Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СДССМ ГО СРУШИ ПРЕДСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ЗА ДА ВОВЕДЕ ДИКТАТУРА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,366
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Психијатриски конзилиум ќе ја утврдува деловната способност на Иванов?

Импичмент Како што во моментов стојат работите, единствено што може да се стори е да се даде Иванов на психијатриско набљудување и конзилиумот да утврди дека лицето е опасно за себе и за околината, како и да потврди дека поради таа причина треба да му се одземе деловната способност, објаснуваат политичките аналитичари.


[Image: Gjorge-Ivanov-696x365.jpg]


28.06,2018
По одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го потпишува Законот за ратификација на Договорот со Грција за името, парламентот ќе треба да го врати истиот закон на второ гласање. Засега не се знае кога тој ќе биде повторно ставен на дневен ред, но Деловникот на Собранието предвидува дека тоа треба да се случи уште на првата собраниска седница. Дали овој закон ќе ја доживее судбината на Законот за употреба на јазиците, кој и по второто гласање не го доби потребниот претседателски потпис иако Иванов беше уставно должен да го потпише, политичките аналитичари се оптимисти и објаснуваат дека овој пат постои реална можност да се заврши работата, а како што велат, Иванов би можел да заработи кривична одговорност поради одолговлекување на законот и кршење на Уставот.
Некои од експертите, пак, велат дека може да се случи шефот на државата сепак на крајот да попушти и да го потпише законот, па ако се сомнева во неговата уставност, тогаш може во секое време да иницира постапка за оценување во Уставниот суд.
Доколку, пак, шефот на државата остане цврсто на ставот да не го потпише указот и по второто гласање, објаснуваат аналитичарите, тогаш крајно сценарио би било да се констатира спреченост на претседателот и наместо него да се потпише претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Таквиот начин на делување не би претставувал ништо ново за македонската политичка историја, оти како што потсетуваат експертите, на 9 октомври 1995 година поранешниот собраниски спикер Стојан Андов го потпишал указот за Законот за ратификација на привремената спогодба меѓу Македонија и Грција, а како што велат, Андов тоа го сторил во име на тогашниот претседател Киро Глигоров, кој шест дена пред тоа доживеал атентат.
Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, тврди дека постои можност да се отвори постапка за толкување на Уставот во насока на тоа да се утврди дали претседателот Ѓорге Иванов е спречен или одбива да го потпише законот за името.
Имаме ситуација во која Уставот и законите укажуваат на евентуално спречување на претседателот, но во дадениот случај, на прашањето дали навистина станува збор за спреченост или се работи за спреченост преку одбивање, треба да се одговори со тоа што ќе се протолкува Уставот. Важно е тоа што Иванов не го почитува Уставот, туку напротив, го прекршува. Исто така, шефот на државата спречува извршување, односно остварување на законодавната функција и тој веќе вторпат интервенира во законодавната власт. Сето ова значи дека претседателот ја спречува процедурата, па доколку спречува, тогаш постојат многу едноставни решенија за тој проблем. И покрај тоа што неговото спречување е во друга насока, сепак мислам дека потребно е да се примени едно пошироко толкување на Уставот и да се утврдат позициите – објаснува Николовска.
Политичкиот аналитичар Андреја Стојковски, пак, објаснува дека за да се прогласи спреченост на претседателот, прво треба да бидат исполнети многу услови.
– Таква спреченост беше прогласена во 1995 година кога спикерот Стојан Андов потпиша документ во име на тогашниот претседател Киро Глигоров, но тогаш стануваше збор за многу посериозна причина. Како што во моментов стојат работите, единствено што ние можеме да сториме е да го дадеме Иванов на психијатриско набљудување и конзилиумот да утврди дека лицето е опасно за себе и за околината, како и да потврди дека поради таа причина треба да му се одземе деловната способност. Тоа ќе подразбира импичмент, односно постапка што треба да ја утврди и самиот Уставен суд со двотретинско мнозинство. Лично не гледам причина зошто би се водела таа постапка, бидејќи сето тоа може да се заврши вонпарнично како за секој обичен граѓанин на Македонија. Уште една опција што може да се земе предвид е да се стави прашањето за импичментот во истиот референдум за името. Едноставно, освен прашањето за промена на државното име, можеби добро би било на референдумот да се додаде и прашањето дали Собранието да поведе постапка за импичмент на претседателот – објаснува Стојковски.


Извор: Слободен печат
(This post was last modified: 28-06-2018, 09:23 PM by ЈорданПетровски.)
28-06-2018, 09:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,366
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote: [Image: SDSM_Web_default_flag.png]
Иванов е должен да одговори пред граѓаните за што ги троши нивните пари
28.06.2018


Соопштение за јавност

Наместо да се крие зад соопштенија Иванов треба пред граѓаните да одговори за што ги троши нивните пари.
Зошто Иванов има потреба нешто да прикрива од оние што го плаќаат, од граѓаните?
Граѓаните заслужуваат да имаат увид во трошењето на нивните пари од страна на избрани и именувани функционери.
Одбивањето на Алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење преку која граѓаните во секој момент ги имаат на увид информациите и податоците за трошењето на нивните пари е уште еден доказ дека Иванов не ги почитува граѓаните.
За ова неодговороно однесување на Иванов граѓаните сами ќе ценат.
Јасно е, целокупното делување на Ѓорге Иванов е во спротивност на интересите на граѓаните и државата.
 
Скопје, 28.06.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА



Quote:Реакција од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија на соопштението на СДСМ


[Image: KabinetPRM.jpg]

Ја информираме јавноста дека во Република Македонија постојат механизми за проверка на финансиското работење на државните институции.

Претседателот Иванов до сега ги почитувал и во целост ги исполнувал пропишаните законски регулативи.

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија и понатаму, како и досега, ќе продолжи со транспарентно и отчетно раководење со доверениот буџет, што го потврдуваат и ревизорските извештаи за работењето на Кабинетот на Претседателот спроведени од страна на Државниот завод за ревизија.

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија нема законска обврска да прифаќа дополнителни „алатки".

За нас е нејасно на кој начин може г. Роберт Поповски, министер без ресор, да наложува и бара од институцијата Кабинет на Претседател на Република Македонија да прифати вакви мерки, за кои веќе постојат механизми во Република Македонија, освен ако не се работи за популизам, што за Кабинетот на Претседателот е неприфатливо. Сметаме дека сè што треба да се направи е да се почитуваат и спроведуваат постоечките прописи.

Во контекст на ова, говори и извештајот на Центарот за економски анализи http://cea.org.mk/wp-content/uploads/201...-FINAL.pdf каде се посочува дека "софтверската алатка не функционира и нема никакви податоци после 2017 година, со што индикативно е дека фискалната транспарентност е под ризик и дека е сфатена палијативно и кампањски, а не како трајна определба како ефикасна алатка кон поголема отчетност од именуваните и избраните функционери".

Од друга страна, јасно и очекувано е дека политичката партија СДСМ преку вакви манипулации се обидува да изврши притисок врз претседателот Иванов, поради неговите политики и цврсти ставови во одбрана на достоинството на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, а во врска со непотпишувањето на Указот за прогласување на Законот за ратификација на Спогодбата со Грција.

„Мојот став е конечен и нема да ме поколебаат со никакви притисоци, уцени и закани. Нема да поддржам и потпишам ваков штетен текст на договор", изјави претседателот Иванов на 13 јуни 2018 година во обраќање до нацијата.
Реакција од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија на соопштението на СДСМ
Четврток, 28 Јуни 2018   
28-06-2018, 09:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,366
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Прес конференција,
Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ
Скопје, 28.06.2018

Почитувани,
Додека Македонија граби напред кон евро-атланските интеграции, со успешна надворешна политика, Ѓорге Иванов го кочи професионалниот развој на дипломатската мрежа.
Поради несериозно и неодговорно однесување на Ѓорге Иванов 20 македонски амбасади ширум светот се без амбасадори.
Лондон, Брисел, Рим, Прага, Стокхолм, постојаните мисии при ОБСЕ во Њујорк, Женева и Виена се само дел од дипломатско-конзуларните претставништва што немаат амабасадори.
Оваа евидентна блокада на назначувањата на амбасадорите е уште една потврда дека Иванов работи спротивно на интересите на граѓаните и нанесува штета на државата.
Очигледно, Иванов дејствува само кога треба да легализира децениски криминал, да аболицира криминалци, да ги блокира реформите што се во интерес на граѓаните и државата, да ја блокира македонската иднина.
За само една година Македонија успеа да направи квантен скок. Од „заробена држава„ со вистински политики на владата предводена од СДСМ, заедно со граѓаните, успеавме да се вратиме на вистинскиот пат, на евро-атланскиот пат на иднината.
Одлуката на ЕУ, Македонија да започне преговори за полноправно членство во 2019 година е потврда за тоа.
Оттука, особено е индикативно дека Иванов ја кочи дипломтаската мрежа во клучните моменти, кога се прават вистински чекори за целосно интегрирање на Македонија во НАТО и ЕУ.
Ѓорѓе Иванов мора да престане да го блокира процесот на назначување амбасадори и тоа веднаш. Угледот на државата и ефикасноста на македонската дипломатија недозволиво е да трпат штети поради неговото деструктивно однесување.




Quote:Реакција од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија на изјавата на г. Костадин Костадинов, пратеник на СДСМ

[Image: KabinetPRM.jpg]

Тврдењето на г. Костадин Костадинов, пратеник на СДСМ, дека претседателот Иванов ги блокира назначувањата на амбасадорите на Република Македонија е голема лага и манипулација, со цел дефокусирање на јавноста и обид за вршење притисок врз македонскиот претседател, поради неговиот став за Законот за ратификација на Спогодбата со Грција.

Доколку политичката партија СДСМ има забелешки за постапката и процедурите за именување на амбасадори, ја упатуваме на одговори во Кабинетот на министерот за надворешни работи.

Ја информираме јавноста дека за сите предлог-кандидати за амбасадори, за кои претходно е постигната согласност со Министерството за надворешни работи, постапките за нивно именување се во тек. Согласно законските процедури, за дел од прифатените и усогласени предлози, постапките за нивно именување се завршени и дипломатите се веќе упатени на извршување на амбасадорската должност.

За изјавата на г. Костадинов дека „претседателот Иванов дејствува само кога треба да аболицира криминалци", потсетуваме дека на таа листа на помилувани се наоѓа и г. Зоран Заев, кој е помилуван два пати, а претходно и аболициран од поранешниот претседател Црвенковски. Оттука, благодариме на искреноста на политичката партија СДСМ што својот лидер го третира како криминалец.

За нас е нејасно, како може политичката партија СДСМ во денешните три јавни настапи со обвинувања кон претседателот Иванов, ниту еднаш да го напише или спомене уставното име на нашата држава, Република Македонија.

Соопштение - http://sdsm.org.mk/News.aspx?idNews=15566&lng=1
Прес конференција - http://sdsm.org.mk/News.aspx?idNews=15567&lng=1
Од друга страна, јасно и очекувано е дека политичката партија СДСМ преку вакви манипулации се обидува да изврши притисок врз претседателот Иванов, поради неговите политики и цврсти ставови во одбрана на достоинството на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, а во врска со непотпишувањето на Указот за прогласување на Законот за ратификација на Спогодбата со Грција.


Четврток, 28 Јуни 2018  
28-06-2018, 09:32 PM
Reply