Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СЛУЧАЈ САЗДОВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,366
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

[Image: SAZDOVSKI.png]

[Image: SAZDOVSKI_1.png]
[Image: SAZDOVSKI_2.png]

[Image: SAZDOVSKI_3.png]
(This post was last modified: 05-07-2018, 09:45 PM by ЈорданПетровски.)
05-07-2018, 09:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,366
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје за сторено кривично дело „Насилство“. На 29.06.2018 година околу 17,30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар „Александар Македонски“ пријавените физички го нападнале Н.С., по што бил пренесен во Клинички центар “Мајка Тереза“ Скопје. По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот биле лишени од слобода.

МВР


Quote:Ексклузивно: Одреден триесетдневен притвор за двајца од напаѓачите на Саздовски



[Image: KomitiSkopje_logo.png]

04.07.2018

Дваесетгодишниот Никола Саздовски од скопската населба Кисела Вода, кој беше претепан и избоден со нож од страна на, барем за јавноста непознати лица, се наоѓа на КАРИЛ во животно загрозувачка состојба.
Иако противправниот напад се случил пред четири дена, сомнежи во јавноста предизвикува фактот да настанот не се најде на ниту еден од дневните билтени на МВР за последните четири дена.
ЈанакиЗнае дознава дека двајца од тројцата напаѓачи се лишени од слобода, и од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Скопје 1 Скопје им е одреден триесетдневен притвор. По третиот напагач МВР се уште трага, кој се даде во бегство после инцидентот.
Интересно е и што Основното Јавно Обвинителство Скопје го води настанот како насилство во квалификуван(потежок) облик казниво по член 386 став 6, кое дело има предвидена казна затвор од три до десет години, а не како убиство во обид казниво по член 123 во врска со член 19, за кое дело е предвидена казна затвор од пет до дваесет години.
Неофицијално причина за нападот е нетрпеливост помеѓу нападнатиот и напаѓачите кои припагаат на две навивачки групи, со различен етнички карактер.
Младиот Саздовски е член на навивачката група Комити.
05-07-2018, 09:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,366
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Komiti Skopje
1 hr ·

[Image: KomitiSkopje_logo.png]

Молчевме цела недела, огорчени, потиштени и со мислите кон нашиот млад брат. Како да ви го објасниме МВР нашиот гнев, нашиот моментален порив за одмазда!? Дали сте свесни дека ќе започнете нешто, од кое нема враќање назад.
Нашите прашања до институциите, НВО-та(ако постојат уште такви), медиумите и граѓаните на оваа наша измачена земја, се:
1. Од кога тоа, дело, убиство во обид, кое се казнува со дваесет години затвор, се преобразува во дело насилство?
2. На кој начин дело сторено на 29.06. 2018 година, се објавува во полициски билтен на 02.07. 2018 , наместо следниот ден, како што е редот?
3. До кога ќе ги заштитувате милениците на дуи(шверцери) како бели мечки?
Осудените за убиство во делото "Монструм", каде на 5 Македонци им беше одземен животот, се слободни, а луѓето што го нападнаа "Могли" од Струга (кој во интервјуа раскажуваше дека Македонскиот народ не постоел) се затворени. Прашуваме каде е тука правдата!?
Се сеќавате ли на Мартин Нешковски и реакцијата на тогашните "револуционери"!? Се сеќавате ли дека сето тоа беше за прикривање на дело!? Се сеќавате ли колку бевте гласни!? Тогаш глумевте за личен интерес и за полнење на вашиот џеб, а сега кога го нема тоа, скриени како глушец во дупка. Ние, кубурата и камата нема да ги криеме за црни денови, зошто се веќе дојдени.
Нашите мисли, срце, душа и нашите молитви се со Саздо и неговата фамилија. Се молиме, да повторно дојдеш и запееш со нас, за Вардар и за Македонија!!!
05-07-2018, 09:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,366
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

[Image: 36723604_10216423113150319_1985727878188...e=5BEB5ACA]
05-07-2018, 11:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,366
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Почина Никола Саздовски – Саздо, комитата која минатата недела беше претепан во Скопје


[Image: %D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0.jpg]


 09. ЈУЛИ 2018.


[b]Во текот на ноќта битката со животот ја загуби дваесетгодишниот Никола Саздовски – Саздо, член на навивачката група Комити. Тој минатата недела крвнички беше прететан во скопската населба Автокоманда. Пријателите на Никола преку социјалните мрежи се простуваат со него.[/b]
Никола Саздовски – Саздо, 20-годишно момче, дел од навивачката група ,,Комити”, беше минатата недела крвничнички претепан. Полицијата при информирање за настанот истиот го квалификуваше како „насилство“. Јавноста реагираше за настанот, а социјалните мрежи беа полни со револт и коментари.
Министерството за внатрешни работи информираше дека СВР Скопје поднел кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје за сторено кривично дело „насилство“.По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот биле лишени од слобода и одредена им е мерка притвор.
09-07-2018, 10:06 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,366
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:МВР е најодговорна за смрта на Комитата Никола Сазовски- Саздо.

Вчера почина Саздо, откако пред една недела беше претепан од група Албанци во Автокоманда, и тоа од Албанска навивачка група.
Секој што е подобро запознаен со навивачките групи. Ќе се сети дека Комити пишуваа статуси за дволичноста на МВР, како кога албанец е тепан МВР експресно ги наоѓа извршителите, кога е обратно Македонец да е жртва многу тешко МВР ги наоѓа сторителите и многу полесни кривични пријави добиваат.
Пример кога беше претепан Саздо сите навивачи знаеа кој стоа зад тоа, а МВР дури после неколку дена под притисок на јавноста "октри" кои се тепачите што го тепале до кома Саздо.
И за претепување до кома на Саздо се води под сторено кривичлно дело насилство. Значи претепување до кома не е обид за убиство туку насилство.
А за Села претепување се води како обид за убиство. Македонците станаа најефтина стока за продавање и тепање, без разлика кој е на власт. Курчењето на Шверцери има политичка поддршка од ДУИ.
Сетете се пред едно 7 години кога Комити и Шверцери се тепаа на Кале, Артан Груби беше дел од Шверцери, а заменик минитерот на МВР Албанец пред камерите им ги вадеше лисиците на уапсените Шверцери и ги пушташе на слобода. Да да тој Артан Груби што денес ви збори како е европски да си го смените името и идентитет.

ФБ статус на Aleksandar Pandulovski
09-07-2018, 03:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,366
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

[Image: 36903040_10216695125873348_6379583978680...e=5BE577E6]




Дали треба комнтар на оваа соопштение на МВР
09-07-2018, 04:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,366
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:МИХАЈЛО МАНЕВСКИ: ова е свирепо убиство, а не „насилство“


09.07.2018

Младото момче Никола Саздовски е жртва на свирепо убиство, а не на некакво обично загрозување со насилство. Бог да му душа прости и сочувство до родителите и неговите најблиски, но вистината мора да се утврди. Ова свирепо убиство не може да се заташка со погрешна правна квалификација на дејствието на сторителите како обично кривично дело насилство од членот 386, кое кривично дело во основниот облик се состои од загрозување на сигурноста со грубо насилство, кое во јавноста предизвикува чувство на  несигурност, загрозување или страв.

Кривичното дело насилство од членот 386 во основа е кривично дело на загрозување и спаѓа во групата на кривичните дела против јавниот ред. Според  ставот 2 и 3 на ова кривично дело, извршување на делото се состои од фрлање на пиротехнички средства или предмети на спортски терени или гледалишта или ако делото е извршено во група од две или повеќе лица.
Ниту еден од овие елементи на кривичното дело не произлегуваат од фактите за настанот во кој е убиен Никола Саздовски. Покојното момче Никола стоело на автобуската станица и чекало автобус. Тој бил сосема сам и никому не дал никаков повод и никого не провоцирал да биде нападнат. Откако Никола од трите лица кои биле во патнично моторно возило Мерцедес бил забележан на автобустата станица, тие веднаш застанале со возилото, излегле од него, се упатиле према покојниот Никола и почнале крвнички да го удираат со разни средства по виталните органи, по лицето и главата и по целото тело и со тупаници и клоци. Го удирале се додека не паднал и кога паднал во безсознание од смртоносните повреди кои му ги нанеле. Намерата на обвинетите не била сега покојниот да го заплашат, туку со фактички преземените дејствија ниваната намера била да го лишат од живот.
Може ли ваков настан да се квалификува како обично кривично дело насилство? Сосема е очигледно дека во случајот се работи за квалификувано кривично дело Убиство од член 123 став 2 точка 4, сторено од безобзирна одмазда и ниски побуди, за кое кривично дело е предвидена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор. Три лица напаѓаат Никола Саздовски и го лишуваат од живот. Тоа не е обично насилство, како дело на загрозување, туку свирепо убиство.
Секоја намера да се минимизира самиот настан е доста опасна и не е во интерес на општеството, кое мора да се бори со сите законски средства за обезбедување на сигурност на граѓаните да не бидат жртви на вакви злосторници кои лишиле од живот еден млад човек кој што туку зачекорил во животот. Во интерес на вистианата и правдата, обвинетите мора да одговараат за злосторот што го строриле, да се влијае на нив самите и да се спречува извршување на вакви или слични кривични дела.
Никој да не се обидува да ја прикрива вистината. Вистината излегува на виделина, за жал, овој пат  вистината за смртта е на едно младо момче.
Михајло Маневски за Денешен
09-07-2018, 11:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,366
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Нема каде да бегаат напаѓачите на Саздовски – одговори МВР по обвинувањата дека се обидува да го сокрие случајот

 
9.07.1
Безуспешни биле обидите за реанимација на скопските клиники, каде ноќеска почина 20 годишниот Никола Саздовски. Откако пред десетина тројца насилници го претепаа со метални шипки, тој им подлегнал на повредите по десетдневната неизвесност на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).
„Откако е почната срцево- белодробна реанимација е пренесено во КАРИЛ во многу тешка состојба со многу тешки повреди на мозок и со многу тежок исход. Неколкупати е враќано ви живот, но за жал им подлегна на повредите“ – изјави директорката на КАРИЛ Маја Мојсова.
Двајца од напаѓачите се веќе во притвор, а по третиот полицијата се уште трага. МВР во изјава за медиумите потсетува дека кривични пријави се поднесени против три лица на возраст од 19, 20 и 21 година и дека постапката е веќе во рацете на обвинителството. Портпаролот на МВР апелираше до медиумите да не шират дезинформации за случајот.


Ќе ве замолам да не гледате етничка позадина, која многу често се користеше во минатото. Насилникот е насилник, ќе одговара, постојат закони, правната држава функционира, осомничените веќе се во притвор“ – порача портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Од обвинителството информираа дека по киривичната пријава била донесена наредба за обдукција на починатото лице. По спроведените истражни дејствија и доказите кои ќе бидат обезбедени, обвинителството најави дека соодветно е биде процесиран случајот.
„Во ова кривично дело, во ставот 6 е нормирана и настаната тешка телесна повреда или смртна последица од извршеното кривично дело насилство. По прибирање на релевантниот доказен материјал, негово проучување и анализа ќе донесе јавно обвинителска одлука во која ќе утврди и правна квалификација на стореното дело“ – пишува во соопштението на ОЈО.
Инаку негодувања на социјалните мрежи имаште токму поради правната квалификација на делото. Од навивачката група „Комити“, чиј член бил и Саздов изразија револт зошто напаѓачите се гонат само за насилство, наместо за потешко кривично дело. Реакции за случајот имаше и од поистакнатите учесници на протестите против Договорот со Грција, од кои дел беа и „Комитите“. Тие обвинија дека институциите сакале да го сокријат случајот. МВР го демантираше ова и потенцираше дека сторителите биле експресно пронајдени.
Инаку според претпоставките на социјалните мрежи, напаѓачите биле членови на навивачката група „Шверцери“. Пред инцидентот, тројцата „шверцери“ и Никола, кој бил член на навивачката група „Комити“, имале неколку расправии на Фејсбук.




09-07-2018, 11:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,366
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:[Image: KomitiSkopje_logo.png]

Денес, 09.07.2018 не напушти нашиот брат, Никола Саздовски - Саздо. Престана да чука младото комитско срце, не успеа да победи во последната битка. Десет дена, срцето, лавовски се бореше со сите нанесени повреди и на крај, се реши да одмори, да отпатува на подобро место. Саздо беше нападнат и убиен од луѓе кои само се нарекуваат навивачи, а во основа се криминалци, дилери, убијци и најважно од се, заштитени се како никој друг во државава. МВР, ОЈО, НВО-та и некои квази новинари, прво се обидоа да го заташкаат случајот и да го пренесат кон друг правец, па од кога беа фатени во лага се обидоа да се правдаат и сето тоа, само зошто беше Комита и Македонец.
Прости ни Саздо, не успеавме да те заштитиме од нашите душмани. Даваме заклетва дека ќе ја истераме правдата на било кој начин. Ќе останеш засекогаш во нашите срца и во душата на Западот. Еден ден, повторно ќе се сретнеме таму горе и ќе запееме заедно. Сочуство до фамилијата и најблиските.
Погребот ќе се одржи утре, 10.07.2018 на гробиштата во с.Ракотинци со почеток од 13.00 часот.
Комити, утре, за да го испратиме нашиот брат како што доликува, дојдете на собирот со автомобили, кој симболично е закажан пред нашата, западна трибина од 11.45 часот со поаѓање во 12.20.
Да го развиориме уште еднаш омилениот бајрак на Саздо, "Боже чувај ја Македонија"!!!
10-07-2018, 11:35 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,366
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Проработеа владините “Пиарџии”, се “чисти” Спасовски од смртта на Саздо


[Image: 20180710_004222.jpg?resize=524%2C958]

“Што си дробел тоа ќе сркаш” и “Нема споредба меѓу Мартин, Тамара и Саздо”, се двете главни мантри на армијата пиарџии вработени во владата или ангажирани преку фирми и невладини организации кои вчера добиле налог да го спинуваат револтот на јавноста за убиството на Никола Саздевски.
Член на тимот “Твитерџии” кој бил активен во “Шарената револуција” а кој инсистира на анонимност за expres.mk раскажува дека вчера веднаш откако се дознало дека Саздовски починал биле активирани дваесетина луѓе кои што требало преку социјалните мрежи да ги ублажат критиките од јавноста кон владата особено кон МВР и министерот Спасовски кои 11 дена случајот го воделе како обична тепачка или насилство иако Саздевски бил тепан со шипки и боден со нож.
Дел од лицата кои и предходно учествувале во слични операции против ВМРО – ДПМНЕ за време на Шарената револуција а кои не се вработени во владата или фирми и организации блиски на власта веднаш отфрлиле да бидат дел од сценариото.
Но дел прифатиле по што најчесто преку лажни профили на Твитер и на Фејсбук започнаа објаснувања дека Никола Саздевски предходно натепал роднина на еден од неговите убијци, дека бил агресивен и насилен и дека сам ја удрил главата од третоар при нападот врз него.
Нивната главна теза е дека МВР и министерот Оливер Спасовски не се виновни за тоа што му се случило на Никола и што убијците не се гонат за убиство туку вината треба да се бара кај Јавното обвинителство кое што дава квалификации на кривични дела.
За да им се олесни на пиарџиите веднаш по смртта на Саздовски министерот Спасовски во јавноста објаснува дека двајца од тројцата напаѓачи се фатени веднаш и добиле кривични пријави.
Со тоа на екипата која треба да го брани Спасовски и Владата и се дава главниот аргумент, дека МВР веднаш реагирала за инцидентот и дека ништо не криела, без воопшто да се споменуваат ножот и шипките во тепачката.
Планот се распаднал уште попладнето кога по силните реакции од јавноста против бранителите на владата и Спасовски некои од профилите се блокирани или се привремено недостапни.
“Твитер заедницата точно ги лоцира сите овие лица кои учествуваат во Пи Ар операцијата која е спротивна на сите заложби на “Шарената револуција”, вели еден нејзин активист кој најавува дека во наредниве денови можат да бидат објавени сите лица и профили кои за паричен надомест или за други бенефиции се ставиле “во одбрана на неодбранливото”.
“Нема правда нема мир” е универзална порака и принцип кој важи и за Нешковски и за Саздевски, важеше и за Груевски и Јанкуловска, а важи и за Заев и Спасовски. Одговорност мора да има без разлика кој е на власт зашто само така Македонија може да тргне напред на што укажува и ЕУ”, вели трет активист кој подолго време не е на Твитер но кој ги знае сите релации меѓу високи функционери во владата и “оперативците” на Твитер и Фејсбук кои сега од “погрешни причини се ставиле под нејзина команда”.
Изворите на expres.mk велат дека во одбрана на Владата и Спасовски се вклучени и луѓе самоиницијативно без да бидат дел од некаква организација, поради сопствени уверувања дека оваа влада работи добро и дека опозицијата не смее да се врати на власт а има и такви кои што навистина сметаат дека и Саздовски бил делумно виновен за инцидентот во кој го загубил животот.
Во операцијата за спас на имиџот на Спасовски уште предходно се вклучени и дел од медиумите блиски или под контрола на СДСМ.
Тие уште пред неколку дена за лажни ги прогласија информациите дека Никола е претепан и се бори за живот.

[Image: Screenshot_20180710-014141.jpg?resize=640%2C644]


ЕКСПРЕС.МК
10-07-2018, 12:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,366
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

[Image: 36853557_1727398180647020_19063904820873...e=5BA50F5C]
10-07-2018, 12:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,366
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

[Image: 36941525_10211076097412309_2381132896854...e=5BA46956]
10-07-2018, 05:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,366
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Детето чекало автобус. Од кола излегле тројца. (Ова значи дека го барале, или го следеле, значи намера постоела, возачот кој запрел за да се изврши злосторството и исто соучесник). Наоружани биле со метални шипки.(Ова значи дека употребиле ладно оружје). Значи тројца на еден, со предумисла, го тепале на особено свиреп начин. Пренесен во болница каде е констатирано дека е на раб на смртта. МВР го крие настанот. Клинички центар ја крие состојбата на момчето. Главните медиуми молчат. Алернативните канали на известување ја шират веста. ПОСЛЕ ТРИ ДЕНА, откако е јасно дека неможе да се сокрие, овој настан е објавен во билтенот на МВР со окарактеризација „насилство“, со бенигни информации без податоци за повредите, каде се споменуваат САМО тројца без да се води како соучесник возачот на колата. Медиумските проститутки почнуваат да лажат дека таков настан НЕМА. МВР излегува со соопштение дека се ширеле дезинформации и лажни вести. Детето починува. Медиумскиот шљам започнува со релативизации од калибарот „Тажна случка“ „Општеството е виновно“..... и слични бљувотини. Наивните мозокоиспрани graxhani се лепат на овакви бозаџиски прикаски и релативизации во својата плиткоумна умисленост за виши суштества. Најдолниот талог од од медиумскиот шљам, шарените куртони, продолжуваат со навреди и подметнувања од калибарот “Па што очекувал он кога бил член на навивачка група“ и „Умрел во тепачка“, „Умре зошто беше необразуван“, “Па насилник бил“...
Детето е УБИЕНО со предумисла на особено свиреп начин од ТОЛПА, мотивирана од етничка нетрпеливост!! Показно убиство! ТЕРОРИСТИЧКИ АКТ!!
Ми се гади од овакви лајна завиткани со целофан. СМРДИТЕ БРЕ!!! СМРДИТЕЕЕ! МИ СЕ ГАДИ ОД ВАС!

фб статус на  Дарко Ѓорѓиев
10-07-2018, 05:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,366
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Не е точно тоа дека квалификацијата на кривичното дело ја дава обвинителството како што изјавија вчера од МВР. Полицијата со самото доставување на кривичната пријава до обвинителството го наведува и членот по кои се гонат сторителите, а со самото тоа практично и го квалификува делото...
Само еден удар со шипка во глава е доволен за квалификација УБИСТВО или УБИСТВО ВО ОБИД, а не претепување од повеќе лица со шипки како што објавија медиумите!
Го видел ли некој тоа дете пред да се квалификува делото, и што ако несреќниот Саздовски го преживееше таквото претепување како „пола човек“ со трајно намалени животни функции и трајно намалена животна активност?
Таквиот епилог здраво-разумски треба да се квалификува како насилство?
Ги консултирал ли некој докторите од клинички пред да ја дадат квалификацијата на делото?
Инаку, должни се по закон да го сторат тоа!
Или чекаа детето да умре па да размислуваат за евентуална преквалификација...?
Ете Села преживеа па повторно квалификацијата на делото беше УБИСТВО ВО ОБИД, а сторителите добија сèвкупно околу 90 години затвор. За насилство минимално пропишаната казна е само 6 месеци затвор, АЛОО!
Непрофесионализам од страната на МВР и обвинителството, или тенденциозност?
Јас повеќе би сакал да верувам во првото!
А ако е второто...?
Па колку време велевме „НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР“?
Па така како што велевме тогаш, така ќе викаме и СЕГА!



фб статус на Зоран Јованоски
(This post was last modified: 10-07-2018, 05:06 PM by ЈорданПетровски.)
10-07-2018, 05:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,366
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:Според обдукцијата, повредите на главата биле кобни за Никола


July 10, 2018

[Image: -саздовски-2.jpg?resize=667%2C386]

Повредите на мозокот била причината за смртта на 21 годишниот младиот Никола Саздовски – Саздо, кој на 29 јуни беше претепан на автобуска постојка во Автокоманда по што десет дена бил во кома.
Обдукцијата била завршена вчера, а денеска резултатите биле испратени во јавното обвинителство каде ќе се прават дополнителни вештачења и анализи.
„Денеска пристигна извештајот од наредената обдукција на починатото лице и претстои негово разгледување. По прибирањето и анализата на сите докази ќе може да биде донесена јавнообвинителска одлука и во однос на кривичната одговорност на лицата и во однос на правната квалификација на кривичното дело“, соопштија од обвинителството пренесува “+Инфо“.
Во Основното јавно обвинителство, денеска се сослушуваа сведоци на бруталниот напад од кој почина момчето. На распит биле повеќе очевидци на настанот коисе очекува да помогнат во расветлување на случајот а потоа ќе се знае дали обвинителството ќе го преквалификува кривичното дело за кое се осомничени тројцата напаѓачи, дознава „Фокус“.
Во полицискиот билтен на 30 јуни беше наведено дека „на 29.06.2018 година во времето од 17:30 до 17:40 часот на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ од страна на три непознати машки лица (кои излегле од патничко моторно возило „Мерцедес“) физички бил нападнат Н.С.(21) од Скопје.
По физичкиот напад лицата со возилото го напуштиле местото на настанот. Н.С. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’.
Во врска со нападот кривична пријава беше поднесена против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје.
Никола Саздовски денеска во 13 часот беше погребан на гробиштата во селото Ракотинци, а од навивачката група „Комити“ упатија апел да се простат достоинствено од нивниот другар.
11-07-2018, 12:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,366
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:Скандалозна пресуда: Ослободени Албанците кои избодеа момче во центарот на Скопје


12.07.2018
Скандалозна пресуда изрекол скопскиот Кривичен суд за напаѓачите кои со нож избоделе малолетник во центарот на Скопје и кој едвај преживеал. Едниот напаѓач добил мерка засилен надзор од Центарот за социјални работи, а вториот упатен во поправен дом. Исто така, многу чудно е што во крвавиот напад учествувало уште едно лице, чие име мистериозно исчезнало во текот на истражната постапка и воопшто не е опфатено во судскиот предмет, иако неколку дена по инцидентот директорот на Бирото за јавна безбедност во МВР, Лазе Велковски, на прес конференција соопшти дека истиот е уапсен и во целост го признал делото.
Двајцата напаѓачи, кои на први март, годинава, на автобуската станица „Рекорд“ со нож изболе седумнаесетгодишно момче, чиј живот висеше на конец, се осудени за кривично дело „насилство“. Едниот е упатен во воспитно-поправен дом, а на другиот му е изречена мерка „засилен надзор од страна на Центарот за социјални работи“, но тој незадоволен ја обжалил пресудата, дознава Нетпрес.
Скандалозната одлука на скопскиот Кривичен суд за НетПрес ја потврдија од Основното јавно обвинителство.
Скопјанецот 3.Т. (17) три пати бил прободен со нож во стомакот, а поради тешките повреди на црниот дроб и на другите органи животот му беше загрозен. Но, напаѓачите беа обвинети и осудени за кривично дело „насилство“. За истото дело се товарат и Б.Б. (20), С.Д. (21) и Ј.Љ. (19), кои пред две недели до смрт го претепаа младиот скопјанец Никола Саздовски-Саздо, кој веднаш по нападот падна во кома и никогаш не се разбуди.
Инаку, крвавиот напад на први март, годинава, се случил околу пладне на автобуската станица „Рекорд“, во центарот на Скопје. Малолетниот З.Т. бил нападнат од тројца насилници и тоа уште во автобусот број 57 на ЈСП, додека се враќал од училиште. За случајот на прес конференција информираше директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, и тоа дури три дена подоцна, кога полицијата ги привела Р.А. (18) од Скопје и К.Т. (18) од село Љубин, осомничени за нападот врз седумнесетгодишникот. Двајцата напаѓачите биле заедно заедно со Б.Н. (15) од Скопје. Тие, без никаков повод и причина во автобусот број 57 почнале кавга со З.Т., кој им се спротиставил. Кога се симнале од автобусот, насилниците физички го нападнале З.Т. и со нож го проболе неколку пати во стомакот.
Во предметот за кој покажувате интерес, Основното јавно обвинителство Скопје водеше постапка против две малолетни лица за сторено кривично дело Насилство од чл.386 ст.6 во врска со ст. 3 и 1 од Кривичниот законик. Основниот суд Скопје 1 Скопје на 03.05.2018 година донесе Решение со кое на лицето Б.Н. (роден 2002 година) му изрече воспитна мерка – упатување во воспитно-поправен дом, во траење од најмалку една, а најмногу пет години. Со истото решение, Судот на лицето Р.А. (роден 2000 година) му изрече мерка – засилен надзор од страна на Центарот за социјална работа, во траење не пократко од една и не подолго од три години. На ваквото решение, на 09.06.2018 година е поднесена жалба од страна на одбраната на осомничениот Б.Н. и жалбената постапка е во тек – се вели во информацијата на ОЈО, на барање на НетПрес.
Во целиот случај останува нејасно што всушност се случило со К.Т. Неговото име мистериозно исчезнува уште во истражните дејствија и воопшто не е опфатено во текот на судскиот процес, иако директорот на Бирото за јавна безбедност во МВР, Лазе Велковски, на прес конференција по крвавиот напад соопшти дека истиот бил уапсен и во целост го признал делото.
Инаку, и тројцата осомничени за нападот врз Никола Саздовски се товарат за истото дело – „насилство“ од чл.386 ст.6 во врска со ст. 3 и 1 од Кривичниот законик, што предивика револт во јавноста уште додека момчето беше живо. Од ОЈО велат дека по завршување на истрагата ќе биде познато дали ќе биде извршена преквалификација на делото и тројцата осомничени ќе бидат обвинети за убиство.




Дали оваа е најава каква ке биде и пресудата во случајот на Саздовски!!
(This post was last modified: 12-07-2018, 09:43 PM by ЈорданПетровски.)
12-07-2018, 09:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,366
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18



13-07-2018, 12:03 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,366
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Комити вечерва ќе дефилираат низ Скопје: Правда за Саздо!



[Image: SAZDOVSKI_7.png]


Понеделник 16.7.2018, плоштадот во Автокоманда, во 19.30 часот започнува протестниот марш во чест на Никола Саздовски – Саздо, стои во Фејсбук објавата на навивачката група Комити
Повикот за марш ви го пренесуваме интегрално:
Ве повикуваме сите Комити, сите добри луѓе, секој што се чувствува како Македонец, од секој дел на Македонија да дојде заедно со својата фамилија, со пријателите и во еден мирен и достоинствен марш да го дигнеме гласот против неправдата. Да им докажеме на “европејците” дека ние сме различни и сме поцивилизирани од “другите”.
Протестниот марш ќе се движи до Основното Јавно Обвинителство, каде што ќе се прочита известување до јавноста за неправдата, а маршот ќе заврши пред МВР, каде што симболично ќе запалиме свеќи во чест на нашиот брат.
Уште еднаш ве замолуваме на најдостоинствен и мирен начин да го изразиме нашето незадоволство за селективната правда и да се избориме за најстрога казна на сторителите на ова грозоморно дело.
ПРАВДА ЗА САЗДО !!!
16-07-2018, 01:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,366
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:Каде е третиот напаѓач на Саздовски?

[Image: sazdo-36jt8c4zh650d9fgwqu8e8.jpg]

Третиот напаѓач на 21-годишниот Никола Саздовски Саздо кој почина по брутално претепување од тројца врсници се уште не е зад решетки, иако министерот за внатрешни работи без многу детали тврди дека има сознанија за неговото скривалиште.
Спасовски постојано е на удар на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ која бара негова оставка поради тоа што сметаат дека убиството на Саздовски е само уште еден доказ за нарушената безбедност на граѓаните. Но министерот смета дека истрагите на полицијата се успешни и ги откриваат напаѓачите.
Саздовски беше претепан на 29-ти јуни, по десетина дена борба со живот почина од повреди на мозокот на клоиниката Карил. Надлежните органи, полицијата и обвинителството случајот го водат како насилство, иако јавноста и неговата навивачка група Комити очекуваа тројцата сторители да бидат гонети за убиство. Навивачите вечерва организираат протестен марш од Автокоманда каде беше нападнат и претепан Саздовски до МВР каде ќе бараат одговори за незавршената истрага.
Миомир Серафиновиќ



16-07-2018, 05:20 PM
Reply