Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НИШТО ОД ЧИСТАТА И БЕЗУСЛОВНА ПРЕПОРАКА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,212
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Македонија доби условен датум за преговори со ЕУ во јуни 2019


[Image: Sovet-na-Evropa.jpg]

Се отвора патот за старт на преговори со Европската унија во јуни 2019 доколку Македонија го одржи реформскиот напредок особено во делот на итните реформски приоритети, одлучи денеска Советот на министри на ЕУ по долгата дебата за проширување, на која се разгледуваа препораките за преговори за Македонија и Албанија.
Советот на министри очекува следната година Европската Комисија да издаде извештај во кој фокусот треба да биде ставен врз реформата на јавната администрација, борбата против корупцијата, судските реформи и реформата на разузнавачките служби. Во јуни 2019, доколку е задржан реформскиот момент во Македонија, многу брзо потоа ќе се свика првата меѓувладина конференција на која фактички ќе започнат преговорите.
Во меѓувреме Европската Комисија изрази желба да започне со подготовките за преговори, нешто што Советот на ЕУ го прифаќа.
Еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека „од утре“ Комисијата ќе започне со процесот на скрининг во областа на владеењето на правото. Скринингот е технички процес во кој се оценува капацитетот на државата кандидат за отворање на одредено поглавје. Поглавјето за владеењето на правото мора прво да се отвори и последно да се затвори за да се обезбеди дека реформите во оваа област се трајни и одржливи.
Франција и Холандија одбиваа секаков датум за преговори за Македонија, бидејќи сметаат дека реформскиот напредок е премногу свеж и сѐ уште не дал трајни резултати.
По напорни дискусии со другите земји членки пронајден е компромис сепак да биде внесен датум, но под гореспоменатите услови.
Слично условување доби и Албанија, која исто така би можела да ги започне преговорите пред крајот на 2019.

+ИНФО
27-06-2018, 03:16 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,212
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Јордан Петровски: Не влевајте лажен оптимизам за ЕУ


June 27, 2018

[Image: Screenshot_20180627-031053.jpg?resize=696%2C496]
Најпознатиот жив македонски дисидент Јордан Петровски кој живее во Канада вели дека е некоректно луѓето блиски на власта да влеваат лажен оптимизам за условниот датум за преговори со ЕУ.
Тој наведува дека за да започнат преговори треба да се исполнат ЧЕТИРИ услови!
-Рреформата на јавната администрација.
-Борбата против корупцијата.
-Судските реформи.
-Реформата на разузнавачките слжби.
Според Петровски ЕУ не бара напишани и усвоени во собранието закони па тоа да го прифати како реформи.
“ЕУ бара ОТПУШТАЊЕ во администрацијата!! ЕУ бара Ахмети и дружината да добијат обвиненија. ЕУ бара и Вицето да добие обвинение. ЕУ бара Кацарска да нема ф6нкција во судството!! ЕУ бара да да се укине УДБА а УДБа неможе да се укине со Горан Николовски како директор!!”, смета Петровски според кого ниедна реформа од бараните не може да спроведе владата на Заев.

ЕКСПРЕС.МК
27-06-2018, 03:18 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,212
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Што сѐ бара ЕУ за да почнеме преговори во 2019?

Спроведување на Договорот со Грција, продолжување со реформите, пресуди и одговорност за криминалите од „бомбите“ и за упадот во Собранието..., се дел од очекувањата на ЕУ, кои се изнесени во заклучокот на Советот кој вчера ни даде условен датум за преговори.

[Image: zaev-mogerini-1.jpg]

На вкупно 27 страници Советот на Европската Унија ги објави заклучоците по вчерашниот состанок, а на три од нив е испишан заклучокот кој се однесува на Македонија. Земјава доби датум за преговори – јуни 2019, но до тогаш ЕУ нагласува дека очекува да продолжи реформскиот пулс во државата и да има опипливи резултати.
Во осум точки Советот ја дава оценката за разни сектори одделно, а во последната наведува дека согласно напредокот, пред сѐ, спроведувањето на Пржинскиот договор, Планот за итни реформи и Договорот со Грција, се согласува да одговори позитивно на напредокот и „да го постави патот кон отворање на пристапните преговори во јуни 2019 година“.
Сепак, и овде уште еднаш Советот ги нагласува резултатите кои ги очекува до тогаш, а тоа се: реформи во судството, истраги, обвиненија и правосилни пресуди за корупција и организиран криминал, вклучително и оние на високо ниво; реформи на разузнавачките и безбедносните служби; реформа на јавната администрација.
Во зависност од постигнатите резултати првата меѓувладина конференција, порачува официјален Брисел, треба да се одржи до крајот на 2019, а до тогаш Советот ја повика Европската комисија да ги следи реформите и да даде оценка во годишниот извештај, како и да почне со подготовките за отворање на преговорите.
Во заклучокот, преовладува признавањето и поздравувањето на направените реформи, конкретни критики нема, но се нагласува дека мора да продолжат започнатите реформи. Меѓу другото, ЕУ очекува да расчистиме со криминалот од „бомбите“, политичките партии да имаат култура на компромис и дијалог, да не се караме со соседите како порано, да се справиме со невработеноста на младите и жените…
Во продолжение ги пренесуваме интегрално точките од заклучокот на Советот на ЕУ.
  • Советот го поздравува тоа што земјата ја надмина длабоката политичка криза, континуираното спроведување на Пржинскиот договор и значителниот напредок во спроведувањето на итните реформи. Советот го поздравува и тоа што од мај 2017 година, дури и во тежок политички контекст, новата Влада направи важни чекори да се врати културата на компромис со тоа што ќе бидат опфатени сите засегнати страни, вклучително и опозицијата, со цел да се зајакнат демократијата и владеењето на правото, државата да покаже вистинска волја за реформи и да се однесува со своите соседи во духот на добрососедството.
  • Предвремените парламентарни избори кои беа дел од Пржинскиот договор, се одржаа на 11 декември 2016, а локалните во октомври 2017 година. Советот ја зема предвид оценката на ОБСЕ/ОДИХР дека изборите биле конкурентни и се почитувале основните права и слободи што придонесе за спроведување на демократски избори. Нотираме дека е направен напредот врз основа на препораките од ОБСЕ/ОДИХР и во однос на враќањето на довербата на граѓаните во изборните процеси.
  • Советот на ЕУ го поздравува првиот конкретен напредок за независно судство, подобрувањето на работата на судовите и работата на СЈО, со што започна да се надоместува уназадувањето од претходните години. Советот потсетува на важноста да се продолжи во барањето одговорност за незаконските активности кои произлегуваат од прислушувањето објавено 2015 година, како и на тоа дека треба да се утврди одговорноста за нападот во Собранието на 27 април 2017. Советот охрабрува да се спроведе Стратегијата за реформи во правосудството, да се спроведат препораките и да се постигнат опипливи резултати со цел независно функционирање на судскиот систем.
  • Советот забележува напредок во реформската агенда и ги охрабрува сите партии да имаат континуиран дијалог и да ги продлабочат сегашните реформи, пред сѐ, во клучните области од владеењето на правото, како што се: борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформата на судството, борбата против радикализмот и тероризмот и реформи во разузнавачките служби. Советот ги нагласува и важноста на јавната администрација која треба да биде деполитизирана и врз заслужна основа, изборните реформи, слободата на медиумите и зајакнувањето на надзорот над извршната власт. Тука се потенцира важноста од ефикасно спроведување на тековните и планираните реформи.
  • Советот ја поздравува конструктивната улога на граѓанскиот сектор во демократската трансформација, значителното подобрување на условите во кои тој дејствува и тоа што владата е посветена на инклузивноста и на вистинскиот дијалог со граѓанското општество.
  • Советот го поздравува забележителното подобрување на рамката за управување со јавни финансии и транспарентноста. Исто така, ја повикува земјата да ги реши клучните предизвици во согласност со заедничките заклучоци на економскиот и финансискиот дијалог помеѓу ЕУ, Западен Балкан и Турција, како што се сивата економија и корупцијата, да се справи со недостигот на ефикасно спроведување на законот и нетранспарентната регулаторна рамка, да се справи со високата невработеност кај младите и жените и со модернизацијата на образовниот систем на сите нивоа.
  • Советот ја поздравува зголемената усогласеност на политиките на земјата со надворешната и безбедносната политика на ЕУ и ја охрабрува да го подобри усогласувањето.
  • Како што пишуваше во претходните заклучоци на Европската комисија и на Советот, од суштинско значење е да се одржат добрососедските односи, вклучувајќи го тука и договореното решение за името под покровителство на Обединетите нации. Советот го поздравува потпишувањето на договорот за името со Грција и се надева дека истиот ќе биде ратификуван и спроведен. Исто така, го поздравува и Договорот за добрососедство со Бугарија и ја нагласува важноста од негово континуирано спроведување. Овие два големи чекора кои се направени треба да значат и ефективен крај на какви било тврдења кои се изнесуваат врз основа на погрешно толкување на историјата.
ПЛУСИНФО




Героски ги вклучи машините за перење мозок на суперсонична брзина а според материјалот од кој се направени брзо ке изгорат.
Го читам текстот од некое гревче по име Александар Самарџиски и си велам додека има вакви во медиумите ЕУ само ке троши хартија повторувајке едно те исто!! Промена на КОМУНИСТИЧКИОТ ТОТАЛИТАРЕН СИСТЕМ!! 
Гревчево Самарџиски во текстот наредил се сами успеси на владата на Севрна Македонја а ДАТУМ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ НЕМА. Условот кој треба да се исполни го стуткал во една реченица, ко небаре обрска која ја дала ЕУ за почеток на преговорите е Заев возејки го неговиот мотор да извози една тура од Скопје до Струмица.
Да му помогнам на гревчево Самариски за да се свести во кои кучини се заплеткува ке објаснам што прескокна, свесно или не, тој си знае!!! УСЛОВ за Заев и неговата дружина е услов кој бара Заев да ги „убие“ оние кои го донесоа на власт и оние кои сега со лаги ги оправдуваат сите негови потези!! Значи екипата на Заев е составена од луѓе кои ЕУ бара да бидат предмент на реформите , а тоа пак значи ГОЛЕМ ДЕЛ да бидат СУДЕНИ, поесебно министрите на МВР, раководителите и вработените во СДБ/УБК на чело со СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО ПЕТАТА УПРАВА И 99% од судиите. Дел и тоа поголем да бидат отпуштени од работа кога се работи за реформа на администрацијата. Изведувањето пред лице на правдата на луѓето од, МВР, УБК и судството задолжително ке значи пензионирање на 95% од професорскиот кадара на правните факултети а сето тоа неможе да помине без да бидат судени општествено ПОЛИТИЧКИТЕ работници во Медиумите!!
(This post was last modified: 27-06-2018, 12:16 PM by ЈорданПетровски.)
27-06-2018, 11:38 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,212
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Хан за преговорите со ЕУ: Попусто е Северна без реформи



[Image: Screenshot_20190114-204331_Samsung-Inter...C385&ssl=1]

14.01.2019
Комесарот за проширување во Европската Комисија Јоханес Хан во интервју за МИА вели дека одлуката за старт на преговори на Македонија сѐ уште не е гарантирана додека не се испорачаат клучните реформи побарани од страна на ЕУ минатиот јуни, посебно реформата на разузнавачките служби, борбата против корупцијата и реформата на судството.
Доколку Македонија не потфрли во делот на реформите, Хан верува дека земјите членки ќе го оддадат должното признание за спорот за името во форма на датум за преговори.
„Се надевам и речиси сум убеден дека ќе имаме ситуација каде сите земји членки ќе го испочитуваат овој успех. Затоа што станува збор за решавање на 27-годишен  спор и нема многу слични случаи во целиот свет каде вака долги спорови биле решени на ваков начин, со почит за интересите на двете страни. Имаме уште еден случај, а тоа е мировниот договор меѓу Еритреја и Етиопија. Но, овој конфликт траеше уште подолго, речиси три декади. Така што сигурен сум дека нашите земји членки ќе го препознаат овој историски успех ако е придружен од реформски напори“, истакнува Хан.
Судејќи по сериозната реформска посветеност на Владата, Хан вели дека е уверен оти земјите членки ќе го препознаат добриот напредок направен. „Како што секогаш велам: ако нашите земји партнери исполнат и ЕУ треба да исполни, дотолку повеќе што интеграцијата на Западниот Балкан е од интерес на ЕУ“, рече Хан.
Тој се надева дека последните случувања во Грција нема негативно да се одразат врз Преспанскиот договор, и е силно уверен дека тој ќе помине од грчка страна.
„Одлуката што треба да ја донесе грчкиот Парламент неделава, се разбира, е суверена одлука. Но се надевам и верувам дека последниот чекор во решавањето на овој долг спор може да биде направен бидејќи толку многу напори веќе беа инвестирани. Притоа, овој договор е од бенефит за целиот регион, вклучително и соседните ЕУ земји членки и се разбира, пред сѐ, Грција“, нагласува тој.
Одлуката за предвремени избори, како што посочува Хан, е суверена, но негов „скромен совет“, како што додава е „воздржување од сите други идеи“.
Тој не се согласува со ставот на одредени луѓе дека сега е добар момент за предвремени избори,  затоа што, како што посочува „нема многу време до следниот извештај на Европската Комисија“.
„Земјата треба да го искористи овој многу позитивен момент создаден од Преспанскиот договор затоа што нашата цел е да се добие одлуката на лето и навистина да се отворат првите поглавја до крајот на годината. И ова може да се постигне само ако сите навистина се ангажирани да го направат потребниот напредок. Сега кога прашањето за името е на добар пат да биде решено благодарение на одлучноста на лидерите и одговорното однесување на пратениците кои гласаа за договорот,  напорите треба да се фокусираат на реформите посебно во владеењето на правото“, вели Хан во интервјуто за МИА.
Според него, ова не само што ќе ги убеди земјите членки, туку е и во интерес на граѓаните кои имаат потреба да видат конкретни бенефити сега.
„Очекувам од сите политички сили сега, вклучително и најголемата опозициска партија да го поддржат овој процес“, подвлекува Хан.
14-01-2019, 10:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,212
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor


2018 Country Reports on Human Rights Practices


Report

March 13, 2019

This is the basic text view. SWITCH NOW to the new, more interactive format.
   


EXECUTIVE SUMMARY
The Republic of North Macedonia is a parliamentary democracy. A popularly elected president is head of state and commander in chief of the armed forces. The unicameral parliament exercises legislative authority. Parliamentary elections were last held in 2016 and presidential elections in 2014. In its final report on the parliamentary elections, the Organization for Security and Cooperation in Europe’s Office for Democratic Institutions and Human Rights (OSCE/ODIHR) observed that the elections were transparent, well administered, and orderly but took place “in an environment characterized by a lack of public trust in institutions and the political establishment” and failed to meet some important OSCE commitments for a democratic electoral process. The OSCE/ODIHR’s final report on the 2014 presidential elections noted the elections respected citizens’ fundamental freedoms, but that there was inadequate separation between party and state activities.
Civilian authorities maintained effective control over the security forces.
Human rights issues included high-level corruption.
The government also took steps to investigate, prosecute, and punish officials who committed abuses.

NORTH MACEDONIA 2018 HUMAN RIGHTS REPORTEXECUTIVE SUMMARY
Yesterday, 01:31 AM
Reply