Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ТАЉАТ ЏАФЕРИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,521
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе кривичната пријава против Џафери за кршењето на процедурите при носење на законот за двојазичност


[Image: sobranie-izbor-vlada-zoran-zaev-sdsm-2_0...k=ygzExheH]

19.06.2018

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Талат Џафери, претседателот на Собранието на Република Македонија до Основното Јавно Обвинителство – Скопје, за прекршување  на Уставот, Законот за Собрание и Деловникот за работа на Собранието, заради неуставното и неззаконското донесување на законот за двојазичност во Собранието. Џафери директно сторил кривично дело согласно член 353 и  392 од КЗ.
Имено Џефери извршил кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување со што му се заканува казна затвор од најмалку 5 години, според чл. 353  ст.5 од КЗ.
Џафери го попречил уставно загарантираното право на пратениците да расправаат по веќе поднесени амандмани поднесени по забелешки на претседателот на државата и дозволил без расправа гласање на законот за двојазичност.
 Во текот на целата постапка на гласање на законот извршени се неколкукратни законски прекршувања. Уште при самото ставање на законот во Собрание и ставање на негово читање во Законодавно – правната комисија е прекршена процедурата неговото читање да биде 3 дена, па наместо со Деловник утврдениот рок, читањето пред матичната комисија е извршено за не цел ден, со што се прекршени членовите 139 и 140 од Делевникот за работа на Собранието.
За време на второто читање на законот во Комисијата за европски прашања, од страна на Еврокомесарот Хан беше укажано дека законот за двојазичност не е приоритетен за добивање на позитивна препорака од ЕУ, уследија критики од стручната јавност и од претставници на дипломатскиот кор, но ништо не ја спречи власта во кршењето на законите.
Продолжението на второто читање се одржа на 11 декември, при што биле изнесени 90 амандмани од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 84, од СДСМ 4 и од БЕСА 2 амандмани. На седницата не бил ставен на гласање ниту еден амандман.
Законот за двојазичност беше изгласан на 11 јануари 2018 година, со 66 гласа ЗА. На 17 јануари 2018 година, Претседателот на државата упати писмо до Собранието на Република Македонија во кое се вели дека нема да го потпише законот за  двојазичност, детално образложувајќи ја својата одлука, која се базира врз уставните повреди со поголемиот дел од членовите од законот. Врз основа на укажувањата на Претседателот на државата опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандмани со цел доведувањена законскиот текст во согласност со Уставот.
ВМРО-ДПМНЕ бараше согласно сите поднесени амандмани да бидата разгледани. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев пред ставање на законот на трето читање во Собранието истакна дека имаат поднесено барање до архивата на Собранието сите поднесени амандмани да бидат разгледани согласно согласно членот 173 став 3 и член 164 од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија.
Второто барање било да заседава Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања да даде свое мислење во однос на прекршувањата на Деловникот за работа на Собранието, спротивно на барањата на ВМРО-ДПМНЕ и процедурите законот бил ставен на гласање без расправа и без разгледување на амандманите, а исто така не им биле дозволени ни процедурални забелешки на пратениците. Со ваквите дејствија Талат  Џафери, како претседател на Собранието директно го повредил чл.67 од Уставот кој укажува на должноста и обврската на претседателот на Сообранието да се грижи за уставноста и законитоста на работата на сообранието и законито спроведување на деловникот како акт за работа на сообранието.
Џафери овде директно го крши чл. 153 од Делевникот, кој предвидува дека за секој амандман се води претрес и се гласа одделно. Ако на иста одредба од предлогот на законот се поднесени два или повеќе различни амандмани, за амандманите се гласа според редот по кој се поднесени. Ако со некој од амандманите се предлага бришење на одделна одредба од предлогот на законот, прво се гласа за тој амандман и ако амандманот се усвои, не се гласа за другите амандмани на тој член.
Покрај Уставното прекшување Џафери извршил и прекршување на чл.18 од Законот за Собрание кој укажува на должноста претседателот на Собранието да се грижи за законито спроведување на Деловникот, како и чл.38 од истиот кој вели дека ако Претседателот на државата не го потпише указот  за прогласување на законот Собранието повторно го разгледува законот согласно со Деловникот, во рок од 30 дена од денот на донесувањето на законот.
Џафери врши и повреда на чл.60  од Деловникот за работа на Собранието, со кој тој како претседател е должен да го спроведува Деловникот и да се грижи за негова правилна примена.
Џафери директно го прекршил во неколку наврати Уставот, Законот за Собрание и Деловникот за работа на Собранието.




Оваа поднесување на кривична пријава за  законот за јазици, после ШЕСТ месеци од неговото донесување, а во момент кога Таљат повторно го крши деловникот сега со ратификација на договорот со Грција ми заличува дефокусирање на непревземање на конкретни мерки-оставки на пратениците во собранието!!
20-06-2018, 09:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,521
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Сведокот Сашко Коцевски, вработен во Собранието и задолжен за електронскиот систем во денешната изјава откри дека во Собранието при изборот на Џафери немало 61 пратеник

Коцевски сведочи: Џафери е изгласан со 60 пратеници!


[Image: -Џ.-e1533114856190.jpg]

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 септември, 2018

Џафери беше избран со 60 и не со 61 глас? Коцевски во судница е убеден дека Ахмети, Маноиловски и пратениците на БЕСА не гласале.
На денешното рочиште за собраниските настани од 27 април, минатата година, сведочеше Сашко Коцевски, вработен во Собранието а задолжен за електронските систем.
Како прв сведок, Коцески под заклетва сведочеше за моментот на изгласување на сегашниот претседател на Собранието, Талат Џафери.
Тој во мометот како вработен во техничките служби се наоѓал во собраниската режија и со колегите ги следеле камерите во пленарната сала.
За време на гласањето со колегите заклучиле дека Али Ахмети и Бранко Маноиловски од ДУИ не биле во салата во моментот на гласање. Исто така според сведокот, пратениците на БЕСА претходно излегле од салата.
Со ова сведоштво дадено под заклетва пред судот, повторно се отвора прашањето за легитимноста на изборот и за тоа со колку гласови бил избран Талат Џафери: Дали бил избран со 60 а не со 61 глас, ако се земе во предвид дека според ова сведоштво во салата гласале 49 пратеници на СДСМ, 8 на ДУИ и 3 пратеници од Алијанса на Албанците.
Денеска покрај Коцевски, ќе сведочат и пратеникот Ферид Мухиќ, Курто Дудуш и новинарката Душица Мрѓа


МАГАЗИН
20-09-2018, 01:31 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,521
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ЈАНЕВСКИ: И по сведоштвото на Коцевски, Обвинителството ќе се прави на удрено за криминалот при изборот на Талат?


[Image: Darko-Janevski-objasnuva.png]

 19.09.2018
По денешното сведочењето на Сашко Коцевски, вработен во Собранието со должност да се грижи за електронскиот систем, за начинот на кој е избран Талат Џафери за претседател на Собранието, а според кого Ахмети, Манојловски и пратениците на Беса не гласале при фалсификат изборот, па нема шанса да биле избројани 61 глас, Кацараска на записник доби исказ дека е сторено кривично дело на 27 април лани при фалсификат изборот на претседател на Собранието и е должна тоа да го достави до Обвинителството.
Од друга страна, бидејќи сведочењето на Коцевски веќе го има и по медиуми, на Јовевски не му треба Кацарска, туку е должен сам да го побара записникот со изјавата на Коцевски. Зашто, замсилете некој на судење да сведочи дека било извршено убиство (за кое никој не води постапка иако има пријава), а судијата и Обвинителството да си молчат.
Но, чекај малку, зошто зборувам глупости? Па таму, на сведочењето на Коцевски е присутен обвинител на Јовевски кој го води и застапува обвинението за 27 април! Така? Е, сега, што прави обвинител кога некој пред него ќе сведочи дека било сторено кривично дело за кое се гони по службена должност, а кое предизвикало настани поради кои истиот обвинител креира обвинение за тероризам за над 30 лица? Ајде, ова не е тешко и за Амди Бајрам.
Патем, додека не се расчисти ова, Кацарска би требало да го прекине судењето за 27 април. Зашто една е ситуацијата ако настаните биле предизвикани поради сторено кривично дело од страна на пратениците на СДСМ и ДУИ (за ова не важи нивниот имунитет бидејќи немаше свикано легална седница, како што не би важел имунитетот ни доколку пратеник во Собранието убие некого), а сосема е друга ако немало никаква провокација. Ајде, имате таму Кривичен законик, имате Закон за кривична постапка, внатре се убаво ви пишува.
20-09-2018, 02:04 AM
Reply