Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПРЕДСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ПОСЛЕДЕН БЕДЕМ ЗА ОДБРАНА НА Р.МАКЕДОНИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,521
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ИВАНОВ ДО ЗАЕВ:Со истото двотретинско мнозинство со кое ќе го менувате Уставот, веднаш покренете постапка за импичмент!!!


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, реагира на сите изнесени невистини и закани од страна на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија

[Image: ivanov-2.png]


Го повикувам г. Заев со истото двотретинско мнозинство кое е неопходно за менување на Уставот на Република Македонија, веднаш да покрене постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката, односно импичмент. Мојот став во однос на штетниот договор за името е конечен и останува непроменет и покрај сите искажани закани и притисоци, се наведува во писмената изјава на претседателот Иванов испратена од неговиот Кабинет.
20-06-2018, 03:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,521
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:







[Image: 36305858_10155741059106158_3852620458042...e=5BE4508C]








[Image: 36188678_10155741059086158_8476183877814...e=5B9E02B1]
(This post was last modified: 04-07-2018, 11:51 AM by ЈорданПетровски.)
26-06-2018, 12:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,521
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Експертутките  тврдеа претседателот на Собранието може да потпише указ за прогласување закон кога претседателот на државата не е во границите на Републиката и дека тој потпис е валиден.

Еве малку вистинско право. Кога логиката се отфрлува, да се насочиме кон прецедентното право. [Image: 1f642.png]:) Ова беше актуелно за Законот за јазиците, а сега ќе биде и за Законот за ратификација на договорот со Грција.




Quote: Имено, Уставниот суд веќе има донесе пресуда на оваа тема, односно во врска со оваа дилема.
У.бр.141/1997 и У.бр.146/1997
18 ноември 1998 година
„(...)
Третиот случај се однесува на спреченост на претседателот на Републиката да ја врши функцијата, кога го заменува претседателот на Собранието.
Според Судот, во конкретниов случај, не е исполнет ниту еден од условите предвидени во Уставот кога функцијата претседател на Републиката може да ја врши претседателот на Собранието или тој да го заменува.
Ова од причина што, кога претседателот на Републиката е на пат во својство на шеф на државата тој, всушност, е во функција на државата, а не затоа што е спречен да ја врши таа функција.
Со други зборови, кога претседателот на државата се наоѓа на службен пат, значи дека тој е во функција на државата, односно дека не е спречен да ја обавува својата функција, поради што, според Судот, во таков случај, претседателот на Собранието, не е овластен да го заменува.
8. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од оваа одлука.
9. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.“
29-06-2018, 01:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,521
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

-Насилството, рекол Солженицин, нема со што друго да се покрие, освен со лага, а лагата нема на што да се потпре, освен на насилство. Штом некој ќе го прогласи насилството за свој метод, мора незапирливо да ја бира лагата како свој принцип, порача Иванов на народниот собир на Мечкин Камен.


Quote:Лага е дека ќе се менува само името, се менува и македонскиот државен и институционален идентитет!

[Image: ivanov-krusevo-ilinden4.jpg]

02.08.2018
Лага е дека со овој грчки договор ќе се менува само името на нашата држава. Напротив, се менува и македонскиот државен и институционален идентитет. Лага е дека со овој грчки договор не се погазува 74 годишното право на самоопределување и државност на македонскиот народ. Напротив, со овој грчки договор се брише и државно-правниот континуитет на идеалот на македонскиот народ да има своја држава. Се брише и 27 годишната историјата на независната македонска држава, порача претседателот на Република Македонија,  Ѓорге Иванов, во обраќањето на Илинден во Крушево.
– Лага е дека со овој грчки договор се гарантира членство во Европската Унија и НАТО. Без вистински реформи, без борба против корупцијата, без борба против партискиот елитизам и клиентализам, нема членство во Унијата и НАТО. И да се прифати штетниот грчки договор, и да се промени македонскиот Устав, членството во ЕУ и НАТО не следува по автоматизам. Со прифаќањето на ваквиот договор, ние само ја сечеме гранката на која седиме само затоа што некој не уверува дека во меѓувреме ќе ни израснеле крилја, посочи македонскиот претседател.
Според него, лага е дека со овој договор конечно Република Македонија ќе стане рамноправен субјект со тоа што Грција ќе не признае. Напротив, рече Претседателот, не само што се деградираат нашите стекнати права во Обединетите нации, туку спогодбата ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост и зависност спрема Република Грција. Бидејќи, со овој договор Грција стекнува право да се меша во општото добро на нашата Република.
-И конечно, лага е дека со овој грчки договор се јакне македонскиот идентитет. Напротив, со овој грчки договор правно се укинува македонскиот народ, потенцираше Иванов.
Многупати, додаде македонскиот претседател, се обидувале да ни накалемат некаков туѓ идентитет, но сепак не успеале, бидејќи нашето постоење не зависи од нив туку од самите нас.
– Затоа, сега не убедуваат сами себе да си се укинеме. Затоа, сега сакаат да го убедат македонскиот народ да изврши правно и историско самоубиство. Бидејќи од суверената волја на македонскиот народ извира и суверената македонска република, рече Иванов.
Без македонскиот народ, додаде претседателот, општото добро ќе биде сведено на ничие добро, кое секој ќе може да го разграбува и разнебитува.
-Без македонскиот народ, македонската република станува ничија земја.Бидејќи без македонскиот народ нема македонска република. За возврат на тоа ни е ветен просперитет, но по цена на нашиот идентитет. А јас се прашувам, каков ли е тој просперитет без идентитет, без слобода да се наречеме според нашето сопствено име?, нагласи претседателот на Република Македонија.
Освернувајќи се на моменталната политичка ситуација, шефот на државата оцени дека се зборува за владеење на правото, а се врши правно насилство.
-Насилството, рекол Солженицин, нема со што друго да се покрие, освен со лага, а лагата нема на што да се потпре, освен на насилство. Штом некој ќе го прогласи насилството за свој метод, мора незапирливо да ја бира лагата како свој принцип, порача Иванов на народниот собир на Мечкин Камен.
02-08-2018, 01:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,521
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими секретарот за одбрана на Соединетите Американски Држави, г. Џејмс Норман Матис.



[Image: Matis_za_web.jpg]


Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими секретарот за одбрана на Соединетите Американски Држави, г. Џејмс Норман Матис.

На средбата беа разменети мислења за тековните политички случувања во Република Македонија, за евроатлантските перспективи на земјата и за билатералната соработка меѓу двете земји во областа на одбраната и безбедноста.

Македонскиот претседател истакна дека пристапувањето во НАТО и ЕУ остануваат стратешки цели и највисоки приоритети на Република Македонија, што ќе придонесе за напредок и просперитет на целиот регион.

Претседателот Иванов потенцираше дека Република Македонија останува стабилен стратешки партнер на САД и дека и натаму ќе се залага за безбедноста, слободата и демократскиот напредок на регионот и активно ќе придонесува во заедничките активности во борбата против тероризмот и останатите закани на глобално ниво.

Претседателот Иванов се заблагодари за поддршката што САД ја дава на Република Македонија со цел унапредување на реформите во одбраната и безбедноста, како од аспект на финансиска, така и практична и техничка поддршка преку учество во заеднички обуки, вежби и мисии. Претседателот Иванов изрази задоволство и од соработката со Националната гарда на Вермонт.

„Иако не сме во НАТО, нашата армија е НАТО компатибилна, и за тоа сме благодарни на САД. Тоа е влог во иднината. Мораме да бидеме подготвени за новите закани и новите предизвици", порача претседателот Иванов на средбата со секретарот за одбрана на САД.

Македонскиот претседател истакна дека Армијата на Република Македонија со својата професионалност и високо рангирана борбена подготвеност е докажан партнер на НАТО и континуирано придонесува во меѓународните мировни мисии на Алијансата.

Интензивирањето и унапредувањето на севкупните билатерални односи со САД, додаде претседателот Иванов, се од долгорочен интерес за Република Македонија.

Двајцата соговорници разменија мислења и за предизвиците и очекувањата за иднината на регионот на југоисточна Европа.
Средба на претседателот Иванов со секретарот за одбрана на САД, г. Џејмс Норман Матис
Понеделник, 17 Септември 2018   
18-09-2018, 05:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,521
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:По средбата со Матис, Иванов не го споменува Договорот од Преспа


Пресврт во вокабуларот на македонскиот претседател или случаен пропуст? Во соопштението од средбата со американскиот министер за одбрана на претседателскиот кабинет недостасува ставот контра Договорот од Преспа.
   
[Image: 45520665_303.jpg]


17.09.2018
Со недели наназад при речиси секоја средба на македонскиот претседател Ѓорге Иванов со странски државници во соопштенијата на неговиот кабинет доминираше една реченица која, парафразирано, гласеше: јас сум за НАТО и ЕУ, но Договорот од Преспа е неприфатлив. Случајно или не, таква формулација, дури и споменување на референдумот или на Преспанскиот договор, отсуствуваат од соопштението од денешната средба со високиот американски гостин Џејмс Матис.
На прес-конференцијата во владата со премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, самиот Матис рече дека со нетрпение го очекува состанокот со Иванов. Поради самата природа на посетата на американскиот секретар за одбрана, односно неговиот апел за успех на референдумот, тешко е да се поверува дека на состанокот со шефот на државата воопшто не станало збор токму за темата за која беше дојден гостинот од САД- референдумот.
За илустрација, ова е изјавата на Иванов на средбата со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини минатата недела:
„Мојот став е непроменет. Стратешка цел на Република Македонија е членство во Европската Унија и во НАТО Алијансата. Ho, ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, одошто се затвораат“.
По средбата со Матис, од соопштението на Иванов ставот е нешто поразличен.
Накусо, во штурото соопштение се наведува дека „македонскиот претседател истакна дека пристапувањето во НАТО и ЕУ остануваат стратешки цели и највисоки приоритети на Република Македонија, што ќе придонесе за напредок и просперитет на целиот регион“. Потоа следуваат и цела низа формални заложби за зацврстување на стратешкото партнерство со САД и благодарност за поддршката од Вашингтон. Ниту збор за Преспанскиот договор или за претстојниот референдум.
На состанокот меѓу Иванов и Матис немало надворешни претставници, т.е. присутни биле само членови на нивните кабинети. По состанокот со Иванов, американскиот министер ја напушти земјата.
Претходно тој им оддаде поддршка на сите што се залагаат за успешен исход на референдумот на 30 септември со што, како што рече, граѓаните на Македонија ќе направат уште еден голем историски чекор.
DW.COM


На секоја лага и се кратки нозете:



Quote:Од Кабинетот на претседателот вчера ни повторија дека ставот на Иванов во однос на договорот не е променет.

– Ставот на претседателот Иванов е дека стратешка цел на Република Македонија е членство во Европската Унија и во НАТО Алијансата, но и дека ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, одошто се затвораат. Овој став претседателот Иванов го изнесе и на вчерашната средба со американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис – велат од Кабинетот на претседателот.
18-09-2018, 05:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,521
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Дојче Веле и Либертас.мк забележаа промена на ставот на претседателот Иванов за референдумот по средбата со Матис


September 17, 2018
[Image: Screenshot_20180917-231742_Samsung-Inter...=696%2C346]

Со недели наназад при речиси секоја средба на македонскиот претседател Ѓорге Иванов со странски државници во соопштенијата на неговиот кабинет доминираше една реченица која, парафразирано, гласеше: јас сум за НАТО и ЕУ, но Договорот од Преспа е неприфатлив. Случајно или не, таква формулација, дури и споменување на референдумот или на Преспанскиот договор, отсуствуваат од соопштението од денешната средба со високиот американски гостин Џејмс Матис, пишува вечерва Дојче Веле на македонски јазик а сличен текст објави и провладиниот портал либертас.мк.
„На прес-конференцијата во владата со премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, самиот Матис рече дека со нетрпение го очекува состанокот со Иванов. Поради самата природа на посетата на американскиот секретар за одбрана, односно неговиот апел за успех на референдумот, тешко е да се поверува дека на состанокот со шефот на државата воопшто не станало збор токму за темата за која беше дојден гостинот од САД- референдумот.
За илустрација, ова е изјавата на Иванов на средбата со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини минатата недела:
„Мојот став е непроменет. Стратешка цел на Република Македонија е членство во Европската Унија и во НАТО Алијансата. Ho, ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, одошто се затвораат“.
По средбата со Матис, од соопштението на Иванов ставот е нешто поразличен.
Накусо, во штурото соопштение се наведува дека „македонскиот претседател истакна дека пристапувањето во НАТО и ЕУ остануваат стратешки цели и највисоки приоритети на Република Македонија, што ќе придонесе за напредок и просперитет на целиот регион“. Потоа следуваат и цела низа формални заложби за зацврстување на стратешкото партнерство со САД и благодарност за поддршката од Вашингтон. Ниту збор за Преспанскиот договор или за претстојниот референдум.
На состанокот меѓу Иванов и Матис немало надворешни претставници, т.е. присутни биле само членови на нивните кабинети. По состанокот со Иванов, американскиот министер ја напушти земјата.
Претходно тој им оддаде поддршка на сите што се залагаат за успешен исход на референдумот на 30 септември со што, како што рече, граѓаните на Македонија ќе направат уште еден голем историски чекор“, напиша во својата анализа македонската редакција на германскиот јавен сервис Дојче веле.


ЕКСПРЕС .МК
18-09-2018, 09:44 PM
Reply