЕ НЕПОТРЕБНО ЗАТОА ШТО СЛЕДИ ОДГОВОРНОСТ

Јове Кекеновски фб статус
30-07-2018, 02:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4






Quote:Тоа е исто како да поставите прашање дали сте за просечна плата од 500 евра за секое семејство и 1.500 евра за докторите, поддржувајќи ги бизнисите од аферата криминални иновации со кои пари добиваат фирмите на Анѓушев, Локвенец, Ласкова и останатите функционери на СДСМ? Или пак дали сте за намалување на невработеноста, поддржувајќи сомнително криминален тендер од 35 милиони евра во здравството кој треба да заврши во раце на фирма регистрирана пред само неколку месеци? Нормално дека во сите овие прашања има контрадикторност, повеќезначност и манипулативност. Ова е најдобриот доказ дека власта е исплашена бидејќи договорот не поминува кај народот. Народот е против и целиот договор и капитулацијата која ја постигна Заев е едно, а прашањето за членство во НАТО и ЕУ сосема друго
30-07-2018, 03:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Gordan Georgiev
4 hrs ·

Не разбирам зошто би се одржувал таканаречен консултативен референдум, особено доколку ВМРО-ДПМНЕ не учествува на него, преку отворен или прикриен бојкот.
Кој би го одредил цензусот за нашата консултација, зошто воопшто да гласаме? 100 илјади гласови ЗА и ниеден глас ПРОТИВ ќе бидат ли доволно добра консултација? А 200 илјади? 500? Колку?
Каков легитимитет бараме преку консултативен референдум? Бидејќи јасно е дека „консултацијата“ не создава легалитет. Тогаш поцелисходно е да се оди на предвремени парламентарни избори и да се бара 2/3 мнозинство за уставни промени. Бидејќи ако основното (затскриено) барање на ВМРО-ДПМНЕ е амнестија, тогаш зошто би гласале пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за уставни промени после консултативен референдум? Да не биде на крајот и консултативен референдум во вода, и предвремени избори на површина.
Македонијо партал си!

фб статус на поранешниот потпретседател на СДСМ Гордан Георгиев
30-07-2018, 04:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Собранието одлучи – консултативен референдум на 30 септември



[Image: sobranie1.jpg]


Со 68 гласа „за„ пратениците ја донесоа одлуката за распишување референдум на 30 септември, а рефендумското прашање гласи: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?.
На гласањето не учествуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои излегоа од собраниската сала откако нивниот пратеник Никола Мицевски го изнесе партискиот став дека референдумското прашање е непрецизно, повеќезначно и манипулативно за јавноста. Со тоа што е консултативен референдумот, рече тој, се отвора можност резултатот да се толкува како што се сака.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе два амандмана на Предлог одлуката за распишување референдум, но не присуствуваа кога беа ставени на дневен ред и беа одбиени на гласањето.
Одлуката за распишување на референдумот беше изгласана со мнозинство од вкупниот број пратеници
30-07-2018, 04:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Тања Каракамишева
6 hrs ·


ВЛАСТА ПОВТОРНО ГО КРШИ ПРАВОТО И НОСИ ФАЛИЧНА ОДЛУКА ЗА РАСПИШУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНДУМ


1. Одлуката за распишување референдум власта одлучи да ја донесе врз основа на чл.73, став 1 од Уставот без да му објасни на народот од кога тоа Собранието има надлежност да менува вековно име, идентитет на Македонците, државјанство, култура, историја, традиција? По кој член од Уставот пратениците го имаат таквото право, а Собранието таква надлежност? Нема такво право, нема таква надлежност! Денес пратениците ќе гласаат за уставно спорна одлука и треба да бидат свесни дека за постапките што ги прават ќе сносат одговорност еден ден! Договорот од Преспа го менува името на државата, го менува идентитетот на Македонците, нивната историја, култура и се што е македонско, прашања за кои Собранието согласно Уставот нема утврдена надлежност да ги менува. Ако пратениците мислат дека ќе се покријат со надлежноста да го менуваат Уставот се лажат бидејќи ниту еден Устав не смее да ја избрише целата историја, култура, традиција, идентитет на еден народ. Правото да се самоопределиме и да се самоидентификуваме како Македонци ни е загарантирано со меѓународното право, конкретно со чл.1 од Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права, како и со Меѓународниот пакт за граѓански и политички права кои велат: "Сите луѓе имаат право на самоопределување. Согласно ова право тие слободно го определуваат својот политички статус и слободно го остваруваат својот економски, социјален и културен развој". Станува збор за права заштитени со JUS COGENS нормите кои се однесуваат не само на народите и не само на нивните колективни права, туку се и ДРЖАВНО ПРАВО, односно меѓународно право на државата.Со договорот се повредува правото на достоинство утврдено во чл.1 од Универзалната Декларација за човекови права според кој "сите луѓе се родени слободни и еднакви во достоинството и во правата", повреден е чл.1 од Повелбата на фундаменталните права на ЕУ каде стои дека "човековото достоинство е неповредливо. Мора да се почитува и да се заштитува". Од друга страна, законот за ратификација на договорот се уште не е објавен во Службен весник на РМ што значи не може да биде содржан во референдумското прашање бидејќи чл.118, став 1 од Уставот вели дека Меѓународните договори ШТО СЕ РАТИФИКУВАНИ во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок...овој договор не е ратификуван во согласност со Уставот односно законот за негова ратификација се уште не е објавен во Службен весник што значи дека истиот не е дел од внатрешниот правен поредок на земјата.
2.Одлуката се повикува на чл.73, став 1 од Уставот а не се повикува на ниту еден член од Законот за референдум што ја прави правно фалична и неупотреблива. Уставот не познава категорија "референдум за консултирање на граѓаните". Тоа што не е наведен член/членови од Законот за референдум по кој власта ќе го организира референдумот остава простор за можни манипулации понатаму што најверојатно е цел на фаличната одлука. Власта е должна во одлуката да наведе по кој/кои членови од законот за референдум го организира референдумот за да граѓаните знаат што гласаат и како да го одбранат своето право понатаму. Плус за вакви тешки прашања во кои се споменува и ЕУ власта не смее да распишува консултативен референдум бидејќи го крши чл. 120 од Уставот каде јасно е утврдена постапката за носење одлука за стапување или истапување во сојуз или заедница со други држави.
3.Во чл.9, став 1, алинеја 3 и 5 од законот за референдум јасно е утврдено дека граѓаните одлучуваат на референдумот, тоа во одлуката никаде не е наведено, што значи власта прави уште една манипулација со граѓаните.
4. Референдумското прашање е повеќезначно бидејќи во себе има повеќе прашања што е спротивно на чл.15, став 4 од законот за референдум каде стои дека прашањето мора да биде прецизно формулирано и недвосмислено. Ваквото прашање го повредува и Кодексот за добри практики за референдуми на Венецијанската комисија каде исто така е утврдена обврска на властите да поставуваат прашања што се јасни, прецизни и недвосмислени.
[Image: 37969427_1897016390382255_22589316197651...e=5BC8A082]
фб статус
(This post was last modified: 30-07-2018, 05:23 PM by ЈорданПетровски.)
30-07-2018, 05:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:И на прашањето за референдум крадат и лажат


[Image: Darko-Janevski-objasnuva-2.png]


„Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“
Значи ова е прашањето што го изгласаа комуњарите и чесните од ДУИ. Оние другите од Беса се само приврзок. И речиси е несфатливо дека и покрај сите укажувања, шутрациве од власта пак прават манипулација.
Прво, вака поставено, прашањето е за тоа дали сте за членство во НАТО и ЕУ, а не дали сте за договорот со Грција. Самото прашање упатува на тоа: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО…?“. При ваква формулација, договорот со Грција е само алатка со која ќе со оствари членството, а не централен и клучен дел на референдумското прашање.
При вака поставено прашање, доаѓа во преден план тоа што, да бидам искрен, мислев дека шутрациве ќе се обидат да го избегнат, а кое со денови веќе го вергла Тодор Петров: За членство во заедница на држави се активира член 120 од Уставот кој вели:
1.Предлог за стапување во сојуз или заедница со други држави или истапување од сојуз или заедница со други држави можат да поднесат претседателот на Републиката, Владата или најмалку 40 пратеници.
2.Одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави ја донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
3.Одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави е усвоена, ако на референдум за неа гласало мнозинството од вкупниот број избирачи.
Што се однесува до НАТО, власта веќе се изјасни дека алијансата ја смета за меѓународна организација, а не за сојуз или заедница, и дека споменатиот член од Уставот не се однесува на членството во НАТО. Добро, но за ЕУ, какво и да најдете толкување, самото име кажува дека станува збор за „унија“, односно за заедница на држави и тука нема бегање од член 120. Тој пак бара прво да има предлог за стапување во таа заедница на држави, а таков предлог нема.
Тоа е првата лага.
Второ, за да го поставите на референдум прашањето „Дали сте за ЕУ…“, ви треба усвоена одлука од Собранието со 80 гласа (став 2).
Значи, прво треба предлог да се стапи во членство во ЕУ (во заедницата на држави, односно во унијата), а потоа треба тој предлог да биде усвоен во Собранието со најмалку 80 гласа.
Таква одлука нема. Има усвоен Закон за ратификација на договорот со Грција за кого не е потпишан Указот од Иванов, а тоа во прашњето го нема. Тоа е втората лага и манипулација на власта со прашањето.
И трето, откако одлуката за стапување на членство во ЕУ ќе биде усвоена со 80 гласа во Собранието, таа одлука мора да оди на референдум и на тој референдум треба, не да излезат 900.00 гласачи, од кои 450 илјади да бидат „за“ како кај обичниот референдум, туку 900.000 односно половина од запишаните избирачи (1,8 милиони) да бидат „за“.
Ништо од ова власта нема намера да почитува. Нејзе очигледно очајно и треба ујдурмата со НАТО и ЕУ, иако лесно можеше да го избегне ова, со прашање кое би гласело, на пример: Дали сте за договорот со Грција кој ќе овозможи …“ итн. итн.
Но, на СДСМ и ДУИ им треба конструкција на прашањето која ќе овозможи прво во очи да ви падне членството во НАТО и ЕУ, а не договорот за Северна и, во уши, прво што ќе чуете да биде исто така членството во НАТО и ЕУ, а не Северна.
Се работи за обична психологија според која се манипулира со јавноста.
Таа, јавноста, се третира како стока, како што тоа беше случај и во 2004 година, а за да се дојде до гласот на „стоката“ потребно да наметне атмосфера која ќе ви внесе во главата дека всушност не гласате за тоа дали Македонија ќе биде „Северна“, а вие „Северни“, туку дека ќе гласате за НАТО и ЕУ. А ако гласате за НАТО и ЕУ, гласате за повеќе пари кои по членството ќе потечат како река, нели. Како што е тоа случај со Бугарија, Албанија и да не набројуваме.
Значи, идејата е да ве убедат дека не гласате за договорот со Грција, дури и не гласате за НАТО и ЕУ, туку гласате за да имате повеќе пари.
И тука, во таа лажна пропаганда, товарот ќе го носат странците кои веќе започнаа со спотови и нарачани телевизиски прилози.
Значи, додека комуњарите си делат грантови меѓу себе, вклучувајќи ги тука и парите на нивните „независни“ новинари, вам ќе ви делат ветувања.
Вториот момент е дека референдумот е консултативен. Тој не создава обврска за никого и за ништо, иако ќе ве убедуваат дека и покрај се, треба да излезете да гласате. Посебно, што е битно, не создава обврска за претседателот Иванов да го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација за договорот со Грција.
Понатаму, нека не ве лажат дека за консултативниот референдум, не треба цензус. Треба и тука нема дилеми. Се друго е лага. Кој од цензусите е потребен веќе објаснивме погоре.
Четвртиот момент е дека ако не се исполни цензусот и плус, со оглед на тоа што референдумот е консултативен, тој не созадава обврска ни за ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласа уставните промени што ги бара Грција. Значи нема потпис од Иванов, нема согласност од ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени. Зошто тогаш се оди на референдум?
Каква ујдурма во врска со ова смислиле мозоците кои ги движат конците на кои се закачени СДСМ и ДУИ, ќе видиме.
Но, тоа што сега го гледаме е дека власта ќе се обиде да ја протне тезата дека ако веќе не треба цензус (што рековме е лага) и ако референдумот е консултативен, кон што е ќе биде насочена пропагандата на загарите чии чекмеџиња ги полнат, тогаш подобро е да излезете на гласање, за да не се случи и со 200.000 гласови референдумот да се прогласи за успешен. Тоа е само обична лага, со која власта ќе се обиде да ја зголеми излезноста.
Дополнително, ќе се обидат да ве плашат со поделба на Македонија, ако референдумот не помине. Тоа е следната лага, бидејќи албанските партии, тоа не е никаква тајна, се на копче. Тој што го вклучува и исклучува копчето, знае дека ако договорот со Грција не помине, нема никаква полза од излегување на Албанците од Македонија, зашто тогаш пак ќе остане едно парче од РМ со кое Грците ќе треба да преговараат.
Но, без Албанците, нема да има страшило за Македонците. Оттука, на Албанците никој нема да им дозволи да излезат од Македонија, се додека постои Република Македонија во било која форма и големина. Може да има инциденти, поточно кажано УДБА секако ќе предизвика во некоја форма албанско-македонски конфликт, тука не треба да се има сомнеж, но распад на РМ нема да има. Впрочем, при тој распад, каде би оделе таквите како Исмет Рамадани? Па тие се тоа што се, само затоа што се Албанци во Република Македонија. Надвор од овде, па дури и во едно сеалбанско општество, се никој и ништо. Затоа, нивните застрашувања се само тоа и ништо повеќе – нискоинтелигентни пропаганди пораки.
Но, ако договорот помине, е тогаш е сосема друга приказна. Кога целиот процес ќе заврши, вклучувајќи го тука и менувањето на историјата на РМ, Албанците како нов конститутивен народ на новата држава, ќе создадат федерација, а потоа, кога тоа ќе им биде дозволено, ќе ни кажат довидување. Проблемот е што тоа нема да биде по мирен пат.
И на крајта потсетете се и на порака на Шеќеринска од пред некој ден: ако на референдумот не била донесена одлука, институциите ќе го направеле тоа. Таа всушност сакаше да каже дека ако не излезете и го бојкотирате референдумот и ако тој поради тоа не успее, ќе се смета како да не била донесена одлука. Една голема глупост, неверојатно е дека тоа беше кажано, но и тоа е обична глупава лага. Неизлегувањето на референдумот и неговата пропаст исто така значи дека народот донел одлука, односно не гласал „ЗА“. И тука нема што повеќе да се разговара.
Нормално, при консултативен рефендум институциите имаат основа да донесат одлука каква сакаат, но за таа одлука СДСМ и ДУИ повторно се зависни од Иванов и ВМРО-ДПМНЕ.
Значи, да ги резимираме неколкуте лаги:
Прво: дека на овој референдум не треба цензус. Лага. Таа лага треба да ви прати порака дека ако не излезете на гласање референдумот ќе помине со позитивните гласови на СДСМ и Албанците, што не е точно.
Второ: дека за членство во ЕУ треба 450 илајди гласа „ЗА“. Лага, потребни се 900 илјади гласа „ЗА“.
Трето, дека Македонија ќе се распадне ако не помине референдумот. Лага, бидејќи Грците пак ќе треба да преговараат со тоа што ќе остане, ама нема веќе да ги има Албанците како плашило или како средство кое може да се употреби за убиства како тоа на Саздовски.
И четврто: сите овие ујдурми и оние што ги смислил или ќе ги смисли мозокот, може да ги прекине Уставниот суд:
-Основот (член 73 од Уставот) врз кој е донесена Одлуката за референдум е погрешна;
-За членство во ЕУ не може да се распише консултативен референдум;
-Не може да има повеќе прашања за еден референдум (член 15 од Законот за рефендум што веќе го објаснувавме);
– Нема одлука за членство на РМ во ЕУ усвоена од Собранието на РМ зашто никој не ни не повикал да станеме членка на ЕУ;
-Прашањето содржи лажни сугестии (може да помине референдумот, но пак да не станеме членка на НАТО заради неисполнети критериуми, но тоа во прашањето го нема);
-Референдумското прашање го содржи името Република Македонија, а таков субјект во договорот со Грција нема, што е нова лага и манипулација со гласачите. Таму сме некоја „страна“ (прва, втора) или како веќе сме ословени.
И да не набројуваме натаму. Засега доволно е и ова.
30-07-2018, 11:36 PM
Reply