Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
УШТЕ ЕДНА ПОДЕЛБА НА НАРОДОТ ОД ЛАЖОВОТ ЗАЕВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,521
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Дел од пејачите ангажирани за прославата ставени во политички клинч


Слобода е и секој има право да има свој став и никој не смее да „шиканира“ граѓани заради свој став. Впрочем програмата е колку две театарски претстави што ги финансира државата, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање околу реакциите во јавноста околу ангажманот на уметниците кои утре вечер ќе настапат на прославата по повод добивањето покана на Македонија за влез во НАТО.
Заев ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да го поздрави добивањето на поканата и да престане да сее омраза помеѓу граѓаните.


Quote:„Сакам да апелирам опозицијата да престане да сее омраза врз демократското мнозинство во земјата. Македонија заслужува да прослави и затоа ја повикувам опозицијата да им честита на граѓаните и да не врши притисок врз музичарите кои на најчесен, најтранспарентен и најпрофесионален начин учествуваат во прославата. И членовите на групите се граѓани на Македонија кои својот став ќе го кажат на референдумот. Но тие се професионално ангажирани од државата и затоа треба да внимаваме на односот кон нив“, рече Заев.






Министерот за дијаспора, Едмонд Адеми пак ја повика дијаспората и таа да се вклучи во прославата за поканата за членство во НАТО.

Тој на својот фејсбук профил објави видео порака во која поканата за членство во НАТО ја оцени како заеднички успех на сите граѓани на Репбулика Македонија, и на оние кои живеат во дијаспората.


Quote:„Голем дел од вас одигравте важна улога во целиот овој историски процес и успех. Ја одигра и нашата дијаспора во целиот свет, воспоставувајќи мостови за соработка со сите земји пријатели на Македонија. Ја користам оваа свечена прилика, во сабота, на 14 јули, 2018 година, да Ве повикам, сите заедно да се вклучиме и да го прославиме овој заеднички историски успех, како во градовите во нашата Република, така и во градовите во државите членки на НАТО но и пошироко, каде што живее нашата дијаспора, како заеднички успех дека конечно и нашата земја станува рамноправна членка во големото семејство, рамо до рамо, со земјите со највисоки демократски и цивилизациски вредности на современиот свет“, вели Адеми во видео пораката.




[b][i]

Три музички групи не знаеле за што ги ангажирала Владата
[/i]
[/b]

Прослава во 15 македонски градови предизвика раздор во јавноста. Критиките се однесуваат на оние групи кои се познати по тоа што создаваат социјално ангажирана музика или пак се познати по ставот дека се против промена на името на државата. По бурните реакции на почитувачите на три од вкупно 37 групи или пејачи најавени во програмата, тие во јавноста објавија дека не знаеле точно кој е поводот на прославата. Тие велат дека не знаеле дека ќе настапат на манифестација по повод поканата за влез во НАТО, туку дека ќе настапат на културна манифестација. За ова истите потпишале и договор.

[Image: conquering-lion-nato-zurka.jpg]
„Ни кажаа дека е културен настан на кој ќе настапуваат повеќе артисти низ повеќе градови, без присуство на политички партии, говори, пропаганден материјал и слично. Станува збор за големо недоразбирање. Излезе дека повеќе артисти не знаеле за каков тип на настан станува збор, меѓутоа, некои од нас веќе имаат потпишано договор за настап за кој немаше подетални информации. Не се криеме и не бегаме од тоа дека настап на ваков настан не ни е во прилог и е против нашата идеологија, но се надеваме ќе разберете во која ситуација се најдовме без да сакаме и самите ние“, велат од бендот „Conquering Lion“, кои се против Македонија за влез во НАТО.
Реагираше и групата Љубојна. Тие на својот официјален фејсбук профил напишаа дека нивниот настап што треба да се одржи утре вечер е закажан многу порано пред да знаат за каков настан се работи.

[Image: ljubojna-oficijalno.jpg]
„Настапот не е поврзан со личниот став на членовите на групата. Љубојна ќе настапи во свој манир, со добро познатата автентична програма и ќе продолжи и понатаму да ја презентира нашата музичка култура во земјата и во светот, без никакви отстапки. Парите ќе бидат донирани за терапијата на едно болно детенце, како и на “Одделот за традиционална музика и игра” при ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, за понатамошен развој и истражувачка дејност. За сета “лавина” од сите вас кои искрено ни се обративте, како и вие дежурни фб “душегрижници”, ви благодариме и продолжуваме посилно. Музичарите не се и не треба да бидат бедем за револт и распетие!“, пишува Љубојна.
И љубителите на музиката на Владо Јаневски се гневни затоа што, како што велат, тој пред еден месец го откажа најавениот концерт поради болест а утре вечер ќе настапи на прославата во организација на Владата.
Од критика не остана поштедена ниту рап групата С.А.Ф. Митко Гаштаровски познат како Пикисипи член на С.А.Ф.  на својот фејсбук профил напиша дека е против  промена на името во Северна Македонија но дека ќе настапи на прославата затоа што „тоа е единствен начин да се сочува ова парче земја кое се вика Македонија“.
„Ќе настапам како дел од формацијата С.А.Ф. затоа што тоа е единствен начин (според мене) да се сочува ова парче земја кое се вика Македонија без понатамошно делење итн.. Покана за НАТО???? Не под услов!!! Песните наши ги знаете, не се баш за славење. Единствена песна која е за прослава ‘Раце горе’ нема да ја изведуваме, бидејќи денеска или на 14 јули не се чувствувам дека треба да славам. Нека биде последен концерт засекогаш! Сите овие години откако творам како што знам, никому не сум украл ништо, мирно спијам. Никогаш не сум настапувал за некаква политичка опција. Изненаден од фактот дека сме добиле покана за НАТО и од желба да се видам со другарите реков – во ред, ако сакаат другите ќе дојдам и јас, но без политички амблеми. Морам да признам дека сум изненаден од блуењето од т.н. фанови кои веднаш знаат да маваат со камења. Јас ќе останам доследен на своето дело и тие што ќе бидат на концертот во Струга ќе може од прва рака да слушнат што мислиме како С.А.Ф. за новонастанатата ситуација. Истата оваа Влада (партијата) ни го цензурираше концертот од 1998 година кога беше напишан албумот. Сега нè кани на заедничка прослава, иако на плакатот нема партиски обележја“, напиша Пикисипи.
По низата коментари Гашатаровски реагираше дека кога договорот веќе е потпишан  а ним како група воените формации не им се најмили тогаш хонорарот ќе го донираат за деца со посебни потреби. Но веднаш потоа коментирајќи на критика на негов фан, Пикисипи напиша дека нема да настапат на утрешната прослава во Струга но и дека тој не потпишал никаков договор со Владата.

[Image: piki-sipi-nato-zurka-3.jpg]
На прашање од НОВА ТВ дали било кој од ангажираните уметници го откажал својот настап и дали се точни обвинувањата дека некои од нив не ни потпишале договор од Владата велат дека остануваат на ставот искажан во нивното денешно соопштение.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски исто преку социјалните мрежи преку својот личен фејсбук профил ги повика сите уметници што ќе настапат на прославата утре своите хонорари да ги донираат во хуманитарни цели.


[b][i]Јавноста сака да знае колку чини прославата[/i][/b]
Не помали беа и реакциите на јавноста која прашува колку ќе чини организацијата на прославата.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека Владата на СДСМ ја манипулира јавноста со парите на граѓаните.

Quote:„Ако артистите и прославата биле договорени пред месец дена? Владата веднаш да одговори кога е распишана јавната набавка за прославата и кој владин орган стои како организатор на истата прослава? Која е фирмата која ги изнајмува бините, озвучувањето и осветлувањето и колку пари чини истото, бидејќи парите се даваат од џебот на граѓаните? Колку чини ангажманот на артистите кои што беа изманипулирани од страна на владата? Бидејќи сумата очигледно е огромна штом се крие од страна на владата, дали е влезена во Буџетот планиран за 2018, а ако не е од што ќе се пренаменат средства за да се плати и финансира оваа прослава?“, праша денеска на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.






Од Владата за сега само откриваат дека организацијата ќе биде платена од Буџетот на државата.

“Прославата се организира врз основа на Одлука и заклучоци од Седница на Владата на Република Македонија, одржана на 10.07.2018 година. Организацијата на целиот настан, ќе биде обезбедена од буџетот на Владата, а сумата ќе биде објавена веднаш штом ќе завршат сите пресметки. Изборот на градови е направен согласно рамномерна географска застапеност. Прославата ја поддржаа и локалните самоуправи, со организациска и логистичка помош. Владата не се рекламира на медиумите и затоа промоцијата во претстојните три дена се одвива исклучиво преку социјалните медиуми и теренски со печатени материјали“, пишува во владиното соопштение.
Утре вечер, Владата на Република Македонија организира прослава во 15 македонски градови по повод поканата за членство во НАТО Алијансата.





Колку ке чини приватна журка која ке ја прават диаспорците на Заев од Форумот за Демократска  Северна Македонија
(This post was last modified: 13-07-2018, 09:21 PM by ЈорданПетровски.)
13-07-2018, 08:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,521
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Митровски: Артисти охрабрете се, можеби ќе изгубите еден хонорар, ама ке добиете милион фанови, за интегритет да не збориме

Прославата која Владата ја организира оваа сабота во 15 градови низ Македонија прерасна во голем скандал. Голем број артисти велат дека биле донесени во заблуда, дека на некој начин не знаеле дека потпишуваат договор за прослава на показа за влез во НАТО.
Адвокатот Јанаки Митровски, рече дека не секој артист ќе му понуди бесплатна помош за раскинување на договор.

[b]Фејсбук статус на Јанаки Митровски:[/b]
-Повеќе артисти се јавија дека биле во заблуда, или на некој начин не знаеле во што се впуштаат кога потпишале договор за прослава на некаква си покана за НАТО. Заблуда, согласно законот за облигациони односи, е основ за раскинување на договор. Му нудам на секој артист pro bono правна помош доколку сака да го раскине договорот. Доколку треба артистите да плаќаат пенали поради тоа, фер е да се помогне. И тоа прво од оние што сте најгласни.Отвараме сметка и донираме пари за таа цел.Јас прв донирам. Артисти охрабрете се, можеби ке изгубите еден хонорар, ама ке добиете милион фанови, за интегритет да не збориме.






[Image: janaki_p.png]
13-07-2018, 10:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,521
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Marjan Zabrcanec
2 hrs ·

Македонија и граѓаните со право, гордо и чесно ќе го прослават историскиот успех, поканата за членство во НАТО и датумот за преговори за членство во ЕУ.
Да, ова се историски успеси, ова се победи за демократијата во Македонија и заслужуваат прослава, како никогаш до сега. Кога, ако не сега?
Ова не се настани како тие на ВМРО-ДПМНЕ кога единствената намера беше да се мобилизира партиска поддршка и да се манипулира со граѓаните. Не, ова е прослава заради исклучително важен момент кој со децении го чекаат денешните генерации. Ова е прослава, еднаш во 10 години, која го слави достоинството и успехот на нашата земја. Ова не е предизборен концерт.
Секој обид, оваа голема (за Македонија победничка) прослава да се споредува со партиско-политичките памфлети на Никола Груевски е фактографска грешка и оди на иста линија со противниците на членството на Македонија во НАТО и ЕУ.
На административно ниво, извонредно чиста ситуација. Сите изведувачи (или лицата задолжени од нив за да ги застапуваат) имаат потпишано договори со Владата на Република Македонија во кои на најексплицитен начин стои дека нивниот професионален ангажман е за музички настан по повод поканата за Македонија за членство во НАТО кој го носи насловот "Одиме напред - Македонија во НАТО и ЕУ". Сте чуле ли за некој друг сличен настан, постои ли минимум можност професионалец да не знае на што настапува?
Владата веќе информираше дека ќе ги објави сите трошоци. Тоа го правиме веќе една година и повторно ќе го направиме. Пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ зборува за суми од милиони евра. Ха. Очигледно се навикнати на расипништво, па само во милиони евра знаат да пресметуваат.
Оваа прослава не е луксуз, оваа прослава ја јакне домашната сцена, го дисперзира македонскиот звук и ги носи домашните изведувачи кај своите публики. Распоредот е исклучително квалитетен, 45 домашни изведувачи во ист ден во 15 градови, за национална кауза која вреди!
Противниците на членството на Македонија во НАТО и ЕУ очигледно сеат омраза во јавноста, но и врз музичарите, и се обидуваат да влијаат негативно врз успехот на земјата.
Но, џабе им е.
Завршија стравовите. Ќе завршат и манипулациите.
Граѓаните слободно ќе прослават, ова е вистински момент за тоа. Македонија има право да се израдува, вреди!





[Image: nato_proslava.png]
[Image: nato_proslava_1.png]
13-07-2018, 10:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,521
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4



15-07-2018, 02:44 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,521
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Почна перењето мозок од страна на мегафоните на лажовот Заев. Тоа што сте го виделе на лице место не е вистина, еве ние ке ви кажеме што сте виделе.




Quote:ГАЛЕРИЈА: Граѓаните славеа за добивање покана за членство во НАТО

 
[Image: 3-2-777x437.jpg]
Во 15 градови, со 40 музичари, со автентичен домашен звук, граѓаните ширум Македонија го прославија добивањето покана за членство во НАТО и датумот за преговори со ЕУ.
За организацијата на целиот настан се обезбедени средства од буџетот на Владата на Република Македонија, а сумата, како што информираат оттаму, ќе биде објавена веднаш штом се завршат сите пресметки.
[Image: 15-1024x682.jpg]
„Владата на Република Македонија изразува благодарност до општините за поддршката и помошта прославите да поминат во најдобар ред, а до музичарите благодарност за професионалниот однос и ангажман. Во текот на утрешниот ден Владата ќе објави целосен извештај за организацијата на настаните.
Македонија ја продолжува успешната приказна. Тоа е приказна за слободата, успехот, безбедноста и економскиот раст. Застануваме рамо до рамо со најсилните земји од Европа и светот, застануваме цврсто во одбрана на правото на сопствен став, осудуваме ширење омраза заради изразен став“, се вели во соопштението од Владата.
[Image: 14-1024x678.jpg]
[Image: 12.jpg]
[Image: 10-1024x683.jpg]
[Image: 7-1024x768.jpg][Image: 8-1024x768.jpg]
15-07-2018, 01:22 PM
Reply