Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ТАЉАТ ЏАФЕРИ СО НОВА ПРОВОКАЦИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,521
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Џафери: Законите само со мој потпис ќе бидат испратени до Службен весник


29.06.2018
Доколку претседателот Ѓорге Иванов по втор пат не го потпише Указот за договорот со Грција, овој закон заедно со законот за употреба на јазиците само со мој потпис ке биде испратен до Службен весник.






Ова вечерва за телевизијата 21 го изјаво претседателот на Собранието Талат Џафери.

Според Џафери,  на шефот на државата му станало пракса да, како што вели тој, го крши Уставот односно да се меша во работата на законодавната власт.
Тој откри дека дека неколку пати се обидел да оствари средба со шефот на држават, но никогаш не добил повратен одговор.
Џафери додаде дека постапката за импичмент за претседателот Иванов може да поведе секој граѓанин.
– Пропишани се соодветни процедури за сите носители на јавни фукнции кои не постапуваат согласно законите и процедурите. Сметам дека секој граѓанин може да поведе постапка за било кого. Не го делам мислењето со Иванов дека не бил инофрмиран за процесот на преговарање со Грција, зашто сите државни функционери бевме информирани, според процедурите. Тврдењето дека Грција ги постигнала своите максималистички барања е само фарса на оправдување за тоа што не постапи според пропишаното слово – вели Џафери.


Председателот Иванов не го крши Уставот.
01-07-2018, 09:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,521
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Кривична одговорност и драконски казни за Костовски и Џафери, доколку договорот со Грција се објави без потпис на Иванов

[Image: Dzaferi-Kostovski-Ivanov-696x371.jpg]


Соочен со кривична одговорност, директорот на службен весник, Мартин Костовски, не донел конечна одлука – дали ќе ги објави Законот за договорот за името и Законот за употреба на јазиците без потпис на Претседателот на државата, ако ги добие овие акти за објавување само со потпис на Претседателот на Собранието, Талат Џафери.

01,07.2018

Правните експерти се согласни дека без потпис од претседателот Иванов договор нема, а доколку договорот со Грција се објави без потпис на Иванов, следува кривична одговорност за Костовски и за претседателот на Собранието Талат Џафери, како и драконски казни. Џафери дури и да стави потпис наместо претседателот Ѓорге Иванов, тоа нема да биде валидно бидејќи собранискиот спикер не може да го заменува шефот на државата во услови кога тој во целост ја извршува својата функција.
Ваквиот заклучок произлегува од веќе воспоставените преседани кога Уставниот суд ваквата постапка ја оценил како противуставна. На ова упатува одлуката на Уставниот суд од 1998 кога имало ваков обид од страна на Тито Петковски по повод законот за знамиња на националностите.
Петковски тогаш се потпишал на указот на местото на претседателот Киро Глигоров кој бил на службено патување, а по ова Законот за знамиња бил објавен во службен весник со два потписа од тогашниот собраниски спикер Тито Петковски. Година дена подоцна Уставниот суд одлучил дека ваквото законот е неуставен, а уште побитно како неуставна ја оценил и постапката на Петковски за потпишување на указот.
Уставниот суд тогаш во образложението истакнал дека, указот е потпишана од Претседателот на Собранието во својство на претседател на државата иако на претседателот на Републиката не му престанала функцијата, ниту бил спречен да ја врши’’.
Во овој случај уставните судии се повикувале на Членот 92 од Уставот каде што е дефинирано кога собранискиот спикер ја врши функцијата на претседател на државата. Во овој член се утврдени три ситуации кога Претседателот на Собранието е овластен да го заменува:
Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост или престанок на мандатот на Претседателот по сила на Уставот до избор на нов шеф на државата.
Настапилe услови за престанок на функцијата претседател што го утврдува Уставниот суд по службена должност.
Во случај на спреченост на претседателот на Републиката да ја врши функцијата.

Експертите согласни: Без потпис од претседателот, нема закон

Професорот по право на Штипскиот Универзитет и воедно член на президиумот на Левица, Димитар Апасиев вели дека македонскиот Устав единствено му дава право на претседателот да преговара, договара и склучува меѓународни договори, а не на владата.
-Впрочем македонскиот уставен систем предвидува, стручно да се изразам, бицефална извршна власт. Тоа значи дека ние немаме само претседател и само премиер. Туку имаме и претседател и премиер. Премиерот го избира собранието, претседателот на државата како шеф на државата, на Републиката го избираат граѓаните. И од тука Уставот му ги дава нему ингеренциите да преговара договара и да склучува меѓународно договори. Не на владата, никако на владата. Значи само во одредени ресорски технички работи, образование, култура како што ги наведува, вели тој.
Тој вели дека советниците, Заев и министерот за надворешни работи, поради нивното слабо познавање на правото го забораваат дека немаат правна основа да склучуваат вакви договори. Станува збор за Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори. Според Член 3 од овој закон вели Апасиев, меѓународните договори, во име на Републиката ги склучува Претседателот на Република Македонија, а не премиерот.
-Сите го забораваат тоа, особено советниците овие кој ги споменувате на премиерот. Сите тие бидејќи се слаби во своите капацитети правни, бидејќи забораваат еден закон донесен во време на Киро Глигоров и претседател на Собрание бил Тито Петковски. Тоа е указ за прогласување на Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори. Според овој закон во Член 3, меѓународните договори, во име на Републиката ги склучува Претседателот на Република Македонија. Не премиерот, претседателот. Така што јас верувам дека за разлика од Законот за јазици, претседателот беше само пропратна фигура во процедурата кој има право на вето, суспензивно или џебно. Тука претседателот е примус, премиерот е секундус, ме разбирате. Значи претседателот е главниот играч. Не можете вие само да го брифирате, тој ги води потезите, од тука јас не верувам дека претседателот ќе потпише таков договор, заклучи Апасиев.

Без потпис од претседателот законот не може да стапи на сила

Професорката и експерт за Уставно право, Гордана Силјановска, во неодамна во нејзино гостување во емисијата „Ноќно студио“ на Телма, говореше за законот за двојазичност, неговата содржина и начинот на негово носење во Собранието на Република Македонија.
Силјановска децидно истакна дека законот не може да стапи на сила само со потпис на претседателот на Собранието, туку со врзан потпис од претседателот на државата. Односно за законот да стапи во сила потребно е тој да биде потпишан како од претседателот на Собранието, така и од претседателот на државата. Без потпис од претседателот на државата, тој нема да може да стапи во сила.
-Законот е само изгласан. Законот е закон, тогаш кога со указот ќе ги има двата потписа, бидејќи ветото значи “не дозволувам овој закон да произнесе правно дејство“, рече Силјановска.

Костовски и Џафери соочени со кривична одговорност и драконски казни

Директорот на службен весник, Мартин Костовски, не донел конечна одлука- дали ќе ги објави Законот за договорот за името и Законот за употреба на јазиците без потпис на Претседателот на државата, ако ги добие овие акти за објавување само со потпис на Претседателот на Собранието, Талат Џафери. Сепак, Костовски за АЛСАТ-М вели дека таквото сценарио е речиси извесно, доколку Иванов одлучи да не го потпишува указот за прогласување на законот за договорот со Грција иако тој во два наврати поминал во парламентот.
-Ќе се водам по сите позитивни правни прописи во Република Македонија, но притоа Јавното претпријатие Службен Весник како институција воопшто нема да биде пречка за напредните и прогресивни процеси во кои тргнува Република Македонија, вели директорот Костовски.
Одговорот на Костовски е само ден по изјавата на Талат Џафери дека ако Иванов не ги потпише двата закона, тогаш тој само со негов потпис ќе ги достави до Службен весник за објавување. Ставот сугерира дека за прашањето има начелен договор меѓу коалициските партнери. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пак уште вчера најави покренување кривични постапки доколку законите се објават без потпишан указ од шефот на државата,
-Гледаме како Талат Џафери со неподнослива леснотија вели ќе го објавел договорот со Грција и договорот за двојазичност без потпис од претседателот што предупредувам, претставува ново кривично дело чија одговорност брзо не застарува. Ќе дојде ден доколку се случи таков чекор, одговорноста за ова и многу други работи да биде покрената, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
Експертите во повеќе наврати коментираа дека според Уставот на Република Македонија, законите се прогласуваат со указ, кој го потпишуваат претседателот на Републиката и претседателот на Собранието. Тоа значи дека евентуалното објавување без потпис од Иванов ќе значи повреда на Уставот.
Според правните експерти, доколку Костовски и Џафери на своја рака се обидат спротивно на Уставот да ги протуркаат двата закони, тогаш ќе се соочат со кривична одгооврност за злоупотреба на службена положба и овластувања, како и несовено вршење на служба.
Според универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска, Уставниот суд е тој кој одлучува дали одреден закон е или не е во согласност со Уставот на РМ.
-Таа обврска ја има Уставниот суд на РМ, која ќе дојде на ред ако законот стапи на сила, односно ако го објават во „Службен весник” без потпис на претседателот на Републиката, што е законска основа за уште една кривична пријава до директорот на „Службен весник“ ако се одлучи да го објави законот без потпис на претседателот на Републиката, вели универзитетската професорка.

Извор: kurir.mk
01-07-2018, 09:20 PM
Reply