Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Трајче Трајковски, Куманово
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,524
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1
1eek 
Quote:Во врска со  интервјуто на ТВ Алфа плус, со *генералот* Митре Арсовски, сакам да го имате во предвид следново:
 
-Митре Арсовски како полковник, командат во ЈНА уживаше во мокната сила на тогашната ЈНА, кроеше планови како ЈНА да остане во Македонија и уште повеке како Македонија да не се отцепи од Југославија, при што се закануваше со превземање на борбени дејствија во Македонија.
 
-Тој е човекот, кој  со уште неколку офицери на ЈНА во Куманово во тогашната тенковска бригада на ЈНА кроеше планови како бригадата да не се извлече во Србија, иако ние припадниците на МВР, обезбедивме коридор, по стариот пат Куманово-Врање и истиот денонокно го обезбедувавме само да не дојде до конфликт од месното население кое тие го инструрираа да се спротивстави на повлекувањето на ЈНА од Македонија, односно да легнат пред тенковите а тоагаш ЈНА под изговор дека го брани населението да отпочнат со воени операции во Македонија. За таа цел соработуваа со дел од директорите на некои големи фирми во Куманово, во чии ресторани пијанчеа по цели денови и коваа планови како да го наводно заштитат населението.
 
-Митре Арсовски е човекот кој во има на ЈНА ја предаде Српсо Македонската граница во Крива Паланка на Македонската полиција. Беше приморан на таков чекор заради спогодбата Глигоров-Аџиќ.
 
-Митре Арсовски е човекот кој ги бркаше припадниците на полицијата, кои од пред нос му ја одзедоа военета евиденција за регрути од Куманово, кои требаше да одат на боиштата  во Босна и Хрватска. Евиденцијата беше сместена во просториите на Министертвото за одбрана во Куманово а спроти зградата имаше поставено три митралески гнезда, утврдени со вреки песок и со 24 часовно дежурство. Наспроти таквото обезбедување изнесена е сета документација.
 
Сега Митре ти бил голем Македонец, патриот, загрижен за името. Тој е загрижен за своите интереси како секогаш во зивотот. Само Македонија може да постави такви офицери за началник на Генералштаб и да му даде пензија, а тој да ја лае ова Држава дека народот не бил свесен како оди во пропаст.
 
На крајот сакам да укажам на разно разни правници, полтиколози и незнам што се друго, кои со докторски титули покажуваат елементарно непознавање на политичкиот систем на Македонија.
 
Господа доктори на науки, Македонија е парламентарна демократија со парламент на чело како претставнички дом на народот со избрани пратеници. Претседателот и Владата се извршни органи. Од кој устав произлегува силата на Претседателот да се става изнад Парламентот и да поништува акти (закони) на Парламентот?! Тој има само извршна и преставничка функција утврдена со закон, како и начин на кој ја врши. Со непотпишување на указот за закон донесен по втор пат, како бара Уставот, Претседателот чини кривично дело за кое се одговара. Какво џебно вето, во нашиот ситем нема такво нешто, ние немаме претседателски систем туку нека сватат и научат ПАРЛАМЕНТАРЕН.
 
Со почит,
 
Трајче Трајковски, Куманово
поранешен Секретар и прв Началник на СВР Куманово во
Независна Македонија од 1988 до 1992 год. во период кога
ЈНА се исели од Македонија и се спроведе референдум за 
Независност
13-07-2018, 10:15 PM
Reply