Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
АНКЕТИ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Македонците се против членство во ЕУ и НАТО со променето име, Албанците се за



19.07.2018
Сосема случајно, го имаме веќе одговорот на референдумското прашање кое вчера го откри премиерот Зоран Заев: дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција? Анкетата која за МКД.мк минатата недела ја спроведе агенцијата Мaркет висион покажа дека на прашањето „дали сте за членство во ЕУ и НАТО со променето име“, 52,1 % од граѓаните ќе одговорат негативно, а 47,9 отсто позитивно.


[Image: mkd-356382.jpg?itok=hIoiZbS3]


Расположението на македонските граѓани измерено минатата недела покажа дека 54,1 отсто од анкетираните не го поддржуваат договорот со Грција за промена на името на Република Македонија, а 45,9 се за тој договор. Кога овие резултати ќе ги распределите на 1.200-те испитаници според националната припадност, големи се разликите во ставовите меѓу Македонците и Албанците.


[Image: mkd-383749.jpg?itok=_dRIJhf1]


Анкетираните Албанци (25% од 1.200 испитаници) сметаат дека договорот со Грција е добар - 94,7 %. Од нив 5,3 отсто одговорија дека не го поддржуваат договорот со Грција за промена на името, а кај Maкедонците тој процент е 74,5. 25,5 отсто од анкетираните Македонци сметаат дека договорот со Грција е добар. Освен кај Ромите и Србите, кај сите други националности (Турци, Власи, Македонци муслимани, Босанци) мнозинството е за договорот.
Таков е односот во однос на сите прашања на телефонската анкетата спроведена од агенцијата Маркет висион од 9 до 15 јули.


[Image: mkd-383750.jpg?itok=pnLb0Mba]


На прашањето дали сте за членство во ЕУ и НАТО со променето име, против се 52,1 %, а за се 47,9 % од испитаниците. Според националната припадност на анкетираните, одговорите и на ова прашање меѓу Албанците и Македонците се сосема различни.
Кај Македонците против членството во ЕУ и НАТО со променето име се 71,7% (28,3 отсто се за), а кај Албанците тие проценти се -  94,7 отсто се за членство во ЕУ и НАТО со променето име, а само 5,3 отсто од анкетираните се против.
Кај другите националности таа бројка е -  55,5% се против, а 44,5% се за.


[Image: mkd-383751.jpg?itok=LxNJ8qjl]


49,6 отсто од анкетираните се убедени дека НАТО и ЕУ ќе донесат подобар живот, а 41,5 % не се согласуваат со тоа. Тука се и 8,9 отсто од анкетираните кои сѐ уште не знаат. Од Македонците со ова се согласуваат 34%, а 56,4% сметаат дека нема да биде ништо од подобриот живот ако се зачлениме во ЕУ и НАТО. Кај Албанците одговорот на ова прашање е сосема поинаков - 85,8 % велат дека со ЕУ и НАТО ќе имаме и подобар живот, а со тоа не се согласуваат 6,6 отсто од испитаниците.
Кај другите националности, 57,8 отсто се сигурни дека ќе имаме подобар живот со ЕУ и НАТО, а 34,4 отсто сметаат дека ништо од тоа.


[Image: mkd-383757.jpg?itok=RluHP164]


За бојкот на референдумот се 27,5 отсто од испитаниците, а на референдумот ќе учествуваат 47,8 отсто. Повеќе од 24 отсто од испитаниците сѐ уште не одлучиле дали ќе излезат или не на гласањето на референдумот.
Од Македонците 41,9 отсто веќе одлучиле дека ќе излезат на референдумот, а за бојкот се 35,8 отсто (неодлучни се 22,2%).
Кај Албанците, пак имаме спротивна слика - на референдум ќе излезат 61%, а за бојкот се 31,8 % од албанските гласачи.


[Image: mkd-383752.jpg?itok=qxeaBz1S]


Во однос на уставните промени, на прашањето „дали верувате дека Македонија ќе биде примена во ЕУ и НАТО доколку го промени уставот и името“, 44,6 отсто од испитаниците одговориле потврдно, а 43,1 % се сомневаат во тоа (12,3% не знаат).
Посомничави се Македонците, 53,9 отсто одговориле дека не веруваат дека со промена на Уставот Македонија ќе биде примена во ЕУ и НАТО, а 32,9 одговориле позитивно на ова прашање.
Кај Албанците, 72,8 отсто веруваат во приемот во ЕУ и НАТО, а 17,5 % одговориле дека не веруваат.


А.Д.
[Image: mkd-383755.jpg?itok=2kzW24aI]


Дали ја поддржувате одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за непотпишување на указот за Законот за употребата на јазиците?

[Image: mkd-383754.jpg?itok=V8CcSSI0][Image: mkd-383755.jpg?itok=2kzW24aI]


Дали ја поддржувате одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за непотпишување на указот за договорот со Грција за промена на името?

[Image: mkd-383756.jpg?itok=SgNrH3wN]
20-07-2018, 01:00 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Анкета МЦМС: Мнозинство граѓани ќе излезат да гласаат на референдумот, поддршка би дале 41,5 процент


07.08.2018

[Image: 205290.png]

Поддршка на референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на Договрот помеѓу Република Македонија и Република Грција“ би дале 41,5 проценти, а против се изјасниле 35,1 проценти, покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мислење кое за МЦМС го спроведе Агенцијата М-проспект во периодот од 24 јули до 1 август 2018 година.
Мнозинството анкетирани 66,4 отсто изјавиле дека ќе излезат да гласаат на референдумот, додека 19,8 отсто се веќе определени да се придружат на иницијативите за бојкот на референдумот. 11,9 проценти се уште немаат одлучено.
Според резултатите кај Македонците поддршка би дале 27,4 проценти, додека против би биле 45,2 проценти. Кај етничките Албанци „за“ би се изјасниле 88 проценти, а против 2,2 проценти. Поддршка поголема даваат младите 49,2 проценти, а во однос на партиската припадност очекувано големи мнозинства на симпатизерите на најголемите две партии се во линија со партискиот став 75 отсто од тие на СДСМ се „за“, а 68 отсто од приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ се „против“, но поголемо отклонување има кај СДСМ 14,6 отсто нивни симпатизери ќе гласаат „против“, наспроти 4,7 отсто од тие на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе гласаат „за“.
Дополнително, 20,6 отсто од тие на ВМРО-ДПМНЕ изјавиле дека нема да излезат на гласање. Без оглед на исходот на референдумот, недвосмислена е поддршката за членство на Република Македонија во ЕУ (80,4 отсто) и НАТО (79,9 отсто).
Анкетата покажува дека иако 84 отсто од испитаниците изјавуваат дека се запознаени со договорот, степенот на запознаеност со неговите одредби варира од нешто помалку од 20 отсто кои сметаат дека се целосно запознаени, до 28 отсто кои се само делумно или воопшто не се запознаени со договорот.
На контролното прашање – испитаниците да посочат како во договорот е дефинирана националноста (државјанството), само 17 отсто го навеле точниот одговор (Македонци/граѓани на Република Северна Македонија).
За МЦМС, анкетата ја спроведе М-проспект. податоците беа прибирани телефонски (cati) во периодот од 24 јули до 01 август 2018 година. Анкетата е спроведена на повеќеслоен стратификуван примерок од 1026 испитаници постари од 18 години.
07-08-2018, 11:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:СДСМ со 0,4 % предност пред ВМРО-ДПМНЕ



August 8, 2018
[Image: Anketa.jpg?resize=696%2C348]

Доколку утре има парламентарни избори, за владејачката СДСМ би гласале 24,4, а за ВМРО-ДПМНЕ 24 проценти од граѓаните, покажува анкетата на М-проспект спроведена на барање на Македонскиот центар за меѓународна соработка.
Кај етничките Македонци ВМРО ДПМНЕ има мала предност 31, 2 проценти, наспроти СДСМ 28,3 проценти, додека СДСМ има поддршка од 8 отсто кај Албанците.
Довербата на Албанците кон ВРМО ДПМНЕ е под 1 отсто.
За Анкетата покажа дека ДУИ би гласале 6,9, за Алијансата на Албнаците 2,7.
Дури 37 проценти од испитанците не знаат дали или за кого би гласале.



Иако оваа анкете не е врзана директно за референдумот , таа е најдобар показател како ке заврши референдумот!!
08-08-2018, 06:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Мнозинство од граѓаните – 57,8% ќе излезат на референдумот
September 5, 2018http://24info.mk/%d0%bc%d0%bd%d0%be%d0%b...0/#respond69
http://24info.mk/%d0%bc%d0%bd%d0%be%d0%b...b7%d0%b0/#
[Image: 31ADA3D4-7C92-40D5-B2C1-22648E38EB6F.jpeg]
Мнозинство од граѓаните – 57,8% ќе излезат на референдумот
Речиси 58 проценти од граѓаните ќе гласаат на референдумот за името. Ова го покажа новата анкета што за Телма и МЦМС во соработка со Инситутот за демократија – Социетас цивилис, ја спроведе М Проспект. Истражувањето е спроведено теренски во период од 07 до 25 август 2018, на национално репрезентативен примерок од 1.000 испитаници.
Наспроти 57,8 отсто кои се изјасниле дека ќе излезат на гласање, една третина – 28,8% рекле дека нема да излезат на гласање, 11,2% – не знаат и 2,2% одбиле да одговорат. Од оние кои ќе излезат на референдумот дури 70,8 % одговориле дека ќе гласаат „за“; 14,8 % „против“; 10,9% се уште не се определиле; 3,5% одбиле да одговорат.
Анкетата правена врз примерок на испитаници кој е повеќестепен стратификуван, репрезентативен според регион, пол, возраст, етничка припадност и место на живеење, покажа дека 52,4%  од Македонците и големо мнозинство етнички Албанци 70,6% се определени да излезат на гласање. Од Македонците „за“ ќе гласаат 61,7%  и од етничките Албанци – 88,8%.
Анкетираните се полнолетни лица, граѓани на Македонија и сите резултати се урамнотежени според официјални демографски статистички податоци од Државниот завод за статистика и Проценките за Население за 2017 година. Анкетата кој е спроведена на македонски и албански јазик исто така го покаѓува и рапсоложението за референдумот по паертиска определба. Таа покажа очекувано големо мнозинство на референдум да излезат симпатизерите на СДСМ 93,8% и на ДУИ 78,3, додека интересни се бројките за приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ. Во опозицискиот табор  мнозински е ставот да не се излезе на референдумот – 57,7%, додека 29,8% од симпатизарите на опозициската партија сепак би излегле да гласаат.
Клучната причина поради која оние кои на референдумот ќе гласате „за“ ја навеле дека Договорот ќе помогне за влез во ЕУ и НАТО – 62,3%. За 26,7% причина е дека Договорот е добро решение на долгогодишниот спор, а 5,2 отсто рекле дека немаме друг избор.
Сите резултати во анкетата се подложни на статистичка грешка од ±3,1% со прифатливо ниво доверба: 95,0%.
05-09-2018, 11:17 PM
Reply